прага Archives - Република https://republika.mk/tema/praga/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 11:52:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прага Archives - Република https://republika.mk/tema/praga/ 32 32 „Време на бетон“ на фестивали за филм и архитектура во Прага и Истанбул https://republika.mk/vesti/kultura/vreme-na-beton-na-festivali-za-film-i-arhitektura-vo-praga-i-istanbul/ Thu, 26 Sep 2024 11:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=819858

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон" во режија на Игор Иванов ќе има интернационална премиера во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Ова е единствениот фестивал во Чешка со архитектурата во својот фокус, кој има за цел да ја истакне како особено значаен сегмент во секојдневниот живот и да ги промовира пред пошироката публика современите архитектонски пристапи. Проекцијата е закажана за 29. септември со почеток од 14:30 часот, во Националната галерија во Прага.

По проекцијата ќе се одржи предавање од кураторите на изложбата „Ниедно чувствo не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во соработка помеѓу Кунстхале Виена, Национална галерија Прага и Музеј на современата уметност Скопје.

Следната дестинација на „Време на бетон“ ќе биде 18. Интернационален фестивал на архитектонски и урбанистички филм во Истанбул, во организација на истанбулското одделение на Турската комора на архитекти. Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 11-ти октомври и ќе прикаже 37 филма, иновативни дела селектирани од рекорден број на пријави годинава - 850 наслови од 101 земја. Проекцијата на „Време на Бетон“ е закажана за 11-ти Октомври од 18:00 часот, во Кино Бејоглу и ќе се натпреварува за една од фестивалските награди.

Учеството на ваквите фестивали нуди исклучителна можност за афирмација на македонската култура и уметност, а „Време на бетон“ е уникатен и длабок увид во архитектонската и урбаната историја на Скопје, со посебен фокус на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век.

Снимен е по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски. Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм.

The post „Време на бетон“ на фестивали за филм и архитектура во Прага и Истанбул appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон" во режија на Игор Иванов ќе има интернационална премиера во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Ова е единствениот фестивал во Чешка со архитектурата во својот фокус, кој има за цел да ја истакне како особено значаен сегмент во секојдневниот живот и да ги промовира пред пошироката публика современите архитектонски пристапи. Проекцијата е закажана за 29. септември со почеток од 14:30 часот, во Националната галерија во Прага. По проекцијата ќе се одржи предавање од кураторите на изложбата „Ниедно чувствo не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во соработка помеѓу Кунстхале Виена, Национална галерија Прага и Музеј на современата уметност Скопје. Следната дестинација на „Време на бетон“ ќе биде 18. Интернационален фестивал на архитектонски и урбанистички филм во Истанбул, во организација на истанбулското одделение на Турската комора на архитекти. Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 11-ти октомври и ќе прикаже 37 филма, иновативни дела селектирани од рекорден број на пријави годинава - 850 наслови од 101 земја. Проекцијата на „Време на Бетон“ е закажана за 11-ти Октомври од 18:00 часот, во Кино Бејоглу и ќе се натпреварува за една од фестивалските награди. Учеството на ваквите фестивали нуди исклучителна можност за афирмација на македонската култура и уметност, а „Време на бетон“ е уникатен и длабок увид во архитектонската и урбаната историја на Скопје, со посебен фокус на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Снимен е по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски. Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм.  

The post „Време на бетон“ на фестивали за филм и архитектура во Прага и Истанбул appeared first on Република.

]]>
Судар на возови во Прага, повредени десетина лица https://republika.mk/vesti/svet/sudar-na-vozovi-vo-praga-povredeni-desetina-litsa/ Wed, 18 Sep 2024 08:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=817347

Десетина лица се повредени во судар на два патнички воза во Прага.

Сударот се случил во близина на станицата Праг-Либен, на пругата меѓу станиците Височани и Главната железничка станица.

Меѓу повредените се петнаесет лица, кои имаат полесни повреди како модрици и гребаници.

Истражителите, заедно со железничката инспекција, ќе го истражат инцидентот поради сомневање за кривично дело поради невнимание.

The post Судар на возови во Прага, повредени десетина лица appeared first on Република.

]]>

Десетина лица се повредени во судар на два патнички воза во Прага. Сударот се случил во близина на станицата Праг-Либен, на пругата меѓу станиците Височани и Главната железничка станица. Меѓу повредените се петнаесет лица, кои имаат полесни повреди како модрици и гребаници. Истражителите, заедно со железничката инспекција, ќе го истражат инцидентот поради сомневање за кривично дело поради невнимание.

The post Судар на возови во Прага, повредени десетина лица appeared first on Република.

]]>
Лафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага https://republika.mk/vesti/makedonija/lafchiski-na-redovnata-konferentsija-na-voeniot-komitet-na-nato-vo-praga/ Sat, 14 Sep 2024 16:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=816382

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој е во тридневна работна посета на Чешката Република, во текот на денешниот ден учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага.

Во рамки на конференцијата, информираат од Министерството за одбрана, генералот Лафчиски активно учествуваше на дел од сесиите од ова заседание во дискусиите за прашања кои се од стратегиско значење за Алијансата.

На отворањето на коференцијата поздравни обраќања имаа претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, претседателот на Чешката Република и поранешен претседавач на ВК, Петр Павел и началникот на Генералштабот на Вооружените сили(ВС) на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река.

За време на првата сесија на началниците на генералштабовите беше даден осврт на спроведувањето на одлуките донесени од страна на сојузничките држави на Самитот во Вашингтон во јули оваа година. Додека Алијансата ја прославува 75-годишнината од своето постоење, лидерите на НАТО преземаат големи чекори за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната, зајакнување на долгорочната поддршка за Украина и продлабочување на глобалните партнерства.

Командантот на Врховната Сојузничка команда за операции, генерал Кристофер Каволи ги брифираше началниците на генералштабовите за напредокот на имплементацијата на плановите, кои Алијансата ја прават посилна во одвраќањето и одбраната од било кој потенцијален противник. Како дел од пакетот за поддршка на НАТО за Украина, се разговараше и за формирањето на нова НАТО команда, која е дизајнирана да планира, координира и организира испорака на безбедносна асистенција.

Во третата сесија, врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација,генерал Филип Лавињ, ги информираше учесниците за напредокот на трансформацијата на начинот на војување на Алијансата во согласност со НАТО процесот за одбранбено планирање (NDPP).

Меѓудругото началниците на генералштабовите разговараа за основањето на НАТО- Украина Центарот за заедничка анализа, обука и едукација (JATEC), важен столб на практичната соработка, за да се идентификуваат и применат лекциите од војната на Русија против Украина и да се зголеми интероперабилноста на Украина со НАТО.

Заклучоците од заседанието ќе бидат соопштени на попладневната заедничка прес-конференција на претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер и началникот на Генералштабот на ВС на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно заседава во една од сојузничките земји членки.

The post Лафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој е во тридневна работна посета на Чешката Република, во текот на денешниот ден учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага. Во рамки на конференцијата, информираат од Министерството за одбрана, генералот Лафчиски активно учествуваше на дел од сесиите од ова заседание во дискусиите за прашања кои се од стратегиско значење за Алијансата. На отворањето на коференцијата поздравни обраќања имаа претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, претседателот на Чешката Република и поранешен претседавач на ВК, Петр Павел и началникот на Генералштабот на Вооружените сили(ВС) на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река. За време на првата сесија на началниците на генералштабовите беше даден осврт на спроведувањето на одлуките донесени од страна на сојузничките држави на Самитот во Вашингтон во јули оваа година. Додека Алијансата ја прославува 75-годишнината од своето постоење, лидерите на НАТО преземаат големи чекори за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната, зајакнување на долгорочната поддршка за Украина и продлабочување на глобалните партнерства. Командантот на Врховната Сојузничка команда за операции, генерал Кристофер Каволи ги брифираше началниците на генералштабовите за напредокот на имплементацијата на плановите, кои Алијансата ја прават посилна во одвраќањето и одбраната од било кој потенцијален противник. Како дел од пакетот за поддршка на НАТО за Украина, се разговараше и за формирањето на нова НАТО команда, која е дизајнирана да планира, координира и организира испорака на безбедносна асистенција. Во третата сесија, врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација,генерал Филип Лавињ, ги информираше учесниците за напредокот на трансформацијата на начинот на војување на Алијансата во согласност со НАТО процесот за одбранбено планирање (NDPP). Меѓудругото началниците на генералштабовите разговараа за основањето на НАТО- Украина Центарот за заедничка анализа, обука и едукација (JATEC), важен столб на практичната соработка, за да се идентификуваат и применат лекциите од војната на Русија против Украина и да се зголеми интероперабилноста на Украина со НАТО. Заклучоците од заседанието ќе бидат соопштени на попладневната заедничка прес-конференција на претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер и началникот на Генералштабот на ВС на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река. Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно заседава во една од сојузничките земји членки.

The post Лафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага appeared first on Република.

]]>
Синоќа Прага живееше во духот на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ https://republika.mk/vesti/kultura/sinoka-praga-zhiveeshe-vo-duhot-na-izlozhbata-niedno-chuvstvo-ne-e-konechno/ Fri, 22 Mar 2024 09:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=757327

Синоќа Прага живееше во духот на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final.The Skopje Solidarity Collection“, која се отвори во Националната галерија, пред повеќе од 1000 посетители, кои дојдоа да ги погледнат делата од уникатната колекција на МСУ - Скопје.

Помеѓу бројните посетители имаше многу интернационални уметници и куратори, културни работници, љубители на уметноста, кои работат и живеат во Прага, но и посетители кои специјално допатуваа за овој настан.

Уште еден триумф на Музејот на современата уметност, чија изложба првично беше отворена минатата година во престижниот простор Кунстхале Виена, каде за девет месеци ја видоа повеќе од 75 000 илјади посетители.

Поставката за солидарно Скопје со дела кои светски познатите уметници ги подарија на МСУ, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, каде како последица на многуте човечки загуби светот повика на солидарност, вчера во Националната галерија, темата солидарност предизвика и мирољубиви активисти, кои влегоа во галеријата на самото официјално отворање. Тие повикаа на солидарност и мир во подрачјата погодени од воените конфликти денес во светот. Фрлјаќи летоци и повикувајќи прекин на страдањата предизвикани од војните во светот се надоврзаа на солидарноста, како концепт на изложбата, што подразбира сочувство кон страдањата на другиот. Ова зборува за важноста на изложбата, нејзиниот потенцијал да се поврзува со актуелните општествени проблеми денес.

Изложбата е збир емоции, секој дел од неа раскажува различни наративи, обединети под поимот солидарност, беа дел од коментарите на посетителите.

Особено Македонците кои живеат во Прага и кои се нетрпение го дочекаа отворањето, реагираа емотивно, чувствувајќи се горди на Музејот на современата уметност и нашата земја, потенцирајќи дека „Ова е голем настан, кој ја потикнува меѓународната солидарност, вечерва сме горди што сме Македонци“.

Инаку,од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Нa истиот концепт е заснована и оваа изложба во чешката Национална галерија и додадени се уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.

Првично замислена и прикажана во Кунстхале Виена, минатата година, изложбата во изменета верзија е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од самата НГП, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам.

Солидарната колекцијa се врти околу две перспективи. Првата е фокусирана на уникатната  збирката на МСУ Скопје. Втората перспектива е онаа на современите уметници, кои беа поканети од кураторскиот колектив „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин.

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучува како кокуратор Радослав Ишток и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ, кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела.

Покрај нив поканета беше и светски познатата фотографка Елфи Семотан (Виена), која направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, а писателката Барби Марковиќ (Виена) - позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност,  напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје. Од МСУ вклучени во подготовките на изложбата се Благоја Варошанец, координатор на проектот и консултант во истражувањата, Владимир Јанчевски, консултант и автор на дел од текстовите за уметниците и конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Џаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Христо, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честмир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември оваа година.

The post Синоќа Прага живееше во духот на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ appeared first on Република.

Голем интерес во Прага за уникатната колекција на МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/golem-interes-vo-praga-za-unikatnata-kolektsija-na-msu/ Thu, 21 Mar 2024 13:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=757018

Пред повеќе десетици претставници на чешките медиуми, денеска во Националната галерија во Прага се одржа конференција за печат по повод вечерашното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.

На средбата со новинарите се обрати директорката на Националната галерија во Прага Алица Кнаст, Радослав Ишток, кокуратор на изложбата, Сабина Саболовиќ, кураторката на поставката и уметнички директор на Кунстхале Виена и в.д. директорот на МСУ – Скопје, Тихомир Топузовски, кој ја степенуваше важноста на меѓународната солидарност и денес.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Na истиот концепт е заснована и оваа изложба во чешката Национална галерија и додадени се уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј. Донациите од светски познатите уметници пристигнуваат се уште во МСУ – Скопје, и секое изложување на делата вклучува и нов сет интерпретации, значења, и креира нови релации и синергии со делата на современи уметници. Ниедно чувство не е конечно подразбира дека хоризонтот на значења на колекцијата никогаш не е затворен, и секоја нова изложба која е заснована на колекцијата не потсетува на солидарноста, како нужен етички принцип на делување денес“, истакна Топузовски.

Првично замислена и прикажана во Кунстхале Виена, минатата година, изложбата во изменета верзија е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од самата НГП, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам.

Како што истакна кураторот Радослав Ишток од Националната галерија во Прага: „Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сен Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вилфредо Лам.  Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена“.

Солидарната колекцијa се врти околу две перспективи. Првата е фокусирана на уникатната збирката на МСУ Скопје. Втората перспектива е онаа на современите уметници, кои беа поканети од кураторскиот колектив „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин.

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучува како кокуратор Радослав Ишток и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ, кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела.

Покрај нив поканета беше и светски познатата фотографка Елфи Семотан (Виена), која направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, а писателката Барби Марковиќ (Виена) - позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје. Од МСУ вклучени во подготовките на изложбата се Благоја Варошанец, координатор на проектот и консултант во истражувањата, Владимир Јанчевски, консултант и автор на дел од текстовите за уметниците и конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Џаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Христо, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честмир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

The post Голем интерес во Прага за уникатната колекција на МСУ appeared first on Република.

]]>

Пред повеќе десетици претставници на чешките медиуми, денеска во Националната галерија во Прага се одржа конференција за печат по повод вечерашното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. На средбата со новинарите се обрати директорката на Националната галерија во Прага Алица Кнаст, Радослав Ишток, кокуратор на изложбата, Сабина Саболовиќ, кураторката на поставката и уметнички директор на Кунстхале Виена и в.д. директорот на МСУ – Скопје, Тихомир Топузовски, кој ја степенуваше важноста на меѓународната солидарност и денес.
Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Na истиот концепт е заснована и оваа изложба во чешката Национална галерија и додадени се уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј. Донациите од светски познатите уметници пристигнуваат се уште во МСУ – Скопје, и секое изложување на делата вклучува и нов сет интерпретации, значења, и креира нови релации и синергии со делата на современи уметници. Ниедно чувство не е конечно подразбира дека хоризонтот на значења на колекцијата никогаш не е затворен, и секоја нова изложба која е заснована на колекцијата не потсетува на солидарноста, како нужен етички принцип на делување денес“, истакна Топузовски.
Првично замислена и прикажана во Кунстхале Виена, минатата година, изложбата во изменета верзија е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од самата НГП, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам. Како што истакна кураторот Радослав Ишток од Националната галерија во Прага: „Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сен Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вилфредо Лам.  Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена“. Солидарната колекцијa се врти околу две перспективи. Првата е фокусирана на уникатната збирката на МСУ Скопје. Втората перспектива е онаа на современите уметници, кои беа поканети од кураторскиот колектив „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин. Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучува како кокуратор Радослав Ишток и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ, кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела. Покрај нив поканета беше и светски познатата фотографка Елфи Семотан (Виена), која направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, а писателката Барби Марковиќ (Виена) - позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје. Од МСУ вклучени во подготовките на изложбата се Благоја Варошанец, координатор на проектот и консултант во истражувањата, Владимир Јанчевски, консултант и автор на дел од текстовите за уметниците и конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Џаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Христо, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честмир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

The post Голем интерес во Прага за уникатната колекција на МСУ appeared first on Република.

]]>
Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/pikaso-martinoski-vazareli-od-deneska-se-vo-praga-i-zaedno-so-cheshki-umetnitsi-ke-bidat-pretstaveni-na-izlozhbata-na-msu/ Thu, 21 Mar 2024 07:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=756862

Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје", првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена.

Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од Националната галерија – Прага, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам.

Од вкупната уметничка колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, од МСУ информираат дека во Виена биле изложени 94 дела, како и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.

Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сент Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вифредо Лам. Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена, вели кураторот Радослав Исток од Националната галерија во Прага.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

Поканети се и студенти по скулптура од Академијата за ликовни уметности во Прага, кои преку интерактивно студио ќе создадат дела, кои се испреплетуваат со историските настани на Скопје и денешните природни и воени катастрофи, кои честопати се искривуваат во медиумите, наведува МСУ во најавата.

The post Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ appeared first on Република.

]]>

Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје", првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена. Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од Националната галерија – Прага, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам. Од вкупната уметничка колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, од МСУ информираат дека во Виена биле изложени 94 дела, како и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.
Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сент Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вифредо Лам. Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена, вели кураторот Радослав Исток од Националната галерија во Прага.
Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.
Поканети се и студенти по скулптура од Академијата за ликовни уметности во Прага, кои преку интерактивно студио ќе создадат дела, кои се испреплетуваат со историските настани на Скопје и денешните природни и воени катастрофи, кои честопати се искривуваат во медиумите, наведува МСУ во најавата.

The post Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ appeared first on Република.

]]>
По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага https://republika.mk/vesti/kultura/po-kunsthale-viena-izlozhbata-niedno-chuvstvo-ne-e-konechno-kolektsija-na-solidarnosta-msu-skopje-se-otvora-vo-praga/ Tue, 12 Mar 2024 08:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=753854

На 21 март, во Националната галерија во Прага ќе биде отворена патувачката изложба „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.

Ова големо претставување првично е резултат на соработката меѓу МСУ – Скопје и Кунстхале Виена. Кураторскиот тим „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката го сочинуваат: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин.

Вака конципирана изложбата за првпат беше отворена во април минатата година во престижниот простор Кунстхале Виена (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри.

Поставката за солидарно Скопје со дела кои светски познатите уметници ги подарија на МСУ, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, за девет месеци во Кунстхале ја видоа повеќе од 75 000 илјади посетители, а само на отворањето преку 1000.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.

„Изложбата со дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје не само што обезбедува синергија на новосоздадени дела на осум уметници со дела од колекцијата, туку ги истражува и начините на кои одредени дела од збирката можат да прикажуваат нови идеи, значења и адресирање на актуелните општествени и уметнички предизвици. Поаѓајќи од овие размислувања, треба да се согледа дека колекцијата на МСУ е од големо значење за изложби кои имаат за цел да ги обноват претставите за солидарноста, како и да ја инспирираат нашата имагинација за тоа што би можело да се направи денес“, вели Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ - Скопје.

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучуваат и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ и кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела.

Покрај нив поканета беше и светски познатата фотографка Елфи Семотан (Виена), која направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ. Дополнително, од писателката Барби Марковиќ (Виена) - позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шеила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Гетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Орсолиа Дроздик и многу други.

Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември оваа година.

Оваа изложба претставува еден од најкомплексните патувачки проекти на МСУ – Скопје во изминативе 40 години и е дел од одбележувањето на јубилејот 60 години од основањето на Музејот на современата уметност-Скопје.

The post По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага appeared first on Република.

]]>

На 21 март, во Националната галерија во Прага ќе биде отворена патувачката изложба „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Ова големо претставување првично е резултат на соработката меѓу МСУ – Скопје и Кунстхале Виена. Кураторскиот тим „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката го сочинуваат: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин. Вака конципирана изложбата за првпат беше отворена во април минатата година во престижниот простор Кунстхале Виена (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри. Поставката за солидарно Скопје со дела кои светски познатите уметници ги подарија на МСУ, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, за девет месеци во Кунстхале ја видоа повеќе од 75 000 илјади посетители, а само на отворањето преку 1000. Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.
„Изложбата со дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје не само што обезбедува синергија на новосоздадени дела на осум уметници со дела од колекцијата, туку ги истражува и начините на кои одредени дела од збирката можат да прикажуваат нови идеи, значења и адресирање на актуелните општествени и уметнички предизвици. Поаѓајќи од овие размислувања, треба да се согледа дека колекцијата на МСУ е од големо значење за изложби кои имаат за цел да ги обноват претставите за солидарноста, како и да ја инспирираат нашата имагинација за тоа што би можело да се направи денес“, вели Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ - Скопје.
Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучуваат и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ и кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела. Покрај нив поканета беше и светски познатата фотографка Елфи Семотан (Виена), која направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ. Дополнително, од писателката Барби Марковиќ (Виена) - позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје. Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шеила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Гетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Орсолиа Дроздик и многу други. Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември оваа година. Оваа изложба претставува еден од најкомплексните патувачки проекти на МСУ – Скопје во изминативе 40 години и е дел од одбележувањето на јубилејот 60 години од основањето на Музејот на современата уметност-Скопје.

The post По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага appeared first on Република.

]]>
Колекцијата на солидарноста на МСУ по претставувањето во Кунстхале во Виена се сели во Националата галерија во Прага https://republika.mk/vesti/kultura/kolektsijata-na-solidarnosta-na-msu-po-pretstavuvaneto-vo-kunsthale-vo-viena-se-seli-vo-natsionalata-galerija-vo-praga/ Sun, 25 Feb 2024 12:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=748093

Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, која девет месеци беше отворена во еден од најголемите европски културни центри - Кунстхале Виена со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје на 21 март ќе биде отворена во Националната галерија во Прага.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Конципирана на идентичен начин, изложбата ќе биде пренесена во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.

Ова претставување првично е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Кунстхале Виена. Кураторскиот тим „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката го сочинуваат: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин. Во Виена, поставката составена од дела кои светски познатите уметници ги подарија на нашиот Музеј во знак на солидарност по катастрофалниот земјотрес во 1963 година ја видоа повеќе од 75 000 илјади посетители.

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа, овозможувајќи повторно интерпретирање на збирката.

На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучуваат и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои исто така ќе направат избор на дела од колекцијата на МСУ и ќе ги постават во корелација со нивните авторски дела.

Покрај нив, соработници на проектот се и фотографката Елфи Семотан (Виена) која направи фотографии од урбаниот пејзаж на Скопје и МСУ и писателката Барби Марковиќ (Виена) која работи на поврзување на фикцијата и социјалната реалност, и која напиша патопис за нејзиното искуство со соочувањето со историските контексти на Скопје.

Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември оваа година.

Оваа изложба претставува еден од најсложените меѓународни проекти на МСУ – Скопје.

The post Колекцијата на солидарноста на МСУ по претставувањето во Кунстхале во Виена се сели во Националата галерија во Прага appeared first on Република.

Земјоделците го блокираа центарот на Прага https://republika.mk/vesti/svet/zemjodeltsite-go-blokiraa-tsentarot-na-praga/ Mon, 19 Feb 2024 12:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=745703

Земјоделците утринава пристигнаа во Прага со 500 трактори и околу 4.000 други возила со цел да го блокираат центарот возејќи бавно, барајќи Чешка да се повлече од Зелениот договор на Европска Унија и сакаат да слушнат од Владата како ќе им помогне на земјоделците со високите цени на енергенсите.

Главните организации на чешките земјоделци – Аграрната комора, Здружението на приватни земјоделци и Земјоделскиот сојуз категорично се оградија од протестот кој беше најавен да трае два дена, но денеска на улиците на градот има помалку од очекуваното. Тие изјавија дека организаторите се поврзани со маргинални радикални антисистемски забави, а еден од организаторите е агротајкунот Зденјек Јандејшек.

Гневните земјоделци со неколку десетици трактори го блокираа влезот во зградата на Министерството за земјоделство, донесоа и полска кујна и ги поканија другите граѓани на гулаш, а министерот за земјоделство Марек Виборни, кој застана на кратко да разговара со демонстрантите, беше исвиркан и се скандираше „оставка“.

Чешката аграрна комора и мнозинството чешки земјоделци на 22 февруари ќе излезат заедно со земјоделците од Полска, Словачка, Унгарија, Литванија, Латвија, Романија, Бугарија, Словенија и Хрватска, за да го искажат својот револт против ЕУ и нејзиниот Зелен договор, како и против тоа што Брисел дозволува неконтролиран увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Тој протест треба да биде симболичен и да не го нарушува многу сообраќајот.

Градските власти на Прага ги повикаа граѓаните денеска да не доаѓаат во центарот на градот со автомобили и дека метрото е најсигурното превозно средство во овие два дена.

The post Земјоделците го блокираа центарот на Прага appeared first on Република.

]]>

Земјоделците утринава пристигнаа во Прага со 500 трактори и околу 4.000 други возила со цел да го блокираат центарот возејќи бавно, барајќи Чешка да се повлече од Зелениот договор на Европска Унија и сакаат да слушнат од Владата како ќе им помогне на земјоделците со високите цени на енергенсите. Главните организации на чешките земјоделци – Аграрната комора, Здружението на приватни земјоделци и Земјоделскиот сојуз категорично се оградија од протестот кој беше најавен да трае два дена, но денеска на улиците на градот има помалку од очекуваното. Тие изјавија дека организаторите се поврзани со маргинални радикални антисистемски забави, а еден од организаторите е агротајкунот Зденјек Јандејшек. Гневните земјоделци со неколку десетици трактори го блокираа влезот во зградата на Министерството за земјоделство, донесоа и полска кујна и ги поканија другите граѓани на гулаш, а министерот за земјоделство Марек Виборни, кој застана на кратко да разговара со демонстрантите, беше исвиркан и се скандираше „оставка“. Чешката аграрна комора и мнозинството чешки земјоделци на 22 февруари ќе излезат заедно со земјоделците од Полска, Словачка, Унгарија, Литванија, Латвија, Романија, Бугарија, Словенија и Хрватска, за да го искажат својот револт против ЕУ и нејзиниот Зелен договор, како и против тоа што Брисел дозволува неконтролиран увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Тој протест треба да биде симболичен и да не го нарушува многу сообраќајот. Градските власти на Прага ги повикаа граѓаните денеска да не доаѓаат во центарот на градот со автомобили и дека метрото е најсигурното превозно средство во овие два дена.

The post Земјоделците го блокираа центарот на Прага appeared first on Република.

]]>
Козак направил смртоносна стапица: Пронајдени плински боци и канистри со бензин, монструмот сакал да разнесе се https://republika.mk/vesti/svet/kozak-napravil-smrtonosna-stapitsa-pronajdeni-plinski-botsi-i-kanistri-so-benzin-monstrumot-sakal-da-raznese-se/ Sat, 23 Dec 2023 14:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=725963

Дејвид Козак, кој уби 14 луѓе во Прага, неговите пријатели го опишуваат како љубител на историјата кој го мразеше целиот свет.

Козак, кој е опишан и како студент-модел, уби 14 и рани 25 лица пукајќи од балконот на зградата на Филозофскиот факултет. Полуден млад човек го убил својот татко пред крвава гозба и наводно му испратил порака на својот пријател дека имал самоубиствени намери.

Во текот на истрагата полицијата пронашла рачно изработена бомба во подрумот на куќата на Козак и телото на неговиот татко. Полициски извор изјави за La Stampa дека пеколната домашна направа се состои од пиротехнички средства и хемиски материјали.

– Подрумот личеше на бункер. Шишето беше големо и имаше неколку кабли поврзани со него што водеа до друга опрема. Таа имала систем што може да предизвика експлозија – изјави извор близок до истрагата.

Откриени се повеќе детали за Козак.

Пријателите го опишуваат како интровертен „изрод од историјата“ кој бил фасциниран од пиштоли и го мразел целиот свет. Козак, кој магистрираше историја на Универзитетот Чарлс, неодамна ја заврши својата теза за полската историја од 19 век.

Локалните медиуми пишуваат дека тој секојдневно патувал со автобус од неговото село Хостуња до универзитетот во Прага и дека во последно време наводно носел оружје во чантата за гитара.

– Во Прага одевме со автобус три пати неделно, тој во последно време носеше торба за гитара, но не знаев дека свири ништо. Тоа ми беше чудно – рекол еден сосед.

Мештаните не можат да се соземат од шокот.

Тоа е мирно и угледно семејство. Таткото на Давид, Станислав, исто така е повлечен човек. Мама и сестра секогаш беа љубезни и пријатни, а Дејвид беше пристојно момче – раскажуваат мештаните за Блеск.

Полицијата објави драматично видео на кое се гледаат специјалните сили како трчаат околу зградата на колеџот пред да го најдат Козак мртов на покривот. Полицијата соопшти дека Козак, знаејќи дека е опкружен, се застрелал до смрт откако ја фрлил својата пушка со долг дострел од балконот.

На други видеа се гледа како козак, облечен во црно, стои на балкон и ладнокрвно пука со моќна пушка ЗЕВ-30 кон студентите и туристите.

Масакрот во четвртокот е најлошото масовно пукање во Чешка, а се верува дека напаѓачот бил инспириран од пукањето во училиште од ученичка во Русија претходно на почетокот на декември.

– Сакам да пукам во училиштето и можеби да се самоубијам. Алина Афанаскина ми помогна премногу – наводно напишал Козак на социјалните мрежи пред масакрот.

Вчера Чешка им оддаде почит на жртвите во зградата на факултетот во Прага.

Знамињата на државните институции се вееја на половина копје, надополнети со црни знамиња, а напладне се огласија и црковните ѕвона.

Прашкиот надбискуп Јан Грубнер одржа миса во катедралата Свети Вит за жртвите од пукањето. Меѓу присутните беа и чешкиот претседател Петр Павел и други високи државни функционери.

Пожарникарите точно напладне излегоа пред станиците и со едноминутно молчење им оддадоа почит на настраданите во трагедијата. Продавниците, исто така, накратко престанаа да работат напладне, додека пријавувањето на патниците на аеродромот Вацлав Хавел во Прага исто така престана во исто време.

The post Козак направил смртоносна стапица: Пронајдени плински боци и канистри со бензин, монструмот сакал да разнесе се appeared first on Република.

]]>

Дејвид Козак, кој уби 14 луѓе во Прага, неговите пријатели го опишуваат како љубител на историјата кој го мразеше целиот свет. Козак, кој е опишан и како студент-модел, уби 14 и рани 25 лица пукајќи од балконот на зградата на Филозофскиот факултет. Полуден млад човек го убил својот татко пред крвава гозба и наводно му испратил порака на својот пријател дека имал самоубиствени намери. Во текот на истрагата полицијата пронашла рачно изработена бомба во подрумот на куќата на Козак и телото на неговиот татко. Полициски извор изјави за La Stampa дека пеколната домашна направа се состои од пиротехнички средства и хемиски материјали. – Подрумот личеше на бункер. Шишето беше големо и имаше неколку кабли поврзани со него што водеа до друга опрема. Таа имала систем што може да предизвика експлозија – изјави извор близок до истрагата. Откриени се повеќе детали за Козак. Пријателите го опишуваат како интровертен „изрод од историјата“ кој бил фасциниран од пиштоли и го мразел целиот свет. Козак, кој магистрираше историја на Универзитетот Чарлс, неодамна ја заврши својата теза за полската историја од 19 век. Локалните медиуми пишуваат дека тој секојдневно патувал со автобус од неговото село Хостуња до универзитетот во Прага и дека во последно време наводно носел оружје во чантата за гитара. – Во Прага одевме со автобус три пати неделно, тој во последно време носеше торба за гитара, но не знаев дека свири ништо. Тоа ми беше чудно – рекол еден сосед. Мештаните не можат да се соземат од шокот. Тоа е мирно и угледно семејство. Таткото на Давид, Станислав, исто така е повлечен човек. Мама и сестра секогаш беа љубезни и пријатни, а Дејвид беше пристојно момче – раскажуваат мештаните за Блеск. Полицијата објави драматично видео на кое се гледаат специјалните сили како трчаат околу зградата на колеџот пред да го најдат Козак мртов на покривот. Полицијата соопшти дека Козак, знаејќи дека е опкружен, се застрелал до смрт откако ја фрлил својата пушка со долг дострел од балконот. На други видеа се гледа како козак, облечен во црно, стои на балкон и ладнокрвно пука со моќна пушка ЗЕВ-30 кон студентите и туристите. Масакрот во четвртокот е најлошото масовно пукање во Чешка, а се верува дека напаѓачот бил инспириран од пукањето во училиште од ученичка во Русија претходно на почетокот на декември. – Сакам да пукам во училиштето и можеби да се самоубијам. Алина Афанаскина ми помогна премногу – наводно напишал Козак на социјалните мрежи пред масакрот. Вчера Чешка им оддаде почит на жртвите во зградата на факултетот во Прага. Знамињата на државните институции се вееја на половина копје, надополнети со црни знамиња, а напладне се огласија и црковните ѕвона. Прашкиот надбискуп Јан Грубнер одржа миса во катедралата Свети Вит за жртвите од пукањето. Меѓу присутните беа и чешкиот претседател Петр Павел и други високи државни функционери. Пожарникарите точно напладне излегоа пред станиците и со едноминутно молчење им оддадоа почит на настраданите во трагедијата. Продавниците, исто така, накратко престанаа да работат напладне, додека пријавувањето на патниците на аеродромот Вацлав Хавел во Прага исто така престана во исто време.

The post Козак направил смртоносна стапица: Пронајдени плински боци и канистри со бензин, монструмот сакал да разнесе се appeared first on Република.

]]>
Тие се жртви на монструмот од Прага: Биле успешни, студенти, Магдалена, Клара, Ленка, оставија длабоки траги https://republika.mk/vesti/svet/tie-se-zhrtvi-na-monstrumot-od-praga-bile-uspeshni-studenti-magdalena-klara-lenka-ostavija-dlaboki-tragi/ Sat, 23 Dec 2023 13:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=725931

Во Чешка е Ден на жалост за жртвите од пукањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага на почетокот од оваа недела. Знамињата на зградите на јавните институции беа спуштени на половина копје, а на нив беа додадени и црни ленти.

Многу предбожиќни настани беа откажани, а државната телевизија емитуваше специјална програма.

Студентот Давид Козак отвори оган во четвртокот попладне од главната зграда на Филозофскиот факултет на Универзитетот, при што загинаа 14 лица, а беа повредени 25. Според полицијата, напаѓачот, кој легално поседувал голем арсенал, потоа се застрелал. Се верува дека го убил својот татко пред масовното пукање во центарот на Прага и дека пред една недела убил маж и неговата ќерка.

Портпаролот на полицијата Јан Данек потврди за iDNES.cz дека оружјето со кое се убиени маж и бебе во шумата Клановице се совпаѓа со она што го поседува напаѓачот од Прага.

„Истрагата сè уште е во тек. Се уште ништо не е завршено. Останува да ги почекаме конечните заклучоци“, изјави портпаролот на полицијата.

Според локалните медиуми, 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка биле убиени во шумата. Шефот на Одделот за убиства во Прага, Алеш Штрах, смета дека убиецот немал само една конкретна причина за убиствата, туку дека тоа е комбинација од повеќе мотиви.

„Во моментов сум убеден дека тоа се сосема случајни жртви“

За убиствата во шумата зборуваше и шефот на полицијата Мартин Вондрашек. Тој рече дека, според достапните информации, напаѓачот е одговорен и за уште две убиства.

„Ја истражуваме претпоставката дека напаѓачот е очигледно одговорен и за убиствата во Клановице“, рече началникот на полицијата, додавајќи дека жртвите ги избрал по случаен избор.

„Што се однесува до шумата Клановице, во овој момент нема апсолутно никаква позната врска со тие жртви, апсолутно никаква поврзана со таа локација. Во моментов сум убеден дека жртвите се избрани по случаен избор“, додаде тој.

Меѓу жртвите има ученици, спортисти, директори…

Во меѓувреме се појавуваат се повеќе детали за жртвите на масовниот убиец. Повеќето беа студенти.

Една од жртвите е директорката на Институтот за музичка наука Ленка Хлавкова, а нејзината смрт ја пријавил институтот на чело со неа.

Врз основа на проверени информации од семејството и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка и директорка на Институтот за музика Ленка Хлавкова не го преживеала вчерашниот напад. Изразуваме длабоко сочувство до сите преживеани, пред се до семејствата, соопштија од Институтот.

Убиена е и Луси Шпиндлерова, студентка и уредничка на дневниот весник Lidové noviny.

Со длабоко жалење, врз основа на проверени семејни информации и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка, уредник на Lidové noviny, студентка од прва година по чешки јазик во комуникација за глуви и пред се пријателка, Луси Шпиндлерова, не го преживеала вчерашниот напад на Филозофскиот факултет. Изразуваме длабоко сочувство до сите ужалени, особено до семејството. Ова е крајно болна вест за нас, напиша весникот.

Третата жртва е Магдалена Кристкова, студентка од Розток.

Мајда учеше комуникација за глуви и беше на предавање кога влета напаѓачот. За жал, немаше начин да ја спасиме. Се надевавме дека ќе преживее, но утрото пристигнаа најлошите вести, напиша општината на социјалните мрежи.

Многумина од вас ја знаат од училиште, од карневалите и настаните на Здружението Розточ, од средбите во Розтоки. Веселата, љубезна и исклучително способна и активна Мајда повеќе не е меѓу нас и ќе ни недостига. Сочувство до нејзиното семејство и сите нејзини роднини, се вели во соопштението за медиумите.

Загина и 20-годишната атлетичарка Клара Холкова.

Клара студираше архивски и боемски студии на Универзитетот Чарлс. 21 декември 2023 година беше судбоносен ден за дваесетгодишниот спортист. Моето искрено сочувство до семејството и сите преживеани и многу сила да го надминат овој трагичен настан. Клара нема да биде запишана само во историјата на целата чешка атлетика, туку пред се, таа засекогаш ќе остане во нашите сеќавања и срца, велат од атлетскиот клуб Стара Болеслав.

Жртва на масовен убиец стана и студентката Анета Рихтерова. Нејзината трагична смрт ја пријавила противпожарната единица Величовска, чиј член била и таа.

Таа беше дел од секој од нас. Дозволете ни да го изразиме нашето жалење, искрено сочувство и вака да го почитуваме нејзиниот спомен. Анета остави белег во нашите срца, соопштија пожарникарите.

Масовниот убиец го уби и Јан Дласка, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик.

Една од жртвите на престрелката е нашиот пријател и голем, љубезен и добар човек Јан Дласк, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик. Во овој тежок момент најмногу мислиме на неговата мајка, стои во соопштението за неговата смрт на социјалните мрежи.

The post Тие се жртви на монструмот од Прага: Биле успешни, студенти, Магдалена, Клара, Ленка, оставија длабоки траги appeared first on Република.

]]>

Во Чешка е Ден на жалост за жртвите од пукањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага на почетокот од оваа недела. Знамињата на зградите на јавните институции беа спуштени на половина копје, а на нив беа додадени и црни ленти. Многу предбожиќни настани беа откажани, а државната телевизија емитуваше специјална програма. Студентот Давид Козак отвори оган во четвртокот попладне од главната зграда на Филозофскиот факултет на Универзитетот, при што загинаа 14 лица, а беа повредени 25. Според полицијата, напаѓачот, кој легално поседувал голем арсенал, потоа се застрелал. Се верува дека го убил својот татко пред масовното пукање во центарот на Прага и дека пред една недела убил маж и неговата ќерка. Портпаролот на полицијата Јан Данек потврди за iDNES.cz дека оружјето со кое се убиени маж и бебе во шумата Клановице се совпаѓа со она што го поседува напаѓачот од Прага. „Истрагата сè уште е во тек. Се уште ништо не е завршено. Останува да ги почекаме конечните заклучоци“, изјави портпаролот на полицијата. Според локалните медиуми, 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка биле убиени во шумата. Шефот на Одделот за убиства во Прага, Алеш Штрах, смета дека убиецот немал само една конкретна причина за убиствата, туку дека тоа е комбинација од повеќе мотиви. „Во моментов сум убеден дека тоа се сосема случајни жртви“ За убиствата во шумата зборуваше и шефот на полицијата Мартин Вондрашек. Тој рече дека, според достапните информации, напаѓачот е одговорен и за уште две убиства. „Ја истражуваме претпоставката дека напаѓачот е очигледно одговорен и за убиствата во Клановице“, рече началникот на полицијата, додавајќи дека жртвите ги избрал по случаен избор. „Што се однесува до шумата Клановице, во овој момент нема апсолутно никаква позната врска со тие жртви, апсолутно никаква поврзана со таа локација. Во моментов сум убеден дека жртвите се избрани по случаен избор“, додаде тој. Меѓу жртвите има ученици, спортисти, директори… Во меѓувреме се појавуваат се повеќе детали за жртвите на масовниот убиец. Повеќето беа студенти. Една од жртвите е директорката на Институтот за музичка наука Ленка Хлавкова, а нејзината смрт ја пријавил институтот на чело со неа. Врз основа на проверени информации од семејството и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка и директорка на Институтот за музика Ленка Хлавкова не го преживеала вчерашниот напад. Изразуваме длабоко сочувство до сите преживеани, пред се до семејствата, соопштија од Институтот. Убиена е и Луси Шпиндлерова, студентка и уредничка на дневниот весник Lidové noviny. Со длабоко жалење, врз основа на проверени семејни информации и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка, уредник на Lidové noviny, студентка од прва година по чешки јазик во комуникација за глуви и пред се пријателка, Луси Шпиндлерова, не го преживеала вчерашниот напад на Филозофскиот факултет. Изразуваме длабоко сочувство до сите ужалени, особено до семејството. Ова е крајно болна вест за нас, напиша весникот. Третата жртва е Магдалена Кристкова, студентка од Розток. Мајда учеше комуникација за глуви и беше на предавање кога влета напаѓачот. За жал, немаше начин да ја спасиме. Се надевавме дека ќе преживее, но утрото пристигнаа најлошите вести, напиша општината на социјалните мрежи. Многумина од вас ја знаат од училиште, од карневалите и настаните на Здружението Розточ, од средбите во Розтоки. Веселата, љубезна и исклучително способна и активна Мајда повеќе не е меѓу нас и ќе ни недостига. Сочувство до нејзиното семејство и сите нејзини роднини, се вели во соопштението за медиумите. Загина и 20-годишната атлетичарка Клара Холкова. Клара студираше архивски и боемски студии на Универзитетот Чарлс. 21 декември 2023 година беше судбоносен ден за дваесетгодишниот спортист. Моето искрено сочувство до семејството и сите преживеани и многу сила да го надминат овој трагичен настан. Клара нема да биде запишана само во историјата на целата чешка атлетика, туку пред се, таа засекогаш ќе остане во нашите сеќавања и срца, велат од атлетскиот клуб Стара Болеслав. Жртва на масовен убиец стана и студентката Анета Рихтерова. Нејзината трагична смрт ја пријавила противпожарната единица Величовска, чиј член била и таа. Таа беше дел од секој од нас. Дозволете ни да го изразиме нашето жалење, искрено сочувство и вака да го почитуваме нејзиниот спомен. Анета остави белег во нашите срца, соопштија пожарникарите. Масовниот убиец го уби и Јан Дласка, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик. Една од жртвите на престрелката е нашиот пријател и голем, љубезен и добар човек Јан Дласк, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик. Во овој тежок момент најмногу мислиме на неговата мајка, стои во соопштението за неговата смрт на социјалните мрежи.

The post Тие се жртви на монструмот од Прага: Биле успешни, студенти, Магдалена, Клара, Ленка, оставија длабоки траги appeared first on Република.

]]>
Почина еден од ранетите во пукотницата на Карловиот Универзитет во Прага https://republika.mk/vesti/svet/pochina-eden-od-ranetite-vo-pukotnitsata-na-karloviot-univerzitet-vo-praga/ Fri, 22 Dec 2023 18:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=725785

Еден од ранетите во вооружениот напад на Карловиот Универзитет во Прага кој го изведе 24-годишниот студент Давид К. на 21 декември, им подлегна на здобиените повреди. Бројот на жртвите од ова злосторство се искачи на 15 лица, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан.

Повреденото лице починало во болница. Меѓу убиените нема странски државјани. Чешката полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден на Холандија.

Во пукотницата на Филозофскиот факултет во Прага, студентот по историја Давид К. со пушка уби 13 студенти и предавачи, рани 25 лица, па се самоуби. Пред да го изврши овој грозоморен чин Давид К. го убил својот татко во селото Хостуњ кај Прага, а потоа му испратил СМС порака на својот пријател дека ќе се самоубие. Полицијата тргнала во потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на Филозофскиот факултет каде што тој имал предавање, но напаѓачот наместо тоа влегол во главната зграда каде немало полиција, донел торба со повеќе оружје и муниција и пукал на четвртиот кат од зградата.

Сторителот на кривичното дело имал дозвола за поседување осум парчиња оружје. Полицијата во Чешка ги засили превентивните мерки за заштита и стави повеќе полицајци на улица отколку во нормални околности. Засилените безбедносни мерки ќе траат најмалку до 1 јануари 2024 година.

The post Почина еден од ранетите во пукотницата на Карловиот Универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>

Еден од ранетите во вооружениот напад на Карловиот Универзитет во Прага кој го изведе 24-годишниот студент Давид К. на 21 декември, им подлегна на здобиените повреди. Бројот на жртвите од ова злосторство се искачи на 15 лица, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан. Повреденото лице починало во болница. Меѓу убиените нема странски државјани. Чешката полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден на Холандија. Во пукотницата на Филозофскиот факултет во Прага, студентот по историја Давид К. со пушка уби 13 студенти и предавачи, рани 25 лица, па се самоуби. Пред да го изврши овој грозоморен чин Давид К. го убил својот татко во селото Хостуњ кај Прага, а потоа му испратил СМС порака на својот пријател дека ќе се самоубие. Полицијата тргнала во потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на Филозофскиот факултет каде што тој имал предавање, но напаѓачот наместо тоа влегол во главната зграда каде немало полиција, донел торба со повеќе оружје и муниција и пукал на четвртиот кат од зградата. Сторителот на кривичното дело имал дозвола за поседување осум парчиња оружје. Полицијата во Чешка ги засили превентивните мерки за заштита и стави повеќе полицајци на улица отколку во нормални околности. Засилените безбедносни мерки ќе траат најмалку до 1 јануари 2024 година.

The post Почина еден од ранетите во пукотницата на Карловиот Универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>
Еден беше мамка – Студенти направиле план како да го фатат убиецот во Прага https://republika.mk/vesti/svet/eden-beshe-mamka-studenti-napravile-plan-kako-da-go-fatat-ubietsot-vo-praga/ Fri, 22 Dec 2023 11:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=725625

Во пукањето кое се случи вчера попладне на универзитетот во центарот на Прага, загинаа повеќе од 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се повредени, некои потешко, соопшти прашката служба за итни случаи.

Чешката полиција нешто по 15:00 часот извести дека интервенирала поради пукање на Филозофскиот факултет, на плоштадот Јан Палах. Полицијата тогаш извести дека напаѓачот е „елиминиран“. Чешката влада го прогласи 23 декември за ден на жалост. Се уште не е познат мотивот за масовното убиство.

„Тивко се затворивме во училницата. Еден од нас беше мамката, а другите беа подготвени да се нафрлат на напаѓачот“, опиша студент.

„Добро живеев, не сакам да умрам, но што да правам? Среќно на сите во зградата. Го слушаме како пука на четврти кат“, напиша тој на социјалната мрежа Х кога се појавија информации за нападот.

Тој и учениците кои биле во училницата со него не се повредени во нападот.

„Тивко се затворивме. Едниот беше мамка, другите беа спремни да се нафрлат на некого и да го совладаат. Направивме план, се договоривме што да правиме и како“, опиша тој.

Подоцна, кога стана јасно дека напаѓачот убил 15 луѓе, тој на X напиша:

„Нашите грешки: Не се забарикадиравме веднаш откако го слушнавме пукањето. Не повикавме полиција (малку ми е жал поради тоа, но главно се трудевме да бидеме тивки). Кога пукањето беше потврдено, се договоривме за план за напад на напаѓачот. Еден од нас требаше да го намами напаѓачот, двајца требаше да му фрлиме сè при рака, а третиот беше подготвен со шипка од заседа. Од шест лица, еден беше исплашен. Одлична статистика“, наведе тој.

The post Еден беше мамка – Студенти направиле план како да го фатат убиецот во Прага appeared first on Република.

]]>

Во пукањето кое се случи вчера попладне на универзитетот во центарот на Прага, загинаа повеќе од 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се повредени, некои потешко, соопшти прашката служба за итни случаи. Чешката полиција нешто по 15:00 часот извести дека интервенирала поради пукање на Филозофскиот факултет, на плоштадот Јан Палах. Полицијата тогаш извести дека напаѓачот е „елиминиран“. Чешката влада го прогласи 23 декември за ден на жалост. Се уште не е познат мотивот за масовното убиство.
„Тивко се затворивме во училницата. Еден од нас беше мамката, а другите беа подготвени да се нафрлат на напаѓачот“, опиша студент. „Добро живеев, не сакам да умрам, но што да правам? Среќно на сите во зградата. Го слушаме како пука на четврти кат“, напиша тој на социјалната мрежа Х кога се појавија информации за нападот.
Тој и учениците кои биле во училницата со него не се повредени во нападот.
„Тивко се затворивме. Едниот беше мамка, другите беа спремни да се нафрлат на некого и да го совладаат. Направивме план, се договоривме што да правиме и како“, опиша тој.
Подоцна, кога стана јасно дека напаѓачот убил 15 луѓе, тој на X напиша:
„Нашите грешки: Не се забарикадиравме веднаш откако го слушнавме пукањето. Не повикавме полиција (малку ми е жал поради тоа, но главно се трудевме да бидеме тивки). Кога пукањето беше потврдено, се договоривме за план за напад на напаѓачот. Еден од нас требаше да го намами напаѓачот, двајца требаше да му фрлиме сè при рака, а третиот беше подготвен со шипка од заседа. Од шест лица, еден беше исплашен. Одлична статистика“, наведе тој.

The post Еден беше мамка – Студенти направиле план како да го фатат убиецот во Прага appeared first on Република.

]]>
Дали девојката која убиваше руски деца била инспирација за убиецот од Прага? Тој го напиша ова: „Уби неколку луѓе, ќе го поправам тоа…“ https://republika.mk/vesti/svet/dali-devojkata-koja-ubivashe-ruski-detsa-bila-inspiratsija-za-ubietsot-od-praga-toj-go-napisha-ova-ubi-nekolku-luge-ke-go-popravam-toa/ Fri, 22 Dec 2023 08:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=725570

Дејвид Козак (24) уби најмалку 15 лица, а рани над 30 во крвавото дивеење што се случи во четвртокот во Прага. Имено, младиот човек прво го убил својот татко, а потоа отишол на универзитетот каде продолжил да убива, пишува порталот Sveznampravy.

Козак студирал на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага. Годинава доби награда за завршна теза на додипломската студија историја – европски студии.

Беше тивко момче, интроверт. Не се забавуваше со нас - вели една студентка која додипломските студии ги заврши кај него.

Се присети на него и еден колега кој отиде со него во гимназијата Малотранске.

Слабо го паметам, беше една година постар од мене, но секогаш беше намуртен човек кој навистина не се забавуваше со никого. Тој беше интровертен тип, малку чуден, како и секој друг бубалица. Обично го среќавав кога одеше да го фрли ѓубрето од градината. Неговото семејство изгледаше нормално. Отидовме во нивната куќа пред неколку години. Неговиот татко му беше шеф на татко ми и тие беа пријатели дури и надвор од работа - вели за „Блеск“ еден жител на Хостоун.

На почетокот на декември на социјалната мрежа Телеграм беше отворен профил под негово име, а објавите беа напишани на руски јазик.

Во објавата тој наведува дека профилот ќе му биде дневник и дека сака да изврши пукање во училиште, а можеби и да се самоубие.

Тој бил инспириран и од Алина Афанаскина (14), која на 7 декември годинава пукала во училиште во Брјанск, Русија, при што убила две лица, а ранила уште пет други, додека Афанаскина потоа се самоубила. Тој потоа напиша на интернет дека таа не убила доволно луѓе и дека тој ќе се обиде да го поправи.

https://republika.mk/vesti/svet/osmooddelenka-vo-masovno-pukane-vo-rusija-rani-pet-uchenitsi-pa-se-samoubi/

Тој погледна назад кон Афанаскинова, додавајќи дека таа многу му помогнала. Како што напиша, секогаш сакал да убие некого. Тој исто така изјави дека масовното убиство е подобро од сериското убиство.

Во своите објави напиша и дека ги мрази сите и дека сите го мразат и дека планира зад себе да остави што поголема болка.

Последната објава беше направена на 19 декември, кога напиша за неподносливо зуење во ушите.

Мораме да го провериме целиот профил и да ги процениме информациите - коментираат од полицијата наводите за профилот.

Некои експерти го оспоруваат тврдењето дека тоа е навистина неговиот профил.

The post Дали девојката која убиваше руски деца била инспирација за убиецот од Прага? Тој го напиша ова: „Уби неколку луѓе, ќе го поправам тоа…“ appeared first on Република.

]]>

Дејвид Козак (24) уби најмалку 15 лица, а рани над 30 во крвавото дивеење што се случи во четвртокот во Прага. Имено, младиот човек прво го убил својот татко, а потоа отишол на универзитетот каде продолжил да убива, пишува порталот Sveznampravy. Козак студирал на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага. Годинава доби награда за завршна теза на додипломската студија историја – европски студии.
Беше тивко момче, интроверт. Не се забавуваше со нас - вели една студентка која додипломските студии ги заврши кај него.
Се присети на него и еден колега кој отиде со него во гимназијата Малотранске.
Слабо го паметам, беше една година постар од мене, но секогаш беше намуртен човек кој навистина не се забавуваше со никого. Тој беше интровертен тип, малку чуден, како и секој друг бубалица. Обично го среќавав кога одеше да го фрли ѓубрето од градината. Неговото семејство изгледаше нормално. Отидовме во нивната куќа пред неколку години. Неговиот татко му беше шеф на татко ми и тие беа пријатели дури и надвор од работа - вели за „Блеск“ еден жител на Хостоун.
На почетокот на декември на социјалната мрежа Телеграм беше отворен профил под негово име, а објавите беа напишани на руски јазик. Во објавата тој наведува дека профилот ќе му биде дневник и дека сака да изврши пукање во училиште, а можеби и да се самоубие. Тој бил инспириран и од Алина Афанаскина (14), која на 7 декември годинава пукала во училиште во Брјанск, Русија, при што убила две лица, а ранила уште пет други, додека Афанаскина потоа се самоубила. Тој потоа напиша на интернет дека таа не убила доволно луѓе и дека тој ќе се обиде да го поправи. https://republika.mk/vesti/svet/osmooddelenka-vo-masovno-pukane-vo-rusija-rani-pet-uchenitsi-pa-se-samoubi/ Тој погледна назад кон Афанаскинова, додавајќи дека таа многу му помогнала. Како што напиша, секогаш сакал да убие некого. Тој исто така изјави дека масовното убиство е подобро од сериското убиство. Во своите објави напиша и дека ги мрази сите и дека сите го мразат и дека планира зад себе да остави што поголема болка. Последната објава беше направена на 19 декември, кога напиша за неподносливо зуење во ушите.
Мораме да го провериме целиот профил и да ги процениме информациите - коментираат од полицијата наводите за профилот.
Некои експерти го оспоруваат тврдењето дека тоа е навистина неговиот профил.

The post Дали девојката која убиваше руски деца била инспирација за убиецот од Прага? Тој го напиша ова: „Уби неколку луѓе, ќе го поправам тоа…“ appeared first on Република.

]]>
Ова е крвникот од Прага: Се заканувал со самоубиство, го убил татка си, па решил да убива други https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-krvnikot-od-praga-se-zakanuval-so-samoubistvo-go-ubil-tatka-si-pa-reshil-da-ubiva-drugi/ Fri, 22 Dec 2023 08:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=725550

Најмалку 15 луѓе се убиени во нападот со огнено оружје од страна на 24 годишниот Давид Козак во Прага. Козак вчера попладне на прашкиот плоштад Јан Палач почнал да пука од долга цевка со оптички нишан од четвриот спрат на Филозофскиот факултет, Карлов универзитет, а потоа поминал во ходникот на зградата, од каде пукал на луѓето кон мостот Манес.

Директорот на полицијата Мартин Вондрашек изјавил дека напаѓачот е 24 годишник од Кладно и дека имал суицидни мисли. Полицијата попладнето распиша потрага по Козак, а пред крвавиот пир во Прага, момчето го убило сопствениот татко.

The post Ова е крвникот од Прага: Се заканувал со самоубиство, го убил татка си, па решил да убива други appeared first on Република.

]]>

Најмалку 15 луѓе се убиени во нападот со огнено оружје од страна на 24 годишниот Давид Козак во Прага. Козак вчера попладне на прашкиот плоштад Јан Палач почнал да пука од долга цевка со оптички нишан од четвриот спрат на Филозофскиот факултет, Карлов универзитет, а потоа поминал во ходникот на зградата, од каде пукал на луѓето кон мостот Манес. Директорот на полицијата Мартин Вондрашек изјавил дека напаѓачот е 24 годишник од Кладно и дека имал суицидни мисли. Полицијата попладнето распиша потрага по Козак, а пред крвавиот пир во Прага, момчето го убило сопствениот татко.

The post Ова е крвникот од Прага: Се заканувал со самоубиство, го убил татка си, па решил да убива други appeared first on Република.

]]>
Убиецот од Прага убил и маж и бебе! https://republika.mk/vesti/svet/ubietsot-od-praga-ubil-i-mazh-i-bebe/ Fri, 22 Dec 2023 07:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=725495

Студентот, кој уби вчера најмалку 15 лица во пукањето на Карловиот универзитет во Прага, можно е да биде одговорен и за убиството на маж и бебе во Клановице.

-Многу сериозно ги истражуваме наводите, кои се многу реални во моментов, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице, изјави на прес конференција началникот на полицијата Мартин Вондрашек, пишува чешкиот портал „Новинки“.

Засега непознато лице, на 15 декември, во местото Клановице застрелало 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка, но полицијата се уште го нема пронајдено одговорниот за двојното убиство.

На Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, на плоштадот Јан Плач, во Прага, вчера дојде до пукање во кое загинаа 15 лица, а 30 се повредени, додека напаѓачот е убиен.

Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за пукањето вчера бил пронајден мртов

The post Убиецот од Прага убил и маж и бебе! appeared first on Република.

]]>

Студентот, кој уби вчера најмалку 15 лица во пукањето на Карловиот универзитет во Прага, можно е да биде одговорен и за убиството на маж и бебе во Клановице.
-Многу сериозно ги истражуваме наводите, кои се многу реални во моментов, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице, изјави на прес конференција началникот на полицијата Мартин Вондрашек, пишува чешкиот портал „Новинки“.
Засега непознато лице, на 15 декември, во местото Клановице застрелало 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка, но полицијата се уште го нема пронајдено одговорниот за двојното убиство. На Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, на плоштадот Јан Плач, во Прага, вчера дојде до пукање во кое загинаа 15 лица, а 30 се повредени, додека напаѓачот е убиен. Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за пукањето вчера бил пронајден мртов

The post Убиецот од Прага убил и маж и бебе! appeared first on Република.

]]>
14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага https://republika.mk/vesti/svet/14-zaginati-i-25-povredeni-e-konechniot-bilans-po-pukotnitsa-na-karloviot-univerzitet-vo-praga/ Thu, 21 Dec 2023 21:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=725483

Чешката полиција соопшти дека пукањето денеска на Карловиот универзитет во Прага загинале 14 луѓе и 25 се ранети, со што се ревидира претходно објавениот биланс од повеќе од 15 жртви.

„Во овој момент можам да потврдам 14 жртви на страшното злосторство и 25 ранети, од кои 10 потешко“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек.

-Нема индиции дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на прес-конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

https://republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/

Злосторството се случи денеска во Универзитетот што се наоѓа во центарот на Прага.

Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Давид К. (24) кој стуриал Светска историја бил пронајден мртов во истата зграда. Давид К. дипломирал во мај на тој универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил.

https://republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/

Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.Чешки медиуми објавија дека најверојатно тој го убил својот татко и потоа се упатил со огнено оружје во Универизтетот.

Осомничениот за пукањето, оваа недела на Телеграм напишал дека го мрази светот и сака зад себе да остави што е можно повеќе болка, јавија чешките медиуми.

The post 14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>

Чешката полиција соопшти дека пукањето денеска на Карловиот универзитет во Прага загинале 14 луѓе и 25 се ранети, со што се ревидира претходно објавениот биланс од повеќе од 15 жртви. „Во овој момент можам да потврдам 14 жртви на страшното злосторство и 25 ранети, од кои 10 потешко“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек. -Нема индиции дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на прес-конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет. https://republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/ Злосторството се случи денеска во Универзитетот што се наоѓа во центарот на Прага. Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Давид К. (24) кој стуриал Светска историја бил пронајден мртов во истата зграда. Давид К. дипломирал во мај на тој универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил. https://republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/ Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.Чешки медиуми објавија дека најверојатно тој го убил својот татко и потоа се упатил со огнено оружје во Универизтетот. Осомничениот за пукањето, оваа недела на Телеграм напишал дека го мрази светот и сака зад себе да остави што е можно повеќе болка, јавија чешките медиуми.

The post 14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>
Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам https://republika.mk/vesti/svet/cheshkiot-minister-za-vnatreshni-raboti-pukaneto-vo-praga-ne-e-povrzano-so-terorizam/ Thu, 21 Dec 2023 21:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=725479

Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада.

„Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага.

Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда.

Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.

The post Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам appeared first on Република.

]]>

Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада. „Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет. Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага. Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда. Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.

The post Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам appeared first on Република.

]]>
Давид Козак е масовниот убиец од Прага https://republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/ Thu, 21 Dec 2023 18:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=725392

Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал Новинки, е 24-годишниот Давид Козак, студент на Филозовскиот факултет. Како што пренесува порталот, полицијата во четвртокот попладне започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случај на насилна смрт на Кладно. Тој наводно го убил својот татко во семејната куќа.

Двата случаи се подоцна поврзани.

Мотивот за пукањето се уште не е познат.

Полицајците во централна Чешка објавија дека трагаат по млад човек наводно поврзан со насилната смрт на маж во регионот. Не исклучуваат поврзаност со пукањето во Прага, пренесува порталот Блеск.

Во областа Кладенско/Кладно интервенираа неколку полициски единици, од кои некои се опремени со долги цевки или митралези. Според информациите на порталот Новинки, сè укажува дека настанот е поврзан со масакрот на Филозофскиот факултет во Прага.

Според порталот, полицајци можат да се видат во една од семејните куќи во селото Хостоун во Кладно. Меѓу интервентните полициски службеници има и пиротехничари и други вештаци. Полицијата се уште официјално не соопштува детали за инцидентот.

The post Давид Козак е масовниот убиец од Прага appeared first on Република.

]]>

Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал Новинки, е 24-годишниот Давид Козак, студент на Филозовскиот факултет. Како што пренесува порталот, полицијата во четвртокот попладне започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случај на насилна смрт на Кладно. Тој наводно го убил својот татко во семејната куќа. Двата случаи се подоцна поврзани. Мотивот за пукањето се уште не е познат. Полицајците во централна Чешка објавија дека трагаат по млад човек наводно поврзан со насилната смрт на маж во регионот. Не исклучуваат поврзаност со пукањето во Прага, пренесува порталот Блеск. Во областа Кладенско/Кладно интервенираа неколку полициски единици, од кои некои се опремени со долги цевки или митралези. Според информациите на порталот Новинки, сè укажува дека настанот е поврзан со масакрот на Филозофскиот факултет во Прага. Според порталот, полицајци можат да се видат во една од семејните куќи во селото Хостоун во Кладно. Меѓу интервентните полициски службеници има и пиротехничари и други вештаци. Полицијата се уште официјално не соопштува детали за инцидентот.

The post Давид Козак е масовниот убиец од Прага appeared first on Република.

]]>
Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол https://republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/ Thu, 21 Dec 2023 16:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=725387

Пукањето на Карловиот универзитет во кое еден човек уби 10, а рани повеќе студенти и наставници за шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен е бесмислен чин кој однел неколку животи.

„Шокирана сум од бесмисленото пукање кое денеска однесе неколку животи во Прага. Им изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до чешкиот народ во целина. Покрај вас сме и тагуваме со вас“, рече шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Напаѓачот, кого чешката полиција усеала да го ликвидира, уби 10 луѓе. Чешката телевизија јавува дека во масакрот биле убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Најмалку 24 се повредени.

https://republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karloviot-univerzitet-vo-praga-ima-mrtvi-i-raneti/

Додека траел крвавиот пир, за којшто се уште не се знае мотивот, професорите, студентите и вработените на Филозофскиот факултет попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат.

Сличен мејл добиле и вработените во Високата школа за уметност и индустрија, која исто така се наоѓа на Плоштадот „Јан Палах“.

„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете го мебелот пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат во зграда на Плоштадот „Јан Палах“, стои во мејлот.

Еден од студентите на Твитер објави фотографија од училницата во која се криел.

„Во моментов сум забарикадиран во училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да преживееме. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори. Ова е пекол“, напишал.

Поради трагичниот настан во главниот чешки град Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека ги откажал должностите во Оломуц и се враќа во Прага. Тој побара од граѓаните да ги следат упатствата на службите.

Според некои студенти, девојка која се обидела да се спаси преку балкон, паднала. Оваа информација не е потврдена и не се знае состојбата на девојката.

The post Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол appeared first on Република.

]]>

Пукањето на Карловиот универзитет во кое еден човек уби 10, а рани повеќе студенти и наставници за шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен е бесмислен чин кој однел неколку животи.
„Шокирана сум од бесмисленото пукање кое денеска однесе неколку животи во Прага. Им изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до чешкиот народ во целина. Покрај вас сме и тагуваме со вас“, рече шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Напаѓачот, кого чешката полиција усеала да го ликвидира, уби 10 луѓе. Чешката телевизија јавува дека во масакрот биле убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Најмалку 24 се повредени. https://republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karloviot-univerzitet-vo-praga-ima-mrtvi-i-raneti/ Додека траел крвавиот пир, за којшто се уште не се знае мотивот, професорите, студентите и вработените на Филозофскиот факултет попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат. Сличен мејл добиле и вработените во Високата школа за уметност и индустрија, која исто така се наоѓа на Плоштадот „Јан Палах“.
„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете го мебелот пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат во зграда на Плоштадот „Јан Палах“, стои во мејлот.
Еден од студентите на Твитер објави фотографија од училницата во која се криел.
„Во моментов сум забарикадиран во училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да преживееме. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори. Ова е пекол“, напишал.
Поради трагичниот настан во главниот чешки град Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека ги откажал должностите во Оломуц и се враќа во Прага. Тој побара од граѓаните да ги следат упатствата на службите. Според некои студенти, девојка која се обидела да се спаси преку балкон, паднала. Оваа информација не е потврдена и не се знае состојбата на девојката.

The post Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол appeared first on Република.

]]>