полициски час Archives - Република https://republika.mk/tema/policiski-chas/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 18:26:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициски час Archives - Република https://republika.mk/tema/policiski-chas/ 32 32 Полициски час во францускиот град Калмар по избувнувањето на немирите https://republika.mk/vesti/svet/politsiski-chas-vo-frantsuskiot-grad-kalmar-po-izbuvnuvaneto-na-nemirite/ Thu, 29 Jun 2023 18:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=656659

Во францускиот град Кламар, јужно од Париз во регионот Ил де Франс, од вечерва до 3 јули ќе биде воведен полициски час од 21 до 6 часот, соопштија локалните власти.

Полицискиот час има за цел да го воспостави редот по немирите што избувнаа претходно оваа недела, откако полицијата уби тинејџер кој не го запре својот автомобил во париското предградие Нантер, објавија властите на Твитер.

Ширум Франција ќе бидат распоредени 40.000 полицајци, вклучително и Париз, оваа вечер по немирите што избувнаа откако полицијата уби тинејџер кој не успеа да запре автомобил што се прошири низ целата земја, изјави претходно денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен.

За денеска во Нантер е планирана комеморативна прошетка за убиениот млад човек.

The post Полициски час во францускиот град Калмар по избувнувањето на немирите appeared first on Република.

]]>

Во францускиот град Кламар, јужно од Париз во регионот Ил де Франс, од вечерва до 3 јули ќе биде воведен полициски час од 21 до 6 часот, соопштија локалните власти. Полицискиот час има за цел да го воспостави редот по немирите што избувнаа претходно оваа недела, откако полицијата уби тинејџер кој не го запре својот автомобил во париското предградие Нантер, објавија властите на Твитер. Ширум Франција ќе бидат распоредени 40.000 полицајци, вклучително и Париз, оваа вечер по немирите што избувнаа откако полицијата уби тинејџер кој не успеа да запре автомобил што се прошири низ целата земја, изјави претходно денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен. За денеска во Нантер е планирана комеморативна прошетка за убиениот млад човек.

The post Полициски час во францускиот град Калмар по избувнувањето на немирите appeared first on Република.

]]>
Лицата што ги прекршуваа протоколите и полицискиот час да не лежат во затвор, бара Хелсиншки https://republika.mk/vesti/makedonija/litsata-shto-gi-prekrshuvaa-protokolite-i-politsiskiot-chas-da-ne-lezhat-vo-zatvor-bara-helsinshki/ Thu, 23 Feb 2023 12:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=612326

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници апелираат итно да се донесе Законот за амнестија, кој, како што велат, особено е значаен за лицата од ранливите категории, а кои се осудени за кривичните дела од член 205 - „Пренесување заразна болест“ и член 206 - „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, во време на вонредната состојба поради пандемијата која беше прогласена на 18 март 2020 година.

Тие потсетуваат дека во периодот по донесувањето на Одлуката за вонредна состојба за овие кривични дела беа изречени голем број на парични казни во износ помеѓу 1.000 и 2.000 евра. Согласно законските прописи, доколку во рок од 2 години паричните казни не се намират, судијата за извршување на санкции ги заменува со казна затвор и лицата кои немаат можност да ги платат ќе бидат упатени на издржување на казна затвор.

Здруженијата на граѓани кои обезбедуваат бесплатна правна помош во текот на својата работа нотираа голем број на случаи на граѓани особено лица во социјален ризик, самохрани мајки, лица со попреченост, бездомници кои се соочуваат со затворски казни поради немање на средства да ги платат паричните казни. Голем дел од осудените лица не ги обжалиле пресудите од причина што не ги примиле или пак биле неуки во однос на нивното право да вложат приговор до надлежниот суд. Неплатените парични казни веќе се заменуваат со затворски казни, а тоа најмногу ги засега лицата во социјален ризик кои немаат доволно финансиски средства за да ги намират паричните казни. Практично тоа значи дека една неплатена парична казна од 2000 евра се заменува со 100 дена ефективна казна затвор. Сите овие лица ќе влијаат врз зголемување на пренатрупаноста која секако ја има во поголемиот дел од затворите, а дополнително една од целите на казнувањето – ресоцијализацијата нема да биде исполнета, имајќи предвид дека лицата казната затвор би ја издржувале во нехумани и деградирачки услови нотирани во дел од установите од страна на Хелсиншкиот комитет и Македонското здружение на млади правници, како и од страна на CPT – Европски комитет за спречување на тортура и Народниот правобранител, се вели во заедничкото соопштение.

Според статистичките податоци од почетокот на вонредната состојба до октомври 2022 година во Основниот кривичен суд Скопје имало 280 неплатени парични казни, кои биле заменети со казна затвор, а 205 осудени лица добиле упатни акти да издржуваат казна затвор.

Овие податоци се само за регионот на Скопје, а бројот на лица на територијата на целата држава на кои паричните казни им биле заменети со ефективна казна затвор и добиле упатни акти за издржување на казна затвор е многу поголем.

Овој предлог закон предвидува на осудените лица кои се осудени со правосилна судска пресуда на парична казна за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, или паричната казна им е заменета со казна затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда, а оние лица кои започнале со исплаќање на паричната казна но не го платиле целиот износ, преостанатиот дел од паричната казна да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.

Оттука, донесувањето на овој предлог закон иако е задоцнето, со оглед на тоа што голем број на лица веќе започнаа со издржување на својата казна затвор, а некои дури и ја издржаа, сепак неговото донесување е неопходно и апелираме до Собранието тоа да го стори во најскор можен рок, велат од Хелсиншки.

The post Лицата што ги прекршуваа протоколите и полицискиот час да не лежат во затвор, бара Хелсиншки appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници апелираат итно да се донесе Законот за амнестија, кој, како што велат, особено е значаен за лицата од ранливите категории, а кои се осудени за кривичните дела од член 205 - „Пренесување заразна болест“ и член 206 - „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, во време на вонредната состојба поради пандемијата која беше прогласена на 18 март 2020 година. Тие потсетуваат дека во периодот по донесувањето на Одлуката за вонредна состојба за овие кривични дела беа изречени голем број на парични казни во износ помеѓу 1.000 и 2.000 евра. Согласно законските прописи, доколку во рок од 2 години паричните казни не се намират, судијата за извршување на санкции ги заменува со казна затвор и лицата кои немаат можност да ги платат ќе бидат упатени на издржување на казна затвор.
Здруженијата на граѓани кои обезбедуваат бесплатна правна помош во текот на својата работа нотираа голем број на случаи на граѓани особено лица во социјален ризик, самохрани мајки, лица со попреченост, бездомници кои се соочуваат со затворски казни поради немање на средства да ги платат паричните казни. Голем дел од осудените лица не ги обжалиле пресудите од причина што не ги примиле или пак биле неуки во однос на нивното право да вложат приговор до надлежниот суд. Неплатените парични казни веќе се заменуваат со затворски казни, а тоа најмногу ги засега лицата во социјален ризик кои немаат доволно финансиски средства за да ги намират паричните казни. Практично тоа значи дека една неплатена парична казна од 2000 евра се заменува со 100 дена ефективна казна затвор. Сите овие лица ќе влијаат врз зголемување на пренатрупаноста која секако ја има во поголемиот дел од затворите, а дополнително една од целите на казнувањето – ресоцијализацијата нема да биде исполнета, имајќи предвид дека лицата казната затвор би ја издржувале во нехумани и деградирачки услови нотирани во дел од установите од страна на Хелсиншкиот комитет и Македонското здружение на млади правници, како и од страна на CPT – Европски комитет за спречување на тортура и Народниот правобранител, се вели во заедничкото соопштение.
Според статистичките податоци од почетокот на вонредната состојба до октомври 2022 година во Основниот кривичен суд Скопје имало 280 неплатени парични казни, кои биле заменети со казна затвор, а 205 осудени лица добиле упатни акти да издржуваат казна затвор.
Овие податоци се само за регионот на Скопје, а бројот на лица на територијата на целата држава на кои паричните казни им биле заменети со ефективна казна затвор и добиле упатни акти за издржување на казна затвор е многу поголем. Овој предлог закон предвидува на осудените лица кои се осудени со правосилна судска пресуда на парична казна за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, или паричната казна им е заменета со казна затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда, а оние лица кои започнале со исплаќање на паричната казна но не го платиле целиот износ, преостанатиот дел од паричната казна да им се замени со алтернативна мерка условна осуда. Оттука, донесувањето на овој предлог закон иако е задоцнето, со оглед на тоа што голем број на лица веќе започнаа со издржување на својата казна затвор, а некои дури и ја издржаа, сепак неговото донесување е неопходно и апелираме до Собранието тоа да го стори во најскор можен рок, велат од Хелсиншки.

The post Лицата што ги прекршуваа протоколите и полицискиот час да не лежат во затвор, бара Хелсиншки appeared first on Република.

]]>
Воведен полициски час во регионот на Одеса https://republika.mk/vesti/svet/voveden-policiski-chas-vo-regionot-na-odesa/ Fri, 08 Apr 2022 16:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=485472

Во регионот на Одеса е воведен полициски час, кој почнува утре во 20 часот по локално време и ќе трае до пет часот наутро в понеделник, соопшти денеска Градскиот совет на Одеса.

Според наредбата на началникот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, во тој период ќе биде забрането луѓето да бидат на улиците и на други јавни места без посебно издадени пропусници и сертификати.

Одеса е град на брегот на Црното Море во јужниот дел на Украина.

The post Воведен полициски час во регионот на Одеса appeared first on Република.

]]>

Во регионот на Одеса е воведен полициски час, кој почнува утре во 20 часот по локално време и ќе трае до пет часот наутро в понеделник, соопшти денеска Градскиот совет на Одеса. Според наредбата на началникот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, во тој период ќе биде забрането луѓето да бидат на улиците и на други јавни места без посебно издадени пропусници и сертификати. Одеса е град на брегот на Црното Море во јужниот дел на Украина.

The post Воведен полициски час во регионот на Одеса appeared first on Република.

]]>
Кличко се откажа од продолжување на полицискиот час во Киев https://republika.mk/vesti/svet/klichko-se-otkaza-od-prodolzuvanje-na-policiskiot-chas-vo-kiev/ Sat, 26 Mar 2022 13:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=478930

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се откажа од планираното продолжување на полицискиот час во главниот град на Украина.

Полицискиот час ќе остане нормален - од 20 до 07 часот. Во недела попладне ќе може да се движи низ главниот град и регионот - изјави Кличко.

The post Кличко се откажа од продолжување на полицискиот час во Киев appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се откажа од планираното продолжување на полицискиот час во главниот град на Украина.
Полицискиот час ќе остане нормален - од 20 до 07 часот. Во недела попладне ќе може да се движи низ главниот град и регионот - изјави Кличко.

The post Кличко се откажа од продолжување на полицискиот час во Киев appeared first on Република.

]]>
Кличко воведе полициски час во Киев до 17 март https://republika.mk/vesti/svet/klichko-vovede-policiski-chas-vo-kiev-do-17-mart/ Tue, 15 Mar 2022 10:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=473057

Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот Телеграм канал.

Согласно одлука на воената команда од денеска – 15 март, од 20 часот, во Киев се воведува полициски час. Забрането е движење низ градот без посебни пропусници. Може да се излезе само за да се стигне до засолниште. Полицискиот час ќе биде во сила до седум часот на 17 март, напиша Кличко.

The post Кличко воведе полициски час во Киев до 17 март appeared first on Република.

]]>

Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот Телеграм канал. Согласно одлука на воената команда од денеска – 15 март, од 20 часот, во Киев се воведува полициски час. Забрането е движење низ градот без посебни пропусници. Може да се излезе само за да се стигне до засолниште. Полицискиот час ќе биде во сила до седум часот на 17 март, напиша Кличко.

The post Кличко воведе полициски час во Киев до 17 март appeared first on Република.

]]>
Во Киев е најавен 35-часовен полициски час https://republika.mk/vesti/svet/vo-kiev-e-najaven-35-chasoven-policiski-chas/ Tue, 15 Mar 2022 10:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=473056

Во Киев е најавен 35-часовен полициски час.

Во Киев од вечерва до четврток наутро ќе биде во сила полициски час, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

The post Во Киев е најавен 35-часовен полициски час appeared first on Република.

]]>

Во Киев е најавен 35-часовен полициски час. Во Киев од вечерва до четврток наутро ќе биде во сила полициски час, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

The post Во Киев е најавен 35-часовен полициски час appeared first on Република.

]]>
Полицискиот час укинат, останува обврската за носење маска: Албанија ги модификува мерките https://republika.mk/vesti/balkan/policiskiot-chas-ukinat-ostanuva-obvrskata-za-nosenje-maska-albanija-gi-modifikuva-merkite/ Wed, 02 Mar 2022 12:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=466429

Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучи да се укине полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020 година, a што траеше од 23 до 6 часот.

По направената проценка на епидемиолошката состојба во земјата сè уште останува во сила мерката за носење заштитна маска во затворени простории и на места каде што не може да се одржи растојание.

Во земјава има постојано подобрување. Се укинува полицискиот час, останува мерката заразените да останат изолирани пет дена, носењето заштитна маска во затворени простории и каде што не може да се одржува растојание. Подобрувањето на оваа состојба доаѓа од процесот на вакцинација. Мораме со интензитет да продолжиме со овој процес и да почнеме со имунизација и на деца над 12-годишна возраст - информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министерка за здравство.

Исто така, во сила останува и мерката со која за влез во земјата треба да се поседува сертификат за примени две дози вакцина, како и онаа со која на спортски и културен настан или други собири се дозволува исполнетост од 30 отсто од капацитетот.

Ракацоли изјави дека последната недела од февруари забележано е намалување на новите случаи на заразени со Ковид-19 во земјата и оти во моментов има 2.211 активни случаи, од нив 50 се хоспитализирани при што 70 отсто во тешка состојба.

Според неа, од почетокот на пандемијата во март 2020 година, во земјата се направени 1.745.320 тестови, вирусот е потврден кај 271.702 лица, а починале 3.472 лица.

The post Полицискиот час укинат, останува обврската за носење маска: Албанија ги модификува мерките appeared first on Република.

]]>

Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучи да се укине полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020 година, a што траеше од 23 до 6 часот. По направената проценка на епидемиолошката состојба во земјата сè уште останува во сила мерката за носење заштитна маска во затворени простории и на места каде што не може да се одржи растојание.
Во земјава има постојано подобрување. Се укинува полицискиот час, останува мерката заразените да останат изолирани пет дена, носењето заштитна маска во затворени простории и каде што не може да се одржува растојание. Подобрувањето на оваа состојба доаѓа од процесот на вакцинација. Мораме со интензитет да продолжиме со овој процес и да почнеме со имунизација и на деца над 12-годишна возраст - информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министерка за здравство.
Исто така, во сила останува и мерката со која за влез во земјата треба да се поседува сертификат за примени две дози вакцина, како и онаа со која на спортски и културен настан или други собири се дозволува исполнетост од 30 отсто од капацитетот. Ракацоли изјави дека последната недела од февруари забележано е намалување на новите случаи на заразени со Ковид-19 во земјата и оти во моментов има 2.211 активни случаи, од нив 50 се хоспитализирани при што 70 отсто во тешка состојба. Според неа, од почетокот на пандемијата во март 2020 година, во земјата се направени 1.745.320 тестови, вирусот е потврден кај 271.702 лица, а починале 3.472 лица.

The post Полицискиот час укинат, останува обврската за носење маска: Албанија ги модификува мерките appeared first on Република.

]]>
Косово ги олесни анти-ковид мерките, укинат полицискиот час https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-gi-olesni-anti-kovid-merkite-ukinat-policiskiot-chas/ Wed, 02 Mar 2022 08:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=466289

Владата на Косово донесе одлука за промена на мерките против ширењето на епидемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, од денеска се укинуваат полицискиот час и ограничувањата за работа на угостителските објекти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, од 7 март се укинува и забраната за организирање на фестивали, концерти, екскурзии, свадби, семејни веслби и слично, со тоа што се дозволува користење на 50 отсто од капацитетите на местата каде што тие ќе се одржуваат.

За влез во Косово останува обврската за приложување една од следните потврди: сертификат за примени две дози вакцини, или една доза од „Џонсон&Џонсон“ вакцина, од кои последната треба да биде примена најдоцна пред 12 месеци, негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, или потврда дека лицето прележало Ковид-19 во последните 90 дена (позитивен РТ-ПЦР тест издаден пред 21 до 90 дена).

Непроменета останува и обврската за транзит низ Косово без приложување на некој од доказите за вакцинација или прележана зараза, во рок од три часа од влезот преку аеродром или некој од земните гранични премини, со потпишување изјава за намерата да се напушти државата во определениот рок.

Според последната одлука на косовската влада, која беше во сила од 5 февруари, движењето на граѓаните беше забрането од 24 до 5 часот наутро, на угостителските објекти им беше дозволена работа до 23 часот, додека работата на ноќните клубови беше целосно забранета.

The post Косово ги олесни анти-ковид мерките, укинат полицискиот час appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово донесе одлука за промена на мерките против ширењето на епидемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, од денеска се укинуваат полицискиот час и ограничувањата за работа на угостителските објекти, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, од 7 март се укинува и забраната за организирање на фестивали, концерти, екскурзии, свадби, семејни веслби и слично, со тоа што се дозволува користење на 50 отсто од капацитетите на местата каде што тие ќе се одржуваат. За влез во Косово останува обврската за приложување една од следните потврди: сертификат за примени две дози вакцини, или една доза од „Џонсон&Џонсон“ вакцина, од кои последната треба да биде примена најдоцна пред 12 месеци, негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, или потврда дека лицето прележало Ковид-19 во последните 90 дена (позитивен РТ-ПЦР тест издаден пред 21 до 90 дена). Непроменета останува и обврската за транзит низ Косово без приложување на некој од доказите за вакцинација или прележана зараза, во рок од три часа од влезот преку аеродром или некој од земните гранични премини, со потпишување изјава за намерата да се напушти државата во определениот рок. Според последната одлука на косовската влада, која беше во сила од 5 февруари, движењето на граѓаните беше забрането од 24 до 5 часот наутро, на угостителските објекти им беше дозволена работа до 23 часот, додека работата на ноќните клубови беше целосно забранета.

The post Косово ги олесни анти-ковид мерките, укинат полицискиот час appeared first on Република.

]]>
Кличко го заострува полицискиот час во Киев https://republika.mk/vesti/svet/klichko-go-zaostruva-policiskiot-chas-vo-kiev/ Sat, 26 Feb 2022 12:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=464282

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко најави денеска дека ќе се заостри полицискиот час во главниот град на Украина. Според него, прекршителите ќе се сметаат за „непријатели“.

Сите цивили на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантско-извидувачки групи. Ве молиме третирајте ја ситуацијата со разбирање и не излегувајте надвор.

Полицискиот час ќе трае од 17.00 до 08 часот следниот ден. Мерката стапува на сила од денеска.

Полициски час беше воведен пред два дена.

The post Кличко го заострува полицискиот час во Киев appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко најави денеска дека ќе се заостри полицискиот час во главниот град на Украина. Според него, прекршителите ќе се сметаат за „непријатели“.
Сите цивили на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантско-извидувачки групи. Ве молиме третирајте ја ситуацијата со разбирање и не излегувајте надвор.
Полицискиот час ќе трае од 17.00 до 08 часот следниот ден. Мерката стапува на сила од денеска. Полициски час беше воведен пред два дена.

The post Кличко го заострува полицискиот час во Киев appeared first on Република.

]]>
Во Киев воведен полициски час https://republika.mk/vesti/svet/vo-kiev-voveden-policiski-chas/ Thu, 24 Feb 2022 16:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=463295

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска воведе полициски час во главниот град на Украина од 22 часот до 7 часот наутро.

Тој рече дека јавниот превоз нема да работи за време на полициски час, пренесува Интерфакс Украина.

Според украинскиот Интерфакс, градските власти известиле за воздушна опасност во Киев.

The post Во Киев воведен полициски час appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска воведе полициски час во главниот град на Украина од 22 часот до 7 часот наутро. Тој рече дека јавниот превоз нема да работи за време на полициски час, пренесува Интерфакс Украина. Според украинскиот Интерфакс, градските власти известиле за воздушна опасност во Киев.

The post Во Киев воведен полициски час appeared first on Република.

]]>
Во Албанија останува во сила полицискиот час https://republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-ostanuva-vo-sila-policiskiot-chas/ Thu, 13 Jan 2022 14:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=444195

Албанскиот национален комитет на експерти за справување со пандемијата, на денешната седница оцени дека ситуацијата со пандемијата достигнува кулминација, во просек со по над 1.700 нови случаи на дневно ниво и одлучи да ја продолжи важноста на досегашните антиковид мерки.

Како што изјави Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, иако инфекциите бележат рекорден раст, во послените две недели, одлучиле да не воведуваат нови дополнителни мерки, туку оставаат на граѓаните строго да ги почитуваат веќе постојните антиковид мерки, за кои призна дека недоволно се почитуваат.

Евидентно е значително зголемување на случаите, кај млади возрасни групи до деца, но без придружба со иста стапка во хоспитализацијата. Нивото на мерки за заштита што се во сила се во согласност со епидемиолошките случувања. Нема да има промени. Постојат две варијанти на коронавирусот во оптек, Делта и Омикрон, како и сезонскиот вирусот на грип, рече Ракацили.

На граѓаните и правните субјекти, додаде таа, кои заборавија на заштитните маски и протоколите, оставаме да бидат поодговорни за да не мораме да воведуваме дополнителни ограничувачки мерки.

Според тоа, додаде Ракацоли, полицискиот час воведен во средината на ноември 2020 година останува и понатаму и тоа од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува до 23 часот, групни собирања до 50 лица а присуство на спортски и културни настани со 30 отсто исполнетост од капацитетот.

Граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини, освен деца до 6-годишна возраст мора да поседуваат сертификат за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест не постар од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето.

Комитетот оценува дека неповолната епидемиолошка состојба е последица на непочитувањето на мерките и групирањето за време на божикните и новогодишни празници, како и присуството на голем број иселеници, кои за празниците беа дојдени од западно европските земји

The post Во Албанија останува во сила полицискиот час appeared first on Република.

]]>

Албанскиот национален комитет на експерти за справување со пандемијата, на денешната седница оцени дека ситуацијата со пандемијата достигнува кулминација, во просек со по над 1.700 нови случаи на дневно ниво и одлучи да ја продолжи важноста на досегашните антиковид мерки. Како што изјави Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, иако инфекциите бележат рекорден раст, во послените две недели, одлучиле да не воведуваат нови дополнителни мерки, туку оставаат на граѓаните строго да ги почитуваат веќе постојните антиковид мерки, за кои призна дека недоволно се почитуваат.
Евидентно е значително зголемување на случаите, кај млади возрасни групи до деца, но без придружба со иста стапка во хоспитализацијата. Нивото на мерки за заштита што се во сила се во согласност со епидемиолошките случувања. Нема да има промени. Постојат две варијанти на коронавирусот во оптек, Делта и Омикрон, како и сезонскиот вирусот на грип, рече Ракацили.
На граѓаните и правните субјекти, додаде таа, кои заборавија на заштитните маски и протоколите, оставаме да бидат поодговорни за да не мораме да воведуваме дополнителни ограничувачки мерки. Според тоа, додаде Ракацоли, полицискиот час воведен во средината на ноември 2020 година останува и понатаму и тоа од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува до 23 часот, групни собирања до 50 лица а присуство на спортски и културни настани со 30 отсто исполнетост од капацитетот. Граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини, освен деца до 6-годишна возраст мора да поседуваат сертификат за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест не постар од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето. Комитетот оценува дека неповолната епидемиолошка состојба е последица на непочитувањето на мерките и групирањето за време на божикните и новогодишни празници, како и присуството на голем број иселеници, кои за празниците беа дојдени од западно европските земји

The post Во Албанија останува во сила полицискиот час appeared first on Република.

]]>