преводи Archives - Република https://republika.mk/tema/prevodi/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 07:46:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преводи Archives - Република https://republika.mk/tema/prevodi/ 32 32 Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер и  „Везење“ од Марџан Сатрапи https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-makedonskite-prevodi-na-frantsuskite-dela-idis-od-rober-badenter-i-vezene-od-mardhan-satrapi/ Thu, 15 Feb 2024 07:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=743209

Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-Или“ и „Бункер“ имаат чест да ве поканат на книжевна промоција на македонските преводи на француските дела: „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и  „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“.

 Промоцијата ќе се одржи в четврток, 15 февруари 2023, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.

 Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел.

Збор ќе земат и одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.

The post Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер и  „Везење“ од Марџан Сатрапи appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-Или“ и „Бункер“ имаат чест да ве поканат на книжевна промоција на македонските преводи на француските дела: „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и  „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“.

 Промоцијата ќе се одржи в четврток, 15 февруари 2023, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.

 Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел.

Збор ќе земат и одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.

The post Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер и  „Везење“ од Марџан Сатрапи appeared first on Република.

]]>
Доделени европските награди за драмски превод „Еуродрам“ https://republika.mk/vesti/kultura/dodeleni-evropskite-nagradi-za-dramski-prevod-eurodram/ Thu, 23 Mar 2023 08:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=622722

Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“, го објави изборот на најдобри преводи на драмски дела на европско ниво за 2023 година меѓу кои се и три преводи на македонски јазик.

Наградени се македонските преведувачи Марио Стојаноски, Мирјана Илиева Јашари и Сашо Огненовски.

„Македонскиот комитет на Еуродрам разгледа вкупно деветнаесет предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра – ‘Папагал’ од Данило Киш, превод од српски на Марио Стојаноски, ‘Бордел Балкан’ од Јетон Незирај, превод од албански на Мирјана Илиева Јашари и ‘Ако се разбудиш или како да е тоа важно’ од Исидора Милосављевиќ, превод од српски на Сашо Огненовски“, велат од „Еуродрам“.

Списокот на најдобри драмски преводи на македонски и на други европски јазици за 2023 година е достапен тука.

Марио Стојаноски дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Тој е книжевен уредник на здружението „Кино Балкан“ и еден од уредниците на театарската иницијатива „Штрих“. Досега превел и уредил десетина книги проза и филозофија од англиски, српски и хрватски јазик на македонски. Превел драмски текстови од Сем Шепард, Харолд Пинтер, Данило Киш и Игор Штикс. Неговиот превод на „Неземниот израз на неговите раце“ од Миљенко Јерговиќ добива признание на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ на ЗПРМ.

Мирјана Илиева Јашари дипломирала на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Од албански на македонски јазик превела дела од истакнати автори од Косово, Албанија и Македонија меѓу кои се Јетон Незирај, Аријан Лека, Аг Аполони, Башким Шеху, Бен Андони, Дорунтина Баша, Беким Рамадани и Хашим Бафтијари.

Сашо Огненовски е македонски писател и преведувач. Автор е на четири поетски книги, два романа, две детски пиеси и на драмите „Тага“ и „Тврдина“. Добитник е на наградата на Црногорската асоцијација на преведувачи и на меѓународната награда „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво од Риека. Преведува од српски, хрватски, бугарски и англиски јазик. Превел дваесетина книги од сите жанрови меѓу кои и антологијата „Нова српска драма“ издадена од „Перун Артис“ од Битола во 2022 година.

 

The post Доделени европските награди за драмски превод „Еуродрам“ appeared first on Република.

]]>

Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“, го објави изборот на најдобри преводи на драмски дела на европско ниво за 2023 година меѓу кои се и три преводи на македонски јазик. Наградени се македонските преведувачи Марио Стојаноски, Мирјана Илиева Јашари и Сашо Огненовски. „Македонскиот комитет на Еуродрам разгледа вкупно деветнаесет предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра – ‘Папагал’ од Данило Киш, превод од српски на Марио Стојаноски, ‘Бордел Балкан’ од Јетон Незирај, превод од албански на Мирјана Илиева Јашари и ‘Ако се разбудиш или како да е тоа важно’ од Исидора Милосављевиќ, превод од српски на Сашо Огненовски“, велат од „Еуродрам“. Списокот на најдобри драмски преводи на македонски и на други европски јазици за 2023 година е достапен тука. Марио Стојаноски дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Тој е книжевен уредник на здружението „Кино Балкан“ и еден од уредниците на театарската иницијатива „Штрих“. Досега превел и уредил десетина книги проза и филозофија од англиски, српски и хрватски јазик на македонски. Превел драмски текстови од Сем Шепард, Харолд Пинтер, Данило Киш и Игор Штикс. Неговиот превод на „Неземниот израз на неговите раце“ од Миљенко Јерговиќ добива признание на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ на ЗПРМ. Мирјана Илиева Јашари дипломирала на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Од албански на македонски јазик превела дела од истакнати автори од Косово, Албанија и Македонија меѓу кои се Јетон Незирај, Аријан Лека, Аг Аполони, Башким Шеху, Бен Андони, Дорунтина Баша, Беким Рамадани и Хашим Бафтијари. Сашо Огненовски е македонски писател и преведувач. Автор е на четири поетски книги, два романа, две детски пиеси и на драмите „Тага“ и „Тврдина“. Добитник е на наградата на Црногорската асоцијација на преведувачи и на меѓународната награда „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво од Риека. Преведува од српски, хрватски, бугарски и англиски јазик. Превел дваесетина книги од сите жанрови меѓу кои и антологијата „Нова српска драма“ издадена од „Перун Артис“ од Битола во 2022 година.  

The post Доделени европските награди за драмски превод „Еуродрам“ appeared first on Република.

]]>
„Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“: Нови преводи на пораката на Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/pajatsite-za-da-prezhiveat-tkaat-mrezhi-lug-eto-za-da-prezhiveat-tkaat-prikazni-novi-prevodi-na-porakata-na-goran-stefanovski/ Wed, 08 Feb 2023 21:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=606701

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Оваа порака на Горан Стефановски, која минатата година беше преведена на сите јазици на Европската Унија, ќе биде преведена на уште неколку други јазици, меѓу кои и на виетнамски, корејски, турски, руски и српски.

Пораката на Стефановски минатата година беше преведена на јазиците на ЕУ по повод 70 години од неговото раѓање, со проект на Делегацијата на ЕУ во Скопје и во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

-Преводите на тестаменталната порака на истакнатиот македонски драмски автор и есеист ќе бидат објавени деновиве и во видеоформат. Веќе се очекуваат и уште неколку други преводи…Должни сме македонските културни достоинства да ги вреднуваме и афирмирме постојано, а не само тогаш кога се случуваат одредени јубилеи кои се значајни за македонската култура. Затоа и не запревме со активностите кои ги остваривме во чест на Стефановски во 2022. – годината кога се навршија 70 години од неговото раѓање, туку продолжуваме и понатаму, како впрочем и со афирмацијата и вреднувањето на творештвото на сите македонски автори чиешто творештво и се изучува во рамките на наставата на странски универзитети, соопшти МСМЈЛК при УКИМ.

Петнаесет од преводите, како што наведува, биле подготвени од учесници на школите на Семинарот, Меѓународната научна конференција и на работилниците, и со нив симболично, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, беше украсено и Горановото Дебар Маало. Овие преводи беа промовирани и во видеоформат.

-Сега, со преводите кои ќе ги објави МСМЈЛК при УКИМ, оваа порака на Стефановски ќе биде достапна и на јазици кои се говорат надвор од ЕУ, вклучително и на јазици кои се говорат воопшто надвор од Европа. Преводите ќе се објавуваат на страницата на МСМЈЛК при УКИМ на социјалнта мрежа Фејсбук (https://www.facebook.com/msmjlk), при што пораката на Стефановски ќе биде претставена со прочит на преведувачите од странство – студенти по македонистика на странските универзитети и соработници на МСМЈЛК при УКИМ. Денес, веќе е и објавен првиот превод на пораката – од македонски на виетнамски јазик, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

Во чест на Стефановски минатата година беше и Втората зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, а посебно внимание на неговото творештво беше посветено и на 55. Летна школа, со одделно предавање и во рамките на лекторската настава по литература. На творештвото на Стефановски му беа посветени и есии на минатогодишната, 49. Меѓународна научна конференција, која беше и прв научен собир посветен на Горан Стефановски по неговото физичко заминување во 2018 година.

МСМЈЛК при УКИМ информира и дека годинава ќе објави преводи на дел од текстовите на Стефановски од книгата „Конзервирани импресии“, а ќе биде објавен и зборник со научноистражувачки трудови кои се однесуваат на неговото творештво и претставуваат негови нови исчитувања произлезени од минатогодишната Меѓународна научна конференција.

 

The post „Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“: Нови преводи на пораката на Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Оваа порака на Горан Стефановски, која минатата година беше преведена на сите јазици на Европската Унија, ќе биде преведена на уште неколку други јазици, меѓу кои и на виетнамски, корејски, турски, руски и српски. Пораката на Стефановски минатата година беше преведена на јазиците на ЕУ по повод 70 години од неговото раѓање, со проект на Делегацијата на ЕУ во Скопје и во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). -Преводите на тестаменталната порака на истакнатиот македонски драмски автор и есеист ќе бидат објавени деновиве и во видеоформат. Веќе се очекуваат и уште неколку други преводи…Должни сме македонските културни достоинства да ги вреднуваме и афирмирме постојано, а не само тогаш кога се случуваат одредени јубилеи кои се значајни за македонската култура. Затоа и не запревме со активностите кои ги остваривме во чест на Стефановски во 2022. – годината кога се навршија 70 години од неговото раѓање, туку продолжуваме и понатаму, како впрочем и со афирмацијата и вреднувањето на творештвото на сите македонски автори чиешто творештво и се изучува во рамките на наставата на странски универзитети, соопшти МСМЈЛК при УКИМ. Петнаесет од преводите, како што наведува, биле подготвени од учесници на школите на Семинарот, Меѓународната научна конференција и на работилниците, и со нив симболично, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, беше украсено и Горановото Дебар Маало. Овие преводи беа промовирани и во видеоформат. -Сега, со преводите кои ќе ги објави МСМЈЛК при УКИМ, оваа порака на Стефановски ќе биде достапна и на јазици кои се говорат надвор од ЕУ, вклучително и на јазици кои се говорат воопшто надвор од Европа. Преводите ќе се објавуваат на страницата на МСМЈЛК при УКИМ на социјалнта мрежа Фејсбук (https://www.facebook.com/msmjlk), при што пораката на Стефановски ќе биде претставена со прочит на преведувачите од странство – студенти по македонистика на странските универзитети и соработници на МСМЈЛК при УКИМ. Денес, веќе е и објавен првиот превод на пораката – од македонски на виетнамски јазик, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Во чест на Стефановски минатата година беше и Втората зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, а посебно внимание на неговото творештво беше посветено и на 55. Летна школа, со одделно предавање и во рамките на лекторската настава по литература. На творештвото на Стефановски му беа посветени и есии на минатогодишната, 49. Меѓународна научна конференција, која беше и прв научен собир посветен на Горан Стефановски по неговото физичко заминување во 2018 година. МСМЈЛК при УКИМ информира и дека годинава ќе објави преводи на дел од текстовите на Стефановски од книгата „Конзервирани импресии“, а ќе биде објавен и зборник со научноистражувачки трудови кои се однесуваат на неговото творештво и претставуваат негови нови исчитувања произлезени од минатогодишната Меѓународна научна конференција.  

The post „Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни“: Нови преводи на пораката на Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>
13 романи во поширокиот избор за наградата „Букер“ https://republika.mk/vesti/kultura/13-romani-vo-poshirokiot-izbor-za-nagradata-buker/ Wed, 16 Mar 2022 11:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=473731

Меѓународната Букерова награда, која ги истакнува делата на најдобрите преводи на литературни дела низ светот, објави поширока листа за годинашниот избор, која вклучува 13 романи. Поширокиот избор е направен од 135 пријавени книги, кои се преведени од 10 светски јазици, овој пат за првпат од хинди. Книгите доаѓаат од 12 различни земји, од четири континенти. Пошироката листа ги вклучува:
„Проколнат зајак“ – Бора Чанг, преведено од корејски
„По сонцето“ – Јонас Еика, преведено од дански
„Ново име: септологија VI-VII“ – Џон Фос, преведено од норвешки
„Повеќе отколку што го сакам мојот живот“ – Дејвид Гросман, преведено од хебрејски
„Книга за мајката“ – Вајолејн Хуизман, преведена од француски
„Рај“ – Миеко Каваками, преведен од јапонски
„Рај“ – Фернанда Мелкор, превод од шпански
„Љубов во големиот град“ – Санг Јанг Парк, преведено од корејски
„Среќни приказни, главно“ – Норман Ериксон Пасарибу, преведено од индонезиски
„Елена знае“ – Клаудија Пинеиро, преведено од шпански
„Фенотипови“ – Пауло Скот, преведено од португалски
„Гробница од песок“ – Гитајали Шри, преведено од хинди
„Книгите на Јаков“ – Олга Токарчук, превод од полски
Првиот на листата ќе добие награда од 50 илјади фунти, а оваа награда ја делат авторот и преведувачот на делото. Сите во потесниот круг ќе добијат по две и пол илјади фунти, а потесниот избор ќе биде објавен на 7 април. Победникот ќе биде објавен на 26 мај, а минатогодишен победник е книгата „Ноќе целата крв е црна“ на Дејвид Диоп, во превод на Ана Московакис.

The post 13 романи во поширокиот избор за наградата „Букер“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународната Букерова награда, која ги истакнува делата на најдобрите преводи на литературни дела низ светот, објави поширока листа за годинашниот избор, која вклучува 13 романи. Поширокиот избор е направен од 135 пријавени книги, кои се преведени од 10 светски јазици, овој пат за првпат од хинди. Книгите доаѓаат од 12 различни земји, од четири континенти. Пошироката листа ги вклучува: „Проколнат зајак“ – Бора Чанг, преведено од корејски „По сонцето“ – Јонас Еика, преведено од дански „Ново име: септологија VI-VII“ – Џон Фос, преведено од норвешки „Повеќе отколку што го сакам мојот живот“ – Дејвид Гросман, преведено од хебрејски „Книга за мајката“ – Вајолејн Хуизман, преведена од француски „Рај“ – Миеко Каваками, преведен од јапонски „Рај“ – Фернанда Мелкор, превод од шпански „Љубов во големиот град“ – Санг Јанг Парк, преведено од корејски „Среќни приказни, главно“ – Норман Ериксон Пасарибу, преведено од индонезиски „Елена знае“ – Клаудија Пинеиро, преведено од шпански „Фенотипови“ – Пауло Скот, преведено од португалски „Гробница од песок“ – Гитајали Шри, преведено од хинди „Книгите на Јаков“ – Олга Токарчук, превод од полски Првиот на листата ќе добие награда од 50 илјади фунти, а оваа награда ја делат авторот и преведувачот на делото. Сите во потесниот круг ќе добијат по две и пол илјади фунти, а потесниот избор ќе биде објавен на 7 април. Победникот ќе биде објавен на 26 мај, а минатогодишен победник е книгата „Ноќе целата крв е црна“ на Дејвид Диоп, во превод на Ана Московакис.

The post 13 романи во поширокиот избор за наградата „Букер“ appeared first on Република.

]]>