Пелистер Archives - Република https://republika.mk/tema/pelister/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 13:15:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пелистер Archives - Република https://republika.mk/tema/pelister/ 32 32 Светна во Битола: Пелистер-Вардар ќе играат под рефлектори https://republika.mk/sport/fudbal/svetna-vo-bitola-pelister-vardar-ke-igraat-pod-reflektori/ Mon, 28 Oct 2024 13:15:41 +0000 https://republika.mk/?p=831725

Фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, в недела прв пат ќе биде отворен за публиката да следи вечерен натпревар на кој од 19 часот, силите ќе ги одмерат Пелистер и Вардар.

Најголемото фудбалско македонско дерби ќе се игра под рефлектори со што создадени се услови и за други натпревари во вечерниот термин, вклучувајќи и настапи на македонската фудбалска репрезентација.

Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“  ги финализираа активностите за центрирање и фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на ноќни натпревари на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола.

The post Светна во Битола: Пелистер-Вардар ќе играат под рефлектори appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, в недела прв пат ќе биде отворен за публиката да следи вечерен натпревар на кој од 19 часот, силите ќе ги одмерат Пелистер и Вардар. Најголемото фудбалско македонско дерби ќе се игра под рефлектори со што создадени се услови и за други натпревари во вечерниот термин, вклучувајќи и настапи на македонската фудбалска репрезентација. Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“  ги финализираа активностите за центрирање и фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на ноќни натпревари на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола.

The post Светна во Битола: Пелистер-Вардар ќе играат под рефлектори appeared first on Република.

]]>
Чкембари скандираа име на починат Комита https://republika.mk/sport/fudbal/chkembari-skandiraa-ime-na-pochinat-komita/ Sun, 20 Oct 2024 18:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=829220

Навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ направија крајно спортски потег.

Пелистер и Шкупи одиграа 0:0 во 8. коло од првата македонска лига, а во еден момент од натпреварот, домашните навивачи изненадија и го скандираа името на починатиот навивач на Вардар, Никола Саздовски - Саздо.

Со тоа, „Чкембарите“ покажаа дека знаат да изразат почит дури и за припадник на нивниот најголем спортски ривал и чест противник на трибините.

The post Чкембари скандираа име на починат Комита appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ направија крајно спортски потег. Пелистер и Шкупи одиграа 0:0 во 8. коло од првата македонска лига, а во еден момент од натпреварот, домашните навивачи изненадија и го скандираа името на починатиот навивач на Вардар, Никола Саздовски - Саздо. Со тоа, „Чкембарите“ покажаа дека знаат да изразат почит дури и за припадник на нивниот најголем спортски ривал и чест противник на трибините.  

The post Чкембари скандираа име на починат Комита appeared first on Република.

]]>
Недановски: Ако се случи нешто лошо со Пелистер, ќе преземам одговорност https://republika.mk/sport/rakomet/nedanovski-ako-se-sluchi-neshto-losho-so-pelister-ke-prezemam-odgovornost/ Wed, 25 Sep 2024 11:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=819544

Ако се случи нешто лошо со Пелистер, ќе преземам одговорност, но размислувам само на најдоброто.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски ги искажа своите очекувања за претстојниот дерби-натпревар за Еурофарм Пелистер од 4. коло на македонскиот ракометен шампионат.

– Кога се игра со најголемиот ривал, посебно на домашен терен, притисок секогаш постои. Ако се случи нешто лошо на дуелот со Пелистер, односно две изгубени дерби средби по само четири кола, ќе преземам одговорност и ќе одлучам што понатаму. Сепак, размислувам само на најдоброто и се надевам на победа, изјави Недановски на денешната прес-конференција.

Предводникот на „црвено-црните“ направи рекапитулар од неговото доаѓање на тренерското место. Тој како успешни ги оцени првите две години со оглед на сите проблеми со кои се соочи клубот.

За оваа сезоната рече:

„Ако не се освои титулата ќе биде неуспех за Вардар. Задоволен сум од сите играчи кои дојдоа. Направивме силен ти и наша цел е титула во првенството и купот, и што подалеку да стигнеме на евро-сцената“.

Натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер ќе се игра в сабота од 17:45 часот. Најавени се и околу 200 навивачи на битолскиот клуб.

The post Недановски: Ако се случи нешто лошо со Пелистер, ќе преземам одговорност appeared first on Република.

]]>

Ако се случи нешто лошо со Пелистер, ќе преземам одговорност, но размислувам само на најдоброто. Тренерот на Вардар, Владо Недановски ги искажа своите очекувања за претстојниот дерби-натпревар за Еурофарм Пелистер од 4. коло на македонскиот ракометен шампионат.
– Кога се игра со најголемиот ривал, посебно на домашен терен, притисок секогаш постои. Ако се случи нешто лошо на дуелот со Пелистер, односно две изгубени дерби средби по само четири кола, ќе преземам одговорност и ќе одлучам што понатаму. Сепак, размислувам само на најдоброто и се надевам на победа, изјави Недановски на денешната прес-конференција.
Предводникот на „црвено-црните“ направи рекапитулар од неговото доаѓање на тренерското место. Тој како успешни ги оцени првите две години со оглед на сите проблеми со кои се соочи клубот. За оваа сезоната рече:
„Ако не се освои титулата ќе биде неуспех за Вардар. Задоволен сум од сите играчи кои дојдоа. Направивме силен ти и наша цел е титула во првенството и купот, и што подалеку да стигнеме на евро-сцената“.
Натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер ќе се игра в сабота од 17:45 часот. Најавени се и околу 200 навивачи на битолскиот клуб.

The post Недановски: Ако се случи нешто лошо со Пелистер, ќе преземам одговорност appeared first on Република.

]]>
Во лето забеле и Македoнија: Падна снег на Пелистер https://republika.mk/zivot/servisi/vo-leto-zabele-i-makedonija-padna-sneg-na-pelister/ Sat, 14 Sep 2024 13:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=816335

Планинарите кои го посетија денеска Пелистер, на социјалните мрежи објавуваат фотографии со снег и бела покривка.

Иако и натаму календарски е лето, сепак, ниските температури низ земјава придонесоа за студено време особено на планините.

Сепак, набрзо после снегот на Пелистер изгреа и сонце кое го стопи снегот.

Студеното време ќе продолжи и во следните неколку дена.

The post Во лето забеле и Македoнија: Падна снег на Пелистер appeared first on Република.

]]>

Планинарите кои го посетија денеска Пелистер, на социјалните мрежи објавуваат фотографии со снег и бела покривка. Иако и натаму календарски е лето, сепак, ниските температури низ земјава придонесоа за студено време особено на планините. Сепак, набрзо после снегот на Пелистер изгреа и сонце кое го стопи снегот. Студеното време ќе продолжи и во следните неколку дена.

The post Во лето забеле и Македoнија: Падна снег на Пелистер appeared first on Република.

]]>
Македонија залужува вакво дерби: Фото галерија од мечот Вардар-Пелистер https://republika.mk/sport/fudbal/makedonija-zaluzhuva-vakvo-derbi-foto-galerija-od-mechot-vardar-pelister/ Mon, 19 Aug 2024 07:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=807790

Македонија конечно имаше дерби какво што залужува.Вардар и Пелистер, старите ривали под рефлектори на „Градски“ играа убав натпревар пред околу 6000 фанови.

На Запад и Исток Комитите и Чкамбарите како што доликува. Резултатот не е најважен но сепак Вардар во финишот победи.

Погледнете

The post Македонија залужува вакво дерби: Фото галерија од мечот Вардар-Пелистер appeared first on Република.

]]>

Македонија конечно имаше дерби какво што залужува.Вардар и Пелистер, старите ривали под рефлектори на „Градски“ играа убав натпревар пред околу 6000 фанови. На Запад и Исток Комитите и Чкамбарите како што доликува. Резултатот не е најважен но сепак Вардар во финишот победи. Погледнете

The post Македонија залужува вакво дерби: Фото галерија од мечот Вардар-Пелистер appeared first on Република.

]]>
Вардар со гол во финишот го совлада Пелистер https://republika.mk/sport/fudbal/vardar-so-gol-vo-finishot-go-sovlada-pelister/ Sun, 18 Aug 2024 20:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=807754

Во последниот натпревар од 2. коло на Првата македонска фудбалска лига, Вардар вечерва во Скопје го совлада Пелистер со 1:0.

Вечното дерби го реши францускиот интернационалец Дијанеси со гол на десетина минути пред крајот на натпреварот.

Ова е прва победа за „црвено-црните“ во новата сезона, а Пелистер ќе чека друга шанса за прва радост.

На другите натпревари од ова коло одиграни денес постигнати се следниве резултати:
Гостивар – Шкупи 2:0
Шкендија – Работнички 1:1
Силекс – Брера Струмица 4:0
Струга – Беса 1:0
Тиквеш – Воска Спорт 2:1.

Струга е лидер на табелата со 6 бодови, пред Шкендија, Гостивар и Работнички со по 4 бода. Силекс, Тиквеш, Вардар и Брера имаат по 3, Воска, Пелистер и Шкупи по1, Беса е без освоен бод.

The post Вардар со гол во финишот го совлада Пелистер appeared first on Република.

]]>

Во последниот натпревар од 2. коло на Првата македонска фудбалска лига, Вардар вечерва во Скопје го совлада Пелистер со 1:0. Вечното дерби го реши францускиот интернационалец Дијанеси со гол на десетина минути пред крајот на натпреварот. Ова е прва победа за „црвено-црните“ во новата сезона, а Пелистер ќе чека друга шанса за прва радост. На другите натпревари од ова коло одиграни денес постигнати се следниве резултати: Гостивар – Шкупи 2:0 Шкендија – Работнички 1:1 Силекс – Брера Струмица 4:0 Струга – Беса 1:0 Тиквеш – Воска Спорт 2:1. Струга е лидер на табелата со 6 бодови, пред Шкендија, Гостивар и Работнички со по 4 бода. Силекс, Тиквеш, Вардар и Брера имаат по 3, Воска, Пелистер и Шкупи по1, Беса е без освоен бод.

The post Вардар со гол во финишот го совлада Пелистер appeared first on Република.

]]>
Денеска се игра големото македонско дерби Вардар-Пелистер https://republika.mk/sport/fudbal/deneska-se-igra-golemoto-makedonsko-derbi-vardar-pelister/ Sun, 18 Aug 2024 10:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=807553

Денеска во второто коло ќе има натпревар во македонската Прва лига кој ќе се игра под рефлектори и „вечното дерби“ помеѓу Вардар и Пелистер.

Вардар се враќа на Арената, а веќе во второто коло ќе се соочи со големиот ривал од Битола. Натпреварот е закажан на 18. август во терминот од 20:00 часот

The post Денеска се игра големото македонско дерби Вардар-Пелистер appeared first on Република.

Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори го гаснат пожарот кај Пелистер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/hrvatskiot-kanader-i-dva-makedonski-er-traktori-go-gasnat-pozharot-kaj-pelister/ Fri, 19 Jul 2024 09:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=798358

Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори во моментов го гаснат пожарот под Пелистер.

Битолските противпожарни сили и вработените во Националниот парк Пелистер од рано утрово се на терен.

Еден крак од пожарот кај Смолево е активен во густа борова шума и е во правец на село Буково. Нема загрозени населени места и објекти.

The post Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори го гаснат пожарот кај Пелистер appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори во моментов го гаснат пожарот под Пелистер. Битолските противпожарни сили и вработените во Националниот парк Пелистер од рано утрово се на терен. Еден крак од пожарот кај Смолево е активен во густа борова шума и е во правец на село Буково. Нема загрозени населени места и објекти.  

The post Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори го гаснат пожарот кај Пелистер appeared first on Република.

]]>
„Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер https://republika.mk/zivot/pametno-selo-vo-ramkite-na-proektot-are-you-ready-for-pelister-inspirirashe-inovativni-pristapi-za-razvoj-na-np-pelister/ Wed, 29 May 2024 08:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=782640

Конференцијата „Smart Village“ во рамките на проектот “Are You Ready for Pelister” која се одржа на Пелистер, означи значајна пресвртница во патувањето кон повторно замислување на иднината на руралните заедници. Организатор беше ПРЕДА плус фондацијата, а за локација беше целно избран Националниот парк Пелистер. Настанот обедини различни лидери, иноватори и чинители на заедницата за да го истражат трансформативниот потенцијал на технологијата во обликувањето на еволутивната иднина на регионот.

„Како фондација која е посветена на регионалниот развој, длабоко сме инспирирани од потенцијалите на технологијата и нејзината примена во сите сфери на живеењето. Целта со денешната конференција ни беше да обезбедиме платформа за дискусија за иновативни пристапи за развој на НП Пелистер во многу клучни сегменти. Прифаќајќи го концептот на Smart Village, имаме за цел да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина” - истакнаа од ПРЕДА плус фондацијата.

Поддршката на меѓународните донатори за оваа иницијатива ја нагласува нивната посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата. Во име на донаторите конференцијата ја отвори Билјана Георгиевска – Проектна менаџерка на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). „Преку нашето партнерство со локалните чинители, ние сме посветени на обезбедување техничка помош, поддршка за финансирање и градење капацитети за проекти кои ги унапредуваат целите за одржлив развој во Пелистер и неговите околни села. Поддршката на УНДП за иницијативите „Паметно село“ ја нагласува нашата посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата„.

За визија на Битола поврзана со овој проект, зборуваше градоначалникот Д-р Тони Коњановски кој смета дека вакви иницијативи се клучни за нашата визија за иднината на градот и неговата околина, каде технологијата и одржливоста се спојуваат за да создадат енергична и инклузивна заедница.

„Како градоначалник на Битола, среќен сум што ќе учествувам на конференцијата и ќе ја дадам мојата поддршка на иницијативи кои промовираат одржлив развој и иновации во нашиот регион. Важно е што соработуваме со локални и меѓународни партнери за истражување на иновативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на нашите жители, заштита на нашата животна средина и поттикнување на економскиот раст во нашите заедници„ - истакна тој.

На конференцијата Smart Village свои излагања имаа четворица истакнати експерти во нивните области.

- Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, зборуваше за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина, истакнувајќи дека транзицијата кон обновлива енергија не е само неопходност, тоа е можност да се изгради поодржлива и поотпорна иднина за сите. „Конференцијата обезбеди форум за истражување на иновативни решенија за забрзување на енергетската транзиција во Пелистер, од проекти за обновлива енергија во сопственост на заедницата до технологии за складирање енергија. Иницијативите Smart Village играат клучна улога во унапредувањето на решенијата за обновлива енергија кои го намалуваат влијанието врз животната средина и промовираат енергетска независност” - истакна таа.

Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ја презентираше употребата на идните технологии за трансформативни цели.

“Дигиталното вклучување не е само обезбедување пристап до технологијата, тоа е за зајакнување на поединците и заедниците да напредуваат во дигиталната ера. Мора да ги истражуваме стратегиите за премостување на дигиталниот јаз во руралните области, од воспоставување мрежи во заедницата до нудење обука за дигитална писменост. Иницијативите Smart Village се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија„ - изјави Количовски на конференцијата.

Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола се осврна на паметната мобилност. “Јас ќе презентирам еден реален проект за паметна мобилност кој ќе се реализира наскоро во Oпштина Битола, а ќе влијае на подобрувањето на квалитетот на живот и на потпелистерските села преку имплементација на паметни решенија во јавниот транспорт. На ваков начин се влијае на подобрување на транспортни услуги, поврзување на руралните места со градот и намалување на користењето на приватните автомобили, што доведува до помал сообраќај и помали емисии на јаглерод„ - истакна на почетокот Јолевски на својата презентација.

Последна панелистка беше архитектката Симона Мирчевска која го претстави својот концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан. Таа зборуваше за можностите да се направи интерактивен музеј под отворено небо, кој ќе раскажува приказни и искуства со користење на технологијата. “Mожеме да ги оживееме историјата и традициите на регионот на нови и возбудливи начини. Прифаќајќи го концептот Паметно село, можеме да предвидиме користење на технологијата за да го направиме културното наследство достапно за сите, надминувајќи ги физичките граници и збогатувајќи ја културната понуда на Пелистер и неговите околни села„ - истакна таа.

Настанот привлече внимание и кај властите и кај стручната јавност, но и кај бизнис секторот кој е во индустриите поврзани со дигитализација, а присутни беа студенти од ФИКТ и ученици од СОУ „Таки Даскалот”.

Основниот заклучок на конференцијата беше дека прифаќајќи го концептот на Smart Village, целта е целосно да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина. Ваквата иницијативи се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија.

Проектот Are You Ready for Pelister? на ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е кофинансиран од Општина Битола.

The post „Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер appeared first on Република.

]]>

Конференцијата „Smart Village“ во рамките на проектот “Are You Ready for Pelister” која се одржа на Пелистер, означи значајна пресвртница во патувањето кон повторно замислување на иднината на руралните заедници. Организатор беше ПРЕДА плус фондацијата, а за локација беше целно избран Националниот парк Пелистер. Настанот обедини различни лидери, иноватори и чинители на заедницата за да го истражат трансформативниот потенцијал на технологијата во обликувањето на еволутивната иднина на регионот. „Како фондација која е посветена на регионалниот развој, длабоко сме инспирирани од потенцијалите на технологијата и нејзината примена во сите сфери на живеењето. Целта со денешната конференција ни беше да обезбедиме платформа за дискусија за иновативни пристапи за развој на НП Пелистер во многу клучни сегменти. Прифаќајќи го концептот на Smart Village, имаме за цел да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина” - истакнаа од ПРЕДА плус фондацијата. Поддршката на меѓународните донатори за оваа иницијатива ја нагласува нивната посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата. Во име на донаторите конференцијата ја отвори Билјана Георгиевска – Проектна менаџерка на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). „Преку нашето партнерство со локалните чинители, ние сме посветени на обезбедување техничка помош, поддршка за финансирање и градење капацитети за проекти кои ги унапредуваат целите за одржлив развој во Пелистер и неговите околни села. Поддршката на УНДП за иницијативите „Паметно село“ ја нагласува нашата посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата„. За визија на Битола поврзана со овој проект, зборуваше градоначалникот Д-р Тони Коњановски кој смета дека вакви иницијативи се клучни за нашата визија за иднината на градот и неговата околина, каде технологијата и одржливоста се спојуваат за да создадат енергична и инклузивна заедница. „Како градоначалник на Битола, среќен сум што ќе учествувам на конференцијата и ќе ја дадам мојата поддршка на иницијативи кои промовираат одржлив развој и иновации во нашиот регион. Важно е што соработуваме со локални и меѓународни партнери за истражување на иновативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на нашите жители, заштита на нашата животна средина и поттикнување на економскиот раст во нашите заедници„ - истакна тој. На конференцијата Smart Village свои излагања имаа четворица истакнати експерти во нивните области. - Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, зборуваше за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина, истакнувајќи дека транзицијата кон обновлива енергија не е само неопходност, тоа е можност да се изгради поодржлива и поотпорна иднина за сите. „Конференцијата обезбеди форум за истражување на иновативни решенија за забрзување на енергетската транзиција во Пелистер, од проекти за обновлива енергија во сопственост на заедницата до технологии за складирање енергија. Иницијативите Smart Village играат клучна улога во унапредувањето на решенијата за обновлива енергија кои го намалуваат влијанието врз животната средина и промовираат енергетска независност” - истакна таа. Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ја презентираше употребата на идните технологии за трансформативни цели. “Дигиталното вклучување не е само обезбедување пристап до технологијата, тоа е за зајакнување на поединците и заедниците да напредуваат во дигиталната ера. Мора да ги истражуваме стратегиите за премостување на дигиталниот јаз во руралните области, од воспоставување мрежи во заедницата до нудење обука за дигитална писменост. Иницијативите Smart Village се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија„ - изјави Количовски на конференцијата. Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола се осврна на паметната мобилност. “Јас ќе презентирам еден реален проект за паметна мобилност кој ќе се реализира наскоро во Oпштина Битола, а ќе влијае на подобрувањето на квалитетот на живот и на потпелистерските села преку имплементација на паметни решенија во јавниот транспорт. На ваков начин се влијае на подобрување на транспортни услуги, поврзување на руралните места со градот и намалување на користењето на приватните автомобили, што доведува до помал сообраќај и помали емисии на јаглерод„ - истакна на почетокот Јолевски на својата презентација. Последна панелистка беше архитектката Симона Мирчевска која го претстави својот концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан. Таа зборуваше за можностите да се направи интерактивен музеј под отворено небо, кој ќе раскажува приказни и искуства со користење на технологијата. “Mожеме да ги оживееме историјата и традициите на регионот на нови и возбудливи начини. Прифаќајќи го концептот Паметно село, можеме да предвидиме користење на технологијата за да го направиме културното наследство достапно за сите, надминувајќи ги физичките граници и збогатувајќи ја културната понуда на Пелистер и неговите околни села„ - истакна таа. Настанот привлече внимание и кај властите и кај стручната јавност, но и кај бизнис секторот кој е во индустриите поврзани со дигитализација, а присутни беа студенти од ФИКТ и ученици од СОУ „Таки Даскалот”. Основниот заклучок на конференцијата беше дека прифаќајќи го концептот на Smart Village, целта е целосно да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина. Ваквата иницијативи се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија. Проектот Are You Ready for Pelister? на ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е кофинансиран од Општина Битола.    

The post „Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер appeared first on Република.

]]>
Концептот за паметни села ќе го револуционализира руралниот развој на Пелистер https://republika.mk/zivot/patuvanja/kontseptot-za-pametni-sela-ke-go-revolutsionalizira-ruralniot-razvoj-na-pelister/ Fri, 24 May 2024 17:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=781471

Проектот „Are you ready for Pelister“ на ПРЕДА плус фондацијата ја најави претстојната конференција која во фокус го става ‘smart village’ концептот кој има глобален тренд, а која треба да се одржи на 27 мај 2024 година, во Информативниот центар на Националниот парк Пелистер. Овој настан ќе ги истакне иновативните пристапи кон руралниот развој преку технологијата и одржливоста, прикажувајќи ги колективните напори на Фондацијата ПРЕДА Плус и конзорциумот од партнери вклучувајќи ги општина Битола, Универзитетот Св. Климент Охридски Битола - Факултет за ИКТ Битола, Техника Пелистер и Ротари клуб Битола.

Зајакнувањето на руралните заедници и искористувањето на технологијата за инклузивен развој се централни теми на концептот на паметно село. Технологијата служи како моќна алатка за премостување на јазот помеѓу руралните и урбаните средини, осигурувајќи дека сите членови на заедницата имаат пристап до основните услуги и можности. Преку иновациите, можеме да создадеме иднина во која никој нема да остане зад себе” - истакнуваат од ПРЕДА.

 Паметните села претставуваат модерна парадигма во руралниот развој, користејќи технологија за подобрување на квалитетот на животот и промовирање на одржливост во руралните области. Во денешниот дигитален пејзаж, мора да се развиваат концепти за да ги задоволат потребите на нашите заедници. Иницијативите за паметни села нудат можност да се преиспитаат структурите на управување, да се зајакнат граѓаните и да се поттикне соработката помеѓу власите, бизнисите и жителите.

Со интегрирање на клучните елементи како технолошка инфраструктура, дигитални услуги, обновливи извори на енергија, земјоделски иновации, претприемништво, ангажман во заедницата и подобрување на квалитетот на животот, паметните села нудат холистички решенија за уникатните предизвици со кои се соочуваат руралните заедници.

 Конференцијата Smart Village ќе содржи презентации од четворица истакнати експерти во нивните области:

 - Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, ќе зборува за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина.

- Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола ќе се осврне на паметната мобилност.

- Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ќе ја истражува употребата на идните технологии за трансформативни цели.

- Симона Мирчевска, архитект, ќе го претстави својот оригинален концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан.

Концептот на конференцијата Smart Village служи како платформа за засегнатите страни за размена на идеи, споделување на најдобрите практики и воспоставување соработка за градење паметни, еластични рурални заедници. Настанот директно треба да влијае на локалната заедница и локалните и националните власти, запознавајќи ги со принципите и потенцијалот на паметните села.

Are you ready for Pelister? е проект предводен од Фондацијата ПРЕДА Плус и имплементиран во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, е финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со кофинансирање од Општина Битола

The post Концептот за паметни села ќе го револуционализира руралниот развој на Пелистер appeared first on Република.

Визуелно патување на Пелистер: Галерија под отворено небо за проектот “Are you ready for Pelister? https://republika.mk/vesti/kultura/vizuelno-patuvane-na-pelister-galerija-pod-otvoreno-nebo-za-proektot-are-you-ready-for-pelister/ Mon, 04 Mar 2024 15:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=751138

Викендов, спокојниот пејзаж на езерото кај потпелистерското село Ротино се трансформираше во галерија под отворено за проектот “Are you ready for Pelister?”.

Изложбата на фотографии „Визуелни приказни од Пелистер“, прикажа триесет селектирани фотографии кои ја доловуваат недопрената убавина на Пелистер, направени од десет талентирани битолски фотографи под  менторство на Љубомир Стефанов, познатиот коавтор и режисер на документарниот филм номиниран за Оскар „Медена земја“.

Младата фотографка Ангела Вељановска, чиј исклучителен талент ѝ ја донесе титулата за најуспешен учесник на работилницата која претходеше, ги заслужи нејзините дополнителни едукативни сесии со Стефанов, ветувајќи ѝ светла иднина во уметноста на фотографијата.

Изложбата „Визуелни приказни од Пелистер“ е дел од пошироката иницијатива која има за цел да ја зголеми туристичката привлечност на Пелистер. „Овие настани се само почеток на нашиот сеопфатен план за подигнување на статусот на Пелистер како клучна туристичка дестинација“, изјави Лидија Ангелкова, координатор на проектот. Претстојните активности вклучуваат соработки со туристички професионалци, луѓе од науката, но и вљубеници во планината во улога на инфлуенсери, за да се укаже на природната привлечност на Пелистер.

Иницијативата, водена од Фондацијата ПРЕДА Плус, е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, финансирана од Европската Унија (ЕУ), кофинансирана од Оптшина Битола и имплементирана од УНДП.

Саботниот настан не беше само отстапување од вообичаената урбана рутина на битолчани, туку собирање на истомисленици кои ја споделуваат љубовта кон планината. Познатиот кафе-бар Јагода направи свој поп-ап бар во планински услови, а спокојна музика од FICHI, создаде совршена позадина за дружење, фотографија и природа.

Овој настан е само почеток на едно ново поглавје во приказната на Пелистер.

фото | Кети Талевска Бакревска

The post Визуелно патување на Пелистер: Галерија под отворено небо за проектот “Are you ready for Pelister? appeared first on Република.

Работилница за фотографија со Љубо Стефанов, коавтор и режисер на „Медена земја“: Следува изложба на 2 март на Ротинско Езеро https://republika.mk/vesti/kultura/rabotilnitsa-za-fotografija-so-lubo-stefanov-koavtor-i-rezhiser-na-medena-zemja-sleduva-izlozhba-na-2-mart-na-rotinsko-ezero/ Wed, 21 Feb 2024 12:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=746527

Во спокојните сенки на величествените пејзажи на Пелистер, група битолски фотографи се собраа да ја истражат суровата убавина низ нивните објективи, под водство на Љубомир Стефанов, прославениот коавтор и режисер на македонскиот документарен филм номиниран за Оскар, „Медена земја“. Оваа фотографска работилница, зимава сместена во срцето на Битола, не беше само едукативна точка, туку патување во концептот на планинската фотографија.

Учесниците на работилницата влегоа во суштината на доловувањето на пејзажите, под менторство на Стефанов, чие сопствено фотографско патување, пред многу години започна токму на Пелистер. Неговата страст за љубовта кон фотографијата не е само лекција по оваа уметност која е игра на светлината, туку зараза што го трансформира начинот на кој се перципира планинскиот терен.

Впечатоците што ги остави работилницата се различни како и пејзажите што ги доловуваат фотографите од чистата инспирација извлечена од стручноста на Стефанов, до промената на перспективата кон величественоста на природата.

Оваа работилница беше повеќе од искуство за учење, тоа беше откровение на сложениот танц на светлината, сенката и теренот низ окото на објективот, истакна еден од учесниците.

Кулминацијата на ова патување ќе биде прикажанo на претстојната изложба под ведро небо кај живописното Ротинско Езеро лоцирано во НП Пелистер под наслов „Визуелни приказни од Пелистер“, каде учесниците ќе ги прикажат своите визуелни интерпретации на Пелистер, изведени под менторството на Стефанов.

На 2 март, во 12.00 часот на оваа локација, изложбата ветува дека ќе биде доказ за трансформативната моќ на фотографијата и неискажаните приказни на планините, поканувајќи ги гледачите да бидат сведоци на невидените раскош на Пелистер низ едни нови објективи со цел да откриеме овие наративи, врамени со убавината на пејзажот и визијата на оние кои интимно го запознале.

Инаку, овој едукативен сегмент на работилница и изложба е дел од поширокиот проект ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? / ARE YOU READY FOR PELISTER? на ПРЕДА Плус Фондација се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? е кофинансиран од Општина Битола.

The post Работилница за фотографија со Љубо Стефанов, коавтор и режисер на „Медена земја“: Следува изложба на 2 март на Ротинско Езеро appeared first on Република.

]]>

Во спокојните сенки на величествените пејзажи на Пелистер, група битолски фотографи се собраа да ја истражат суровата убавина низ нивните објективи, под водство на Љубомир Стефанов, прославениот коавтор и режисер на македонскиот документарен филм номиниран за Оскар, „Медена земја“. Оваа фотографска работилница, зимава сместена во срцето на Битола, не беше само едукативна точка, туку патување во концептот на планинската фотографија. Учесниците на работилницата влегоа во суштината на доловувањето на пејзажите, под менторство на Стефанов, чие сопствено фотографско патување, пред многу години започна токму на Пелистер. Неговата страст за љубовта кон фотографијата не е само лекција по оваа уметност која е игра на светлината, туку зараза што го трансформира начинот на кој се перципира планинскиот терен. Впечатоците што ги остави работилницата се различни како и пејзажите што ги доловуваат фотографите од чистата инспирација извлечена од стручноста на Стефанов, до промената на перспективата кон величественоста на природата.
Оваа работилница беше повеќе од искуство за учење, тоа беше откровение на сложениот танц на светлината, сенката и теренот низ окото на објективот, истакна еден од учесниците.
Кулминацијата на ова патување ќе биде прикажанo на претстојната изложба под ведро небо кај живописното Ротинско Езеро лоцирано во НП Пелистер под наслов „Визуелни приказни од Пелистер“, каде учесниците ќе ги прикажат своите визуелни интерпретации на Пелистер, изведени под менторството на Стефанов. На 2 март, во 12.00 часот на оваа локација, изложбата ветува дека ќе биде доказ за трансформативната моќ на фотографијата и неискажаните приказни на планините, поканувајќи ги гледачите да бидат сведоци на невидените раскош на Пелистер низ едни нови објективи со цел да откриеме овие наративи, врамени со убавината на пејзажот и визијата на оние кои интимно го запознале. Инаку, овој едукативен сегмент на работилница и изложба е дел од поширокиот проект ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? / ARE YOU READY FOR PELISTER? на ПРЕДА Плус Фондација се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? е кофинансиран од Општина Битола.

The post Работилница за фотографија со Љубо Стефанов, коавтор и режисер на „Медена земја“: Следува изложба на 2 март на Ротинско Езеро appeared first on Република.

]]>
Македонски планинари „Први на први“ на Пелистер https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonski-planinari-prvi-na-prvi-na-pelister/ Mon, 01 Jan 2024 11:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=728632

Педесеттина планинари и рекреативци од Охрид, Штип, Велес, Делчево, Берово, Прилеп, Скопје, Битола и други македонски градови, организирани од „Олимпус Монс“, утрово во 05:30 часот стигнаа на врвот Пелистер (2.601 м.) со што ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“.

Новогодишното освојување на врвот Пелистер почна точно на полноќ, со добри временски услови на стартот, но и силен ветер на врвот, изјави за МИА, Христијан Томевски, планинар - рекреативец од Охрид.

-Манифестацијата беше одлично организирана, имавме придружба, водичи, лекар, ски-санка, џип ратрак...се што е потребно за безбедно планинарење во зимски и ноќни услови. До Ловечка куќа времето беше одлично, но потоа почна да дува силен ветер кој не влијаеше врз нашето расположение, и целта што ја поставивме пред себе, односно освојување на врвот Пелистер во првиот ден од оваа 2024 година, истакна Томевски.

Традиционалната планинарска манифестација „Први на први“ е поддржана од Општина Битола. 

The post Македонски планинари „Први на први“ на Пелистер appeared first on Република.

]]>

Педесеттина планинари и рекреативци од Охрид, Штип, Велес, Делчево, Берово, Прилеп, Скопје, Битола и други македонски градови, организирани од „Олимпус Монс“, утрово во 05:30 часот стигнаа на врвот Пелистер (2.601 м.) со што ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“. Новогодишното освојување на врвот Пелистер почна точно на полноќ, со добри временски услови на стартот, но и силен ветер на врвот, изјави за МИА, Христијан Томевски, планинар - рекреативец од Охрид. -Манифестацијата беше одлично организирана, имавме придружба, водичи, лекар, ски-санка, џип ратрак...се што е потребно за безбедно планинарење во зимски и ноќни услови. До Ловечка куќа времето беше одлично, но потоа почна да дува силен ветер кој не влијаеше врз нашето расположение, и целта што ја поставивме пред себе, односно освојување на врвот Пелистер во првиот ден од оваа 2024 година, истакна Томевски. Традиционалната планинарска манифестација „Први на први“ е поддржана од Општина Битола. 

The post Македонски планинари „Први на први“ на Пелистер appeared first on Република.

]]>
Почина планинар на Пелистер, во тек е евакуација на телото https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-planinar-na-pelister-vo-tek-e-evakuatsija-na-teloto/ Sun, 19 Nov 2023 14:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=703200

Регионалниот ЦУК Битола информира дека од Министерството за внатрешни работи (МВР) - СВР Битола има известување кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер имало починато лице (планинар). Според првите сознанија, се работело за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С..

Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја известил Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе.

За подобра координација, од ЦУК е направен и контакт помеѓу дежурните лица во МВР-СВР Битола и ДЗС ПО Битола. Екипа на МВР треба да изврши увид.

Инаку, местото каде што било пронајдено лицето било на околу 2.000 метри надморска височина.

The post Почина планинар на Пелистер, во тек е евакуација на телото appeared first on Република.

]]>

Регионалниот ЦУК Битола информира дека од Министерството за внатрешни работи (МВР) - СВР Битола има известување кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер имало починато лице (планинар). Според првите сознанија, се работело за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С.. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја известил Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе. За подобра координација, од ЦУК е направен и контакт помеѓу дежурните лица во МВР-СВР Битола и ДЗС ПО Битола. Екипа на МВР треба да изврши увид. Инаку, местото каде што било пронајдено лицето било на околу 2.000 метри надморска височина.

The post Почина планинар на Пелистер, во тек е евакуација на телото appeared first on Република.

]]>
Пелистер – Патување низ пејзажните сеќавања на еден еко-музеј https://republika.mk/vesti/kultura/pelister-patuvane-niz-pejzazhnite-sekavana-na-eden-eko-muzej/ Fri, 06 Oct 2023 17:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=688675

Љубителите на уметноста, еколозите и оние кои имаат почит за културното наследство се собраа во Офицерски дом во Битола, за да бидат сведоци на трансформативното уметничко истражување насловено “Пелистер- Пејзажни секвенци на еко-музеј“. Авторката Симона Мирчевска, со својата изложба понуди проникливо патување во спојувањето на световите на визуелните уметности, архитектурата, дизајнот и новата музеологија, со длабоко нурнување во недопрените предели на Пелистер, првиот национален парк во Република Македонија.

Помина времето кога музеите беа единствено сместени во структури, нудејќи само погледи на опипливи артефакти. Делото на Мирчевска ја опфаќа самата суштина на „еко-музеите“ - еволуирана, холистичка претстава која го слави и опипливото и нематеријалното. Настанот не беше само за поглед кон нејзиниот обид за уметност, туку и за доживување на живата култура, традициите и сеќавањата на една територија.

„Преку нејзините мапи и нејзините слики, ние сведочиме истовремено и рефлексивна активност и метод, на начин на кој тие верно ја одразуваат стварноста и рефлективна активност и метод, на начин на кој овозможуваат размислување на постојното во алтернативно идно. Прoсторот во кој човекот се среќава со возвишеноста на пејзажот не е лесно да се претстави на парче хартија. Но, токму во тој простор помеѓу Симона Мирчевска и националниот парк Пелистер, каде ова значајно национално институционално и идентитетско прашање се претвора во лична преокупација и креативен белег, таа го добива сиот кредибилитет да го изгради и претстави пред нас овој хартиен и загадочен „еко-музеј“ - изјави Проф. д-р Мери Батакоја - вонреден професор на УКИМ.

Поделена на два сегменти, изложбата најпрво ги привлече гостите со синтетизираните мапи, раскажувајќи приказни за повеќеслојното наследство на националниот парк. Тоа е еден сложен танц на картографија, материјални средства, дигитални 2Д цртежи и калеидоскоп на пејзажни вредности. Нијансираните слоеви, испечатени на проѕирна хартија за копирање, понудија уникатен пресек на убавината на паркот, истакнувајќи ги патеките, знаменитостите и различните аспекти на руралниот туризам.

Но, она по што дојдоа посетителите на изложбата несомнено беа акрилните дела на Мирчевска на платно, инспирирани од естетските квалитети на Националниот парк Пелистер. Нејзните потези на четката, се приказ за тоа како таа ги гледа пејзажите, ендемичните видови на паркот, шумите од молика и духовноста на неговите елементи.

„Симона Мирчевска, својот ликовен монолог го започнува најмногу во контекст на првата генерација на современите битолски сликари, и тоа не во следење на формата и ликовниот елементариум, туку интуитивно или чувствено, како колективна меморија на предците, предочуваќи ја и продолжуваќи ја скриената суштина, што е можеби, единствена и посебна за ово ликовен Свет„ - истакна ликовниот критичар Владо Ѓорески

Со оваа изложба Симона Мирчевска остава трага во уметничкиот простор како може да изгледа преминот од музејски згради на територии. Тоа е основата на овој проект во кој не треба само да ги цениме естетските вредности, туку и духовните аспекти на природата и да ги препознаеме како суштински дел од човечкото наследство.

The post Пелистер – Патување низ пејзажните сеќавања на еден еко-музеј appeared first on Република.

]]>

Љубителите на уметноста, еколозите и оние кои имаат почит за културното наследство се собраа во Офицерски дом во Битола, за да бидат сведоци на трансформативното уметничко истражување насловено “Пелистер- Пејзажни секвенци на еко-музеј“. Авторката Симона Мирчевска, со својата изложба понуди проникливо патување во спојувањето на световите на визуелните уметности, архитектурата, дизајнот и новата музеологија, со длабоко нурнување во недопрените предели на Пелистер, првиот национален парк во Република Македонија. Помина времето кога музеите беа единствено сместени во структури, нудејќи само погледи на опипливи артефакти. Делото на Мирчевска ја опфаќа самата суштина на „еко-музеите“ - еволуирана, холистичка претстава која го слави и опипливото и нематеријалното. Настанот не беше само за поглед кон нејзиниот обид за уметност, туку и за доживување на живата култура, традициите и сеќавањата на една територија. „Преку нејзините мапи и нејзините слики, ние сведочиме истовремено и рефлексивна активност и метод, на начин на кој тие верно ја одразуваат стварноста и рефлективна активност и метод, на начин на кој овозможуваат размислување на постојното во алтернативно идно. Прoсторот во кој човекот се среќава со возвишеноста на пејзажот не е лесно да се претстави на парче хартија. Но, токму во тој простор помеѓу Симона Мирчевска и националниот парк Пелистер, каде ова значајно национално институционално и идентитетско прашање се претвора во лична преокупација и креативен белег, таа го добива сиот кредибилитет да го изгради и претстави пред нас овој хартиен и загадочен „еко-музеј“ - изјави Проф. д-р Мери Батакоја - вонреден професор на УКИМ. Поделена на два сегменти, изложбата најпрво ги привлече гостите со синтетизираните мапи, раскажувајќи приказни за повеќеслојното наследство на националниот парк. Тоа е еден сложен танц на картографија, материјални средства, дигитални 2Д цртежи и калеидоскоп на пејзажни вредности. Нијансираните слоеви, испечатени на проѕирна хартија за копирање, понудија уникатен пресек на убавината на паркот, истакнувајќи ги патеките, знаменитостите и различните аспекти на руралниот туризам. Но, она по што дојдоа посетителите на изложбата несомнено беа акрилните дела на Мирчевска на платно, инспирирани од естетските квалитети на Националниот парк Пелистер. Нејзните потези на четката, се приказ за тоа како таа ги гледа пејзажите, ендемичните видови на паркот, шумите од молика и духовноста на неговите елементи. „Симона Мирчевска, својот ликовен монолог го започнува најмногу во контекст на првата генерација на современите битолски сликари, и тоа не во следење на формата и ликовниот елементариум, туку интуитивно или чувствено, како колективна меморија на предците, предочуваќи ја и продолжуваќи ја скриената суштина, што е можеби, единствена и посебна за ово ликовен Свет„ - истакна ликовниот критичар Владо Ѓорески Со оваа изложба Симона Мирчевска остава трага во уметничкиот простор како може да изгледа преминот од музејски згради на територии. Тоа е основата на овој проект во кој не треба само да ги цениме естетските вредности, туку и духовните аспекти на природата и да ги препознаеме како суштински дел од човечкото наследство.  

The post Пелистер – Патување низ пејзажните сеќавања на еден еко-музеј appeared first on Република.

]]>
Го грее срцето, ја трогнува душата: Ламбе ја испеа „Заветна“ на Големо Езеро на Пелистер https://republika.mk/scena/muzika/go-gree-srtseto-ja-trognuva-dushata-lambe-ja-ispea-zavetna-na-golemo-ezero-na-pelister/ Mon, 21 Aug 2023 18:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=674323

На Големо Езеро на Пелистер голем број на планинари од Битола, но и битолчани и нивни гости кои престојуваат во Битола, го искористја убавото време за да бидат на планина, да уживаат во убавините на Пелистер, да се изладат во водите на езерот0 на 2.218 метри надморска висина.

Меѓу нив беше и нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски, кој на Големо Езеро се искачи по „Дебел Рид“, а на брегот на езерото ја испеа „Заветна“ во која уживаа големиот број посетители.

https://www.youtube.com/watch?v=lkg1zlU2Ls0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fbitolanews.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Преземено од „Битола нуз“.

The post Го грее срцето, ја трогнува душата: Ламбе ја испеа „Заветна“ на Големо Езеро на Пелистер appeared first on Република.

]]>

На Големо Езеро на Пелистер голем број на планинари од Битола, но и битолчани и нивни гости кои престојуваат во Битола, го искористја убавото време за да бидат на планина, да уживаат во убавините на Пелистер, да се изладат во водите на езерот0 на 2.218 метри надморска висина. Меѓу нив беше и нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски, кој на Големо Езеро се искачи по „Дебел Рид“, а на брегот на езерото ја испеа „Заветна“ во која уживаа големиот број посетители. https://www.youtube.com/watch?v=lkg1zlU2Ls0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fbitolanews.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Преземено од „Битола нуз“.

The post Го грее срцето, ја трогнува душата: Ламбе ја испеа „Заветна“ на Големо Езеро на Пелистер appeared first on Република.

]]>
Водата од чешмите на Пелистер неисправна за пиење https://republika.mk/zivot/servisi/vodata-od-cheshmite-na-pelister-neispravna-za-piene/ Mon, 14 Aug 2023 09:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=671922

Центарот за јавно здравје Битола редовно го следи квалитетот и безбедноста на водата за пиење од планинските чешми во склоп на Националниот парк Пелистер, како и од чешмите од потпелистерските села Трново и Магарево.

При ивршената микробиолошка и хемиска анализа и врз основа на добиените резултати од испитувањата може да се утврди дека во 100 проценти од испитаните примероци водата од чешмите на Пелистер е бактериолошки неисправна

Анализата е програмска активност којашто Центарот за јавно здравје Битола ја реализира согласно националната годишна програма за јавно здравје што е финансирана од Министерството за здравство и врз основа на таа програма, се дефинираат активности што ги реализираат во тековната година.Според д-р Богоевска причината за ваквиот висок процент на бактериолошка неисправност на водата од планинските чешми се должи пред сè на дотраеноста и неодржувањето на каптажите на чешмите, потребно е неколку пати во годината да се врши механичко чистење на самите чешми, како и санирање на дефектите на чешмите.

The post Водата од чешмите на Пелистер неисправна за пиење appeared first on Република.

Повозрасно исчезнато лице со брза реакција пронајдено на патот за Пелистер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povozrasno-ischeznato-litse-so-brza-reaktsija-pronajdeno-na-patot-za-pelister/ Wed, 17 May 2023 13:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=641821

Во текот на вчерашната вечер, по добиена пријава во 21.11 часот од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13.00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање.

Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола - Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот, соопштија оттаму.

The post Повозрасно исчезнато лице со брза реакција пронајдено на патот за Пелистер appeared first on Република.

Билетите за ракометното дерби меѓу Пелистер и Вардар распродале за 17 минути https://republika.mk/sport/rakomet/biletite-za-rakometnoto-derbi-megu-pelister-i-vardar-rasprodale-za-17-minuti/ Thu, 04 May 2023 19:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=637075

Сите влезници за саботното ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кое најверојатно ќе биде решавачко во битката за титулата, се распродадени само 17 минути откако попладнево беа пуштени во продажба, соопштија организаторите.

Спортската сала „Боро Чурлевски“ се распродаде за 17 минути, соопшти македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер, информирајќи дека натпреварот закажан за в сабота со почеток во 19 часот, ќе се игра пред полни трибини.

Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се израмнети на табелата со по 31 бодови, пред Алкалоид, кој има шест бодови помалку.

Актуелниот шампион Вардар 1961 триумфираше на првиот натпревар во Скопје, кој го одбележаа инциденти на трибините, со 31-24.

The post Билетите за ракометното дерби меѓу Пелистер и Вардар распродале за 17 минути appeared first on Република.

]]>

Сите влезници за саботното ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кое најверојатно ќе биде решавачко во битката за титулата, се распродадени само 17 минути откако попладнево беа пуштени во продажба, соопштија организаторите.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ се распродаде за 17 минути, соопшти македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер, информирајќи дека натпреварот закажан за в сабота со почеток во 19 часот, ќе се игра пред полни трибини.
Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се израмнети на табелата со по 31 бодови, пред Алкалоид, кој има шест бодови помалку. Актуелниот шампион Вардар 1961 триумфираше на првиот натпревар во Скопје, кој го одбележаа инциденти на трибините, со 31-24.  

The post Билетите за ракометното дерби меѓу Пелистер и Вардар распродале за 17 минути appeared first on Република.

]]>
Вардар и Пелистер казнети за инцидентите во „Јане Сандански“ https://republika.mk/sport/rakomet/vardar-i-pelister-kazneti-za-intsidentite-vo-jane-sandanski/ Mon, 10 Apr 2023 12:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=629465

Надлежната комисија при Ракометната федерација на Македонија денес ги изрече казните за вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи на неодамнешното дерби во Скопје.

Вардар следните два натпревара на домашен терен ќе ги игра без присуство на публика и ќе треба да плати парична каза во висина од 150.000 денари.

Исто таква парична казна ќе треба да плати и Еурофарм Пелистер.

Казните за двата македонски ракометни великана се поради прекинот на дербито одиграно на 26 март. Во 16 минута, по влегувањето на гостинските навивачи во салата „Јане Сандански“ почнаа со факели да фрлаат кон домашната публика, а навивачи на Вардар се симнаа на теренот и тргнаа да се пресметуваат со битолчаните при тоа фрлајќи кон нив тврди предмети.

По петнаесетина минути ситуацијата се смири и натпреварот продолжи.

https://republika.mk/sport/rakomet/momentite-na-ferplej-shto-minaa-nezabelezhano-komiti-i-chkembari-zaednichki-skandiraa-vo-chest-na-svoite-pochinati-drugari/

The post Вардар и Пелистер казнети за инцидентите во „Јане Сандански“ appeared first on Република.

]]>

Надлежната комисија при Ракометната федерација на Македонија денес ги изрече казните за вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи на неодамнешното дерби во Скопје. Вардар следните два натпревара на домашен терен ќе ги игра без присуство на публика и ќе треба да плати парична каза во висина од 150.000 денари. Исто таква парична казна ќе треба да плати и Еурофарм Пелистер. Казните за двата македонски ракометни великана се поради прекинот на дербито одиграно на 26 март. Во 16 минута, по влегувањето на гостинските навивачи во салата „Јане Сандански“ почнаа со факели да фрлаат кон домашната публика, а навивачи на Вардар се симнаа на теренот и тргнаа да се пресметуваат со битолчаните при тоа фрлајќи кон нив тврди предмети. По петнаесетина минути ситуацијата се смири и натпреварот продолжи. https://republika.mk/sport/rakomet/momentite-na-ferplej-shto-minaa-nezabelezhano-komiti-i-chkembari-zaednichki-skandiraa-vo-chest-na-svoite-pochinati-drugari/  

The post Вардар и Пелистер казнети за инцидентите во „Јане Сандански“ appeared first on Република.

]]>