Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи го осуди актот на палење на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

Најостро го осудувам актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола. Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнување на напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Ова кривично дело не случајно е направено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог на ниво на министри на надворешни работи со цел за надминување на отворените прашања на патот на европската интеграција на Македонија. Ги повикувам институциите да ги прават сите напорни за откривање на сторителот на овој вандалски чин“, кажа Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.