Павлинка Илоска Archives - Република https://republika.mk/tema/pavlinka-iloska/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Feb 2022 13:08:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Павлинка Илоска Archives - Република https://republika.mk/tema/pavlinka-iloska/ 32 32 Полицаец ѝ се заканувал на Пале, велешанката се плаши за својот живот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policaec-se-zakanuval-na-pale-veleshankata-se-plashi-za-svojot-zivot/ Tue, 15 Feb 2022 13:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=458884

Адвокатот на Пале Илоска, која денеска беше ослободена од обвинението за убиство на нејзиниот партнер, полицаецот Александар Ристовски, вели дека 23-годишната велешанка сега се плаши за својот живот окткако колега на убиениот ѝ се заканувал. Исто така, додека таа ја издржуваше казната домашен притвор, нејзината куќа беше ограбена.

Со оглед на фактот дека беше во куќен притвор, не е пријавено во полиција, само усно. Сметам дека се плаши својот живот, посочи адвокатот Димитар Петрулев.

Петрулев изјави дека е задоволен од пресудата и дека врз основа на доказите, одлуката е соодветна.

The post Полицаец ѝ се заканувал на Пале, велешанката се плаши за својот живот appeared first on Република.

]]>

„Му бев како фудбалска топка, ќе ме удавеше“ – Пале пред судот раскажа детали за кобната ноќ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-bev-kako-fudbalska-topka-kje-me-udaveshe-pale-pred-sudot-raskaza-detali-za-kobnata-nokj/ Mon, 14 Feb 2022 19:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=458558

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг“. Таа пред судот кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-policaec-od-veles-dvapati-bil-osuden-uslovno-pregazil-shestmina-tinejdzeri-i-ja-davel-baldazata/

Судењето одеше експресно – за еден ден сослушани сите сведоци, изнесени доказите, кажани завршените зборови. Објавата на пресудата е закажана за утре во 13 часот.

Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите, ги раскажа кошмарните моменти од фаталната вечер на 29 септември лани, кога при семејно насилство го уби нејзиниот партнер Ристовски во нивната куќа во Велес.

Павлинка, и покрај сè, неколкупати повтори дека го сакала Александар.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/

Се надевав дека ќе се промени, му давав шанси, оти го сакав. Кога не беше пијан тој беше многу добар човек, додаде таа.

Сведочењето беше мачно и во тажна атмосфера, а Павлинка повеќепати прекинуваше поради силните емоции и солзите.

The post „Му бев како фудбалска топка, ќе ме удавеше“ – Пале пред судот раскажа детали за кобната ноќ appeared first on Република.

]]>

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг“. Таа пред судот кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-policaec-od-veles-dvapati-bil-osuden-uslovno-pregazil-shestmina-tinejdzeri-i-ja-davel-baldazata/ Судењето одеше експресно – за еден ден сослушани сите сведоци, изнесени доказите, кажани завршените зборови. Објавата на пресудата е закажана за утре во 13 часот.
Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите, ги раскажа кошмарните моменти од фаталната вечер на 29 септември лани, кога при семејно насилство го уби нејзиниот партнер Ристовски во нивната куќа во Велес.
Павлинка, и покрај сè, неколкупати повтори дека го сакала Александар. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/
Се надевав дека ќе се промени, му давав шанси, оти го сакав. Кога не беше пијан тој беше многу добар човек, додаде таа.
Сведочењето беше мачно и во тажна атмосфера, а Павлинка повеќепати прекинуваше поради силните емоции и солзите.

The post „Му бев како фудбалска топка, ќе ме удавеше“ – Пале пред судот раскажа детали за кобната ноќ appeared first on Република.

]]>
Дали полицијата го заштитувала колегата?, прашува Ина Многуфина за случајот на Пале Илоска чие судење почна денес https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-policijata-go-zashtituvala-kolegata-prashuva-ina-mnogufina-za-sluchajot-na-pale-iloska-chie-sudenje-pochna-denes/ Mon, 14 Feb 2022 17:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=458523

Утрово во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска - Пале која се товари за кривично дело „убиство во миг“, за убиството на нејзиниот долгогодишен насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-pale-kje-se-sudi-za-ubistvo-na-mig-ojo-objavi-kako-aleksandar-ja-pretepal-pred-da-mu-presudi/

Правните експерти и граѓански организации алармираат дека 23-годишната велешанка не треба да се гони за дело „убиство во миг“, туку за убиство од самоодбрана, зошто и во самото обвинение пишува дека таа му го задала смртоносниот убод со нож откако тој ја нападнал, а потоа и ја давел.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/

Јавноста будно го следи целиот случај со малтретираната Пале, а свое видување има и познатата твитерџика Ина Многуфина, според која ова судење отвори Пандорина кутија во македонскиот правосуден систем.

Денес почна судењето на Пале и како да се отвори пандорина кутија. Сведочењата потврдија дека починатиот во многу наврати бил пријавуван за насилство, од страна на членови на нивните семејства и од соседите, но полицијата никогаш не дошла, ниту постапила. И само што мислите дека не може да е полошо, на дописот на Хелсиншкиот комитет до СВР Велес, со кои беа побарани информации поврзани со случајот, беше добиен одговор дека воопшто немало пријави за насилство. Дали полицијата го заштитувала колегата? Ќе видиме, случајот ќе се шири и ќе се бара одговорност и за тоа, бидејќи доколку било така тогаш придонеле за трагичниот исход. Да потсетам, ја судат за убиство во миг иако е самоодбрана. Дали случајов ќе го отвори системот ко пупка за да дознаеме дека тие што треба да ја бранат жртвата, го бранат напаѓачот? И што судот прави, дали стварно има правда за жртвите? Целото мое внимание е кон судењево. Јас лично очекувам ослободителна пресуда, пишува Ина Многуфина, барајќи правда за Пале.

The post Дали полицијата го заштитувала колегата?, прашува Ина Многуфина за случајот на Пале Илоска чие судење почна денес appeared first on Република.

]]>

Утрово во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска - Пале која се товари за кривично дело „убиство во миг“, за убиството на нејзиниот долгогодишен насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-pale-kje-se-sudi-za-ubistvo-na-mig-ojo-objavi-kako-aleksandar-ja-pretepal-pred-da-mu-presudi/ Правните експерти и граѓански организации алармираат дека 23-годишната велешанка не треба да се гони за дело „убиство во миг“, туку за убиство од самоодбрана, зошто и во самото обвинение пишува дека таа му го задала смртоносниот убод со нож откако тој ја нападнал, а потоа и ја давел. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/ Јавноста будно го следи целиот случај со малтретираната Пале, а свое видување има и познатата твитерџика Ина Многуфина, според која ова судење отвори Пандорина кутија во македонскиот правосуден систем.
Денес почна судењето на Пале и како да се отвори пандорина кутија. Сведочењата потврдија дека починатиот во многу наврати бил пријавуван за насилство, од страна на членови на нивните семејства и од соседите, но полицијата никогаш не дошла, ниту постапила. И само што мислите дека не може да е полошо, на дописот на Хелсиншкиот комитет до СВР Велес, со кои беа побарани информации поврзани со случајот, беше добиен одговор дека воопшто немало пријави за насилство. Дали полицијата го заштитувала колегата? Ќе видиме, случајот ќе се шири и ќе се бара одговорност и за тоа, бидејќи доколку било така тогаш придонеле за трагичниот исход. Да потсетам, ја судат за убиство во миг иако е самоодбрана. Дали случајов ќе го отвори системот ко пупка за да дознаеме дека тие што треба да ја бранат жртвата, го бранат напаѓачот? И што судот прави, дали стварно има правда за жртвите? Целото мое внимание е кон судењево. Јас лично очекувам ослободителна пресуда, пишува Ина Многуфина, барајќи правда за Пале.

The post Дали полицијата го заштитувала колегата?, прашува Ина Многуфина за случајот на Пале Илоска чие судење почна денес appeared first on Република.

]]>
Велешанката Павлинка Илоска се изјасни за убиството: Не се чувствувам виновна, во самоодбрана беше https://republika.mk/vesti/veleshankata-pavlinka-iloska-se-izjasni-za-ubistvoto-ne-se-chuvstvuvam-vinovna-vo-samoodbrana-beshe/ Mon, 14 Feb 2022 14:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=458427

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг“. Таа пред судот кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Хелсиншкиот комитет реагираше на обвинението и смета дека Илоска треба да се товари за кривично дело направено во самоодбрана, а не за убиство на миг кое пропишува затворска казна од една до пет години.

Убиството се случи на 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовски. Тој започнал кавга нарекувајќи ја со погрдни зборови, Илоска легнала да спие во спалната, но тој ја фатил за пижамата и ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и со клоци по главата и по телото. Силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.

Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го пробола директно во срцето. Убодот бил смртоносен.

The post Велешанката Павлинка Илоска се изјасни за убиството: Не се чувствувам виновна, во самоодбрана беше appeared first on Република.

]]>

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг“. Таа пред судот кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана. Хелсиншкиот комитет реагираше на обвинението и смета дека Илоска треба да се товари за кривично дело направено во самоодбрана, а не за убиство на миг кое пропишува затворска казна од една до пет години. Убиството се случи на 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовски. Тој започнал кавга нарекувајќи ја со погрдни зборови, Илоска легнала да спие во спалната, но тој ја фатил за пижамата и ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и со клоци по главата и по телото. Силно ја фатил со раце за вратот и ја давел. Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го пробола директно во срцето. Убодот бил смртоносен.

The post Велешанката Павлинка Илоска се изјасни за убиството: Не се чувствувам виновна, во самоодбрана беше appeared first on Република.

]]>