Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Вчера во ОВР Наготино , од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на кров од неговата куќа и оштетил неколку керамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничката армија во состав на Мултинационална вежба, „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион”, на подрачјето на Неготино, појасни Самарџиев.

Тој нагласи дека предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.