повик Archives - Република https://republika.mk/tema/povik/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 07:42:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повик Archives - Република https://republika.mk/tema/povik/ 32 32 Од денеска почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк https://republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-pochnuva-aplitsiraneto-za-subventsioniran-studentski-obrok/ Thu, 15 Aug 2024 07:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=806670

Министерството за образование и наука информира дека од денеска започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк.

Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година е до 5 септември.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Македонија. Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови:

-да не се во редовен работен однос;
-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.

Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

За реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Оттаму, сите студенти кои ќе се стекнат со ова право, за што ќе бидат известени од страна на МОН по електронски пат, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка.

Министерството за образование и наука информира дека можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе биде отворена во периодот од 1-ви до 5-ти, секој нареден месец од академската 2024/2025 година и тоа за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во повикот.

 

The post Од денеска почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека од денеска започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година е до 5 септември. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Македонија. Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови: -да не се во редовен работен однос; -да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и -да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година. При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври. За реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Оттаму, сите студенти кои ќе се стекнат со ова право, за што ќе бидат известени од страна на МОН по електронски пат, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка. Министерството за образование и наука информира дека можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе биде отворена во периодот од 1-ви до 5-ти, секој нареден месец од академската 2024/2025 година и тоа за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во повикот.  

The post Од денеска почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Повик за учество во програмата на битолското културно лето „Бит фест 2024“ https://republika.mk/vesti/kultura/povik-za-uchestvo-vo-programata-na-bitolskoto-kulturno-leto-bit-fest-2024/ Wed, 17 Jul 2024 15:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=797739

Од денеска до 23 јули 2024 (до 15.30 часот) е отворен јавниот повик на Општина Битола за учество во програмата на годинашното, 16-то битолско културно лето - „Бит фест 2024“.

Повикот е за кофинансирање манифестации и проекти од областа на културата: музичка и музичко-сценска уметност; театар; ликовна уметност; видео, фото, филмска уметност; литература; фолклор; нови уметности; мултидисциплинарни проекти.

Како што соопшти Општина Битола, предвиден е вкупен износ од еден милион денари, а aктивностите треба да бидат реализирани заклучно со 31 август 2024.

-Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола. Со цел поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат  манифестации и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма, наведува Општина Битола во повикот на кој заинтересираните може да се пријават во наредните шест дена.

Општината посочува дека организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од програмата на „Бит фест 2024“.

Повеќе информации за јавниот повик и документацијата за аплицирање се достапни на линкот www.bitola.gov.mk/bitfest-2024/

The post Повик за учество во програмата на битолското културно лето „Бит фест 2024“ appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 23 јули 2024 (до 15.30 часот) е отворен јавниот повик на Општина Битола за учество во програмата на годинашното, 16-то битолско културно лето - „Бит фест 2024“. Повикот е за кофинансирање манифестации и проекти од областа на културата: музичка и музичко-сценска уметност; театар; ликовна уметност; видео, фото, филмска уметност; литература; фолклор; нови уметности; мултидисциплинарни проекти. Како што соопшти Општина Битола, предвиден е вкупен износ од еден милион денари, а aктивностите треба да бидат реализирани заклучно со 31 август 2024. -Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола. Со цел поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат  манифестации и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма, наведува Општина Битола во повикот на кој заинтересираните може да се пријават во наредните шест дена. Општината посочува дека организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од програмата на „Бит фест 2024“. Повеќе информации за јавниот повик и документацијата за аплицирање се достапни на линкот www.bitola.gov.mk/bitfest-2024/

The post Повик за учество во програмата на битолското културно лето „Бит фест 2024“ appeared first on Република.

]]>
Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ објавува повик за финансирање за проекти за културно наследство во Југоисточна Европа https://republika.mk/vesti/kultura/fondot-za-kulturno-nasledstvo-hedli-jie-objavuva-povik-za-finansirane-za-proekti-za-kulturno-nasledstvo-vo-jugoistochna-evropa/ Fri, 17 May 2024 12:26:19 +0000 https://republika.mk/?p=779194

Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ објавува отворен повик за апликации, поканувајќи посветени организации од Југоисточна Европа да се вклучат во револуционерни проекти, фокусирани на зачувување и славење на културното наследство. Оваа иницијатива претставува критички напор за зголемување на одржливоста, инклузивноста и регионалната соработка во секторот културно наследство.

Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ е посветен на поддршка на заштитата на културното наследство низ Југоисточна Европа. Иницијативата на Фондот e да се поттикне регионална соработка, да ја зголеми вклученоста на заедниците и да промовираат одржливи практики во секторот културно наследство. Придружете ни се во нашата мисија да го славиме и зачуваме културното, разновидно и историски значајно наследство на овој динамичен регион.

Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ очекува апликации од невладини организации и јавни институции кои делуваат во областите на зачувувањето на наследството и културна свест. Подобни апликанти се музеите, библиотеките, архивите и невладините организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Република Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.

Проектите кои се подобни за финансирање од Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ мора да демонстрираат иновативни пристапи кон зачувување на наследството, со значајно вклучување на заедницата. Фондот дава приоритет на иницијативи кои ги вклучуваат локалните заедници, промовираат регионална соработка и разбирање, водат кон долгорочни одржливи подобрувања во секторот културно наследство и се реализираат во соработка со други подобни институции за наследство од регионот.

Фондот ќе поддржи проекти различни по обем, односно до 5,000 евра, достапни за мали проекти и до 10,000 евра за поголеми иницијативи. Вкупното достапно финансирање за овој повик изнесува 34,000 евра.

Успешните проекти мора јасно да ги артикулираат целите на проектот, предизвиците, методите и очекуваните резултати. Покрај тоа, тие треба да обезбедат детален буџет и финансиско планирање а да започнат со имплементација во 2024 година.

Организациите кои се заинтересирани за аплицирање треба да поднесат своите предлози преку официјалната веб-страница на Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ до 1 јуни 2024 година. Комплетни детали за процесот на апликација, критериуми за подобност и упатства за финансирање се достапни на https://headleyseefund.org

Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ се администрира од Балканска музејска мрежа. https://www.bmuseums.net. Фондот е финансиран од Headley Trust UK.

 

The post Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ објавува повик за финансирање за проекти за културно наследство во Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ објавува отворен повик за апликации, поканувајќи посветени организации од Југоисточна Европа да се вклучат во револуционерни проекти, фокусирани на зачувување и славење на културното наследство. Оваа иницијатива претставува критички напор за зголемување на одржливоста, инклузивноста и регионалната соработка во секторот културно наследство. Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ е посветен на поддршка на заштитата на културното наследство низ Југоисточна Европа. Иницијативата на Фондот e да се поттикне регионална соработка, да ја зголеми вклученоста на заедниците и да промовираат одржливи практики во секторот културно наследство. Придружете ни се во нашата мисија да го славиме и зачуваме културното, разновидно и историски значајно наследство на овој динамичен регион. Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ очекува апликации од невладини организации и јавни институции кои делуваат во областите на зачувувањето на наследството и културна свест. Подобни апликанти се музеите, библиотеките, архивите и невладините организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Република Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија. Проектите кои се подобни за финансирање од Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ мора да демонстрираат иновативни пристапи кон зачувување на наследството, со значајно вклучување на заедницата. Фондот дава приоритет на иницијативи кои ги вклучуваат локалните заедници, промовираат регионална соработка и разбирање, водат кон долгорочни одржливи подобрувања во секторот културно наследство и се реализираат во соработка со други подобни институции за наследство од регионот. Фондот ќе поддржи проекти различни по обем, односно до 5,000 евра, достапни за мали проекти и до 10,000 евра за поголеми иницијативи. Вкупното достапно финансирање за овој повик изнесува 34,000 евра. Успешните проекти мора јасно да ги артикулираат целите на проектот, предизвиците, методите и очекуваните резултати. Покрај тоа, тие треба да обезбедат детален буџет и финансиско планирање а да започнат со имплементација во 2024 година. Организациите кои се заинтересирани за аплицирање треба да поднесат своите предлози преку официјалната веб-страница на Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ до 1 јуни 2024 година. Комплетни детали за процесот на апликација, критериуми за подобност и упатства за финансирање се достапни на https://headleyseefund.org Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ се администрира од Балканска музејска мрежа. https://www.bmuseums.net. Фондот е финансиран од Headley Trust UK.  

The post Фондот за културно наследство Хедли ЈИЕ објавува повик за финансирање за проекти за културно наследство во Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>
Отворен е повикот за престижната награда ДЕНЕС https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-e-povikot-za-prestizhnata-nagrada-denes/ Tue, 16 Apr 2024 11:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=766696

Повикот за наградата ДЕНЕС за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Македонија до 35 години која подразбира двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited и дополнителни новини и резиденции е отворен од денес, 16 април и ќе трае до 31 мај 2024 година.

Наградата ДЕНЕС овозможува и уникатно искуство на уметниците да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност насловен „Совршениот уметник“, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да продуцираат ново дело, во рамки на изложба како финалисти на наградата.

Оваа значајна и независна награда, која се доделува по осумнаесетти пат во земјава, во 2023 година го одбележа и своето 20 годишно постоење.

Отворениот повик наградата ДЕНЕС 2024 го објавуваат Oрганизацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA) Residency Unlimited, Њујорк, Trust for Mutual Understanding, Њујорк.

 

The post Отворен е повикот за престижната награда ДЕНЕС appeared first on Република.

]]>

Повикот за наградата ДЕНЕС за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Македонија до 35 години која подразбира двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited и дополнителни новини и резиденции е отворен од денес, 16 април и ќе трае до 31 мај 2024 година. Наградата ДЕНЕС овозможува и уникатно искуство на уметниците да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност насловен „Совршениот уметник“, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да продуцираат ново дело, во рамки на изложба како финалисти на наградата. Оваа значајна и независна награда, која се доделува по осумнаесетти пат во земјава, во 2023 година го одбележа и своето 20 годишно постоење. Отворениот повик наградата ДЕНЕС 2024 го објавуваат Oрганизацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA) Residency Unlimited, Њујорк, Trust for Mutual Understanding, Њујорк.  

The post Отворен е повикот за престижната награда ДЕНЕС appeared first on Република.

]]>
МОН објави нов повик за финансиска поддршка на учениците за оние кои не се пријавиле во декември https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-objavi-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-na-uchenitsite-za-onie-koi-ne-se-prijavile-vo-dekemvri/ Wed, 10 Jan 2024 13:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=731609

Министерството за образование и наука објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември, лани. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари 2024 година.

Јавниот повик е достапен на следниот линк: Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари (mon.gov.mk)

Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат.

Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно а средношколците 1.800 денари. Оваа помош е дел од 9.пакет антикризни мерки на Владата, со цел обезбедување подобри материјални услови за учениците на кои им е потребна социјална заштита во услови на повеќе испреплетени кризи.

Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, а заклучно со мај 2024.

The post МОН објави нов повик за финансиска поддршка на учениците за оние кои не се пријавиле во декември appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември, лани. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари 2024 година. Јавниот повик е достапен на следниот линк: Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари (mon.gov.mk) Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат. Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно а средношколците 1.800 денари. Оваа помош е дел од 9.пакет антикризни мерки на Владата, со цел обезбедување подобри материјални услови за учениците на кои им е потребна социјална заштита во услови на повеќе испреплетени кризи. Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, а заклучно со мај 2024.

The post МОН објави нов повик за финансиска поддршка на учениците за оние кои не се пријавиле во декември appeared first on Република.

]]>
МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение за идната учебна година https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-utre-ke-pochne-da-objavuva-povitsi-za-avtori-za-novi-uchebnitsi-za-sedmo-oddelenie-za-idnata-uchebna-godina/ Wed, 15 Nov 2023 10:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=701758

Министерството за образование и наука утре ќе ја почне постапката за изработка на учебници за седмо одделение кои ќе се користат идната учебна година, откако Бирото за образование и наука (БРО) минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование која се спроведува етапно.

Министерот Јетон Шаќири соопшти дека утре ќе почне објавувањето повици за автори за учебниците што ќе се изработуваат согласно новите програми. Бидејќи тие до МОН се доставени многу порано отколку што беа доставени програмите за шесто, поради кои годинава доцнеа учебниците, министерот посочи дека сега ќе има доволно долг период да се изработат и да се распределат навреме.

-Во минатиот период имавме проблеми, но сакаме да докажеме дека со навремени повици за автори ќе имаме долг период за изработка и печатење на учебниците за наредната учебна година. Како министер побарав истовремено да се изработат и програмите за осмо и деветто одделение за да имаме континуитет на она што треба целосно да се реализира во основното образование. Затоа што може да произлезат прашања зошто еден дел од материјалот не е предвиден во седмо и да имаме одговор дали тој е предвиден до крајот на основното образование, изјави Шаќири денеска по отворањето на состанокот на Управниот комитет на COST – европска програма за соработка на областа на науката и технологијата.

Учебниците по Историја и општество за петто и за шесто одделение се уште ги нема во наставата затоа што, иако ракописите од авторските тимови се доставени до МОН, не се јавуваат рецензенти на огласите.

Шаќири изјави дека во три до четири обиди нема пријави и МОН со допис се обратило до сите соодветни факултети за да се јават професори што ќе ги рецензираат за потоа да може да продолжи наредната фаза, нивно печатење и дистрибуција.

Но, значајно е тоа што учениците имаат подготвителни материјали за цела година, подготвени од Бирото за развој на образованието според наставната програма. Очекувам дека во наредниот период, најбрзо што може, професори ќе се вклучат како рецензенти и нивните забелешки да бидат земени предвид од Националната комисија за учебници. Затоа ги повикувам сите професори, како што се вклучија за сите други учебници што ги завршивме, да се вклучат и за учебникот по Историја и општество, истакна Шаќири.

 

The post МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение за идната учебна година appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука утре ќе ја почне постапката за изработка на учебници за седмо одделение кои ќе се користат идната учебна година, откако Бирото за образование и наука (БРО) минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование која се спроведува етапно. Министерот Јетон Шаќири соопшти дека утре ќе почне објавувањето повици за автори за учебниците што ќе се изработуваат согласно новите програми. Бидејќи тие до МОН се доставени многу порано отколку што беа доставени програмите за шесто, поради кои годинава доцнеа учебниците, министерот посочи дека сега ќе има доволно долг период да се изработат и да се распределат навреме.
-Во минатиот период имавме проблеми, но сакаме да докажеме дека со навремени повици за автори ќе имаме долг период за изработка и печатење на учебниците за наредната учебна година. Како министер побарав истовремено да се изработат и програмите за осмо и деветто одделение за да имаме континуитет на она што треба целосно да се реализира во основното образование. Затоа што може да произлезат прашања зошто еден дел од материјалот не е предвиден во седмо и да имаме одговор дали тој е предвиден до крајот на основното образование, изјави Шаќири денеска по отворањето на состанокот на Управниот комитет на COST – европска програма за соработка на областа на науката и технологијата.
Учебниците по Историја и општество за петто и за шесто одделение се уште ги нема во наставата затоа што, иако ракописите од авторските тимови се доставени до МОН, не се јавуваат рецензенти на огласите. Шаќири изјави дека во три до четири обиди нема пријави и МОН со допис се обратило до сите соодветни факултети за да се јават професори што ќе ги рецензираат за потоа да може да продолжи наредната фаза, нивно печатење и дистрибуција.
Но, значајно е тоа што учениците имаат подготвителни материјали за цела година, подготвени од Бирото за развој на образованието според наставната програма. Очекувам дека во наредниот период, најбрзо што може, професори ќе се вклучат како рецензенти и нивните забелешки да бидат земени предвид од Националната комисија за учебници. Затоа ги повикувам сите професори, како што се вклучија за сите други учебници што ги завршивме, да се вклучат и за учебникот по Историја и општество, истакна Шаќири.
 

The post МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение за идната учебна година appeared first on Република.

]]>
„Наука за деца“ ја востановува наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ вредна 30 илјади денари за ученици од 6 до 9 одделение https://republika.mk/vesti/kultura/nauka-za-detsa-ja-vostanovuva-nagradata-za-izvonreden-nauchen-potentsijal-ivan-kostarov-vredna-30-iljadi-denari-za-uchenitsi-od-6-do-9-oddelenie/ Thu, 21 Sep 2023 14:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=683839

Во пресрет на Втората научна конференција за деца, платформата „Наука за деца“ ја востановува наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ во вредност од 30.000 денари.

Се повикуваат сите ученици и ученички од 6 до 9 одделение во основните училишта низ државата, кои имаат научен потенцијал, да се обидат да го зголемат уште повеќе. Како? Едноставно, треба да ни покажат колку ја сакаат науката, колку се добри во тоа што го сакаат и што конкретно би направиле за да станат уште подобри.

Платформата „Наука за деца“, заедно со проф. д-р Венка Симовска, во пресрет на Втората научна конференција за деца, која ќе се одржи на 7 октомври оваа година, за првпат ќе ја додели наградата за научен потенцијал „Иван Ќостаров“. Наградата се доделува за љубов кон науката, оригиналност и свесност како науката може да придонесе за личен и општествен развој.

Што е потребно за да се пријавите за наградата?
1. да сте ученик/ученичка од 6 до 9 одделение во основно училиште во државата;
2. во најмногу пет точки да ни кажете што сакате во науката, зошто и како мислите дека науката може да придонесе за личен или за развој на општеството;
3. да ни кажете за што би ги употребиле средствата од наградата и зошто ви е важно тоа.

Внесете го тоа во овој формулар и пријавени сте!

Што би финансирале и колкава е наградата?

Како платформа за научна култура и ментална фискултура на најмладите, „Наука за деца“ преку оваа награда би финансирала опрема за експерименти и други научни проекти, учество на обуки и курсеви, би покриле трошоци за меѓународни натпревари... Со други зборови, тоа што вие сметате дека ќе има големо значење за развој на вашиот личен научен потенцијал.
Наградата е во износ од 30.000 денари, кои ќе можат да се искористат за покривање трошоци како опишаните погоре. Наградната сума може да се искористи еднократно или за повеќе намени, но задолжително во текот на една година од денот на доделувањето на наградата.

До кога можете да аплицирате?

Повикот за наградата „Иван Ќостаров“ е отворен од 21 септември до 1 октомври. Стручно жири составено од научниците што стојат зад „Наука за деца“ ќе ги оценува апликациите, а одлуката за доделување на наградата ќе биде соопштена на 7 октомври, за време на Втората научна конференција за деца.

Кој бил Иван Ќостаров?

Наградата го носи името на Иван Ќостаров, роден во Скопје во 1955 година а починал во Копенхаген, Данска, во 2019. Иван имал само 14 години кога љубопитноста го инспирирала да замине од дома за да учи во славната математичка гимназија во Белград. По професија бил електроинженер и софтвер-архитект, кој долги години живеел во Данска. Тој е и човекот кој заедно со уште неколкумина го составил од нула првиот компјутер во Македонија. Имал бројни и разновидни интереси, но особено бил ентузијастичен кон природните науки. Сакал математика, логика, компјутерски науки, астрономија, астрофизика, генетика и сонувал еден ден да патува во вселената. Сонот не го остварил, но затоа е тука оваа награда во негова чест, која се надеваме дека ќе им помогне на многу деца да чекорат полесно кон остварување на своите научно-љубопитни соништа.

 

The post „Наука за деца“ ја востановува наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ вредна 30 илјади денари за ученици од 6 до 9 одделение appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на Втората научна конференција за деца, платформата „Наука за деца“ ја востановува наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ во вредност од 30.000 денари. Се повикуваат сите ученици и ученички од 6 до 9 одделение во основните училишта низ државата, кои имаат научен потенцијал, да се обидат да го зголемат уште повеќе. Како? Едноставно, треба да ни покажат колку ја сакаат науката, колку се добри во тоа што го сакаат и што конкретно би направиле за да станат уште подобри. Платформата „Наука за деца“, заедно со проф. д-р Венка Симовска, во пресрет на Втората научна конференција за деца, која ќе се одржи на 7 октомври оваа година, за првпат ќе ја додели наградата за научен потенцијал „Иван Ќостаров“. Наградата се доделува за љубов кон науката, оригиналност и свесност како науката може да придонесе за личен и општествен развој. Што е потребно за да се пријавите за наградата? 1. да сте ученик/ученичка од 6 до 9 одделение во основно училиште во државата; 2. во најмногу пет точки да ни кажете што сакате во науката, зошто и како мислите дека науката може да придонесе за личен или за развој на општеството; 3. да ни кажете за што би ги употребиле средствата од наградата и зошто ви е важно тоа. Внесете го тоа во овој формулар и пријавени сте! Што би финансирале и колкава е наградата? Како платформа за научна култура и ментална фискултура на најмладите, „Наука за деца“ преку оваа награда би финансирала опрема за експерименти и други научни проекти, учество на обуки и курсеви, би покриле трошоци за меѓународни натпревари... Со други зборови, тоа што вие сметате дека ќе има големо значење за развој на вашиот личен научен потенцијал. Наградата е во износ од 30.000 денари, кои ќе можат да се искористат за покривање трошоци како опишаните погоре. Наградната сума може да се искористи еднократно или за повеќе намени, но задолжително во текот на една година од денот на доделувањето на наградата. До кога можете да аплицирате? Повикот за наградата „Иван Ќостаров“ е отворен од 21 септември до 1 октомври. Стручно жири составено од научниците што стојат зад „Наука за деца“ ќе ги оценува апликациите, а одлуката за доделување на наградата ќе биде соопштена на 7 октомври, за време на Втората научна конференција за деца. Кој бил Иван Ќостаров? Наградата го носи името на Иван Ќостаров, роден во Скопје во 1955 година а починал во Копенхаген, Данска, во 2019. Иван имал само 14 години кога љубопитноста го инспирирала да замине од дома за да учи во славната математичка гимназија во Белград. По професија бил електроинженер и софтвер-архитект, кој долги години живеел во Данска. Тој е и човекот кој заедно со уште неколкумина го составил од нула првиот компјутер во Македонија. Имал бројни и разновидни интереси, но особено бил ентузијастичен кон природните науки. Сакал математика, логика, компјутерски науки, астрономија, астрофизика, генетика и сонувал еден ден да патува во вселената. Сонот не го остварил, но затоа е тука оваа награда во негова чест, која се надеваме дека ќе им помогне на многу деца да чекорат полесно кон остварување на своите научно-љубопитни соништа.  

The post „Наука за деца“ ја востановува наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ вредна 30 илјади денари за ученици од 6 до 9 одделение appeared first on Република.

]]>
МНР: Повик за пројавување интерес за вклучување во проектот МК карта https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-povik-za-projavuvane-interes-za-vkluchuvane-vo-proektot-mk-karta/ Mon, 15 May 2023 15:13:12 +0000 https://republika.mk/?p=641061

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта [email protected] со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.

Напоменуваме дека сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени во предвид при следната селекција.

Да потсетиме, проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка“.

The post МНР: Повик за пројавување интерес за вклучување во проектот МК карта appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта [email protected] со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.

Напоменуваме дека сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени во предвид при следната селекција.

Да потсетиме, проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка“.

The post МНР: Повик за пројавување интерес за вклучување во проектот МК карта appeared first on Република.

]]>
Отворен повик за автори за едномесечен престој во некоја од земјите во регионот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/otvoren-povik-za-avtori-za-ednomesechen-prestoj-vo-nekoja-od-zemjite-vo-regionot/ Mon, 13 Mar 2023 07:57:50 +0000 https://republika.mk/?p=618962

Регионалниот проект Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за резиденцијален престој каде автори од Македонија, Турција, Србија, Косово, Албанија имаат можност да престојуваат во некоја од овие земји.

Целта е на авторите да им се даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со тоа да се поддржи регионалното распространување на литературни дела.

РЕАД Програмата за резиденти започнува со реализација во мај и трае до крајот на декември во зависно од избраната земјата, а престојот на авторот е еден месец.

Повикот е отворен од 1. март, а ќе трае до 30 март 2023 година. Повеќе информации за апликациите може да се најдат на линкот: https://www.goethe.de/ins/mk/kul/sup/rea.html.

 

The post Отворен повик за автори за едномесечен престој во некоја од земјите во регионот appeared first on Република.

]]>

Регионалниот проект Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за резиденцијален престој каде автори од Македонија, Турција, Србија, Косово, Албанија имаат можност да престојуваат во некоја од овие земји. Целта е на авторите да им се даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со тоа да се поддржи регионалното распространување на литературни дела. РЕАД Програмата за резиденти започнува со реализација во мај и трае до крајот на декември во зависно од избраната земјата, а престојот на авторот е еден месец. Повикот е отворен од 1. март, а ќе трае до 30 март 2023 година. Повеќе информации за апликациите може да се најдат на линкот: https://www.goethe.de/ins/mk/kul/sup/rea.html.  

The post Отворен повик за автори за едномесечен престој во некоја од земјите во регионот appeared first on Република.

]]>
МОН го објави повикот за наставници од основни училишта за кариерно напредување во звање ментор https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-go-objavi-povikot-za-nastavnitsi-od-osnovni-uchilishta-za-karierno-napreduvane-vo-zvane-mentor/ Tue, 03 Jan 2023 10:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=593063

На стартот на новата календарска година, Министерството за образование и наука со нова можност за кариерно напредување на наставниците од основните училишта. Од МОН информираат дека на веб порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk објавен e повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“.

На повикот може да се пријави наставник од основно училиште кој ги исполнува условите согласно Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, односно има најмалку 7 години работни искуство како наставник, вработен е на неопределено работно време и ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

Во самиот повик е наведена листа со општини и училишта на кои се однесува истиот.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 20 февруари 2023 година.

Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.

 

The post МОН го објави повикот за наставници од основни училишта за кариерно напредување во звање ментор appeared first on Република.

]]>

На стартот на новата календарска година, Министерството за образование и наука со нова можност за кариерно напредување на наставниците од основните училишта. Од МОН информираат дека на веб порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk објавен e повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“. На повикот може да се пријави наставник од основно училиште кој ги исполнува условите согласно Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, односно има најмалку 7 години работни искуство како наставник, вработен е на неопределено работно време и ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор. Во самиот повик е наведена листа со општини и училишта на кои се однесува истиот. Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 20 февруари 2023 година. Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.  

The post МОН го објави повикот за наставници од основни училишта за кариерно напредување во звање ментор appeared first on Република.

]]>
Колку Владата повеќе го игнорира народот, толку протестите се помасовни–затоа и денес во 19 часот граѓаните ќе и речат Ултиматум, Не благодарам https://republika.mk/vesti/makedonija/kolku-vladata-povekje-go-ignorira-narodot-tolku-protestite-se-pomasovni-zatoa-i-denes-vo-19-chasot-gragjanite-kje-i-rechat-ultimatum-ne-blagodaram/ Sun, 10 Jul 2022 07:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=526436

Како што расте отпорот на народот за асимилаторскиот Предлог, така расте нервозата кај власта. Се обидуваат на секој можен начин да го спречат народот масовно, достоинствено и гласно да каже НЕ, преку инфилтирање провокатори, преку сценирање етнички тензии или преку директни закани и пријави. Но, народот не им се плаши. Колку повеќе го притискаат, толку народот помотивирано и погласно излегува на масовните протести, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Народот, интелектуалците и експертите гледаат дека овој предлог е лош. Со него на Македонија и се даваат две опции или бесконечно да преговара или да се асимилира. Протоколот кој власта го крие, а кој странски медиуми го објавуваат, содржи конкретни обврски за Македонија со кои се обврзуваме да менуваме учебници, да менуваме историски факти за ликови и настани, да менуваме Устав и слични диктати кои се крајно понижувачки.

Граѓаните гледаат дека власта ќе се обиде ваквото понижување и Ултиматум да го покријат со театар во Собранието кој апсолутно ништо нема да значи. Владата е таа која треба да се вразуми и да го послуша народот кој има јасен став НЕ за ултиматуми и диктати.

Колку Ковачевски и владата се поглуви на народните барања, толку помасовни ќе бидат и протестите. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува масовните, мирни и достоинствена сенародни протести и затоа ги повикува граѓаните и денес во 19 часот да се приклучат на протестот пред Владата и уште посилно да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ!

The post Колку Владата повеќе го игнорира народот, толку протестите се помасовни–затоа и денес во 19 часот граѓаните ќе и речат Ултиматум, Не благодарам appeared first on Република.

]]>

Како што расте отпорот на народот за асимилаторскиот Предлог, така расте нервозата кај власта. Се обидуваат на секој можен начин да го спречат народот масовно, достоинствено и гласно да каже НЕ, преку инфилтирање провокатори, преку сценирање етнички тензии или преку директни закани и пријави. Но, народот не им се плаши. Колку повеќе го притискаат, толку народот помотивирано и погласно излегува на масовните протести, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ. Народот, интелектуалците и експертите гледаат дека овој предлог е лош. Со него на Македонија и се даваат две опции или бесконечно да преговара или да се асимилира. Протоколот кој власта го крие, а кој странски медиуми го објавуваат, содржи конкретни обврски за Македонија со кои се обврзуваме да менуваме учебници, да менуваме историски факти за ликови и настани, да менуваме Устав и слични диктати кои се крајно понижувачки. Граѓаните гледаат дека власта ќе се обиде ваквото понижување и Ултиматум да го покријат со театар во Собранието кој апсолутно ништо нема да значи. Владата е таа која треба да се вразуми и да го послуша народот кој има јасен став НЕ за ултиматуми и диктати. Колку Ковачевски и владата се поглуви на народните барања, толку помасовни ќе бидат и протестите. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува масовните, мирни и достоинствена сенародни протести и затоа ги повикува граѓаните и денес во 19 часот да се приклучат на протестот пред Владата и уште посилно да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ!

The post Колку Владата повеќе го игнорира народот, толку протестите се помасовни–затоа и денес во 19 часот граѓаните ќе и речат Ултиматум, Не благодарам appeared first on Република.

]]>
Повик за современи драмски текстови кои ќе бидат објавени во е-антологија https://republika.mk/vesti/kultura/povik-za-sovremeni-dramski-tekstovi-koi-kje-bidat-objaveni-vo-e-antologija/ Mon, 09 May 2022 13:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=499957

Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/Продукција соопшти дека до крајот на јуни е отворен Повик за електронска Антологија на современи драмски текстови. Повикот е насловен „Јас не сум мртов, болен и славен“ и е дел од промотивниот проект „Драмски инверзии“ поддржан од Министерството за култура.

Повикот е афирмативен, поттикнувачки и ги повикува сите драмски, театарски и книжевни уметници, автори/ки, писатели/ки, поет(ес)и по свој (најдобар) избор да испратат драмски текст кој е создаден (објавен, необјавен, инсцениран или неинсцениран) во периодот од 2010 до 2022 година. Во овој повик нема старосен лимит и е отворен за сите драмски автори/ки и други автори/ки кои професионално пишуваат. Нема тематски и жанровски ограничувања за драмските текстови кои треба да се напишани или преведени на македонски јазик и/или англиски јазик и лекторирани, соопшти Македонскиот центар на ИТИ/Продукција.

Ќе биде прифатен еден драмски текст напишан во изминатите 12 години, кој треба да е подготвен и пратен во Ворд со фонт Тајмс њу роман на македонски (кирилица) или англиски јазик (латиница) и на фонт 11 или 12. Во прилог на драмскиот текст треба да биде пратена кратка професионална биографија (до 300 знаци), со листа на напишани (објавени и поставени) драмски текстови, на македонски јазик (кирилица), и една промотивна фотографија од авторот/авторката во висока резолуција (300 ДПИ) во ЈПГ формат.

Повикот за праќање драмски текст за е-антологија заедно со прилозите е отворен до 30 јуни 2022 на мејлот: [email protected] со назнака: Пријава на повикот „Јас не сум мртов, болен и славен“.

Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/Продукција соопшти дека оваа година станал активен член на Меѓународната секција на ИТИ УНЕСКО – International Playwrights’ Forum IPF, чија цел е драмските текстови да се преведуваат на странски јазици, да бидат поставувани на сцена и за нив да се споделуваат информации заради меѓународни вмрежувања и афирмација на драмите и авторите/авторките.

 

The post Повик за современи драмски текстови кои ќе бидат објавени во е-антологија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/Продукција соопшти дека до крајот на јуни е отворен Повик за електронска Антологија на современи драмски текстови. Повикот е насловен „Јас не сум мртов, болен и славен“ и е дел од промотивниот проект „Драмски инверзии“ поддржан од Министерството за култура.
Повикот е афирмативен, поттикнувачки и ги повикува сите драмски, театарски и книжевни уметници, автори/ки, писатели/ки, поет(ес)и по свој (најдобар) избор да испратат драмски текст кој е создаден (објавен, необјавен, инсцениран или неинсцениран) во периодот од 2010 до 2022 година. Во овој повик нема старосен лимит и е отворен за сите драмски автори/ки и други автори/ки кои професионално пишуваат. Нема тематски и жанровски ограничувања за драмските текстови кои треба да се напишани или преведени на македонски јазик и/или англиски јазик и лекторирани, соопшти Македонскиот центар на ИТИ/Продукција.
Ќе биде прифатен еден драмски текст напишан во изминатите 12 години, кој треба да е подготвен и пратен во Ворд со фонт Тајмс њу роман на македонски (кирилица) или англиски јазик (латиница) и на фонт 11 или 12. Во прилог на драмскиот текст треба да биде пратена кратка професионална биографија (до 300 знаци), со листа на напишани (објавени и поставени) драмски текстови, на македонски јазик (кирилица), и една промотивна фотографија од авторот/авторката во висока резолуција (300 ДПИ) во ЈПГ формат. Повикот за праќање драмски текст за е-антологија заедно со прилозите е отворен до 30 јуни 2022 на мејлот: [email protected] со назнака: Пријава на повикот „Јас не сум мртов, болен и славен“. Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/Продукција соопшти дека оваа година станал активен член на Меѓународната секција на ИТИ УНЕСКО – International Playwrights’ Forum IPF, чија цел е драмските текстови да се преведуваат на странски јазици, да бидат поставувани на сцена и за нив да се споделуваат информации заради меѓународни вмрежувања и афирмација на драмите и авторите/авторките.  

The post Повик за современи драмски текстови кои ќе бидат објавени во е-антологија appeared first on Република.

]]>
МКЦ распиша повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности https://republika.mk/vesti/kultura/mkc-raspisha-povik-za-umetnici-shto-sakat-da-participiraat-so-proekti-od-oblasta-na-vizuelnite-i-primenetite-umetnosti/ Mon, 21 Feb 2022 09:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=461325

Младинскиот културен центар распиша повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од програмските активности на МКЦ за 2022 година.

На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции. Аплицирањето се врши преку онлајн апликација на следниов линк:

https://mkc.mk/vesti/mkc-povik-likovna-programa-2022/

 

Повикот е отворен најдоцна до 1 март.

 

МКЦ го задржува правото, по претходна согласност и договор со апликантот, да предложи промена на посакуваниот простор и/или термин за реализација.

The post МКЦ распиша повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности appeared first on Република.

]]>

Младинскиот културен центар распиша повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од програмските активности на МКЦ за 2022 година. На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции. Аплицирањето се врши преку онлајн апликација на следниов линк: https://mkc.mk/vesti/mkc-povik-likovna-programa-2022/   Повикот е отворен најдоцна до 1 март.   МКЦ го задржува правото, по претходна согласност и договор со апликантот, да предложи промена на посакуваниот простор и/или термин за реализација.

The post МКЦ распиша повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности appeared first on Република.

]]>