рамковен договор Archives - Република https://republika.mk/tema/ramkoven-dogovor/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 13:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамковен договор Archives - Република https://republika.mk/tema/ramkoven-dogovor/ 32 32 Рамковниот договор никого не направи среќен, но го донесе мирот https://republika.mk/vesti/makedonija/ramkovniot-dogovor-nikogo-ne-napravi-sreken-no-go-donese-mirot/ Tue, 13 Aug 2024 12:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=806201

Треба да се биде реален и да се каже дека донесувањето на Рамковниот договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак го донесоа тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената седница на Владата по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, посочувајќи дека 23 години се доволна временска дистанца на работите да се погледне со доза на објективност и да се говори за аспектите и придонесот на овој договор, но и предизвиците кои стојат пред државата.

Од овој аспект мора да се разбере дека ова е една заедничка татковина за сите и дека заедничкиот патриотизам единствено значи градење на живот под еден ист кров, на права но и обврски и борба за подобар живот под исто небо. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Уставот, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на нашите сограѓани, рече Мицкоски.

„Тоа што сме различни по етничка можеби и по верска припадност, не нѐ прави различни по потребите и приоритети, а главна потреба и приоритет на сите нас е подобриот живот. Имаме исти заеднички проблеми и затоа треба заеднички да нудиме решенија и да ги решаваме тие проблеми. Не можам да кажам дека сите придонесуваат можеби подеднакво во овој процес. Но вистинското прашање е зошто е тоа така и кои се мотивите“, кажа Мицкоски.

Според него, многу долго одредени политички елити Рамковниот договор, но и етничките права воопшто ги користат како прекривка за прикривање на своите лични и најчесто лукративни интереси, но и фактот дека предолго и преинтензивно етничките теми се злоупотребуваат, се градат кариери во тоа име, додека реалниот живот, животот на оние кои подеднакво го делат секојдевието, како и сите останати граѓани е сѐ потежок и понесреќен.

„За одредени политички партии Рамковниот договор е најдобар и се спроведува само под услов кога истите тие се на власт, веднаш потоа откако ќе бидат опозиција смислуваат критики и креативни решенија за негово надополнување, но и различно читање на правата и обврските кои произлегуваат од него. Притоа заборавајќи колку е скапа цената на тој договор и дека тој договор меѓудругото е напишан и со многу страдања и жртви од сите страни и во извесна мера тоа е и непочит кон тие жртви кои ги има од сите страни. Кон темата меѓуетнички односи се однесуваат неодговорно затоа што најмалку внимание посветуваа на ова, колку што беа предадени и фокусирани кон личните интереси, бизниси и тендери. Ова го користат како платформа за себепромоција, градење на кариери и бизнис коалиции. Тие наместо градители на меѓуетничките однсои стануваа профитери и кога зборуваат за европските вредности, знаете дека тогаш ги кршат најмногу. Колку пати овие луѓе сте ги забележале на терен кај реалниот човек да помогнат и да се запознаат со вистинскиот живот“, праша Мицкоски.

Според него, вистинското прашање е колку е денес задоволен обичниот Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, и сите останати граѓани.

„Одбивам да навлегувам во етничките перипетии на поединци,  ајде заедно да се мериме по тоа колку ќе го подобриме животот на граѓаните, и колку ќе понудиме решенија на тие проблеми. Денес патриотизмот не се мери по тоа колку знамиња ќе развиориме или колку често ќе зборувате за етнички теми или колку дилеми ќе наметнете, туку колку проблеми ќе решите на терен и како ќе го подобрите животот. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Уставот, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на на нашите сограѓани. Јавноста не треба да паѓа во замката на нови и нови бесконечни етнички барања на партиите кои сега се во опозиција. Тие ја имаа својата шанса и времето го потрошија на лично богатење, и наместо да бидат посвети на борбата да се постави подобар живот, посилно образование, економија, повеќе пари за граѓаните, тие одлучија за себе да градат дворци хациенди, да купуваат трговски центри, да се злоупотребува сѐ што може да се злоупотреби“, рече Мицкоски.

На седницата се обрати и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање.

Претходно, во Клубот на пратениците во Скопје, вицепремиерот Меџити се обрати на Панел дискусија посветена на годишнината од Рамковниот договор во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а тој ќе биде домаќин и вечер на свечениот прием што по истиот повод ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје.

Одделна прослава, пак, организираа од Европскиот фронт, предводен од ДУИ. Тие 23- годишнинита од Охридскиот рамковен договор ја одбележаа со настан насловен „Академија за легитимитет“ што се одржа напладне во хотелот Александар Палас во Скопје. 

The post Рамковниот договор никого не направи среќен, но го донесе мирот appeared first on Република.

]]>

Треба да се биде реален и да се каже дека донесувањето на Рамковниот договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак го донесоа тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената седница на Владата по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, посочувајќи дека 23 години се доволна временска дистанца на работите да се погледне со доза на објективност и да се говори за аспектите и придонесот на овој договор, но и предизвиците кои стојат пред државата. Од овој аспект мора да се разбере дека ова е една заедничка татковина за сите и дека заедничкиот патриотизам единствено значи градење на живот под еден ист кров, на права но и обврски и борба за подобар живот под исто небо. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Уставот, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на нашите сограѓани, рече Мицкоски.
 
„Тоа што сме различни по етничка можеби и по верска припадност, не нѐ прави различни по потребите и приоритети, а главна потреба и приоритет на сите нас е подобриот живот. Имаме исти заеднички проблеми и затоа треба заеднички да нудиме решенија и да ги решаваме тие проблеми. Не можам да кажам дека сите придонесуваат можеби подеднакво во овој процес. Но вистинското прашање е зошто е тоа така и кои се мотивите“, кажа Мицкоски. Според него, многу долго одредени политички елити Рамковниот договор, но и етничките права воопшто ги користат како прекривка за прикривање на своите лични и најчесто лукративни интереси, но и фактот дека предолго и преинтензивно етничките теми се злоупотребуваат, се градат кариери во тоа име, додека реалниот живот, животот на оние кои подеднакво го делат секојдевието, како и сите останати граѓани е сѐ потежок и понесреќен. „За одредени политички партии Рамковниот договор е најдобар и се спроведува само под услов кога истите тие се на власт, веднаш потоа откако ќе бидат опозиција смислуваат критики и креативни решенија за негово надополнување, но и различно читање на правата и обврските кои произлегуваат од него. Притоа заборавајќи колку е скапа цената на тој договор и дека тој договор меѓудругото е напишан и со многу страдања и жртви од сите страни и во извесна мера тоа е и непочит кон тие жртви кои ги има од сите страни. Кон темата меѓуетнички односи се однесуваат неодговорно затоа што најмалку внимание посветуваа на ова, колку што беа предадени и фокусирани кон личните интереси, бизниси и тендери. Ова го користат како платформа за себепромоција, градење на кариери и бизнис коалиции. Тие наместо градители на меѓуетничките однсои стануваа профитери и кога зборуваат за европските вредности, знаете дека тогаш ги кршат најмногу. Колку пати овие луѓе сте ги забележале на терен кај реалниот човек да помогнат и да се запознаат со вистинскиот живот“, праша Мицкоски. Според него, вистинското прашање е колку е денес задоволен обичниот Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, и сите останати граѓани. „Одбивам да навлегувам во етничките перипетии на поединци,  ајде заедно да се мериме по тоа колку ќе го подобриме животот на граѓаните, и колку ќе понудиме решенија на тие проблеми. Денес патриотизмот не се мери по тоа колку знамиња ќе развиориме или колку често ќе зборувате за етнички теми или колку дилеми ќе наметнете, туку колку проблеми ќе решите на терен и како ќе го подобрите животот. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Уставот, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на на нашите сограѓани. Јавноста не треба да паѓа во замката на нови и нови бесконечни етнички барања на партиите кои сега се во опозиција. Тие ја имаа својата шанса и времето го потрошија на лично богатење, и наместо да бидат посвети на борбата да се постави подобар живот, посилно образование, економија, повеќе пари за граѓаните, тие одлучија за себе да градат дворци хациенди, да купуваат трговски центри, да се злоупотребува сѐ што може да се злоупотреби“, рече Мицкоски. На седницата се обрати и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање. Претходно, во Клубот на пратениците во Скопје, вицепремиерот Меџити се обрати на Панел дискусија посветена на годишнината од Рамковниот договор во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а тој ќе биде домаќин и вечер на свечениот прием што по истиот повод ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје. Одделна прослава, пак, организираа од Европскиот фронт, предводен од ДУИ. Тие 23- годишнинита од Охридскиот рамковен договор ја одбележаа со настан насловен „Академија за легитимитет“ што се одржа напладне во хотелот Александар Палас во Скопје. 

The post Рамковниот договор никого не направи среќен, но го донесе мирот appeared first on Република.

]]>
Меџити: Карактеристично за ДУИ е да прави партиска прослава за Рамковниот договор, надвор од институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-karakteristichno-za-dui-e-da-pravi-partiska-proslava-za-ramkovniot-dogovor-nadvor-od-institutsiite/ Tue, 13 Aug 2024 10:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=806106

Одвоеното прославување на Рамковниот договор од страна на ДУИ е партиска прослава, смета првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, коментирајќи ја „паралелната прослава“ на ДУИ за годишнината од Рамковниот договор што се одржува напладне денеска, пред закажаната свечена седница на Владата по овој повод.

Според Меџити, Рамковниот бил договор како ќе функционира државата, „а не договор како ќе опстои постојано на власт една политичка партија“.

Прашан за коментар по панел-дискусија посветена на 23 години од Охридскиот рамковен договор, Меџити оцени дека за ДУИ било карактеристично кога биле на власт „да го девалвираат Рамковниот договор со концерти и организирање надвор од институциите“.

И овојпат кога институционално се прославува годишнината на Рамковниот договор, тие повторно го прават истото, значи прават партиска прослава. Ништо различно, како и секогаш ДУИ е надвор од нормалните текови, од институционалните текови, додаде Меџити.

На прашање во врска со најави за можна дестабилизација од страна на партијата на Али Ахмети, Меџити одговори дека тие немаат „кауза за демонстрации и протести“ и оти не можат да се навикнат да бидат опозиција по 20 години на власт.

Точно е дека има муабети и кога седнуваат сакаат да рушат, потребна им е магла оти после 20 години се опозиција и не можат да се соочат со реалноста. Но, тоа не значи дека имаат кауза за демонстрации и протести бидејќи не може да биде кауза на Албанците „Соравија“ и такви коруптивни зделки, рече Меџити чија партија Демократско движење е дел од коалицијата „Вреди“ која учествува во владината коалиција.

The post Меџити: Карактеристично за ДУИ е да прави партиска прослава за Рамковниот договор, надвор од институциите appeared first on Република.

]]>

Одвоеното прославување на Рамковниот договор од страна на ДУИ е партиска прослава, смета првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, коментирајќи ја „паралелната прослава“ на ДУИ за годишнината од Рамковниот договор што се одржува напладне денеска, пред закажаната свечена седница на Владата по овој повод. Според Меџити, Рамковниот бил договор како ќе функционира државата, „а не договор како ќе опстои постојано на власт една политичка партија“. Прашан за коментар по панел-дискусија посветена на 23 години од Охридскиот рамковен договор, Меџити оцени дека за ДУИ било карактеристично кога биле на власт „да го девалвираат Рамковниот договор со концерти и организирање надвор од институциите“.
И овојпат кога институционално се прославува годишнината на Рамковниот договор, тие повторно го прават истото, значи прават партиска прослава. Ништо различно, како и секогаш ДУИ е надвор од нормалните текови, од институционалните текови, додаде Меџити.
На прашање во врска со најави за можна дестабилизација од страна на партијата на Али Ахмети, Меџити одговори дека тие немаат „кауза за демонстрации и протести“ и оти не можат да се навикнат да бидат опозиција по 20 години на власт.
Точно е дека има муабети и кога седнуваат сакаат да рушат, потребна им е магла оти после 20 години се опозиција и не можат да се соочат со реалноста. Но, тоа не значи дека имаат кауза за демонстрации и протести бидејќи не може да биде кауза на Албанците „Соравија“ и такви коруптивни зделки, рече Меџити чија партија Демократско движење е дел од коалицијата „Вреди“ која учествува во владината коалиција.
 
The post Меџити: Карактеристично за ДУИ е да прави партиска прослава за Рамковниот договор, надвор од институциите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод 23 години Рамковен договор https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-se-obrati-na-svechena-sednitsa-po-povod-23-godini-ramkoven-dogovor/ Mon, 12 Aug 2024 12:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=805852

Претседателот на Владата Мицкоски утре  ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во свечената сала во владата на  ќе се одржи Свечена седница на која покрај Мицкоски ќе се обрати и  Изет Меџити министер за животна средина и просторно планирање и вицепремиер.

The post Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод 23 години Рамковен договор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Мицкоски утре  ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор Во свечената сала во владата на  ќе се одржи Свечена седница на која покрај Мицкоски ќе се обрати и  Изет Меџити министер за животна средина и просторно планирање и вицепремиер.

The post Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод 23 години Рамковен договор appeared first on Република.

]]>
ДУИ ќе си прави приватна журка за годишнината од Рамковниот договор https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-ke-si-pravi-privatna-zhurka-za-godishninata-od-ramkovniot-dogovor/ Mon, 12 Aug 2024 09:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=805746

ДУИ утре организира паралалелна манифестација за Охридскиот договор, а тоа не е ништо чудно затоа што оваа партија отсекогаш имала тенденции да приватизира одредени настани, изјави министерот за здравство од редовите на Вреди, Арбен Таравари, по денешната најава дека партијата на Али Ахмети утре ќе одржи Академија за легитимитет во хотелот „Александар Палас“, а по повод 23-годишнината од Охридскиот мировен договор.

– Сѐ уште не можат да прифатат дека се опозиција, меѓутоа им треба време и ќе се навикнат на тоа. Приватни забави може секој да организира. Ние официјално ги поканивме на утрешниот настан што го организира Владата, добредојдени се. Историските настани никогаш не биле приватна припадност, туку им припаѓаат на сите граѓани кои живеат тука – рече Таравари.

The post ДУИ ќе си прави приватна журка за годишнината од Рамковниот договор appeared first on Република.

Дали ДУИ откако не е на власт ќе се појави на одбележувањето на Рамковниот договор https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-dui-otkako-ne-e-na-vlast-ke-se-pojavi-na-odbelezhuvaneto-na-ramkovniot-dogovor/ Fri, 09 Aug 2024 12:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=804977

Пратеничката Саранда Имери од коалицијата „Вреди“ денеска го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да присуствува на државното одбележување на 13 август - денот на потпишувањето на Охридскиот договор од 2001 година.

Не денешната прес-конференција, пратеничката Имери, истакна дека повод за нејзиното обраќање е обидот, како што рече, „да се приватизира еден светол датум во албанската историја“.

- Пред 23 години беше испишано ново поглавје во историјата на Македонија кога беше потпишан Охридскиот договор. За мене како ќерка на Имер Имери, еден од потписниците на овој историски договор, ова претставува многу повеќе од политички документ. Тоа е наследство на една генерација која се бореше за подобра иднина и заедничко општество. Чувствувам огорченост кога гледам како еден датум кој треба да не обедини се користи за тесно партиски интереси, рече таа.

Имери појасни дека откако официјално ги испратиле поканите меѓу кои и онаа до ДУИ, Али Ахмети, како што посочи, одлучил со приватна прослава да го одбележи потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

- Во името на ликот и делото на мојот татко ја користам оваа прилика да му се обратам лично на г. Али Ахмети. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Албанците од Охридскиот рамковен договор. Затоа апелирам до вас да не правите поделби меѓу нашиот народ. Сите ние треба да го обележуваме овој ден со почит. Намерите ви се провидни и однапред прочитани, потенцираше пратеничката..

Според неа, албанскиот патриотизам не смее да се стави во функција на одбрана на криминал и нечесни политичари.

- Загинатите и живите борци на УЧК, како и потписниците на Рамковниот договор Имер Имери и Арбен Џафери имаа искрени намери и не се бореа и не работеа за наместени тендери и лични богатења. Немојте да го скврнавите 13 август 2001 година. Датумот кој донесе мир сега 23 години подоцна да го користите за поделби меѓу албанскиот народ само заради тоа што сте опозиција. Искрено се надевам дека ќе ја преиспитате вашата одлука и ќе ја прифатите поканата наместо на партиски настан да присуствувате на државното одбележување на овој важен датум, посочи таа.

The post Дали ДУИ откако не е на власт ќе се појави на одбележувањето на Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>

Пратеничката Саранда Имери од коалицијата „Вреди“ денеска го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да присуствува на државното одбележување на 13 август - денот на потпишувањето на Охридскиот договор од 2001 година. Не денешната прес-конференција, пратеничката Имери, истакна дека повод за нејзиното обраќање е обидот, како што рече, „да се приватизира еден светол датум во албанската историја“.
- Пред 23 години беше испишано ново поглавје во историјата на Македонија кога беше потпишан Охридскиот договор. За мене како ќерка на Имер Имери, еден од потписниците на овој историски договор, ова претставува многу повеќе од политички документ. Тоа е наследство на една генерација која се бореше за подобра иднина и заедничко општество. Чувствувам огорченост кога гледам како еден датум кој треба да не обедини се користи за тесно партиски интереси, рече таа.
Имери појасни дека откако официјално ги испратиле поканите меѓу кои и онаа до ДУИ, Али Ахмети, како што посочи, одлучил со приватна прослава да го одбележи потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
- Во името на ликот и делото на мојот татко ја користам оваа прилика да му се обратам лично на г. Али Ахмети. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Албанците од Охридскиот рамковен договор. Затоа апелирам до вас да не правите поделби меѓу нашиот народ. Сите ние треба да го обележуваме овој ден со почит. Намерите ви се провидни и однапред прочитани, потенцираше пратеничката..
Според неа, албанскиот патриотизам не смее да се стави во функција на одбрана на криминал и нечесни политичари.
- Загинатите и живите борци на УЧК, како и потписниците на Рамковниот договор Имер Имери и Арбен Џафери имаа искрени намери и не се бореа и не работеа за наместени тендери и лични богатења. Немојте да го скврнавите 13 август 2001 година. Датумот кој донесе мир сега 23 години подоцна да го користите за поделби меѓу албанскиот народ само заради тоа што сте опозиција. Искрено се надевам дека ќе ја преиспитате вашата одлука и ќе ја прифатите поканата наместо на партиски настан да присуствувате на државното одбележување на овој важен датум, посочи таа.

The post Дали ДУИ откако не е на власт ќе се појави на одбележувањето на Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>
Ќе се усреќат: И Израел и Хамас ќе имаат Рамковен договор https://republika.mk/vesti/svet/ke-se-usrekat-i-izrael-i-hamas-ke-imaat-ramkoven-dogovor/ Sat, 02 Mar 2024 18:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=750588

Израел се согласи на рамковен договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелски заложници кои ги држи радикалното палестинско движење Хамас, пренесе БТА повикувајќи се на светски агенции.

Ова го соопштил неименуван висок претставник на американската влада кој додал дека сега се зависи од согласноста на исламистичката група.

Израелската страна „генерално“ го прифатила предлогот, кој вклучува шестнеделно примирје во Газа, како и ослободување на поранливите заложници од оние што моментално ги држи Хамас. Се мисли на луѓе кои се болни или повредени, како и постари лица и жени.

- Израелците во основа ги потпишаа точките од договорот, изјавил денеска претставникот на администрацијата на Џо Бајден. „Сега топката е во теренот на Хамас и ние продолжуваме да инсистираме максимално (за согласност од групата)“, додаде тој.

- Заложниците треба да бидат ослободени, изјави претставникот за новинарите во конференциска сала во Вашингтон

- Договор, во основа, има. Но, не сакам да создавам очекувања на овој или оној начин, нагласи то

The post Ќе се усреќат: И Израел и Хамас ќе имаат Рамковен договор appeared first on Република.

]]>

Израел се согласи на рамковен договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелски заложници кои ги држи радикалното палестинско движење Хамас, пренесе БТА повикувајќи се на светски агенции. Ова го соопштил неименуван висок претставник на американската влада кој додал дека сега се зависи од согласноста на исламистичката група. Израелската страна „генерално“ го прифатила предлогот, кој вклучува шестнеделно примирје во Газа, како и ослободување на поранливите заложници од оние што моментално ги држи Хамас. Се мисли на луѓе кои се болни или повредени, како и постари лица и жени.
- Израелците во основа ги потпишаа точките од договорот, изјавил денеска претставникот на администрацијата на Џо Бајден. „Сега топката е во теренот на Хамас и ние продолжуваме да инсистираме максимално (за согласност од групата)“, додаде тој.
- Заложниците треба да бидат ослободени, изјави претставникот за новинарите во конференциска сала во Вашингтон - Договор, во основа, има. Но, не сакам да создавам очекувања на овој или оној начин, нагласи то

The post Ќе се усреќат: И Израел и Хамас ќе имаат Рамковен договор appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Охридскиот договор овозможи континуиран развој на општествената кохезија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ohridskiot-dogovor-ovozmozhi-kontinuiran-razvoj-na-opshtestvenata-kohezija/ Sun, 13 Aug 2023 11:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=671624

Денеска одбележуваме 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој донесе мир и со кој се овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост во различностите, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

– Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија, којашто практикува европски вредности. Ние сме општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички заедници, за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом. Дом кој ќе продолжиме да го градиме во духот на меѓусебна грижа и посветеност. Нашата татковина е Европа во мало, а почитувањето на различностите е нашата предност, на што сме особено горди, објави Ковачевски.

Република Македонија, пишува Ковачевски, денес е членка на НАТО, со цврсто втемелен и меѓународно признат македонски јазик и култура, која цврсто чекори со визијата што поскоро да стане дел од европското семејство на народи, каде и припаѓа.

The post Ковачевски: Охридскиот договор овозможи континуиран развој на општествената кохезија appeared first on Република.

Ангелов по повод 22 години Рамковен договор: Победивме во секој битка, но политичарите загубија https://republika.mk/vesti/makedonija/angelov-po-povod-22-godini-ramkoven-dogovor-pobedivme-vo-sekoj-bitka-no-politicharite-zagubija/ Sun, 13 Aug 2023 10:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=671615

Денеска се одбележуваат 22 години од потпишувањето на Охридскиот мировен рамковен договор, а по тој повод се огласи и лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој вели дека македонските бранители победиле во сите битки во конфликтот со финален пораз на политичарите.

„Со комуникето број 4 од 23 јануари 2001 година, издадено ден по вооружениот напад врз ПС Теарце во кој еден полицаец загина а тројца беа ранети, УЧК побара од “славомакедонците” да ги напуштат вековните албански огништа. Наместо повлекување, ние, припадниците на македонските безбедносни сили со наредба на тогашниот државен врв, тргнавме во напад. Војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија не дозволувајќи да биде отцепена ниту педа македонска земја. Откако раководството на УЧК увиде дека не можат да се спротивстават на надмоќните македонски безбедносни сили, ја сменија стратегијата, а со тоа и реториката, и наместо борба за територија преку ослободување на “вековните албански огништа”, почнаа да зборуваат за борба за “човекови права”. На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници, како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.

The post Ангелов по повод 22 години Рамковен договор: Победивме во секој битка, но политичарите загубија appeared first on Република.

Ахмети: За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-za-da-go-zavrshime-protsesot-na-ednakvost-i-integratsija-mora-da-go-napravime-posledniot-chekor-od-ustavnite-izmeni/ Sun, 13 Aug 2023 08:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=671582

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска, по повод 22-годишнината на Охридскиот рамковен договор, упати порака во која повикува, како што е наведено, на единство и обединување околу европскиот фронт.

Според Ахмети, за да се заврши процесот на еднаквост и интеграција, мора да се направи последниот чекор од уставните измени.

Лидерот на ДУИ нагласува и дека за големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација.

-Денес сме дел од евро-американската алијанса, во НАТО сме. Градиме автопати и со Албанија и со Косово, со регионот во кој исто така ги обединуваме границите. Ги отворивме преговорите за членство со ЕУ и го привршуваме скринингот. За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени. За големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација, потребна е визија, а не кратковидост, потребна е склоност и неприкривање, не се осмелуваме да ја изгубиме шансата и да ја згаснеме надежта на граѓаните за европска држава и поредок. Работите никогаш не се завршени исто како што нашите задачи никогаш не се завршени. Потребна е нашата секојдневна посветеност да ги усогласиме нашите стандарди со европските, затоа не застануваме, туку се обновуваме во секој предизвик и се соочуваме со него, наведува Ахмети во пораката.

Тој се осврнува и на уставните измени во 2001 година.

-Денес, 13 август, ја одбележуваме 22-годишнината од Охридскиот рамковен договор. По војната на ОВК и одобрувањето на уставните измени во 2001 година, ги надминуваме последните бариери кон долго бараната и негирана еднаквост. Денес, албанскиот јазик е службен јазик како и државното знаме заедно со три универзитети на албански јазик. Денес, Албанците можат да се најдат во сите ресори, но дури и со одговорно водење на институциите во земјата, тие го покажуваат својот лидерски капацитет. Денес се сеќавам и на сите маченици и инвалиди, бранители и маченици и нивните семејства со највисоки почести. Денес несомнено сме подобри од вчера, но работиме утре да биде подобро од денес. Секогаш заедно, затоа на оваа годишнина од Охридскиот рамковен договор повикувам на единство и обединување околу европскиот фронт како историска потреба и одговорност на времето и неопходен чекор за обезбедување на иднината. Само обединети сме посилни, пишува Ахмети во пораката

The post Ахмети: За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска, по повод 22-годишнината на Охридскиот рамковен договор, упати порака во која повикува, како што е наведено, на единство и обединување околу европскиот фронт. Според Ахмети, за да се заврши процесот на еднаквост и интеграција, мора да се направи последниот чекор од уставните измени. Лидерот на ДУИ нагласува и дека за големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација.
-Денес сме дел од евро-американската алијанса, во НАТО сме. Градиме автопати и со Албанија и со Косово, со регионот во кој исто така ги обединуваме границите. Ги отворивме преговорите за членство со ЕУ и го привршуваме скринингот. За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени. За големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација, потребна е визија, а не кратковидост, потребна е склоност и неприкривање, не се осмелуваме да ја изгубиме шансата и да ја згаснеме надежта на граѓаните за европска држава и поредок. Работите никогаш не се завршени исто како што нашите задачи никогаш не се завршени. Потребна е нашата секојдневна посветеност да ги усогласиме нашите стандарди со европските, затоа не застануваме, туку се обновуваме во секој предизвик и се соочуваме со него, наведува Ахмети во пораката.
Тој се осврнува и на уставните измени во 2001 година.
-Денес, 13 август, ја одбележуваме 22-годишнината од Охридскиот рамковен договор. По војната на ОВК и одобрувањето на уставните измени во 2001 година, ги надминуваме последните бариери кон долго бараната и негирана еднаквост. Денес, албанскиот јазик е службен јазик како и државното знаме заедно со три универзитети на албански јазик. Денес, Албанците можат да се најдат во сите ресори, но дури и со одговорно водење на институциите во земјата, тие го покажуваат својот лидерски капацитет. Денес се сеќавам и на сите маченици и инвалиди, бранители и маченици и нивните семејства со највисоки почести. Денес несомнено сме подобри од вчера, но работиме утре да биде подобро од денес. Секогаш заедно, затоа на оваа годишнина од Охридскиот рамковен договор повикувам на единство и обединување околу европскиот фронт како историска потреба и одговорност на времето и неопходен чекор за обезбедување на иднината. Само обединети сме посилни, пишува Ахмети во пораката

The post Ахмети: За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени appeared first on Република.

]]>
Годишнина од Рамковниот договор https://republika.mk/vesti/makedonija/godishnina-od-ramkovniot-dogovor/ Sun, 13 Aug 2023 07:08:09 +0000 https://republika.mk/vesti/makedonija/godishnina-od-ramkovniot-dogovor/

Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти.

Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта.

За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој во 2019 година се трансформираше во Министерство за
политички систем и односи меѓу заедниците.

Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“. – Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците, се додава во документот. Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација.

Договорот содржи и три Анекси: А.Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби.

The post Годишнина од Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>

Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти. Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој во 2019 година се трансформираше во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“. – Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците, се додава во документот. Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација. Договорот содржи и три Анекси: А.Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби.

The post Годишнина од Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>
Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор https://republika.mk/vesti/makedonija/izgor-praznik-ministerstvoto-na-grubi-ja-pochesti-arberia-dizajn-so-100-000-evra-za-proslava-na-ramkovniot/ Tue, 01 Aug 2023 11:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=667615

Над половина милион евра ќе чини прославата на државните празници и посебно Охридскиот раковен договор.Тендерите ги добија две фирми, на јавни набавки на кои немале конкуренција. Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор, за која што е задолжено Министерството за политички систем, на чие чело е вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, анализира „Дојче Веле“

Фирмата „Скопје Филм Студио“, пак, е задолжена да ги организира прославите за останатите државни празници, како и за настан од Отворен Балкан, за што Владата ќе треба да плати околу половина милион евра.

За четири државни празници - 350 илјади евра

Според договорите коишто се објавени на Бирото за јавни набавки, станува збор за активности поврзани со празниците 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски.

„Скопје Филм Студио“ ќе треба да „осмисли и реализира активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на овие четири празници, за што ќе ѝ бидат исплатени околу 350.000 евра. За осмислување и реализација на активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настан - Отворен Балкан се планирани околу 150.000 евра.

Договорите се склучени во јули, а се на сила до крајот на годината. Како критериум за доделување на договорот се наведува најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Највисока добиена понуда била 19.991.554 денари, додека најниска добиена понуда е 9.999.224 денари.

Стихотворби и спотови за Рамковниот договор

Што се однесува до договорот со „Арбериа дизајн“, фирмата за 100 илјади евра ќе треба да ја организира манифестацијата по повод 22-годишнината од Рамковниот договор. Покрај хотелски, кетеринг и други услуги, на тетовската фирма ќе ѝ бидат исплатени 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра. Додека продукцијата на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор ќе чини околу 6.000 евра.

Извор Дојче Веле

The post Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>

Над половина милион евра ќе чини прославата на државните празници и посебно Охридскиот раковен договор.Тендерите ги добија две фирми, на јавни набавки на кои немале конкуренција. Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор, за која што е задолжено Министерството за политички систем, на чие чело е вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, анализира „Дојче Веле“ Фирмата „Скопје Филм Студио“, пак, е задолжена да ги организира прославите за останатите државни празници, како и за настан од Отворен Балкан, за што Владата ќе треба да плати околу половина милион евра.

За четири државни празници - 350 илјади евра

Според договорите коишто се објавени на Бирото за јавни набавки, станува збор за активности поврзани со празниците 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски. „Скопје Филм Студио“ ќе треба да „осмисли и реализира активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на овие четири празници, за што ќе ѝ бидат исплатени околу 350.000 евра. За осмислување и реализација на активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настан - Отворен Балкан се планирани околу 150.000 евра. Договорите се склучени во јули, а се на сила до крајот на годината. Како критериум за доделување на договорот се наведува најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Највисока добиена понуда била 19.991.554 денари, додека најниска добиена понуда е 9.999.224 денари.

Стихотворби и спотови за Рамковниот договор

Што се однесува до договорот со „Арбериа дизајн“, фирмата за 100 илјади евра ќе треба да ја организира манифестацијата по повод 22-годишнината од Рамковниот договор. Покрај хотелски, кетеринг и други услуги, на тетовската фирма ќе ѝ бидат исплатени 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра. Додека продукцијата на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор ќе чини околу 6.000 евра. Извор Дојче Веле

The post Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>
Рангеловиќ: Стравувам дека ако ги ставиме Бугарите во Уставот, ќе има нов Рамковен договор за нив https://republika.mk/vesti/makedonija/rangelovikj-stravuvam-deka-ako-gi-stavime-bugarite-vo-ustavot-kje-ima-nov-ramkoven-dogovor-za-niv/ Thu, 06 Oct 2022 20:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=558153

Аналитичарот Иво Рангеловиќ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека стравува оти ако се внесат Бугарите во Уставот, ќе има нов Рамковен договор за нив.

Откако ќе постојат, формално може да се повикате и да добиете некој нов Рамковен договор, овојпат за Бугарите и да ги добиете истите права, вели Рангеловиќ.

The post Рангеловиќ: Стравувам дека ако ги ставиме Бугарите во Уставот, ќе има нов Рамковен договор за нив appeared first on Република.

Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки https://republika.mk/vesti/makedonija/ete-zoshto-ne-se-pi-kaat-narodni-pari-na-etnichki-zurki/ Mon, 15 Aug 2022 09:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=540455

Било која институција финасирана со буџетски средства нема право да го користи името Македонија.
Било кој министер или банда на државен или етнички настан платен со буџетски средства има право да ја негира придавката “македонски” и да уринира врз македонскиот јазик или националните чувства, идентитетот и меморијата на македонскиот народ и нација.
Би рекле дека поприлично труло ни се подвоени работите дома и овие контрадикции за обичниот народ ќе бидат извор само на дополнителен национализам, фрустрација, шовинизам и ксенофобија.
Ете зошто не се пичкаат народни пари на етнички журки и зошто министри од друга етничка припадност не треба да решаваат политички и историски спорови со трета страна, особено кога станува збор за злонамерно насочен етникум и нација, коментира Ивор Мицковски.

The post Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки appeared first on Република.

]]>

Било која институција финасирана со буџетски средства нема право да го користи името Македонија. Било кој министер или банда на државен или етнички настан платен со буџетски средства има право да ја негира придавката “македонски” и да уринира врз македонскиот јазик или националните чувства, идентитетот и меморијата на македонскиот народ и нација. Би рекле дека поприлично труло ни се подвоени работите дома и овие контрадикции за обичниот народ ќе бидат извор само на дополнителен национализам, фрустрација, шовинизам и ксенофобија. Ете зошто не се пичкаат народни пари на етнички журки и зошто министри од друга етничка припадност не треба да решаваат политички и историски спорови со трета страна, особено кога станува збор за злонамерно насочен етникум и нација, коментира Ивор Мицковски.

The post Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки appeared first on Република.

]]>
Нови тендери за набавка на скапа храна, прослава на Рамковниот договор: Штеди ли владата поради економската криза? https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-tenderi-za-nabavka-na-skapa-hrana-proslava-na-ramkovniot-dogovor-shtedi-li-vladata-poradi-ekonomskata-kriza/ Sun, 14 Aug 2022 19:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=540329

Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, цените се повеќе растат, платите не го следат трендот на рстење на ценита, а трошоците за живот стануваат се поголеми. Прашање е што прави власта за да ги заштити граѓаните и државата и колку штеди.

Иако првично најавија препораки за штедење, сепак може да се забележи дека тие препораки останаа на хартија.

Така, видовме во криза власта потроши стотици илјади евра за прослава за Рамковниот договор, за што реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска рече дека додека младите ја напуштаат државата, градовите се празнат власта троши пари на граѓаните расфрлувајќи се со прослави како таа вчера за која се потрошени речиси 100.000 евра, пари на граѓаните.

Премиерот Ковачевски уште во март повика да се намали користењето на службените возила и картичките за репрезентации, но и тоа дека сите функционери кои се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари.

По ваквата изјава на премиерот, следеа низа тендери со кои се трошеа и се уште се трошат буџетски пари, 48 илјади евра за цвеќињата, 37 илјади евра на скап кујнски прибор како и скоро 40.000 евра за апетисани, пилешко месо и ролетни, се бараа ф’стаци и лешници од прва класа, и останати тендери како и тие за вчерашната прослава која заврши а граѓаните платија речиси 100.000 евра, објави ТВ24.

Од буџетските пари, Министерството за одбрана преку 4 јавни набавки ќе троши над 70 илјади евра на сушени модри сливи, маслинки топено сирење, пастеризиран зеленчук, ајвар, кондиторски производи, чоколадо и сушено овошје. Но и ќе организира манифестација по повод 30 годишнината од македонската армија. Од Министерството за одбрана велат дека целта е припадниците на Армијата да добијат оброк согласно сите правила и нутриционистички стандарди, а изведувачите кои ќе настапат со свои песни ќе пејат без пари.

Во време на економска криза, општина Чаир распиша тендер, без да ја наведе планираната сума на пари што ќе ја потроши за сувенири. На тендерот се бараат леени фигури од Скендербег, Мајка Терза, Саат кула и Хасан Приштина, плакети со гравура, стаклени и керамички чаши, стаклени шишиња, дрвени привезоци, изработка на дизајн, печатење на моден картон боите да се персонализирани и со златок отисок на логото на општината. Колку пари ќе бидат потрошени од парите на граѓаните во општина Чаир, градоначалникот Висар Ганиу не одговори, од општината велат дека утре ќе одговорат.

The post Нови тендери за набавка на скапа храна, прослава на Рамковниот договор: Штеди ли владата поради економската криза? appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, цените се повеќе растат, платите не го следат трендот на рстење на ценита, а трошоците за живот стануваат се поголеми. Прашање е што прави власта за да ги заштити граѓаните и државата и колку штеди. Иако првично најавија препораки за штедење, сепак може да се забележи дека тие препораки останаа на хартија. Така, видовме во криза власта потроши стотици илјади евра за прослава за Рамковниот договор, за што реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска рече дека додека младите ја напуштаат државата, градовите се празнат власта троши пари на граѓаните расфрлувајќи се со прослави како таа вчера за која се потрошени речиси 100.000 евра, пари на граѓаните. Премиерот Ковачевски уште во март повика да се намали користењето на службените возила и картичките за репрезентации, но и тоа дека сите функционери кои се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари. По ваквата изјава на премиерот, следеа низа тендери со кои се трошеа и се уште се трошат буџетски пари, 48 илјади евра за цвеќињата, 37 илјади евра на скап кујнски прибор како и скоро 40.000 евра за апетисани, пилешко месо и ролетни, се бараа ф’стаци и лешници од прва класа, и останати тендери како и тие за вчерашната прослава која заврши а граѓаните платија речиси 100.000 евра, објави ТВ24. Од буџетските пари, Министерството за одбрана преку 4 јавни набавки ќе троши над 70 илјади евра на сушени модри сливи, маслинки топено сирење, пастеризиран зеленчук, ајвар, кондиторски производи, чоколадо и сушено овошје. Но и ќе организира манифестација по повод 30 годишнината од македонската армија. Од Министерството за одбрана велат дека целта е припадниците на Армијата да добијат оброк согласно сите правила и нутриционистички стандарди, а изведувачите кои ќе настапат со свои песни ќе пејат без пари. Во време на економска криза, општина Чаир распиша тендер, без да ја наведе планираната сума на пари што ќе ја потроши за сувенири. На тендерот се бараат леени фигури од Скендербег, Мајка Терза, Саат кула и Хасан Приштина, плакети со гравура, стаклени и керамички чаши, стаклени шишиња, дрвени привезоци, изработка на дизајн, печатење на моден картон боите да се персонализирани и со златок отисок на логото на општината. Колку пари ќе бидат потрошени од парите на граѓаните во општина Чаир, градоначалникот Висар Ганиу не одговори, од општината велат дека утре ќе одговорат.

The post Нови тендери за набавка на скапа храна, прослава на Рамковниот договор: Штеди ли владата поради економската криза? appeared first on Република.

]]>
Анкета на ТВ Алсат на концертотпо на ДУИ за Рамковниот: Дојдов од Тетово, но ова не ни треба, ова е џабе трошење 100.000 евра во криза https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-tv-alsat-na-koncertotpo-na-dui-za-ramkovniot-dojdov-od-tetovo-no-ova-ne-ni-treba-ova-e-dzabe-troshenje-100-000-evra-vo-kriza/ Sun, 14 Aug 2022 18:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=540313

Телевизија Алсат направи анкета со граѓаните кои беа присутни на концертот по повод 21-годишнината од Рамковниот договор. Некои првпат слушаат за ваквото случување, други сметаат дека е скапо задоволство за граѓани во сиромашна држава.

Прашањето до граѓаните за „журката на ДУИ“ на ТВ Алсат е: Знаете ли зошто вечерва беше организиран концертот?

Не, не знам, дојдов од Тетово. Дојдов од Тетово кога слушнав дека има концерт и не знам за што се работи. Значи, не ни треба концерт, ни треба работа бе брат. Ова не ни треба за концерти, гледате и самите дека има големо поскапување, ова за мене е џабе трошење. 100.000 евра се доволни да се изгради училиште за да образува ученици, а каде се градинките, училиштата, џамиите, каде е сè друго? Има и такви кои немаат леб да јадат. За мене ова воопшто не вреди, не е разумно бидејќи има голема невработеност, а да се дадат 100.000 евра - вели еден граѓанин.

Да ви кажам право, вечерва дојдов од странство, ми рекоа дека имало концерт и дојдов - вели еден друг граѓанин.

Јас сега полнам 20 години, брат. Добро, дали знаеш за што е потпишан Охридскиот договор? Не! - додава друг граѓанин.

Не знам дали вреди или не, не знам кој плаќа, атмосферата е добра за иселениците, мислам дека не е грешка, но 100 илјади евра подобро да се инвестираа на друго место отколку овде - вели друг граѓанин.

Се организира за печалбарите дојдени од печалба! За што? Се организира поради 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор… Аааа, ништо не е завршено, ништо не е направено 21 година. Дали е завршено нешто? Не! 100.000 евра вредат за нашата младина, зарем не вреди за Договорот, за доброто на младите, нека се забавуваат малку, нека го испуштат стресот од невидената невработеност, а утре пак ќе биде исто - вели една граѓанка.

Верувам дека е многу подобро отколку што беше, вроди со плод, особено за Албанците, почнувајќи од вработувањата, учеството на Албанците во институциите, раководењето со институциите и слично - додава друг граѓанин.

100 илјади евра! Повеќе од 200 илјади?? - вели граѓанин.

Работата е катастрофа, за Македонците да, но за Албанците оди надолу - вели еден граѓанин.

Има и нема, ситуацијата не е како што треба - додава друг граѓанин.

Извор: ТВ Алсат

The post Анкета на ТВ Алсат на концертотпо на ДУИ за Рамковниот: Дојдов од Тетово, но ова не ни треба, ова е џабе трошење 100.000 евра во криза appeared first on Република.

]]>

Телевизија Алсат направи анкета со граѓаните кои беа присутни на концертот по повод 21-годишнината од Рамковниот договор. Некои првпат слушаат за ваквото случување, други сметаат дека е скапо задоволство за граѓани во сиромашна држава. Прашањето до граѓаните за „журката на ДУИ“ на ТВ Алсат е: Знаете ли зошто вечерва беше организиран концертот?
Не, не знам, дојдов од Тетово. Дојдов од Тетово кога слушнав дека има концерт и не знам за што се работи. Значи, не ни треба концерт, ни треба работа бе брат. Ова не ни треба за концерти, гледате и самите дека има големо поскапување, ова за мене е џабе трошење. 100.000 евра се доволни да се изгради училиште за да образува ученици, а каде се градинките, училиштата, џамиите, каде е сè друго? Има и такви кои немаат леб да јадат. За мене ова воопшто не вреди, не е разумно бидејќи има голема невработеност, а да се дадат 100.000 евра - вели еден граѓанин.
 
Да ви кажам право, вечерва дојдов од странство, ми рекоа дека имало концерт и дојдов - вели еден друг граѓанин.
 
Јас сега полнам 20 години, брат. Добро, дали знаеш за што е потпишан Охридскиот договор? Не! - додава друг граѓанин.
 
Не знам дали вреди или не, не знам кој плаќа, атмосферата е добра за иселениците, мислам дека не е грешка, но 100 илјади евра подобро да се инвестираа на друго место отколку овде - вели друг граѓанин.
 
Се организира за печалбарите дојдени од печалба! За што? Се организира поради 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор… Аааа, ништо не е завршено, ништо не е направено 21 година. Дали е завршено нешто? Не! 100.000 евра вредат за нашата младина, зарем не вреди за Договорот, за доброто на младите, нека се забавуваат малку, нека го испуштат стресот од невидената невработеност, а утре пак ќе биде исто - вели една граѓанка.
 
Верувам дека е многу подобро отколку што беше, вроди со плод, особено за Албанците, почнувајќи од вработувањата, учеството на Албанците во институциите, раководењето со институциите и слично - додава друг граѓанин.
 
100 илјади евра! Повеќе од 200 илјади?? - вели граѓанин.
 
Работата е катастрофа, за Македонците да, но за Албанците оди надолу - вели еден граѓанин.
 
Има и нема, ситуацијата не е како што треба - додава друг граѓанин.
Извор: ТВ Алсат

The post Анкета на ТВ Алсат на концертотпо на ДУИ за Рамковниот: Дојдов од Тетово, но ова не ни треба, ова е џабе трошење 100.000 евра во криза appeared first on Република.

]]>
Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен https://republika.mk/vesti/makedonija/voditelkata-isvirkana-koga-prozbore-na-makedonski-na-proslavata-za-ramkoven/ Sun, 14 Aug 2022 18:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=540310

Наместо да се слави мултиетничкиот карактер, што треба да биде еден од главните столбови на Рамковниот договор, синоќешната прослава на 21-годишнината од неговото потпишување мина во сенка на однесувањето на дел од присутните на забавата.

Дамка на прославата фрли исвиркувањето на водителката, кога таа прозборе на македонски јазик.

https://www.youtube.com/watch?v=EBUlIkkyaug

Од Владата засега нема реакција на однесувањето на присутните на настанот, кој според најавите на првиот вицепремиер Артан Груби, се очекува во иднина да прерасне на нивото на Егзит.

The post Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен appeared first on Република.

]]>

Наместо да се слави мултиетничкиот карактер, што треба да биде еден од главните столбови на Рамковниот договор, синоќешната прослава на 21-годишнината од неговото потпишување мина во сенка на однесувањето на дел од присутните на забавата. Дамка на прославата фрли исвиркувањето на водителката, кога таа прозборе на македонски јазик. https://www.youtube.com/watch?v=EBUlIkkyaug Од Владата засега нема реакција на однесувањето на присутните на настанот, кој според најавите на првиот вицепремиер Артан Груби, се очекува во иднина да прерасне на нивото на Егзит.

The post Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција https://republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-denes-i-zasekogash-go-slavime-denot-koga-go-dobivme-dui-megjuetnichkata-tender-koalicija/ Sat, 13 Aug 2022 16:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=539951

Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција, 160 илјади и растеме партиска администрација, етничка партија со 11 пратеници и 50% власт, партија која беше сооучесник во режимот на ВМРО, која учествува во секој владин криминал и која држи најголем дел од криминалот во државата.
Да, секако и скапо купен мир, меѓуетничко игнорирање и мизерија за граѓаните кои не припаѓаат на ниедна етничка партија - коментира аналитичарот Ивор Мицковски.

Денеска е годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

The post Мицковски: Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција appeared first on Република.

]]>

Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција, 160 илјади и растеме партиска администрација, етничка партија со 11 пратеници и 50% власт, партија која беше сооучесник во режимот на ВМРО, која учествува во секој владин криминал и која држи најголем дел од криминалот во државата. Да, секако и скапо купен мир, меѓуетничко игнорирање и мизерија за граѓаните кои не припаѓаат на ниедна етничка партија - коментира аналитичарот Ивор Мицковски.
Денеска е годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

The post Мицковски: Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција appeared first on Република.

]]>
ДУИ: Охридскиот мировен договор, решавачки чин за прогресивната реалност на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-ohridskiot-miroven-dogovor-reshavachki-chin-za-progresivnata-realnost-na-drzavata/ Sat, 13 Aug 2022 15:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=539930

Демократската унија за интеграција им честита на сите граѓани на државата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, правниот акт кој ги утврди вистинските вредности на демократијата во земјата и го отвори патот за непрекинатото партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Како политички субјект од своето формирање, ДУИ има примарен приоритет за континуирано спроведување на неговата содржина и денес можеме да констатираме дека прогресивната мисија и цел е целосно заокружена преку воспоставување на вредностите на еднаквост, консензуална демократија, социјална кохезија и зајакнување на мирниот соживот.

Реалноста по 2001 година со факти зборува за забележителниот напредок, за правичната застапеност во институциите на државата, за официјалниот албански јазик, за непречената употреба на националните симболи, за универзитетите отворени на албански јазик и за сите ускратени права кои беа некаде пред 2001 година.

Во духот на Охридскиот мировен договор, успеавме да го одржиме прозападниот курс на земјата, станавме дел од НАТО и успеавме да го започнеме процесот на интегративни преговори со Европската Унија.

Демократската унија за интеграција цени дека годишнините од Охридскиот договор им припаѓаат на сите граѓани бидејќи тој историски моментум ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза, ја воспостави правдата што недостасуваше во земјата и го означи триумфот на вистинската кауза за еднаквост.

The post ДУИ: Охридскиот мировен договор, решавачки чин за прогресивната реалност на државата appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција им честита на сите граѓани на државата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, правниот акт кој ги утврди вистинските вредности на демократијата во земјата и го отвори патот за непрекинатото партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Како политички субјект од своето формирање, ДУИ има примарен приоритет за континуирано спроведување на неговата содржина и денес можеме да констатираме дека прогресивната мисија и цел е целосно заокружена преку воспоставување на вредностите на еднаквост, консензуална демократија, социјална кохезија и зајакнување на мирниот соживот. Реалноста по 2001 година со факти зборува за забележителниот напредок, за правичната застапеност во институциите на државата, за официјалниот албански јазик, за непречената употреба на националните симболи, за универзитетите отворени на албански јазик и за сите ускратени права кои беа некаде пред 2001 година. Во духот на Охридскиот мировен договор, успеавме да го одржиме прозападниот курс на земјата, станавме дел од НАТО и успеавме да го започнеме процесот на интегративни преговори со Европската Унија. Демократската унија за интеграција цени дека годишнините од Охридскиот договор им припаѓаат на сите граѓани бидејќи тој историски моментум ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза, ја воспостави правдата што недостасуваше во земјата и го означи триумфот на вистинската кауза за еднаквост.

The post ДУИ: Охридскиот мировен договор, решавачки чин за прогресивната реалност на државата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Охридскиот договор гради, сплотува, интегрира и промовира заедништво https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ohridskiot-dogovor-gradi-splotuva-integrira-i-promovira-zaednishtvo/ Sat, 13 Aug 2022 12:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=539888

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека денеска се навршува 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Македонија низ годините покажа дека успешно гради заедничка иднина за сите граѓани подеднакво. Ние сме мултикултурна, мултиетничка функционална демократија, земја на пријателства, соживот и заедништво. Тоа е нашата сила, нашиот темел за развивање на држава со еднакви услови за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом, наведува Ковачевски.

Според премиерот Ковачевски, Охридскиот договор се темели на принципите на инклузивност, тој гради, сплотува, интегрира, промовира заедништво.

Со овие вредности ние денес сме членка на НАТО и земја која ги отпочна преговорите со ЕУ. Нашата земја чекори по еден нов пат и одлучно и сигурно се приклучуваме на европското семејство, обединети во различностите, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски: Охридскиот договор гради, сплотува, интегрира и промовира заедништво appeared first on Република.

Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ohridskiot-dogovor-e-kamen-temelnik-na-site-demokratski-dostignuvanja/ Sat, 13 Aug 2022 12:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=539876

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска упати честитка по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.

Пред 21 година, со потпишувањето на Охридскиот мировен договор во земјава, конечно ќе почнеше да исчезнува маглата од идеологиите на омраза, надмоќ, дискриминација, деструктивни предрасуди за здравата перспектива на иднината што ја зафати нашата земја, посочува Груби во честитиката.

Денес, како што потенцира Груби, сите сведочиме за револуцијата на прогресивна трансформација што овој правен акт ја предизвика во регулирањето на државата преку воспоставување на неопходните вредности на мир, еднаквост, консензуална демократија и социјална кохезија.

Според него, Охридскиот мировен договор е камен-темелникот на сите демократски достигнувања на земјата, вистинскиот одговор на повиците за еднаквост, иницијатор на поглавјето на нашето европско патување, штитот на нашата непоколеблива прозападна определба.

На овој голем ден за историјата на земјата, доволно е да размислиме за реалноста за да го разбереме големото влијание на овој документ што не ни дозволи да потонеме во бездната. Никој не изгуби од еднаквоста, напротив, подобро ги запознавме меѓусебните вредности и во соживот успеавме да се интегрираме во НАТО, да напредуваме значително на патот на интеграцијата во Европската унија со започнување на преговарачкиот процес. Нека бидат вечна инспирација годишнините од Охридскиот договор! Честитки за сите, посочува Груби.

The post Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска упати честитка по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.
Пред 21 година, со потпишувањето на Охридскиот мировен договор во земјава, конечно ќе почнеше да исчезнува маглата од идеологиите на омраза, надмоќ, дискриминација, деструктивни предрасуди за здравата перспектива на иднината што ја зафати нашата земја, посочува Груби во честитиката.
Денес, како што потенцира Груби, сите сведочиме за револуцијата на прогресивна трансформација што овој правен акт ја предизвика во регулирањето на државата преку воспоставување на неопходните вредности на мир, еднаквост, консензуална демократија и социјална кохезија. Според него, Охридскиот мировен договор е камен-темелникот на сите демократски достигнувања на земјата, вистинскиот одговор на повиците за еднаквост, иницијатор на поглавјето на нашето европско патување, штитот на нашата непоколеблива прозападна определба.