Петр Павел Archives - Република https://republika.mk/tema/petr-pavel/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 17:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петр Павел Archives - Република https://republika.mk/tema/petr-pavel/ 32 32 Петр Павел: Трамп би можел да се договори со Путин, тоа не е во интерес на Европа https://republika.mk/vesti/svet/petr-pavel-tramp-bi-mozhel-da-se-dogovori-so-putin-toa-ne-e-vo-interes-na-evropa/ Sat, 09 Nov 2024 17:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=835926

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можел да се обиде да преговара со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната против Украина, но таквиот договор веројатно нема да биде во најдобар интерес на Европа или Украина, изјави чешкиот претседател Петр Павел.

- Таков договор најверојатно нема да биде во наш (европски) интерес, ниту во интерес на Украина. Затоа што на Русија едноставно и дава дел од окупираните територии, со порака до Украина дека нема да стане членка на НАТО најмалку 20 години, рече Павел на отворањето на самитот во Прага за одбран, пренесува порталот РБК Украина.

Тој додаде дека западната поддршка за Украина не била доволно брза, што им овозможило на руските сили да напредуваат.

Според него, западните испораки на воена опрема и финансиска помош биле недоволни за да се обезбеди победа на Украина. Тој додаде дека ситуацијата на фронтот е дојдена до „некаков вид ќорсокак“, но дека сега „се повеќе се врти во корист на Русија“.

- И во оваа ситуација тешко е да се мотивира која било страна да преговара, рече Павел.

Тој додаде дека секој мировен договор, дури и ако води до привремени отстапки на некои територии под руска контрола пред да се постигне дипломатско решение во иднина, треба да се преговара со повеќе страни, вклучувајќи ги Кина, Индија и Европа.

На почетокот на септември Доналд Трамп тврдеше дека доколку победи на изборите ќе ги повика украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, а договор ќе биде постигнат во рок од 24 часа.

Покрај тоа, истиот месец Трамп се сретна со Зеленски, а украинскиот претседател му го претстави својот план за победа.

По тие разговори, Трамп рече дека сака „фер договор за сите“, потсетува украинскиот портал.

The post Петр Павел: Трамп би можел да се договори со Путин, тоа не е во интерес на Европа appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можел да се обиде да преговара со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната против Украина, но таквиот договор веројатно нема да биде во најдобар интерес на Европа или Украина, изјави чешкиот претседател Петр Павел.
- Таков договор најверојатно нема да биде во наш (европски) интерес, ниту во интерес на Украина. Затоа што на Русија едноставно и дава дел од окупираните територии, со порака до Украина дека нема да стане членка на НАТО најмалку 20 години, рече Павел на отворањето на самитот во Прага за одбран, пренесува порталот РБК Украина.
Тој додаде дека западната поддршка за Украина не била доволно брза, што им овозможило на руските сили да напредуваат. Според него, западните испораки на воена опрема и финансиска помош биле недоволни за да се обезбеди победа на Украина. Тој додаде дека ситуацијата на фронтот е дојдена до „некаков вид ќорсокак“, но дека сега „се повеќе се врти во корист на Русија“.
- И во оваа ситуација тешко е да се мотивира која било страна да преговара, рече Павел.
Тој додаде дека секој мировен договор, дури и ако води до привремени отстапки на некои територии под руска контрола пред да се постигне дипломатско решение во иднина, треба да се преговара со повеќе страни, вклучувајќи ги Кина, Индија и Европа. На почетокот на септември Доналд Трамп тврдеше дека доколку победи на изборите ќе ги повика украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, а договор ќе биде постигнат во рок од 24 часа. Покрај тоа, истиот месец Трамп се сретна со Зеленски, а украинскиот претседател му го претстави својот план за победа. По тие разговори, Трамп рече дека сака „фер договор за сите“, потсетува украинскиот портал.

The post Петр Павел: Трамп би можел да се договори со Путин, тоа не е во интерес на Европа appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Чешка им дозволил на 20 граѓани на земјата да се приклучат на вооружените сили на Украина https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-cheshka-im-dozvolil-na-20-gragani-na-zemjata-da-se-prikluchat-na-vooruzhenite-sili-na-ukraina/ Tue, 27 Feb 2024 07:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=748683

Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, им дозволил на 20 граѓани на земјата да се приклучат на вооружените сили на Украина.

Павел, које поранешен воен командант на НАТО, изјави дека Западот не им дава доволна поддршка на украинските војници.

Издадена е дозвола за служење во украинската армија на 20 граѓани, 56 барања со ова барање се одбиени по препораки на министерствата за одбрана и внатрешни работи“, изјави Павел на каналот Нова ТВ.

Павел додаде дека Европската Унија многу заостанува зад Русија во сопствениот одбранбен капацитет. Така, според неговите зборови, ЕУ нема произведено ниту еден нов тенк за две години и заостанува зад Русија во производството на гранати од голем калибар.

The post Претседателот на Чешка им дозволил на 20 граѓани на земјата да се приклучат на вооружените сили на Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, им дозволил на 20 граѓани на земјата да се приклучат на вооружените сили на Украина. Павел, које поранешен воен командант на НАТО, изјави дека Западот не им дава доволна поддршка на украинските војници.
Издадена е дозвола за служење во украинската армија на 20 граѓани, 56 барања со ова барање се одбиени по препораки на министерствата за одбрана и внатрешни работи“, изјави Павел на каналот Нова ТВ.
Павел додаде дека Европската Унија многу заостанува зад Русија во сопствениот одбранбен капацитет. Така, според неговите зборови, ЕУ нема произведено ниту еден нов тенк за две години и заостанува зад Русија во производството на гранати од голем калибар.

The post Претседателот на Чешка им дозволил на 20 граѓани на земјата да се приклучат на вооружените сили на Украина appeared first on Република.

]]>
Павел: Не се гледа крајот на војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/pavel-ne-se-gleda-krajot-na-vojnata-vo-ukraina/ Wed, 06 Sep 2023 08:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=679213

Претседателот на Чешка, Петр Павел го оцени напредувањето на украинските сили во Запорожје како „позитивен пресврт“, но не и како пресвртница во војната во Украина и предупреди дека нејзиниот крај не се гледа, а во светот не постои поширок меѓународен договор како да се реши тој конфликт.

Не би го нарекол пробивањето на руската одбранбена линија пресвртница. Можеме да зборуваме за позитивен пресврт, но тоа е само дел од фронтот, напредување од неколку километри или десетици километри, а Русија нема само една линија на одбрана, туку две, понекогаш дури и три. Пробивот на едно место на фронтот не значи колапс на руската армија и победа на Украина, предупреди денеска Павел во видеоинтервју за чешкиот весник „Млада фронта Днес“.

Тој порача дека треба да се биде внимателен во оценувањето на напредокот на украинската контраофанзива, да се продолжи со помошта за Киев.

Русија во овој момент не сака да разговара, или ако сака, тогаш само со оние што ги смета за свои сојузници. И мислам дека сега нема за што да се зборува, бидејќи претседателот (на Русија, Владимир) Путин јасно дава до знаење дека почетната точка за преговори е рускиот предлог, а тоа од разбирливи причини е неприфатливо за земји како нашата, посочи рече Павел.

Чешкиот претседател предупреди дека организирањето мировен самит во овој момент би било само „празен гест“.

За тоа е потребна волјата на двете страни во конфликтот. Засега двете страни едногласно тврдат дека сегашните услови не дозволуваат никакви преговори. Истовремено, би било неопходно да се постигне поширок меѓународен консензус за тоа како да се реши конфликтот, истакна Павел.

Тој додаде дека се залага дипломатските канали да останат отворени бидејќи, како што нагласи, „дипломатијата не може да се води само од апсолутно највисоките принципи, таа се води и во земји кои меѓусебно војуваат“.

The post Павел: Не се гледа крајот на војната во Украина appeared first on Република.

Чешкиот претседател казнет со 2.700 долари за нецелосни информации за донаторите на кампањата https://republika.mk/vesti/svet/cheshkiot-pretsedatel-kaznet-so-2-700-dolari-za-netselosni-informatsii-za-donatorite-na-kampanata/ Fri, 17 Mar 2023 07:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=620518

Според Аутли, ова е прв патнеговиот оддел да изрече толку висока казна на физичко лице и обично само правните лица се казнуваат во такви износи.

Се уште не е познат обемот на донации со нецелосни податоци за донаторите. Според законот, износот на донираните суми на листата на спонзори не мора да биде објавен. Тие ќе бидат познати само од извештајот за финансирање на кампањата, а рокот за нивно поднесување е 2 мај, објави чешката телевизија.

The post Чешкиот претседател казнет со 2.700 долари за нецелосни информации за донаторите на кампањата appeared first on Република.

]]>

Според Аутли, ова е прв патнеговиот оддел да изрече толку висока казна на физичко лице и обично само правните лица се казнуваат во такви износи. Се уште не е познат обемот на донации со нецелосни податоци за донаторите. Според законот, износот на донираните суми на листата на спонзори не мора да биде објавен. Тие ќе бидат познати само од извештајот за финансирање на кампањата, а рокот за нивно поднесување е 2 мај, објави чешката телевизија.

The post Чешкиот претседател казнет со 2.700 долари за нецелосни информации за донаторите на кампањата appeared first on Република.

]]>
Петр Павел положи заклетва како нов претседател на Чешката Република https://republika.mk/vesti/svet/petr-pavel-polozhi-zakletva-kako-nov-pretsedatel-na-cheshkata-republika/ Thu, 09 Mar 2023 17:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=617848

На заедничка свечена седница на двата дома на Парламентот во замокот Храдчани во Прага, новиот чешки претседател, генералот во пензија Петр Павел (61) положи заклетва и го почна петгодишниот мандат.

Излеговте на избирачките места за да кажете доволно за хаосот и да го отворите патот на волјата заедно да бараме решенија. Благодарение на вас можеме да придонесеме за политиката на вредности. Благодарение на вас, вистината повторно победи. Сите сме тим. И луѓето кои гласаа за мене, но и оние кои не гласаа или не излегоа на избори, изјави Павел во својот говор по полагањето заклетва.

Новиот претседател истакна дека сака да се вратат достоинството, почитта и пристојноста кај функционерите и во политиката, додека, како што рече, успехот досега бил главен критериум во Чешка.

Успех без разлика на која цена или на чија сметка. За жал, тоа го истакнаа и највисоките претставници на државата. Популистите го освоија просторот, рече Павел.

И во земјата и на меѓународната сцена, новиот претседател го критикуваше раширеното чувство дека Чешка е премногу мала за нејзиниот глас да се слушне во светот или е премногу слаба за да го промени ставот на посилните партнери.

Тоа чувство можеби доаѓа од фактот дека историјата честопати не била љубезна кон нас. Сакам заедно да ја надминеме таа сенка. Да не ги комплицираме едноставните работи, да не создаваме пречки за да не правиме ништо. Да не чекаме големите земји да смислат решение. Каде пишува дека најпаметни се најголемите, рече Павел.

Новиот чешки претседател предупреди и дека единствениот глас на Централна Европа ќе биде важен за помош на Украина.

Павел на Чесите им вети дека ќе продолжи со редовните посети на сите региони во државата за директно да слушне од народот што ги мачи и какви решенија предлагаат, а најави дека наскоро ќе објави и конкретен план за акција во првите 100 дена.

Во чест на претседателот Павел, чија страст и хоби се моторите, низ Прага помина поворка од 150 мотоциклисти од различни делови на Чешка, а Чесите ја следеа заклетвата на големите екрани во самиот замок.

Павел е поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО.

The post Петр Павел положи заклетва како нов претседател на Чешката Република appeared first on Република.

]]>

На заедничка свечена седница на двата дома на Парламентот во замокот Храдчани во Прага, новиот чешки претседател, генералот во пензија Петр Павел (61) положи заклетва и го почна петгодишниот мандат.
Излеговте на избирачките места за да кажете доволно за хаосот и да го отворите патот на волјата заедно да бараме решенија. Благодарение на вас можеме да придонесеме за политиката на вредности. Благодарение на вас, вистината повторно победи. Сите сме тим. И луѓето кои гласаа за мене, но и оние кои не гласаа или не излегоа на избори, изјави Павел во својот говор по полагањето заклетва.
Новиот претседател истакна дека сака да се вратат достоинството, почитта и пристојноста кај функционерите и во политиката, додека, како што рече, успехот досега бил главен критериум во Чешка.
Успех без разлика на која цена или на чија сметка. За жал, тоа го истакнаа и највисоките претставници на државата. Популистите го освоија просторот, рече Павел.
И во земјата и на меѓународната сцена, новиот претседател го критикуваше раширеното чувство дека Чешка е премногу мала за нејзиниот глас да се слушне во светот или е премногу слаба за да го промени ставот на посилните партнери.
Тоа чувство можеби доаѓа од фактот дека историјата честопати не била љубезна кон нас. Сакам заедно да ја надминеме таа сенка. Да не ги комплицираме едноставните работи, да не создаваме пречки за да не правиме ништо. Да не чекаме големите земји да смислат решение. Каде пишува дека најпаметни се најголемите, рече Павел.
Новиот чешки претседател предупреди и дека единствениот глас на Централна Европа ќе биде важен за помош на Украина. Павел на Чесите им вети дека ќе продолжи со редовните посети на сите региони во државата за директно да слушне од народот што ги мачи и какви решенија предлагаат, а најави дека наскоро ќе објави и конкретен план за акција во првите 100 дена. Во чест на претседателот Павел, чија страст и хоби се моторите, низ Прага помина поворка од 150 мотоциклисти од различни делови на Чешка, а Чесите ја следеа заклетвата на големите екрани во самиот замок. Павел е поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО.

The post Петр Павел положи заклетва како нов претседател на Чешката Република appeared first on Република.

]]>
Поранешниот генерал Павел е новиот претседал на Чешка https://republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-general-pavel-e-noviot-pretsedal-na-cheshka/ Sun, 29 Jan 2023 08:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=602127

Новиот претседател на Чешка, пензионираниот генерал Петр Павел (61), вчера упати апел до Чесите да не се чувствуваат поразени доколку не гласале за него, бидејќи има намера да разговара со сите кои имаат идеи и решенија, и дека победиле демократските и граѓанските вредности.

Знам дека многумина се разочарани затоа што нивниот кандидат не победи. Не гледам победници или губитници во оваа земја. Победија вредностите како што се вистината, достоинството, почитувањето и покорувањето. Убеден сум дека сакаме Чешка каде не владее лошо расположение, како што тоа го означи Вацлав Хавел, туку во која владее доброто расположение, рече Павел на прес-конференција.

По пребројувањето на гласовите од 99 отсто од избирачките места, генералот Павел освоил 58,12 отсто од гласовите, додека противникот, поранешниот популистички премиер, сега лидер на опозицијата, петтиот најбогат тајкун во Чешка, Андреј Бабиш. (68), освои 41,87 отсто од гласовите, а излезноста достигна речиси 70 отсто од 8,25 милиони регистрирани гласачи.

Бабиш му ја честиташе победата на генералот Павел, го призна поразот и му посака да биде сечиј претседател, да ги слуша проблемите на сите и да се бори за чешките национални интереси. „Би ги замолил нашите поддржувачи да прифатат дека сум поразен и да прифатат дека имаме нов претседател“, изјави Андреј Бабиш.

Петр Павел ќе положи заклетва на 9 март, бидејќи два дена порано истекува вториот, според Уставот, последен мандат на претседателот Милош Земан.

The post Поранешниот генерал Павел е новиот претседал на Чешка appeared first on Република.

Генералот Петр Павел победи на претседателските избори во Чешка https://republika.mk/vesti/svet/generalot-petr-pavel-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka/ Sat, 28 Jan 2023 17:30:22 +0000 https://republika.mk/?p=602037

Премиерот Петр Фијала му честиташе на Петр Павел за обезбедената победа на претседателските избори во Чешка.

По резултатите од пребројани гласови од 96,9 отсто од избирачките места, тој има 57,8 отсто од гласовите наспроти неговиот противкандидат Андреј Бабиш со 42,2 отсто поддршка, соопшти чешкиот статистички институт, пренесува Ројтерс.

Конечните резултати се очекуваат вечерва.

Пензионираниот шеф на чешката армија и изразито прозападен кандидат според сите прогнози се сметаше за победник на претседателските избори во Чешка.

Избирачките места во вториот круг од изборите за претседател на Чешка се затворени денес во 14 часот по локално време и во тек е броењето на гласовите, а излезноста надмина 60 отсто.

Првиот круг од претседателските избори во Чешка се одржа од 13 до 14 јануари, одѕивот беше 68,24 отсто. Поранешниот шеф на воениот комитет на НАТО, 61-годишниот Петр Павел освои 35,4 отсто и го зазеде првото место, а со него во вториот круг излезе и поранешниот премиер и милијардер, 68-годишниот Андреј Бабиш.

За победа на изборите доволно е еден од кандидатите во вториот круг да добие просто мнозинство гласови.

Прелиминарните резултати од гласањето ќе бидат објавени вечерва, а во недела наутро ЦИК ќе ги соопшти официјалните резултати.

Инаугурацијата на новиот претседател, наследникот на актуелниот шеф на државата, Милош Земан, кој на таа функција беше два мандата, ќе се одржи на 8 март.

The post Генералот Петр Павел победи на претседателските избори во Чешка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Петр Фијала му честиташе на Петр Павел за обезбедената победа на претседателските избори во Чешка. По резултатите од пребројани гласови од 96,9 отсто од избирачките места, тој има 57,8 отсто од гласовите наспроти неговиот противкандидат Андреј Бабиш со 42,2 отсто поддршка, соопшти чешкиот статистички институт, пренесува Ројтерс. Конечните резултати се очекуваат вечерва. Пензионираниот шеф на чешката армија и изразито прозападен кандидат според сите прогнози се сметаше за победник на претседателските избори во Чешка. Избирачките места во вториот круг од изборите за претседател на Чешка се затворени денес во 14 часот по локално време и во тек е броењето на гласовите, а излезноста надмина 60 отсто. Првиот круг од претседателските избори во Чешка се одржа од 13 до 14 јануари, одѕивот беше 68,24 отсто. Поранешниот шеф на воениот комитет на НАТО, 61-годишниот Петр Павел освои 35,4 отсто и го зазеде првото место, а со него во вториот круг излезе и поранешниот премиер и милијардер, 68-годишниот Андреј Бабиш. За победа на изборите доволно е еден од кандидатите во вториот круг да добие просто мнозинство гласови. Прелиминарните резултати од гласањето ќе бидат објавени вечерва, а во недела наутро ЦИК ќе ги соопшти официјалните резултати. Инаугурацијата на новиот претседател, наследникот на актуелниот шеф на државата, Милош Земан, кој на таа функција беше два мандата, ќе се одржи на 8 март.

The post Генералот Петр Павел победи на претседателските избори во Чешка appeared first on Република.

]]>
На претседателските избори во Чешка води генералот Петр Павел https://republika.mk/vesti/svet/na-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka-vodi-generalot-petr-pavel/ Sat, 28 Jan 2023 15:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=602013

Во вториот круг директни избори за нов претседател на Чешка води пензионираниот генерал, поранешен шеф на Воениот комитет на НАТО, Петр Павел.

По пребројувањето на гласовите од 50 отсто од избирачките места, Павел води со 55,25 отсто освоени гласови, додека поранешниот популистички премиер, лидер на опозицијата, петтиот најбогат милијардер во Чешка, Андреј Бабиш (68) има 44,74 проценти од гласовите.

Модели базирани на нови технологии и вештачка интелигенција, кои се покажаа како исклучително прецизни во првиот изборен круг пред 14 дена, бидејќи првите гласови доаѓаат од селата и помалите градови, каде Бабиш ја има главната поддршка, додека Прага и големите градови традиционално се за десниот центар, предвидуваат дека победата ќе му припадне на генералот Павел со над 58 до речиси 60 проценти од гласовите.

Овие трети директни избори за претседател на Чешка се проследени со голем интерес на Чесите, излезноста достигнува речиси 70 отсто од 8,25 милиони регистрирани гласачи.

По невидено острата кампања која премиерот Петр Фијала ја нарече „одвратна“, и двајцата кандидати ветија дека нема да се однесуваат како поранешниот американски претседател Доналд Трамп и дека ќе го почитуваат изборниот резултат и ќе апелираат до своите гласачи да го почитуваат новоизбраниот претседател.

Новиот претседател ќе ја преземе функцијата во март, кога на актуелниот претседател Милош Земан му истекува вториот, според Уставот, последен претседателски мандат.

Чешкиот претседател има мали овластувања, но првите тројца претседатели, Вацлав Хавел, Вацлав Клаус и Милош Земан, како истакнати личности на чешката кадифена револуција и транзицијата кон пазарна економија и демократско општество, успеаја со личен авторитет, а Земан, повремено и отворено игнорирање на Уставот, да се здобијат со многу поголемо влијание.

Петр Павел е независен кандидат, либерален и проевропски ориентиран, додека Андреј Бабиш го поддржува претседателот во заминување Земан.

The post На претседателските избори во Чешка води генералот Петр Павел appeared first on Република.

]]>

Во вториот круг директни избори за нов претседател на Чешка води пензионираниот генерал, поранешен шеф на Воениот комитет на НАТО, Петр Павел. По пребројувањето на гласовите од 50 отсто од избирачките места, Павел води со 55,25 отсто освоени гласови, додека поранешниот популистички премиер, лидер на опозицијата, петтиот најбогат милијардер во Чешка, Андреј Бабиш (68) има 44,74 проценти од гласовите. Модели базирани на нови технологии и вештачка интелигенција, кои се покажаа како исклучително прецизни во првиот изборен круг пред 14 дена, бидејќи првите гласови доаѓаат од селата и помалите градови, каде Бабиш ја има главната поддршка, додека Прага и големите градови традиционално се за десниот центар, предвидуваат дека победата ќе му припадне на генералот Павел со над 58 до речиси 60 проценти од гласовите. Овие трети директни избори за претседател на Чешка се проследени со голем интерес на Чесите, излезноста достигнува речиси 70 отсто од 8,25 милиони регистрирани гласачи. По невидено острата кампања која премиерот Петр Фијала ја нарече „одвратна“, и двајцата кандидати ветија дека нема да се однесуваат како поранешниот американски претседател Доналд Трамп и дека ќе го почитуваат изборниот резултат и ќе апелираат до своите гласачи да го почитуваат новоизбраниот претседател. Новиот претседател ќе ја преземе функцијата во март, кога на актуелниот претседател Милош Земан му истекува вториот, според Уставот, последен претседателски мандат. Чешкиот претседател има мали овластувања, но првите тројца претседатели, Вацлав Хавел, Вацлав Клаус и Милош Земан, како истакнати личности на чешката кадифена револуција и транзицијата кон пазарна економија и демократско општество, успеаја со личен авторитет, а Земан, повремено и отворено игнорирање на Уставот, да се здобијат со многу поголемо влијание. Петр Павел е независен кандидат, либерален и проевропски ориентиран, додека Андреј Бабиш го поддржува претседателот во заминување Земан.  

The post На претседателските избори во Чешка води генералот Петр Павел appeared first on Република.

]]>
Бабиш и Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка https://republika.mk/vesti/svet/babish-i-pavel-odat-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka/ Sat, 14 Jan 2023 20:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=596925

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш и пензионираниот генерал Петр Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка, што ќе се одржи на 27 и 28 јануари

Во првиот круг Бабиш освои 36,72 отсто од гласовите, Павел 33,73 отсто, додека трета беше економистката Дануше Нерудова со 13,79 отсто по пребројани 80 отсто од гласовите, објави чешкиот Завод за статистика.

Претседателската функција нема извршни овластувања, но чешките претседатели имаат значајна улога во назначувањето на премиерот, уставните судии, шефот на централната банка и имаат право еднаш да го вратат законот во Парламентот. Тие имаат ограничени овластувања во надворешната политика и се команданти на војската.

Во предизборните анкети водеа Павел и Бабиш, а во вториот круг меѓу двајцата блага предност му се дава на Павел.

Право на глас имаат 8,3 милиони гласачи, а вториот круг од изборите се очекува за две недели.

The post Бабиш и Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка appeared first on Република.

]]>

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш и пензионираниот генерал Петр Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка, што ќе се одржи на 27 и 28 јануари Во првиот круг Бабиш освои 36,72 отсто од гласовите, Павел 33,73 отсто, додека трета беше економистката Дануше Нерудова со 13,79 отсто по пребројани 80 отсто од гласовите, објави чешкиот Завод за статистика. Претседателската функција нема извршни овластувања, но чешките претседатели имаат значајна улога во назначувањето на премиерот, уставните судии, шефот на централната банка и имаат право еднаш да го вратат законот во Парламентот. Тие имаат ограничени овластувања во надворешната политика и се команданти на војската. Во предизборните анкети водеа Павел и Бабиш, а во вториот круг меѓу двајцата блага предност му се дава на Павел. Право на глас имаат 8,3 милиони гласачи, а вториот круг од изборите се очекува за две недели.

The post Бабиш и Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка appeared first on Република.

]]>