осуда Archives - Република https://republika.mk/tema/osuda/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jul 2024 08:35:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осуда Archives - Република https://republika.mk/tema/osuda/ 32 32 Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп https://republika.mk/vesti/svet/svetskite-lideri-go-osudija-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Sun, 14 Jul 2024 09:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=796590

Светските лидери го осудија обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија.

- Генералниот секретар (Антонио Гутереш) недвосмислено го осудува овој чин на политичко насилство. Тој ги испраќа своите најдобри желби до претседателот Трамп за брзо закрепнување, изјави портпаролот на шефот на ОН.

Претседателот на Франција Емануел Макрон обидот за атентат врз Трамп го оцени како „драма за нашите демократии“ и му посака брзо закрепнување на поранешниот американски претседател.

- Франција го споделува шокот и гневот на американскиот народ, истакна Емануел Макрон.

Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази солидарност со Трамп и повика дијалогот и одговорноста да надвладеат над омразата и насилството.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е ужаснат од шокантните сцени на митингот на Трамп во Пенсилванија, при што поранешниот претседател е повреден во десното уво.

Политичкото насилство во која било форма нема место во нашите општества и моите мисли се со сите жртви на овој напад, напиша Стармер на Икс.

Претседателот на Аргентина, Хавиер и за обидот за атентат врз Трамп ја обвини „меѓународната левица“ и нејзината „ужасна идеологија“.

- Левицата е подготвена да ги дестабилизира демократиите за да дојде на власт. Опседнати со стравот од губење на изборите, тие прибегнуваат кон тероризам за да ја наметнат својата ретроградна и авторитарна агенда, објави Милеи на Икс.

Обидот за атентат го осуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакнувајќи оти треба „да престане лудилото на омразата што се шири низ светот“.

- Му посакувам добро здравје и брзо закрепнување и се надевам дека ќе престане ова лудило на омраза што се шири низ целиот свет, дека ќе има повеќе почит кон различното мислење и дека ќе има помала агресија, особено од оние кои секогаш другите ги обвинуваат за агресија, а нападите обично доаѓаат од таа страна, посочи Вучиќ.

И премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател, посочувајќи оти политичкото насилство е најголемата опасност за демократијата.

- Политичкото насилство е неприфатливо. Силно го осудувам нападот врз поранешниот претседател Трамп и му посакувам брзо закрепнување. Политичкото насилство е неприфатливо и е најголемата опасност за демократијата, објави Пленковиќ на Икс.

The post Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Светските лидери го осудија обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија. - Генералниот секретар (Антонио Гутереш) недвосмислено го осудува овој чин на политичко насилство. Тој ги испраќа своите најдобри желби до претседателот Трамп за брзо закрепнување, изјави портпаролот на шефот на ОН. Претседателот на Франција Емануел Макрон обидот за атентат врз Трамп го оцени како „драма за нашите демократии“ и му посака брзо закрепнување на поранешниот американски претседател. - Франција го споделува шокот и гневот на американскиот народ, истакна Емануел Макрон. Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази солидарност со Трамп и повика дијалогот и одговорноста да надвладеат над омразата и насилството. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е ужаснат од шокантните сцени на митингот на Трамп во Пенсилванија, при што поранешниот претседател е повреден во десното уво. Политичкото насилство во која било форма нема место во нашите општества и моите мисли се со сите жртви на овој напад, напиша Стармер на Икс. Претседателот на Аргентина, Хавиер и за обидот за атентат врз Трамп ја обвини „меѓународната левица“ и нејзината „ужасна идеологија“. - Левицата е подготвена да ги дестабилизира демократиите за да дојде на власт. Опседнати со стравот од губење на изборите, тие прибегнуваат кон тероризам за да ја наметнат својата ретроградна и авторитарна агенда, објави Милеи на Икс. Обидот за атентат го осуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакнувајќи оти треба „да престане лудилото на омразата што се шири низ светот“. - Му посакувам добро здравје и брзо закрепнување и се надевам дека ќе престане ова лудило на омраза што се шири низ целиот свет, дека ќе има повеќе почит кон различното мислење и дека ќе има помала агресија, особено од оние кои секогаш другите ги обвинуваат за агресија, а нападите обично доаѓаат од таа страна, посочи Вучиќ. И премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател, посочувајќи оти политичкото насилство е најголемата опасност за демократијата. - Политичкото насилство е неприфатливо. Силно го осудувам нападот врз поранешниот претседател Трамп и му посакувам брзо закрепнување. Политичкото насилство е неприфатливо и е најголемата опасност за демократијата, објави Пленковиќ на Икс.

The post Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-bara-odgovornost-od-besija-ilazi-za-tsenzurata/ Tue, 21 May 2024 12:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=780506

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организацискиската директорка на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.5.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката.

Ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот. Цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ. Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес, алармираат од ЗНМ.

Во осудата од ЗНМ се додава дека новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

The post ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организацискиската директорка на Клиниката за Токсикологија во Скопје. Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.5.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката.
Ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот. Цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ. Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес, алармираат од ЗНМ.
Во осудата од ЗНМ се додава дека новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.  

The post ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски го осуди нападот врз словачкиот премиер, Роберт Фицо https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-osudi-napadot-vrz-slovachkiot-premier-robert-fitso/ Wed, 15 May 2024 21:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=778533

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најстрого го осуди атентатот врз словачкиот премиер, кој моментално се бори за живот откако најмалку три куршуми завршија во градите и стомакот.

-Силно го осудувам ужасниот обид за атентат врз премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо. Ваквите акти на насилство се напад врз демократските вредности што ги негуваме и никогаш не смеат да бидат толерирани. Додека премиерот Фицо и неговото семејство минуваат низ ова тешко време, тие се во нашите мисли и молитви. Ние се солидаризираме со оние што се залагаат за принципите на редот и законот и повикуваме на брза, темелна истрага за да се изведат сторителите пред лицето на правдата, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.

The post Мицкоски го осуди нападот врз словачкиот премиер, Роберт Фицо appeared first on Република.

Пендаровски: Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-najostro-go-osuduvam-teroristichkiot-napad-vrz-tsivili-vo-krokus-siti-hol/ Sat, 23 Mar 2024 10:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=757736

„Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените“, сподели на социјалната мрежа Фејсбук актуелниот претседател на земјава, Стево Пендаровски.

Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 115, објави денеска Рускиот истражен комитет на својот канал „Телеграм“.

Според претходно објавените податоци, повеќе од 140 се повредени.

„На местото на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, кога итните служби ги расчистуваа урнатините, пронајдени се повеќе тела, така што бројот на загинати во моментов е 115 лица“, се вели во соопштението на Истражниот комитет.

Напаѓачи облечени во маскирни униформи упаднаа синоќа во голема концертна сала во Москва и отворија оган, при што ја запалија. Напаѓачите веднаш потоа побегнале, а утринава Руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) соопшти дека во врска со нападот се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои биле директно инволвирани.

Како што додава руската агенција, според прелиминарните податоци, луѓето починале од прострелни рани и труење. За време на нападот терористите употребиле автоматско оружје, а со запалива течност упаднале во просториите на концертната сала.

The post Пендаровски: Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ appeared first on Република.

]]>

„Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените“, сподели на социјалната мрежа Фејсбук актуелниот претседател на земјава, Стево Пендаровски. Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 115, објави денеска Рускиот истражен комитет на својот канал „Телеграм“. Според претходно објавените податоци, повеќе од 140 се повредени. „На местото на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, кога итните служби ги расчистуваа урнатините, пронајдени се повеќе тела, така што бројот на загинати во моментов е 115 лица“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Напаѓачи облечени во маскирни униформи упаднаа синоќа во голема концертна сала во Москва и отворија оган, при што ја запалија. Напаѓачите веднаш потоа побегнале, а утринава Руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) соопшти дека во врска со нападот се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои биле директно инволвирани. Како што додава руската агенција, според прелиминарните податоци, луѓето починале од прострелни рани и труење. За време на нападот терористите употребиле автоматско оружје, а со запалива течност упаднале во просториите на концертната сала.  

The post Пендаровски: Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ appeared first on Република.

]]>
Шолц и Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ кај Москва https://republika.mk/vesti/svet/sholts-i-kameron-go-osudija-teroristichkiot-napad-vo-kontsertnata-sala-krokus-kaj-moskva/ Sat, 23 Mar 2024 10:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=757732

Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва.

Шолц на платформата „Икс“ напиша дека го осудува терористичкиот напад врз недолжните посетители на концертот во Москва.

Нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените, рече Шолц.

Камерон на платформата „Икс“ напиша дека такво „ужасно насилство“ не може ништо да оправда. Камерон изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад загинаа 93 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопшти Рускиот истражен комитет.

The post Шолц и Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ кај Москва appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва. Шолц на платформата „Икс“ напиша дека го осудува терористичкиот напад врз недолжните посетители на концертот во Москва.
Нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените, рече Шолц.
Камерон на платформата „Икс“ напиша дека такво „ужасно насилство“ не може ништо да оправда. Камерон изрази сочувство до семејствата на жртвите. Според досегашните податоци, во терористичкиот напад загинаа 93 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопшти Рускиот истражен комитет.  

The post Шолц и Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ кај Москва appeared first on Република.

]]>
Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ со најостра осуда за напад врз здравствените работиници https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-so-najostra-osuda-za-napad-vrz-zdravstvenite-rabotinitsi/ Fri, 22 Mar 2024 10:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=757348

Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ најостро ги осудува нападите врз здравствените работници. Оттаму велат дека нивна силна заложба е заштита на белиот мантил и враќање на достоинството на професијата.

Најостра осуда за секаков вид насилство кон здравствените работници кои континуирано се соочуваат со непријатни ситуации, физички и вербални напади, а за жал денес има и смртен случај. Изразуваме најдлабоко сочувство до фамилијата и најблиските на починатиот доктор - концесионер во „Железара".

Потсетуваме дека одродената власт во заминување на тема безбедност на здравствени работници многу ветувања даде напразно, но освен декларативни изјави во пракса има НУЛА конкретни дела.

Доказ за тоа се честите напади во комплексот клиники „Мајка Тереза" и во ГОБ „8 Септември" и во речиси сите здравствени установи каде персоналот работи под силен притисок и воопшто не се чувствува безбедно.

Наша силна заложба е враќање на дигнитетот, достоинството и безбедноста на кадарот вработен во јавното здравство, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ со најостра осуда за напад врз здравствените работиници appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ најостро ги осудува нападите врз здравствените работници. Оттаму велат дека нивна силна заложба е заштита на белиот мантил и враќање на достоинството на професијата.
Најостра осуда за секаков вид насилство кон здравствените работници кои континуирано се соочуваат со непријатни ситуации, физички и вербални напади, а за жал денес има и смртен случај. Изразуваме најдлабоко сочувство до фамилијата и најблиските на починатиот доктор - концесионер во „Железара". Потсетуваме дека одродената власт во заминување на тема безбедност на здравствени работници многу ветувања даде напразно, но освен декларативни изјави во пракса има НУЛА конкретни дела. Доказ за тоа се честите напади во комплексот клиники „Мајка Тереза" и во ГОБ „8 Септември" и во речиси сите здравствени установи каде персоналот работи под силен притисок и воопшто не се чувствува безбедно. Наша силна заложба е враќање на дигнитетот, достоинството и безбедноста на кадарот вработен во јавното здравство, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ со најостра осуда за напад врз здравствените работиници appeared first on Република.

]]>
ЕУ ја осудува одлуката на Израел за проширување на еврејските населби на Западниот Брег https://republika.mk/vesti/svet/eu-ja-osuduva-odlukata-na-izrael-za-proshiruvane-na-evrejskite-naselbi-na-zapadniot-breg/ Thu, 07 Mar 2024 08:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=752109

Европската Унија го осудува одобрувањето на плановите за изградба на над 3.426 станбени единици за дополнително проширување на илегалните еврејски доселенички населби на окупираниот Западен Брег и го повикува Израел да ја повлече ова одлука, соопшти портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во објава на Икс.

- ЕУ повторува дека населбите се илегални според меѓународното право и претставуваат пречка за мирот, бидејќи го загрозуваат решението за создавање две држави. Понатаму, проширувањето на населбите целосно не е во согласност со тековните напори за намалување на тензиите, што е уште поважно пред претстојните верски свечености Рамазан, Пасха и Велигден, се наведува во реакцијата.

Стано посочува дека позицијата на ЕУ останува непроменета и таа нема да признае никакви промени на границите од пред 1967 година, вклучително и во однос на Ерусалим, освен оние што ќе ги договорат страните.

The post ЕУ ја осудува одлуката на Израел за проширување на еврејските населби на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Европската Унија го осудува одобрувањето на плановите за изградба на над 3.426 станбени единици за дополнително проширување на илегалните еврејски доселенички населби на окупираниот Западен Брег и го повикува Израел да ја повлече ова одлука, соопшти портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во објава на Икс. - ЕУ повторува дека населбите се илегални според меѓународното право и претставуваат пречка за мирот, бидејќи го загрозуваат решението за создавање две држави. Понатаму, проширувањето на населбите целосно не е во согласност со тековните напори за намалување на тензиите, што е уште поважно пред претстојните верски свечености Рамазан, Пасха и Велигден, се наведува во реакцијата. Стано посочува дека позицијата на ЕУ останува непроменета и таа нема да признае никакви промени на границите од пред 1967 година, вклучително и во однос на Ерусалим, освен оние што ќе ги договорат страните.

The post ЕУ ја осудува одлуката на Израел за проширување на еврејските населби на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>
Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/politicharite-da-pokazhat-pochituvane-na-novinarite-avmu-ja-osudi-izjavata-na-liderot-na-sdsm-kovachevski/ Wed, 21 Feb 2024 15:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=746420

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ.

Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

The post Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ. Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ. Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

The post Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски appeared first on Република.

]]>
АВМУ со остра осуда за вчерашниот напад врз телевизиската екипа на Алсат-М https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-so-ostra-osuda-za-vcherashniot-napad-vrz-televiziskata-ekipa-na-alsat-m/ Thu, 25 Jan 2024 13:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=736773

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот инцидент во Општина Чашка во кој телевизиската екипа на Алсат-М беше спречена да го сними протестот против воведување паралелка на албански јазик во основното училиште, како и да влезе во објектот на општината.

На новинарите и на медиумите мора да им се овозможи слободен и непречен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната круцијална улога во информирањето за прашања од јавен интереси и во обезбедување транспарентност и одговорност.

Агенцијата како и досега потсетува дека секое попречување на работата на медиумите претставува директно загрозување на слободата и правото на информирање.

The post АВМУ со остра осуда за вчерашниот напад врз телевизиската екипа на Алсат-М appeared first on Република.

Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби https://republika.mk/vesti/kultura/ostri-kritiki-za-maskata-so-isus-i-krstot-od-gajbi/ Sun, 14 Jan 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=732780

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови.

Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира.

Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.

Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.

Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.

Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.

Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови. Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира. Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.
Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.
Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.
Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.
Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>
Јужна Кореја, САД и Јапонија ја осудија Северна Кореја за истрелување ракети https://republika.mk/vesti/svet/juzhna-koreja-sad-i-japonija-ja-osudija-severna-koreja-za-istreluvane-raketi/ Mon, 18 Dec 2023 09:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=724221

САД, Јужна Кореја и Јапонија денеска го осудија најновото лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја, оценувајќи дека тоа ја зголемува заканата за мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница.

Северна Кореја утрово ја истрела втората балистичка ракета во последните два дена во морето кај нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека најверојатно станува збор за интерконтинентална балистичка ракета способна да прелета повеќе од 15.000 километри и да погоди цели на „целата американска територија“.

Ракетата летала околу 1.000 километри пред да падне во Јапонското море, но според пресметката заснована на нејзината траекторија и тежината на боевата глава, може да има капацитет на летање од повеќе од 15.000 километри и во тој случај целата територија на САД би била во домет, изјави јапонскиот официјален претставник Шинго Мијаке.

Новото лансирање дојде откако Јужна Кореја објави дека Северна Кореја тестирала балистичка ракета со краток дострел во морето во неделата, продолжувајќи го тестот на оружје што трае околу еден месец.

Портпаролот на Стејт департментот во соопштение го осуди Пјонгјанг за лансирање балистички ракети, наведувајќи дека тие претставуваат кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Тој додаде дека лансирањето претставува закана за соседите на Северна Кореја и „ја поткопува регионалната безбедност“.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека двете најнови лансирања на севернокорејски ракети, од кои едната најверојатно е интерконтинентална балистичка ракета, претставуваат „закана за мирот и стабилноста во регионот“ и дека Јапонија „остро ги осудува“. Тој, исто така, истакна дека со тоа се прекршуваат санкциите на Советот за безбедност на ОН против Пјонгјанг.

Јужнокорејското претседателство денеска по вонредниот состанок на Советот за национална безбедност соопшти дека „цврсто го осудува“ новото лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од страна на Северна Кореја, која, како што е наведено, „создава сериозна закана за мирот и безбедноста на Корејскиот Полуостров и меѓународната заедница“.

The post Јужна Кореја, САД и Јапонија ја осудија Северна Кореја за истрелување ракети appeared first on Република.

]]>

САД, Јужна Кореја и Јапонија денеска го осудија најновото лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја, оценувајќи дека тоа ја зголемува заканата за мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница. Северна Кореја утрово ја истрела втората балистичка ракета во последните два дена во морето кај нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека најверојатно станува збор за интерконтинентална балистичка ракета способна да прелета повеќе од 15.000 километри и да погоди цели на „целата американска територија“. Ракетата летала околу 1.000 километри пред да падне во Јапонското море, но според пресметката заснована на нејзината траекторија и тежината на боевата глава, може да има капацитет на летање од повеќе од 15.000 километри и во тој случај целата територија на САД би била во домет, изјави јапонскиот официјален претставник Шинго Мијаке. Новото лансирање дојде откако Јужна Кореја објави дека Северна Кореја тестирала балистичка ракета со краток дострел во морето во неделата, продолжувајќи го тестот на оружје што трае околу еден месец. Портпаролот на Стејт департментот во соопштение го осуди Пјонгјанг за лансирање балистички ракети, наведувајќи дека тие претставуваат кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН. Тој додаде дека лансирањето претставува закана за соседите на Северна Кореја и „ја поткопува регионалната безбедност“. Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека двете најнови лансирања на севернокорејски ракети, од кои едната најверојатно е интерконтинентална балистичка ракета, претставуваат „закана за мирот и стабилноста во регионот“ и дека Јапонија „остро ги осудува“. Тој, исто така, истакна дека со тоа се прекршуваат санкциите на Советот за безбедност на ОН против Пјонгјанг. Јужнокорејското претседателство денеска по вонредниот состанок на Советот за национална безбедност соопшти дека „цврсто го осудува“ новото лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од страна на Северна Кореја, која, како што е наведено, „создава сериозна закана за мирот и безбедноста на Корејскиот Полуостров и меѓународната заедница“.  

The post Јужна Кореја, САД и Јапонија ја осудија Северна Кореја за истрелување ракети appeared first on Република.

]]>
ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар https://republika.mk/vesti/makedonija/ds-zhestoka-osuda-na-velicheneto-na-golema-albanija-vo-s-sopot-i-na-fudbalskiot-natprevar-shkupi-vardar/ Mon, 06 Nov 2023 12:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=698787

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар - музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир.

Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети и признанието дека на почетокот се бореле за Албанија, но дека сега Албанците биле господари во Македонија, ја подгрева меѓуетничката омраза и го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Истакнувањето пароли на фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар во кои се вели дека Албанците требало да го исполнат историскиот аманет, Скопје да биде срцето на Албанија, е тешка великоалбанска провокација, на која не ѝ местото на спортски натпревар и е наменета единствено да го заплаши мнозинскиот македонски народ.

Демократскиот сојуз ги повикува Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, како и Фудбалскиот сојуз на Македонија, да преземат соодветни прекршочни и кривични постапки против сторителите на овие сериозни националистички и шовинистички провокации.

The post ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар - музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир. Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети и признанието дека на почетокот се бореле за Албанија, но дека сега Албанците биле господари во Македонија, ја подгрева меѓуетничката омраза и го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Истакнувањето пароли на фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар во кои се вели дека Албанците требало да го исполнат историскиот аманет, Скопје да биде срцето на Албанија, е тешка великоалбанска провокација, на која не ѝ местото на спортски натпревар и е наменета единствено да го заплаши мнозинскиот македонски народ. Демократскиот сојуз ги повикува Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, како и Фудбалскиот сојуз на Македонија, да преземат соодветни прекршочни и кривични постапки против сторителите на овие сериозни националистички и шовинистички провокации.  

The post ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар appeared first on Република.

]]>
ААВМУ со осуда за односот на премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи кон новинар https://republika.mk/vesti/makedonija/aavmu-so-osuda-za-odnosot-na-premierot-kovachevski-i-vitsepremierot-bitiki-kon-novinar/ Sat, 14 Oct 2023 10:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=691139

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува некоректниот однос на премиерот Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кон новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа.

Медиумите се еден од клучните столбови на демократијата и имаат важна улога во креирањето на критичкото мислење и известувањето за прашања што се од јавен интерес. Оттаму, не смее да постои начин на комуникација кој е несоодветен и навредлив кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да ѝ бидат пренесени информациите.

Носителите на јавна функција треба да вложат максимални напори да дадат одговори на сите новинарски прашања кои се од интерес на јавноста, и истовремено да покажат почит кон новинарската професија и достоинството на медиумските работници.

The post ААВМУ со осуда за односот на премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи кон новинар appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува некоректниот однос на премиерот Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кон новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа. Медиумите се еден од клучните столбови на демократијата и имаат важна улога во креирањето на критичкото мислење и известувањето за прашања што се од јавен интерес. Оттаму, не смее да постои начин на комуникација кој е несоодветен и навредлив кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да ѝ бидат пренесени информациите. Носителите на јавна функција треба да вложат максимални напори да дадат одговори на сите новинарски прашања кои се од интерес на јавноста, и истовремено да покажат почит кон новинарската професија и достоинството на медиумските работници.

The post ААВМУ со осуда за односот на премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи кон новинар appeared first on Република.

]]>
Европските лидери го осудија нападот врз Израел https://republika.mk/vesti/svet/evropskite-lideri-go-osudija-napadot-vrz-izrael/ Sat, 07 Oct 2023 12:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=688903

Европските лидери го осудија денешниот напад врз Израел од страна на палестинската исламистичка група Хамас, при што загинаа најмалку 22 луѓе, а 545 лица се хоспитализирани.

„Силно ги осудувам терористичките напади врз Израел од Газа. Силно ги осудувам неселективните напади започнати утрово против Израел и неговиот народ, изложувајќи ги невините граѓани на терор и насилство“, напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на X.

Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли на социјалните мрежи објави дека Лондон недвосмислено ги осудува ужасните напади на Хамас врз израелските цивили и оти секогаш ќе го поддржува правото на Израел да се брани.

The post Европските лидери го осудија нападот врз Израел appeared first on Република.

МНР ги осуди вчерашните инциденти во Скопје, пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-gi-osudi-vcherashnite-intsidenti-vo-skopje-pred-za-vreme-i-po-natprevarot-shkupi-levski/ Fri, 28 Jul 2023 15:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=666359

Министерството за надворешни работи ги осудува вчерашните инциденти во Скопје, пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски.

Насилството е неприфатливо во ниту еден случај, особено не кога тоа резултира со тешки повреди. Органите за безбедност ја имаат сета поддршка во спроведувањето на јавниот ред и мир.

Повредениот бугарски државјанин е третиран професионално и со соодветна грижа; во моментов тој се наоѓа во стабилна, но тешка состојба, и по хируршкиот третман закрепнува во болница во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот бугарски државјанин и неговите роднини, како и со локалните здравствени власти.

Надлежните органи на Република Македонија веќе ги презедоа и ќе продолжат да ги преземаат неопходните мерки за ефективна истрага и гонење во врска со настанатите инциденти.

Како што и порано во неколку наврати имаме посочено, Република Македонија е слободна земја и добредојдени се сите оние кои сакаат да ја посетат земјава; привилегија која не подразбира дека е прифатливо од овде да се искажуваат навреди, особено не тези кои подразбираат територијални претензии и/или негирање и навреди по основ на етнички, религиски или други идентитетски основи.

Како и порано, прекршувањето на овие правила ќе биде соодветно адресирано од страна на надлежните институции, а на ваквите поединци ќе им биде ограничена привилегијата за присуство во земјава.

Република Македонија и Република Бугарија се добри соседи кои политичките разлики ги надминуваат со дипломатски средства, негувајќи ја културата на добрососедски дијалог.

The post МНР ги осуди вчерашните инциденти во Скопје, пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски appeared first on Република.

ЛДП најстрого ја осудува скандалозната објава на Касами, Македонија е мултиетничка држава https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-najstrogo-ja-osuduva-skandaloznata-objava-na-kasami-makedonija-e-multietnichka-drzhava/ Wed, 22 Mar 2023 16:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=622544

Во недостаток на идеи и проекти дел од опозициските партии продолжуваат да играат на картата на национализмот и да се обидуваат да ги влошат меѓуетничките односи и да ги разнишаат европските вредности.

Либерално-Демократската партија најостро ја осудува скандалозната објава на лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во која на социјалната мрежа Фејсбук напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град во Македонија!“.

Либерално-Демократска партија упатува порака дека Македонија е мултиетничка држава и Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците.

Како либерал-демократи секогаш приоритет ќе ни биде почитување и обезбедување еднакви права и можности за сите граѓани на Македонија. 

Симптоматично е што оваа објава доаѓа само неколку недели по барањето за формирање Заедница на албански општини, по теркот на она што се договара за Косово, барање кое дојде од Алтернатива, уште една опозициска партија од албанскиот политички блок.

The post ЛДП најстрого ја осудува скандалозната објава на Касами, Македонија е мултиетничка држава appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува спречувањето на новинарите во вршењето на својата работа https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-najostro-go-osuduva-sprechuvaneto-na-novinarite-vo-vrsheneto-na-svojata-rabota/ Wed, 11 Jan 2023 17:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=595893

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува спречувањето на новинарите од новинската агенција Курир и радио Лидер во вршењето на својата професионална задача. Ваквото тоталитарно однесување од страна на одговорните лица во кабинетот на Ковачевски само ја покажува вистинската слика за односот на владата и Ковачевски кон новинарската фела, велат од партијата.

-Токму заради ваквите настани, Македонија со години тоне во рангирањето на сите релеватни меѓународни извештаи во однос на демократијата и владеењето на правото.

После денешниот скандал, со спречувањето на новинарите во својата работа, се поставува прашањето, од што бега Димитар Ковачевски и зошто се плаши од прашањата на новинарите.

Дали се плаши да одговори на прашањето за што е договорено и што му е ставено на маса после вчерашната средба во Тирана?

Ова не е прв инцидент на кабинетот на Ковачевски при неговите јавни настапи. На секоја прес конференција, новинарските работници се спречени и ограничени при поставувања на прашања кон премиерот и министрите во оваа антидржавна власт.

Друг сличен инцидент имаше и кога новинар од национална телевизија доби закани од обезбедувањето на премиерот, дека ќе биде уапсен, заради поставено прашање кон Ковачевски.

Ги повикуваме сите надлежни институции, како и новинарски здруженија да реагираат на ваквиот непрофесионален однос од страна на кабинетот на Димитар Ковачевски.

На ваквото тоталитарно однесување, како и на забеганоста на власт за многу брзо ќе и дојде крајот, на следните предвремени парламентарни избори на кои СДС и ДУИ катастрофално ќе ги изгубат, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува спречувањето на новинарите во вршењето на својата работа appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува спречувањето на новинарите од новинската агенција Курир и радио Лидер во вршењето на својата професионална задача. Ваквото тоталитарно однесување од страна на одговорните лица во кабинетот на Ковачевски само ја покажува вистинската слика за односот на владата и Ковачевски кон новинарската фела, велат од партијата. -Токму заради ваквите настани, Македонија со години тоне во рангирањето на сите релеватни меѓународни извештаи во однос на демократијата и владеењето на правото. После денешниот скандал, со спречувањето на новинарите во својата работа, се поставува прашањето, од што бега Димитар Ковачевски и зошто се плаши од прашањата на новинарите. Дали се плаши да одговори на прашањето за што е договорено и што му е ставено на маса после вчерашната средба во Тирана? Ова не е прв инцидент на кабинетот на Ковачевски при неговите јавни настапи. На секоја прес конференција, новинарските работници се спречени и ограничени при поставувања на прашања кон премиерот и министрите во оваа антидржавна власт. Друг сличен инцидент имаше и кога новинар од национална телевизија доби закани од обезбедувањето на премиерот, дека ќе биде уапсен, заради поставено прашање кон Ковачевски. Ги повикуваме сите надлежни институции, како и новинарски здруженија да реагираат на ваквиот непрофесионален однос од страна на кабинетот на Димитар Ковачевски. На ваквото тоталитарно однесување, како и на забеганоста на власт за многу брзо ќе и дојде крајот, на следните предвремени парламентарни избори на кои СДС и ДУИ катастрофално ќе ги изгубат, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.  

The post ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува спречувањето на новинарите во вршењето на својата работа appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-go-osuduva-napadot-na-novinarskata-ekipa/ Mon, 14 Nov 2022 21:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=573878

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го осудува нападот на новинарската екипа.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко кој спротивно на сите процедури е последниот во низата белосветски криминалци на кој под крајно сомнителни околности власта на СДС му даде македонски пасош.

Ова е последица на нездравиот амбиент, поделбите и омразата кој подолго време се креира од власта.

Со анонимноста и тајноста на целиот случај, власта создава контраверза и замешателство во креирањето на истиот“- велат од партијата.

Ваквиот меѓународен скандал покажува дека власта која се удира во гради за ЕУ и САД, зад грб работи против нивните интереси кога тоа е врзано за пари и интереси. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се расветли целиот овој случај обвиен со контраверзи, се наведува во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го осудува нападот на новинарската екипа.
ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко кој спротивно на сите процедури е последниот во низата белосветски криминалци на кој под крајно сомнителни околности власта на СДС му даде македонски пасош.
Ова е последица на нездравиот амбиент, поделбите и омразата кој подолго време се креира од власта. Со анонимноста и тајноста на целиот случај, власта создава контраверза и замешателство во креирањето на истиот“- велат од партијата.
Ваквиот меѓународен скандал покажува дека власта која се удира во гради за ЕУ и САД, зад грб работи против нивните интереси кога тоа е врзано за пари и интереси. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се расветли целиот овој случај обвиен со контраверзи, се наведува во соопштението.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа appeared first on Република.

]]>
АВМУ го осуди проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-go-osudi-problematichniot-odnos-kon-snimatelot-na-tv-24-od-strana-na-pripadnik-na-mvr/ Thu, 07 Jul 2022 09:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=525263 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник...

The post АВМУ го осуди проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР, за време на протестите.

Улогата на медиумските работници при известување од настани со големо општествено значење и висок ризик е да документираат и пренесат информации кои се од јавен интерес. Затоа особено е важно да им се овозможи безбеден и непречен пристап, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки.

Во контекст на настаните од последниве денови, Агенцијата повикува да се почитува достоинството на медиумските работници и да им се овозможи без закани и притисоци да ги извршуваат своите професионални активности – навремено и сеопфатно информирање на јавноста.

The post АВМУ го осуди проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР appeared first on Република.

]]>
Османи: Најостро го осудувам овој вандалски чин со палење на здружението „Иван Михајлов“ https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-najostro-go-osuduvam-ovoj-vandalski-chin-so-palenje-na-zdruzenieto-ivan-mihajlov/ Sat, 04 Jun 2022 13:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=511067

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи го осуди актот на палење на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

Најостро го осудувам актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола. Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнување на напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Ова кривично дело не случајно е направено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог на ниво на министри на надворешни работи со цел за надминување на отворените прашања на патот на европската интеграција на Македонија. Ги повикувам институциите да ги прават сите напорни за откривање на сторителот на овој вандалски чин“, кажа Османи.

The post Османи: Најостро го осудувам овој вандалски чин со палење на здружението „Иван Михајлов“ appeared first on Република.