Пратениците на словачкиот парламент и изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до вонредни избори во Словачка, пренесува Ројтерс.

Од 150 пратеници, 78 гласаа за смена на малцинската влада составена од три партии Либералната партија Слобода и солидарност, која беше иницијатор за гласање доверба на владата, ја напушти владата во октомври.

Таа ги обвини претходните партнери за недоволно остра борба против корупцијата и неспособноста.

Словачката претседателка Зузана Чапутова треба да назначи нов премиер, но една од опциите е да се распишат вонредни избори.

Но, за тоа е потребна поддршка од една третина од пратениците во парламентот,пренесе Индекс.хр.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.