палермо Archives - Република https://republika.mk/tema/palermo/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 07:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png палермо Archives - Република https://republika.mk/tema/palermo/ 32 32 „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески доби две награди на фестивал во Сицилија https://republika.mk/scena/film/dali-si-mazh-na-gorche-stavreski-dobi-dve-nagradi-na-festival-vo-sitsilija/ Fri, 09 Aug 2024 07:25:00 +0000 https://republika.mk/?p=804803

На Филмскиот фестивал „Парадизо“ што се одржува во Сицилија, Италија, краткометражниот филм „Дали си маж“ на режисерот Ѓорче Ставрески доби две награди. „Дали си маж“ доби награда за најдобро сценарио и најдобар филм со социјална тема.

Мајсторски режиран, овој филм раскажува убава приказна со сцена која ја пречекавме со ентузијазам. За неверојатната способност да синтетизирате игран филм за неколку минути. Заплетот на филмот започнува убаво да кажува хипермашки поглед без да ви биде досадно, всушност, исто така не прави горчливо да се смееме благодарение на ликовите и дијалозите напишани без извртување зборови, Сценариото функционира во сите делови, вклучително и подзаплетот на формирањето на младиот протагонист и иконскиот крај со трансродовата личност. Филмот ве возбудува и ве тера да размислувате благодарение на комплексната структура која го прицврстува едноставен и брилијантен“, истакна жири комисијата на Фестивалот, пренесува Ставрески.

The post „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески доби две награди на фестивал во Сицилија appeared first on Република.

]]>

Ќе се повтори ли вечерва Палермо? https://republika.mk/sport/fudbal/ke-se-povtori-li-vecherva-palermo/ Fri, 17 Nov 2023 14:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=702533

Македонската фудбалска репрезентација денеска на гостински терен против Италија ќе го одигра претпоследниот натпревар во групата Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски со поразот од Украина (0-2) минатиот месец во Прага ги загубија шансите втор пат едноподруго да играат на континенталниот собир, но и покрај тоа нема да им недостасуваат мотиви за позитивен резултат во дуелот против актуелниот европски првак вечерва од 20:45 часот на Олимпискиот стадион во Рим.

- Не сме дојдени како туристи, туку да извлечеме што е можно повеќе. Секој натпревар е посебна приказна за себе. И овој што не очекува е посебен. Сам по себе носи убавина, но и тежина. Ние сме туку да го дадеме најдоброто од нас. Немаме резултатски императив, но секогаш кога настапувате за својата држава мора да дадете се од себе. Ривалот ни е од топ 3 во светот, ама ние покажавме дека со нив можеме да се носиме, изјави селекторот Милевски на вчерашната официјална прес-конференција.

Македонските фудбалери во првиот дуел против италијанската репрезентација во овој квалификациски циклус одиграа нерешено 1-1 во септември во Скопје, а последниот пат кога гостуваа во Италија дојдоа до сензационалната победа (1-0) во март лани во Палермо во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2022.

Со седум бодови од шест натпревари македонската репрезентација е четвртопласирана во групата Ц пред двата завршни дуели, вечерва против Италија и в понеделник во Скопје против лидерот во групата Англија, од која на гостувањето во Лондон во јуни претрпеа пораз од 0-7.

The post Ќе се повтори ли вечерва Палермо? appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација денеска на гостински терен против Италија ќе го одигра претпоследниот натпревар во групата Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Избраниците на селекторот Благоја Милевски со поразот од Украина (0-2) минатиот месец во Прага ги загубија шансите втор пат едноподруго да играат на континенталниот собир, но и покрај тоа нема да им недостасуваат мотиви за позитивен резултат во дуелот против актуелниот европски првак вечерва од 20:45 часот на Олимпискиот стадион во Рим.
- Не сме дојдени како туристи, туку да извлечеме што е можно повеќе. Секој натпревар е посебна приказна за себе. И овој што не очекува е посебен. Сам по себе носи убавина, но и тежина. Ние сме туку да го дадеме најдоброто од нас. Немаме резултатски императив, но секогаш кога настапувате за својата држава мора да дадете се од себе. Ривалот ни е од топ 3 во светот, ама ние покажавме дека со нив можеме да се носиме, изјави селекторот Милевски на вчерашната официјална прес-конференција.
Македонските фудбалери во првиот дуел против италијанската репрезентација во овој квалификациски циклус одиграа нерешено 1-1 во септември во Скопје, а последниот пат кога гостуваа во Италија дојдоа до сензационалната победа (1-0) во март лани во Палермо во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2022. Со седум бодови од шест натпревари македонската репрезентација е четвртопласирана во групата Ц пред двата завршни дуели, вечерва против Италија и в понеделник во Скопје против лидерот во групата Англија, од која на гостувањето во Лондон во јуни претрпеа пораз од 0-7.

The post Ќе се повтори ли вечерва Палермо? appeared first on Република.

]]>
Аеродромот во Палермо затворен поради пожарите што беснеат во Сицилија https://republika.mk/vesti/svet/aerodromot-vo-palermo-zatvoren-poradi-pozharite-shto-besneat-vo-sitsilija/ Tue, 25 Jul 2023 08:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=664989

Меѓународниот аеродром во Палермо беше затворен во текот на ноќта поради пожар во негова близина, јавува Би-Би-Си.

Според извештаите, тоа е еден од неколкуте пожари на Сицилија, а се проширил поради ветерот.

Италија е зафатена од топлотен бран кој го зафаќа југот на Европа, а во понеделник температурите во Палермо достигнаа рекордни 47 степени Целзиусови.

The post Аеродромот во Палермо затворен поради пожарите што беснеат во Сицилија appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот аеродром во Палермо беше затворен во текот на ноќта поради пожар во негова близина, јавува Би-Би-Си. Според извештаите, тоа е еден од неколкуте пожари на Сицилија, а се проширил поради ветерот. Италија е зафатена од топлотен бран кој го зафаќа југот на Европа, а во понеделник температурите во Палермо достигнаа рекордни 47 степени Целзиусови.

The post Аеродромот во Палермо затворен поради пожарите што беснеат во Сицилија appeared first on Република.

]]>
Судскиот совет смета дека судијата Нанев не прекршил ниту една етичка норма што патувал на сметка на ФФМ во Палермо https://republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-smeta-deka-sudijata-nanev-ne-prekrshil-nitu-edna-etichka-norma-shto-patuval-na-smetka-na-ffm-vo-palermo/ Thu, 30 Jun 2022 13:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=521641

Судскиот претседател Лазар Нанев, кој навиваше на трибини со министерот за правда Никола Тупанчевски и обвинителката Фатиме Фетаи не го платил превозот до Италија и влезницата за натпреварот.

Ова го констатира и Судскиот совет, каде заврши проверката за неговата етичност. И покрај ова, судијата Нанев нема да сноси одговорност, објави А1ОН.

Судскиот совет тврди дека тој не прекршил ниту една етичка норма.

Судскиот совет утврди дека не постои судир на интереси, дека не е оштетен судскиот буџет и дека судијата не ја злоупотребил својата функција. Судскиот совет при проверка на случајот предвид го имаше и мислењето на Советот за етика при Здружението на судии кој констатираше дека судијата Нанев не прекршил ниту една етичка норма со патувањето на фудбалскиот натпревар, велат од Судскиот совет за „А1он“.

Лазар Нанев ја доставил целата документација која била побарана од него, со која аргументирал дека не погрешил. Судскиот совет, смета дека нема ништо спорно ниту во навивањето на судијата на иста трибина, во ВИП делот, заедно со министерот за правда и обвинителка.

The post Судскиот совет смета дека судијата Нанев не прекршил ниту една етичка норма што патувал на сметка на ФФМ во Палермо appeared first on Република.

]]>

Судскиот претседател Лазар Нанев, кој навиваше на трибини со министерот за правда Никола Тупанчевски и обвинителката Фатиме Фетаи не го платил превозот до Италија и влезницата за натпреварот. Ова го констатира и Судскиот совет, каде заврши проверката за неговата етичност. И покрај ова, судијата Нанев нема да сноси одговорност, објави А1ОН. Судскиот совет тврди дека тој не прекршил ниту една етичка норма.
Судскиот совет утврди дека не постои судир на интереси, дека не е оштетен судскиот буџет и дека судијата не ја злоупотребил својата функција. Судскиот совет при проверка на случајот предвид го имаше и мислењето на Советот за етика при Здружението на судии кој констатираше дека судијата Нанев не прекршил ниту една етичка норма со патувањето на фудбалскиот натпревар, велат од Судскиот совет за „А1он“.
Лазар Нанев ја доставил целата документација која била побарана од него, со која аргументирал дека не погрешил. Судскиот совет, смета дека нема ништо спорно ниту во навивањето на судијата на иста трибина, во ВИП делот, заедно со министерот за правда и обвинителка.

The post Судскиот совет смета дека судијата Нанев не прекршил ниту една етичка норма што патувал на сметка на ФФМ во Палермо appeared first on Република.

]]>
Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето и тоа откако се вратил од Палермо https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-prizna-deka-dobil-gratis-avionska-karta-i-vip-vleznica-tupanchevski-go-platil-samo-smestuvanjeto-i-toa-otkako-se-vratil-od-palermo/ Tue, 05 Apr 2022 18:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=483752

Министерот за правда Никола Тупанчвески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер-лет и влезот во стадионот во Палермо.

Откако целата јавност го виде на малите екрани дека е на трибините и ја бодри репрезентацијата на Македонија, министерот фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот.

Пред само неколку дена, министерот Тупанчевски тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.

Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – рече министерот Тупанчевски во интервјуто за Трилинг.

The post Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето и тоа откако се вратил од Палермо appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчвески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер-лет и влезот во стадионот во Палермо. Откако целата јавност го виде на малите екрани дека е на трибините и ја бодри репрезентацијата на Македонија, министерот фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот. Пред само неколку дена, министерот Тупанчевски тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.
Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – рече министерот Тупанчевски во интервјуто за Трилинг.

The post Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето и тоа откако се вратил од Палермо appeared first on Република.

]]>
Судскиот совет го истражува случајот „Палермо“ и гратисите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudskiot-sovet-go-istrazuva-sluchajot-palermo-i-gratisite/ Wed, 30 Mar 2022 13:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=480923

Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Македонија, информираат од Судскиот совет.

Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста, соопштија од Судски совет.

Од таму додаваат дека во врска со евентуално прекршување на етичките норми во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаат предвид.

Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај, навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности, се додава во соопштението.

The post Судскиот совет го истражува случајот „Палермо“ и гратисите appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Македонија, информираат од Судскиот совет.
Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста, соопштија од Судски совет.
Од таму додаваат дека во врска со евентуално прекршување на етичките норми во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаат предвид. Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај, навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности, се додава во соопштението.  

The post Судскиот совет го истражува случајот „Палермо“ и гратисите appeared first on Република.

]]>
Фатиме Фетаи за Палермо летна на 22, а плати на 28 март https://republika.mk/vesti/makedonija/fatime-fetai-za-palermo-letna-na-22-a-plati-na-28-mart/ Tue, 29 Mar 2022 07:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=480154

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка, објави порталот МКД.мк.

Прв со одговор се јави министерот Тупанчески кој за неколку медиуми изјави дека се работи за тривијално прашање и дека во Палермо бил на сопствен трошок. Со истиот одговор потоа се јавија и Фетаи и Нанев. Тројцата ветија дека ќе ги објават и уплатниците. Тоа вчера го направи само Фетаи, која е веќе во Порто за денешниот натпревар на македонската репрезентација со Португалија. На уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ таа уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари. Ама датумот на двете уплатници е 28 март, неколку дена откако во јавноста се отвори прашањето за тоа на чиј трошок патувале актуелните функционери. За Палермо се леташе на 22 март, а за Порто на 26 март.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fatime-fetai-veli-deka-na-svoj-troshok-bila-vo-italija-sekogash-sama-si-plakjam-koga-odam-na-fudbal/

https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ministerot-obvinitelkata-i-sudijata-sami-da-kazat-koj-im-gi-podmiril-troshocite-za-patuvanje/

The post Фатиме Фетаи за Палермо летна на 22, а плати на 28 март appeared first on Република.

]]>

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка, објави порталот МКД.мк. Прв со одговор се јави министерот Тупанчески кој за неколку медиуми изјави дека се работи за тривијално прашање и дека во Палермо бил на сопствен трошок. Со истиот одговор потоа се јавија и Фетаи и Нанев. Тројцата ветија дека ќе ги објават и уплатниците. Тоа вчера го направи само Фетаи, која е веќе во Порто за денешниот натпревар на македонската репрезентација со Португалија. На уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ таа уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари. Ама датумот на двете уплатници е 28 март, неколку дена откако во јавноста се отвори прашањето за тоа на чиј трошок патувале актуелните функционери. За Палермо се леташе на 22 март, а за Порто на 26 март. https://republika.mk/vesti/makedonija/fatime-fetai-veli-deka-na-svoj-troshok-bila-vo-italija-sekogash-sama-si-plakjam-koga-odam-na-fudbal/ https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ministerot-obvinitelkata-i-sudijata-sami-da-kazat-koj-im-gi-podmiril-troshocite-za-patuvanje/

The post Фатиме Фетаи за Палермо летна на 22, а плати на 28 март appeared first on Република.

]]>
Фетаи и Тупанчевски си го платиле само хотелот, авионот и влезницата за мечот биле на сметка на ФФМ https://republika.mk/vesti/makedonija/fetai-i-tupanchevski-si-go-platile-samo-hotelot-avionot-i-vleznicata-za-mechot-bile-na-smetka-na-ffm/ Mon, 28 Mar 2022 19:18:35 +0000 https://republika.mk/?p=480038

Министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски сепак на фудбалскиот натпревар во Палермо меѓу Македонија и Италија летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација. И Тупанчевски и Фетаи цело време изјавуваа дека трошоците за престојот во Палермо ги платиле од приватна сметка. Гратис биле и влезниците во ложата на стадионот, објави „МКД.мк“.

И покрај тоа што ветија, денеска само Фетаи објави дека за престојот во Палермо од своја сметка платила 24.000 денари за хотелските трошоци. За авионскиот транспорт и за влезницата на натпреварот се погрижија од ФФМ.Најверојатно истиот „аранжман“ важел и за Тупанчевски, Нанев, за Бучковски со двата сина, Мерко и Бакрачевски-пишува МКД.мк

Целиот текст на МКД.мк

The post Фетаи и Тупанчевски си го платиле само хотелот, авионот и влезницата за мечот биле на сметка на ФФМ appeared first on Република.

Италија ја утна со Палермо: Трајковски погоди од местото од каде има дадено – куп голови https://republika.mk/sport/fudbal/italija-ja-utna-so-palermo-trajkovski-pogodi-od-mestoto-od-kade-ima-dadeno-kup-golovi/ Sat, 26 Mar 2022 08:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=478760

Александар Трајковски е македонскиот херој со голот постигнат во 92. минута вреден победа над Италија воопшто не беше случаен, што може да се види од анализата на погодоците кои ги има постигнато од речиси истата позиција на исетиот стадион на кој настапуваше како фудбалер на Палермо.

Тој четири сезони настапуваше за калчолигашот од Сицилија и „Ренцо Барбера“ е буквално негов стадион. Местото од каде што ја скина мрежата на Донарума му е „коњак“, со оглед што се појави видео со анализа дека оттаму повеќе пати ја има затресено противничката мрежа и тоа на речиси идентичен начин.

Македонија по триумфот во Палермо се избори за финале од баражот за СП 2022, во кое во вторник ќе ги одмери силите со Португалија во Порто.

The post Италија ја утна со Палермо: Трајковски погоди од местото од каде има дадено – куп голови appeared first on Република.

]]>

Александар Трајковски е македонскиот херој со голот постигнат во 92. минута вреден победа над Италија воопшто не беше случаен, што може да се види од анализата на погодоците кои ги има постигнато од речиси истата позиција на исетиот стадион на кој настапуваше како фудбалер на Палермо. Тој четири сезони настапуваше за калчолигашот од Сицилија и „Ренцо Барбера“ е буквално негов стадион. Местото од каде што ја скина мрежата на Донарума му е „коњак“, со оглед што се појави видео со анализа дека оттаму повеќе пати ја има затресено противничката мрежа и тоа на речиси идентичен начин. Македонија по триумфот во Палермо се избори за финале од баражот за СП 2022, во кое во вторник ќе ги одмери силите со Португалија во Порто.

The post Италија ја утна со Палермо: Трајковски погоди од местото од каде има дадено – куп голови appeared first on Република.

]]>
Македонија и парира на Италија – 0:0 на полувреме https://republika.mk/sport/fudbal/makedonija-i-parira-na-italija-0-0-na-poluvreme/ Thu, 24 Mar 2022 20:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=477967

Македонските фудбалери заминаа на полувреме со резултат 0:0 против Италија. Италија од првата минута започна да создава шанси пред голот на нашата репрезентација. После 15 минути игра фудбалерите на Македонија почнаа да се ослободуваат од притисокот кој го создаде домаќинот, но никако не успеваа да создадат посериозна шанса за гол.

Моментите кога Италија не напаѓаше се играше на нашата половина. Кон средината на полувремето грешка направи Столе Димитриевски кој додаде до Берарди но за среќа стигна да се врати. Продолжи италија со нападите и во следните минути од полувремето.

Добра прилика имаа Италијанците и во 37. минута, а можеше да се забележи и малата паника во нашите редови со игрешките кои ги правевме. Чурлинов во последните пет минути влезе во една добра контра, меѓутоа не успеа да истрча до крај и беше запрен од Манчини.

Првата закана Македонија ја испрати преку Трајковски во 45. минута преку Трајковски кој шутираше директно во Донарума.

The post Македонија и парира на Италија – 0:0 на полувреме appeared first on Република.

]]>

Македонските фудбалери заминаа на полувреме со резултат 0:0 против Италија. Италија од првата минута започна да создава шанси пред голот на нашата репрезентација. После 15 минути игра фудбалерите на Македонија почнаа да се ослободуваат од притисокот кој го создаде домаќинот, но никако не успеваа да создадат посериозна шанса за гол. Моментите кога Италија не напаѓаше се играше на нашата половина. Кон средината на полувремето грешка направи Столе Димитриевски кој додаде до Берарди но за среќа стигна да се врати. Продолжи италија со нападите и во следните минути од полувремето. Добра прилика имаа Италијанците и во 37. минута, а можеше да се забележи и малата паника во нашите редови со игрешките кои ги правевме. Чурлинов во последните пет минути влезе во една добра контра, меѓутоа не успеа да истрча до крај и беше запрен од Манчини. Првата закана Македонија ја испрати преку Трајковски во 45. минута преку Трајковски кој шутираше директно во Донарума.

The post Македонија и парира на Италија – 0:0 на полувреме appeared first on Република.

]]>
Линк за следење на натпреварот Италија – Македонија https://republika.mk/sport/fudbal/link-za-sledenje-na-natprevarot-italija-makedonija/ Thu, 24 Mar 2022 20:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=477939

Линк за следење на натпреварот Италија – Македонија

Гледајте во  живо на следниот линк

The post Линк за следење на натпреварот Италија – Македонија appeared first on Република.

]]>

Линк за следење на натпреварот Италија – Македонија Гледајте во  живо на следниот линк  

The post Линк за следење на натпреварот Италија – Македонија appeared first on Република.

]]>
Милевски го одреди почетниот состав на Македонија против Италија https://republika.mk/sport/fudbal/milevski-go-odredi-pochetniot-sostav-na-makedonija-protiv-italija/ Thu, 24 Mar 2022 19:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=477920

Македонскиот селектор Благоја Милевски го одреди почетниот состав за вечерашниот полуфинален мундијалски бараж на гостински терен против Италија.

На голот е стандардниот Столе Димитриевски, а во одбраната се капитенот Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велкоски и Езѓан Алиоски.

Средниот ред го сочинуваат Адријан Адеми, Енис Барди и Бобан Николов, кој доби предност пред повратникот во репрезентацијата Давид Бабунски.

По страничните позиции ќе играат Александар Трајковски и Дарко Чурлинов, додека нападот ќе го предводи Милан Ристовски.

Италијанскиот селектор Роберто Манчини се одлучи за следните 11. фудбалери: Донарума – Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон – Бареља, Жоржињо, Верати – Берарди, Имобиле (капитен) и Инсиње.

Натпреварот започнува во 20:45 часот, а стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо со капацитет од 36.000 седишта е распродаден.

The post Милевски го одреди почетниот состав на Македонија против Италија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот селектор Благоја Милевски го одреди почетниот состав за вечерашниот полуфинален мундијалски бараж на гостински терен против Италија. На голот е стандардниот Столе Димитриевски, а во одбраната се капитенот Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велкоски и Езѓан Алиоски. Средниот ред го сочинуваат Адријан Адеми, Енис Барди и Бобан Николов, кој доби предност пред повратникот во репрезентацијата Давид Бабунски. По страничните позиции ќе играат Александар Трајковски и Дарко Чурлинов, додека нападот ќе го предводи Милан Ристовски. Италијанскиот селектор Роберто Манчини се одлучи за следните 11. фудбалери: Донарума – Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон – Бареља, Жоржињо, Верати – Берарди, Имобиле (капитен) и Инсиње. Натпреварот започнува во 20:45 часот, а стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо со капацитет од 36.000 седишта е распродаден.

The post Милевски го одреди почетниот состав на Македонија против Италија appeared first on Република.

]]>
„Ја излези Ѓурѓо“ ечи во Палермо https://republika.mk/sport/fudbal/ja-izlezi-gjurgjo-echi-vo-palermo/ Thu, 24 Mar 2022 17:07:22 +0000 https://republika.mk/?p=477837

Македонскиот национален тим за прв пат во својата историја ќе учествува во бараж за Светско фудбалско првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот ќе играат со Италија на гостински терен. Домаќинот кој е актуелен европски првак е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка.

Натпреварот ќе се игра во Палермо вечер со почеток во 20 часот и 45 минути. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу две илјади Македонци.

МАкедонските навивачи се вистинска атракција во Палермо. Македонски песни ечат низ улиците.

The post „Ја излези Ѓурѓо“ ечи во Палермо appeared first on Република.

]]>

Македонскиот национален тим за прв пат во својата историја ќе учествува во бараж за Светско фудбалско првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот ќе играат со Италија на гостински терен. Домаќинот кој е актуелен европски првак е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка. Натпреварот ќе се игра во Палермо вечер со почеток во 20 часот и 45 минути. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу две илјади Македонци. МАкедонските навивачи се вистинска атракција во Палермо. Македонски песни ечат низ улиците.

The post „Ја излези Ѓурѓо“ ечи во Палермо appeared first on Република.

]]>
И бабите во Палермо излегоа да ја видат македонската забава https://republika.mk/sport/fudbal/i-babite-vo-palermo-izlegoa-da-ja-vidat-makedonskata-zabava/ Thu, 24 Mar 2022 16:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=477831

Како што се доближува стартот на мечот во Палермо, така и атмосферата меѓу македонските навивачи станува поубава. Со песна и игра низ улиците на Палермо, македонските фанови уште еднаш покажуваат дека се гости каков што секој домаќин може да посака, без да се направи ниту еден инцидент. Голем дел од локалното население излезе на улиците да види како се забавуваат македонските навивачи, па имаше дури и бабички кои со своите мобилни телефони снимаа како се веселат нашите фанови.

Видеата можете да ги видите на следниот линк

The post И бабите во Палермо излегоа да ја видат македонската забава appeared first on Република.

]]>

Како што се доближува стартот на мечот во Палермо, така и атмосферата меѓу македонските навивачи станува поубава. Со песна и игра низ улиците на Палермо, македонските фанови уште еднаш покажуваат дека се гости каков што секој домаќин може да посака, без да се направи ниту еден инцидент. Голем дел од локалното население излезе на улиците да види како се забавуваат македонските навивачи, па имаше дури и бабички кои со своите мобилни телефони снимаа како се веселат нашите фанови. Видеата можете да ги видите на следниот линк

The post И бабите во Палермо излегоа да ја видат македонската забава appeared first on Република.

]]>
Палермо обоен во црвено и жолто: Македонските фанови во голем број пристигнуваат пред фудбалскиот натпревар https://republika.mk/sport/fudbal/palermo-oboen-vo-crveno-i-zolto-makedonskite-fanovi-vo-golem-broj-pristignuvaat-pred-fudbalskiot-natprevar/ Wed, 23 Mar 2022 20:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=477367

Македонските фанови полека пристигнуваат во Палермо пред фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација. Од секое ќоше ечи македонска песна, обоен е градот во црвено-жолто.

Утре се очекуваат повеќе од 2.000 навивачи од Македонија да бидат присутни и на стадионот “Ренцо Барбера”.

извор: Макфудбал.мк

The post Палермо обоен во црвено и жолто: Македонските фанови во голем број пристигнуваат пред фудбалскиот натпревар appeared first on Република.

]]>

Македонските фанови полека пристигнуваат во Палермо пред фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација. Од секое ќоше ечи македонска песна, обоен е градот во црвено-жолто. Утре се очекуваат повеќе од 2.000 навивачи од Македонија да бидат присутни и на стадионот “Ренцо Барбера”. извор: Макфудбал.мк

The post Палермо обоен во црвено и жолто: Македонските фанови во голем број пристигнуваат пред фудбалскиот натпревар appeared first on Република.

]]>
Македонските навивачи почнаа да пристигнуваат во Италија https://republika.mk/sport/fudbal/makedonskite-navivachi-pochnaa-da-pristignuvaat-vo-italija/ Mon, 21 Mar 2022 21:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=476369

Македонија и гостува на Италија во четврток во Палермо, плејоф за пласман на СП во Катар, а првите навивачи пристигнаа во градот.

извор Дриблинг.мк

The post Македонските навивачи почнаа да пристигнуваат во Италија appeared first on Република.

]]>

Македонија и гостува на Италија во четврток во Палермо, плејоф за пласман на СП во Катар, а првите навивачи пристигнаа во градот. извор Дриблинг.мк

The post Македонските навивачи почнаа да пристигнуваат во Италија appeared first on Република.

]]>
Информации за македонските навивачи кои ќе патуват во Палермо https://republika.mk/sport/fudbal/informacii-za-makedonskite-navivachi-koi-kje-patuvat-vo-palermo/ Sun, 20 Mar 2022 11:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=475657

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската репрезентација кои сакаат да ја бодрат на натпреварот на 24 март против Италија во Палермо дека платформата, односно линкот https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 за купување билети од денеска повторно е отворен. Навивачите ќе имаат можност да купат билети до вторник до 12 часот.

Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници.

Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите, а билетот го добиваат во електронска форма.

The post Информации за македонските навивачи кои ќе патуват во Палермо appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската репрезентација кои сакаат да ја бодрат на натпреварот на 24 март против Италија во Палермо дека платформата, односно линкот https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 за купување билети од денеска повторно е отворен. Навивачите ќе имаат можност да купат билети до вторник до 12 часот. Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници. Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите, а билетот го добиваат во електронска форма.

The post Информации за македонските навивачи кои ќе патуват во Палермо appeared first on Република.

]]>