поплаки Archives - Република https://republika.mk/tema/poplaki/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 07:35:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поплаки Archives - Република https://republika.mk/tema/poplaki/ 32 32 До АЕК годинава 386 барања за решавање спор, најмногу за високи сметки, квалитет на говор, интернет.. https://republika.mk/vesti/makedonija/do-aek-godinava-386-barana-za-reshavane-spor-najmnogu-za-visoki-smetki-kvalitet-na-govor-internet/ Sat, 30 Dec 2023 07:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=728091

До Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во текот на  годинава доставени се 386 барања за решавање спор за услуги што е на исто ниво како и минатата година.

Претплатниците во најголем дел се жалеле на висока сметка, во 69 случаи, како и на квалитетот на услугите за говор и за интернет во мобилната телефонија, за што имало по 32 барања. Следуваат поплаките за услугите преносливост на број  и DVB-T со по 26, раскинување на договор 25,  интернет на фиксна локација 20, роаминг интернет, 16,...

Од пристигнатите барања, 42 проценти се усвоени, 53 проценти одбиени, по два процента се затворени односно отфрлени, а само еден процент од барањата завршил со спогодба.

Најмногу од барањата се во Скопје, 249, по што следуваат Битола, 30, Куманово, 18, Тетово 14, Прилеп 13...

Од АЕК во изјава за МИА оценуваат дека во текот на 2023 година пазарот на електронски комуникации бележи континуиран раст.

-Од извештаите што ги обработува АЕК на квартално ниво се бележи зголемување на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија. Тоа секако повлекува и зголемување во обемот на сообраќај. Расте говорниот сообраќај изразен во минути, а особено обемот на податочен сообраќај. Ова се должи и на зголеменото инвестирање од страна на двата мрежни оператори во Македонија во изградба на нивните 5G мрежи, а за тие да функционираат како што треба секако дека е потребна поддршка и од кабелски мрежи базирани на оптика, појаснуваат од регулаторното тело.

Доказ дека се обезбедуваат квалитетни услуги во државава, наведуваат, се и мерењата кои се спроведуваат, а кои покажуваат постигнување на брзини во просек помеѓу 200 Mbps и скоро 400 Mbps независно од технологијата на територијата на Скопје.

-Исто така и според ООКЛА во средна и источна Европа од главните градови, Скопје е лидер со просечна брзина на пристап до интернет од над 400 Mbps. Спроведуваме мерења и во останатиот дел од Македонија при што се бележат слични резултати, велат од  АЕК.

Ширум светот утре ќе биде одбележен Денот за сигурен интернет, а според податоците на УНИЦЕФ, децата сочинуваат една третина од вкупниот број интернет корисници, пренесуваат агенциите

Минатиот месец на Светската конференција за радиокомуникации во Дубаи се потпишаа финалните акти според кои прв пат во историјата нашата држава има добиено своја орбитална позиција во сателитска служба. На ова претходеле значителни активности и работа на стручните лица од АЕК во период од три години.

Со потпишувањето на финалните акти се утврдува начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

- Денес, и Македонија има место во орбитата. Нашата позиција од денес е сигурна во орбитата, а следен чекор е лансирање на сателитот!  Второто достигнување за нашата земја на конференцијата е Дигиталната дивиденда 3. Со тоа се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6G) во пониски фреквенциски опсези, рече на брифинг со медиумите министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Во следната година фокусот на АЕК ќе биде понатамошен развој на 5G и на мрежите од следнта генерација. Како особено значајно се истакнува и тековното транспонирање на Европскиот електронски комуникациски код во македонската легислатива. На тој начин, укажуваат, целосно ќе се хармонизира македонската регулатива од областа на електронските комуникации со европската.

Заклучно со вториот квартал годинава во државава се регистрирани 1.920.403 претплатници во мобилната телефонија.  Во вкупниот број активни претплатници, А1 Македонија учествува со 48,11 проценти, Македонски телеком со 47,13 проценти, Лајка Мобајл со 2,84 проценти, Роби со 1,25 проценти, МТел со 0,57 проценти и Грин мобиле со 0,10 проценти.

Пандемијата го смени начинот на живот, а особено влијае на патувањата, така што веќе се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај, т.н. ковид п

Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги во малопродажно ниво Македонски телеком учествува со 50,79 проценти, А1 Македонија со 47,12 проценти, Роби со 0,89, Лајкамобајл со 0,76 проценти, М-ТЕЛ 0,31 процент...

Пристап до интернет преку мобилен во првите два квартала имале 1 489 288  од вкупно 1 920 403 претплатници во мобилната телефонија.

Вкупниот број претплатници на широкопојасен пристап на интернет, пак, заклучно со вториот квартал годинава изнесува 521 918 и е за 3,93 проценти повеќе во однос на вториот квартал лани. Македонски Телеком учествува со 39, 67 проценти во вкупниот број, А1 Македонија со 35,45 проценти, Телекабел со 12,32 проценти, Неотел 1,13 проценти....

На крајот на вториот квартал во државава имало 441.205 фиксни линии, со удел од 51,14 проценти на Македонски Телеком, 42,67 на А1 Македонија, 3,81 Роби, 1,84 Неотел...

Во проекцијата на АЕК за 2024 година се планирани приходи во износ од 600.200.000 денари, за 32,57 проценти помалку во однос на вкупно планираните приходи за годината што измина.

Најголем дел од приходите, 490 милиони денари, АЕК планира да ги прибере од надомест за радиофреквенции,  55 милиони денари од надомест за надзор на пазарот на електронски комуникации, 53 милиони денари од надомест за користење доделени броеви и серии броеви, ...

The post До АЕК годинава 386 барања за решавање спор, најмногу за високи сметки, квалитет на говор, интернет.. appeared first on Република.

]]>

До Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во текот на  годинава доставени се 386 барања за решавање спор за услуги што е на исто ниво како и минатата година. Претплатниците во најголем дел се жалеле на висока сметка, во 69 случаи, како и на квалитетот на услугите за говор и за интернет во мобилната телефонија, за што имало по 32 барања. Следуваат поплаките за услугите преносливост на број  и DVB-T со по 26, раскинување на договор 25,  интернет на фиксна локација 20, роаминг интернет, 16,... Од пристигнатите барања, 42 проценти се усвоени, 53 проценти одбиени, по два процента се затворени односно отфрлени, а само еден процент од барањата завршил со спогодба. Најмногу од барањата се во Скопје, 249, по што следуваат Битола, 30, Куманово, 18, Тетово 14, Прилеп 13... Од АЕК во изјава за МИА оценуваат дека во текот на 2023 година пазарот на електронски комуникации бележи континуиран раст. -Од извештаите што ги обработува АЕК на квартално ниво се бележи зголемување на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија. Тоа секако повлекува и зголемување во обемот на сообраќај. Расте говорниот сообраќај изразен во минути, а особено обемот на податочен сообраќај. Ова се должи и на зголеменото инвестирање од страна на двата мрежни оператори во Македонија во изградба на нивните 5G мрежи, а за тие да функционираат како што треба секако дека е потребна поддршка и од кабелски мрежи базирани на оптика, појаснуваат од регулаторното тело. Доказ дека се обезбедуваат квалитетни услуги во државава, наведуваат, се и мерењата кои се спроведуваат, а кои покажуваат постигнување на брзини во просек помеѓу 200 Mbps и скоро 400 Mbps независно од технологијата на територијата на Скопје. -Исто така и според ООКЛА во средна и источна Европа од главните градови, Скопје е лидер со просечна брзина на пристап до интернет од над 400 Mbps. Спроведуваме мерења и во останатиот дел од Македонија при што се бележат слични резултати, велат од  АЕК. Ширум светот утре ќе биде одбележен Денот за сигурен интернет, а според податоците на УНИЦЕФ, децата сочинуваат една третина од вкупниот број интернет корисници, пренесуваат агенциите Минатиот месец на Светската конференција за радиокомуникации во Дубаи се потпишаа финалните акти според кои прв пат во историјата нашата држава има добиено своја орбитална позиција во сателитска служба. На ова претходеле значителни активности и работа на стручните лица од АЕК во период од три години. Со потпишувањето на финалните акти се утврдува начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита. - Денес, и Македонија има место во орбитата. Нашата позиција од денес е сигурна во орбитата, а следен чекор е лансирање на сателитот!  Второто достигнување за нашата земја на конференцијата е Дигиталната дивиденда 3. Со тоа се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6G) во пониски фреквенциски опсези, рече на брифинг со медиумите министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Во следната година фокусот на АЕК ќе биде понатамошен развој на 5G и на мрежите од следнта генерација. Како особено значајно се истакнува и тековното транспонирање на Европскиот електронски комуникациски код во македонската легислатива. На тој начин, укажуваат, целосно ќе се хармонизира македонската регулатива од областа на електронските комуникации со европската. Заклучно со вториот квартал годинава во државава се регистрирани 1.920.403 претплатници во мобилната телефонија.  Во вкупниот број активни претплатници, А1 Македонија учествува со 48,11 проценти, Македонски телеком со 47,13 проценти, Лајка Мобајл со 2,84 проценти, Роби со 1,25 проценти, МТел со 0,57 проценти и Грин мобиле со 0,10 проценти. Пандемијата го смени начинот на живот, а особено влијае на патувањата, така што веќе се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај, т.н. ковид п Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги во малопродажно ниво Македонски телеком учествува со 50,79 проценти, А1 Македонија со 47,12 проценти, Роби со 0,89, Лајкамобајл со 0,76 проценти, М-ТЕЛ 0,31 процент... Пристап до интернет преку мобилен во првите два квартала имале 1 489 288  од вкупно 1 920 403 претплатници во мобилната телефонија. Вкупниот број претплатници на широкопојасен пристап на интернет, пак, заклучно со вториот квартал годинава изнесува 521 918 и е за 3,93 проценти повеќе во однос на вториот квартал лани. Македонски Телеком учествува со 39, 67 проценти во вкупниот број, А1 Македонија со 35,45 проценти, Телекабел со 12,32 проценти, Неотел 1,13 проценти.... На крајот на вториот квартал во државава имало 441.205 фиксни линии, со удел од 51,14 проценти на Македонски Телеком, 42,67 на А1 Македонија, 3,81 Роби, 1,84 Неотел... Во проекцијата на АЕК за 2024 година се планирани приходи во износ од 600.200.000 денари, за 32,57 проценти помалку во однос на вкупно планираните приходи за годината што измина. Најголем дел од приходите, 490 милиони денари, АЕК планира да ги прибере од надомест за радиофреквенции,  55 милиони денари од надомест за надзор на пазарот на електронски комуникации, 53 милиони денари од надомест за користење доделени броеви и серии броеви, ...

The post До АЕК годинава 386 барања за решавање спор, најмногу за високи сметки, квалитет на говор, интернет.. appeared first on Република.

]]>
Не добиваат сметки и фактури: Се зголемува онлајн тргувањето, ама и поплаките на потрошувачите https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-dobivaat-smetki-i-fakturi-se-zgolemuva-onlajn-trguvanjeto-ama-i-poplakite-na-potroshuvachite/ Tue, 15 Mar 2022 13:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=473204

Сферата на дигитализацијата која во последниве две години стана доста актуелна придонесе поплаките на потрошувачите на онлајн продажбата драстично да се зголемат. Во изминатава година дури 10 отсто од поплаките од потрошувачи кои пристигнале до Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ биле токму на онлајн продажбата.

Најголем дел од поплаките, како што изјави Мартина Грнчаровска од ОПМ пред почетокот на одбележувањето на 15 март, Светскиот ден на правата на потрошувачите, се за онлајн купување на облека и обувки особено од нелегални фејсбук страници, но во последно време и за онлајн купени технички апарати и бела техника за кои потрошувачите не добиваат гарантен лист и упатство за употреба. Проблем е што купувачите добиваат технички производи кои се некаква копија на оригиналот која воопшто не може да се употреби.

Потрошувачите во време на пандемија започнаа се повеќе да купуваат онлајн и да плаќаат онлајн и токму затоа и годинашната тема на Светската потрошувачка организација е „Фер дигитални финансии“. Тоа се поврзува со онлајн продажбата, бидејќи преку неа плаќаме онлајн со картички дали кај наш или кај странски трговец и доаѓа до злоупотреби. На овој начин потрошувачите се злоупотребуваат. Како што се зголемува онлајн продажбата така се зголемуваат и поплаките - рече Грнчаровска.

Купувачите, додаде, онлајн купуваат се од храна до облека, бела техника, продукти за домаќинство. Кај нас, како што кажа, во подем е нелегалната фејсбук продажба преку која секојдневно потрошувачите купуваат и се измамени од онлајн трговци, бидејќи не добиваат сметки и фактури.

Апелираме потрошувачите да внимаваат од каде купуваат и кога плаќаат со картички или во кеш бидејќи покрај тоа што може да добијат оштетен производ или производ каков што не нарачале воедно може да им биде злоупотребена нивната картичка и да им бидат земени средствата или да им бидат злоупотребени личните податоци. Затоа порачуваме многу да се внимава кога се купува онлајн и да се пази дали се купува од регистрирани или нерегистрирани трговци - посочи Грнчаровска.

Голем дел од потрошувачите од почетокот на годинава се жалеле и на високите сметки што ги добиваат за потрошена електрична енергија.

Имаше поплаки и за високите сметки на струја посебно по покачувањето на цената на електричната енергија. Дел од граѓаните сметаа дека премногу им е наплатено и дека не потрошиле колку што им е пресметано. Ги упативме до надлежните институции, да се обратат до ЕВН, да си ја прочитаат состојбата и да им кажат колку им е состојбата на нивниот мерен уред и доколку не успеат да го решат проблемот на тоа ниво да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и да реагираат таму за високите сметки - рече Татјана Тасевска од ОПМ.

The post Не добиваат сметки и фактури: Се зголемува онлајн тргувањето, ама и поплаките на потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Сферата на дигитализацијата која во последниве две години стана доста актуелна придонесе поплаките на потрошувачите на онлајн продажбата драстично да се зголемат. Во изминатава година дури 10 отсто од поплаките од потрошувачи кои пристигнале до Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ биле токму на онлајн продажбата. Најголем дел од поплаките, како што изјави Мартина Грнчаровска од ОПМ пред почетокот на одбележувањето на 15 март, Светскиот ден на правата на потрошувачите, се за онлајн купување на облека и обувки особено од нелегални фејсбук страници, но во последно време и за онлајн купени технички апарати и бела техника за кои потрошувачите не добиваат гарантен лист и упатство за употреба. Проблем е што купувачите добиваат технички производи кои се некаква копија на оригиналот која воопшто не може да се употреби.
Потрошувачите во време на пандемија започнаа се повеќе да купуваат онлајн и да плаќаат онлајн и токму затоа и годинашната тема на Светската потрошувачка организација е „Фер дигитални финансии“. Тоа се поврзува со онлајн продажбата, бидејќи преку неа плаќаме онлајн со картички дали кај наш или кај странски трговец и доаѓа до злоупотреби. На овој начин потрошувачите се злоупотребуваат. Како што се зголемува онлајн продажбата така се зголемуваат и поплаките - рече Грнчаровска.
Купувачите, додаде, онлајн купуваат се од храна до облека, бела техника, продукти за домаќинство. Кај нас, како што кажа, во подем е нелегалната фејсбук продажба преку која секојдневно потрошувачите купуваат и се измамени од онлајн трговци, бидејќи не добиваат сметки и фактури.
Апелираме потрошувачите да внимаваат од каде купуваат и кога плаќаат со картички или во кеш бидејќи покрај тоа што може да добијат оштетен производ или производ каков што не нарачале воедно може да им биде злоупотребена нивната картичка и да им бидат земени средствата или да им бидат злоупотребени личните податоци. Затоа порачуваме многу да се внимава кога се купува онлајн и да се пази дали се купува од регистрирани или нерегистрирани трговци - посочи Грнчаровска.
Голем дел од потрошувачите од почетокот на годинава се жалеле и на високите сметки што ги добиваат за потрошена електрична енергија.
Имаше поплаки и за високите сметки на струја посебно по покачувањето на цената на електричната енергија. Дел од граѓаните сметаа дека премногу им е наплатено и дека не потрошиле колку што им е пресметано. Ги упативме до надлежните институции, да се обратат до ЕВН, да си ја прочитаат состојбата и да им кажат колку им е состојбата на нивниот мерен уред и доколку не успеат да го решат проблемот на тоа ниво да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и да реагираат таму за високите сметки - рече Татјана Тасевска од ОПМ.

The post Не добиваат сметки и фактури: Се зголемува онлајн тргувањето, ама и поплаките на потрошувачите appeared first on Република.

]]>
Лани имало 515 приговори за услугите во интернет и телефонијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/minatata-godina-imalo-515-prigovori-za-uslugite-vo-internet-i-telefonijata/ Sat, 01 Jan 2022 08:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=439170

До Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) лани се поднесени вкупно 515 приговори кои се однесуваат на незадоволство на корисниците од квалитетот на услугата за говор и интернет во мобилна телефонија, преносливост на број, фиксна телефонија, кабелски интернет, говор и интернет во роаминг, кабелска телевизија.

Од вкупниот број поднесени приговори до АЕК, кај 41 процент постапката е запрена заради постапување на операторот во текот на решавање на предметот, 22 проценти се позитивно решени од страна на АЕК, 27 проценти се негативно решени, а кај еден процент од предметите се спровело посредување и двете страни се спогодиле. За девет проценти регулаторното тело не било надлежно за проблемот за кој се приговара, поднесувањето на приговорот било ненавремено или документацијата била некомплетна.

Од регулаторното тело за годинава најавуваат дека ќе се намали дигиталниот јаз помеѓу корисниците што имаа можност да пристапат до интернет и оние што досега немаа таква можност, во согласност со новите договори со давателите на универзалната услуга. Во новата година за граѓаните треба да станат достапни и 5Г-услуги за што е во тек тендер, а се најавува и влез на нов мрежен мобилен оператор.

На крајот на 2021 година АЕК склучи нови договори за универзалната услуга, кои ќе бидат во важност пет години. По спроведена анализа и оцена на поднесените понуди за даватели на услугите опфатени со универзалната услуга, АЕК донесе одлука дека за давател на услугата „Обезбедување пристап на фиксна локација“ и „Обезбедување телефонски услуги“ се определува „Македонски телеком“, за „Обезбедување целосен телефонски именик и целосна телефонска служба за информации“ –  „Р3 Инфомедиа“, а за „Јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки за обезбедување на говорни телефонски услуги“ – „А1 Македонија“.

Во рамки на овие договори, давателот на универзална услуга за поврзување на краен корисник на фиксна локација со јавна комуникациска мрежа треба да обезбеди пристап до интернет со брзина од 12 Mbps по прифатливи цени за сите домаќинства што досега немаа можност да се поврзат на интернет со некоја од достапните технологии. Станува збор за домаќинства во оддалечени локации за кои операторите немаа комерцијален интерес да инвестираат и да обезбедат пристап и пренос на податоци за да се обезбеди ефикасен пристап до интернет. Овие домаќинства имаат можност да се поврзат на интернет преку некоја фиксна или мобилна технологија во зависност од пристапноста и конфигурацијата на теренот. Овој оператор обезбедува пристап и терминална опрема за пренос на податоци со брзина доволна да се обезбеди ефикасен пристап на интернет од 12 Mbps и за учениците со посебни образовни потреби во редовните и посебните основни и средни училишта, во согласност со законите за основното и средното образование - велат од АЕК.

Според АЕК, со ваквите обврски, кои ги обезбедува давателот на универзална услуга, ќе се намали дигиталниот јаз помеѓу корисниците што имаа можност да пристапат до интернет и оние што досега немаа таква можност. Со договорот за давател на универзална услуга склучен во 2016 година, чија  важност заврши на крајот на 2021 година, минималната брзина на пристап до интернет беше 2 Mbps. Сега веќе е усвоено интернет-брзина за секој краен корисник што е дел од универзалната услуга да изнесува 12 Mbps.

Тоа значи пристап до интернет со задоволителна брзина и во најоддалечените рурални подрачја на државата каде што сите граѓани, вклучително и учениците, ќе добијат стабилен интернет-пристап и останати телефонски услуги. Се очекува ова да им биде од помош најмногу на учениците со учење од далечина, како и на стопанствениците во тие подрачја. Минимална брзина од 12 Mbps во Европа, во моментов има само во државава. Само две земји членки на ЕУ, Словенија и Шведска, имаат дефинирана минимална брзина од 10 Mbps, a останатите земји членки на ЕУ имаат помала брзина и од 10 Mbps.

Во согласност со Законот за електронски комуникации, универзална услуга е минимален пакет од услуги со определен квалитет, достапен по прифатлива цена за сите крајни корисници во државава без оглед на нивната географска локација. Тоа значи дека давателот што е избран да обезбедува универзална услуга треба да им ја обезбеди на корисниците со пропишаниот минимален квалитет дури и на оние места каде што операторот нема комерцијален интерес за обезбедување услуги, а притоа цените на услугите да бидат еквивалентни на оние што ги имаат другите крајни корисници на комерцијална основа.

По брзина на интернет сме петти во регионот, а 29. во Европа

Брзината на кабелскиот интернет во државата, а во однос на останатите држави од регионот и членките на ЕУ, е на многу задоволително ниво, велат од АЕК за МИА.

Во зависност од начинот на пресметување и приказ, појаснуваат, самата анализа е различна од причина што различни резултати се добиваат доколку пресметките се прават по корисник, по можност за пристап од страна на операторите и по вкупен број жители во државата, како и по целокупна покриеност со интернет во државава.

Имајќи предвид дека покриеноста на државава со широкопојасен интернет, брз интернет и супербрз интернет е различна, како и дека населеноста е на пониско ниво во руралните средини, па оттука и покриеноста во таквите средини е на ниско ниво. Севкупно може да се каже дека и да се пресметува по четири различни начини, Македонија во регионот е на петто место од десетте држави на Балканот и на 29. место од 52 држави во Европа. Според податоците од септември 2021 година, можност за пристап до брз интернет (брзина од над 30 Mbps) во државава имаат 82,54 проценти од населението, а во ЕУ е над 86 проценти. Можност за пристап до супербрз интернет (брзина од над 100 Mbps) имаат 63,1 проценти, а во ЕУ е над 60 проценти -  информираат од АЕК.

Kако што посочуваат од агенцијата, во однос на безжичниот интернет, може да се каже дека операторите во државава обезбедуваат мрежи/услуги со значително висок квалитет. Потврда за ова е објавеното рангирање за квалитетот на мрежите во Европа на ниво на држави од страна на порталот www.connect.dе во рубриката Топ тема на 5 мај 2020, каде што Македонија е позиционирана на високото второ место со 193 поени веднаш зад Холандија со 914 поени, а пред Австрија со 902 поени и Швајцарија со 899 поени.

Тоа е само потврда за правилните политики што ги спроведува АЕК во делот на стимулирање на операторите да инвестираат во најнови технологии и секако во спроведување на законската регулатива. Секоја година АЕК спроведува кампања за мерење на параметрите за квалитет на услугите што ги обезбедуваат операторите преку јавни радиокомуникациски мрежи и ги објавува на веб-страницата www.komuniciraj.mk, каде што на едноставен, разбирлив, компаративен и транспарентен начин корисниците можат да се информираат за квалитетот на услугите - велат од АЕК.

Алатката на АЕК со која корисниците можат самостојно да измерат брзина на интернет-услуга што се обезбедува преку кабелска мрежа е објавена на https://speedtest.aek.mk. Во последните два месеца, поради технички проблеми, не е во функција, но како што велат од АЕК, се работи на отстранување на проблемот. Во текот на 2021 година до АЕК се поднесени вкупно 107 приговори по оваа основа, a во 2020 година имало 67 такви приговори.

The post Лани имало 515 приговори за услугите во интернет и телефонијата appeared first on Република.

]]>

До Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) лани се поднесени вкупно 515 приговори кои се однесуваат на незадоволство на корисниците од квалитетот на услугата за говор и интернет во мобилна телефонија, преносливост на број, фиксна телефонија, кабелски интернет, говор и интернет во роаминг, кабелска телевизија. Од вкупниот број поднесени приговори до АЕК, кај 41 процент постапката е запрена заради постапување на операторот во текот на решавање на предметот, 22 проценти се позитивно решени од страна на АЕК, 27 проценти се негативно решени, а кај еден процент од предметите се спровело посредување и двете страни се спогодиле. За девет проценти регулаторното тело не било надлежно за проблемот за кој се приговара, поднесувањето на приговорот било ненавремено или документацијата била некомплетна. Од регулаторното тело за годинава најавуваат дека ќе се намали дигиталниот јаз помеѓу корисниците што имаа можност да пристапат до интернет и оние што досега немаа таква можност, во согласност со новите договори со давателите на универзалната услуга. Во новата година за граѓаните треба да станат достапни и 5Г-услуги за што е во тек тендер, а се најавува и влез на нов мрежен мобилен оператор. На крајот на 2021 година АЕК склучи нови договори за универзалната услуга, кои ќе бидат во важност пет години. По спроведена анализа и оцена на поднесените понуди за даватели на услугите опфатени со универзалната услуга, АЕК донесе одлука дека за давател на услугата „Обезбедување пристап на фиксна локација“ и „Обезбедување телефонски услуги“ се определува „Македонски телеком“, за „Обезбедување целосен телефонски именик и целосна телефонска служба за информации“ –  „Р3 Инфомедиа“, а за „Јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки за обезбедување на говорни телефонски услуги“ – „А1 Македонија“.
Во рамки на овие договори, давателот на универзална услуга за поврзување на краен корисник на фиксна локација со јавна комуникациска мрежа треба да обезбеди пристап до интернет со брзина од 12 Mbps по прифатливи цени за сите домаќинства што досега немаа можност да се поврзат на интернет со некоја од достапните технологии. Станува збор за домаќинства во оддалечени локации за кои операторите немаа комерцијален интерес да инвестираат и да обезбедат пристап и пренос на податоци за да се обезбеди ефикасен пристап до интернет. Овие домаќинства имаат можност да се поврзат на интернет преку некоја фиксна или мобилна технологија во зависност од пристапноста и конфигурацијата на теренот. Овој оператор обезбедува пристап и терминална опрема за пренос на податоци со брзина доволна да се обезбеди ефикасен пристап на интернет од 12 Mbps и за учениците со посебни образовни потреби во редовните и посебните основни и средни училишта, во согласност со законите за основното и средното образование - велат од АЕК.
Според АЕК, со ваквите обврски, кои ги обезбедува давателот на универзална услуга, ќе се намали дигиталниот јаз помеѓу корисниците што имаа можност да пристапат до интернет и оние што досега немаа таква можност. Со договорот за давател на универзална услуга склучен во 2016 година, чија  важност заврши на крајот на 2021 година, минималната брзина на пристап до интернет беше 2 Mbps. Сега веќе е усвоено интернет-брзина за секој краен корисник што е дел од универзалната услуга да изнесува 12 Mbps. Тоа значи пристап до интернет со задоволителна брзина и во најоддалечените рурални подрачја на државата каде што сите граѓани, вклучително и учениците, ќе добијат стабилен интернет-пристап и останати телефонски услуги. Се очекува ова да им биде од помош најмногу на учениците со учење од далечина, како и на стопанствениците во тие подрачја. Минимална брзина од 12 Mbps во Европа, во моментов има само во државава. Само две земји членки на ЕУ, Словенија и Шведска, имаат дефинирана минимална брзина од 10 Mbps, a останатите земји членки на ЕУ имаат помала брзина и од 10 Mbps. Во согласност со Законот за електронски комуникации, универзална услуга е минимален пакет од услуги со определен квалитет, достапен по прифатлива цена за сите крајни корисници во државава без оглед на нивната географска локација. Тоа значи дека давателот што е избран да обезбедува универзална услуга треба да им ја обезбеди на корисниците со пропишаниот минимален квалитет дури и на оние места каде што операторот нема комерцијален интерес за обезбедување услуги, а притоа цените на услугите да бидат еквивалентни на оние што ги имаат другите крајни корисници на комерцијална основа.

По брзина на интернет сме петти во регионот, а 29. во Европа

Брзината на кабелскиот интернет во државата, а во однос на останатите држави од регионот и членките на ЕУ, е на многу задоволително ниво, велат од АЕК за МИА. Во зависност од начинот на пресметување и приказ, појаснуваат, самата анализа е различна од причина што различни резултати се добиваат доколку пресметките се прават по корисник, по можност за пристап од страна на операторите и по вкупен број жители во државата, како и по целокупна покриеност со интернет во државава.