раша тудеј Archives - Република https://republika.mk/tema/rasha-tudej/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Mar 2022 19:21:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раша тудеј Archives - Република https://republika.mk/tema/rasha-tudej/ 32 32 Владата нареди „Телеком“ да го згасне „Раша тудеј“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-naredi-telekom-da-go-ugasni-rasha-tudej/ Fri, 18 Mar 2022 18:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=475130

„Македонски телеком“ го прекина реемитувањето на рускиот канал „Раша тудеј“ (РТ) во земјава.

Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено, пишува во известувањето од „Македонски телеком“ доколку на вашиот телевизор го одберете каналот РТ.

Владата неодамна излезе со препорака за прекин на реемитувањето на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“. По препораката на Владата, „Телеком“ престана да ја реемитува РТ, но по некој ден овој канал беше повторно достапен во понудата на овој оператор. Сега одново е прекинато реемитувањето на рускиот канал.

The post Владата нареди „Телеком“ да го згасне „Раша тудеј“ appeared first on Република.

]]>

Раша тудеј: Неправедно одземена дозволата за емитување програма https://republika.mk/vesti/svet/rasha-tudej-nepravedno-odzemena-dozvolata-za-emituvanje-programa/ Fri, 18 Mar 2022 10:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=474870

Рускиот телевизиски канал Раша тудеј денеска соопшти дека британскиот медиумски регулатор Офком неправедно му ја одзел дозволата за емитување програма, поради конфликтот во Украина, па го обвини дека не е ништо друго, освен алатка на британската Влада.

Британскиот медиумски регулатор појасни дека ја одзел дозволата РТ да емитува програма во Велика Британија, дека одлуката стапува на сила веднаш, по истрагата спроведена за непристрасност во известувањето за рускиот напад врз Украина.

Офком им покажа на британската јавност и меѓународната регулаторна заедница, дека, и покрај добро изградената фасада на независност, не е ништо друго, освен алатка на власта, ја почитува нејзината волја да ги потисне медиумите, изјави за Ројтерс, Ана Белкина, заменичка на главниот уредник на РТ.

Според неа, игнорирајќи ги потполно „чистите“ резултати на РТ во периодот од четири последователни години и наведувајќи чисто политички причини, што се директно поврзани со ситуацијата во Украина, а потполно неповрзани со операциите, структурата, менаџментот или уредувачките резултати на РТ, Офком лажно оценил дека РТ не е прикладна и коректна и на тој начин, спречил британската јавност да има пристап до информации.

The post Раша тудеј: Неправедно одземена дозволата за емитување програма appeared first on Република.

]]>

Рускиот телевизиски канал Раша тудеј денеска соопшти дека британскиот медиумски регулатор Офком неправедно му ја одзел дозволата за емитување програма, поради конфликтот во Украина, па го обвини дека не е ништо друго, освен алатка на британската Влада. Британскиот медиумски регулатор појасни дека ја одзел дозволата РТ да емитува програма во Велика Британија, дека одлуката стапува на сила веднаш, по истрагата спроведена за непристрасност во известувањето за рускиот напад врз Украина. Офком им покажа на британската јавност и меѓународната регулаторна заедница, дека, и покрај добро изградената фасада на независност, не е ништо друго, освен алатка на власта, ја почитува нејзината волја да ги потисне медиумите, изјави за Ројтерс, Ана Белкина, заменичка на главниот уредник на РТ. Според неа, игнорирајќи ги потполно „чистите“ резултати на РТ во периодот од четири последователни години и наведувајќи чисто политички причини, што се директно поврзани со ситуацијата во Украина, а потполно неповрзани со операциите, структурата, менаџментот или уредувачките резултати на РТ, Офком лажно оценил дека РТ не е прикладна и коректна и на тој начин, спречил британската јавност да има пристап до информации.

The post Раша тудеј: Неправедно одземена дозволата за емитување програма appeared first on Република.

]]>
„Раша тудеј“ останува без лиценца во Велика Британија https://republika.mk/vesti/svet/rasha-tudej-ostanuva-bez-licenca-vo-velika-britanija/ Fri, 18 Mar 2022 09:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=474839

Британскиот регулатор Офком ја повлече лиценцата за „Раша тудеј“ во Велика Британија, пренесува „Би-Би-Си“.

Од Офком соопштија дека одземената дозвола за емитување на програма на „Раша тудеј“ е со моментно дејство.

The post „Раша тудеј“ останува без лиценца во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Британскиот регулатор Офком ја повлече лиценцата за „Раша тудеј“ во Велика Британија, пренесува „Би-Би-Си“. Од Офком соопштија дека одземената дозвола за емитување на програма на „Раша тудеј“ е со моментно дејство.  

The post „Раша тудеј“ останува без лиценца во Велика Британија appeared first on Република.

]]>
По низа финансиски удари: Згаснува американската филијала на „Раша тудеј“ https://republika.mk/vesti/svet/po-niza-finansiski-udari-zgasnuva-amerikanskata-filijala-na-rasha-tudej/ Fri, 04 Mar 2022 11:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=467732

Згаснува РТ Америка, соопшти „Т&Р Продакшн“, продукциската компанија што стои зад руската државна мрежа. Генералниот директор на Т&Р Продакшн, Миша Солодовников на вработените им напишал дека компанијата ќе „престане да работи“ на сите локации, „поради непредвидените настани“.

За жал, претпоставуваме дека станува збор за траен прекин на работниот однос, додал Солодовников.

„Т&Р Продакшн“ имаше канцеларии во Њујорк, во Мајами, во Лос Анџелес и во Вашингтон. Затворањето на „Т&Р Продакшн“ значи крај и на американската филијала на РТ, јави „Си-Ен-Ен“.

Давателот на сателитски услуги „ДирекТВ“, еден од двата што ја пренесуваа РТ Америка, ја прекина соработката на почетокот на неделата. Тоа за мрежата беше голем финансиски удар.

Компанијата „Року“, што продава хардвер за корисниците да можат да ги пратат содржините преку интернет, исто така соопшти дека ја отстранила РТ Америка од својата платформа.

Изминативе денови, „Раша тудеј“, што управува со повеќе мрежи ширум светот, значајно го намали својот опсег на емитување. Ова се должи на тоа што технолошки компании и телевизиски мрежи во светот, ја прекинаа соработката со неа, поради инвазијата врз Украина.

The post По низа финансиски удари: Згаснува американската филијала на „Раша тудеј“ appeared first on Република.

]]>

Згаснува РТ Америка, соопшти „Т&Р Продакшн“, продукциската компанија што стои зад руската државна мрежа. Генералниот директор на Т&Р Продакшн, Миша Солодовников на вработените им напишал дека компанијата ќе „престане да работи“ на сите локации, „поради непредвидените настани“. За жал, претпоставуваме дека станува збор за траен прекин на работниот однос, додал Солодовников. „Т&Р Продакшн“ имаше канцеларии во Њујорк, во Мајами, во Лос Анџелес и во Вашингтон. Затворањето на „Т&Р Продакшн“ значи крај и на американската филијала на РТ, јави „Си-Ен-Ен“. Давателот на сателитски услуги „ДирекТВ“, еден од двата што ја пренесуваа РТ Америка, ја прекина соработката на почетокот на неделата. Тоа за мрежата беше голем финансиски удар. Компанијата „Року“, што продава хардвер за корисниците да можат да ги пратат содржините преку интернет, исто така соопшти дека ја отстранила РТ Америка од својата платформа. Изминативе денови, „Раша тудеј“, што управува со повеќе мрежи ширум светот, значајно го намали својот опсег на емитување. Ова се должи на тоа што технолошки компании и телевизиски мрежи во светот, ја прекинаа соработката со неа, поради инвазијата врз Украина.

The post По низа финансиски удари: Згаснува американската филијала на „Раша тудеј“ appeared first on Република.

]]>
Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/zatvoreno-grchkoto-izdanie-na-sputnik-reagiraat-novinarskite-zdruzenija-vo-grcija/ Thu, 03 Mar 2022 20:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=467395

Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина.

Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до вработените во Спутник, кои, пак, преку соопштение велат дека одеднаш, останаа без „глас“ и работа.

– Грција на „демократијата“, Европа на „правата и слободата“ го затворија Спутник. Меѓу нив и Спутник што функционираше во Грција во кое беа вработени новинари, репортери, административен персонал и секој ден со страст и верба макотрпно работеа за информирање на сите, соопштија вработените во, како што напишаа, „последниот текст на редакцијата“.

Додаваат дека „под изговор дека ќе ја прекинат „пропагандата“, европските институции и влади покажуваат што навистина сакаат: тие да контролираат што ќе се емитува, кои вести се правилни и кои треба да се скратат, да исчезнат“.

Здруженијата на грчките новинари и грчките фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција, во заедничкото соопштение велат дека „стотици вработени во руската агенција „Спутник“ ширум Европа, од кои 32 во Грција, беа известени дека нивните канцеларии се затвораат и остануваат без работа“.

– Новинарите и медиумските работници се првите жртви на необјавената, но видлива војна против информирањето. Незамисливо е медиумите да бидат вклучени во апсолутно оправданите санкции против една војна, пишува во заедничкото соопштение на трите здруженија.

Тие додаваат дека одлуката на ЕК ќе има спротивен ефект и освен цензурата, како последица ќе има и таргетирање на новинарите.

– Ги повикуваме, дури и во овој последен момент како европските институции, така и владите да имаат предвид дека покрај огромниот удар врз слободата на изразување и демократијата, потпишуваат и губење на стотици работни места, коментираат Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери и Здружението на странски дописници во Грција.

The post Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција appeared first on Република.

]]>

Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина. Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до вработените во Спутник, кои, пак, преку соопштение велат дека одеднаш, останаа без „глас“ и работа. – Грција на „демократијата“, Европа на „правата и слободата“ го затворија Спутник. Меѓу нив и Спутник што функционираше во Грција во кое беа вработени новинари, репортери, административен персонал и секој ден со страст и верба макотрпно работеа за информирање на сите, соопштија вработените во, како што напишаа, „последниот текст на редакцијата“. Додаваат дека „под изговор дека ќе ја прекинат „пропагандата“, европските институции и влади покажуваат што навистина сакаат: тие да контролираат што ќе се емитува, кои вести се правилни и кои треба да се скратат, да исчезнат“. Здруженијата на грчките новинари и грчките фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција, во заедничкото соопштение велат дека „стотици вработени во руската агенција „Спутник“ ширум Европа, од кои 32 во Грција, беа известени дека нивните канцеларии се затвораат и остануваат без работа“. – Новинарите и медиумските работници се првите жртви на необјавената, но видлива војна против информирањето. Незамисливо е медиумите да бидат вклучени во апсолутно оправданите санкции против една војна, пишува во заедничкото соопштение на трите здруженија. Тие додаваат дека одлуката на ЕК ќе има спротивен ефект и освен цензурата, како последица ќе има и таргетирање на новинарите. – Ги повикуваме, дури и во овој последен момент како европските институции, така и владите да имаат предвид дека покрај огромниот удар врз слободата на изразување и демократијата, потпишуваат и губење на стотици работни места, коментираат Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери и Здружението на странски дописници во Грција.

The post Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција appeared first on Република.

]]>
ЕФН: Не се борите против лажните вести со затворањетона РТ и Спутник во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/efn-ne-se-borite-protiv-laznite-vesti-so-zatvoranjetona-rt-i-sputnik-vo-eu-ne-e-najdobra-strategija-protiv-laznite-vesti/ Mon, 28 Feb 2022 10:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=465123

Откако Европската Унија вчера најави дека на руските медиуми поддржани од власта ќе им биде забрането да емитуваат на европско тло, Европската федерација на новинари (ЕФН) предупредува дека ова може да биде контрапродуктивно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Војната во Украина е и информациска војна, посочи шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел.

За Европската Унија е неприфатливо да се шири пропагандата на рускиот претседател на нејзината територија, и од денеска ЕУ работи на техничките детали да им се забрани емитување во Европа на РТ и Спутник. Ваква мерка беше преземена веќе во Германија пред неколку недели, по што Русија одговори со забрана за Дојче Веле.

Ризикот од политиката на цензура се исто така последиците што може да се очекуваат во Русија, како што видовме со затворањето на Дојче Веле како одговор на затворањето на РТ во Германија. Резултатот на овој чин беше осиромашување на медиумскиот плурализам во Русија. Руските граѓани таму го изгубија правото на пристап до информации емитувани од Дојче Веле. Тоа е жално, вели Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари за МИА.

Федерацијата вели дека е свесна оти информациите кои произлегуваат од медиуми финансирани од Кремљ се во служба на таа власт, но за бранителите на слободата на говор во Европа, затворања и забрани не се соодветен одговор за борба против дезинформации и пропаганда.

Затворањето на еден медиум не ни се чини како најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда. Овој чин на цензура може да има целосно контрапродуктивен ефект кај оние кои ги следат овие медиуми. Подобро е според нас да се спречи дезинформацијата на пропагандистичките медиуми преку изложување на нивните погрешни факти или лошиот квалитет на нивното новинарство, преку докажување на отсуството на нивната финансиска и оперативна независност, преку укажување дека се во служба на владините интереси и дека го презираат јавниот интерес, додава Европската федерација на новинари.

Понатаму оттаму додаваат дека самиот чин на затворање на медиуми е “сериозен“.

Да се затвори медиум е сериозен чин, кој мора да се темели на солидна законска база, избегнувајќи секаква арбитрарност. Предизвикот на демократиите е борбата против дезинформациите истовремено зачувувајќи ја слободата на изразување. За ЕФН, други стратегии треба да се поддржат: зголемена поддршка за независното новинарство, промоција на медиумскиот плурализам, промоција на медиумското образование за сите, зголемена транспарентност на оние кои ја имаат моќта, додава генералниот секретар на организацијата за МИА.

The post ЕФН: Не се борите против лажните вести со затворањетона РТ и Спутник во ЕУ appeared first on Република.

ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ https://republika.mk/vesti/svet/eu-kje-ja-zabrani-rabotata-na-ruskite-mediumi-rasha-tudej-i-sputnik/ Sun, 27 Feb 2022 19:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=464847

Европската унија ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

Говорејќи на прес-конференција во Брисел, тој најави дека европскиот блок ќе ги забрани двата медиума во обид да се избори, како што наведе, „против руските дезинформации“, пренесе Си-Ен-Ен.

Денеска преземаме клучен чекор за затворање на славината за руска манипулација со информации во Европа со забрана за емитување на програмите 'Раша тудеј' и 'Спутник' во Европската унија“, рече Борел.

Во исто време, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека руските државни медиумски компании „РТ“ и „Спутник“, како и нивните подружници, повеќе нема да можат „да шират лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да направат поделба во ЕУ“.

The post ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ appeared first on Република.

]]>

Европската унија ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Говорејќи на прес-конференција во Брисел, тој најави дека европскиот блок ќе ги забрани двата медиума во обид да се избори, како што наведе, „против руските дезинформации“, пренесе Си-Ен-Ен.
Денеска преземаме клучен чекор за затворање на славината за руска манипулација со информации во Европа со забрана за емитување на програмите 'Раша тудеј' и 'Спутник' во Европската унија“, рече Борел.
Во исто време, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека руските државни медиумски компании „РТ“ и „Спутник“, како и нивните подружници, повеќе нема да можат „да шират лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да направат поделба во ЕУ“.

The post ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ appeared first on Република.

]]>
Хакирана телевизијата „Русија тудеј“ https://republika.mk/vesti/svet/hakirana-televizijata-rusija-tudej/ Fri, 25 Feb 2022 08:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=463614

Најголемата хакерска група „The Anonymous“ објави дека вчера ја хакирала и ја срушила страницата на Русија тyдеј која е под влијание на рискиот пртседатл владимир Путин. Сите страници на телевизијата се недостапни.

„Колективот Анонимус официјално и објави војна на Русија. Хакерите го додадоа хаштагот #Ukraine на објавата“, пишува на Твитер.

The post Хакирана телевизијата „Русија тудеј“ appeared first on Република.

]]>

Најголемата хакерска група „The Anonymous“ објави дека вчера ја хакирала и ја срушила страницата на Русија тyдеј која е под влијание на рискиот пртседатл владимир Путин. Сите страници на телевизијата се недостапни. „Колективот Анонимус официјално и објави војна на Русија. Хакерите го додадоа хаштагот #Ukraine на објавата“, пишува на Твитер.

The post Хакирана телевизијата „Русија тудеј“ appeared first on Република.

]]>
Германија забрани емитување нa Раша тудеј на германски https://republika.mk/vesti/svet/germanija-zabrani-emituvanje-na-rasha-tudej-na-germanski/ Wed, 02 Feb 2022 16:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=453134

Германската радиодифузна канцеларија го забрани емитувањето на германската верзија на рускиот медиум РТ во Германија.

„Нема дозвола за емитување на оваа програма во Германија, ниту пак досега било поднесено барање за емитување“, се вели во соопштението на Комисијата за контрола и лиценцирање на јавниот пренос на радио и ТВ програми во Германија.

РТ (поранешен Russia Today) во Германија досега се емитуваше на неколку канали, како и преку Јутуб каналот. РТ се осврна на лиценцата за емитување во Европа издадена на оваа програма од властите во Србија.

Германската радиодифузна канцеларија дојде до заклучок дека РТ нема дозвола која би го оправдала емитувањето во Европската Унија.

Во меѓувреме, програмата РТ на германски јазик е отстранета од Јутуб, како и од сателитската програма Еутелсат.

„Тие не се ниту независни, ниту непристрасни“

Некои од условите за издавање дозвола за радиодифузија во Германија се непристрасност и независност од државни институции или политички партии. Меѓутоа, набљудувачите сметаат дека РТ е под директно влијание на рускиот државен врв, кој го користи овој канал за пропагандни цели.

The post Германија забрани емитување нa Раша тудеј на германски appeared first on Република.

]]>

Германската радиодифузна канцеларија го забрани емитувањето на германската верзија на рускиот медиум РТ во Германија.
„Нема дозвола за емитување на оваа програма во Германија, ниту пак досега било поднесено барање за емитување“, се вели во соопштението на Комисијата за контрола и лиценцирање на јавниот пренос на радио и ТВ програми во Германија.
РТ (поранешен Russia Today) во Германија досега се емитуваше на неколку канали, како и преку Јутуб каналот. РТ се осврна на лиценцата за емитување во Европа издадена на оваа програма од властите во Србија. Германската радиодифузна канцеларија дојде до заклучок дека РТ нема дозвола која би го оправдала емитувањето во Европската Унија. Во меѓувреме, програмата РТ на германски јазик е отстранета од Јутуб, како и од сателитската програма Еутелсат. „Тие не се ниту независни, ниту непристрасни“ Некои од условите за издавање дозвола за радиодифузија во Германија се непристрасност и независност од државни институции или политички партии. Меѓутоа, набљудувачите сметаат дека РТ е под директно влијание на рускиот државен врв, кој го користи овој канал за пропагандни цели.

The post Германија забрани емитување нa Раша тудеј на германски appeared first on Република.

]]>