пале Archives - Република https://republika.mk/tema/pale/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Jan 2023 07:51:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пале Archives - Република https://republika.mk/tema/pale/ 32 32 Апелација ја потврди пресудата: Велешанката Пале во самоодбрана го убила полицаецот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-ja-potvrdi-presudata-veleshankata-pale-vo-samoodbrana-go-ubila-politsaetsot/ Thu, 26 Jan 2023 14:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=601355

Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд во Велес со која ја ослободи од обвинение 23-годишната велешанка Павлинка Илоска, сметајќи дека не е кривично дело она што е сторено во нужна одбрана. Судијката Габриела Гајдова во февруари, лани кажа дека Пале се бранела од сега покојниот. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел, посочи судијката. Била влечена за облеката, удирана по нозе и раце, но и глава.

Велешанката Павлинка Илоска Пале пред Основниот суд во Велес лани изјави дека се бранела од нејзиниот невенчан сопруг, полицаецот Александар Ристовски (40) и раскажа дека тој ја влечел и ја тепал, а таа го молела да ја остави, но тој продолжи.

За ножот со кој го убила раскажа дека го зела и замавнала по него незнаејќи ни што држи во рацете, само за да се одбрани. На судиите во Основниот суд во Велес им нагласи дека се борела за живот и дека ако не се одбранела, тогаш тој ќе ја убиел неа.

Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите, ги раскажа кошмарните моменти обвинетата на едно од рочиштата.

Со потврдата од второстепениот суд пресудата за Пале е правосилна.

The post Апелација ја потврди пресудата: Велешанката Пале во самоодбрана го убила полицаецот appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд во Велес со која ја ослободи од обвинение 23-годишната велешанка Павлинка Илоска, сметајќи дека не е кривично дело она што е сторено во нужна одбрана. Судијката Габриела Гајдова во февруари, лани кажа дека Пале се бранела од сега покојниот. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел, посочи судијката. Била влечена за облеката, удирана по нозе и раце, но и глава. Велешанката Павлинка Илоска Пале пред Основниот суд во Велес лани изјави дека се бранела од нејзиниот невенчан сопруг, полицаецот Александар Ристовски (40) и раскажа дека тој ја влечел и ја тепал, а таа го молела да ја остави, но тој продолжи. За ножот со кој го убила раскажа дека го зела и замавнала по него незнаејќи ни што држи во рацете, само за да се одбрани. На судиите во Основниот суд во Велес им нагласи дека се борела за живот и дека ако не се одбранела, тогаш тој ќе ја убиел неа. Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите, ги раскажа кошмарните моменти обвинетата на едно од рочиштата. Со потврдата од второстепениот суд пресудата за Пале е правосилна.

The post Апелација ја потврди пресудата: Велешанката Пале во самоодбрана го убила полицаецот appeared first on Република.

]]>
Полицаец ѝ се заканувал на Пале, велешанката се плаши за својот живот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policaec-se-zakanuval-na-pale-veleshankata-se-plashi-za-svojot-zivot/ Tue, 15 Feb 2022 13:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=458884

Адвокатот на Пале Илоска, која денеска беше ослободена од обвинението за убиство на нејзиниот партнер, полицаецот Александар Ристовски, вели дека 23-годишната велешанка сега се плаши за својот живот окткако колега на убиениот ѝ се заканувал. Исто така, додека таа ја издржуваше казната домашен притвор, нејзината куќа беше ограбена.

Со оглед на фактот дека беше во куќен притвор, не е пријавено во полиција, само усно. Сметам дека се плаши својот живот, посочи адвокатот Димитар Петрулев.

Петрулев изјави дека е задоволен од пресудата и дека врз основа на доказите, одлуката е соодветна.

The post Полицаец ѝ се заканувал на Пале, велешанката се плаши за својот живот appeared first on Република.

„Му бев како фудбалска топка, ќе ме удавеше“ – Пале пред судот раскажа детали за кобната ноќ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-bev-kako-fudbalska-topka-kje-me-udaveshe-pale-pred-sudot-raskaza-detali-za-kobnata-nokj/ Mon, 14 Feb 2022 19:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=458558

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг“. Таа пред судот кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-policaec-od-veles-dvapati-bil-osuden-uslovno-pregazil-shestmina-tinejdzeri-i-ja-davel-baldazata/

Судењето одеше експресно – за еден ден сослушани сите сведоци, изнесени доказите, кажани завршените зборови. Објавата на пресудата е закажана за утре во 13 часот.

Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите, ги раскажа кошмарните моменти од фаталната вечер на 29 септември лани, кога при семејно насилство го уби нејзиниот партнер Ристовски во нивната куќа во Велес.

Павлинка, и покрај сè, неколкупати повтори дека го сакала Александар.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/

Се надевав дека ќе се промени, му давав шанси, оти го сакав. Кога не беше пијан тој беше многу добар човек, додаде таа.

Сведочењето беше мачно и во тажна атмосфера, а Павлинка повеќепати прекинуваше поради силните емоции и солзите.

The post „Му бев како фудбалска топка, ќе ме удавеше“ – Пале пред судот раскажа детали за кобната ноќ appeared first on Република.

]]>

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг“. Таа пред судот кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-policaec-od-veles-dvapati-bil-osuden-uslovno-pregazil-shestmina-tinejdzeri-i-ja-davel-baldazata/ Судењето одеше експресно – за еден ден сослушани сите сведоци, изнесени доказите, кажани завршените зборови. Објавата на пресудата е закажана за утре во 13 часот.
Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, јас утрината бев работа и сакав да спијам. Побара од мене да сум направела есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе. Па ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух да дишам. И во таа борба за живот кога стивнавме до кујната фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите, ги раскажа кошмарните моменти од фаталната вечер на 29 септември лани, кога при семејно насилство го уби нејзиниот партнер Ристовски во нивната куќа во Велес.
Павлинка, и покрај сè, неколкупати повтори дека го сакала Александар. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/
Се надевав дека ќе се промени, му давав шанси, оти го сакав. Кога не беше пијан тој беше многу добар човек, додаде таа.
Сведочењето беше мачно и во тажна атмосфера, а Павлинка повеќепати прекинуваше поради силните емоции и солзите.

The post „Му бев како фудбалска топка, ќе ме удавеше“ – Пале пред судот раскажа детали за кобната ноќ appeared first on Република.

]]>
Дали полицијата го заштитувала колегата?, прашува Ина Многуфина за случајот на Пале Илоска чие судење почна денес https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-policijata-go-zashtituvala-kolegata-prashuva-ina-mnogufina-za-sluchajot-na-pale-iloska-chie-sudenje-pochna-denes/ Mon, 14 Feb 2022 17:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=458523

Утрово во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска - Пале која се товари за кривично дело „убиство во миг“, за убиството на нејзиниот долгогодишен насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-pale-kje-se-sudi-za-ubistvo-na-mig-ojo-objavi-kako-aleksandar-ja-pretepal-pred-da-mu-presudi/

Правните експерти и граѓански организации алармираат дека 23-годишната велешанка не треба да се гони за дело „убиство во миг“, туку за убиство од самоодбрана, зошто и во самото обвинение пишува дека таа му го задала смртоносниот убод со нож откако тој ја нападнал, а потоа и ја давел.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/

Јавноста будно го следи целиот случај со малтретираната Пале, а свое видување има и познатата твитерџика Ина Многуфина, според која ова судење отвори Пандорина кутија во македонскиот правосуден систем.

Денес почна судењето на Пале и како да се отвори пандорина кутија. Сведочењата потврдија дека починатиот во многу наврати бил пријавуван за насилство, од страна на членови на нивните семејства и од соседите, но полицијата никогаш не дошла, ниту постапила. И само што мислите дека не може да е полошо, на дописот на Хелсиншкиот комитет до СВР Велес, со кои беа побарани информации поврзани со случајот, беше добиен одговор дека воопшто немало пријави за насилство. Дали полицијата го заштитувала колегата? Ќе видиме, случајот ќе се шири и ќе се бара одговорност и за тоа, бидејќи доколку било така тогаш придонеле за трагичниот исход. Да потсетам, ја судат за убиство во миг иако е самоодбрана. Дали случајов ќе го отвори системот ко пупка за да дознаеме дека тие што треба да ја бранат жртвата, го бранат напаѓачот? И што судот прави, дали стварно има правда за жртвите? Целото мое внимание е кон судењево. Јас лично очекувам ослободителна пресуда, пишува Ина Многуфина, барајќи правда за Пале.

The post Дали полицијата го заштитувала колегата?, прашува Ина Многуфина за случајот на Пале Илоска чие судење почна денес appeared first on Република.

]]>

Утрово во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска - Пале која се товари за кривично дело „убиство во миг“, за убиството на нејзиниот долгогодишен насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-pale-kje-se-sudi-za-ubistvo-na-mig-ojo-objavi-kako-aleksandar-ja-pretepal-pred-da-mu-presudi/ Правните експерти и граѓански организации алармираат дека 23-годишната велешанка не треба да се гони за дело „убиство во миг“, туку за убиство од самоодбрана, зошто и во самото обвинение пишува дека таа му го задала смртоносниот убод со нож откако тој ја нападнал, а потоа и ја давел. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/ Јавноста будно го следи целиот случај со малтретираната Пале, а свое видување има и познатата твитерџика Ина Многуфина, според која ова судење отвори Пандорина кутија во македонскиот правосуден систем.
Денес почна судењето на Пале и како да се отвори пандорина кутија. Сведочењата потврдија дека починатиот во многу наврати бил пријавуван за насилство, од страна на членови на нивните семејства и од соседите, но полицијата никогаш не дошла, ниту постапила. И само што мислите дека не може да е полошо, на дописот на Хелсиншкиот комитет до СВР Велес, со кои беа побарани информации поврзани со случајот, беше добиен одговор дека воопшто немало пријави за насилство. Дали полицијата го заштитувала колегата? Ќе видиме, случајот ќе се шири и ќе се бара одговорност и за тоа, бидејќи доколку било така тогаш придонеле за трагичниот исход. Да потсетам, ја судат за убиство во миг иако е самоодбрана. Дали случајов ќе го отвори системот ко пупка за да дознаеме дека тие што треба да ја бранат жртвата, го бранат напаѓачот? И што судот прави, дали стварно има правда за жртвите? Целото мое внимание е кон судењево. Јас лично очекувам ослободителна пресуда, пишува Ина Многуфина, барајќи правда за Пале.

The post Дали полицијата го заштитувала колегата?, прашува Ина Многуфина за случајот на Пале Илоска чие судење почна денес appeared first on Република.

]]>
Со исклучена струја се топли нa плинска боца и газиена ламба: Пале во куќата на злосторството го чека судењето https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/ Tue, 08 Feb 2022 08:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=455485

Младата велешанка Пале Илоска во куќата каде му пресуди на партнерот кој со години ја тепал, омаловажувал и малтретирал, го издржува куќниот притвор додека го чека судењето. Во објектот струјата е исклучена поради долг од над 40 илјади денари, коj не може да гo подмири зошто не може да заработува. Како што пренесува „Код“, таа се грее на плинска греалка и газиена ламба.

Досега никој не се заинтересирал во каква психичка состојба се наоѓа.

Обвинителот, кој реши наместо убиство во самоодбрана ова дело да го класифицира како убиство од миг, е жена. Судијата, кој може да го приначи, е исто така жена.

Постојат сведоци кои ќе може да потврдат во каква „хармонија“ живеела Пале со полицаецот Александар Ристовски, но од Обвинителство се правдаат дека кај нив никогаш не стигнала пријава за семејно насилство, по која можеле да постапуваат. Бранителот на Пале за „Код“ откри дека кога еднаш се обидела да го пријави, Александар ја фатил Пале за врат и ѝ се заканил дека следниот пат кога ќе проба нешто слично ќе ја убие со куршум во глава.

https://youtu.be/7sFJspGV6Vg

The post Со исклучена струја се топли нa плинска боца и газиена ламба: Пале во куќата на злосторството го чека судењето appeared first on Република.

]]>

Младата велешанка Пале Илоска во куќата каде му пресуди на партнерот кој со години ја тепал, омаловажувал и малтретирал, го издржува куќниот притвор додека го чека судењето. Во објектот струјата е исклучена поради долг од над 40 илјади денари, коj не може да гo подмири зошто не може да заработува. Како што пренесува „Код“, таа се грее на плинска греалка и газиена ламба. Досега никој не се заинтересирал во каква психичка состојба се наоѓа. Обвинителот, кој реши наместо убиство во самоодбрана ова дело да го класифицира како убиство од миг, е жена. Судијата, кој може да го приначи, е исто така жена. Постојат сведоци кои ќе може да потврдат во каква „хармонија“ живеела Пале со полицаецот Александар Ристовски, но од Обвинителство се правдаат дека кај нив никогаш не стигнала пријава за семејно насилство, по која можеле да постапуваат. Бранителот на Пале за „Код“ откри дека кога еднаш се обидела да го пријави, Александар ја фатил Пале за врат и ѝ се заканил дека следниот пат кога ќе проба нешто слично ќе ја убие со куршум во глава. https://youtu.be/7sFJspGV6Vg

The post Со исклучена струја се топли нa плинска боца и газиена ламба: Пале во куќата на злосторството го чека судењето appeared first on Република.

]]>
На Пале ќе ѝ се суди за убиство на миг, ОЈО објави како Александар ја претепал пред да му пресуди https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-pale-kje-se-sudi-za-ubistvo-na-mig-ojo-objavi-kako-aleksandar-ja-pretepal-pred-da-mu-presudi/ Wed, 02 Feb 2022 09:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=452828

Основното јавно обвинителство Велес, по спроведена постапка, поднесе Обвинителен предлог против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.

Убиство на миг

Член 125

Тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Од таму појаснуваат дека обвинетата, на 29.09.2021 година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-policaec-od-veles-dvapati-bil-osuden-uslovno-pregazil-shestmina-tinejdzeri-i-ja-davel-baldazata/

Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави, соопштија од обвинителство.

Обвинетата, појаснуваат, давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот, информираат од ОЈО Велес.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетата, заедно со Обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката куќен притвор определена за обезбедување на присуството на обвинетата во текот на кривичната постапка.

The post На Пале ќе ѝ се суди за убиство на миг, ОЈО објави како Александар ја претепал пред да му пресуди appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Велес, по спроведена постапка, поднесе Обвинителен предлог против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.

Убиство на миг

Член 125 Тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.
Од таму појаснуваат дека обвинетата, на 29.09.2021 година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-policaec-od-veles-dvapati-bil-osuden-uslovno-pregazil-shestmina-tinejdzeri-i-ja-davel-baldazata/
Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави, соопштија од обвинителство.
Обвинетата, појаснуваат, давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот, информираат од ОЈО Велес. Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетата, заедно со Обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката куќен притвор определена за обезбедување на присуството на обвинетата во текот на кривичната постапка.

The post На Пале ќе ѝ се суди за убиство на миг, ОЈО објави како Александар ја претепал пред да му пресуди appeared first on Република.

]]>