Португалија Archives - Република https://republika.mk/tema/portugalija/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 13:19:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Португалија Archives - Република https://republika.mk/tema/portugalija/ 32 32 Португалија прогласи вонредна состојба во областите што се најтешко погодени од пожарите https://republika.mk/vesti/svet/portugalija-proglasi-vonredna-sostojba-vo-oblastite-shto-se-najteshko-pogodeni-od-pozharite/ Wed, 18 Sep 2024 13:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=817503

Португалската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите најтешко погодени од пожарите, вклучително и областа Авеиро, јужно од Порто.

Во земјата моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку седум лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили, објави цивилната одбрана.

Авеиро беше меѓу најтешко погодените области, додека неколку големи пожари зафатија и други шумски области.

Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во Визеу.

Властите допрва треба да соопштат податоци за материјалната штета и бројот на евакуирани.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро ги повика полициските инспектори да ги удвојат напорите за пронаоѓање на одговорните за подметнувањето на пожарите и вети помош за погодените.

Останатите членки на Европската унија, Шпанија, Франција, Италија и Грција ангажираа по два канадери во Португалија, а помош во форма на четири противпожарни авиони пристигна од Мароко. Шпанската армија, исто така, испраќа 240 војници и возила од своите итни противпожарни баталјони во Португалија.

Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума.

Португалската национална гарда соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага.

The post Португалија прогласи вонредна состојба во областите што се најтешко погодени од пожарите appeared first on Република.

]]>

Португалската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите најтешко погодени од пожарите, вклучително и областа Авеиро, јужно од Порто. Во земјата моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку седум лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили, објави цивилната одбрана. Авеиро беше меѓу најтешко погодените области, додека неколку големи пожари зафатија и други шумски области. Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во Визеу. Властите допрва треба да соопштат податоци за материјалната штета и бројот на евакуирани. Португалскиот премиер Луис Монтенегро ги повика полициските инспектори да ги удвојат напорите за пронаоѓање на одговорните за подметнувањето на пожарите и вети помош за погодените. Останатите членки на Европската унија, Шпанија, Франција, Италија и Грција ангажираа по два канадери во Португалија, а помош во форма на четири противпожарни авиони пристигна од Мароко. Шпанската армија, исто така, испраќа 240 војници и возила од своите итни противпожарни баталјони во Португалија. Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума. Португалската национална гарда соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага.

The post Португалија прогласи вонредна состојба во областите што се најтешко погодени од пожарите appeared first on Република.

]]>
Беснеат пожари во Португалија, Владата бара помош од Европа https://republika.mk/vesti/svet/besneat-pozhari-vo-portugalija-vladata-bara-pomosh-od-evropa/ Mon, 16 Sep 2024 16:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=816885

Португалија денеска побара авиони за гаснење пожари бидејќи беснеат најмалку 15 шумски пожари во централните и северните региони, вклучително и оној во кој изгореа куќи во предградието на градот Албергарија-а-Велха.

Повеќе од 800 пожарникари се бореа со тој пожар и уште три други во северозападната област Авеиро каде што полицијата затвори автопати, вклучително и дел од главниот автопат меѓу главниот град Лисабон и Порто, и евакуираше неколку села.

Областа беше покриена со густ чад од пожарот, кој беше разгорен од силниот ветер и високите температури.

Властите соопштија дека во таа област распоредиле осум канадери.

Владата побара од Европската комисија повеќе авиони за гаснење пожари во рамките на механизмот за цивилна заштита на ЕУ, познат како RescEU.

Градоначалникот на Албергарија-а-Велхе, Антонио Луреиро за новинската агенција Луса изјави дека во пожарот биле уништени две куќи и дека пожарот се шири низ индустриската и станбената област на градот со околу 25.000 жители.

Официјалните лица рекоа дека вкупно 1.500 пожарникари се распоредени низ целата земја каде температурите надминаа 30 степени Целзиусови во текот на викендот и се очекува да останат високи во понеделник и вторник.

Португалија и соседна Шпанија забележаа помалку пожари од вообичаено по дождливиот почеток на годината. Но, и двете земји остануваат ранливи на сè потоплите и суви услови што научниците ги припишуваат на глобалното затоплување.

The post Беснеат пожари во Португалија, Владата бара помош од Европа appeared first on Република.

]]>

Португалија денеска побара авиони за гаснење пожари бидејќи беснеат најмалку 15 шумски пожари во централните и северните региони, вклучително и оној во кој изгореа куќи во предградието на градот Албергарија-а-Велха. Повеќе од 800 пожарникари се бореа со тој пожар и уште три други во северозападната област Авеиро каде што полицијата затвори автопати, вклучително и дел од главниот автопат меѓу главниот град Лисабон и Порто, и евакуираше неколку села. Областа беше покриена со густ чад од пожарот, кој беше разгорен од силниот ветер и високите температури. Властите соопштија дека во таа област распоредиле осум канадери. Владата побара од Европската комисија повеќе авиони за гаснење пожари во рамките на механизмот за цивилна заштита на ЕУ, познат како RescEU. Градоначалникот на Албергарија-а-Велхе, Антонио Луреиро за новинската агенција Луса изјави дека во пожарот биле уништени две куќи и дека пожарот се шири низ индустриската и станбената област на градот со околу 25.000 жители. Официјалните лица рекоа дека вкупно 1.500 пожарникари се распоредени низ целата земја каде температурите надминаа 30 степени Целзиусови во текот на викендот и се очекува да останат високи во понеделник и вторник. Португалија и соседна Шпанија забележаа помалку пожари од вообичаено по дождливиот почеток на годината. Но, и двете земји остануваат ранливи на сè потоплите и суви услови што научниците ги припишуваат на глобалното затоплување.

The post Беснеат пожари во Португалија, Владата бара помош од Европа appeared first on Република.

]]>
Гран при за Португалија на 13.Битолино https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-za-portugalija-na-13-bitolino/ Thu, 08 Aug 2024 18:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=804704

Со претставите „2-квадратни метри“ од Унгарија и „Воздух“ од Словачка заврши тринаесеттото издание на ИДТФ „Битолино“. Битолската публика уживаше во претставите дел од годинешното издание на фестивалот кое оваа година се одвиваше под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“.

Гран-при наградата отиде за претставата „Големото езеро“ од Португалија во продукција на Imaginar do Gigante.

 

Стручното жири беше во состав, претседател Милан Пајиќ, дипломиран актер од Србија, режисерите Драгана Милошевски-Попова и Благојче Божиновски.

„Претставата ги содржи сите елементи и ги исполнува сите критериуму на современиот театар за деца. Уникатно возбудлива, разиграна, со комбинација на театар на сенки и објекти но и драматургија која испраќа силна порака, важна и суштинска, која нѐ опоменува и нѐ потсетува на одговорноста која ја имаме преку интеракција и совршена комуникација со публиката. Жирито одлуката ја донесе едногласно“, истакна во образложението, претседателот на жири комисијата Пајиќ.

 

Претставата од Португалија на публиката и понуди една фантастична визуелизација на многу актуелна тема. На Северниот Пол, боите се здружуваат на небото формирајќи огромно бело ќебе. Мајката мечка и нејзиното малечко си играат и долго нуркаат во замрзнатото море. Потоа ги сушат алиштата на студот и одат дома да направат вечера. Но, со секој изминат ден градовите стигнуваат се поблиску и ги одмрзнуваат домовите. Мајката мечка и нејзиното младенче си заминуваат. Каде? Тоа е она што ќе го дознаеме. Глобалното затоплување и загадувањето на морето станаа еден од најголемите проблеми на Земјата. Врз основа на приказната за семејство на поларни мечки, португалскиот театар на публиката ќе му претстави едно уметничко дело за животната средина, со манипулација со предмети, кукли и проектирани сенки.

Imaginar do Gigante е креативна структура која обезбедува услуги од областа на уметноста и културата. Изведувачките уметности, современи дела за деца и издаваштво на книги за читање се главните области на активност на овој театар. Нивната примарна работа е да истражуваат нови креативни процеси, од текстови до нови слики, во областа на театарската естетика за деца. Креативците во овој театар веруваат во детската уметничка лабораторија и во потрагата по уметничка естетика која може да се осврне на основите на слободата, на нашето најголемо богатство имагинација. Проучувањето на новите естетски, еколошки и технолошки модалитети, хибридни и извонредни, можат да го трансформираат она што го нарекуваме дете на иднината. Тимот во овој проект работеше со деца на различни локации во Португалија, Сао Томе и Принсипе, Мали, Гвинеја-Бисао, Мозамбик и други земји. Со својата работа придонесуваат за подобрување на уметничкото образование и системот за обука за театар, како и зближување на децата од современите изведувачки уметности. Amaginar do Gigante е поддржан од Генералниот директорат за уметности, член на мрежата Descampado Artis tas Associados и член на ASSITEJ.

 

Оваа година за време на Фестивалот во Битола се одржуваше и театарската работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што Битолино ја продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто.

Фестивалот се одржуваше на сцените на НУ. Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција, беа на сцената на НУ. Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно беше проект од национален интерес во културата за 2024 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2024 и составен дел од програмата на Битфест 2024.

The post Гран при за Португалија на 13.Битолино appeared first on Република.

]]>

Со претставите „2-квадратни метри“ од Унгарија и „Воздух“ од Словачка заврши тринаесеттото издание на ИДТФ „Битолино“. Битолската публика уживаше во претставите дел од годинешното издание на фестивалот кое оваа година се одвиваше под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“. Гран-при наградата отиде за претставата „Големото езеро“ од Португалија во продукција на Imaginar do Gigante.   Стручното жири беше во состав, претседател Милан Пајиќ, дипломиран актер од Србија, режисерите Драгана Милошевски-Попова и Благојче Божиновски. „Претставата ги содржи сите елементи и ги исполнува сите критериуму на современиот театар за деца. Уникатно возбудлива, разиграна, со комбинација на театар на сенки и објекти но и драматургија која испраќа силна порака, важна и суштинска, која нѐ опоменува и нѐ потсетува на одговорноста која ја имаме преку интеракција и совршена комуникација со публиката. Жирито одлуката ја донесе едногласно“, истакна во образложението, претседателот на жири комисијата Пајиќ.   Претставата од Португалија на публиката и понуди една фантастична визуелизација на многу актуелна тема. На Северниот Пол, боите се здружуваат на небото формирајќи огромно бело ќебе. Мајката мечка и нејзиното малечко си играат и долго нуркаат во замрзнатото море. Потоа ги сушат алиштата на студот и одат дома да направат вечера. Но, со секој изминат ден градовите стигнуваат се поблиску и ги одмрзнуваат домовите. Мајката мечка и нејзиното младенче си заминуваат. Каде? Тоа е она што ќе го дознаеме. Глобалното затоплување и загадувањето на морето станаа еден од најголемите проблеми на Земјата. Врз основа на приказната за семејство на поларни мечки, португалскиот театар на публиката ќе му претстави едно уметничко дело за животната средина, со манипулација со предмети, кукли и проектирани сенки. Imaginar do Gigante е креативна структура која обезбедува услуги од областа на уметноста и културата. Изведувачките уметности, современи дела за деца и издаваштво на книги за читање се главните области на активност на овој театар. Нивната примарна работа е да истражуваат нови креативни процеси, од текстови до нови слики, во областа на театарската естетика за деца. Креативците во овој театар веруваат во детската уметничка лабораторија и во потрагата по уметничка естетика која може да се осврне на основите на слободата, на нашето најголемо богатство имагинација. Проучувањето на новите естетски, еколошки и технолошки модалитети, хибридни и извонредни, можат да го трансформираат она што го нарекуваме дете на иднината. Тимот во овој проект работеше со деца на различни локации во Португалија, Сао Томе и Принсипе, Мали, Гвинеја-Бисао, Мозамбик и други земји. Со својата работа придонесуваат за подобрување на уметничкото образование и системот за обука за театар, како и зближување на децата од современите изведувачки уметности. Amaginar do Gigante е поддржан од Генералниот директорат за уметности, член на мрежата Descampado Artis tas Associados и член на ASSITEJ.   Оваа година за време на Фестивалот во Битола се одржуваше и театарската работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што Битолино ја продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Фестивалот се одржуваше на сцените на НУ. Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција, беа на сцената на НУ. Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно беше проект од национален интерес во културата за 2024 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2024 и составен дел од програмата на Битфест 2024.

The post Гран при за Португалија на 13.Битолино appeared first on Република.

]]>
Кварцхелија за дуелот со Португалија: Се надевам дека Кристијано Роналдо ќе ми го даде дресот https://republika.mk/sport/fudbal/kvartshelija-za-duelot-so-portugalija-se-nadevam-deka-kristijano-ronaldo-ke-mi-go-dade-dresot/ Wed, 26 Jun 2024 06:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=790824

Најдобриот грузиски фудбалер, Квича Кварацхелија, ги сподели своите очекувања за натпреварот со Португалија од 3. коло од групата Ф Европското првенство.

Не се чувствувам нервозен. Сонував да играм против Роналдо. Тој повеќе не настапува во Европа, но соништата се остваруваат. Се надевам дека ќе ми го даде својот дрес. Можевме да постигнеме повеќе со Чешка и Турција, но искуството одлучува многу. Не дојдовме овде како туристи и сè уште имаме шанса да одиме понатаму, изјави Кварахцелија за „РБ Спорт“.

Грузиската репрезентација загуби од Турција (1:3) во првото коло, а одигра нерешено 1:1 со Чешка во 2. коло на ЕУРО2024 година. Со овие резултати, Грузија е на последното место во групата  е пред испаѓање од турнирот. За да избегнат такво нешто, на Грузијците им е потребна победа.

Натпреварот против Грузија - Португалија ќе се игра во Гелзенкирхен со почеток во 21 часот.

The post Кварцхелија за дуелот со Португалија: Се надевам дека Кристијано Роналдо ќе ми го даде дресот appeared first on Република.

]]>

Најдобриот грузиски фудбалер, Квича Кварацхелија, ги сподели своите очекувања за натпреварот со Португалија од 3. коло од групата Ф Европското првенство.
Не се чувствувам нервозен. Сонував да играм против Роналдо. Тој повеќе не настапува во Европа, но соништата се остваруваат. Се надевам дека ќе ми го даде својот дрес. Можевме да постигнеме повеќе со Чешка и Турција, но искуството одлучува многу. Не дојдовме овде како туристи и сè уште имаме шанса да одиме понатаму, изјави Кварахцелија за „РБ Спорт“.
Грузиската репрезентација загуби од Турција (1:3) во првото коло, а одигра нерешено 1:1 со Чешка во 2. коло на ЕУРО2024 година. Со овие резултати, Грузија е на последното место во групата  е пред испаѓање од турнирот. За да избегнат такво нешто, на Грузијците им е потребна победа. Натпреварот против Грузија - Португалија ќе се игра во Гелзенкирхен со почеток во 21 часот.

The post Кварцхелија за дуелот со Португалија: Се надевам дека Кристијано Роналдо ќе ми го даде дресот appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометарки одиграа нерешено со Португалија на младинското СП https://republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-odigraa-neresheno-so-portugalija-na-mladinskoto-sp/ Mon, 24 Jun 2024 16:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=790393

Македонската женска ракометна репрезентација до 20 години испушти шанса со победа да ја почна главната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево одигра нерешено 28-28 против Португалија во рамки на групата 4.

Во неизвесен натпревар, македонските ракометарки влегоа во самата завршница на натпреварот со високи плус три 28-25, но не успеаја да ја зачуваат предноста, дозволвајќи му на противникот со серија од 3-0 да избегне пораз.

На табелата води Португалија со три бодови од два натпревари, пред Исланд со два бода од еден натпревар.

Избраничките на селекторот Јанев се третопласирани со еден бод, а Црна гора е на последното место без бодови.

Во следното коло, утре од 20:15 часот, македонските ракометарки ќе играат против Црна Гора. ег

The post Македонските ракометарки одиграа нерешено со Португалија на младинското СП appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација до 20 години испушти шанса со победа да ја почна главната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево одигра нерешено 28-28 против Португалија во рамки на групата 4. Во неизвесен натпревар, македонските ракометарки влегоа во самата завршница на натпреварот со високи плус три 28-25, но не успеаја да ја зачуваат предноста, дозволвајќи му на противникот со серија од 3-0 да избегне пораз. На табелата води Португалија со три бодови од два натпревари, пред Исланд со два бода од еден натпревар. Избраничките на селекторот Јанев се третопласирани со еден бод, а Црна гора е на последното место без бодови. Во следното коло, утре од 20:15 часот, македонските ракометарки ќе играат против Црна Гора. ег

The post Македонските ракометарки одиграа нерешено со Португалија на младинското СП appeared first on Република.

]]>
Португалија обезбеди пласман во втората фаза https://republika.mk/sport/fudbal/portugalija-obezbedi-plasman-vo-vtorata-faza/ Sat, 22 Jun 2024 18:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=789818

епрезентацијата на Португалија попладнево ја совлада со 3:0 Турција во натпревар од групната фаза на Евро 2024 година.

Во 21. минута погоди португалскиот играч за врска Бернардо Силва, а седум минути подоцна автогол си постигна турскиот репрезентативен дефанзивец Самет Акаидин. Во вториот дел Бруно Фернандеш на асистенција на Кристијано Роналдо го постави конечниот резултат.

Капитенот на португалската репрезентација ја постигна 8-та асистенција во историјата на Европските првенства и се израмни со рекордерот на турнирот - чешкиот напаѓач Карел Поборски.

Португалија има шест бода и по ремито меѓу Грузија и Чешка (1:1), на едно коло пред крајот на Ф-групата обезбеди влез во плејофот. Турција е на второто место во групата Ф со 3 бода. Грузија и Чешка имаат по еден бод.

Во последниот натпревар од групниот турнир Португалија на 26 јуни ќе игра со Грузија, истиот ден Турција ќе се сретне со Чешка.

The post Португалија обезбеди пласман во втората фаза appeared first on Република.

]]>

епрезентацијата на Португалија попладнево ја совлада со 3:0 Турција во натпревар од групната фаза на Евро 2024 година. Во 21. минута погоди португалскиот играч за врска Бернардо Силва, а седум минути подоцна автогол си постигна турскиот репрезентативен дефанзивец Самет Акаидин. Во вториот дел Бруно Фернандеш на асистенција на Кристијано Роналдо го постави конечниот резултат. Капитенот на португалската репрезентација ја постигна 8-та асистенција во историјата на Европските првенства и се израмни со рекордерот на турнирот - чешкиот напаѓач Карел Поборски. Португалија има шест бода и по ремито меѓу Грузија и Чешка (1:1), на едно коло пред крајот на Ф-групата обезбеди влез во плејофот. Турција е на второто место во групата Ф со 3 бода. Грузија и Чешка имаат по еден бод. Во последниот натпревар од групниот турнир Португалија на 26 јуни ќе игра со Грузија, истиот ден Турција ќе се сретне со Чешка.

The post Португалија обезбеди пласман во втората фаза appeared first on Република.

]]>
Зеленски утре ќе ја посети Португалија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-utre-ke-ja-poseti-portugalija/ Mon, 27 May 2024 16:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=782164

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе пристигне во Лисабон за средби со португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза и премиерот Луиш Монтенегро, соопшти португалската влада.

Посетата на Зеленски е дел од напорите за продлабочување на односите меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Ваквата посета ќе биде и можност за потврдување на поддршката на Португалија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за продолжување на политичката, воената, финансиската и хуманитарната помош за Киев.

Зеленски денеска е во официјална посета на Шпанија, каде потпиша договор за безбедност кој вклучува воена помош од над една милијарда евра. Украинскиот претседател побара од Западот да ја принуди Русија да склучи мир, во моменти кога Киев бара да го користи западното оружје за напади на руска територија.

The post Зеленски утре ќе ја посети Португалија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе пристигне во Лисабон за средби со португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза и премиерот Луиш Монтенегро, соопшти португалската влада. Посетата на Зеленски е дел од напорите за продлабочување на односите меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Ваквата посета ќе биде и можност за потврдување на поддршката на Португалија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за продолжување на политичката, воената, финансиската и хуманитарната помош за Киев. Зеленски денеска е во официјална посета на Шпанија, каде потпиша договор за безбедност кој вклучува воена помош од над една милијарда евра. Украинскиот претседател побара од Западот да ја принуди Русија да склучи мир, во моменти кога Киев бара да го користи западното оружје за напади на руска територија.

The post Зеленски утре ќе ја посети Португалија appeared first on Република.

]]>
Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого https://republika.mk/vesti/svet/novata-konzervativna-vlada-na-portugalija-gi-vrati-drzhavnite-simboli-na-svoeto-logo/ Thu, 04 Apr 2024 07:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=761958

Новата португалска конзервативна влада, во својот прв указ, ги врати хералдичките симболи на официјалното лого, откако нејзините претходници воведоа „поинклузивно и секуларно лого“.

Меѓу симболите се армиларната сфера, рана астрономска направа што ја користеле навигаторите, пет штитови што ги симболизираат муслиманските кралеви поразени од кралот Алфонсо I од Португалија во 12 век и седум замоци што биле повторно заземени од Маврите за време на повторното освојување на Пиринејскиот Полуостров.

Сите симболи се наоѓаат на португалското знаме, а министерот Антонио Леитао Амаро на прес-конференција кажа дека овие симболи се „клучни за нашиот идентитет, нашата историја и култура“.

Минатата година социјалистичката влада воведе поедноставено лого со жолт круг помеѓу зелен и црвен правоаголник. Притоа, владата се осврна на инклузивноста и „визуелната компактност“, што не е практично.

Додека некои Португалци преку социјалните мрежи го поздравија враќањето на старите симболи, други пишуваа дека владата треба да има други приоритети поради зголемените животни трошоци.

The post Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого appeared first on Република.

]]>

Новата португалска конзервативна влада, во својот прв указ, ги врати хералдичките симболи на официјалното лого, откако нејзините претходници воведоа „поинклузивно и секуларно лого“. Меѓу симболите се армиларната сфера, рана астрономска направа што ја користеле навигаторите, пет штитови што ги симболизираат муслиманските кралеви поразени од кралот Алфонсо I од Португалија во 12 век и седум замоци што биле повторно заземени од Маврите за време на повторното освојување на Пиринејскиот Полуостров. Сите симболи се наоѓаат на португалското знаме, а министерот Антонио Леитао Амаро на прес-конференција кажа дека овие симболи се „клучни за нашиот идентитет, нашата историја и култура“. Минатата година социјалистичката влада воведе поедноставено лого со жолт круг помеѓу зелен и црвен правоаголник. Притоа, владата се осврна на инклузивноста и „визуелната компактност“, што не е практично. Додека некои Португалци преку социјалните мрежи го поздравија враќањето на старите симболи, други пишуваа дека владата треба да има други приоритети поради зголемените животни трошоци.

The post Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого appeared first on Република.

]]>
Португалија доби малцинска влада предводена од социјалдемократи https://republika.mk/vesti/svet/portugalija-dobi-maltsinska-vlada-predvodena-od-sotsijaldemokrati/ Wed, 03 Apr 2024 08:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=761599

Португалија доби малцинска влада поддржана од само 80 претставници во 230-члениот парламент.

Во Португалија е избрана централно-десничарската малцинска влада предводена од премиерот Луис Монтенегро, соочена со тешката задача да најде поддршка во најфрагментираниот парламент во последните пет децении.

На предвремените избори на 10 март, централно-десничарската коалиција Демократска алијанса (АД) предводена од Социјалдемократите на Монтенегро (ПСД) освои најмногу гласови, тесно поразувајќи ги владејачките социјалисти, кои беа на власт во последните осум години.

Во Парламентот од 230 пратеници, АД освои 80 пратенички места, а централно-левичарската Социјалистичка партија (ПС) 78 места, додека крајнодесничарската партија Долов (Чега=Доста е) е трета со 50 места, со која ниту една од двете водечки партии не сакаше да влее во коалиција.

Монтенегро рече дека владата е решена да владее до крајот на мандатот и вети дека неговата влада ќе работи „скромно, патриотски и способна за дијалог“, а истото го очекува и од опозицијата.

За усвојување закони АД ќе треба да се потпре на поддршката на екстремната десница или социјалистите, што, според аналитичарите, ќе донесе несигурна влада.

„Изгледите не укажуваат на политичка стабилност, бидејќи владата има едно од најмалите релативни мнозинства во демократијата и се соочува со жестока опозиција од посилната екстремна десница“, рече Андре Фреире, политиколог од истражувачкиот универзитет ISCTE.

Меѓу другото, Монтенегро вети пониски даноци за семејствата и фирмите, повисоки пензии и повисоки плати за полицајците, наставниците и лекарите.

Премиерот може да протурка дел од тие мерки низ парламентот со поддршка на опозицијата, но клучно ќе биде одобрувањето на буџетот за 2025 година.

Гласањето на пратениците против буџетот во минатото вообичаено доведуваа до предвремени избори, па аналитичарите очекуваат АД да биде принудена да преговара со социјалистите за планот за трошење и други мерки.

The post Португалија доби малцинска влада предводена од социјалдемократи appeared first on Република.

]]>

Португалија доби малцинска влада поддржана од само 80 претставници во 230-члениот парламент. Во Португалија е избрана централно-десничарската малцинска влада предводена од премиерот Луис Монтенегро, соочена со тешката задача да најде поддршка во најфрагментираниот парламент во последните пет децении. На предвремените избори на 10 март, централно-десничарската коалиција Демократска алијанса (АД) предводена од Социјалдемократите на Монтенегро (ПСД) освои најмногу гласови, тесно поразувајќи ги владејачките социјалисти, кои беа на власт во последните осум години. Во Парламентот од 230 пратеници, АД освои 80 пратенички места, а централно-левичарската Социјалистичка партија (ПС) 78 места, додека крајнодесничарската партија Долов (Чега=Доста е) е трета со 50 места, со која ниту една од двете водечки партии не сакаше да влее во коалиција. Монтенегро рече дека владата е решена да владее до крајот на мандатот и вети дека неговата влада ќе работи „скромно, патриотски и способна за дијалог“, а истото го очекува и од опозицијата. За усвојување закони АД ќе треба да се потпре на поддршката на екстремната десница или социјалистите, што, според аналитичарите, ќе донесе несигурна влада. „Изгледите не укажуваат на политичка стабилност, бидејќи владата има едно од најмалите релативни мнозинства во демократијата и се соочува со жестока опозиција од посилната екстремна десница“, рече Андре Фреире, политиколог од истражувачкиот универзитет ISCTE. Меѓу другото, Монтенегро вети пониски даноци за семејствата и фирмите, повисоки пензии и повисоки плати за полицајците, наставниците и лекарите. Премиерот може да протурка дел од тие мерки низ парламентот со поддршка на опозицијата, но клучно ќе биде одобрувањето на буџетот за 2025 година. Гласањето на пратениците против буџетот во минатото вообичаено доведуваа до предвремени избори, па аналитичарите очекуваат АД да биде принудена да преговара со социјалистите за планот за трошење и други мерки.

The post Португалија доби малцинска влада предводена од социјалдемократи appeared first on Република.

]]>
Во Португалија штрајкуваат новинарите поради ниските плати https://republika.mk/vesti/svet/vo-portugalija-shtrajkuvaat-novinarite-poradi-niskite-plati/ Thu, 14 Mar 2024 12:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=754735

Португалските новинари повикаа на еднодневен штрајк, прв по 42 години, во знак на протест против ниските плати и несигурноста на работните места во секторот кој се соочува со големи тешкотии.

Повикот за масовен штрајк дојде откако една од главните медиумски групи, Глобал Медиа, оваа недела објави нов план за отпуштање на околу 20 вработени, меѓу кои и десетина новинари, поради сложена финансиска ситуација.

Новинската агенција Луса од синоќа на полноќ нема објавено ниту една вест, соопшти Синдикатот на новинарите.

Повеќе од 20 медиуми се погодени од штрајкот.

- Несигурноста на работата и ниските плати претставуваат пречка за правото на граѓаните на информирање, нагласи новинарскиот синдикат кој повика на штрајк.

Новинарите првенствено бараат зголемување на платите за да се справат со инфлацијата и почитување на законот за работни односи, со акцент на платата за прекувремена работа.

Новинарски протести се свикани во Лисабон, Порто и Коимбра.

Последниот генерален штрајк на португалските новинари беше во 1982 година.

 

The post Во Португалија штрајкуваат новинарите поради ниските плати appeared first on Република.

]]>

Португалските новинари повикаа на еднодневен штрајк, прв по 42 години, во знак на протест против ниските плати и несигурноста на работните места во секторот кој се соочува со големи тешкотии. Повикот за масовен штрајк дојде откако една од главните медиумски групи, Глобал Медиа, оваа недела објави нов план за отпуштање на околу 20 вработени, меѓу кои и десетина новинари, поради сложена финансиска ситуација. Новинската агенција Луса од синоќа на полноќ нема објавено ниту една вест, соопшти Синдикатот на новинарите. Повеќе од 20 медиуми се погодени од штрајкот. - Несигурноста на работата и ниските плати претставуваат пречка за правото на граѓаните на информирање, нагласи новинарскиот синдикат кој повика на штрајк. Новинарите првенствено бараат зголемување на платите за да се справат со инфлацијата и почитување на законот за работни односи, со акцент на платата за прекувремена работа. Новинарски протести се свикани во Лисабон, Порто и Коимбра. Последниот генерален штрајк на португалските новинари беше во 1982 година.  

The post Во Португалија штрајкуваат новинарите поради ниските плати appeared first on Република.

]]>
Ќе победи ли десничарскиот блок: Предвремени парламентарни избори во Португалија https://republika.mk/vesti/svet/ke-pobedi-li-desnicharskiot-blok-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-portugalija/ Sun, 10 Mar 2024 08:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=753196

Во Португалија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои 10,8 милиони Португалци ќе одлучат во кој правец ќе се движи земјата понатаму.

Според бриселскиот портал „Политико“, тоа што е сигурно е дека лидерот на социјалистите, Антонио Кошта ќе се повлече од премиерската функција.

Предвремените избори се резултат на ненадејната оставка на Кошта по истрагата за влијанието минатата есен, што значи дека неговото име нема да се најде на гласачкото ливче за првпат по девет години.

Се очекува пораз на владејачките социјалисти, но јасен победник нема да има, јави ДПА.

Речиси сите анкети предвидуваат тесна победа на централно-десничарската коалиција Демократски сојуз над Социјалистичката партија (СП).

Двајцата водечки кандидати, Педро Нуно Сантос од СП и Луис Монтенегро од Демократскиот сојуз, најверојатно ќе треба да се потпрат на склучените договори со помалите партии за да формираат влада.

Анкетите покажуваат дека блоковите формирани од десничарските и левичарските партии се речиси рамноправни и дека екстремно десничарската партија „Чега“ би можела да биде победник.

Ова се последните парламентарни избори во Европската Унија пред изборите за Европскиот парламент во јуни следната година.

The post Ќе победи ли десничарскиот блок: Предвремени парламентарни избори во Португалија appeared first on Република.

]]>

Во Португалија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои 10,8 милиони Португалци ќе одлучат во кој правец ќе се движи земјата понатаму. Според бриселскиот портал „Политико“, тоа што е сигурно е дека лидерот на социјалистите, Антонио Кошта ќе се повлече од премиерската функција. Предвремените избори се резултат на ненадејната оставка на Кошта по истрагата за влијанието минатата есен, што значи дека неговото име нема да се најде на гласачкото ливче за првпат по девет години. Се очекува пораз на владејачките социјалисти, но јасен победник нема да има, јави ДПА. Речиси сите анкети предвидуваат тесна победа на централно-десничарската коалиција Демократски сојуз над Социјалистичката партија (СП). Двајцата водечки кандидати, Педро Нуно Сантос од СП и Луис Монтенегро од Демократскиот сојуз, најверојатно ќе треба да се потпрат на склучените договори со помалите партии за да формираат влада. Анкетите покажуваат дека блоковите формирани од десничарските и левичарските партии се речиси рамноправни и дека екстремно десничарската партија „Чега“ би можела да биде победник. Ова се последните парламентарни избори во Европската Унија пред изборите за Европскиот парламент во јуни следната година.

The post Ќе победи ли десничарскиот блок: Предвремени парламентарни избори во Португалија appeared first on Република.

]]>
„Љубовната соба“ на Сузана Диневски во Португалија https://republika.mk/vesti/kultura/lubovnata-soba-na-suzana-dinevski-vo-portugalija/ Fri, 08 Mar 2024 10:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=752598

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, „Сузи Кју“ продукција и „Аворд филм и видео“ е избран во официјалната селекција на Меѓународниот документарен филмски фестивал „Doc Coimbra“, што се одржува од 6 до 10 март во португалскиот град Коимбра, информираат од тимот на режисерката.

„Doc Coimbra“ е меѓународен филмски фестивал за документарни филмови со фокус на португалски и меѓународни проекции, каде присуствуваат реномирани професионалци од светската филмска индустрија. На фестивалот се прикажуваат документарни филмови со политичка и социјална перспектива, со посебен фокус на миграција, политичко опкружување, или приказни посветени на личности заборавени од историјата, пишува во денешното соопштение.

„Љубовната соба“ на Диневски, најавено е да ја има премиерата во португалскиот град денеска во 14:30 часот.

Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни, каде главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД „Идризово“. Се прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Македонија - „Идризово“, како и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување, се наведува во соопштението.

„Љубовната соба“ е во режија на Диневски, која е и продуцент - „Сузи Кју“ продукција, извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со „Аворд филм и видео“. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, тонски дизајнер е Игор Поповски.

The post „Љубовната соба“ на Сузана Диневски во Португалија appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, „Сузи Кју“ продукција и „Аворд филм и видео“ е избран во официјалната селекција на Меѓународниот документарен филмски фестивал „Doc Coimbra“, што се одржува од 6 до 10 март во португалскиот град Коимбра, информираат од тимот на режисерката.
„Doc Coimbra“ е меѓународен филмски фестивал за документарни филмови со фокус на португалски и меѓународни проекции, каде присуствуваат реномирани професионалци од светската филмска индустрија. На фестивалот се прикажуваат документарни филмови со политичка и социјална перспектива, со посебен фокус на миграција, политичко опкружување, или приказни посветени на личности заборавени од историјата, пишува во денешното соопштение.
„Љубовната соба“ на Диневски, најавено е да ја има премиерата во португалскиот град денеска во 14:30 часот.
Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни, каде главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД „Идризово“. Се прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Македонија - „Идризово“, како и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување, се наведува во соопштението.
„Љубовната соба“ е во режија на Диневски, која е и продуцент - „Сузи Кју“ продукција, извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со „Аворд филм и видео“. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, тонски дизајнер е Игор Поповски.

The post „Љубовната соба“ на Сузана Диневски во Португалија appeared first on Република.

]]>
Португалија e водечка туристичка дестинација во Европа за 2023 година https://republika.mk/zivot/patuvanja/portugalija-e-vodechka-turistichka-destinatsija-vo-evropa-za-2023-godina/ Sat, 07 Oct 2023 08:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=685956

Португалија e прогласена за „Водечка европска дестинација 2023“ на 30. церемонија на Светските награди за патувања (WTA), што се одржа во Батуми, Грузија.

Португалија освои вкупно 17 европски награди во различни категории. Најважните моменти ги вклучуваат градот Порто, именуван како „Водечка дестинација за одмор во Европа“, Алгарве, победник на „Водечка дестинација за плажа на Европа“, Лисабон како „Водечка градска дестинација во Европа“, Мадеира, „Водечка дестинација за островот во Европа“ и Пасадесос, во Арука, како „Водечка европска авантуристичка туристичка атракција во 2023 година“.

Оваа награда е меѓународно признание за Португалија, нејзините компании, работници и португалски народ. Тоа е награда која ја фали извонредноста на нашиот туризам и неговото уникатно закрепнување по пандемијата. Португалија е најдобрата европска дестинација. Исто така, сакам да им честитам на сите компании и територии кои исто така освоија награди во различни категории“, изјави Нуно Фазенда, државен секретар за туризам, трговија и услуги.

The post Португалија e водечка туристичка дестинација во Европа за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Португалија e прогласена за „Водечка европска дестинација 2023“ на 30. церемонија на Светските награди за патувања (WTA), што се одржа во Батуми, Грузија. Португалија освои вкупно 17 европски награди во различни категории. Најважните моменти ги вклучуваат градот Порто, именуван како „Водечка дестинација за одмор во Европа“, Алгарве, победник на „Водечка дестинација за плажа на Европа“, Лисабон како „Водечка градска дестинација во Европа“, Мадеира, „Водечка дестинација за островот во Европа“ и Пасадесос, во Арука, како „Водечка европска авантуристичка туристичка атракција во 2023 година“.
Оваа награда е меѓународно признание за Португалија, нејзините компании, работници и португалски народ. Тоа е награда која ја фали извонредноста на нашиот туризам и неговото уникатно закрепнување по пандемијата. Португалија е најдобрата европска дестинација. Исто така, сакам да им честитам на сите компании и територии кои исто така освоија награди во различни категории“, изјави Нуно Фазенда, државен секретар за туризам, трговија и услуги.

The post Португалија e водечка туристичка дестинација во Европа за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Евакуирани околу 1.400 луѓе поради пожарот во Португалија https://republika.mk/vesti/svet/evakuirani-okolu-1-400-luge-poradi-pozharot-vo-portugalija/ Tue, 08 Aug 2023 07:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=669822

Стотици пожарникари се вклучени во гаснење на шумски пожар што беснее во јужна Португалија, при што изгореа околу 6.700 хектари земја, а околу 1.400 луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост.

Шумскиот пожар, со кој моментално се справуваат повеќе од 800 пожарникари, избувна во Одемира во регионот Алентехо во саботата, но оттогаш се прошири на југ кон регионот Алгарве, една од главните туристички дестинации во Португалија.

Напорите за гаснење се отежнати поради високите температури и силните ветрови. Превентивно се евакуирани вкупно 19 мали села, четири туристички сместувачки комплекси и еден камп, а блокирани се и неколку патишта, соопштија локалните власти.

Португалската метеоролошка агенција ИПМА вчера издаде црвено предупредување за екстремни горештини во шест области во земјата, вклучувајќи го и главниот град Лисабон. Властите прогласија дека повеќе од 120 општини низ Португалија се изложени на најголем ризик од пожар.

The post Евакуирани околу 1.400 луѓе поради пожарот во Португалија appeared first on Република.

]]>

Стотици пожарникари се вклучени во гаснење на шумски пожар што беснее во јужна Португалија, при што изгореа околу 6.700 хектари земја, а околу 1.400 луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост. Шумскиот пожар, со кој моментално се справуваат повеќе од 800 пожарникари, избувна во Одемира во регионот Алентехо во саботата, но оттогаш се прошири на југ кон регионот Алгарве, една од главните туристички дестинации во Португалија. Напорите за гаснење се отежнати поради високите температури и силните ветрови. Превентивно се евакуирани вкупно 19 мали села, четири туристички сместувачки комплекси и еден камп, а блокирани се и неколку патишта, соопштија локалните власти. Португалската метеоролошка агенција ИПМА вчера издаде црвено предупредување за екстремни горештини во шест области во земјата, вклучувајќи го и главниот град Лисабон. Властите прогласија дека повеќе од 120 општини низ Португалија се изложени на најголем ризик од пожар.

The post Евакуирани околу 1.400 луѓе поради пожарот во Португалија appeared first on Република.

]]>
Навивач втрча на теренот, клекна пред Роналдо, го прегрна и му се поклони https://republika.mk/sport/fudbal/navivach-vtrcha-na-terenot-klekna-pred-ronaldo-go-pregrna-i-mu-se-pokloni/ Sun, 18 Jun 2023 06:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=652642

Навивач на португалската репрезентација истрча на теренот за време на натпреварот со Босна и Херцеговина.

Во второто полувреме од квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 во Лисабон, навивач со португалско знаме тргна кон напаѓачот на Кристијано Роналдо, го прегрна, а потоа падна на колена пред него и се поклони.

Стана на нозе, навивачот повторно го прегрна 38-годишниот играч и го подигна. Потоа тој скокна, имитирајќи ја прославата која е заштитен знак на Роналдо, по што побегна, следен од обезбедувањето.

Португалија го доби натпреварот со 3:0.

The post Навивач втрча на теренот, клекна пред Роналдо, го прегрна и му се поклони appeared first on Република.

]]>

Навивач на португалската репрезентација истрча на теренот за време на натпреварот со Босна и Херцеговина. Во второто полувреме од квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 во Лисабон, навивач со португалско знаме тргна кон напаѓачот на Кристијано Роналдо, го прегрна, а потоа падна на колена пред него и се поклони. Стана на нозе, навивачот повторно го прегрна 38-годишниот играч и го подигна. Потоа тој скокна, имитирајќи ја прославата која е заштитен знак на Роналдо, по што побегна, следен од обезбедувањето. Португалија го доби натпреварот со 3:0.

The post Навивач втрча на теренот, клекна пред Роналдо, го прегрна и му се поклони appeared first on Република.

]]>
Полицијата пронашла 80 киднапирани фудбалери од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години https://republika.mk/sport/fudbal/politsijata-pronashla-80-kidnapirani-fudbaleri-od-juzhna-amerika-afrika-i-azija-na-vozrast-od-13-do-23-godini/ Fri, 16 Jun 2023 20:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=652287

Во полициска рација во тренинг центар во околината на Фамалица на северот од Португалија, од заробеништво биле ослободени 80 фудбалери за кои се претпоставува дека станале жртви на трговија со луѓе. Станува збор за играчи од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години.

Португалските медиуми пишуваат дека станува збор за момчиња кои биле намамени во тренинг центарот во градот Риба д'Аве, со кој раководела агенцијата за управување „ Bsports football academy“. Им било ветено дека ќе добијат шанса да се борат за договори во најдобрите португалски клубови, а нивните родители на агенцијата ѝ плаќале од 600 до 1.300 евра месечно за трошоци за сместување.

Режимот на живот во „тренинг центарот“ всушност наликувал на мешавина од затвор и интернат. На младите им биле одземени пасошите и не им било дозволено самостојно да се движат. Повеќето од нив ќе се вратат во матичните земји откако ќе го дадат своето сведочење на суд.

Министерот за спорт Жоао Пауло Кореја најави натамошна борба против нелегалното регрутирање играчи и трговија со луѓе преку професионалниот фудбал. За вмешаност во овој случај е осомничен и Марио Коста, претседател на генералното собрание на португалската лига, најелитното натпреварување во земјата. Неговата куќа веќе била претресена од полицијата, а тој си поднел оставка.

The post Полицијата пронашла 80 киднапирани фудбалери од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години appeared first on Република.

]]>

Во полициска рација во тренинг центар во околината на Фамалица на северот од Португалија, од заробеништво биле ослободени 80 фудбалери за кои се претпоставува дека станале жртви на трговија со луѓе. Станува збор за играчи од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години. Португалските медиуми пишуваат дека станува збор за момчиња кои биле намамени во тренинг центарот во градот Риба д'Аве, со кој раководела агенцијата за управување „ Bsports football academy“. Им било ветено дека ќе добијат шанса да се борат за договори во најдобрите португалски клубови, а нивните родители на агенцијата ѝ плаќале од 600 до 1.300 евра месечно за трошоци за сместување. Режимот на живот во „тренинг центарот“ всушност наликувал на мешавина од затвор и интернат. На младите им биле одземени пасошите и не им било дозволено самостојно да се движат. Повеќето од нив ќе се вратат во матичните земји откако ќе го дадат своето сведочење на суд. Министерот за спорт Жоао Пауло Кореја најави натамошна борба против нелегалното регрутирање играчи и трговија со луѓе преку професионалниот фудбал. За вмешаност во овој случај е осомничен и Марио Коста, претседател на генералното собрание на португалската лига, најелитното натпреварување во земјата. Неговата куќа веќе била претресена од полицијата, а тој си поднел оставка.

The post Полицијата пронашла 80 киднапирани фудбалери од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години appeared first on Република.

]]>
Кинези, Бразилци, Руси повеќе нема да можат да бидат Португалци https://republika.mk/vesti/svet/kinezi-braziltsi-rusi-poveke-nema-da-mozhat-da-bidat-portugaltsi/ Wed, 29 Mar 2023 19:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=625191

Португалија поради поскапувањето на недвижностите и критиките од Европска Унија, одлучи да престане да дава престој и државјанство на жителите на Кина, Русија и други земји во замена за финансиски инвестиции.

Со тоа заврши десетгодишната програма позната како „Златни визи“, преку која 31.000 странци влегоа во европската зона на движење без граници, објави денеска шпанскиот весник „Ел Паис“.

Во 2012 година, во време кога земјата беше во тешка економска ситуација, португалската Влада се обиде да привлече инвестиции од богатите. Во замена за инвестиција од 500.000 евра им се издаваше дозвола за престој во Португалија, каде што купуваа куќи. По пет години тие можеа да добијат португалско државјанство, а нивниот идентитет не се објавуваше јавно.

Околу 12.000 инвеститори, од кои 45 отсто се Кинези, а 10 проценти Бразилци, на тој начин себе си и на своите семејства си купија билет за ЕУ. Кога ќе се вклучат семејствата на инвеститорите, се проценува дека вкупниот број на корисници на програмата би можел да изнесува околу 31.000 луѓе.

Во 2013 година, министерот за надворешни работи Пауло Портас отпатува во Москва за да привлече локални бизнисмени, а најмалку 313 од нив се преселиле во Португалија. Еден од најпознатите руски граѓани на Португалија е милијардерот Роман Абрамович.

The post Кинези, Бразилци, Руси повеќе нема да можат да бидат Португалци appeared first on Република.

]]>

Португалија поради поскапувањето на недвижностите и критиките од Европска Унија, одлучи да престане да дава престој и државјанство на жителите на Кина, Русија и други земји во замена за финансиски инвестиции. Со тоа заврши десетгодишната програма позната како „Златни визи“, преку која 31.000 странци влегоа во европската зона на движење без граници, објави денеска шпанскиот весник „Ел Паис“. Во 2012 година, во време кога земјата беше во тешка економска ситуација, португалската Влада се обиде да привлече инвестиции од богатите. Во замена за инвестиција од 500.000 евра им се издаваше дозвола за престој во Португалија, каде што купуваа куќи. По пет години тие можеа да добијат португалско државјанство, а нивниот идентитет не се објавуваше јавно. Околу 12.000 инвеститори, од кои 45 отсто се Кинези, а 10 проценти Бразилци, на тој начин себе си и на своите семејства си купија билет за ЕУ. Кога ќе се вклучат семејствата на инвеститорите, се проценува дека вкупниот број на корисници на програмата би можел да изнесува околу 31.000 луѓе. Во 2013 година, министерот за надворешни работи Пауло Портас отпатува во Москва за да привлече локални бизнисмени, а најмалку 313 од нив се преселиле во Португалија. Еден од најпознатите руски граѓани на Португалија е милијардерот Роман Абрамович.

The post Кинези, Бразилци, Руси повеќе нема да можат да бидат Португалци appeared first on Република.

]]>
Португалија привремено го укинува ДДВ за основните прехранбени артикли https://republika.mk/vesti/svet/portugalija-privremeno-go-ukinuva-ddv-za-osnovnite-prehranbeni-artikli/ Tue, 28 Mar 2023 17:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=624793

Португалија привремено го укинува данокот на додадена вредност (ДДВ) за основната храна за да ја спречи инфлацијата.

Левичарската влада на Португалија планира привремено да го укине ДДВ на 44 основни прехранбени производи за шест месеци за да ја спречи високата инфлација, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта.

Тој додаде дека мерката е дел од договорот потпишан со производителите и трговците со цел стабилизирање на цените. Кошта истакна дека договорот предвидува и планирана и финансиска поддршка за земјоделците и сточарите, во висина од 600 милиони евра.

Укинувањето на ДДВ за лебот, тестенините, оризот, млекото, јајцата, јогуртот, сирењето, маслото, путерот, месото и риба може да биде продолжена и по почетниот шестмесечен период, посочи Кошта.

ДДВ за тие храни сега е шест проценти.

Предлог-законот сè уште не е усвоен во Парламентот, каде владата на Кошта има мнозинство.

Годишната потрошувачка инфлација во Португалија во февруари достигна 8,2 отсто, малку под 8,5 проценти забележани во еврозоната, чиј член е Португалија. Но, инфлацијата на храната неодамна надмина 20,1 отсто.

The post Португалија привремено го укинува ДДВ за основните прехранбени артикли appeared first on Република.

]]>

Португалија привремено го укинува данокот на додадена вредност (ДДВ) за основната храна за да ја спречи инфлацијата. Левичарската влада на Португалија планира привремено да го укине ДДВ на 44 основни прехранбени производи за шест месеци за да ја спречи високата инфлација, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта. Тој додаде дека мерката е дел од договорот потпишан со производителите и трговците со цел стабилизирање на цените. Кошта истакна дека договорот предвидува и планирана и финансиска поддршка за земјоделците и сточарите, во висина од 600 милиони евра. Укинувањето на ДДВ за лебот, тестенините, оризот, млекото, јајцата, јогуртот, сирењето, маслото, путерот, месото и риба може да биде продолжена и по почетниот шестмесечен период, посочи Кошта. ДДВ за тие храни сега е шест проценти. Предлог-законот сè уште не е усвоен во Парламентот, каде владата на Кошта има мнозинство. Годишната потрошувачка инфлација во Португалија во февруари достигна 8,2 отсто, малку под 8,5 проценти забележани во еврозоната, чиј член е Португалија. Но, инфлацијата на храната неодамна надмина 20,1 отсто.

The post Португалија привремено го укинува ДДВ за основните прехранбени артикли appeared first on Република.

]]>
Португалија е сепак сила за момците на Кире https://republika.mk/sport/rakomet/portugalija-e-sepak-sila-za-momtsite-na-kire/ Thu, 09 Mar 2023 19:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=617884

Македонските љубители на ракометот не се навикнати нашата репрезентација да губи во „Борис Трајковски". Токму тоа се случи против Португалија која однесе рутинска победа 23-29.

На момците на Кире Лазаров ќе им треба време да го достигнат нивото на кое сме навикнати.

Гостите на овој меч речиси цело време имаа водство. Нашата репрезентација се врати накратко на средината на вториот дел благодарение на одбраните на Томовски, пеналите на Серафимов и неколкуте проектили на Кузмановски.

Единственото добро е што овој пораз не е страшен и Македонија речиси сигурно ќе биде на втората позиција што ќе значи и нов настап на ЕП.

А тоа е во моментов најважно бидејќи од играта не можеме да бидеме никако задоволни.

The post Португалија е сепак сила за момците на Кире appeared first on Република.

]]>

Македонските љубители на ракометот не се навикнати нашата репрезентација да губи во „Борис Трајковски". Токму тоа се случи против Португалија која однесе рутинска победа 23-29. На момците на Кире Лазаров ќе им треба време да го достигнат нивото на кое сме навикнати. Гостите на овој меч речиси цело време имаа водство. Нашата репрезентација се врати накратко на средината на вториот дел благодарение на одбраните на Томовски, пеналите на Серафимов и неколкуте проектили на Кузмановски. Единственото добро е што овој пораз не е страшен и Македонија речиси сигурно ќе биде на втората позиција што ќе значи и нов настап на ЕП. А тоа е во моментов најважно бидејќи од играта не можеме да бидеме никако задоволни.

The post Португалија е сепак сила за момците на Кире appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометари губат од Португалија по првото полувреме https://republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-gubat-od-portugalija-po-prvoto-poluvreme/ Thu, 09 Mar 2023 18:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=617872

Машката ракометна репрезентација на Македонија има негатива од 11-14 по првото полувреме од квалификацискиот меч против Португалија.

Џонов го постигна првиот гол за почетно водство од 1-0, но потоа се соочивме со проблеми во нападот, па Португалија во 7. минута стигна до првото водство на мечот (1-2). Цветан Кузманоски промаши зицер од крило при 2-3 кога Македонија имаше ракометар повеќе на теренот, по што гостите рутински ја одржуваа предноста.

Селекторот Лазаров ја смени бековската линија со Велковски, Митев и Ѓоргиев. Митревски одбрани неколку тешки топки, но проблемите во нападот останаа, за нецели две минути промашивме два седмерци (Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски), па гостите поведоа со 4-8.

Македонија искористи две грешки на Португалија и Петров погоди за 10-9, но Ѓоргиев беше исклучен на спротивната страна и гостите стигнаа до плус два преку Кошта, 11-9. Сепак македонскиот напад и натаму немаше премногу идеја, па во финишот на полувремето Португалија стигна до 13-10.

Серафимов погоди пенал за 13-11, а гостите изнудија исто така удар од седум метри, кој беше реализиран и на пауза се замина со водство на Португалија од три гола.

 

 

The post Македонските ракометари губат од Португалија по првото полувреме appeared first on Република.

]]>

Машката ракометна репрезентација на Македонија има негатива од 11-14 по првото полувреме од квалификацискиот меч против Португалија. Џонов го постигна првиот гол за почетно водство од 1-0, но потоа се соочивме со проблеми во нападот, па Португалија во 7. минута стигна до првото водство на мечот (1-2). Цветан Кузманоски промаши зицер од крило при 2-3 кога Македонија имаше ракометар повеќе на теренот, по што гостите рутински ја одржуваа предноста. Селекторот Лазаров ја смени бековската линија со Велковски, Митев и Ѓоргиев. Митревски одбрани неколку тешки топки, но проблемите во нападот останаа, за нецели две минути промашивме два седмерци (Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски), па гостите поведоа со 4-8. Македонија искористи две грешки на Португалија и Петров погоди за 10-9, но Ѓоргиев беше исклучен на спротивната страна и гостите стигнаа до плус два преку Кошта, 11-9. Сепак македонскиот напад и натаму немаше премногу идеја, па во финишот на полувремето Португалија стигна до 13-10. Серафимов погоди пенал за 13-11, а гостите изнудија исто така удар од седум метри, кој беше реализиран и на пауза се замина со водство на Португалија од три гола.    

The post Македонските ракометари губат од Португалија по првото полувреме appeared first on Република.

]]>