ПОА Archives - Република https://republika.mk/tema/poa/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 18:57:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПОА Archives - Република https://republika.mk/tema/poa/ 32 32 ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/poa-na-vranishkovski-ofitsijalno-tselosno-preminuva-vo-mpts-oa/ Wed, 28 Jun 2023 19:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=656194

Досегашната Православната Охридска Архиепископија (ПОА) објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и оти веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.

Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.

Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, се наведува во соопштението од ПОА објавено на веб страницата на македонски, на грчки и на руски јазик.

Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители.

За Крушевско-демирхисарската епархија е назначен митрополитот г. Јован, со титула митрополит Крушевско-демирхисарски, за Дељадровско-илинденската епархија епископот г. Јоаким, со титула епископ Дељадровско-илинденски, а за Делчевско-каменичката епархија епископот г. Марко, со титула епископ Делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ Дремвитски.

The post ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Досегашната Православната Охридска Архиепископија (ПОА) објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и оти веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.
Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.   Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, се наведува во соопштението од ПОА објавено на веб страницата на македонски, на грчки и на руски јазик.
Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители. За Крушевско-демирхисарската епархија е назначен митрополитот г. Јован, со титула митрополит Крушевско-демирхисарски, за Дељадровско-илинденската епархија епископот г. Јоаким, со титула епископ Дељадровско-илинденски, а за Делчевско-каменичката епархија епископот г. Марко, со титула епископ Делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ Дремвитски.

The post ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
На Соборот на СПЦ ќе се расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ https://republika.mk/vesti/balkan/na-soborot-na-spts-ke-se-rasprava-za-integriraneto-na-poa-vo-mpts/ Sun, 14 May 2023 11:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=640636

Со богослужба во белградската црква Свети Сава денес почнува седницата на Соборот на СПЦ (СПЦ), нејзиното најважно тело, на кое покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање, јави дописникот на МИА од Белград.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“.

[caption id="attachment_511355" align="alignnone" width="620"] (фото: РТС)[/caption]

Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, соопшти Бета.

Во пресрет на седницата на Соборот, како што дознава Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ.

Во краткото официјално соопштение на СПЦ не се споменуваат никакви теми, освен доставување извештаи од епархиите и црковните органи, но Косово е редовна тема и се очекува така да биде и на овој Собор, кој според практиката заседава зад затворени врати.

The post На Соборот на СПЦ ќе се расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ appeared first on Република.

]]>

Со богослужба во белградската црква Свети Сава денес почнува седницата на Соборот на СПЦ (СПЦ), нејзиното најважно тело, на кое покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање, јави дописникот на МИА од Белград. Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“. [caption id="attachment_511355" align="alignnone" width="620"] (фото: РТС)[/caption]
Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, соопшти Бета.
Во пресрет на седницата на Соборот, како што дознава Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ. Во краткото официјално соопштение на СПЦ не се споменуваат никакви теми, освен доставување извештаи од епархиите и црковните органи, но Косово е редовна тема и се очекува така да биде и на овој Собор, кој според практиката заседава зад затворени врати.

The post На Соборот на СПЦ ќе се расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ appeared first on Република.

]]>
Готово е: Почна процесот на интеграција на ПОА на Вранишковски во МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/gotovo-e-pochna-protsesot-na-integratsija-na-poa-na-vranishkovski-vo-mpts-oa/ Tue, 25 Apr 2023 11:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=633897

Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, донесени се неколку одлуки, кои е потребно да се усогласат со СПЦ, а потоа за нив ќе биде информирана и јавноста, изјави денеска митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод, на која, како што беше најавено уште вчера, требаше да се расправа за обединувањето со ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу македонската и српската црква.

Денеска заседаваше Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во полн состав, со мал исклучок на неколку архиереји, кои се во странство и еден архиереј, кој не можеше да дојде, но имаше свое полномошно за да се гласа доколку има потреба, но бидејќи одлуките се носеа воглавно едногласно, без никакви издвојувања денеска почна процесот за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, изјави владиката Тимотеј.

Митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на МПЦ-ОА, истакна дека се донесени неколку одлуки и како што одговори на новинарско прашање тие се поврзани со поделбата на епархиите, но напомена дека за јавноста ќе бидат познати по усогласувањето со српската црква.

Целосната интеграција Тимотеј очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој, како што кажа, треба да почне на 14 или 15 мај.

Одговарајќи на новинарско прашање владиката Тимотеј истакна дека на седницата не се говорело за админситративното име на МПЦ.

Нема што да се зборува, тоа останува, независно кој како сака да не нарекува, рече Тимотеј, додавајќи дека околу тоа нема поделени мислења во Синодот.

Порталот Религија.мк вчера објави дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени. Се очекува тоа да биде направено со прераспределба на постојните епархии на МПЦ-ОА. Заокружувањето на процесот на интеграција би значел и формално згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква.

Македонската православна црква-Охридска архиепископија на територијата на земјава и во дијаспората е организирана во 12 епархии, од кои осум се во државата, а четири се во дијаспората.

По повеќе од половина век, минатата година СПЦ и додели статус на целосна независност на МПЦ-ОА по заедничка литургија во Белград. Ова следеше, откако на 9 мај на заседание на Светиот Синод на Вселенската патријаршија, предводен од вселенски патријарх Вартоломеј се донесе одлука за отстранување на повеќедецениската шизма наложена врз древната Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значеше дека Вселенската патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. Тогаш се остави на СПЦ да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и МПЦ во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

На минатогодишниот собор на СПЦ беше одобрено канонското единство со МПЦ-ОА, со што беше решен спорот, кој датира од 1967 година кога МПЦ се одвои од СПЦ.

На 19 мај минатата година во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград беше одржана заедничка архијерејска литургија на помирување, со која чиноначалствуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан. Со неа беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу двете цркви и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј. Во храмот о

На 24 мај српскиот патријарх Порфириј сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот Стефан во Соборниот храм во Скопје. Тогаш Порфириј одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА.

Она што беше раздвоено од 1967 година Господ нè удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх на литургијата во Скопје.

Архиепископот г. г. Стефан, пак, по објавата за прифаќање на автокефалноста од страна на Порфириј, рече: „Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“.

На 5 јуни минатата година СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА. Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА Стефан, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, која беше објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Скопје, со која Српската црква ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

The post Готово е: Почна процесот на интеграција на ПОА на Вранишковски во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, донесени се неколку одлуки, кои е потребно да се усогласат со СПЦ, а потоа за нив ќе биде информирана и јавноста, изјави денеска митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод, на која, како што беше најавено уште вчера, требаше да се расправа за обединувањето со ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу македонската и српската црква.
Денеска заседаваше Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во полн состав, со мал исклучок на неколку архиереји, кои се во странство и еден архиереј, кој не можеше да дојде, но имаше свое полномошно за да се гласа доколку има потреба, но бидејќи одлуките се носеа воглавно едногласно, без никакви издвојувања денеска почна процесот за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, изјави владиката Тимотеј.
Митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на МПЦ-ОА, истакна дека се донесени неколку одлуки и како што одговори на новинарско прашање тие се поврзани со поделбата на епархиите, но напомена дека за јавноста ќе бидат познати по усогласувањето со српската црква. Целосната интеграција Тимотеј очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој, како што кажа, треба да почне на 14 или 15 мај. Одговарајќи на новинарско прашање владиката Тимотеј истакна дека на седницата не се говорело за админситративното име на МПЦ.
Нема што да се зборува, тоа останува, независно кој како сака да не нарекува, рече Тимотеј, додавајќи дека околу тоа нема поделени мислења во Синодот.
Порталот Религија.мк вчера објави дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени. Се очекува тоа да биде направено со прераспределба на постојните епархии на МПЦ-ОА. Заокружувањето на процесот на интеграција би значел и формално згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква. Македонската православна црква-Охридска архиепископија на територијата на земјава и во дијаспората е организирана во 12 епархии, од кои осум се во државата, а четири се во дијаспората. По повеќе од половина век, минатата година СПЦ и додели статус на целосна независност на МПЦ-ОА по заедничка литургија во Белград. Ова следеше, откако на 9 мај на заседание на Светиот Синод на Вселенската патријаршија, предводен од вселенски патријарх Вартоломеј се донесе одлука за отстранување на повеќедецениската шизма наложена врз древната Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значеше дека Вселенската патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. Тогаш се остави на СПЦ да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и МПЦ во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. На минатогодишниот собор на СПЦ беше одобрено канонското единство со МПЦ-ОА, со што беше решен спорот, кој датира од 1967 година кога МПЦ се одвои од СПЦ. На 19 мај минатата година во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград беше одржана заедничка архијерејска литургија на помирување, со која чиноначалствуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан. Со неа беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу двете цркви и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење. Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј. Во храмот о На 24 мај српскиот патријарх Порфириј сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот Стефан во Соборниот храм во Скопје. Тогаш Порфириј одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА.
Она што беше раздвоено од 1967 година Господ нè удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх на литургијата во Скопје.
Архиепископот г. г. Стефан, пак, по објавата за прифаќање на автокефалноста од страна на Порфириј, рече: „Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“. На 5 јуни минатата година СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА. Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА Стефан, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, која беше објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Скопје, со која Српската црква ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

The post Готово е: Почна процесот на интеграција на ПОА на Вранишковски во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
МПЦ-ОА утре ќе се обедини со Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите https://republika.mk/vesti/makedonija/mpts-oa-utre-ke-se-obedini-so-vranishkovski-negovite-vladitsi-ke-dobijat-del-od-eparhiite/ Mon, 24 Apr 2023 17:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=633690

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава религија.мк.

Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА.

Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува религија.мк, додавајќи дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

Повеќе тука

The post МПЦ-ОА утре ќе се обедини со Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите appeared first on Република.

]]>

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава религија.мк. Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.
Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува религија.мк, додавајќи дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.
Повеќе тука

The post МПЦ-ОА утре ќе се обедини со Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите appeared first on Република.

]]>
Владиците од ПОА ќе добијат епархии? https://republika.mk/vesti/makedonija/vladicite-od-poa-kje-dobijat-eparhii/ Wed, 31 Aug 2022 17:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=546191

Се договоривме дека наскоро треба да се договориме, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар на прашањето на „Плусинфо“ какви одлуки биле донесени на вчерашната седница на Синодот, а во поглед на интеграцијата на архијереите од Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Како што објасни владиката, црковниот врв на МПЦ-ОА наскоро ќе се сретне со владиците од ПОА и на таа средба ќе им бидат претставени, односно понудени неколку предлози за нивна интеграција.

На синодската седница донесовме одлука дека треба да седнеме на иста маса со архијереите од ПОА и да разговараме очи в очи. Откако ќе го одржиме тој состанок, а ве уверувам дека ќе биде за брзо време, тогаш ќе се знае отприлика во која насока ќе се движат работите во поглед на нивното прашање. Но, гледано од аспект дека ние веќе сме автокефална црква, автоматски на некој начин е решено нивното прашање. Ова го кажувам во смисла дека не може да има паралелна канонска црква на една иста територија. Многу добро знаеме дека Српската православна црква ја воспостави ПОА на нашата територија, но истата таа СПЦ сега нам ни додели автокефалност и со самото тоа се укинува функционирањето на ПОА. Сега се поставува само прашањето како ќе се интегрираат владиците од ПОА во нашата црква. Јас мислам дека е сосема разбирливо дека таа интеграција мора да биде во договор со нив, објасни владиката.

На прашањето дали е сѐ уште во игра сценариото да се испрати во пензија поглаварот на ПОА, г.г. Јован, еден епископ да остане под капата на СПЦ, а останатите двајца владици во улога на хороепископи да заминат во манастир, владиката Петар тврди дека сѐ е можно.

Секако дека постојат такви размислувања и кај нас и кај СПЦ, но тоа не е ништо конкретно и конечно. Станува збор за можности како да се изнајде некое најбезболно решение за да се надмине тоа прашање, изјави г. Петар.

Од ПОА за „Плусинфо“ кратко одговорија дека засега до нив не е пристигната никаква покана за состанок со црковниот врв на МПЦ-ОА.

The post Владиците од ПОА ќе добијат епархии? appeared first on Република.

]]>

Се договоривме дека наскоро треба да се договориме, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар на прашањето на „Плусинфо“ какви одлуки биле донесени на вчерашната седница на Синодот, а во поглед на интеграцијата на архијереите од Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА). Како што објасни владиката, црковниот врв на МПЦ-ОА наскоро ќе се сретне со владиците од ПОА и на таа средба ќе им бидат претставени, односно понудени неколку предлози за нивна интеграција.
На синодската седница донесовме одлука дека треба да седнеме на иста маса со архијереите од ПОА и да разговараме очи в очи. Откако ќе го одржиме тој состанок, а ве уверувам дека ќе биде за брзо време, тогаш ќе се знае отприлика во која насока ќе се движат работите во поглед на нивното прашање. Но, гледано од аспект дека ние веќе сме автокефална црква, автоматски на некој начин е решено нивното прашање. Ова го кажувам во смисла дека не може да има паралелна канонска црква на една иста територија. Многу добро знаеме дека Српската православна црква ја воспостави ПОА на нашата територија, но истата таа СПЦ сега нам ни додели автокефалност и со самото тоа се укинува функционирањето на ПОА. Сега се поставува само прашањето како ќе се интегрираат владиците од ПОА во нашата црква. Јас мислам дека е сосема разбирливо дека таа интеграција мора да биде во договор со нив, објасни владиката.
На прашањето дали е сѐ уште во игра сценариото да се испрати во пензија поглаварот на ПОА, г.г. Јован, еден епископ да остане под капата на СПЦ, а останатите двајца владици во улога на хороепископи да заминат во манастир, владиката Петар тврди дека сѐ е можно.
Секако дека постојат такви размислувања и кај нас и кај СПЦ, но тоа не е ништо конкретно и конечно. Станува збор за можности како да се изнајде некое најбезболно решение за да се надмине тоа прашање, изјави г. Петар.
Од ПОА за „Плусинфо“ кратко одговорија дека засега до нив не е пристигната никаква покана за состанок со црковниот врв на МПЦ-ОА.

The post Владиците од ПОА ќе добијат епархии? appeared first on Република.

]]>
Јован Вранишковски оди во пензија, неговата ПОА ќе се претопи во МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/jovan-vranishkovski-odi-vo-penzija-negovata-poa-kje-se-pretopi-vo-mpc-oa/ Sat, 14 May 2022 18:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=502336

Во објавата дека СПЦ на утрешниот сабор ќе ја признае Охридската архиепископија, српски „Курир“ дознава и што ќе се случува со црквата на Јован Вранишковски која СПЦ досега единствено ја признаваше во Македонија. Според „Курир“ ПОА на Вранишковски ќе се претопи во МПЦ-ОА а  Вранишковски ќе замине во пенизија порад нарушено здравје.

Сега ПАО практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПОА, Јован Вранишковски м ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни-дознава „Курир.рс“

https://republika.mk/vesti/srpski-mediumi-spc-na-utreshniot-sabor-kje-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija/

The post Јован Вранишковски оди во пензија, неговата ПОА ќе се претопи во МПЦ-ОА appeared first on Република.