Петличковски Archives - Република https://republika.mk/tema/petlichkovski/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 12:25:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петличковски Archives - Република https://republika.mk/tema/petlichkovski/ 32 32 Состојбата со големата кашлица под контрола, но се уште не е стабилна, од 56 случаи – 46 се во Скопје https://republika.mk/zivot/zdravje/sostojbata-so-golemata-kashlitsa-pod-kontrola-no-se-ushte-ne-e-stabilna-od-56-sluchai-46-se-vo-skopje/ Wed, 21 Feb 2024 12:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=746550

Состојбата со големата кашлица е под контрола. Не може да кажеме дека е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи и во моментот до денес се потврдени вкупно 56 случаи на луѓе заразени со голема кашлица, од кои 46 се од Скопје. Од вкупниот број случаи, 14 се деца под една година, а девет дополнително се на возраст од 1 – 4 години. Шеснаесет се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани, изјави денеска претседателот на Комисија на заразни болести Александар Петличковски по состанокот на Комисијата.

-За разлика од последниот пат кога правевме пресек на епидемиолошката состојба сега се појавуваат и адолесценти, деца на возраст 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во тек на следните недели ќе има малку промена на оваа демографска структура на позитивните случаи, односно очекуваме кај повозрасните и почесто да се потврдува оваа болест. Но, повторно сакам да потенцирам дека нашата најголема грижа како здравствен систем е спречување на ширењето на инфекцијата кај децата, кај малите деца бидејќи децата до една година возраст се најзасегнати, односно најризични по однос на оваа болест, рече тој.

Додаде дека останува препораката за надополнување на пропуштените вакцинални дози и одзивот кој досега во изминативе денови, односно од 18 јануари кога била дадена првата препорака, до 14 февруари, вкупно се вакцинирани над 13.000 деца, што, според него, е солиден одзив, но како што кажа, се уште има илјади деца кои требало да се вакцинираат, а не се вакцинирани.

-Изготвено е упатството кое го најавивме од Институтот за јавно здравје, и тоа е сеопфатно упатство за однесување, за постапки, за тек на нештата во услови на епидемија и до крајот на неделата ќе биде и обелоденето. Има некои забелешки и идеи за подобрување, но до крајот на неделата ќе биде објавено и испратено до сите инволвирани во процесот. И уште, дискутиравме малку и за тестирањето, за начинот на организација на тестирањето за што повеќе лаборатории од јавното здравство да бидат спремни да одговорат на барањата за тестирање, така што во следниве денови навистина брзо очекуваме да се реагира, да се проценат лабораториите кои исполнуваат услови за воведување на ова тестирање и исто така да се назначи, да се формира една референтна државна лабораторија, во која би можеле да се потврдуваат случаите на пертусис позитивни од приватни лаборатории. Тоа ни се заклучоците од денешниот состанок, кажа тој.

Во однос на тоа дали возрасните треба да се ревакцинираат, Петличковски рече дека болеста пертусис за возрасни луѓе не е тешка болест, за неа има достапен лек и нема потреба од страв.

-Возрсните луѓе, како преносители на малите деца, се опасни и затоа се размислува и се препорачува во ова упатство и нивна заштита. Прво заштита со вакцини, второ со заштита со антибиотици. Вакцини за возрасни во мометот, нема, но сме многу блиску да дојдат да се набават, мислам дека е прашање на ден, бидејќи е отпочната постапка, има најава дека ќе пристигнат многу скоро, и мислам дека од почетокот на следната недела би можеле да сметаме и на овие дози. Таа вакцина за возрасни е истата вакцин што се препорачува и за трудници, информира Петличковски.

Додаде дека вакцините обезбедуваат имунитет што трае меѓу пет и десет години и е многу солиден, и поентата на вакцинирањето е да се преброди критичниот период на возраст за оваа болест.

-Возрасните луѓе во нормални околности не мора да примаат засилувачки дози. Возрасните кои живеат во заедници кадешто има мали деца под една година, треба да бидат заштитени со дополнителна доза толкму со цел да не ја пренесат боеста на нив, рече Петличковски.

Во врска со носење неваквинирани деца во градиките, Петличковски кажа дека врз основа на препораката и врз основа на пријавените случаи Центар за ЈЗ Скопје прогласува епидемија на Град Скопје.

-Следната точка е посапување на МТСП по препораките на Комисијата за здравствена затита. Дел од градинките постапуваат по таа одлуика, дел не постапуваат мислам дека тука има малку застој во комуникацијата меѓу МЗ и МТСП, веројатно писмената порака уште патува но сигурно ќе стигне многу скоро, рече Петличковски.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, во врска со можноста за појава на епидемија на морбили кај нас, како во некои европски земји, особено во Романија, вели дека родителите треба да бидат совесни и да ги вакцинират своите деца и оти тоа е основниот прицип на заштита.

-Деведесет и пет проценти вакцинирани против било кое зболување ни гарантира дека ние имаме безбедна популација и дека нема да имаме ширење зараза, рече тој, и додаде дека интензивно комуницираат со вакциналните тимови да ни ги кажат основните проблеми, а проблем број еден, според него, е антиваксерско движење и ширењето бомбастични наслови коишто одат спротивно од она што тие го работат и го загрозуваат јавното здравје.

The post Состојбата со големата кашлица под контрола, но се уште не е стабилна, од 56 случаи – 46 се во Скопје appeared first on Република.

]]>

Состојбата со големата кашлица е под контрола. Не може да кажеме дека е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи и во моментот до денес се потврдени вкупно 56 случаи на луѓе заразени со голема кашлица, од кои 46 се од Скопје. Од вкупниот број случаи, 14 се деца под една година, а девет дополнително се на возраст од 1 – 4 години. Шеснаесет се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани, изјави денеска претседателот на Комисија на заразни болести Александар Петличковски по состанокот на Комисијата. -За разлика од последниот пат кога правевме пресек на епидемиолошката состојба сега се појавуваат и адолесценти, деца на возраст 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во тек на следните недели ќе има малку промена на оваа демографска структура на позитивните случаи, односно очекуваме кај повозрасните и почесто да се потврдува оваа болест. Но, повторно сакам да потенцирам дека нашата најголема грижа како здравствен систем е спречување на ширењето на инфекцијата кај децата, кај малите деца бидејќи децата до една година возраст се најзасегнати, односно најризични по однос на оваа болест, рече тој.
Додаде дека останува препораката за надополнување на пропуштените вакцинални дози и одзивот кој досега во изминативе денови, односно од 18 јануари кога била дадена првата препорака, до 14 февруари, вкупно се вакцинирани над 13.000 деца, што, според него, е солиден одзив, но како што кажа, се уште има илјади деца кои требало да се вакцинираат, а не се вакцинирани. -Изготвено е упатството кое го најавивме од Институтот за јавно здравје, и тоа е сеопфатно упатство за однесување, за постапки, за тек на нештата во услови на епидемија и до крајот на неделата ќе биде и обелоденето. Има некои забелешки и идеи за подобрување, но до крајот на неделата ќе биде објавено и испратено до сите инволвирани во процесот. И уште, дискутиравме малку и за тестирањето, за начинот на организација на тестирањето за што повеќе лаборатории од јавното здравство да бидат спремни да одговорат на барањата за тестирање, така што во следниве денови навистина брзо очекуваме да се реагира, да се проценат лабораториите кои исполнуваат услови за воведување на ова тестирање и исто така да се назначи, да се формира една референтна државна лабораторија, во која би можеле да се потврдуваат случаите на пертусис позитивни од приватни лаборатории. Тоа ни се заклучоците од денешниот состанок, кажа тој. Во однос на тоа дали возрасните треба да се ревакцинираат, Петличковски рече дека болеста пертусис за возрасни луѓе не е тешка болест, за неа има достапен лек и нема потреба од страв. -Возрсните луѓе, како преносители на малите деца, се опасни и затоа се размислува и се препорачува во ова упатство и нивна заштита. Прво заштита со вакцини, второ со заштита со антибиотици. Вакцини за возрасни во мометот, нема, но сме многу блиску да дојдат да се набават, мислам дека е прашање на ден, бидејќи е отпочната постапка, има најава дека ќе пристигнат многу скоро, и мислам дека од почетокот на следната недела би можеле да сметаме и на овие дози. Таа вакцина за возрасни е истата вакцин што се препорачува и за трудници, информира Петличковски. Додаде дека вакцините обезбедуваат имунитет што трае меѓу пет и десет години и е многу солиден, и поентата на вакцинирањето е да се преброди критичниот период на возраст за оваа болест. -Возрасните луѓе во нормални околности не мора да примаат засилувачки дози. Возрасните кои живеат во заедници кадешто има мали деца под една година, треба да бидат заштитени со дополнителна доза толкму со цел да не ја пренесат боеста на нив, рече Петличковски. Во врска со носење неваквинирани деца во градиките, Петличковски кажа дека врз основа на препораката и врз основа на пријавените случаи Центар за ЈЗ Скопје прогласува епидемија на Град Скопје. -Следната точка е посапување на МТСП по препораките на Комисијата за здравствена затита. Дел од градинките постапуваат по таа одлуика, дел не постапуваат мислам дека тука има малку застој во комуникацијата меѓу МЗ и МТСП, веројатно писмената порака уште патува но сигурно ќе стигне многу скоро, рече Петличковски. Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, во врска со можноста за појава на епидемија на морбили кај нас, како во некои европски земји, особено во Романија, вели дека родителите треба да бидат совесни и да ги вакцинират своите деца и оти тоа е основниот прицип на заштита. -Деведесет и пет проценти вакцинирани против било кое зболување ни гарантира дека ние имаме безбедна популација и дека нема да имаме ширење зараза, рече тој, и додаде дека интензивно комуницираат со вакциналните тимови да ни ги кажат основните проблеми, а проблем број еден, според него, е антиваксерско движење и ширењето бомбастични наслови коишто одат спротивно од она што тие го работат и го загрозуваат јавното здравје.

The post Состојбата со големата кашлица под контрола, но се уште не е стабилна, од 56 случаи – 46 се во Скопје appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Рестриктивните мерки ќе се активираат кога ќе има потреба https://republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-restriktivnite-merki-kje-se-aktiviraat-koga-kje-ima-potreba/ Mon, 08 Aug 2022 17:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=538130

Петличковски на Канал 5 телевизија рече дека моментално нема потреба од активирање на рестриктивни мерки за заштита на Ковид – 19. Мерките би се активирале кога ќе има потреба.

Погледнете го извадокот од гостувањето:

The post Петличковски: Рестриктивните мерки ќе се активираат кога ќе има потреба appeared first on Република.

]]>

Петличковски на Канал 5 телевизија рече дека моментално нема потреба од активирање на рестриктивни мерки за заштита на Ковид – 19. Мерките би се активирале кога ќе има потреба. Погледнете го извадокот од гостувањето:

The post Петличковски: Рестриктивните мерки ќе се активираат кога ќе има потреба appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Вакцинирајте се, тоа е единствена заштита од тешка форма на ковид и смрт https://republika.mk/zivot/zdravje/petlichkovski-vakcinirajte-se-toa-e-edinstvena-zashtita-od-teshka-forma-na-kovid-i-smrt/ Tue, 15 Feb 2022 14:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=458961

Во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци

Кумулативната смртност од ковид, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.

„Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци“, рече Петличковски.

Тој и денеска потенцира дека вакцините се оние кои штитат од хоспитализација и смрт и дека тоа се најпроверливи и научни факти.

„Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити највеќе од хоспитализација и смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни – вакцинацијата со трета доза е најдобра  заштита“, рече Мехмедовиќ.

Тој потенцира дека ова е силна препорака до сите граѓани, особено помладите, додека кај повозрасните, оние над 70 години, одѕивот е добар.

Тој претходно, на прес-конференцијата, истакна дека епидемиолошката состојба во земјава е подобрена, но се уште не може да се каже и дека е добра. Посочи дека е зголемен бројот на нови случаи меѓу децата од  шест до 14 години.

The post Петличковски: Вакцинирајте се, тоа е единствена заштита од тешка форма на ковид и смрт appeared first on Република.

]]>

Во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци

Кумулативната смртност од ковид, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.
„Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци“, рече Петличковски.
Тој и денеска потенцира дека вакцините се оние кои штитат од хоспитализација и смрт и дека тоа се најпроверливи и научни факти.
„Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити највеќе од хоспитализација и смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни – вакцинацијата со трета доза е најдобра  заштита“, рече Мехмедовиќ.
Тој потенцира дека ова е силна препорака до сите граѓани, особено помладите, додека кај повозрасните, оние над 70 години, одѕивот е добар. Тој претходно, на прес-конференцијата, истакна дека епидемиолошката состојба во земјава е подобрена, но се уште не може да се каже и дека е добра. Посочи дека е зголемен бројот на нови случаи меѓу децата од  шест до 14 години.

The post Петличковски: Вакцинирајте се, тоа е единствена заштита од тешка форма на ковид и смрт appeared first on Република.

]]>
Шопова прашува: Зошто на чело на Комисијата за заразни болести се назначува имунолог? https://republika.mk/vesti/makedonija/shopova-prashuva-zoshto-na-chelo-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-se-naznachuva-imunolog/ Tue, 01 Feb 2022 18:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=452645

Жаклина Шопова реагира што новиот претседател на Комисијата за заразни болести д-р Петличковски е имунолог наместо инфектолог или епидемиолог.

Зошто сите инфектолози и епидемиолози , посебно новите членови кои се номинирани не му го посочиле тоа на новиот Министер за здравство!-прашува Шопова

 

The post Шопова прашува: Зошто на чело на Комисијата за заразни болести се назначува имунолог? appeared first on Република.

]]>

Жаклина Шопова реагира што новиот претседател на Комисијата за заразни болести д-р Петличковски е имунолог наместо инфектолог или епидемиолог. Зошто сите инфектолози и епидемиолози , посебно новите членови кои се номинирани не му го посочиле тоа на новиот Министер за здравство!-прашува Шопова  

The post Шопова прашува: Зошто на чело на Комисијата за заразни болести се назначува имунолог? appeared first on Република.

]]>
Масовните собири за Водици нема да се ризик за ширење на вирусот https://republika.mk/zivot/zdravje/masovnite-sobiri-za-vodici-nema-da-se-rizik-za-shirenje-na-virusot/ Sat, 15 Jan 2022 13:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=444974

Следната недела, односно на 19. јануари, се слави верскиот празник Водици, и повторно ќе имаме групирање на граѓаните кои ќе сакаат да го проследат чинот на осветување на водите низ цела Македонија.  Колку овие собири, иако се на отворен простор, може да бидат ризик за ширење на корона вирусот?

Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски и микробилогот, професот Д-р Никола Пановски се согласни дека вирусот на отворено не е опасен.

Тоа е работа на Комисијата за заштита од заразни болести. Сепак групирањата надвор не се опасни. Мислам многу помалку, 20 пати помалку опасни од групирањата во затворен простор. Така да во однос на тоа што се одвиваше и се дозволи за Нова година, нема логика сега да кажуваме што треба а што не треба, кога тоа се дозволи би било малку контрапродуктивно. Веќе ризикот е многу помал, вели Д-р Пановски за порталот „Лидер“.

Сметаат дека групирањата за Водици нема да донесат пораст на кривата на инфицираност ако се почитуваат личните заштитни мерки.

Има сега некои нови струдии кои кажуваат дека на воздух надворешен, вирусот живее минути, 5, 10 минути. Што значи дека шансите за заразување на отворено апсолутно не се големи. Мерките и таму каде што беа многу ригорозни, од следење во влез на аеродроми , дизинфициорање, немаа голема ефикасност. Не спречија Омирон да стане доминантен секаде каде што влезе. Така што мислам дека освен личните заштитни мерки, носење на маски, избегнување на гужва, држење на дистанца, нема поефикасни мерки кои може да го забават ширењето. И во тој смисол не мислам дека нешто би се сменило со ограничување на собирањето на отворено. За ограничување на затворено мислам дека треба да се размислува на тоа да се намали бројот на лица присутни во затворен простор, вели д-р Петличковски во изјава за истиот портал.

The post Масовните собири за Водици нема да се ризик за ширење на вирусот appeared first on Република.

]]>

Следната недела, односно на 19. јануари, се слави верскиот празник Водици, и повторно ќе имаме групирање на граѓаните кои ќе сакаат да го проследат чинот на осветување на водите низ цела Македонија.  Колку овие собири, иако се на отворен простор, може да бидат ризик за ширење на корона вирусот? Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски и микробилогот, професот Д-р Никола Пановски се согласни дека вирусот на отворено не е опасен.
Тоа е работа на Комисијата за заштита од заразни болести. Сепак групирањата надвор не се опасни. Мислам многу помалку, 20 пати помалку опасни од групирањата во затворен простор. Така да во однос на тоа што се одвиваше и се дозволи за Нова година, нема логика сега да кажуваме што треба а што не треба, кога тоа се дозволи би било малку контрапродуктивно. Веќе ризикот е многу помал, вели Д-р Пановски за порталот „Лидер“.
Сметаат дека групирањата за Водици нема да донесат пораст на кривата на инфицираност ако се почитуваат личните заштитни мерки.
Има сега некои нови струдии кои кажуваат дека на воздух надворешен, вирусот живее минути, 5, 10 минути. Што значи дека шансите за заразување на отворено апсолутно не се големи. Мерките и таму каде што беа многу ригорозни, од следење во влез на аеродроми , дизинфициорање, немаа голема ефикасност. Не спречија Омирон да стане доминантен секаде каде што влезе. Така што мислам дека освен личните заштитни мерки, носење на маски, избегнување на гужва, држење на дистанца, нема поефикасни мерки кои може да го забават ширењето. И во тој смисол не мислам дека нешто би се сменило со ограничување на собирањето на отворено. За ограничување на затворено мислам дека треба да се размислува на тоа да се намали бројот на лица присутни во затворен простор, вели д-р Петличковски во изјава за истиот портал.

The post Масовните собири за Водици нема да се ризик за ширење на вирусот appeared first on Република.

]]>