Прешево Archives - Република https://republika.mk/tema/preshevo/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 17:54:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прешево Archives - Република https://republika.mk/tema/preshevo/ 32 32 Срби заиграа оро во хаосот на границата со Македонија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/srbi-zaigraa-oro-vo-haosot-na-granitsata-so-makedonija/ Sat, 04 May 2024 17:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=774277

Колони на преминот Прешево преку кој од Србија се влегува во Македонија. Чекајќи во хаосот група Срби си го потполнија времето со оро. Видеото од разиграните Срби е споделено на социјалните мрежи.

The post Срби заиграа оро во хаосот на границата со Македонија appeared first on Република.

]]>

Колони на преминот Прешево преку кој од Србија се влегува во Македонија. Чекајќи во хаосот група Срби си го потполнија времето со оро. Видеото од разиграните Срби е споделено на социјалните мрежи.

The post Срби заиграа оро во хаосот на границата со Македонија appeared first on Република.

]]>
Почина жената во која пукаше тетовец на патарината во Прешево https://republika.mk/vesti/balkan/pochina-zhenata-vo-koja-pukashe-tetovets-na-patarinata-vo-preshevo/ Mon, 08 Apr 2024 07:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=763636

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која беше тешко повредена од огнено оружје кај Прешево кога по расправија во автомобил беше застрелана од македонски државјанин кој потоа се самоуби, им подлегнала на повредите во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

Таа беше ранета во ноќта меѓу 7 и 8 март, а вчера им подлегнала на повредите, по точно еден месец борба за живот. Лекарите од Ниш сториле сè за да ѝ го спасат животот, но тешките повреди биле фатални, пренесуваат српските медиуми.

Пациентката В.Ј. (30), која поради прострелни рани на 8 март од ЗЦ Врање била донесена во УЗ УКЦ Ниш, а по операцијата била хоспитализирана на Клиниката за анестезија и покрај сите напори на лекарите од Универзитетскиот клинички центар Ниш, вчера им подлегнала на повредите, потврдено е од Универзитетскиот медицински центар Ниш.

За потсетување, мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово. Тој прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се застрелал. Им подлегнал на повредите, а на пукањето претходела расправија. Мотивите на убиството и самоубиството се уште не се познати, пишуваат српските медиуми.

The post Почина жената во која пукаше тетовец на патарината во Прешево appeared first on Република.

]]>

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која беше тешко повредена од огнено оружје кај Прешево кога по расправија во автомобил беше застрелана од македонски државјанин кој потоа се самоуби, им подлегнала на повредите во Универзитетскиот медицински центар Ниш. Таа беше ранета во ноќта меѓу 7 и 8 март, а вчера им подлегнала на повредите, по точно еден месец борба за живот. Лекарите од Ниш сториле сè за да ѝ го спасат животот, но тешките повреди биле фатални, пренесуваат српските медиуми.
Пациентката В.Ј. (30), која поради прострелни рани на 8 март од ЗЦ Врање била донесена во УЗ УКЦ Ниш, а по операцијата била хоспитализирана на Клиниката за анестезија и покрај сите напори на лекарите од Универзитетскиот клинички центар Ниш, вчера им подлегнала на повредите, потврдено е од Универзитетскиот медицински центар Ниш.
За потсетување, мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово. Тој прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се застрелал. Им подлегнал на повредите, а на пукањето претходела расправија. Мотивите на убиството и самоубиството се уште не се познати, пишуваат српските медиуми.

The post Почина жената во која пукаше тетовец на патарината во Прешево appeared first on Република.

]]>
Тригодишно дете се удави во базен во Прешево https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/trigodishno-dete-se-udavi-vo-bazen-vo-preshevo/ Sat, 09 Mar 2024 17:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=753080

Тригодишно дете без знаци на живот денеска било донесено во итната помош во Прешево, што предизвика големо внимание во јавноста.

Дежурните екипи веднаш ја известиле полицијата за овој тажен настан, а на лице место било утврдено дека детето излегло од семејната куќа и паднало во базенот во дворот.

Имало обид за реанимација, но безуспешно

Известено е Вишото јавно обвинителство во Врање, а детали за понатамошните чекори ќе бидат објавени по истрагата.

 

The post Тригодишно дете се удави во базен во Прешево appeared first on Република.

]]>

Тригодишно дете без знаци на живот денеска било донесено во итната помош во Прешево, што предизвика големо внимание во јавноста. Дежурните екипи веднаш ја известиле полицијата за овој тажен настан, а на лице место било утврдено дека детето излегло од семејната куќа и паднало во базенот во дворот. Имало обид за реанимација, но безуспешно Известено е Вишото јавно обвинителство во Врање, а детали за понатамошните чекори ќе бидат објавени по истрагата.  

The post Тригодишно дете се удави во базен во Прешево appeared first on Република.

]]>
Повреди на душникот, вратни пршлени и контузија на белодробно крило: Жената во која вчера беше пукано кај Прешево, е во тешка состојба https://republika.mk/vesti/balkan/povredi-na-dushnikot-vratni-prshleni-i-kontuzija-na-belodrobno-krilo-zhenata-vo-koja-vchera-beshe-pukano-kaj-preshevo-e-vo-teshka-sostojba/ Fri, 08 Mar 2024 08:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=752514

В.Ј. (30) вчера била ранета во пукање на патарина кај Прешево и била оперирана. Во неа пукал 52 годишен маж од Македонија. Таа билa донесена во Универзитетскиот медицински центар Ниш нешто по полноќ од страна на екипата на Итната помош, заради раните кои ги добила како последица на огнено оружје.

По прегледот, констатирани се примарна здравствена заштита и радиолошка и лабораториска дијагностика, повреди на душникот, вратните пршлени и вметнување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна. На пациентката веднаш ѝ е укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар во Ниш – соопштија од оваа установа.

Македонскиот државјанин прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се самоубил.

The post Повреди на душникот, вратни пршлени и контузија на белодробно крило: Жената во која вчера беше пукано кај Прешево, е во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

В.Ј. (30) вчера била ранета во пукање на патарина кај Прешево и била оперирана. Во неа пукал 52 годишен маж од Македонија. Таа билa донесена во Универзитетскиот медицински центар Ниш нешто по полноќ од страна на екипата на Итната помош, заради раните кои ги добила како последица на огнено оружје. По прегледот, констатирани се примарна здравствена заштита и радиолошка и лабораториска дијагностика, повреди на душникот, вратните пршлени и вметнување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна. На пациентката веднаш ѝ е укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар во Ниш – соопштија од оваа установа. Македонскиот државјанин прво со огнено оружје ја ранил жената, а потоа се самоубил.

The post Повреди на душникот, вратни пршлени и контузија на белодробно крило: Жената во која вчера беше пукано кај Прешево, е во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Мигранти извадија ножеви близу македонската граница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/migranti-izvadija-nozhevi-blizu-makedonskata-granitsa/ Sun, 10 Dec 2023 12:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=721462

Двајца мигранти се повредени со нож во тепачка пред Прифатниот центар за мигранти во Прешево, соопштија за Танјуг од Основното јавно обвинителство Врање.

Пред портите на прифатниот центар за мигранти во Прешево во саботата најпрвин имало вербална дискусија, а потоа К.М. (34) извадил нож од Египет и неколку пати ги избодел А.Н.(23) и М.Н. (24), двајцата од Сирија,

Осомничениот побегнал и по него е започната потера.

The post Мигранти извадија ножеви близу македонската граница appeared first on Република.

]]>

Двајца мигранти се повредени со нож во тепачка пред Прифатниот центар за мигранти во Прешево, соопштија за Танјуг од Основното јавно обвинителство Врање. Пред портите на прифатниот центар за мигранти во Прешево во саботата најпрвин имало вербална дискусија, а потоа К.М. (34) извадил нож од Египет и неколку пати ги избодел А.Н.(23) и М.Н. (24), двајцата од Сирија, Осомничениот побегнал и по него е започната потера.

The post Мигранти извадија ножеви близу македонската граница appeared first on Република.

]]>
На наплатната рамка Прешево ќе се промовира интегрираниот електронски систем за наплата на патарините https://republika.mk/vesti/makedonija/na-naplatnata-ramka-preshevo-ke-se-promovira-integriraniot-elektronski-sistem-za-naplata-na-patarinite/ Sun, 16 Jul 2023 06:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=661819

Заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините ќе биде промовиран денеска на наплатната рампа Прешево - мобилно продажно место.

Системот ќе го промовираат премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе бидат присутни и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Горан Весиќ, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.

Како што информираат од Владата, на настанот ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми.

Единствениот систем за електронска наплата (ENP) во три земји – Србија, Македонија и Албанија, кој беше договорен на последниот самит „Отворен Балкан“ изминатата година во Охрид, овозможува секој корисник на електронската наплата на патарините да може со само еден ТАГ да плаќа патарина во другите земји, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано.

Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута.

Единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите, а новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, а предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

The post На наплатната рамка Прешево ќе се промовира интегрираниот електронски систем за наплата на патарините appeared first on Република.

]]>

Заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините ќе биде промовиран денеска на наплатната рампа Прешево - мобилно продажно место. Системот ќе го промовираат премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе бидат присутни и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Горан Весиќ, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија. Како што информираат од Владата, на настанот ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми. Единствениот систем за електронска наплата (ENP) во три земји – Србија, Македонија и Албанија, кој беше договорен на последниот самит „Отворен Балкан“ изминатата година во Охрид, овозможува секој корисник на електронската наплата на патарините да може со само еден ТАГ да плаќа патарина во другите земји, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано. Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута. Единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите, а новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, а предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

The post На наплатната рамка Прешево ќе се промовира интегрираниот електронски систем за наплата на патарините appeared first on Република.

]]>
Србите ги уапсија: Украинец и Унгарец се обиделе да влезат во Македонија со 268.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/srbite-gi-uapsija-ukrainec-i-ungarec-se-obidele-da-vlezat-vo-makedonija-so-268-000-evra/ Mon, 28 Nov 2022 10:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=579070

Припаднции на Министерството за внатрешни работи  на Србија,  и Царинската управа уапсија украински државјанин. В.П.(1985) и унгарскиот државјанин П.К.(1980).поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело перење пари.

Полицијата на граничниот премин Прешево при контрола на автомобил „фолксваген туарег“ како и при преглед на осомничените открила вкупно 268.000 евра.Тие со парите сакале да влезат во Македонија. Еврата биле скриени секаде во возилото, под седишта, во управувачката табла, на подот.

 

 

The post Србите ги уапсија: Украинец и Унгарец се обиделе да влезат во Македонија со 268.000 евра appeared first on Република.

]]>

Припаднции на Министерството за внатрешни работи  на Србија,  и Царинската управа уапсија украински државјанин. В.П.(1985) и унгарскиот државјанин П.К.(1980).поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело перење пари. Полицијата на граничниот премин Прешево при контрола на автомобил „фолксваген туарег“ како и при преглед на осомничените открила вкупно 268.000 евра.Тие со парите сакале да влезат во Македонија. Еврата биле скриени секаде во возилото, под седишта, во управувачката табла, на подот.    

The post Србите ги уапсија: Украинец и Унгарец се обиделе да влезат во Македонија со 268.000 евра appeared first on Република.

]]>
Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума https://republika.mk/vesti/balkan/vonredna-sostojba-vo-opshtina-preshevo-gorat-50-hektari-borova-shuma/ Sat, 06 Aug 2022 06:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=537284

Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна вчера, во попладневните часови, јавува РТВ Врање.

Како што се наведува, жителите не се загрозени, но загрозени се животните кои живеат во овој крај.

Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, се уште гори во близина на населени куќи, соопшти Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

Горат 50 хектари борова шума, а РТВ Врање јавува дека од пожарот е зафатена боровата шума кај селото Црнотинце и сува трева и ниска вегетација на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце.

Пожарникарите од Прешево на терен не можат да го изгаснат пожарот, се чека хеликоптер да го изгасне пожарот од воздух.

The post Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума appeared first on Република.

]]>

Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна вчера, во попладневните часови, јавува РТВ Врање. Како што се наведува, жителите не се загрозени, но загрозени се животните кои живеат во овој крај. Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, се уште гори во близина на населени куќи, соопшти Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа. Горат 50 хектари борова шума, а РТВ Врање јавува дека од пожарот е зафатена боровата шума кај селото Црнотинце и сува трева и ниска вегетација на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце. Пожарникарите од Прешево на терен не можат да го изгаснат пожарот, се чека хеликоптер да го изгасне пожарот од воздух.

The post Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума appeared first on Република.

]]>
Голем пожар во близина на Прешево, се гледа и од Куманово https://republika.mk/vesti/balkan/golem-pozar-vo-blizina-na-preshevo-se-gleda-i-od-kumanovo/ Fri, 05 Aug 2022 21:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=537266

Пожарот што попладнево избувна во околината на Прешево во соседна Србија е видлив и во Куманово.

Според пишувањата на српските медиуми, опожарени се 50 хектари борова шума.

Српските медиуми јавија дека е прогласена вонредна состојба на таа територија. Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни екипи и дел од месното население.

Од Службата за вонредни ситуации во општина Прешево за РТС изјавиле дека нема опасност по населението. 

The post Голем пожар во близина на Прешево, се гледа и од Куманово appeared first on Република.

]]>

Пожарот што попладнево избувна во околината на Прешево во соседна Србија е видлив и во Куманово. Според пишувањата на српските медиуми, опожарени се 50 хектари борова шума. Српските медиуми јавија дека е прогласена вонредна состојба на таа територија. Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни екипи и дел од месното население. Од Службата за вонредни ситуации во општина Прешево за РТС изјавиле дека нема опасност по населението. 

The post Голем пожар во близина на Прешево, се гледа и од Куманово appeared first on Република.

]]>
Украински шпион протеран од Зеленски се обидел да влезе во Македонија со половина милион евра и дијаманти https://republika.mk/vesti/balkan/ukrainski-shpion-proteran-od-zelenski-se-obidel-da-vleze-vo-makedonija-so-polovina-milion-evra-i-dijamanti/ Mon, 13 Jun 2022 07:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=514292

Во средата на граничниот премин Прешево е упасен  поранешнен функционер на украинската разузнавачка служба СБУ, Андриј Наумов. Тој на  31 март официјално бил разрешен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, под обвинение за велепредавство бидејќи ја напуштил земјата непосредно пред руската инвазија и го испратил своето семејство во странство, објави „Објектив.рс“.

 

Наумов е уапсен на граничниот премин заедно со германски државјанин кој бил негов возач, под сомнение дека перел пари. Нивното апсење го соопшти и МВР на Србија.

- На граничниот премин Прешево, при преглед на автомобил БМВ управуван од А. Тие се товарат дека имале намера преку граничниот премин да пренесат пари и скапоцени камења за кои постои сомневање дека потекнуваат од криминални активности и да ги изнесат надвор од Република Србија - се вели во соопштението на МВР.

Украинските медиуми пишуваат дека постои страв дека Наумов поседува бројни украински државни тајни и би можел да се обиде да ги тргува во замена за својата слобода.

Планот на Наумов бил преку Прешево да влезе во  Македонија, а потоа понатаму во Грција. Неговиот сопатник  Германец му послужил како параван да ги мине граничните премини.

The post Украински шпион протеран од Зеленски се обидел да влезе во Македонија со половина милион евра и дијаманти appeared first on Република.

]]>

Во средата на граничниот премин Прешево е упасен  поранешнен функционер на украинската разузнавачка служба СБУ, Андриј Наумов. Тој на  31 март официјално бил разрешен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, под обвинение за велепредавство бидејќи ја напуштил земјата непосредно пред руската инвазија и го испратил своето семејство во странство, објави „Објектив.рс“.   Наумов е уапсен на граничниот премин заедно со германски државјанин кој бил негов возач, под сомнение дека перел пари. Нивното апсење го соопшти и МВР на Србија.
- На граничниот премин Прешево, при преглед на автомобил БМВ управуван од А. Тие се товарат дека имале намера преку граничниот премин да пренесат пари и скапоцени камења за кои постои сомневање дека потекнуваат од криминални активности и да ги изнесат надвор од Република Србија - се вели во соопштението на МВР.
Украинските медиуми пишуваат дека постои страв дека Наумов поседува бројни украински државни тајни и би можел да се обиде да ги тргува во замена за својата слобода. Планот на Наумов бил преку Прешево да влезе во  Македонија, а потоа понатаму во Грција. Неговиот сопатник  Германец му послужил како параван да ги мине граничните премини.

The post Украински шпион протеран од Зеленски се обидел да влезе во Македонија со половина милион евра и дијаманти appeared first on Република.

]]>
Се креваат Албанците од Прешево, Медвеѓа и Бујановац https://republika.mk/vesti/balkan/se-krevaat-albancite-od-preshevo-medvegja-i-bujanovac/ Thu, 09 Jun 2022 16:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=513214

Претставници на Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа деновиве се обидуваат да го покренат прашањето за „Прешевската долина“ при посетата на САД и да зборуваат за наводно тешката положба на оваа етничка заедница во Србија.

Градоначалникот на Бујановац Нагип Арифи, лидерот на Партијата за демократска акција Шаип Камбери, функционерката на оваа партија Ардита Синани и претседателот на Демократската партија на Албанците Рагми Мустафа тргнаа во мисија да го интернационализираат ова. прашање во Обединетите нации.

Наводно платиле 50.000 евра донации од т.н косовската влада до Националниот совет на Албанците, кои се инвестирани во лобирање и отворање на прашањето за Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа.

Тие видоа шанса да ја протуркаат оваа тема во албанското претседателство со Советот за безбедност па разговараа и со Ферит Хоџа, албанскиот амбасадор во Ист Ривер.

Според Арифи, тие добиле поддршка и за „албанското прашање на долината“ на состанокот во Стејт департментот, каде што разговарале со Мартин Мекдауел, директор на Канцеларијата за Јужна Европа.

The post Се креваат Албанците од Прешево, Медвеѓа и Бујановац appeared first on Република.

]]>

Претставници на Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа деновиве се обидуваат да го покренат прашањето за „Прешевската долина“ при посетата на САД и да зборуваат за наводно тешката положба на оваа етничка заедница во Србија. Градоначалникот на Бујановац Нагип Арифи, лидерот на Партијата за демократска акција Шаип Камбери, функционерката на оваа партија Ардита Синани и претседателот на Демократската партија на Албанците Рагми Мустафа тргнаа во мисија да го интернационализираат ова. прашање во Обединетите нации. Наводно платиле 50.000 евра донации од т.н косовската влада до Националниот совет на Албанците, кои се инвестирани во лобирање и отворање на прашањето за Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа. Тие видоа шанса да ја протуркаат оваа тема во албанското претседателство со Советот за безбедност па разговараа и со Ферит Хоџа, албанскиот амбасадор во Ист Ривер. Според Арифи, тие добиле поддршка и за „албанското прашање на долината“ на состанокот во Стејт департментот, каде што разговарале со Мартин Мекдауел, директор на Канцеларијата за Јужна Европа.

The post Се креваат Албанците од Прешево, Медвеѓа и Бујановац appeared first on Република.

]]>
Македонец уапсен на Прешево со луксузен часовник „Филип Патек“ од 115.000 евра и со Порше Карера https://republika.mk/vesti/balkan/makedonec-uapsen-na-preshevo-so-luksuzen-chasovnik-filip-patek-od-115-000-evra-i-so-porshe-karera/ Thu, 10 Feb 2022 15:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=456827

Српската царина и полиција на граничниот премин Прешево спречи обид за криумчарење од страна на македонски државјанин на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и возилото „порше“ во кое патникот пристигнал на преминот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вкупната вредност на откриениот прекршок достигна речиси 30 милиони динари (9255.000 евра), соопштија од Царинската управа на Србија.

Овој несекојдневен обид за криумчарење бил откриен вчера претпладнето кога на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед ги демантирал нивните тврдења.

Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква пропратна документација, иако станува збор за стока со голема вредност.

Бидејќи не ја пријавил стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средствата што се користела за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“.

По судската постапка што се водеше по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донесе првостепена пресуда со која на македонскиот државјанин му изрече парична казна од 150.000 динари (1.275 евра) и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и возилото „911 Porsche Career“).

Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети со прекршок ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш

The post Македонец уапсен на Прешево со луксузен часовник „Филип Патек“ од 115.000 евра и со Порше Карера appeared first on Република.

]]>

Српската царина и полиција на граничниот премин Прешево спречи обид за криумчарење од страна на македонски државјанин на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и возилото „порше“ во кое патникот пристигнал на преминот, јави дописникот на МИА од Белград. Вкупната вредност на откриениот прекршок достигна речиси 30 милиони динари (9255.000 евра), соопштија од Царинската управа на Србија. Овој несекојдневен обид за криумчарење бил откриен вчера претпладнето кога на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин. Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед ги демантирал нивните тврдења. Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква пропратна документација, иако станува збор за стока со голема вредност. Бидејќи не ја пријавил стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средствата што се користела за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“. По судската постапка што се водеше по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донесе првостепена пресуда со која на македонскиот државјанин му изрече парична казна од 150.000 динари (1.275 евра) и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и возилото „911 Porsche Career“). Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети со прекршок ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш

The post Македонец уапсен на Прешево со луксузен часовник „Филип Патек“ од 115.000 евра и со Порше Карера appeared first on Република.

]]>
Романски државјанин се обидел од Македонија во Србија да прошверцува килограм семе од канабис https://republika.mk/vesti/crna-hronika/romanski-drzavjanin-se-obidel-od-makedonija-vo-srbija-da-proshvercuva-kilogram-seme-od-kanabis/ Fri, 28 Jan 2022 17:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=450851

Српските цариници на граничниот премин Прешево на српско-македонската граница спречиле обид за шверц на речиси килограм семе од канабис, скриено во автомобил, а превезувано во приколка.

Како што соопштија од Царинската управа на Србија, семето од таа дрога е пронајдено на влез во Србија во автомобил марка „туарег“ со романски регистерски таблички, со приколка на која се шлепал друг автомобил. Возилото било управувано од романски државјанин (38) кој како и неговиот сопатник на цариниците им кажал дека нема што да пријави.

Под резервното тркало на автомобилот на приколката е пронајдена пластична проѕирна кеса во која имало марихуана - се наведува во соопштението.

Во багажникот е пронајдена и хартиена кеса од оригиналното пакување со растителен материјал; за кое постои сомневање дека се работи за семето на растението канабис.

The post Романски државјанин се обидел од Македонија во Србија да прошверцува килограм семе од канабис appeared first on Република.

]]>

Српските цариници на граничниот премин Прешево на српско-македонската граница спречиле обид за шверц на речиси килограм семе од канабис, скриено во автомобил, а превезувано во приколка. Како што соопштија од Царинската управа на Србија, семето од таа дрога е пронајдено на влез во Србија во автомобил марка „туарег“ со романски регистерски таблички, со приколка на која се шлепал друг автомобил. Возилото било управувано од романски државјанин (38) кој како и неговиот сопатник на цариниците им кажал дека нема што да пријави.
Под резервното тркало на автомобилот на приколката е пронајдена пластична проѕирна кеса во која имало марихуана - се наведува во соопштението.
Во багажникот е пронајдена и хартиена кеса од оригиналното пакување со растителен материјал; за кое постои сомневање дека се работи за семето на растението канабис.

The post Романски државјанин се обидел од Македонија во Србија да прошверцува килограм семе од канабис appeared first on Република.

]]>