Пендаровски Archives - Република https://republika.mk/tema/pendarovski/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 18:35:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пендаровски Archives - Република https://republika.mk/tema/pendarovski/ 32 32 Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое не го испорачаа https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pendarovski-i-kovachevski-prifatija-neshto-koe-ne-go-isporachaa/ Thu, 03 Oct 2024 18:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=822364

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија вели дека во Европската Унија соговорниците му кажале дека Пендаровски и Ковачевски прифатиле нешто кое што не го испорачале односно дека ги убедувале дека ќе обезбедат 80 пратеници за гласање на внесување на Бугарите во Уставот, по принципот како за Преспанскиот договор.

„Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое што не испорачаа. Не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници? Ми велат ние го поддржувавме тоа затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успееја. Сега што правиме“, вели премиерот Мицкоски и додаде:

„Мене на памет не ми паѓа да давам гаранција за нешто за кое не сум сигурен дека ќе го испорачам. Мојот став е многу јасен.“

Мицкоски потенцираше дека не може да прифати нешто за кое што претходно бил против.

„Ако некој очекува дека оваа Влада или мене да прифатам нешто за кое што сум бил принципиелно против, бидејќи сум имал аргументи, а не зошто сум инаетлив, тогаш мислам дека погрешно очекува. Или не ме познава мене или пак не ги познава приликите тука“, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски порача дека европските вредности се силни институции, пријателства и добрососедски односи.

„Европските вредности се силни институции, европските вредности се добрососедски односи, чесни односи, пријателски односи“, изјави тој и додаде дека „доколку Брисел сака Македонија да е во Европската Унија, тогаш постои начин. Ако некој во Брисел, во Берлин, во Париз, во Рим, навистина сака да не види таму, има начин. Ако има желба има и начин.“

The post Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое не го испорачаа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија вели дека во Европската Унија соговорниците му кажале дека Пендаровски и Ковачевски прифатиле нешто кое што не го испорачале односно дека ги убедувале дека ќе обезбедат 80 пратеници за гласање на внесување на Бугарите во Уставот, по принципот како за Преспанскиот договор. „Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое што не испорачаа. Не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници? Ми велат ние го поддржувавме тоа затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успееја. Сега што правиме“, вели премиерот Мицкоски и додаде: „Мене на памет не ми паѓа да давам гаранција за нешто за кое не сум сигурен дека ќе го испорачам. Мојот став е многу јасен.“ Мицкоски потенцираше дека не може да прифати нешто за кое што претходно бил против. „Ако некој очекува дека оваа Влада или мене да прифатам нешто за кое што сум бил принципиелно против, бидејќи сум имал аргументи, а не зошто сум инаетлив, тогаш мислам дека погрешно очекува. Или не ме познава мене или пак не ги познава приликите тука“, кажа Мицкоски. Претседателот Мицкоски порача дека европските вредности се силни институции, пријателства и добрососедски односи. „Европските вредности се силни институции, европските вредности се добрососедски односи, чесни односи, пријателски односи“, изјави тој и додаде дека „доколку Брисел сака Македонија да е во Европската Унија, тогаш постои начин. Ако некој во Брисел, во Берлин, во Париз, во Рим, навистина сака да не види таму, има начин. Ако има желба има и начин.“

The post Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое не го испорачаа appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател Стево Пендаровски на Глобсек 2024 https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-pretsedatel-stevo-pendarovski-na-globsek-2024/ Mon, 02 Sep 2024 15:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=812365

Поранешниот претседателот Стево Пендаровски учествуваше на глобалниот безбедносен форум "Глобсек 2024" кој се оддржува во Прага.

Пендаровски беше дел од панелот "Западниот Балкан на крстосница помеѓу западот и истокот", на кој, покрај него учествуваа и Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешна претседателка на Република Хрватска, Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Република Црна Гора и Кетрин Ештон, поранешен висок функционер на ЕУ.
Пендаровски зборуваше за генезата на македонските евроинтеграции, при што потенцираше дека проектот за обединета Европа, во целина, последниве години не се одвива со задоволително темпо. Причините за тоа ги лоцираше во недостатокот на стратешка визија во Брисел, како и на незадоволителното темпо на домашни реформи во земјите кандидати за членство. Војната во Украина наметна поинаква стратешка динамика на континентот, што бара од земјите-кандидати, но, посебно од новоизбраните институции на Европската Унија изнаоѓање на модалитети за заокружување на целиот процес во интерес на подобрата иднина на сите народи кои живеат во регионот.

https://www.youtube.com/live/AtK2gwppopk

The post Поранешниот претседател Стево Пендаровски на Глобсек 2024 appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседателот Стево Пендаровски учествуваше на глобалниот безбедносен форум "Глобсек 2024" кој се оддржува во Прага. Пендаровски беше дел од панелот "Западниот Балкан на крстосница помеѓу западот и истокот", на кој, покрај него учествуваа и Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешна претседателка на Република Хрватска, Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Република Црна Гора и Кетрин Ештон, поранешен висок функционер на ЕУ. Пендаровски зборуваше за генезата на македонските евроинтеграции, при што потенцираше дека проектот за обединета Европа, во целина, последниве години не се одвива со задоволително темпо. Причините за тоа ги лоцираше во недостатокот на стратешка визија во Брисел, како и на незадоволителното темпо на домашни реформи во земјите кандидати за членство. Војната во Украина наметна поинаква стратешка динамика на континентот, што бара од земјите-кандидати, но, посебно од новоизбраните институции на Европската Унија изнаоѓање на модалитети за заокружување на целиот процес во интерес на подобрата иднина на сите народи кои живеат во регионот. https://www.youtube.com/live/AtK2gwppopk

The post Поранешниот претседател Стево Пендаровски на Глобсек 2024 appeared first on Република.

]]>
Ќе се вратам на факултет каде што бев и порано, рече Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-vratam-na-fakultet-kade-shto-bev-i-porano-reche-pendarovski/ Wed, 08 May 2024 20:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=775946

Се враќам на факултет каде што бев и порано, одговори Стево Пендаровски на новинарско прашање на вечерашниот прес на кој го призна поразот на претседателските избори.

Не сум сигурен дали совеста им е мирна на оние кои со теснопартиски или лични интереси денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат и на претседателските избори. Стотици илјади наши граѓани беа оневозможувани на плански, на систематски, на организиран начин да земат второ ливче. Убеден сум дека оние 330.000 гласови кои отпаднаа во првиот круг се поблиску до мојот концепт отколку до концептот на противкандидатката. Од за мене непознати причини, направија таква калкулација, ги попречија луѓето да гласаат. Со тие претпоставени многу над стотици илјади гласови трката ќе беше далеку понеизвесна – рече Пендаровски, кој смета дека бојкотот бил и во албанската опозиција, не само меѓу гласачите на ДУИ.

The post Ќе се вратам на факултет каде што бев и порано, рече Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Се враќам на факултет каде што бев и порано, одговори Стево Пендаровски на новинарско прашање на вечерашниот прес на кој го призна поразот на претседателските избори.
Не сум сигурен дали совеста им е мирна на оние кои со теснопартиски или лични интереси денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат и на претседателските избори. Стотици илјади наши граѓани беа оневозможувани на плански, на систематски, на организиран начин да земат второ ливче. Убеден сум дека оние 330.000 гласови кои отпаднаа во првиот круг се поблиску до мојот концепт отколку до концептот на противкандидатката. Од за мене непознати причини, направија таква калкулација, ги попречија луѓето да гласаат. Со тие претпоставени многу над стотици илјади гласови трката ќе беше далеку понеизвесна – рече Пендаровски, кој смета дека бојкотот бил и во албанската опозиција, не само меѓу гласачите на ДУИ.

The post Ќе се вратам на факултет каде што бев и порано, рече Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Пендаровски со заедничка фотографија се збогува со соработниците https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-so-zaednichka-fotografija-se-zboguva-so-sorabotnitsite/ Wed, 08 May 2024 20:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=775942

Пред хотелот каде што е сместен медиа центарот за неговиот штаб, Пендаровски придружуван од сопругата и синот се фотографира со соработниците кои изминатите пет години го сочинуваа неговиот кабинет

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, вечерва по одржувањето на прес-конференцијата направи заедничка фотографија со своите соработници.

Пред хотелот каде што е сместен медиа центарот за неговиот штаб, Пендаровски придружуван од сопругата и синот се фотографира со соработниците кои изминатите пет години го сочинуваа неговиот кабинет.

The post Пендаровски со заедничка фотографија се збогува со соработниците appeared first on Република.

]]>

Пред хотелот каде што е сместен медиа центарот за неговиот штаб, Пендаровски придружуван од сопругата и синот се фотографира со соработниците кои изминатите пет години го сочинуваа неговиот кабинет Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, вечерва по одржувањето на прес-конференцијата направи заедничка фотографија со своите соработници. Пред хотелот каде што е сместен медиа центарот за неговиот штаб, Пендаровски придружуван од сопругата и синот се фотографира со соработниците кои изминатите пет години го сочинуваа неговиот кабинет.

The post Пендаровски со заедничка фотографија се збогува со соработниците appeared first on Република.

]]>
Граѓаните на Македонија покажаа демократска зрелост! https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-na-makedonija-pokazhaa-demokratska-zrelost/ Wed, 08 May 2024 17:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=775712

Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост и почит кон важноста на функцијата Претседател, соопштија од тимот за комуникации на Стево Пендаровски.

Според информациите од ДИК и овој изборен процес помина во мирна атмосфера, како што и доликува на демократска земја-членка на НАТО и преговарач со ЕУ да спроведе фер, слободни и мирни избори.

The post Граѓаните на Македонија покажаа демократска зрелост! appeared first on Република.

]]>

Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост и почит кон важноста на функцијата Претседател, соопштија од тимот за комуникации на Стево Пендаровски.
Според информациите од ДИК и овој изборен процес помина во мирна атмосфера, како што и доликува на демократска земја-членка на НАТО и преговарач со ЕУ да спроведе фер, слободни и мирни избори.

The post Граѓаните на Македонија покажаа демократска зрелост! appeared first on Република.

]]>
Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни https://republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-po-povod-denot-na-makedonskiot-jazik-se-dodeka-go-zboruvame-se-dodeka-sozdavame-i-tvorime-na-makedonski-nashiot-jazik-ke-postoi-i-site-negovi-iratsionalni-negatsii-ke-bidat-bespredmetni/ Sun, 05 May 2024 09:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=774437

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците. Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов.

 

The post Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни appeared first on Република.

]]>

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:
Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците. Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет. Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов.  

The post Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-odbelezhuvane-na-121-godishninata-od-smrtta-na-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 10:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=774061

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата смрт.

https://www.youtube.com/watch?feature=shared&v=DygryaAaZHI

The post Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата смрт. https://www.youtube.com/watch?feature=shared&v=DygryaAaZHI

The post Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Пендаровски очекува пресврт во вториот круг на изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ochekuva-presvrt-vo-vtoriot-krug-na-izborite/ Thu, 02 May 2024 17:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=773573

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во интервју за телевизија Алсат истакна дека е можен пресврт во вториот круг на изборите на 8 мај, бидејќи како што рече, убеден е дека мнозинството од граѓаните во Македонија ќе го поддржат концептот кој го застапувал и во изминатите пет години како претседател, односно концепт на заедништво, почит кон луѓето кои обединуваат, реализација на стратешките интереси за државата, подобар живот, демократија и почитување на човековите слободи и права.

„Ќе се обраќам на сите гласачи, на сите етнички заедници. И гласачите на албанските политички партии и гласачите на ЗНАМ и на сите други, и на овие две други политички партии кои имаа кандидати, а испаднаа во првиот круг. Меѓутоа како на граѓани. Нема да се обраќам и нема да правам заткулисни некои лидерски преговори или под маса, да ми дадете вие толку гласови, оние толку гласови. Јавно, транспарентно им кажувам на сите – ова е мојот концепт, јас се залагам за ова и мојот концепт е драстично различен од концептот кој го нуди Гордана Силјановска Давкова. Тоа мислам и кај многу Македонци и кај многу Албанци ќе значи. Но, повторувам – се обраќав до сега и ќе се обраќам од сега на граѓаните, независно за кого гласале во првиот круг и независно на која етничка заедница припаѓаат“, потенцираше Пендаровски.

Во интервјуто тој се осврна и на повиците од ВМРО – ДПМНЕ за бојкот на вториот круг од претседателските избори, истакнувајќи дека со бојкот не се решава проблемот и не се победува, напротив со бојкот се губи.

„Очекувам да се постигне цензусот, особено зошто имаме двојни избори, многу луѓе ќе излегуваат и да поддржат некои од политичките партии, има многу партиски листи. Сите кои ме поддржаа во првиот круг, 15 политички партии и оние од кои очекувам поддршка во вториот изборен круг никогаш нема од мене да слушнат, ниту досега, ниту од сега, да се бојкотираат изборите. Конечно, клучното прашање е што добивате со бојкот на изборите. Тоа не значи дека воопшто ќе немате претседател на државата. Тоа ќе значи дека за месец ипол два, повторно ќе одиме на избори. И тогаш ако нема, ќе одиме трет пат, четврти. Државата мора да ја има пополнето највисоката политичка, државна функција“, подвлече Пендаровски. 

The post Пендаровски очекува пресврт во вториот круг на изборите appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во интервју за телевизија Алсат истакна дека е можен пресврт во вториот круг на изборите на 8 мај, бидејќи како што рече, убеден е дека мнозинството од граѓаните во Македонија ќе го поддржат концептот кој го застапувал и во изминатите пет години како претседател, односно концепт на заедништво, почит кон луѓето кои обединуваат, реализација на стратешките интереси за државата, подобар живот, демократија и почитување на човековите слободи и права.

„Ќе се обраќам на сите гласачи, на сите етнички заедници. И гласачите на албанските политички партии и гласачите на ЗНАМ и на сите други, и на овие две други политички партии кои имаа кандидати, а испаднаа во првиот круг. Меѓутоа како на граѓани. Нема да се обраќам и нема да правам заткулисни некои лидерски преговори или под маса, да ми дадете вие толку гласови, оние толку гласови. Јавно, транспарентно им кажувам на сите – ова е мојот концепт, јас се залагам за ова и мојот концепт е драстично различен од концептот кој го нуди Гордана Силјановска Давкова. Тоа мислам и кај многу Македонци и кај многу Албанци ќе значи. Но, повторувам – се обраќав до сега и ќе се обраќам од сега на граѓаните, независно за кого гласале во првиот круг и независно на која етничка заедница припаѓаат“, потенцираше Пендаровски.

Во интервјуто тој се осврна и на повиците од ВМРО – ДПМНЕ за бојкот на вториот круг од претседателските избори, истакнувајќи дека со бојкот не се решава проблемот и не се победува, напротив со бојкот се губи.

„Очекувам да се постигне цензусот, особено зошто имаме двојни избори, многу луѓе ќе излегуваат и да поддржат некои од политичките партии, има многу партиски листи. Сите кои ме поддржаа во првиот круг, 15 политички партии и оние од кои очекувам поддршка во вториот изборен круг никогаш нема од мене да слушнат, ниту досега, ниту од сега, да се бојкотираат изборите. Конечно, клучното прашање е што добивате со бојкот на изборите. Тоа не значи дека воопшто ќе немате претседател на државата. Тоа ќе значи дека за месец ипол два, повторно ќе одиме на избори. И тогаш ако нема, ќе одиме трет пат, четврти. Државата мора да ја има пополнето највисоката политичка, државна функција“, подвлече Пендаровски. 

The post Пендаровски очекува пресврт во вториот круг на изборите appeared first on Република.

]]>
Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ne-se-pojavil-na-debatata-na-natsionalniot-servis-mtv/ Thu, 02 May 2024 15:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=773526

Кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х откри дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.

Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

The post Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х откри дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ. „Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче. Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови. Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

The post Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-rezultatite-ne-se-takvi-kakvi-shto-gi-ochekuvavme/ Wed, 24 Apr 2024 20:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=770574

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.

„Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и тргнуваме од нула. Имаше 7 кандидати и тоа е причината што се поделија гласовите. Мојата задача ќе биде како и изминатите 20 дена, да го промовирам концептот во кој верувам. Ги охрабрувам граѓаните да излезат во втoриот круг“, кажа Пендаровски.

Додаде дека во вториот круг очекува повеќе граѓани да го прифатат концептот во кој длабоко верува.

„Очекувам уште поголем одзив. Нема да барам договор со другите кандиати за механичко префрлување на гласовите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту сега планирам, за да механички преземам од било кого. Едноставно на сите граѓани ќе им го презентирам мојот концепт. Ќе одбијам било каков обид за нудење на квантум на гласови – тоа би било големо понижување на граѓаните“, кажа тој.

Анализите, како што рече, ќе покажат „дали граѓаните го казнија него поради СДСМ“.

Потенцира дека нема да има пауза, ниту одмор за него до вториот круг од изборите.

„Од утре се гледаме на терен“, порача Пендаровски.

The post Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме appeared first on Република.

]]>

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и тргнуваме од нула. Имаше 7 кандидати и тоа е причината што се поделија гласовите. Мојата задача ќе биде како и изминатите 20 дена, да го промовирам концептот во кој верувам. Ги охрабрувам граѓаните да излезат во втoриот круг“, кажа Пендаровски. Додаде дека во вториот круг очекува повеќе граѓани да го прифатат концептот во кој длабоко верува. „Очекувам уште поголем одзив. Нема да барам договор со другите кандиати за механичко префрлување на гласовите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту сега планирам, за да механички преземам од било кого. Едноставно на сите граѓани ќе им го презентирам мојот концепт. Ќе одбијам било каков обид за нудење на квантум на гласови – тоа би било големо понижување на граѓаните“, кажа тој. Анализите, како што рече, ќе покажат „дали граѓаните го казнија него поради СДСМ“. Потенцира дека нема да има пауза, ниту одмор за него до вториот круг од изборите. „Од утре се гледаме на терен“, порача Пендаровски.

The post Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме appeared first on Република.

]]>
Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, го искоментира како „научена лекција“ поразот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenikot-na-sdsm-martin-kostovski-go-iskomentira-kako-nauchena-lektsija-porazot-na-pretsedatelskiot-kandidat-stevo-pendarovski/ Wed, 24 Apr 2024 20:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=770541

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, го искоментира како „научена лекција“  поразот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во однос на опозициската кандидатка со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.

„Секогаш лекција, никогаш пораз мои социјалдемократи. Ништо не е изгубено, со дигната глава утре ќе продолжиме со секој од вас, благодарност до сите кои дадоа поддршка за Стево, број 1 останува во трка за победа“, прогласи пратеникот од Куманово.

Извесно е дека во вториот круг на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори, претседателот на државата ќе се одбира помеѓу Давкова и Пендаровски.

The post Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, го искоментира како „научена лекција“ поразот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, го искоментира како „научена лекција“  поразот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во однос на опозициската кандидатка со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори. „Секогаш лекција, никогаш пораз мои социјалдемократи. Ништо не е изгубено, со дигната глава утре ќе продолжиме со секој од вас, благодарност до сите кои дадоа поддршка за Стево, број 1 останува во трка за победа“, прогласи пратеникот од Куманово. Извесно е дека во вториот круг на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори, претседателот на државата ќе се одбира помеѓу Давкова и Пендаровски.

The post Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, го искоментира како „научена лекција“ поразот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Димитриеска – Кочоска: Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност пред Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-ne-postoi-mesto-ili-opshtina-vo-makedonija-kade-shto-profesorkata-siljanovska-davkova-nema-ubedliva-prednost-pred-pendarovski/ Wed, 24 Apr 2024 19:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=770449

Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност, и така очекуваме дека ќе завршат резултатите до крај, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска – Кочоска.

Домитриеска – Кочоска изјави и дека опозициската партија очекува уште поголема излезност во вториот круг, кога ќе се одржат и парламентарните избори

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека победата на парламентарните партии на нејзината партија ќе биде уште поголема.

The post Димитриеска – Кочоска: Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност пред Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност, и така очекуваме дека ќе завршат резултатите до крај, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска – Кочоска. Домитриеска – Кочоска изјави и дека опозициската партија очекува уште поголема излезност во вториот круг, кога ќе се одржат и парламентарните избори Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека победата на парламентарните партии на нејзината партија ќе биде уште поголема.

The post Димитриеска – Кочоска: Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност пред Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Една од моите заложби беше намалувањето на јазот меѓу етничките заедници https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-edna-od-moite-zalozhbi-beshe-namaluvaneto-na-jazot-megu-etnichkite-zaednitsi/ Sun, 21 Apr 2024 18:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=769031

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во предизборното соочување на националниот јавен сервис - Македонска телевизија на седуммината кандидати за претседатели потенцираше дека, за жал, сè уште живееме во поделено општество и дека една од неговите заложби беше да се обиде да го намали овој јаз кој постои со години.

Едно време постоеше огромен јаз меѓу етничките заедници, особено меѓу Македонците и Албанците. Во изминативе 10, 15 години постои јаз меѓу самите Македонци, меѓутоа за жал во тој дел, дел од луѓето не беа подготвени да го направат тој чекор, едни кон други, а еден дел од нив беа инструирани од политичките субјекти да не го прават тоа. Можам да кажам дека во тој дел ни претстои огромна работа, кој било да е претседател во следните пет години затоа што поделено општество по дефиниција не може да ги користи сите потенцијали кои му се на располагање. Само со солидарност едни кон други, само со користење на клучниот потенцијал на 1.8 милиони луѓе кои живеат во Македонија може да напредуваме. Сè друго е заблуда“, рече Пендаровски и додаде дека ако се исклучи една категорија на луѓе, односно припадници на една политичка партија или по кој било основ не може да се напредува.

The post Пендаровски: Една од моите заложби беше намалувањето на јазот меѓу етничките заедници appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во предизборното соочување на националниот јавен сервис - Македонска телевизија на седуммината кандидати за претседатели потенцираше дека, за жал, сè уште живееме во поделено општество и дека една од неговите заложби беше да се обиде да го намали овој јаз кој постои со години.
Едно време постоеше огромен јаз меѓу етничките заедници, особено меѓу Македонците и Албанците. Во изминативе 10, 15 години постои јаз меѓу самите Македонци, меѓутоа за жал во тој дел, дел од луѓето не беа подготвени да го направат тој чекор, едни кон други, а еден дел од нив беа инструирани од политичките субјекти да не го прават тоа. Можам да кажам дека во тој дел ни претстои огромна работа, кој било да е претседател во следните пет години затоа што поделено општество по дефиниција не може да ги користи сите потенцијали кои му се на располагање. Само со солидарност едни кон други, само со користење на клучниот потенцијал на 1.8 милиони луѓе кои живеат во Македонија може да напредуваме. Сè друго е заблуда“, рече Пендаровски и додаде дека ако се исклучи една категорија на луѓе, односно припадници на една политичка партија или по кој било основ не може да се напредува.

The post Пендаровски: Една од моите заложби беше намалувањето на јазот меѓу етничките заедници appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Во недостаток на понуда, Пендаровски шири лаги, го демантирам и тврдам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана, ниту пак сега е блокирана https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-vo-nedostatok-na-ponuda-pendarovski-shiri-lagi-go-demantiram-i-tvrdam-deka-smetkata-na-vmro-dpmne-nikogash-ne-bila-blokirana-nitu-pak-sega-e-blokirana/ Sat, 20 Apr 2024 19:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=768635

-Стево Пендаровски во оваа кампања ништо не кажа за ДУИ, Ахмети и артаноидниот режим кој го создадоа и го потхрануваат. Во замена за понуда, нудат лаги како оваа… па така, чувствувам обврска да демантирам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана. Сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана од СЈО, ниту пак сега е блокирана како што тврди тој!, објави, Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил.

Таа потенцира дека, ВМРО-ДПМНЕ со новата гарнитура политичари има позитивни ревизорски извештаи за избори, особено за изборите во 2020 година кога ниту една друга политичка партија немаше. Му препорачувам на Стево Пендаровски да си го погледне финансискиот извештај за кампањата во 2024 година каде како донации нема пријавено ништо и веднаш да одговори како ја финансира својата кампања.

-На крај, колку повеќе лажат, толку подебело ќе загубат. Го советувам Стево да излезе од скутот на ДУИ и ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ОВАА ЛАГА!, нотира во објавата Гордана Димитриеска Кочоска во објавата.

The post Димитриеска Кочоска: Во недостаток на понуда, Пендаровски шири лаги, го демантирам и тврдам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана, ниту пак сега е блокирана appeared first on Република.

]]>

-Стево Пендаровски во оваа кампања ништо не кажа за ДУИ, Ахмети и артаноидниот режим кој го создадоа и го потхрануваат. Во замена за понуда, нудат лаги како оваа… па така, чувствувам обврска да демантирам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана. Сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана од СЈО, ниту пак сега е блокирана како што тврди тој!, објави, Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил. Таа потенцира дека, ВМРО-ДПМНЕ со новата гарнитура политичари има позитивни ревизорски извештаи за избори, особено за изборите во 2020 година кога ниту една друга политичка партија немаше. Му препорачувам на Стево Пендаровски да си го погледне финансискиот извештај за кампањата во 2024 година каде како донации нема пријавено ништо и веднаш да одговори како ја финансира својата кампања. -На крај, колку повеќе лажат, толку подебело ќе загубат. Го советувам Стево да излезе од скутот на ДУИ и ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ОВАА ЛАГА!, нотира во објавата Гордана Димитриеска Кочоска во објавата.

The post Димитриеска Кочоска: Во недостаток на понуда, Пендаровски шири лаги, го демантирам и тврдам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана, ниту пак сега е блокирана appeared first on Република.

]]>
Пендаровски во Радовиш: Ние сме во коалиција од над 15 партии и таа трае со години https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-radovish-nie-sme-vo-koalitsija-od-nad-15-partii-i-taa-trae-so-godini/ Sat, 20 Apr 2024 17:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=768583

На митингот во Радовиш, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани, се осврна на повикот на Христијан Мицкоски до другите партии.

Според Пендаровски, повикот на Мицкоски е показател дека на неговата партија не ѝ оди баш добро и според планираното сценарио.

„Коалиции се прават врз основа на исти вредности и приницпити, ако веруваш во принципите и вредностите на пример на Левица, нормално ќе направиш коалиција со нив. Ние сме во коалиција од над 15 партии и таа трае со години и таа е коалиција базирана на вредности и принципи. Знаете како велат со кој си таков си, тие сакаат да бидат со таквите, мене ме чуди само тајмингот кога е тоа објавено. Значи, стартуваш во кампања и сред кампања бараш помош. За мене тоа е јасен знак дека работите не им одат на добро, ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на нивниот лидер. Има информации дека тие уште пред година дена веќе ги поделија функциите, се направија победници и сега да бараш помош во сред кампања од кого било е прилично необично. Тие планираа огромна победа и мислам дека веќе имаа договорено и музика и локација за прославата“ порача Пендаровски.

The post Пендаровски во Радовиш: Ние сме во коалиција од над 15 партии и таа трае со години appeared first on Република.

]]>

На митингот во Радовиш, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани, се осврна на повикот на Христијан Мицкоски до другите партии. Според Пендаровски, повикот на Мицкоски е показател дека на неговата партија не ѝ оди баш добро и според планираното сценарио. „Коалиции се прават врз основа на исти вредности и приницпити, ако веруваш во принципите и вредностите на пример на Левица, нормално ќе направиш коалиција со нив. Ние сме во коалиција од над 15 партии и таа трае со години и таа е коалиција базирана на вредности и принципи. Знаете како велат со кој си таков си, тие сакаат да бидат со таквите, мене ме чуди само тајмингот кога е тоа објавено. Значи, стартуваш во кампања и сред кампања бараш помош. За мене тоа е јасен знак дека работите не им одат на добро, ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на нивниот лидер. Има информации дека тие уште пред година дена веќе ги поделија функциите, се направија победници и сега да бараш помош во сред кампања од кого било е прилично необично. Тие планираа огромна победа и мислам дека веќе имаа договорено и музика и локација за прославата“ порача Пендаровски.

The post Пендаровски во Радовиш: Ние сме во коалиција од над 15 партии и таа трае со години appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Политичкиот реализам е дека без промена на Уставот нема напредок кон ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-politichkiot-realizam-e-deka-bez-promena-na-ustavot-nema-napredok-kon-eu/ Wed, 17 Apr 2024 18:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=767309

Претседателот на државата и претендент за втор мандат на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски смета дека во односите меѓу Македонија и Европската унија, постои нов политички реализам, а тоа е дека државата е самоблокирана на европскиот пат.

-Ние за жал сме блокирани и знаеме заради што, главната опозициска партија вели во ниедна варијанта не гласаме за тоа под бугарски диктат и така натаму. Ако е тоа новиот реализам, значи дека ние сме самоблокирани. Дајте да искористиме што повеќе од овој амбициозно најавуван План за раст на Западен Балкан во кој има далеку повеќе фондови на располагање, сè додека на опозицијата не ѝ текне дека без промена на Уставот нема членство во ЕУ и сè додека не се случи тоа да искористиме барем повеќе од тие фондови кои се наменети за оние кои се самоблокирани како нас. Ние можеме во рамки на кампањата да зборуваме за бугарски диктати и чуда, дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тоа е само политичка мантра за замајување на народот додека на дојдеш на власт. После тоа ќе се соочиш со барањата на потенцијалниот албанскиот фактор кој ќе ти каже уставни измени за три, за шест месеци, па ќе одиш во Брисел и таму ќе ти кажат дека нема промена на преговарачката рамка, рече вечерва Пендаровски во интервју за емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Коментирајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ за измените на Уставот, Пендаровски вели дека тоа се прави само поради собирање политички поени, а заради тоа свесно го блокира процесот на интеграција.

-Завчера имаше интервју на човек од германската ЦДУ, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ кој дошол овде да им помогне и им вели овој е патот. Јас сакам да им кажам: Оставете ја кампањата, јасно ми е зошто го правите ова, бидејќи на тоа прашање добивате политички поени, на друго не добивате. Но, сега, дајте соочете се со овој нов политички реализам. Срамота е ако Украина, Молдавија и Грузија и Босна и Херцеговина стануваат кандидатки ние тамам кога направивме некој напредок, сега да се враќаме назад заради вашиот став дека само како Бугари ќе влеземе во ЕУ, што е апсолутна небулоза, вели тој.

Пендаровски  наведува дека ВМРО-ДПМНЕ има и друга теза која вели „дајте ќе го промениме Уставот денес ама, промените ќе важат кога ќе станеме членки“ и прашува „дали тоа може да се направи и кој од европските фактори ви ветува дека такво нешто е можно“.

Тој потенцира дека членството во ЕУ би требало да биде натпартиско прашање, бидејќи станува збор за стратешка цел на државата, исто како што е и НАТО.

Порача дека тој ниту ги делел, ниту некогаш ќе ги дели граѓаните по која било основа, и ако биде повторно избран ќе биде претседател на сите граѓани, а не само на оние кои гласале за него. Тоа, вели, е потврдено и од неговиот досегашен петгодишен мандат, но проблемот го гледа во македонското општество кое е длабоко етнички поларизирано и дека тоа треба да се промени.

The post Пендаровски: Политичкиот реализам е дека без промена на Уставот нема напредок кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата и претендент за втор мандат на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски смета дека во односите меѓу Македонија и Европската унија, постои нов политички реализам, а тоа е дека државата е самоблокирана на европскиот пат. -Ние за жал сме блокирани и знаеме заради што, главната опозициска партија вели во ниедна варијанта не гласаме за тоа под бугарски диктат и така натаму. Ако е тоа новиот реализам, значи дека ние сме самоблокирани. Дајте да искористиме што повеќе од овој амбициозно најавуван План за раст на Западен Балкан во кој има далеку повеќе фондови на располагање, сè додека на опозицијата не ѝ текне дека без промена на Уставот нема членство во ЕУ и сè додека не се случи тоа да искористиме барем повеќе од тие фондови кои се наменети за оние кои се самоблокирани како нас. Ние можеме во рамки на кампањата да зборуваме за бугарски диктати и чуда, дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тоа е само политичка мантра за замајување на народот додека на дојдеш на власт. После тоа ќе се соочиш со барањата на потенцијалниот албанскиот фактор кој ќе ти каже уставни измени за три, за шест месеци, па ќе одиш во Брисел и таму ќе ти кажат дека нема промена на преговарачката рамка, рече вечерва Пендаровски во интервју за емисијата Топ Тема на ТВ Телма. Коментирајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ за измените на Уставот, Пендаровски вели дека тоа се прави само поради собирање политички поени, а заради тоа свесно го блокира процесот на интеграција. -Завчера имаше интервју на човек од германската ЦДУ, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ кој дошол овде да им помогне и им вели овој е патот. Јас сакам да им кажам: Оставете ја кампањата, јасно ми е зошто го правите ова, бидејќи на тоа прашање добивате политички поени, на друго не добивате. Но, сега, дајте соочете се со овој нов политички реализам. Срамота е ако Украина, Молдавија и Грузија и Босна и Херцеговина стануваат кандидатки ние тамам кога направивме некој напредок, сега да се враќаме назад заради вашиот став дека само како Бугари ќе влеземе во ЕУ, што е апсолутна небулоза, вели тој. Пендаровски  наведува дека ВМРО-ДПМНЕ има и друга теза која вели „дајте ќе го промениме Уставот денес ама, промените ќе важат кога ќе станеме членки“ и прашува „дали тоа може да се направи и кој од европските фактори ви ветува дека такво нешто е можно“. Тој потенцира дека членството во ЕУ би требало да биде натпартиско прашање, бидејќи станува збор за стратешка цел на државата, исто како што е и НАТО. Порача дека тој ниту ги делел, ниту некогаш ќе ги дели граѓаните по која било основа, и ако биде повторно избран ќе биде претседател на сите граѓани, а не само на оние кои гласале за него. Тоа, вели, е потврдено и од неговиот досегашен петгодишен мандат, но проблемот го гледа во македонското општество кое е длабоко етнички поларизирано и дека тоа треба да се промени.

The post Пендаровски: Политичкиот реализам е дека без промена на Уставот нема напредок кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен претседател како професорката Гордана Силјановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-makedonija-ne-i-treba-pretsedatel-kako-pendarovski-izmekar-na-ali-ahmeti-tuku-dostoen-pretsedatel-kako-profesorkata-gordana-siljanovska-davkova/ Wed, 17 Apr 2024 18:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=767303

Македонија повторно горда подразбира Македонија повторно твоја, ваша, Македонија која нема да биде ограбена, која нема да биде засрамена, која ќе биде на народот ,а не на неколкумина политички моќници. Македонија каде народот ќе го има последниот збор. За жал денес во Македонија според Фридом хаус владее еден цикличен хибриден режим, кој го претставуваат двете владејачки партии ДУИ на Али Ахмети и нивните измеќари СДС, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Свети Николе.

СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, ЕУ, а од ЕУ тоа што го знаат е евробанкнотата која ја земаат и ставаат во џеб како резултат на мито и арач од граѓаните преку наместените тендери, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека кога СДС е на власт секогаш има стратешки грешки и удари врз Македонија, народот и идентитетот како што се транзицијата, менување на знамето, новата територијална поделба на Македонија кога се зададе силен удар врз унитарниот карактер на државата, промената на уставното име, бугарскиот диктат, односно т.н. француски предлог.

– Зоран Заев кажа дека заедно со Ковачевски и Стево Пендаровски го правел тој предлог ова и тука се поставува суштинското прашање дали Стево Пендаровски мисли дека бугарскиот фашистички окупатор или бил администратор? Пендаровски исто така должи објаснување дали онаа изјава дадена на интервју дека Гоце Делчев бил Бугарин, дали мисли така? Суштината е дека секогаш кога има влада на СДС, Македонија стратешки губи. Македонија ги губи своите позиции во однос на своите соседи, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека секогаш кога има влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија се гради има повеќе за сите, а кога има влада на СДС, Македонија се ограбува, се понижува и се нанесуваат стратешки удари врз македонскиот идентитет, а за возврат скапо не чини и Македонија се празни.

– Затоа многу е важно пораката на обединување, единство и мобилизација да се рашири насекаде и да излеземе масовно на 24 април да се поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова и да ја направиме Македонија повторно горда, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека многу е важно масовно да излеземе на 24 април и 8 мај и да не дозволиме повеќе ДУИ и Али Ахмети да ни кажуваат дека ќе владејат по принципот „како до сега“.

– Овие од ДУИ кога им ги објавувам криминалите и кога им велам дека ќе одговараат после 8 мај ми велат дека сум бил анти Албанец. Не сум анти Албанец, јас сум анти криминалците, криминалците немаат етничка припадност. 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, а околу 80.000 со само 60 денари, најголема инфлација, најнизок стандард. На дното сме на Балканот,а нели живот носеа, а во суштина себе си си донесоа милиони евра ограбувајќи го народот, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на овие избори од една страна го имате Стево Пендаровски кој во еден град рече „ако не ме гласате очи не сакам да ви видам, не ви идам во втор круг“, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова која изминативе 4 години во македонскиот парламент покажа како се брани и аргументира македонскиот идентитет.

– На Македонија не и треба претседател измеќар на Али Ахмети, на Македонија и треба достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова. Ве повикувам да го пренесеме гласот на победата, на промените, на горда и твоја Македонија. Да испишеме историја на 24 април со огромна предност за професорката Гордана Силјановска Давкова, а потоа уште пожестоко да излеземе на 8 мај и да донесеме промени, да избереме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен претседател како професорката Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Македонија повторно горда подразбира Македонија повторно твоја, ваша, Македонија која нема да биде ограбена, која нема да биде засрамена, која ќе биде на народот ,а не на неколкумина политички моќници. Македонија каде народот ќе го има последниот збор. За жал денес во Македонија според Фридом хаус владее еден цикличен хибриден режим, кој го претставуваат двете владејачки партии ДУИ на Али Ахмети и нивните измеќари СДС, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Свети Николе. СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, ЕУ, а од ЕУ тоа што го знаат е евробанкнотата која ја земаат и ставаат во џеб како резултат на мито и арач од граѓаните преку наместените тендери, рече Мицкоски. Мицкоски истакна дека кога СДС е на власт секогаш има стратешки грешки и удари врз Македонија, народот и идентитетот како што се транзицијата, менување на знамето, новата територијална поделба на Македонија кога се зададе силен удар врз унитарниот карактер на државата, промената на уставното име, бугарскиот диктат, односно т.н. француски предлог. – Зоран Заев кажа дека заедно со Ковачевски и Стево Пендаровски го правел тој предлог ова и тука се поставува суштинското прашање дали Стево Пендаровски мисли дека бугарскиот фашистички окупатор или бил администратор? Пендаровски исто така должи објаснување дали онаа изјава дадена на интервју дека Гоце Делчев бил Бугарин, дали мисли така? Суштината е дека секогаш кога има влада на СДС, Македонија стратешки губи. Македонија ги губи своите позиции во однос на своите соседи, нагласи Мицкоски. Мицкоски додаде дека секогаш кога има влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија се гради има повеќе за сите, а кога има влада на СДС, Македонија се ограбува, се понижува и се нанесуваат стратешки удари врз македонскиот идентитет, а за возврат скапо не чини и Македонија се празни. – Затоа многу е важно пораката на обединување, единство и мобилизација да се рашири насекаде и да излеземе масовно на 24 април да се поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова и да ја направиме Македонија повторно горда, потенцираше Мицкоски. Мицкоски посочи дека многу е важно масовно да излеземе на 24 април и 8 мај и да не дозволиме повеќе ДУИ и Али Ахмети да ни кажуваат дека ќе владејат по принципот „како до сега“. – Овие од ДУИ кога им ги објавувам криминалите и кога им велам дека ќе одговараат после 8 мај ми велат дека сум бил анти Албанец. Не сум анти Албанец, јас сум анти криминалците, криминалците немаат етничка припадност. 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, а околу 80.000 со само 60 денари, најголема инфлација, најнизок стандард. На дното сме на Балканот,а нели живот носеа, а во суштина себе си си донесоа милиони евра ограбувајќи го народот, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека на овие избори од една страна го имате Стево Пендаровски кој во еден град рече „ако не ме гласате очи не сакам да ви видам, не ви идам во втор круг“, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова која изминативе 4 години во македонскиот парламент покажа како се брани и аргументира македонскиот идентитет. – На Македонија не и треба претседател измеќар на Али Ахмети, на Македонија и треба достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова. Ве повикувам да го пренесеме гласот на победата, на промените, на горда и твоја Македонија. Да испишеме историја на 24 април со огромна предност за професорката Гордана Силјановска Давкова, а потоа уште пожестоко да излеземе на 8 мај и да донесеме промени, да избереме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен претседател како професорката Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Дебар е град кој може да се пофали со вековен соживот https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-debar-e-grad-koj-mozhe-da-se-pofali-so-vekoven-sozhivot/ Wed, 17 Apr 2024 17:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=767291

 Главната парола на нашиот претседател не е случајно избрана. Јас никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши. Јас сум ваш, вие сте мои. И затоа јас со право можам да кажам дека јас сум вашиот претседател, порача од Дебар претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Тој посебно се задржа на соживотот, по кој е препознатлив поширокиот дебарски регион.

- За разлика од другите места што ги посетив, овде сакам да зборувам за она што вие најдобро го знаете, убаво живеете векови наназад, а тоа е соживотот, коегзистенцијата на различни народи, етникуми, вери, различни социјални статуси. Затоа што Дебар е еден од градовите кој може да се пофали и во најтешките времиња и светски војни, овде и Македонци и Албанци, и Турци и Роми и Власи и Срби и Бошњаци, сите што живеат на овој поширок простор знаеле да си помагаат еден со друг и да си се најдат еден на друг во неволја, рече тој.

Тоа, додаде го покажавте и откако Македонија стана независна и тоа на најдобар начин го покажувате и ден денес.

- Вие сте луѓе и во добри и во лоши времиња, а такви се поретко се наоѓаат во нашава држава. Дебар секогаш бил еден од интелктуалните центри во поширокиот регион, видни фамилии, видни поединци, интелектуалци, писатели, уметници, учители, реформатори, едукатори, потекнуваат од тука. И вие имате со што да се гордеете, констатира Пендаровски.

Сите години на независна Македонија, посочи, беше време на делби и тие делби меѓу луѓето по различни основи беа стимулирани од врвот на државата во тој период.

- Јас во моите пет години се трудев никого да не поделам по ниту една основа. За мене и сиромавиот и богатиот се исти. Јас ги делам луѓето на две групи: луѓе и не луѓе. Ние сме избрани да работиме за вас, а не за провизии и за тендери и за разно разни криминали. Затоа мислам дека во изминатите пет години покажав како еден претседател може да се нарекува претседател на сите, не само на хартија, туку во пракса, нагласи тој.

Пендаровски говореше и за членството во НАТО и отворањето преговори со ЕУ.

The post Пендаровски: Дебар е град кој може да се пофали со вековен соживот appeared first on Република.

]]>

 Главната парола на нашиот претседател не е случајно избрана. Јас никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши. Јас сум ваш, вие сте мои. И затоа јас со право можам да кажам дека јас сум вашиот претседател, порача од Дебар претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Тој посебно се задржа на соживотот, по кој е препознатлив поширокиот дебарски регион. - За разлика од другите места што ги посетив, овде сакам да зборувам за она што вие најдобро го знаете, убаво живеете векови наназад, а тоа е соживотот, коегзистенцијата на различни народи, етникуми, вери, различни социјални статуси. Затоа што Дебар е еден од градовите кој може да се пофали и во најтешките времиња и светски војни, овде и Македонци и Албанци, и Турци и Роми и Власи и Срби и Бошњаци, сите што живеат на овој поширок простор знаеле да си помагаат еден со друг и да си се најдат еден на друг во неволја, рече тој. Тоа, додаде го покажавте и откако Македонија стана независна и тоа на најдобар начин го покажувате и ден денес. - Вие сте луѓе и во добри и во лоши времиња, а такви се поретко се наоѓаат во нашава држава. Дебар секогаш бил еден од интелктуалните центри во поширокиот регион, видни фамилии, видни поединци, интелектуалци, писатели, уметници, учители, реформатори, едукатори, потекнуваат од тука. И вие имате со што да се гордеете, констатира Пендаровски. Сите години на независна Македонија, посочи, беше време на делби и тие делби меѓу луѓето по различни основи беа стимулирани од врвот на државата во тој период. - Јас во моите пет години се трудев никого да не поделам по ниту една основа. За мене и сиромавиот и богатиот се исти. Јас ги делам луѓето на две групи: луѓе и не луѓе. Ние сме избрани да работиме за вас, а не за провизии и за тендери и за разно разни криминали. Затоа мислам дека во изминатите пет години покажав како еден претседател може да се нарекува претседател на сите, не само на хартија, туку во пракса, нагласи тој. Пендаровски говореше и за членството во НАТО и отворањето преговори со ЕУ.

The post Пендаровски: Дебар е град кој може да се пофали со вековен соживот appeared first on Република.

]]>
Пендаровски им се закани за делчевчани: Не ви идам уопште, ако не водам по првиот круг! https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-im-se-zakani-za-delchevchani-ne-vi-idam-uopshte-ako-ne-vodam-po-prviot-krug/ Wed, 10 Apr 2024 15:15:20 +0000 https://republika.mk/?p=764633

Ако не поведе после првиот круг на претседателските избори на 24 април, Стево Пендаровски веќе нема да се сретне со граѓаните на Делчево.

На митингот во овој град тој даде шокантна изјава:

– Иначе не ви идам уопште ако не водам после првиот круг!

Претседателскиот кандидат на СДСМ потсети дека на изборите во 2019 година победил во Делчево. После оваа чудна изјава, останаа нејасни неколку работи.

Прво, дали Пендаровски во кампањата за вториот изборен круг нема да ги посети сите градови во кои нема да води, а победил во 2019 година?

Второ, дали со една ваква изјава Пендаровски бара алиби за евентуалниот пораз во првиот изборен круг?

И трето, колкаво водство на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова ќе се смета за причини Пендаровски веќе никому “уопште” да не иде во кампањата?

Ова е таа чудна изјава на претседателскиот кандидат на СДСМ:

The post Пендаровски им се закани за делчевчани: Не ви идам уопште, ако не водам по првиот круг! appeared first on Република.

]]>

Ако не поведе после првиот круг на претседателските избори на 24 април, Стево Пендаровски веќе нема да се сретне со граѓаните на Делчево. На митингот во овој град тој даде шокантна изјава: – Иначе не ви идам уопште ако не водам после првиот круг! Претседателскиот кандидат на СДСМ потсети дека на изборите во 2019 година победил во Делчево. После оваа чудна изјава, останаа нејасни неколку работи. Прво, дали Пендаровски во кампањата за вториот изборен круг нема да ги посети сите градови во кои нема да води, а победил во 2019 година? Второ, дали со една ваква изјава Пендаровски бара алиби за евентуалниот пораз во првиот изборен круг? И трето, колкаво водство на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова ќе се смета за причини Пендаровски веќе никому “уопште” да не иде во кампањата? Ова е таа чудна изјава на претседателскиот кандидат на СДСМ:

The post Пендаровски им се закани за делчевчани: Не ви идам уопште, ако не водам по првиот круг! appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-delegatsija-na-patsifichkiot-sovet-od-sad/ Tue, 09 Apr 2024 10:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=764223

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава.

Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Македонија кон членство во ЕУ.

На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион.

 

Претставниците на организацијата го запознаа претседателот Пендаровски со текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.

The post Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава.

Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Македонија кон членство во ЕУ.

На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион.

 

Претставниците на организацијата го запознаа претседателот Пендаровски со текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.

The post Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД appeared first on Република.

]]>