промет Archives - Република https://republika.mk/tema/promet/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 12:55:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png промет Archives - Република https://republika.mk/tema/promet/ 32 32 АХВ и МВР спречија нелегален промет со свињи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ahv-i-mvr-sprechija-nelegalen-promet-so-svini/ Thu, 11 Jul 2024 13:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=795859

АХВ во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, открија и спречија промет на свињи по потекло од Куманово. По спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.

Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните.

Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.

 

The post АХВ и МВР спречија нелегален промет со свињи appeared first on Република.

]]>

АХВ во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, открија и спречија промет на свињи по потекло од Куманово. По спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите. Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните. Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.  

The post АХВ и МВР спречија нелегален промет со свињи appeared first on Република.

]]>
Во прашање е доведено производството: Дали намерно се дозволува промет на семе и саден мaтеријал со сомнителен квалитет? https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prashane-e-dovedeno-proizvodstvoto-dali-namerno-se-dozvoluva-promet-na-seme-i-saden-materijal-so-somnitelen-kvalitet/ Fri, 01 Mar 2024 11:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=750013

Дали Љупчо Николовски веќе подолго време намерно спречува должен надзор и испитување во акредитирани лаборатории на квалитетот и здравствената состојба на семето и саден материјал во прометот преку граничните премини и во внатрешната на државата и дозволува промет на репродуктивен материјал со ГМО, заразен со патогени габи, бактерии, вируси, тешки метали, со послаб квалитет или со други економски штетници, се интересира јавноста.

До нашата редакција пристигнаа голем број на негативни реакции, од акредитирани лаборатории и научни институции кој не можат да ја вршат својата основна функција по закон и за научно истражувајќи цели, како и од произведувачи и увозници на репродуктивен материјал, но и од загрижени земјоделци дека владее тотален хаос во областа на прометот преку граничните премини и во внатрешната на државата на репродуктивен материјал од семе и саден материјал со сомнителен квалитет и здравствена состојба со која не се исполнуваат основните предуслови за промет, поради не вршење на должен надзор и испитување во акредитирани лаборатории на квалитетот и здравствената состојба согласно закон и поблизок пропис.

Јавноста прашува дали во прашање е доведено производството и тековната реколта, со појава на идни болести и штетници и слаб принос во 2024 година. Дали тоа намерно го дозволува Љупчо Николовски, бидејќи Уставниот суд со Одлука на уште на 3 јануари 2024 година објавена во Службен весник број 2 го има укинато ,,Правилникот за количините на семенски и саден матерјал од сорти на земјоделски растенија кои не ги испонуваат условите за трговија, а се наменети за научни цели, селекција, официјално испитување или за инспекциски надзор” или тој е вон сила веќе 2 месеци, а нов нема донесено.

Не е јасно што работи Љупчо Николовски, МЗШВ и Државниот инспекторат за земјоделство преку организационата единица фитосанитарна инспекција-државните фитосанитарни инспектори на граничен премин и во внатрешната на државата зошто не земаат мостри од секоја партија- LOT за утврдување на здравствената состојба и не се издаваат фито сертификати и државните инспектори за земјоделство за земање мостри за утврдување на кавалитетот на матерјалот и не се издаваат ИСТА сертификати за квалитет на семето за земјоделски растенија. Начинот на земање на мостри за вршење на анализа на квалитетот(физичко-физиолошки својства, чистота на семето, ртливост, влага, маса на 1000 семки и животна способност и генетска отпорност), се врши според методите на ИСТА како меѓународна организација за тестирање на семето со ЕУ стандарди, на која и нашата земја е член и здравствената состојба на материјалот (детекција на габи, бактерии и вируси).

Дека Љупчо Николовски постапува спротивно на закон и интернационалните правила за тестирање на квалитетот на семето ИСТА, кој сме задолжени да ги почитуваме, е повеќе од јасно, но не е јасно кого штити.

Семето заразено со патогени габи, бактерии и вируси, или со ГМО, нападнато од разни видови штетници има многу мал квалитет и е со лоша здравствена состојба и претставува причина за евентуални болести на посевите или присуство на ГМО во храната, а тоа директно влијае на приносот и обратно здравото и квалитетно семе подразбира здрави и витални растенија и продуцира квалитетно производство и висок принос и храна за населението што е крајна цел на производството.

Јавноста прашува, но прашуваат и акредитирани лаборатории до кога ќе владее овој хаос, не можат да ја извршуваат својата функција, но прашуваат и научните институции бидејќи не вршат лабораториски испитувања согласно усвоените меѓународни ISO,OIV,ISTA,CIPAK методи и EPPO протоколи, но и дека не можат да извршат увоз на материјал на дозволени количини за научно истражувачки цели веќе 2 месеци, а со тоа и да вршат и научна селекција на житни култури, мешункасти зрнести култури, компир, фуражни култури, фуражни мешункасти култури, репа, маслодајни култури, градинарски култури, расад за размножување и друго.

Одговорност ќе има, а на 8 мај народот ќе го каже своето.

The post Во прашање е доведено производството: Дали намерно се дозволува промет на семе и саден мaтеријал со сомнителен квалитет? appeared first on Република.

]]>

Дали Љупчо Николовски веќе подолго време намерно спречува должен надзор и испитување во акредитирани лаборатории на квалитетот и здравствената состојба на семето и саден материјал во прометот преку граничните премини и во внатрешната на државата и дозволува промет на репродуктивен материјал со ГМО, заразен со патогени габи, бактерии, вируси, тешки метали, со послаб квалитет или со други економски штетници, се интересира јавноста. До нашата редакција пристигнаа голем број на негативни реакции, од акредитирани лаборатории и научни институции кој не можат да ја вршат својата основна функција по закон и за научно истражувајќи цели, како и од произведувачи и увозници на репродуктивен материјал, но и од загрижени земјоделци дека владее тотален хаос во областа на прометот преку граничните премини и во внатрешната на државата на репродуктивен материјал од семе и саден материјал со сомнителен квалитет и здравствена состојба со која не се исполнуваат основните предуслови за промет, поради не вршење на должен надзор и испитување во акредитирани лаборатории на квалитетот и здравствената состојба согласно закон и поблизок пропис. Јавноста прашува дали во прашање е доведено производството и тековната реколта, со појава на идни болести и штетници и слаб принос во 2024 година. Дали тоа намерно го дозволува Љупчо Николовски, бидејќи Уставниот суд со Одлука на уште на 3 јануари 2024 година објавена во Службен весник број 2 го има укинато ,,Правилникот за количините на семенски и саден матерјал од сорти на земјоделски растенија кои не ги испонуваат условите за трговија, а се наменети за научни цели, селекција, официјално испитување или за инспекциски надзор” или тој е вон сила веќе 2 месеци, а нов нема донесено. Не е јасно што работи Љупчо Николовски, МЗШВ и Државниот инспекторат за земјоделство преку организационата единица фитосанитарна инспекција-државните фитосанитарни инспектори на граничен премин и во внатрешната на државата зошто не земаат мостри од секоја партија- LOT за утврдување на здравствената состојба и не се издаваат фито сертификати и државните инспектори за земјоделство за земање мостри за утврдување на кавалитетот на матерјалот и не се издаваат ИСТА сертификати за квалитет на семето за земјоделски растенија. Начинот на земање на мостри за вршење на анализа на квалитетот(физичко-физиолошки својства, чистота на семето, ртливост, влага, маса на 1000 семки и животна способност и генетска отпорност), се врши според методите на ИСТА како меѓународна организација за тестирање на семето со ЕУ стандарди, на која и нашата земја е член и здравствената состојба на материјалот (детекција на габи, бактерии и вируси). Дека Љупчо Николовски постапува спротивно на закон и интернационалните правила за тестирање на квалитетот на семето ИСТА, кој сме задолжени да ги почитуваме, е повеќе од јасно, но не е јасно кого штити. Семето заразено со патогени габи, бактерии и вируси, или со ГМО, нападнато од разни видови штетници има многу мал квалитет и е со лоша здравствена состојба и претставува причина за евентуални болести на посевите или присуство на ГМО во храната, а тоа директно влијае на приносот и обратно здравото и квалитетно семе подразбира здрави и витални растенија и продуцира квалитетно производство и висок принос и храна за населението што е крајна цел на производството. Јавноста прашува, но прашуваат и акредитирани лаборатории до кога ќе владее овој хаос, не можат да ја извршуваат својата функција, но прашуваат и научните институции бидејќи не вршат лабораториски испитувања согласно усвоените меѓународни ISO,OIV,ISTA,CIPAK методи и EPPO протоколи, но и дека не можат да извршат увоз на материјал на дозволени количини за научно истражувачки цели веќе 2 месеци, а со тоа и да вршат и научна селекција на житни култури, мешункасти зрнести култури, компир, фуражни култури, фуражни мешункасти култури, репа, маслодајни култури, градинарски култури, расад за размножување и друго. Одговорност ќе има, а на 8 мај народот ќе го каже своето.

The post Во прашање е доведено производството: Дали намерно се дозволува промет на семе и саден мaтеријал со сомнителен квалитет? appeared first on Република.

]]>
Зголемен прометот во индустријата во октомври на годишно ниво https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-prometot-vo-industrijata-vo-oktomvri-na-godishno-nivo/ Thu, 15 Dec 2022 13:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=585995

Прометот во индустријата, вкупно, во октомври годинава во однос на истиот месец лани, е зголемен за 5,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст кај Капитални производи за 24,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,4 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 проценти.

Според ДЗС, прометот во индустријата, вкупно, во октомври во однос на септември годинава е намален за 9,3 отсто, додека во периодот јануари – октомври годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 15,3 отсто.

На домашниот пазар се бележи раст од 2,9 отсто на прометот во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година.

Податоците на ДЗС според главните индустриски групи, покажуваат дека прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври годинава, во однос на октомври лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за два проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 18,8 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2022 година, во однос на септември 2022 година, е намален за 10,3 отсто, додека во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на периодот јануари – октомври 2021 година, е зголемен за 11,4 отсто.

На странските пазари, има зголемување од 6,5 отсто на прометот во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 24.6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,5 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,7 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 30,2 проценти. Прометот во индустријата на странските пазари, во октомври во однос на септември лани е намален за 9,2 отсто, додека во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период лани е зголемен за 16,1 процент.

The post Зголемен прометот во индустријата во октомври на годишно ниво appeared first on Република.

]]>

Прометот во индустријата, вкупно, во октомври годинава во однос на истиот месец лани, е зголемен за 5,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст кај Капитални производи за 24,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,4 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 проценти. Според ДЗС, прометот во индустријата, вкупно, во октомври во однос на септември годинава е намален за 9,3 отсто, додека во периодот јануари – октомври годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 15,3 отсто. На домашниот пазар се бележи раст од 2,9 отсто на прометот во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година. Податоците на ДЗС според главните индустриски групи, покажуваат дека прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври годинава, во однос на октомври лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за два проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 18,8 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 проценти. Прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2022 година, во однос на септември 2022 година, е намален за 10,3 отсто, додека во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на периодот јануари – октомври 2021 година, е зголемен за 11,4 отсто. На странските пазари, има зголемување од 6,5 отсто на прометот во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 24.6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,5 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,7 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 30,2 проценти. Прометот во индустријата на странските пазари, во октомври во однос на септември лани е намален за 9,2 отсто, додека во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период лани е зголемен за 16,1 процент.

The post Зголемен прометот во индустријата во октомври на годишно ниво appeared first on Република.

]]>