Како што расте отпорот на народот за асимилаторскиот Предлог, така расте нервозата кај власта. Се обидуваат на секој можен начин да го спречат народот масовно, достоинствено и гласно да каже НЕ, преку инфилтирање провокатори, преку сценирање етнички тензии или преку директни закани и пријави. Но, народот не им се плаши. Колку повеќе го притискаат, толку народот помотивирано и погласно излегува на масовните протести, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Народот, интелектуалците и експертите гледаат дека овој предлог е лош. Со него на Македонија и се даваат две опции или бесконечно да преговара или да се асимилира. Протоколот кој власта го крие, а кој странски медиуми го објавуваат, содржи конкретни обврски за Македонија со кои се обврзуваме да менуваме учебници, да менуваме историски факти за ликови и настани, да менуваме Устав и слични диктати кои се крајно понижувачки.

Граѓаните гледаат дека власта ќе се обиде ваквото понижување и Ултиматум да го покријат со театар во Собранието кој апсолутно ништо нема да значи. Владата е таа која треба да се вразуми и да го послуша народот кој има јасен став НЕ за ултиматуми и диктати.

Колку Ковачевски и владата се поглуви на народните барања, толку помасовни ќе бидат и протестите. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува масовните, мирни и достоинствена сенародни протести и затоа ги повикува граѓаните и денес во 19 часот да се приклучат на протестот пред Владата и уште посилно да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.