ранец Archives - Република https://republika.mk/tema/ranec/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 16:28:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ранец Archives - Република https://republika.mk/tema/ranec/ 32 32 Бесплатни униформи за сите основци и ранци за првачињата во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/skopje/besplatni-uniformi-za-site-osnovtsi-i-rantsi-za-prvachinata-vo-kisela-voda/ Mon, 27 May 2024 16:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=782156

Општина Кисела Вода и во новата учебна година ја продолжува мерката за бесплатни униформи за сите 5.600 основци и бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче.

Сите 600 првачиња од основните училишта на територијата на општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно ранче, тетратки и прибор на првиот училишен ден. Бесплатни униформи ќе добијат и сите над 5600 ученици од основните училишта од Кисела Вода, изјави градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.

The post Бесплатни униформи за сите основци и ранци за првачињата во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Општина Кисела Вода и во новата учебна година ја продолжува мерката за бесплатни униформи за сите 5.600 основци и бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче. Сите 600 првачиња од основните училишта на територијата на општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно ранче, тетратки и прибор на првиот училишен ден. Бесплатни униформи ќе добијат и сите над 5600 ученици од основните училишта од Кисела Вода, изјави градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.

The post Бесплатни униформи за сите основци и ранци за првачињата во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sprechen-obid-za-shverts-na-zhenski-chanti-kuferi-i-ranets/ Tue, 23 Jan 2024 08:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=735752

Спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец по извршена контрола од страна на царински службеници на граничниот премин Меџитлија, соопштија од Царинската управа.

Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец. Непријавените производи се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка, истакнуваат од Царина.

The post Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранец appeared first on Република.

Приведена малолетничка: Во нејзиниот школски ранец полицијата пронајде марихуана https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedena-maloletnichka-vo-nejziniot-shkolski-ranets-politsijata-pronajde-marihuana/ Fri, 10 Nov 2023 08:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=700124

На 09.11.2023 во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана.

Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото.

Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Приведена малолетничка: Во нејзиниот школски ранец полицијата пронајде марихуана appeared first on Република.

]]>

На 09.11.2023 во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана. Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото. Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Приведена малолетничка: Во нејзиниот школски ранец полицијата пронајде марихуана appeared first on Република.

]]>
Рибари спасија новороденче ставено во ранец и фрлено во река https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ribari-spasija-novorodenche-staveno-vo-ranec-i-frleno-vo-reka/ Tue, 22 Nov 2022 19:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=576890

Новороденче чудесно успеало да преживее откако било ставено во ранец еднаш по породувањето и било фрлено од мост во река. Очевидци за полицијата изјавиле дека виделе маж како фрла ранец во реката Капибарибе во Сан Лоренцо да Мата во Бразил. Сè се случило утрото на 17 ноември.

Двајца рибари под мостот го спасиле бебето откако виделе како чантата паднала во реката и го слушнале плачот на бебето, пренесува „Дејли „мејл“.

Кога го отворив, внатре имаше бебе. Почнав да плачам, рекол за бразилските медиуми еден од рибарите.

Тие веднаш повикале полиција, која го однела бебето во болница. Според локалните медиуми, бебето се родило само неколку часа претходно, а папочната врвца не била правилно исечена. Бебето е во стабилна состојба, но останува на опсервација во болницата.

Абортусот е нелегален во Бразил, а за кршење на законот следи затворска казна.

The post Рибари спасија новороденче ставено во ранец и фрлено во река appeared first on Република.

]]>

Новороденче чудесно успеало да преживее откако било ставено во ранец еднаш по породувањето и било фрлено од мост во река. Очевидци за полицијата изјавиле дека виделе маж како фрла ранец во реката Капибарибе во Сан Лоренцо да Мата во Бразил. Сè се случило утрото на 17 ноември. Двајца рибари под мостот го спасиле бебето откако виделе како чантата паднала во реката и го слушнале плачот на бебето, пренесува „Дејли „мејл“.
Кога го отворив, внатре имаше бебе. Почнав да плачам, рекол за бразилските медиуми еден од рибарите.
Тие веднаш повикале полиција, која го однела бебето во болница. Според локалните медиуми, бебето се родило само неколку часа претходно, а папочната врвца не била правилно исечена. Бебето е во стабилна состојба, но останува на опсервација во болницата. Абортусот е нелегален во Бразил, а за кршење на законот следи затворска казна.

The post Рибари спасија новороденче ставено во ранец и фрлено во река appeared first on Република.

]]>
Општина Бутел обезбеди ранче и прибор за секое прваче https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-butel-obezbedi-ranche-i-pribor-za-sekoe-prvache/ Mon, 29 Aug 2022 16:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=545359

Општина Бутел обезбеди ранче и прибор за секое прваче, објави градоначачникот Дарко Костовски.

The post Општина Бутел обезбеди ранче и прибор за секое прваче appeared first on Република.

]]>

Општина Бутел обезбеди ранче и прибор за секое прваче, објави градоначачникот Дарко Костовски.  

The post Општина Бутел обезбеди ранче и прибор за секое прваче appeared first on Република.

]]>
МВР за паднатиот ранец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-padnatiot-ranec/ Tue, 03 May 2022 12:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=496861

Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Вчера во ОВР Наготино , од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на кров од неговата куќа и оштетил неколку керамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничката армија во состав на Мултинационална вежба, „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион”, на подрачјето на Неготино, појасни Самарџиев.

Тој нагласи дека предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.

The post МВР за паднатиот ранец appeared first on Република.

Тежок војнички ранец паднал од небо во Неготино: А, ако паднеше врз децата? https://republika.mk/vesti/makedonija/tezok-vojnichki-ranec-padnal-od-nebo-vo-negotino-a-ako-padneshe-vrz-decata/ Tue, 03 May 2022 12:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=496839

Вчера попладне врз станбен објект во Неготино од небо падна тежок војнички ранец, кој уништи дел од натстрешница на помошен објект во семејна куќа.

Во Неготино можеби нема вода, можеби нема ни соодветно осветлување по улиците, нема ниту инвестиции, но затоа пак во Неготино ни паѓаат ранци од небото! Се прашуваме, доколку паднал ранец од летечки објект, дали постои опасност да падне нешто значително ризично и фатално по животот и здравјето на неготинци?
И што ако овој објект - предмет паднеше на место каде има голема фрекфенција на луѓе?
Немоќни да го заштитат и регулираат сопствениот простор како резултат на губење на суверенитетот, НИЕ бараме соодветните институции да сносат одговорност и да го расветлат случајот во најкраток можен рок, реагираат од политичката партија Левица.

Oчевидец за „Фокус“ вели дека се случило околу пладне.

Децата и татко ми беа надвор, во дворот. На улицата исто така имаше многу луѓе, деца возеа велосипеди, си играа. Одекна како експлозија и истрчав надвор. Имаше што да видиме, вели тој.

Од силниот удар надстрешницата била целосно уништена, а вознемирените луѓе веднаш повикале полиција.

Дојде полицијата, го обезбеди местото. По некое време дојдоа и автомобили со скопски регистарски таблички, дојде војската. Околу три-четири часа се задржаа во дворот каде што падна ранецот. Се собра и многу народ, целата улица беше таму, доаѓаа и луѓе од други делови на градот.
Што треба да мислиме после ова? Дека ние, жителите на Неготино сме изложени на огромна опасност! Доколку ранецот со таа брзина со која паѓал, удрел во дете или пак возрасен човек, знаеме кој ќе беше епилогот. Ова е страшно и не смее да се повтори никогаш!, раскажуваат очевидци за „Фокус“.

The post Тежок војнички ранец паднал од небо во Неготино: А, ако паднеше врз децата? appeared first on Република.

]]>

Вчера попладне врз станбен објект во Неготино од небо падна тежок војнички ранец, кој уништи дел од натстрешница на помошен објект во семејна куќа.
Во Неготино можеби нема вода, можеби нема ни соодветно осветлување по улиците, нема ниту инвестиции, но затоа пак во Неготино ни паѓаат ранци од небото! Се прашуваме, доколку паднал ранец од летечки објект, дали постои опасност да падне нешто значително ризично и фатално по животот и здравјето на неготинци? И што ако овој објект - предмет паднеше на место каде има голема фрекфенција на луѓе? Немоќни да го заштитат и регулираат сопствениот простор како резултат на губење на суверенитетот, НИЕ бараме соодветните институции да сносат одговорност и да го расветлат случајот во најкраток можен рок, реагираат од политичката партија Левица.
Oчевидец за „Фокус“ вели дека се случило околу пладне.
Децата и татко ми беа надвор, во дворот. На улицата исто така имаше многу луѓе, деца возеа велосипеди, си играа. Одекна како експлозија и истрчав надвор. Имаше што да видиме, вели тој.
Од силниот удар надстрешницата била целосно уништена, а вознемирените луѓе веднаш повикале полиција.
Дојде полицијата, го обезбеди местото. По некое време дојдоа и автомобили со скопски регистарски таблички, дојде војската. Околу три-четири часа се задржаа во дворот каде што падна ранецот. Се собра и многу народ, целата улица беше таму, доаѓаа и луѓе од други делови на градот. Што треба да мислиме после ова? Дека ние, жителите на Неготино сме изложени на огромна опасност! Доколку ранецот со таа брзина со која паѓал, удрел во дете или пак возрасен човек, знаеме кој ќе беше епилогот. Ова е страшно и не смее да се повтори никогаш!, раскажуваат очевидци за „Фокус“.

The post Тежок војнички ранец паднал од небо во Неготино: А, ако паднеше врз децата? appeared first on Република.

]]>