Младинскиот културен центар распиша повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од програмските активности на МКЦ за 2022 година.

На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции. Аплицирањето се врши преку онлајн апликација на следниов линк:

https://mkc.mk/vesti/mkc-povik-likovna-programa-2022/

 

Повикот е отворен најдоцна до 1 март.

 

МКЦ го задржува правото, по претходна согласност и договор со апликантот, да предложи промена на посакуваниот простор и/или термин за реализација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.