олимписки игри Archives - Република https://republika.mk/tema/olimpiski-igri/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 10:53:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олимписки игри Archives - Република https://republika.mk/tema/olimpiski-igri/ 32 32 Банди од Чиле, Еквадор и Колумбија украле камера додека траеле натпреварите во нуркање на ОИ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/bandi-od-chile-ekvador-i-kolumbija-ukrale-kamera-dodeka-traele-natprevarite-vo-nurkane-na-oi/ Wed, 04 Sep 2024 20:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=813053

Тимови од јужноамерикански криминалци, специјално обучени и организирани, „оперирале“ за време на Олимписките игри во Париз, главно насочени кон туристите, соопштија француските власти во доверлива белешка.

Белешката посветена на активностите на овие банди го нагласува значителниот дел од апсењата на државјани на Јужна Америка кои доаѓаат особено од Чиле, Еквадор, Перу и Колумбија меѓу сите обвинети за криминални дејствија за време на Олимписките игри.

Организирани во групи од три до пет лица, мажи и жени на возраст од 30 до 50 години, специјалисти за џепни кражби, тие конкретно биле насочени кон странски туристи, главно во јавниот превоз или хотели. Овие банди се опишани во белешката како многу мобилни и поврзани со меѓународни криминални организации и специјализирани за кривични дела џепни кражби, кражби, измами и друго. Некои од обвинетите се осомничени дека се поврзани со банди во Чиле поврзани со криминалната организација Lanzas internacionales.

Членовите на овие структури, кои на кражбата гледаат како на „вистинска професија“, меѓу себе ја пренесуваат „културата на практиката на кражба извршена во странство“, а често имаат и шпански дозволи за престој, земјата што ја користат како порта и како база.

Меѓу другото, тие украле камера во вредност од 15.000 евра која емитувала слики од натпревари во нуркање во Олимпискиот воден центар во Сен Дени, северно од Париз. Истрагата за овој тим доведе до апсење на тројца мажи и една жена, сите од колумбиска националност, на почетокот на август.

Истражителите откриле лаптопи, накит, луксузни часовници, готовина, како и волонтерска облека со натпис „Париз 2024“ што ја користеле криминалците, како и акредитација украдена од американски спортист.

Во средината на август беа осудени на две години затвор, како и забрана за влез во Франција во рок од десет години по истекот на казната.

На другите членови на јужноамериканските банди, според белешката, им биле обезбедени дури и лажни акредитации за пристап до олимписките борилишта и олимпиското село, како и лажни лични карти и прес-картички.

The post Банди од Чиле, Еквадор и Колумбија украле камера додека траеле натпреварите во нуркање на ОИ appeared first on Република.

]]>

Тимови од јужноамерикански криминалци, специјално обучени и организирани, „оперирале“ за време на Олимписките игри во Париз, главно насочени кон туристите, соопштија француските власти во доверлива белешка. Белешката посветена на активностите на овие банди го нагласува значителниот дел од апсењата на државјани на Јужна Америка кои доаѓаат особено од Чиле, Еквадор, Перу и Колумбија меѓу сите обвинети за криминални дејствија за време на Олимписките игри. Организирани во групи од три до пет лица, мажи и жени на возраст од 30 до 50 години, специјалисти за џепни кражби, тие конкретно биле насочени кон странски туристи, главно во јавниот превоз или хотели. Овие банди се опишани во белешката како многу мобилни и поврзани со меѓународни криминални организации и специјализирани за кривични дела џепни кражби, кражби, измами и друго. Некои од обвинетите се осомничени дека се поврзани со банди во Чиле поврзани со криминалната организација Lanzas internacionales. Членовите на овие структури, кои на кражбата гледаат како на „вистинска професија“, меѓу себе ја пренесуваат „културата на практиката на кражба извршена во странство“, а често имаат и шпански дозволи за престој, земјата што ја користат како порта и како база. Меѓу другото, тие украле камера во вредност од 15.000 евра која емитувала слики од натпревари во нуркање во Олимпискиот воден центар во Сен Дени, северно од Париз. Истрагата за овој тим доведе до апсење на тројца мажи и една жена, сите од колумбиска националност, на почетокот на август. Истражителите откриле лаптопи, накит, луксузни часовници, готовина, како и волонтерска облека со натпис „Париз 2024“ што ја користеле криминалците, како и акредитација украдена од американски спортист. Во средината на август беа осудени на две години затвор, како и забрана за влез во Франција во рок од десет години по истекот на казната. На другите членови на јужноамериканските банди, според белешката, им биле обезбедени дури и лажни акредитации за пристап до олимписките борилишта и олимпиското село, како и лажни лични карти и прес-картички.

The post Банди од Чиле, Еквадор и Колумбија украле камера додека траеле натпреварите во нуркање на ОИ appeared first on Република.

]]>
За време на Олимписките игри се одржа Парискиот филмски фестивал: Награден е филмот „Се случи“ за легендарниот ватерполо играч и тренер Ратко Рудиќ https://republika.mk/scena/film/za-vreme-na-olimpiskite-igri-se-odrzha-pariskiot-filmski-festival-nagraden-e-filmot-se-sluchi-za-legendarniot-vaterpolo-igrach-i-trener-ratko-rudik/ Wed, 14 Aug 2024 08:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=806374

Документарниот филм на Дејан Аќимовиќ, „Се случи“, за легендарниот ватерполо играч и тренер, Ратко Рудиќ, ја освои главната награда на Парискиот филмски фестивал, што се одржуваше за време на Олимписките игри (ОИ).

Филмот ја освои престижната награда „Олимписки избор“ (Olympians Choice), на првиот филмски фестивал „Оли хаус“ (OLY House). На фестивалот што го организираше Меѓународната организација на олимпијци како дел од ОИ во Париз. беа прикажани 25 филма од целиот свет.

Во филмот за Ратко Рудиќ, во 115 минути, раскажано е „патувањето“ на најтрифејниот ватерполо стручњак на светот, од неговите почетоци како играч во Задар до неговите фантастични тренерски резултати.

Ратко Рудиќ (76) денеска е член на Управниот одбор (УО) и претседател на Стручниот совет на Хрватскиот ватерполо сојуз.

The post За време на Олимписките игри се одржа Парискиот филмски фестивал: Награден е филмот „Се случи“ за легендарниот ватерполо играч и тренер Ратко Рудиќ appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм на Дејан Аќимовиќ, „Се случи“, за легендарниот ватерполо играч и тренер, Ратко Рудиќ, ја освои главната награда на Парискиот филмски фестивал, што се одржуваше за време на Олимписките игри (ОИ). Филмот ја освои престижната награда „Олимписки избор“ (Olympians Choice), на првиот филмски фестивал „Оли хаус“ (OLY House). На фестивалот што го организираше Меѓународната организација на олимпијци како дел од ОИ во Париз. беа прикажани 25 филма од целиот свет. Во филмот за Ратко Рудиќ, во 115 минути, раскажано е „патувањето“ на најтрифејниот ватерполо стручњак на светот, од неговите почетоци како играч во Задар до неговите фантастични тренерски резултати.
Ратко Рудиќ (76) денеска е член на Управниот одбор (УО) и претседател на Стручниот совет на Хрватскиот ватерполо сојуз.

The post За време на Олимписките игри се одржа Парискиот филмски фестивал: Награден е филмот „Се случи“ за легендарниот ватерполо играч и тренер Ратко Рудиќ appeared first on Република.

]]>
Србија ја совлада Германија и освои бронза на Олимписките игри https://republika.mk/sport/kosarka/srbija-ja-sovlada-germanija-i-osvoi-bronza-na-olimpiskite-igri/ Sat, 10 Aug 2024 12:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=805188

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз. Во мечот за третото место Србите ги совладаа Германците со резултат 93:83.

Успехот на Никола Јокиќ беше 19 поени, 12 скока и 11 асистенции. Србија на тој начин и возврати на Германија за поразот во финалето на минатогодишното Светско првенство во Манила кога Германците го освоија златото.

Тогаш Јокиќ не играше за Србија, но овој пат Србите предводени од најдобриот кошаркар на денешницата постигнаа нов успех.

Ова е дури 13. медал од големите натпреварувања за српската репрезентација, со што се потврди статусот на кошаркарска велесила.

The post Србија ја совлада Германија и освои бронза на Олимписките игри appeared first on Република.

]]>

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз. Во мечот за третото место Србите ги совладаа Германците со резултат 93:83. Успехот на Никола Јокиќ беше 19 поени, 12 скока и 11 асистенции. Србија на тој начин и возврати на Германија за поразот во финалето на минатогодишното Светско првенство во Манила кога Германците го освоија златото. Тогаш Јокиќ не играше за Србија, но овој пат Србите предводени од најдобриот кошаркар на денешницата постигнаа нов успех. Ова е дури 13. медал од големите натпреварувања за српската репрезентација, со што се потврди статусот на кошаркарска велесила.

The post Србија ја совлада Германија и освои бронза на Олимписките игри appeared first on Република.

]]>
Германија ја елиминираше Франција во четвртфиналето на ОИ: Последниот меч на Никола Карабатиќ https://republika.mk/sport/rakomet/germanija-ja-eliminirashe-frantsija-vo-chetvrtfinaleto-na-oi-posledniot-mech-na-nikola-karabatik/ Wed, 07 Aug 2024 18:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=804326

Натпреварот меѓу Франција и Германија од четвртфиналето на Олимписките игри е последниот натпревар во богата играчка кариера на големиот Никола Карабатиќ!

Иако тој посакуваше уште два натпревари до крајот на кариерата, сепак нема да го памети последниот по некое олимписко одличје, туку по елиминација, и тоа драматична, од Германија.

Германците славеа по продолженија со 35-34, откако Усчинс погоди на петнаесетина секунди до крајот, а последниот удар на Французите не беше прецизен и мечот заврши.

Kaрабатиќ во клупската кариера освои 16 титули во Франција, четири во Германија и две во Шпанија, односно 22 титули во 23 одиграни клупски сезони.

Легендарниот ракометар со Франција освои 4 титули на ЕП, 4 титули на СП и три на ОИ.

The post Германија ја елиминираше Франција во четвртфиналето на ОИ: Последниот меч на Никола Карабатиќ appeared first on Република.

]]>

Натпреварот меѓу Франција и Германија од четвртфиналето на Олимписките игри е последниот натпревар во богата играчка кариера на големиот Никола Карабатиќ! Иако тој посакуваше уште два натпревари до крајот на кариерата, сепак нема да го памети последниот по некое олимписко одличје, туку по елиминација, и тоа драматична, од Германија. Германците славеа по продолженија со 35-34, откако Усчинс погоди на петнаесетина секунди до крајот, а последниот удар на Французите не беше прецизен и мечот заврши.
Kaрабатиќ во клупската кариера освои 16 титули во Франција, четири во Германија и две во Шпанија, односно 22 титули во 23 одиграни клупски сезони. Легендарниот ракометар со Франција освои 4 титули на ЕП, 4 титули на СП и три на ОИ.

The post Германија ја елиминираше Франција во четвртфиналето на ОИ: Последниот меч на Никола Карабатиќ appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот пливач кој освои злато спие покрај клупа: Во олимпиското село нема клима, топло е и храната е лоша https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/italijanskiot-plivach-koj-osvoi-zlato-spie-pokraj-klupa-vo-olimpiskoto-selo-nema-klima-toplo-e-i-hranata-e-losha/ Mon, 05 Aug 2024 13:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=803572

Италијанскиот пливач Томас Цекон, кого многу дами го нарекуваат најубав маж на Олимписките игри оваа година, е снимен како спие покрај клупа во Олимпиското село.

Фотографијата е направена од саудискиот веслач Хусеин Алиреза и споделена на Инстаграм со натпис: „Денес одмори, утре победи“.

Цекон, кој го освои златото на 100 метри грбно, веќе јавно се пожали на сместувањето во Олимпиското село.

Во селото нема клима, топло е и храната е лоша. За многу спортисти овие работи се клучни. Ова не е изговор туку реалност, која многумина не ја знаат. Тешко е да се заспие и ноќе и попладне. Навистина се борам тука помеѓу топлината и бучавата“, изјави тој за „Сан“.

Остатокот од италијанскиот тим одби да ги коментира тешкотиите што ги наведе Цекон.

Како резултат на тоа, голем број спортисти, вклучително и женската тениска репрезентација на САД, го напуштија Олимпиското село и се упатија кон други сместувачки капацитети.

The post Италијанскиот пливач кој освои злато спие покрај клупа: Во олимпиското село нема клима, топло е и храната е лоша appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот пливач Томас Цекон, кого многу дами го нарекуваат најубав маж на Олимписките игри оваа година, е снимен како спие покрај клупа во Олимпиското село. Фотографијата е направена од саудискиот веслач Хусеин Алиреза и споделена на Инстаграм со натпис: „Денес одмори, утре победи“. Цекон, кој го освои златото на 100 метри грбно, веќе јавно се пожали на сместувањето во Олимпиското село.
Во селото нема клима, топло е и храната е лоша. За многу спортисти овие работи се клучни. Ова не е изговор туку реалност, која многумина не ја знаат. Тешко е да се заспие и ноќе и попладне. Навистина се борам тука помеѓу топлината и бучавата“, изјави тој за „Сан“.
Остатокот од италијанскиот тим одби да ги коментира тешкотиите што ги наведе Цекон. Како резултат на тоа, голем број спортисти, вклучително и женската тениска репрезентација на САД, го напуштија Олимпиското село и се упатија кон други сместувачки капацитети.

The post Италијанскиот пливач кој освои злато спие покрај клупа: Во олимпиското село нема клима, топло е и храната е лоша appeared first on Република.

]]>
Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaraz-po-porazot-od-gokovik-zaminuvam-so-krenata-glava-napraviv-se-shto-mozhev-na-terenot/ Sun, 04 Aug 2024 19:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=803320

Карлос Алкараз не успеа повторно да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на еден голем турнир. Српскиот тенисер овој пат беше подобар во мечот за златниот медал на Олимписките игри.

Алкараз во финалето одигра високо ниво на тенис, но Ѓоковиќ едноставно беше посилен во клучните моменти.

-Моето ниво беше многу високо, презадоволен сум од играта, но малку сум разочаран што не одиграв најдобро во некои ситуации, во неизвесни моменти, во тај брејкови. Нивото на Новак беше одлично и не можев да го следам. Малку сум тажен поради тоа, но се останато... Одиграв одличен турнир, имав одличен натпревар, горд сум на себе. Новак беше гладен и впечатлив, не ми даде шанса и честитки до него. Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот, ќе се вратам уште посилен, изјави Шпанецот по мечот.

The post Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот appeared first on Република.

]]>

Карлос Алкараз не успеа повторно да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на еден голем турнир. Српскиот тенисер овој пат беше подобар во мечот за златниот медал на Олимписките игри. Алкараз во финалето одигра високо ниво на тенис, но Ѓоковиќ едноставно беше посилен во клучните моменти.
-Моето ниво беше многу високо, презадоволен сум од играта, но малку сум разочаран што не одиграв најдобро во некои ситуации, во неизвесни моменти, во тај брејкови. Нивото на Новак беше одлично и не можев да го следам. Малку сум тажен поради тоа, но се останато... Одиграв одличен турнир, имав одличен натпревар, горд сум на себе. Новак беше гладен и впечатлив, не ми даде шанса и честитки до него. Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот, ќе се вратам уште посилен, изјави Шпанецот по мечот.

The post Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот appeared first on Република.

]]>
Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ https://republika.mk/sport/kosarka/kanada-so-pobeda-nad-avstralija-si-zaveri-chetvrtfinale-na-oi/ Tue, 30 Jul 2024 16:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=801786

Канадскиот тим ја совлада Австралија со 93:83 (26:28, 19:21, 27:21, 21:13) и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри.

Клучен играч во победата на канадската репрезентација беше Ар Џеј Берет, кој во клучните моменти од играта го носеше на грб тимот и со 24 поени беше најефикасен во двете селекции.

Берет беше следен од Брукс и Гилиус Александер со по 16 поени, додека Гиди беше најефикасен кај Австралија со 19 поени. Џок Лендејл одигра одлична партија, постигна 16 поени и додаде 12 скока, а Ексум имаше 15 поени.

The post Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ appeared first on Република.

]]>

Канадскиот тим ја совлада Австралија со 93:83 (26:28, 19:21, 27:21, 21:13) и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри. Клучен играч во победата на канадската репрезентација беше Ар Џеј Берет, кој во клучните моменти од играта го носеше на грб тимот и со 24 поени беше најефикасен во двете селекции. Берет беше следен од Брукс и Гилиус Александер со по 16 поени, додека Гиди беше најефикасен кај Австралија со 19 поени. Џок Лендејл одигра одлична партија, постигна 16 поени и додаде 12 скока, а Ексум имаше 15 поени.

The post Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ appeared first on Република.

]]>
И второто злато на ОИ 2024 за Кина https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/i-vtoroto-zlato-na-oi-2024-za-kina/ Sat, 27 Jul 2024 13:14:53 +0000 https://republika.mk/?p=800763

Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз.

Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки.

Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон и Кесиди Кук од САД.

Бронзата им припадна на Британките Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен

The post И второто злато на ОИ 2024 за Кина appeared first on Република.

]]>

Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз. Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки. Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон и Кесиди Кук од САД. Бронзата им припадна на Британките Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен

The post И второто злато на ОИ 2024 за Кина appeared first on Република.

]]>
Денеска во Париз се отвораат Олимписките игри: Спортистите со чамец ќе поминат 6 километри по Сена се додека не стигнат до Ајфеловата кула https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/deneska-vo-pariz-se-otvoraat-olimpiskite-igri-sportistite-so-chamets-ke-pominat-6-kilometri-po-sena-se-dodeka-ne-stignat-do-ajfelovata-kula/ Fri, 26 Jul 2024 12:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=800530

Денеска ќе бидат отворени Олимписките игри во срцето на Париз. За прв пат во историјата отворањето на Олимписките игри ќе се одржи надвор од стадион. Каде ќе биде? На реката Сена во Париз. Спортистите ќе поминат 6 километри со чамци додека не стигнат до Ајфеловата кула.

Олимпијадата е симбол на мирот и единството. Во овие моменти, целиот свет се здружува да навива за својата земја или своите омилени спортисти, но и заеднички да ја славиме нашата заедничка хуманост. И покрај нашите разлики, сите ние сме човечки битија кои никогаш не се откажуваат од надежта.

 


The post Денеска во Париз се отвораат Олимписките игри: Спортистите со чамец ќе поминат 6 километри по Сена се додека не стигнат до Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе бидат отворени Олимписките игри во срцето на Париз. За прв пат во историјата отворањето на Олимписките игри ќе се одржи надвор од стадион. Каде ќе биде? На реката Сена во Париз. Спортистите ќе поминат 6 километри со чамци додека не стигнат до Ајфеловата кула. Олимпијадата е симбол на мирот и единството. Во овие моменти, целиот свет се здружува да навива за својата земја или своите омилени спортисти, но и заеднички да ја славиме нашата заедничка хуманост. И покрај нашите разлики, сите ние сме човечки битија кои никогаш не се откажуваат од надежта.  

The post Денеска во Париз се отвораат Олимписките игри: Спортистите со чамец ќе поминат 6 километри по Сена се додека не стигнат до Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>
Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја https://republika.mk/vesti/svet/igrite-vo-pariz-ke-bidat-najposeteni-vo-olimpiskata-istorija/ Fri, 26 Jul 2024 07:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=800364

Организаторите на 33. Олимписки игри во Париз официјално објавија дека е соборен досегашниот рекорд според продадени билети во историјата на Игрите.

Ден пред вечерашното свечено отворање, организаторите соопштија дека досега се продадени и поделени вкупно 9,7 милиони билети. Од нив, 8,7 милиони се продадени, а еден милион се доделени главно за лица со посебни потреби, спортски ентузијасти и помладата популација.

Организаторите решија да доделат билети по бројните критики дека цените на билетите се превисоки за многумина.

Претходниот рекорд според бројот на продадени билети го држеше Атланта во 1996 година, кога беа продадени 8,3 милиони влезници.

Организаторите додадоа дека сè уште има билети во продажба.

За Игрите во Париз кои ќе траат до 11 август во продажба се пуштени нешто повеќе од 10 милиони влезници.

The post Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја appeared first on Република.

]]>

Организаторите на 33. Олимписки игри во Париз официјално објавија дека е соборен досегашниот рекорд според продадени билети во историјата на Игрите. Ден пред вечерашното свечено отворање, организаторите соопштија дека досега се продадени и поделени вкупно 9,7 милиони билети. Од нив, 8,7 милиони се продадени, а еден милион се доделени главно за лица со посебни потреби, спортски ентузијасти и помладата популација. Организаторите решија да доделат билети по бројните критики дека цените на билетите се превисоки за многумина. Претходниот рекорд според бројот на продадени билети го држеше Атланта во 1996 година, кога беа продадени 8,3 милиони влезници. Организаторите додадоа дека сè уште има билети во продажба. За Игрите во Париз кои ќе траат до 11 август во продажба се пуштени нешто повеќе од 10 милиони влезници.

The post Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја appeared first on Република.

]]>
Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“ https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskite-vlasti-uapsija-rusin-osomnichen-deka-planiral-destabilizatsija-na-olimpiskite-igri/ Wed, 24 Jul 2024 16:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=799952

Француските власти денеска соопштија дека уапсиле маж со руско потекло под сомнение дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“, откако претходно беше уапсен млад човек поради планирање напад за време на Олимпијадата.

Маж (40) роден во Русија е уапсен вчера во неговиот стан во Париз, се наведува во соопштението на париското обвинителство.

Тој е обвинет за „вршење разузнавачка работа по налог на странска сила“ со цел „предизвикување непријателства во Франција“, злосторства што се казнуваат со 30 години затвор во Франција, се вели во соопштението.

The post Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“ appeared first on Република.

]]>

Француските власти денеска соопштија дека уапсиле маж со руско потекло под сомнение дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“, откако претходно беше уапсен млад човек поради планирање напад за време на Олимпијадата. Маж (40) роден во Русија е уапсен вчера во неговиот стан во Париз, се наведува во соопштението на париското обвинителство. Тој е обвинет за „вршење разузнавачка работа по налог на странска сила“ со цел „предизвикување непријателства во Франција“, злосторства што се казнуваат со 30 години затвор во Франција, се вели во соопштението.

The post Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“ appeared first on Република.

]]>
Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз https://republika.mk/scena/selin-dion-i-lejdi-gaga-ke-nastapat-na-svechenoto-otvarane-na-olimpijadata-vo-pariz/ Tue, 23 Jul 2024 15:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=799612

Дион пристигна во Париз во понеделникот во хотелот Ројал Монсо во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Лејди Гага, уште една потенцијална ѕвезда на свеченото отворање.

Конкретни детали за настапот на Дион се чуваат во тајност. Претставниците на Дион не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар.

Церемонијата на отворање ќе се одржи во облик на наутичка парада покрај Сена, која ќе кулминира во близина на Трокадеро, свртена кон Ајфеловата кула. За прв пат во историјата на Олимписките игри, церемонијата ќе се одржи надвор од стадион, ќе ги прикаже легендарните локации на Париз и ќе собере 3.500 актери, танчери и музички изведувачи.

The post Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Дион пристигна во Париз во понеделникот во хотелот Ројал Монсо во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Лејди Гага, уште една потенцијална ѕвезда на свеченото отворање. Конкретни детали за настапот на Дион се чуваат во тајност. Претставниците на Дион не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар. Церемонијата на отворање ќе се одржи во облик на наутичка парада покрај Сена, која ќе кулминира во близина на Трокадеро, свртена кон Ајфеловата кула. За прв пат во историјата на Олимписките игри, церемонијата ќе се одржи надвор од стадион, ќе ги прикаже легендарните локации на Париз и ќе собере 3.500 актери, танчери и музички изведувачи.

The post Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова ги прими македонските олимпијци кои ќе настапат на Олимпијадата во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelkata-silanovska-davkova-gi-primi-makedonskite-olimpijtsi-koi-ke-nastapat-na-olimpijadata-vo-pariz/ Mon, 22 Jul 2024 12:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=799206

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонските олимпијци кои ќе настапат на Летните олимписки игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за финалните подготовки на македонскиот олимписки тим, како и за очекувањата од претстојните натпревари.

Претседателката Сиљановска Давкова на македонските олимпијци им го врачи државното знаме, што ќе биде развиорено на отворањето на олимписките игри и им посака успешен настап на најграндиозниот и најпрестижниот спортски настан.

„Вие, како македонски спортски амбасадори, со гордост и достоинство бранете ги боите на нашата земја. Ви посакувам успешен настап и достојно претставување во Париз. Јас и сите македонски граѓани сме со вас и навиваме од срце“, им порача претседателката Сиљановска Давкова.

Осврнувајќи се на континуираната заложба и посветеност на македонските спортисти, претседателката ја нагласи потребата како заедница, како држава, да направиме сè за да ги поддржуваме спортистите, да работиме на стручноста на тренерските тимови, подобрувајќи ги севкупните спортски услови во македонското општество.

На Летните олимписки игри во Париз ќе отпатуваат шест македонски спортисти: Владимир Егоров - борење, Никола Ѓуретановиќ - пливање, Анастасија Мојсовска - стрелаштво, Еди Шерифовски - џудо, Милијана Релиќ - таеквондо и Дарио Ивановски - атлетика. Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Релиќ.

На средбата присуствуваа и членови од раководството на Македонскиот Олимписки Kомитет, тренери и спортски судии.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими македонските олимпијци кои ќе настапат на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонските олимпијци кои ќе настапат на Летните олимписки игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за финалните подготовки на македонскиот олимписки тим, како и за очекувањата од претстојните натпревари.

Претседателката Сиљановска Давкова на македонските олимпијци им го врачи државното знаме, што ќе биде развиорено на отворањето на олимписките игри и им посака успешен настап на најграндиозниот и најпрестижниот спортски настан.

„Вие, како македонски спортски амбасадори, со гордост и достоинство бранете ги боите на нашата земја. Ви посакувам успешен настап и достојно претставување во Париз. Јас и сите македонски граѓани сме со вас и навиваме од срце“, им порача претседателката Сиљановска Давкова.

Осврнувајќи се на континуираната заложба и посветеност на македонските спортисти, претседателката ја нагласи потребата како заедница, како држава, да направиме сè за да ги поддржуваме спортистите, да работиме на стручноста на тренерските тимови, подобрувајќи ги севкупните спортски услови во македонското општество.

На Летните олимписки игри во Париз ќе отпатуваат шест македонски спортисти: Владимир Егоров - борење, Никола Ѓуретановиќ - пливање, Анастасија Мојсовска - стрелаштво, Еди Шерифовски - џудо, Милијана Релиќ - таеквондо и Дарио Ивановски - атлетика. Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Релиќ.

На средбата присуствуваа и членови од раководството на Македонскиот Олимписки Kомитет, тренери и спортски судии.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими македонските олимпијци кои ќе настапат на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Екстремно десничарски екстремист уапсен поради сомневање за заговор за Олимписките игри во Париз https://republika.mk/vesti/svet/ekstremno-desnicharski-ekstremist-uapsen-poradi-somnevane-za-zagovor-za-olimpiskite-igri-vo-pariz/ Wed, 17 Jul 2024 16:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=797748

Екстремно десничарски екстремист е уапсен во Франција под сомнение дека подготвувал напади за време на Олимписките игри во Париз, кои ќе бидат отворени следната недела, изјави денеска извор од безбедносните сили, кој сакаше да остане анонимен.

Осумнаесет-годишниот осомничен неонацист бил администратор на група на Телеграм наречена „француска ариевска дивизија“ каде упатувал закани за Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август, рече изворот.

Тој беше приведен во источниот регион Ба-Рајн, кој го опфаќа градот Стразбур, а беше испрашуван од антитерористичката полиција.

Француските безбедносни служби се во состојба на готовност пред Игрите во Париз кога се очекуваат околу 10 милиони посетители и 10.000 спортисти во француската престолнина.

The post Екстремно десничарски екстремист уапсен поради сомневање за заговор за Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>

Екстремно десничарски екстремист е уапсен во Франција под сомнение дека подготвувал напади за време на Олимписките игри во Париз, кои ќе бидат отворени следната недела, изјави денеска извор од безбедносните сили, кој сакаше да остане анонимен. Осумнаесет-годишниот осомничен неонацист бил администратор на група на Телеграм наречена „француска ариевска дивизија“ каде упатувал закани за Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август, рече изворот. Тој беше приведен во источниот регион Ба-Рајн, кој го опфаќа градот Стразбур, а беше испрашуван од антитерористичката полиција. Француските безбедносни служби се во состојба на готовност пред Игрите во Париз кога се очекуваат околу 10 милиони посетители и 10.000 спортисти во француската престолнина.

The post Екстремно десничарски екстремист уапсен поради сомневање за заговор за Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>
И руските борачи одбија настап на Олимписките игри во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/i-ruskite-borachi-odbija-nastap-na-olimpiskite-igri-vo-pariz/ Sat, 06 Jul 2024 15:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=794071

Руските борачи, кои требаше да настапат како неутрални спортисти, го откажаа настапот на Олимписките игри во Париз.

Руската боречка федерација објави дека нејзините борачи „едногласно“ одлучиле да се повлечат од Игрите во Париз поради „неоснованите ограничувања“ наметнати од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

„Не ги прифаќаме неспортските принципи на селекција според кои ИОК го креираше својот список на повластени спортисти, бидејќи тој е усвоен со очигледна цел да го поткопа нашиот тим“, се вели во соопштението на Руската боречка федерација.

Претходно, ИОК состави список од десет руски борачи на кои им беше дозволено да се натпреваруваат во Париз, но во него не беа вклучени двократниот олимписки шампион Абдулрашид Садулаев (до 86 кг во Рио и до 97 кг во Токио) и двократниот светски шампион и олимписки шампион Заур Угуев (до 57 кг).

Одлуката на Боречката федерација на Русија доаѓа по бојкотот да Игрите во Париз кој претходно денеска го објави и рускиот џудо сојуз.

The post И руските борачи одбија настап на Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>

Руските борачи, кои требаше да настапат како неутрални спортисти, го откажаа настапот на Олимписките игри во Париз. Руската боречка федерација објави дека нејзините борачи „едногласно“ одлучиле да се повлечат од Игрите во Париз поради „неоснованите ограничувања“ наметнати од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
„Не ги прифаќаме неспортските принципи на селекција според кои ИОК го креираше својот список на повластени спортисти, бидејќи тој е усвоен со очигледна цел да го поткопа нашиот тим“, се вели во соопштението на Руската боречка федерација.
Претходно, ИОК состави список од десет руски борачи на кои им беше дозволено да се натпреваруваат во Париз, но во него не беа вклучени двократниот олимписки шампион Абдулрашид Садулаев (до 86 кг во Рио и до 97 кг во Токио) и двократниот светски шампион и олимписки шампион Заур Угуев (до 57 кг). Одлуката на Боречката федерација на Русија доаѓа по бојкотот да Игрите во Париз кој претходно денеска го објави и рускиот џудо сојуз.

The post И руските борачи одбија настап на Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>
Меѓународниот олимписки комитет им дозволи на 14 руски и 11 белоруски спортисти да настапат во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/megunarodniot-olimpiski-komitet-im-dozvoli-na-14-ruski-i-11-beloruski-sportisti-da-nastapat-vo-pariz/ Sat, 15 Jun 2024 19:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=787950

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им одобри на 14 руски и 11 белоруски спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри идниот месец во Париз, но под неутрален статус.

Во првиот круг инспекциската комисија на ИОК оценуваше во пет спортови - велосипедизам, гимнастика, таеквондо, кревање тегови и борење и одлучи за статусот на спортистите од Русија и Белорусија.

Во наредните денови ќе се решаваат и други олимписки спортови.

Процесот на верификација на неутралниот статус се одвива во два круга низ раководните тела на спортот, а потоа одлуката ја носи МОК. Можни се жалби до Судот за спортска арбитража во Лозана.

Меѓу спортистите кои добија дозвола да се натпреваруваат како неутрални во Париз и актуелниот шампион на трамбулина Иван Литвинович од Белорусија.

The post Меѓународниот олимписки комитет им дозволи на 14 руски и 11 белоруски спортисти да настапат во Париз appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им одобри на 14 руски и 11 белоруски спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри идниот месец во Париз, но под неутрален статус. Во првиот круг инспекциската комисија на ИОК оценуваше во пет спортови - велосипедизам, гимнастика, таеквондо, кревање тегови и борење и одлучи за статусот на спортистите од Русија и Белорусија. Во наредните денови ќе се решаваат и други олимписки спортови. Процесот на верификација на неутралниот статус се одвива во два круга низ раководните тела на спортот, а потоа одлуката ја носи МОК. Можни се жалби до Судот за спортска арбитража во Лозана. Меѓу спортистите кои добија дозвола да се натпреваруваат како неутрални во Париз и актуелниот шампион на трамбулина Иван Литвинович од Белорусија.

The post Меѓународниот олимписки комитет им дозволи на 14 руски и 11 белоруски спортисти да настапат во Париз appeared first on Република.

]]>
Легија на странците ќе ги обезбедува Олимписките игри во Париз https://republika.mk/vesti/svet/legija-na-strantsite-ke-gi-obezbeduva-olimpiskite-igri-vo-pariz/ Sun, 02 Jun 2024 07:58:06 +0000 https://republika.mk/?p=784015

Припадници на познатата Легија на странци се собираат во воена база во јужна Франција, што се наоѓа на стотици километри од париските улици со кафулиња, каде што ќе се распоредат за само неколку недели.

„Нема Ајфелова кула, но ние сме во Париз“, им вели поручникот Антоан на војниците собрани околу него, кои, како и сите легионери, морале да го сменат името по приклучувањето.

Овие војници наскоро ќе бараат „сомнителни предмети“ со помош на кучиња и дронови.

Легијата на странците, корпус од околу 10.000 војници, основан пред речиси 195 години, е единствената француска армиска единица во која можат да се пријават странски државјани. Тие можат да аплицираат за француско држајанство по неколку години служба, или порано, ако се истакнат во битка на места како Нигер, каде што се бореле против исламистички бунт.

Но, ова лето, тие се упатуваат кон француската престолнина, каде војниците ќе работат заедно со полицијата како дел од засилената безбедносна положба на земјата за време на Олимписките игри.

Олимпијадата треба да се одржи од 26 јули до 11 август, а потоа и Параолимпијадата од 28 август до 8 септември.

Многу фактори

Пред да започне вежбата за пребарување, поручникот Антоан сака да се погрижи легионерите -- чиј француски јазик често се крши -- да разберат како ќе се изврши операцијата.

„Што е единица К-9? прашува на француски.

Еден легионер го има точниот одговор - полициско куче – но одговор даден на непалски јазик, а не француски.

Јазичната бариера не е ништо ново за оваа единица, каде што околу 30 националности работат рамо до рамо, но здружувањето на силите со полицијата и приватното обезбедување кои не се навикнати на мултикултурната природа на легијата ќе претставува предизвик.

За да ги подготват, еден војник игра улога на некомуникативен чувар, но и покрај тоа легионерите брзо пронаоѓаат шише исполнето со сомнителна супстанција, а куче душка пластичен предмет од 500 грама скриен под даските.

Задоволен од „прилично брзото откривање“, капетанот Ајмерик изјави за АФП дека неговите луѓе се подготвени да се приклучат на околу 20.000 воен персонал распореден на Олимпијадата.

Но, поручникот Хуго, кој како и сите војници може да го даде само своето име, вели дека Париз претставува различни предизвици, вклучително и „сложеноста и густината на урбаната средина“.

За време на претходните распоредувања во Сахел, војниците можеби имаа цел ден да пребаруваат село, но во Париз тие ќе пребаруваат огромни места со временско ограничување.

Кон крајот на јануари, француската влада го намали бројот на толпата за церемонијата на отворање овој јули за половина од 600.000 на околу 300.000, поради безбедносни и организациски грижи.

Има „многу фактори, многу играчи“, рече поручникот.

Ме прави горд

По потекло од Непал и пријавен во 2018 година, наредникот „Ганеш“ вели дека е свесен колку е важна улогата на легијата ова лето.

„Олимпијадата уште повеќе ме мотивира“, вели поранешен студент од Луксембург, додавајќи дека „работата за Франција ме прави горд“.

Патриотизмот не е услов за легијата, чие мото „Чест и верност“ ја става солидарноста меѓу браќата по оружје пред националното чувство.

Има многу малку услови за оние кои сакаат да се приклучат: апликантите не смеат да имаат пресуди за тешки кривични дела како убиство или педофилија, да бидат подготвени за борба, спремни да служат пет години и да учат француски јазик.

Од почетокот на војната во Украина, Белорусите и Русите повеќе не можат да се приклучат.

Што се однесува до останатото, француската армија дава слобода за понекогаш карираното минато на нејзините легионери.

„За многумина, одлуката да се приклучат на странската легија ја носат оние кои сакаат да започнат „втор или трет живот“, рече капетанот Ајмерик.

„Она што ме интересира не е она што тие го правеле порано“, рече тој, „туку она што тие се подготвени да го направат за нас“.

The post Легија на странците ќе ги обезбедува Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>

Припадници на познатата Легија на странци се собираат во воена база во јужна Франција, што се наоѓа на стотици километри од париските улици со кафулиња, каде што ќе се распоредат за само неколку недели. „Нема Ајфелова кула, но ние сме во Париз“, им вели поручникот Антоан на војниците собрани околу него, кои, како и сите легионери, морале да го сменат името по приклучувањето. Овие војници наскоро ќе бараат „сомнителни предмети“ со помош на кучиња и дронови. Легијата на странците, корпус од околу 10.000 војници, основан пред речиси 195 години, е единствената француска армиска единица во која можат да се пријават странски државјани. Тие можат да аплицираат за француско држајанство по неколку години служба, или порано, ако се истакнат во битка на места како Нигер, каде што се бореле против исламистички бунт. Но, ова лето, тие се упатуваат кон француската престолнина, каде војниците ќе работат заедно со полицијата како дел од засилената безбедносна положба на земјата за време на Олимписките игри. Олимпијадата треба да се одржи од 26 јули до 11 август, а потоа и Параолимпијадата од 28 август до 8 септември. Многу фактори Пред да започне вежбата за пребарување, поручникот Антоан сака да се погрижи легионерите -- чиј француски јазик често се крши -- да разберат како ќе се изврши операцијата. „Што е единица К-9? прашува на француски. Еден легионер го има точниот одговор - полициско куче – но одговор даден на непалски јазик, а не француски. Јазичната бариера не е ништо ново за оваа единица, каде што околу 30 националности работат рамо до рамо, но здружувањето на силите со полицијата и приватното обезбедување кои не се навикнати на мултикултурната природа на легијата ќе претставува предизвик. За да ги подготват, еден војник игра улога на некомуникативен чувар, но и покрај тоа легионерите брзо пронаоѓаат шише исполнето со сомнителна супстанција, а куче душка пластичен предмет од 500 грама скриен под даските. Задоволен од „прилично брзото откривање“, капетанот Ајмерик изјави за АФП дека неговите луѓе се подготвени да се приклучат на околу 20.000 воен персонал распореден на Олимпијадата. Но, поручникот Хуго, кој како и сите војници може да го даде само своето име, вели дека Париз претставува различни предизвици, вклучително и „сложеноста и густината на урбаната средина“. За време на претходните распоредувања во Сахел, војниците можеби имаа цел ден да пребаруваат село, но во Париз тие ќе пребаруваат огромни места со временско ограничување. Кон крајот на јануари, француската влада го намали бројот на толпата за церемонијата на отворање овој јули за половина од 600.000 на околу 300.000, поради безбедносни и организациски грижи. Има „многу фактори, многу играчи“, рече поручникот. Ме прави горд По потекло од Непал и пријавен во 2018 година, наредникот „Ганеш“ вели дека е свесен колку е важна улогата на легијата ова лето. „Олимпијадата уште повеќе ме мотивира“, вели поранешен студент од Луксембург, додавајќи дека „работата за Франција ме прави горд“. Патриотизмот не е услов за легијата, чие мото „Чест и верност“ ја става солидарноста меѓу браќата по оружје пред националното чувство. Има многу малку услови за оние кои сакаат да се приклучат: апликантите не смеат да имаат пресуди за тешки кривични дела како убиство или педофилија, да бидат подготвени за борба, спремни да служат пет години и да учат француски јазик. Од почетокот на војната во Украина, Белорусите и Русите повеќе не можат да се приклучат. Што се однесува до останатото, француската армија дава слобода за понекогаш карираното минато на нејзините легионери. „За многумина, одлуката да се приклучат на странската легија ја носат оние кои сакаат да започнат „втор или трет живот“, рече капетанот Ајмерик. „Она што ме интересира не е она што тие го правеле порано“, рече тој, „туку она што тие се подготвени да го направат за нас“.

The post Легија на странците ќе ги обезбедува Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>
Во Франција уапсено 18-годишно момче со чеченско потекло: Планирал напад на фудбалскиот стадион Сент Етјен за време на Олимписките игри https://republika.mk/vesti/svet/vo-frantsija-uapseno-18-godishno-momche-so-chechensko-poteklo-planiral-napad-na-fudbalskiot-stadion-sent-etjen-za-vreme-na-olimpiskite-igri/ Sat, 01 Jun 2024 10:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=783817

Како што јави Ројтерс, во Сент Етјен е уапсен 18-годишен маж со чеченско потекло, кој планирал напад на фудбалскиот стадион Сент Етјен за време на Олимписките игри.Информацијата ја потврди министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, а обвинителот за антитероризам рече дека осомничениот е ставен под официјална истрага на 26 мај.Властите не именуваа осомничен, но тој е обвинет за заговор со терористи и е во притвор.Во соопштението се вели дека планирал да го нападне стадионот Џефрој Гичард за време на олимписки фудбалски турнир и бил инспириран од идеологијата на Исламската држава.Тој, наводно, сакал да ги нападне гледачите и безбедносните сили и да умре како маченик.Тој планирал да ги нападне навивачите надвор од стадионот, бидејќи контролите би биле престроги и ригорозни за да се влезе внатре во стадионот.Уапсен е и неговиот малолетен брат, но подоцна е пуштен на слобода.Олимписките игри се закажани од 26 јули до 11 август, но фудбалскиот турнир започнува два дена порано и се одржува во седум различни градови.Еден од нив е стадионот во Сент Етјен, кој има капацитет од 41.965 гледачи.

The post Во Франција уапсено 18-годишно момче со чеченско потекло: Планирал напад на фудбалскиот стадион Сент Етјен за време на Олимписките игри appeared first on Република.

]]>

Како што јави Ројтерс, во Сент Етјен е уапсен 18-годишен маж со чеченско потекло, кој планирал напад на фудбалскиот стадион Сент Етјен за време на Олимписките игри.Информацијата ја потврди министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, а обвинителот за антитероризам рече дека осомничениот е ставен под официјална истрага на 26 мај.Властите не именуваа осомничен, но тој е обвинет за заговор со терористи и е во притвор.Во соопштението се вели дека планирал да го нападне стадионот Џефрој Гичард за време на олимписки фудбалски турнир и бил инспириран од идеологијата на Исламската држава.Тој, наводно, сакал да ги нападне гледачите и безбедносните сили и да умре како маченик.Тој планирал да ги нападне навивачите надвор од стадионот, бидејќи контролите би биле престроги и ригорозни за да се влезе внатре во стадионот.Уапсен е и неговиот малолетен брат, но подоцна е пуштен на слобода.Олимписките игри се закажани од 26 јули до 11 август, но фудбалскиот турнир започнува два дена порано и се одржува во седум различни градови.Еден од нив е стадионот во Сент Етјен, кој има капацитет од 41.965 гледачи.

The post Во Франција уапсено 18-годишно момче со чеченско потекло: Планирал напад на фудбалскиот стадион Сент Етјен за време на Олимписките игри appeared first on Република.

]]>
Георгиевски не успеа да избори пласман на ЛОИ во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/georgievski-ne-uspea-da-izbori-plasman-na-loi-vo-pariz/ Sat, 09 Mar 2024 15:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=753062

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024.

Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија.

Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес.

Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на ЛОИ во Токио пред три години.

На квалификациите во Софија утре ќе настапи македонската таеквондиста Милијана Релјиќ. Борбите почнуваат од 10 часот.

The post Георгиевски не успеа да избори пласман на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024. Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија. Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес. Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на ЛОИ во Токио пред три години. На квалификациите во Софија утре ќе настапи македонската таеквондиста Милијана Релјиќ. Борбите почнуваат од 10 часот.

The post Георгиевски не успеа да избори пласман на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>
Жените и спортот – изложба на фотографии од жени спортисти денес во Europe House-Крива Паланка https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zhenite-i-sportot-izlozhba-na-fotografii-od-zheni-sportisti-denes-vo-europe-house-kriva-palanka/ Fri, 08 Mar 2024 09:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=752561

Денес во Europe House-Крива Паланка, со почеток во 15:00 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии од жени спортисти со наслов Жените и спортот.

Во пресрет на овогодинешните Олимписки и Параолимписки игри во Париз, првите игри на коишто адекватно ќе биде застапена родовата еднаквост со ист број на машки и женски спортисти, амбасадата на Франција им приреди омаж на врвните спортистки од Македонија преку изложба на фотографии од жени спортисти.

 

Овие жени, преку нивните достигнувања и посветеност се синоним за трите олимписки вредности: извонредност, почит и пријателство!

The post Жените и спортот – изложба на фотографии од жени спортисти денес во Europe House-Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Денес во Europe House-Крива Паланка, со почеток во 15:00 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии од жени спортисти со наслов Жените и спортот. Во пресрет на овогодинешните Олимписки и Параолимписки игри во Париз, првите игри на коишто адекватно ќе биде застапена родовата еднаквост со ист број на машки и женски спортисти, амбасадата на Франција им приреди омаж на врвните спортистки од Македонија преку изложба на фотографии од жени спортисти.   Овие жени, преку нивните достигнувања и посветеност се синоним за трите олимписки вредности: извонредност, почит и пријателство!

The post Жените и спортот – изложба на фотографии од жени спортисти денес во Europe House-Крива Паланка appeared first on Република.

]]>