пијанистка Archives - Република https://republika.mk/tema/pijanistka/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 11:35:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пијанистка Archives - Република https://republika.mk/tema/pijanistka/ 32 32 Настапот на „Охридско лето“  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов https://republika.mk/vesti/kultura/nastapot-na-ohridsko-leto-pijanistkata-kostova-go-posveti-na-nejziniot-tatko-golemiot-makedonski-kompozitor-kire-kostov/ Sun, 28 Jul 2024 12:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=801028

Црногорскиот симфониски оркестар вчеравечер гостуваше на 64. „Охридско лето“  музицирајќи во Предворјето на црквата „Света Софија“. Солист на вечерта беше реномираната македонска пијанистка Нина Костова која го изведе Моцартовиот Концерт за пијано и оркестар бр. 21 C-dur KV 467.

-Ова е прв мој настап со Црногорскиот симфониски оркестар. Навистина се прекрасни, дојдоа подготвени, и со една проба успеавме да направиме максимум. Диригентот е исто така прекрасен и отворен за соработка, а организацијата на „Охридско лето“, како и секогаш е на врвно ниво, вели Костова.

Вчерашниот настап на „Охридско лето“,  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов, кој  почина  точно пред една година, на 27 јули.

Од сезоната 2023/2024 на чело на Црногорскиот симфониски оркестар е реномираниот француски диригент со црногорско потекло- Марк Корович. На репертоарот на овој оркестар се наоѓаат дела од сите стилови и музика од барокната ера,  па сѐ до современи дела. Оркестарот остварува концерти со епохални дела од светската музичка ризница кои претставуваат историски мигови во црногорскиот музички живот. Покрај тоа, редовно се застапени делата на црногорските композитори: Иван Бркановиќ, Илија Лакешиќ, Борислав Таминжиќ, Жарко Мирковиќ, Нина Перовиќ, Александар Перуновиќ, Сенад Гачевиќ кои се значајни во музичката историја и сегашност на Црна Гора.

The post Настапот на „Охридско лето“  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот симфониски оркестар вчеравечер гостуваше на 64. „Охридско лето“  музицирајќи во Предворјето на црквата „Света Софија“. Солист на вечерта беше реномираната македонска пијанистка Нина Костова која го изведе Моцартовиот Концерт за пијано и оркестар бр. 21 C-dur KV 467. -Ова е прв мој настап со Црногорскиот симфониски оркестар. Навистина се прекрасни, дојдоа подготвени, и со една проба успеавме да направиме максимум. Диригентот е исто така прекрасен и отворен за соработка, а организацијата на „Охридско лето“, како и секогаш е на врвно ниво, вели Костова. Вчерашниот настап на „Охридско лето“,  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов, кој  почина  точно пред една година, на 27 јули. Од сезоната 2023/2024 на чело на Црногорскиот симфониски оркестар е реномираниот француски диригент со црногорско потекло- Марк Корович. На репертоарот на овој оркестар се наоѓаат дела од сите стилови и музика од барокната ера,  па сѐ до современи дела. Оркестарот остварува концерти со епохални дела од светската музичка ризница кои претставуваат историски мигови во црногорскиот музички живот. Покрај тоа, редовно се застапени делата на црногорските композитори: Иван Бркановиќ, Илија Лакешиќ, Борислав Таминжиќ, Жарко Мирковиќ, Нина Перовиќ, Александар Перуновиќ, Сенад Гачевиќ кои се значајни во музичката историја и сегашност на Црна Гора.

The post Настапот на „Охридско лето“  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов appeared first on Република.

]]>
Вечерва на „Златна лира“ концерт на пијанистката Јасмина Трајческа https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-zlatna-lira-kontsert-na-pijanistkata-jasmina-trajcheska/ Mon, 30 Oct 2023 07:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=696094

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи пијанистката Јасмина Трајчевски, во рамки на „Златна лира“.

Повеќе од две децении присуство на музичката сцена и богатото уметничко портфолио ја сместуваат пијанистката Трајческа во редот на најактивните изведувачи кај нас. И оваа вечер на фестивалот „Златна лира“, Трајческа со впечатлив, внимателно избран и несекојдневен репертоар за пијано, изведувајќи дела на Б. Бојовиќ, Ј. Матичич и Џ. Гершвин.

Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршува на ФМУ, Скопје во (класа на проф. Валери Стефановски). Учесничка е на бројни мастеркласи кај еминентни професори: М. Келер, К. Богино, С. Богино, В. Огарков, А. Диев. Добитничка е на бројни награди на меѓународни и на интернационални натпревари, меѓу кои се издвојуваат: Internatonal piano competiton Giovani talenti Rovere Doro – Сан Бартоломео ал маре, Италија; DINO CIANI Вербаниа Интра, Милано, Италија; JUPITER – Џенова, Италија; Internatonal competition Interfest – Битола, Македонија; Втор меѓународен конкурс „Димитар Ненов“, Разград, Бугарија; Државниот натпревар по пијано во Скопје, Македонија итн.

Трајческа повеќе од две децении остварува богата концертна дејност. Одржала полурецитали и рецитали на летните академии во Пиран (Р. Словенија), Варна (Бугарија), на фестивалот Musica di laguna Choggia (Италија), на официјалното отворање на новото пијано YAMAHA C9 во Гросупље (Словенија). По покана учествува како како специјален гостин-солист на Фестивалот EUROCHESTRIES CHARANTE MARITIMES во Бордо (Франција), а остварува и културен престој во Париз, настапи на фестивалот Makarska summer во Макарска (Хрватска), фестивалот „Прилеп, град на културата“, на манифестацијата „Прилепско културно лето“, на проектот „Рапсодија за Скопје“ и на проекти за концерти за камерна музика – флејта и пијано.

Реализира концерт на ЈАМУ, во Брно, Р. Чешка, концерт во Љубљана во концертната сала на Глазбена матица на Словенија, и е дел концертот „Балканска синтеза“ на покана на фестивалот ИМАГО СЛОВЕНИЈАЕ во Љубљана, проект поддржан од Град Прилеп и Амбасадата на Република Словенија во Скопје, како и од јубилејниот концерт„Балканска рапсодија“ во Битола и Гевгелија, проектот „Словенски воз“ за соло пијано во Гевгелија, а реализира и бројни солистички концерти поддржани од Министерството за култура на Македонија во градовите Прилеп, Гевгелија, Охрид, Тетово, Куманово и Скопје. Работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Влезот на концертот е слободен.

 

The post Вечерва на „Златна лира“ концерт на пијанистката Јасмина Трајческа appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи пијанистката Јасмина Трајчевски, во рамки на „Златна лира“. Повеќе од две децении присуство на музичката сцена и богатото уметничко портфолио ја сместуваат пијанистката Трајческа во редот на најактивните изведувачи кај нас. И оваа вечер на фестивалот „Златна лира“, Трајческа со впечатлив, внимателно избран и несекојдневен репертоар за пијано, изведувајќи дела на Б. Бојовиќ, Ј. Матичич и Џ. Гершвин. Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршува на ФМУ, Скопје во (класа на проф. Валери Стефановски). Учесничка е на бројни мастеркласи кај еминентни професори: М. Келер, К. Богино, С. Богино, В. Огарков, А. Диев. Добитничка е на бројни награди на меѓународни и на интернационални натпревари, меѓу кои се издвојуваат: Internatonal piano competiton Giovani talenti Rovere Doro – Сан Бартоломео ал маре, Италија; DINO CIANI Вербаниа Интра, Милано, Италија; JUPITER – Џенова, Италија; Internatonal competition Interfest – Битола, Македонија; Втор меѓународен конкурс „Димитар Ненов“, Разград, Бугарија; Државниот натпревар по пијано во Скопје, Македонија итн. Трајческа повеќе од две децении остварува богата концертна дејност. Одржала полурецитали и рецитали на летните академии во Пиран (Р. Словенија), Варна (Бугарија), на фестивалот Musica di laguna Choggia (Италија), на официјалното отворање на новото пијано YAMAHA C9 во Гросупље (Словенија). По покана учествува како како специјален гостин-солист на Фестивалот EUROCHESTRIES CHARANTE MARITIMES во Бордо (Франција), а остварува и културен престој во Париз, настапи на фестивалот Makarska summer во Макарска (Хрватска), фестивалот „Прилеп, град на културата“, на манифестацијата „Прилепско културно лето“, на проектот „Рапсодија за Скопје“ и на проекти за концерти за камерна музика – флејта и пијано. Реализира концерт на ЈАМУ, во Брно, Р. Чешка, концерт во Љубљана во концертната сала на Глазбена матица на Словенија, и е дел концертот „Балканска синтеза“ на покана на фестивалот ИМАГО СЛОВЕНИЈАЕ во Љубљана, проект поддржан од Град Прилеп и Амбасадата на Република Словенија во Скопје, како и од јубилејниот концерт„Балканска рапсодија“ во Битола и Гевгелија, проектот „Словенски воз“ за соло пијано во Гевгелија, а реализира и бројни солистички концерти поддржани од Министерството за култура на Македонија во градовите Прилеп, Гевгелија, Охрид, Тетово, Куманово и Скопје. Работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Влезот на концертот е слободен.  

The post Вечерва на „Златна лира“ концерт на пијанистката Јасмина Трајческа appeared first on Република.

]]>
Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од иницијативата „Европа за Украина“ со музичари од 50 европски земји https://republika.mk/scena/muzika/nashata-pijanistka-mimoza-kjeka-kje-bide-del-od-inicijativata-evropa-za-ukraina-so-muzichari-od-50-evropski-zemji/ Wed, 20 Apr 2022 09:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=491034

Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од групата музичари од 50 европски земји кои ќе учествуваат во снимањето на оригиналната композиција на Амелија Реј, „Раце во срца“.

Песната е во рамка на иницијативата „Европа за Украина“, како гест на солидарност со оваа земја и ќе биде објавена на Денот на Уставот на Украина – 28 јуни.

Исто како што САД за Африка поттикна надеж за подобра иднина кога композицијата „We Are The World“ беше објавена во 1985 година, преку „Раце во срца’ („Hands in Hearts“), „Европа за Украина“ го инспирира ветувањето за посилна заедница, поддржувајќи ја љубовта кон соседот, велат организаторите.

The post Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од иницијативата „Европа за Украина“ со музичари од 50 европски земји appeared first on Република.

]]>

Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од групата музичари од 50 европски земји кои ќе учествуваат во снимањето на оригиналната композиција на Амелија Реј, „Раце во срца“. Песната е во рамка на иницијативата „Европа за Украина“, како гест на солидарност со оваа земја и ќе биде објавена на Денот на Уставот на Украина – 28 јуни.
Исто како што САД за Африка поттикна надеж за подобра иднина кога композицијата „We Are The World“ беше објавена во 1985 година, преку „Раце во срца’ („Hands in Hearts“), „Европа за Украина“ го инспирира ветувањето за посилна заедница, поддржувајќи ја љубовта кон соседот, велат организаторите.

The post Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од иницијативата „Европа за Украина“ со музичари од 50 европски земји appeared first on Република.

]]>
Македонската пијанистка Ана Велиновска настапи на две вечери по ред во престижната сала ККЛ во Швајцарија https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-pijanistka-ana-velinovska-nastapi-na-dve-vecheri-po-red-vo-prestiznata-sala-kkl-vo-shvajcarija/ Mon, 21 Mar 2022 15:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=476212

Пијанистката Ана Велиновска настапи како солист и ги отвори концертите на светски познатиот пијанист Фазил Сај во реномираната сала ККЛ во Луцерн, Швајцарија, кои се одржаа на 16 и 17 март.

Настапите на Ана Велиновска беа испратени со овации од многубројната публика во оваа концертна сала, која важи за една од најубавите во светот, посебно според квалитетот на акустиката. Во периодот од 2020 до 2022 година пијанистката Ана Велиновска редовно настапува како изведувач на современа музика, со бројни праизведби и гостувања на реномирани фестивали, најмногу во Швајцарија и Германија. Една од изведбите на Ана Велиновска во ККЛ е на следното видео.

https://www.youtube.com/watch?v=T4B-6HdbBDM

The post Македонската пијанистка Ана Велиновска настапи на две вечери по ред во престижната сала ККЛ во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Пијанистката Ана Велиновска настапи како солист и ги отвори концертите на светски познатиот пијанист Фазил Сај во реномираната сала ККЛ во Луцерн, Швајцарија, кои се одржаа на 16 и 17 март. Настапите на Ана Велиновска беа испратени со овации од многубројната публика во оваа концертна сала, која важи за една од најубавите во светот, посебно според квалитетот на акустиката. Во периодот од 2020 до 2022 година пијанистката Ана Велиновска редовно настапува како изведувач на современа музика, со бројни праизведби и гостувања на реномирани фестивали, најмногу во Швајцарија и Германија. Една од изведбите на Ана Велиновска во ККЛ е на следното видео. https://www.youtube.com/watch?v=T4B-6HdbBDM

The post Македонската пијанистка Ана Велиновска настапи на две вечери по ред во престижната сала ККЛ во Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Македонската пијанистка Ана Велиновска настапи во ККЛ во Луцерн, една од најпрестижните сали во светот https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-pijanistka-ana-velinovska-nastapi-vo-kkl-vo-lucern-edna-od-najprestiznite-sali-vo-svetot/ Thu, 17 Mar 2022 10:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=474179

Македонската пијанистка Ана Велиновска ја воодушеви швајцарската публика на вчерашниот настап во ККЛ, една од најпрестижните концертни сали во светот.

Пијанистката Ана Велиновска вчеравечер настапи како солист и го отвори концертот на светски познатиот пијанист Фазил Сај во салата ККЛ во Луцерн, Швајцарија.

Настапот на Ана Велиновска беше испратен со долг аплауз од швајцарската публика во престижната концертна сала. Велиновска повторно ќе го отвори и вечерашниот (втор) концерт на Фазил Сај во Луцерн, Швајцарија.

The post Македонската пијанистка Ана Велиновска настапи во ККЛ во Луцерн, една од најпрестижните сали во светот appeared first on Република.

]]>

Македонската пијанистка Ана Велиновска ја воодушеви швајцарската публика на вчерашниот настап во ККЛ, една од најпрестижните концертни сали во светот. Пијанистката Ана Велиновска вчеравечер настапи како солист и го отвори концертот на светски познатиот пијанист Фазил Сај во салата ККЛ во Луцерн, Швајцарија. Настапот на Ана Велиновска беше испратен со долг аплауз од швајцарската публика во престижната концертна сала. Велиновска повторно ќе го отвори и вечерашниот (втор) концерт на Фазил Сај во Луцерн, Швајцарија.

The post Македонската пијанистка Ана Велиновска настапи во ККЛ во Луцерн, една од најпрестижните сали во светот appeared first on Република.

]]>