падна Archives - Република https://republika.mk/tema/padna/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 11:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png падна Archives - Република https://republika.mk/tema/padna/ 32 32 Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар https://republika.mk/vesti/makedonija/padna-potporniot-zid-kaj-detskata-klinika-vo-klinichki-tsentar/ Mon, 10 Jun 2024 11:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=786189

Во ноември 2022 до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани кои пријавиле дека потпорниот ѕид на улицата што минува веднаш до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, над Клиниката за детски болести е во лоша состојба, истиот е накосен и постои опасност да падне.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кажа дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.

„За жал една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена. Рано наутро добивме пријава дека дел од ѕидот е урнат, но прашање на ден, можеби и на час кога ќе се сруши останатиот дел од ѕидот, каде се паркираат и возила, а се движат и лица кои што влегуваат во болницата“, рече Ангелов.

Тој апелира до Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар итно да се зафатат со надминување на опасноста.

The post Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Во ноември 2022 до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани кои пријавиле дека потпорниот ѕид на улицата што минува веднаш до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, над Клиниката за детски болести е во лоша состојба, истиот е накосен и постои опасност да падне. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кажа дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните. „За жал една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена. Рано наутро добивме пријава дека дел од ѕидот е урнат, но прашање на ден, можеби и на час кога ќе се сруши останатиот дел од ѕидот, каде се паркираат и возила, а се движат и лица кои што влегуваат во болницата“, рече Ангелов. Тој апелира до Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар итно да се зафатат со надминување на опасноста.

The post Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петерсбург, најмалку 7 мртви https://republika.mk/vesti/svet/avtobus-poln-so-luge-padna-vo-reka-vo-sankt-petersburg-najmalku-7-mrtvi/ Fri, 10 May 2024 13:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=776834

Автобус со 20 патници падна во река во Санкт Петербург, при што загинаа најмалку седум лица, јавуваат руските медиуми.

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува автобус како се движи надвор од контрола на патот. Лудо се движи, а потоа удира во автомобил што доаѓа од спротивен правец, пред да ја сруши оградата и да падне во реката Моика.

Шест лица наводно се хоспитализирани, а бројот на загинати во моментов изнесува седум, иако не сите руски медиуми ги објавија истите податоци.

Возачот наводно бил уапсен и одведен во полиција на сослушување, а властите велат дека сѐ уште се обидуваат да утврдат што се случило.

 

The post Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петерсбург, најмалку 7 мртви appeared first on Република.

]]>

Автобус со 20 патници падна во река во Санкт Петербург, при што загинаа најмалку седум лица, јавуваат руските медиуми. Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува автобус како се движи надвор од контрола на патот. Лудо се движи, а потоа удира во автомобил што доаѓа од спротивен правец, пред да ја сруши оградата и да падне во реката Моика. Шест лица наводно се хоспитализирани, а бројот на загинати во моментов изнесува седум, иако не сите руски медиуми ги објавија истите податоци. Возачот наводно бил уапсен и одведен во полиција на сослушување, а властите велат дека сѐ уште се обидуваат да утврдат што се случило.  

The post Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петерсбург, најмалку 7 мртви appeared first on Република.

]]>
На „Рекорд“ падна цел блок од фасада, две деца се спасија со трчање https://republika.mk/vesti/skopje/na-rekord-padna-tsel-blok-od-fasada-dve-detsa-se-spasija-so-trchane/ Sat, 18 Nov 2023 13:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=702911

Во сторгиот центар на градот, на потегот познат како „Рекорд“ падна цел блок од фасадата на зградата.

Очевидци раскажуваат дека токму во тој момент две дечиња поминувале под зградата и благодарение на брзата реакција избегнале да им падне на глава.

За малку ќе убиеше две дечиња, со брзо трчање, исплашени истрчаа...не знаеја што се случува. Кога задува силен ветер падна цел блок од фасадата на зградата, додека паѓаше удри на еден клима уред и тоа ги алармираше децата да реагираат инаку ќе им паднеше на глава, раскажува очевидец.

Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје.

Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае, но секако е потенцијална опасност за нинувачите. За среќа никој не е повреден. Инаку, Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна понатамошна постапка, согласно нибните оперативни процедури за вакви настани.

Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” во близина на Министерство за правда.

Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата која почнала да паѓа.

The post На „Рекорд“ падна цел блок од фасада, две деца се спасија со трчање appeared first on Република.

]]>

Во сторгиот центар на градот, на потегот познат како „Рекорд“ падна цел блок од фасадата на зградата. Очевидци раскажуваат дека токму во тој момент две дечиња поминувале под зградата и благодарение на брзата реакција избегнале да им падне на глава.
За малку ќе убиеше две дечиња, со брзо трчање, исплашени истрчаа...не знаеја што се случува. Кога задува силен ветер падна цел блок од фасадата на зградата, додека паѓаше удри на еден клима уред и тоа ги алармираше децата да реагираат инаку ќе им паднеше на глава, раскажува очевидец.
Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае, но секако е потенцијална опасност за нинувачите. За среќа никој не е повреден. Инаку, Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна понатамошна постапка, согласно нибните оперативни процедури за вакви настани. Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” во близина на Министерство за правда. Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата која почнала да паѓа.

The post На „Рекорд“ падна цел блок од фасада, две деца се спасија со трчање appeared first on Република.

]]>
Падна Фејсбук https://republika.mk/zivot/tehnologija/padna-fejsbuk/ Wed, 18 Oct 2023 17:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=692601

Корисниците ширум светот објавија проблеми со Фејсбук оваа вечер.

Над две илјади корисници ширум светот вечерва пријавија проблеми на платформата Downdetector.

Корисниците велат дека не можат да споделуваат објави на оваа социјална мрежа, а некои од нив не можат да се логираат на своите профили.

Корисниците пријавиле проблеми со апликацијата, но и со десктоп верзијата.

Фејсбук се прекина околу 18 часот по наше време.

 

The post Падна Фејсбук appeared first on Република.

]]>

Корисниците ширум светот објавија проблеми со Фејсбук оваа вечер. Над две илјади корисници ширум светот вечерва пријавија проблеми на платформата Downdetector. Корисниците велат дека не можат да споделуваат објави на оваа социјална мрежа, а некои од нив не можат да се логираат на своите профили. Корисниците пријавиле проблеми со апликацијата, но и со десктоп верзијата. Фејсбук се прекина околу 18 часот по наше време.  

The post Падна Фејсбук appeared first on Република.

]]>
Драма во Прилеп: Падна возило во река, двајца повредени https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-prilep-padna-vozilo-vo-reka-dvajtsa-povredeni/ Sun, 02 Jul 2023 13:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=657457

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп.

Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екипа од Полициската станица Прилеп.

Едното од лицата е неповредено, додека другото било повредено, но било надвор од животна опасност

ЦУК има информација од МВР Прилеп дека ангажираните екипи од Системот за управување со кризи (СУК) се уште се на терен и е повикана „шлеп“ служба за извлекување на возилото. Во возилото имало 2 лица, од кои едното лице се здобило со лесни телесни повреди и е пуштено на домашно лекување, додека другото лице е со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност и веднаш е транспортирано со Брза помош во ЈЗУ Општа болница „Прилеп“.

 

The post Драма во Прилеп: Падна возило во река, двајца повредени appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп. Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екипа од Полициската станица Прилеп. Едното од лицата е неповредено, додека другото било повредено, но било надвор од животна опасност ЦУК има информација од МВР Прилеп дека ангажираните екипи од Системот за управување со кризи (СУК) се уште се на терен и е повикана „шлеп“ служба за извлекување на возилото. Во возилото имало 2 лица, од кои едното лице се здобило со лесни телесни повреди и е пуштено на домашно лекување, додека другото лице е со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност и веднаш е транспортирано со Брза помош во ЈЗУ Општа болница „Прилеп“.  

The post Драма во Прилеп: Падна возило во река, двајца повредени appeared first on Република.

]]>
Бајден падна на сцената на церемонија во Колорадо https://republika.mk/vesti/svet/bajden-padna-na-stsenata-na-tseremonija-vo-kolorado/ Thu, 01 Jun 2023 19:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=646994

Американскиот претседател Џо Бајден, повторно предизвика реакции во врсна со неговата здравствена состојба, откако падна како покосен на сцената во текот на церемонија на дипломирањето на кадетите на Академијата на воздухопловните сили на САД во сојузната држава Колорадо.

Од снимката на настанот кој беше пренесуван директно на повеќе официјални мрежни страници, се чини дека претседателот Бајден налетува на некаква кутија којашто му се испречува на патот и паѓа. Првиот обид за самостојно исправање на нозе е неуспешен, но обезбедувањето реагира навремено за да му помогне на претседателот брзо да стане.

Инцидентот се случил во текот на церемонијата на дипломирањето на кадетите на воздухопловната академија во Колорадо, каде што 80-годишниот Бајден допатувал претходниот ден. Засега нема информации за евентуални повреди на американскиот претседател..

Ланскиот ноември Бајден напони 80 години и стана најстариот американски претседател на должност во историјата. Неговите чести гафови, дезориентираност во просторот, говорните лапсуси и замени на должности и географски локации често предизвикуваат реакции кај неговите опоненти кои ја доведуваат во прашање неговата когнитивна состојба. Особенo по најавите дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

 

The post Бајден падна на сцената на церемонија во Колорадо appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден, повторно предизвика реакции во врсна со неговата здравствена состојба, откако падна како покосен на сцената во текот на церемонија на дипломирањето на кадетите на Академијата на воздухопловните сили на САД во сојузната држава Колорадо. Од снимката на настанот кој беше пренесуван директно на повеќе официјални мрежни страници, се чини дека претседателот Бајден налетува на некаква кутија којашто му се испречува на патот и паѓа. Првиот обид за самостојно исправање на нозе е неуспешен, но обезбедувањето реагира навремено за да му помогне на претседателот брзо да стане. Инцидентот се случил во текот на церемонијата на дипломирањето на кадетите на воздухопловната академија во Колорадо, каде што 80-годишниот Бајден допатувал претходниот ден. Засега нема информации за евентуални повреди на американскиот претседател.. Ланскиот ноември Бајден напони 80 години и стана најстариот американски претседател на должност во историјата. Неговите чести гафови, дезориентираност во просторот, говорните лапсуси и замени на должности и географски локации често предизвикуваат реакции кај неговите опоненти кои ја доведуваат во прашање неговата когнитивна состојба. Особенo по најавите дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.  

The post Бајден падна на сцената на церемонија во Колорадо appeared first on Република.

]]>
Падна владата на Словачка, можни вонредни избори https://republika.mk/vesti/svet/padna-vladata-na-slovachka-mozni-vonredni-izbori/ Thu, 15 Dec 2022 20:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=586218

Пратениците на словачкиот парламент и изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до вонредни избори во Словачка, пренесува Ројтерс.

Од 150 пратеници, 78 гласаа за смена на малцинската влада составена од три партии Либералната партија Слобода и солидарност, која беше иницијатор за гласање доверба на владата, ја напушти владата во октомври.

Таа ги обвини претходните партнери за недоволно остра борба против корупцијата и неспособноста.

Словачката претседателка Зузана Чапутова треба да назначи нов премиер, но една од опциите е да се распишат вонредни избори.

Но, за тоа е потребна поддршка од една третина од пратениците во парламентот,пренесе Индекс.хр.

 

The post Падна владата на Словачка, можни вонредни избори appeared first on Република.

]]>

Пратениците на словачкиот парламент и изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до вонредни избори во Словачка, пренесува Ројтерс. Од 150 пратеници, 78 гласаа за смена на малцинската влада составена од три партии Либералната партија Слобода и солидарност, која беше иницијатор за гласање доверба на владата, ја напушти владата во октомври. Таа ги обвини претходните партнери за недоволно остра борба против корупцијата и неспособноста. Словачката претседателка Зузана Чапутова треба да назначи нов премиер, но една од опциите е да се распишат вонредни избори. Но, за тоа е потребна поддршка од една третина од пратениците во парламентот,пренесе Индекс.хр.  

The post Падна владата на Словачка, можни вонредни избори appeared first on Република.

]]>
Падна Владата на Естонија https://republika.mk/vesti/svet/padna-vladata-na-estonija/ Sun, 05 Jun 2022 14:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=511451

Плашејќи се дека Москва се обидува да ја дестабилизира Естонија, каде што се распоредени клучни британски трупи во рамките на НАТО, владата таму падна.

Имено, естонската премиерка Каја Калас ги обвини своите коалициски партнери дека „активно работат против основните вредности на Естонија“ додека земјата се соочува со руската безбедносна закана.

Нејзината либерална реформска партија беше во тензичен сојуз со Партијата на Центар, која ги прекина своите долгогодишни врски со партијата Единствена Русија на Владимир Путин дури по руската инвазија на Украина.

Безбедносната ситуација во Европа не ми дава никаква можност да ја продолжам соработката со партијата Центар како премиер, изјави Калас, а пренесува Телеграф.

Политичката криза во Естонија се засили откако партијата Центар гласаше против владиниот предлог-закон за образование и пред јунскиот самит на НАТО во Мадрид, на кој ќе се разговара за зајакнување на источното крило на НАТО.

Британски Телеграф, исто така, пишува дека постојат сомнежи дека Русија се обидела да искористи страни како Центарот за да го ублажи одговорот на Естонија на конфликтот во Украина.

Калас го поддржа воведувањето строги санкции на ЕУ против Москва, а Естонија, под нејзино водство, испрати повеќе воена поддршка по глава на жител за Украина од која било друга земја.

Во петокот, Калас го отстрани својот помлад коалициски партнер од владата и предложи формирање на нов кабинет со две помали партии до следните избори, кои нема да бидат закажани пред март 2023 година,пренесуваат медиумите.

 

The post Падна Владата на Естонија appeared first on Република.

]]>

Плашејќи се дека Москва се обидува да ја дестабилизира Естонија, каде што се распоредени клучни британски трупи во рамките на НАТО, владата таму падна. Имено, естонската премиерка Каја Калас ги обвини своите коалициски партнери дека „активно работат против основните вредности на Естонија“ додека земјата се соочува со руската безбедносна закана. Нејзината либерална реформска партија беше во тензичен сојуз со Партијата на Центар, која ги прекина своите долгогодишни врски со партијата Единствена Русија на Владимир Путин дури по руската инвазија на Украина.
Безбедносната ситуација во Европа не ми дава никаква можност да ја продолжам соработката со партијата Центар како премиер, изјави Калас, а пренесува Телеграф.
Политичката криза во Естонија се засили откако партијата Центар гласаше против владиниот предлог-закон за образование и пред јунскиот самит на НАТО во Мадрид, на кој ќе се разговара за зајакнување на источното крило на НАТО. Британски Телеграф, исто така, пишува дека постојат сомнежи дека Русија се обидела да искористи страни како Центарот за да го ублажи одговорот на Естонија на конфликтот во Украина. Калас го поддржа воведувањето строги санкции на ЕУ против Москва, а Естонија, под нејзино водство, испрати повеќе воена поддршка по глава на жител за Украина од која било друга земја. Во петокот, Калас го отстрани својот помлад коалициски партнер од владата и предложи формирање на нов кабинет со две помали партии до следните избори, кои нема да бидат закажани пред март 2023 година,пренесуваат медиумите.  

The post Падна Владата на Естонија appeared first on Република.

]]>
Дронот што падна во Загреб носел бомба, покажа истрагата https://republika.mk/vesti/balkan/dronot-shto-padna-vo-zagreb-nosel-bomba-pokaza-istragata/ Wed, 13 Apr 2022 09:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=487760

Синоќа хрватска „Нова ТВ“ објави дека дронот што падна во Загреб бил модифициран и, како што наведоа, во леталото наместо камера имало поставена бомба. Жупаниското државно обвинителство во Загреб издаде наредби за вршење на повеќе видови вештачења, а беше побарано и мислење од воздухопловната техничка струка.

Загрепското жупаниско државно обвинителство ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти резултатите од истрагата за падот на дронот, во кој на 10 март остави голем кратер во близина на студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб, пишува „Индекс.хр“.

Јурица Илиќ, жупански државен обвинител во Канцеларијата на загрепското жупаниско државно обвинителство, бригадникот Јадранко Карлушиќ, началник на секторот за криминалистичка полиција, бригадникот Марио Починок, главен иследник за воена авијација и службеник на Загребската комисија за истрага на несреќи со беспилотни летала, раководител на Одделот за надзор и други надлежни, ќе ги соопштат резултатите.

Се очекува на јавноста да и се покажат деловите кои се пронајдени и се што останало од бомбата. Со тоа треба да биде појасно дали навистина дронот бил натоварен со 40 килограми експлозив и што точно експлодирало.

Жупаниското државно обвинителство на Загреб на крајот на март соопшти дека балистичкото вештачење на метални фрагменти од воениот дрон утврдило дека се работи за воздушна бомба со запалка, но дека не може да се дојде до конечен заклучок за трагите од експлозивот.
Дотогаш, Државното правобранителство ги добивало резултатите од балистичкото вештачење и само дел од резултатите од хемиско-физичкото вештачење, а резултатите од текот и дел од досегашното вештачење, не дале основа за постигнување на конечен заклучок.

The post Дронот што падна во Загреб носел бомба, покажа истрагата appeared first on Република.

]]>

Синоќа хрватска „Нова ТВ“ објави дека дронот што падна во Загреб бил модифициран и, како што наведоа, во леталото наместо камера имало поставена бомба. Жупаниското државно обвинителство во Загреб издаде наредби за вршење на повеќе видови вештачења, а беше побарано и мислење од воздухопловната техничка струка. Загрепското жупаниско државно обвинителство ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти резултатите од истрагата за падот на дронот, во кој на 10 март остави голем кратер во близина на студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб, пишува „Индекс.хр“. Јурица Илиќ, жупански државен обвинител во Канцеларијата на загрепското жупаниско државно обвинителство, бригадникот Јадранко Карлушиќ, началник на секторот за криминалистичка полиција, бригадникот Марио Починок, главен иследник за воена авијација и службеник на Загребската комисија за истрага на несреќи со беспилотни летала, раководител на Одделот за надзор и други надлежни, ќе ги соопштат резултатите. Се очекува на јавноста да и се покажат деловите кои се пронајдени и се што останало од бомбата. Со тоа треба да биде појасно дали навистина дронот бил натоварен со 40 килограми експлозив и што точно експлодирало. Жупаниското државно обвинителство на Загреб на крајот на март соопшти дека балистичкото вештачење на метални фрагменти од воениот дрон утврдило дека се работи за воздушна бомба со запалка, но дека не може да се дојде до конечен заклучок за трагите од експлозивот. Дотогаш, Државното правобранителство ги добивало резултатите од балистичкото вештачење и само дел од резултатите од хемиско-физичкото вештачење, а резултатите од текот и дел од досегашното вештачење, не дале основа за постигнување на конечен заклучок.

The post Дронот што падна во Загреб носел бомба, покажа истрагата appeared first on Република.

]]>