охридски маратон Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridski-maraton/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 06:15:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png охридски маратон Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridski-maraton/ 32 32 Претседателката им ги врачи пехарите на победниците на 37 Охридски пливачки маратон https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelkata-im-gi-vrachi-peharite-na-pobednitsite-na-37-ohridski-plivachki-maraton-soopshtenie/ Sat, 31 Aug 2024 18:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=811869

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон, чиј покровител е претседателот на државата.

Во машка конкуренција прв до целта стигна бразилецот Матеус Еванжелиста за 5 часа, 45 минути и 5 секунди, а французинката Каролин Жуис е победничка во женска конкуренција, која патеката „Климе Савин“ ја исплива за 5 часа 46 минути и 51 секунда.

Доделувајќи ги пехарите на годинашните победници на Охридскиот маратон, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до првопласираните пливачи и до сите останати натпреварувачи на маратонот, посакувајќи им добро здравје и уште многу натамошни спортски успеси.

Претходно, претседателката ја посети работилницата на средношколците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, која се одржува за времетраењето на Охридскиот пливачки маратон, на кејот на Охридското езеро.

Младите ја запознаа претседателката со нивните годинашни проектни активности со цел заштита на екосистемот и ендемските видови во Охридското Езеро и разменија мислење со неа за нивните креативни идеи и заложби во насока на преземање на итни мерки за заштита на животната средина и уникатниот екосистем на Охридското Езеро.

На годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон учествуваа деветнаесет пливачи од девет држави, единаесет во машка и осум во женска конкуренција.

The post Претседателката им ги врачи пехарите на победниците на 37 Охридски пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон, чиј покровител е претседателот на државата. Во машка конкуренција прв до целта стигна бразилецот Матеус Еванжелиста за 5 часа, 45 минути и 5 секунди, а французинката Каролин Жуис е победничка во женска конкуренција, која патеката „Климе Савин“ ја исплива за 5 часа 46 минути и 51 секунда. Доделувајќи ги пехарите на годинашните победници на Охридскиот маратон, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до првопласираните пливачи и до сите останати натпреварувачи на маратонот, посакувајќи им добро здравје и уште многу натамошни спортски успеси. Претходно, претседателката ја посети работилницата на средношколците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, која се одржува за времетраењето на Охридскиот пливачки маратон, на кејот на Охридското езеро. Младите ја запознаа претседателката со нивните годинашни проектни активности со цел заштита на екосистемот и ендемските видови во Охридското Езеро и разменија мислење со неа за нивните креативни идеи и заложби во насока на преземање на итни мерки за заштита на животната средина и уникатниот екосистем на Охридското Езеро. На годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон учествуваа деветнаесет пливачи од девет држави, единаесет во машка и осум во женска конкуренција.  

The post Претседателката им ги врачи пехарите на победниците на 37 Охридски пливачки маратон appeared first on Република.

]]>
Победник на Охридскиот маратон е Италијанецот Алесио Окипинти кој стигна на целта за 4:53:14 часа и го сруши рекордот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pobednik-na-ohridskiot-maraton-e-italijanetsot-alesio-okipinti-koj-stigna-na-tselta-za-4-53-14-chasa-i-go-srushi-rekordot/ Sat, 26 Aug 2023 13:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=676031

Италијанецот Алесио Окипинти е победник на овогодинешното 36-то издание на Охридскиот маратон, тој го сруши рекордот од 2013 година со време од 5 часа и 9 минути и постави ново најдобро време од 4:53:14 часа.

-Среќен сум што го срушив рекордот. Првпат сум тука, езерото е одлично. Се надевав и посакував победа, изјави Окипинти за МТВ.

Втор на целта пристигна минатогодишниот победник Аргентинецот Матијас Дијаз.

На градското пристаниште во Охрид се очекува пристигнувањето и на останатите учесници на маратонот.

Учество земаа 15 пливачи кои пливаат 25 километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид.

Наградниот фонд за маратонот изнесува 12 илјади евра.

The post Победник на Охридскиот маратон е Италијанецот Алесио Окипинти кој стигна на целта за 4:53:14 часа и го сруши рекордот appeared first on Република.

]]>

Италијанецот Алесио Окипинти е победник на овогодинешното 36-то издание на Охридскиот маратон, тој го сруши рекордот од 2013 година со време од 5 часа и 9 минути и постави ново најдобро време од 4:53:14 часа.
-Среќен сум што го срушив рекордот. Првпат сум тука, езерото е одлично. Се надевав и посакував победа, изјави Окипинти за МТВ.
Втор на целта пристигна минатогодишниот победник Аргентинецот Матијас Дијаз. На градското пристаниште во Охрид се очекува пристигнувањето и на останатите учесници на маратонот.
Учество земаа 15 пливачи кои пливаат 25 километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид. Наградниот фонд за маратонот изнесува 12 илјади евра.

The post Победник на Охридскиот маратон е Италијанецот Алесио Окипинти кој стигна на целта за 4:53:14 часа и го сруши рекордот appeared first on Република.

]]>
„Македонија вечна“, „Никогаш Cеверна“, „Илинден“: Еве како учесниците на работилницата на УНДП го пречекаа Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-vechna-nikogash-ceverna-ilinden-eve-kako-uchesnicite-na-rabotilnicata-na-undp-go-prechekaa-pendarovski/ Mon, 12 Sep 2022 13:13:15 +0000 https://republika.mk/?p=550042

Претседателот Стево Пендаровски и покрај тоа што јавно се откажа од покровителство на Охридскиот пливачки маратон, поканет или не, се појави на истиот. При тоа од неговиот кабинет тврдеа дека посетата била во својство на покровител на истиот, пишува „Њуз1.мк“.

Покрај тоа што Претседателот ги поздрави учесниците на маратонот, искористи да ги посети и децата кои беа дел од работичницата за екологија на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

На истата која се спроведе во градскиот парк на целта каде што пристигнуваа маратонците Претседателот се соочи со чудна случка. Имено групите во кои беа дечињата учесници на работилницата беа насловени: „Илинден“, „Македонија вечна“, „Рибари“, „Никогаш Cеверна само Македонија“ и „Лихнид“.

Како што пишува порталот, Пендаровски не искоментира колку бил задоволен од тоа што го виде, но јасна е пораката која дечињата му ја пренесоја на Претседателот.

Фото: Њуз1.мк

The post „Македонија вечна“, „Никогаш Cеверна“, „Илинден“: Еве како учесниците на работилницата на УНДП го пречекаа Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски и покрај тоа што јавно се откажа од покровителство на Охридскиот пливачки маратон, поканет или не, се појави на истиот. При тоа од неговиот кабинет тврдеа дека посетата била во својство на покровител на истиот, пишува „Њуз1.мк“. Покрај тоа што Претседателот ги поздрави учесниците на маратонот, искористи да ги посети и децата кои беа дел од работичницата за екологија на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). На истата која се спроведе во градскиот парк на целта каде што пристигнуваа маратонците Претседателот се соочи со чудна случка. Имено групите во кои беа дечињата учесници на работилницата беа насловени: „Илинден“, „Македонија вечна“, „Рибари“, „Никогаш Cеверна само Македонија“ и „Лихнид“. Како што пишува порталот, Пендаровски не искоментира колку бил задоволен од тоа што го виде, но јасна е пораката која дечињата му ја пренесоја на Претседателот. Фото: Њуз1.мк

The post „Македонија вечна“, „Никогаш Cеверна“, „Илинден“: Еве како учесниците на работилницата на УНДП го пречекаа Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Охрид се чуди што бара Пендаровски на Охридски маратон https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-ohrid-se-chudi-shto-bara-pendarovski-na-ohridski-maraton/ Sat, 10 Sep 2022 19:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=549579

Охридски пливачки маратон заврши, а ќе остане запишано како едно од најиеизвесните изданија. Прво претседателот на државата кој е покровител информираше дека поради блокирана сметка на пливачката федерација, оваа година маратонот нема да се одржи. Но, за изненадување на многумина тој денеска се појави во Охрид. Изненаден е и градоначалникот Кирил Пецаков.

„Од тоа што имав прилика кратко да разговарам со него, а и денеска тоа што го имаше објавено дека бил покровител не можам да разберам како пред четири недели напиша дека нема да се одржи маратонот, а сега бил покровител. Веројатно тоа е дел од неговиот пи-ар, а реалноста е сосема друга. Ова денес што се случува е заслуга на Општината, Агенцијата за млади и спорт и спонзори кои го сакаат градот“, изјави Пецаков за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Градоначалникот на Охрид Пецаков најави преземање на манифестацијата од Пливачката федерација.

„Презадоволен сум од тоа што и воопшто успеавме да го организираме маратонот. Наша цел како локална самоуправа е со преземањето на организацијата да направиме секоја следна година да имаме подобро издание и да биде манифестација со која цела држава ќе се гордее“, кажа градоначалникот Пецаков.

The post Градоначалникот на Охрид се чуди што бара Пендаровски на Охридски маратон appeared first on Република.

Мицкоски: Охридскиот маратон е сочуван и ќе продолжи да трае https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mickoski-ohridskiot-maraton-e-sochuvan-i-kje-prodolzi-da-trae/ Sat, 10 Sep 2022 16:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=549525

Кирил Пецаков ја одржа традицијата и покрај тоа што власта и Пендаровски направија сè за таа да престане, напиша Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Охридскиот маратон е сочуван и ќе продолжи да трае. Денес на мое задоволство, како и многубројни други добронамерници, присуствував на маратонот кој се одржа и ќе продолжи да се одржува.

The post Мицкоски: Охридскиот маратон е сочуван и ќе продолжи да трае appeared first on Република.

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес победник на 35 Охридски пливачки маратон https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/argentinecot-matijas-dijas-hernandes-pobednik-na-35-ohridski-plivachki-maraton/ Sat, 10 Sep 2022 15:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=549507

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до градското пристаниште.

Трката беше многу тешка, бидејќи водата беше студена и имаше бранови. Многу сум среќен што победив, изјави Хернандес.

Во конкуренција на седумина пливачи и една девојка второто место го освои Франческо Гетини од Италија, додека трет беше Македонецот Евгениј Поп Ацев.

Секој пат е тешко, долга е трката, на крај имаше бранови и беше тешко. Последниот час беше стварно тежок. Задоволен сум со второто место. Водата не беше многу студена, но сепак беше. Добра трка, многу сум среќен, рече Гетини по трката.

Покровител на маратонот е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.

The post Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес победник на 35 Охридски пливачки маратон appeared first on Република.

Лицемерие или лапсус: Откако го остави да пропадне, Пендароски се прогласи за покровител на маратонот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/licemerie-ili-lapsus-otkako-go-ostavi-da-propadne-pendaroski-se-proglasi-za-pokrovitel-na-maratonot/ Sat, 10 Sep 2022 10:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=549390

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство, пишува на официјалната страна на Претседателот.

За потсетување традиционално Охридскиот пливачки маратон се одржува околу 20 ти август, а годинава неколку денови пред тоа, Претседателот одби да биде покровител, под изговор дека  Пливачката федерација на Македонија има блокирана сметка, обидувајќи се да ја отфрли вината од себе.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/godinava-nema-ohridski-maraton-se-nemalo-pari-za-ovaa-tradicija/

Сметката на Федерацијата е блокирана повеќе од петнаесет години, а ниту една претходна, ниту сегашната власт, директор на АМС, премиер или претседател не презедоа никакви чекори да ја одблокираат и да се овозможи нејзино нормално функционирање, спортистите остануваат оштетени подолго од деценија, а институциите не покажаа никаква заинтересираност да се излезе во пресрет и конечно да се реши криминалната позадина поради која страда овој спорт.

По откажувањето на Претседателот Локалната самоуправа и градоначалникот Кирил Пецаков направија се да обезбедат средства за маратонот да продолжи. Истиот годинава се одржува само благодарение на заложбата на Пецаков и локалната самоуправа.

Инаку Охридскиот пливачки маратон кој се одржува традиционално секоја година уште од 1954 година, кој е дел од официјалните ФИНА маратони и е домаќин на многу светски пливачки ѕвезди, меѓу кои и нашите најдобри македонски маратонци кои многупати го имаат освојувано овој маратон.

The post Лицемерие или лапсус: Откако го остави да пропадне, Пендароски се прогласи за покровител на маратонот appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство, пишува на официјалната страна на Претседателот. За потсетување традиционално Охридскиот пливачки маратон се одржува околу 20 ти август, а годинава неколку денови пред тоа, Претседателот одби да биде покровител, под изговор дека  Пливачката федерација на Македонија има блокирана сметка, обидувајќи се да ја отфрли вината од себе. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/godinava-nema-ohridski-maraton-se-nemalo-pari-za-ovaa-tradicija/ Сметката на Федерацијата е блокирана повеќе од петнаесет години, а ниту една претходна, ниту сегашната власт, директор на АМС, премиер или претседател не презедоа никакви чекори да ја одблокираат и да се овозможи нејзино нормално функционирање, спортистите остануваат оштетени подолго од деценија, а институциите не покажаа никаква заинтересираност да се излезе во пресрет и конечно да се реши криминалната позадина поради која страда овој спорт. По откажувањето на Претседателот Локалната самоуправа и градоначалникот Кирил Пецаков направија се да обезбедат средства за маратонот да продолжи. Истиот годинава се одржува само благодарение на заложбата на Пецаков и локалната самоуправа. Инаку Охридскиот пливачки маратон кој се одржува традиционално секоја година уште од 1954 година, кој е дел од официјалните ФИНА маратони и е домаќин на многу светски пливачки ѕвезди, меѓу кои и нашите најдобри македонски маратонци кои многупати го имаат освојувано овој маратон.

The post Лицемерие или лапсус: Откако го остави да пропадне, Пендароски се прогласи за покровител на маратонот appeared first on Република.

]]>
Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 10 или 11 септември, АМС и Општината ќе обезбедат пари https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ohridskiot-plivachki-maraton-kje-se-odrzi-na-10-ili-11-septemvri-ams-i-opshtinata-kje-obezbedat-pari/ Fri, 19 Aug 2022 09:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=541937

Ќе има и ќе најдеме начин да го организираме Охридскиот пливачки маратон, порача градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Пецаков информира дека со помош на Агенцијата за млади и спорт, која ќе го покрие наградниот фонд од 10.000 евра, како и со помош од други спонзори, Охридскиот маратон сепак ќе се одржи.

Одржувањето на маратонот се планира за 10 или 11 септември, оти пливачите моментално се на Европско првенство во Италија по што следи уште еден маратон во Капри.

Охридскиот маратон не е само спортска манифестација тој е многу повеќе од тоа, тој е чувство вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи Охридски пливачки маратон ќе има, иако пред нас излегоа пречки. По вчерашниот координативен состанок на сите засегнати страни, откако заврши состанокот се донесоа следните заклучоци: Наградниот фонд ќе биде покриен од Агенцијата за млади и спорт, а за сите останати трошоци поврзани со одржувањето на маратонот, Советот на Општина Охрид ќе донесе одлука за доделување на два милиони денари од страна на Општината, изјави Пецаков.

Тој најави дека ги известиле пливачите за условите што ќе бидат обезбедени од нивна страна, но и за условите од самото пристигнување во Охрид и добиваат позитивни одговори.

Пецаков соопшти дека сè уште нема официјална бројка на пливачи кои ќе учествуваат, но дека засега се околу 20. Тој најави дека од следната година ќе биде овозможена уште поголема поддршка за овој настан и дека доколку заинтересираноста од спонзорите остане иста, маратонот ќе функционира без да зависи од државна или општинска поддршка.

Мојсовски рече дека ќе бара одговорност од сите и оти Финансиска полиција веќе е „влезена“’ во Пливачката федерација.

Веќе се бараат одговорности и за претходниот претседател Александар Маленко. Имало пријава од пред околу 15 дена од хотел „Метропол“ од минатата година, што не платил, истакна Мојсовски.

На новинарско прашање дали при вчерашната посетата на Струга и присуството на Струшкиот ракометен турнир на претседателот на државата Стево Пендаровски, побарал средба со него охридскиот градоначалник Пецаков даде негативен одговор.

Мојсовски од своја страна појасни дека шефот на државата присуствувал на турнирот во Струга на негова покана „за да разговараат за Охридскиот пливачки маратон“ и дека претседателот Пендаровски „застанува зад маратонот“.

Овие проблеми не се од сега и се од поодамна. Не знаеме колку точно е трошокот на овој маратон. Јас имав уште пред 10 дена средба со Пливачката федерација и тие истакнаа некои цифри, да кажам, извадени од ракав, порача Мојсовски.

Претходно, Кабинетот на претседателот соопшти дека донел одлука маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на шефот на државата, да не се одржи, а како причина за тоа беа наведени „блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство“.

Годинава се одбележува 60-годишниот јубилеј на Охридскиот маратон.

The post Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 10 или 11 септември, АМС и Општината ќе обезбедат пари appeared first on Република.

]]>

Ќе има и ќе најдеме начин да го организираме Охридскиот пливачки маратон, порача градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. Пецаков информира дека со помош на Агенцијата за млади и спорт, која ќе го покрие наградниот фонд од 10.000 евра, како и со помош од други спонзори, Охридскиот маратон сепак ќе се одржи. Одржувањето на маратонот се планира за 10 или 11 септември, оти пливачите моментално се на Европско првенство во Италија по што следи уште еден маратон во Капри.
Охридскиот маратон не е само спортска манифестација тој е многу повеќе од тоа, тој е чувство вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи Охридски пливачки маратон ќе има, иако пред нас излегоа пречки. По вчерашниот координативен состанок на сите засегнати страни, откако заврши состанокот се донесоа следните заклучоци: Наградниот фонд ќе биде покриен од Агенцијата за млади и спорт, а за сите останати трошоци поврзани со одржувањето на маратонот, Советот на Општина Охрид ќе донесе одлука за доделување на два милиони денари од страна на Општината, изјави Пецаков.
Тој најави дека ги известиле пливачите за условите што ќе бидат обезбедени од нивна страна, но и за условите од самото пристигнување во Охрид и добиваат позитивни одговори. Пецаков соопшти дека сè уште нема официјална бројка на пливачи кои ќе учествуваат, но дека засега се околу 20. Тој најави дека од следната година ќе биде овозможена уште поголема поддршка за овој настан и дека доколку заинтересираноста од спонзорите остане иста, маратонот ќе функционира без да зависи од државна или општинска поддршка. Мојсовски рече дека ќе бара одговорност од сите и оти Финансиска полиција веќе е „влезена“’ во Пливачката федерација.
Веќе се бараат одговорности и за претходниот претседател Александар Маленко. Имало пријава од пред околу 15 дена од хотел „Метропол“ од минатата година, што не платил, истакна Мојсовски.
На новинарско прашање дали при вчерашната посетата на Струга и присуството на Струшкиот ракометен турнир на претседателот на државата Стево Пендаровски, побарал средба со него охридскиот градоначалник Пецаков даде негативен одговор. Мојсовски од своја страна појасни дека шефот на државата присуствувал на турнирот во Струга на негова покана „за да разговараат за Охридскиот пливачки маратон“ и дека претседателот Пендаровски „застанува зад маратонот“.
Овие проблеми не се од сега и се од поодамна. Не знаеме колку точно е трошокот на овој маратон. Јас имав уште пред 10 дена средба со Пливачката федерација и тие истакнаа некои цифри, да кажам, извадени од ракав, порача Мојсовски.
Претходно, Кабинетот на претседателот соопшти дека донел одлука маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на шефот на државата, да не се одржи, а како причина за тоа беа наведени „блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство“. Годинава се одбележува 60-годишниот јубилеј на Охридскиот маратон.  

The post Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 10 или 11 септември, АМС и Општината ќе обезбедат пари appeared first on Република.

]]>
Маленко: Еден денар, еден долар, едно евро не се исплатени од државата https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/malenko-eden-denar-eden-dolar-edno-evro-ne-se-isplateni-od-drzavata/ Thu, 18 Aug 2022 10:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=541655

Поранешниот претседател на Пливачката федерација излезе со соопштение за последните случувања поврзани со неодржувањето на Охридскиот пливачки маратон. Тој укажува на пропустите во раководењето на актуелното раководство и на „сликањето“ на државниот врв како покровители во ситуација кога не се исплатени парични награди за учесниците.

Ви го пренесуваме обраќањето на Маленко

„Е сега вака, ќе одиме со ред (кратко и јасно) а документирано до запирка исклучиво на СУД (согласно закон и ред) во Македонија. Македонија со одлука на Влада од 1993 година како национален интерес го финансира Меѓународен Охридски Пливачки Маратон како дел од ФИНА светска серија за секоја календарска натпреварувачка сезона и генерален покровител е институција Претседател на држава.

 До 2018 година државата преку институции Агенција за Млади и Спорт (годишна програма на пливачка федерација за меѓународни активности и манифестации од национален интерес) добивала 1.200.000 денари за организација, а награден фонд беше обезбедуван од „Телеком“ дивиденда и Генерален Покровител – Претседател на Држава – 20.000 долари!!!

Од 2018 година до 2021 година беа организирани три Меѓународни традиционално Охридски пливачки Маратони во ФИНА светска серија – 25км (2018, 2019, 2021г) како и Олимписка Дисциплина ФИНА-светска серија и ЛЕН европски куп (2018, 2019, 2021г) и ФИНА супер финале 2021 година – 10 километри. За волја на вистината, еден денар – ЕДЕН ДЕНАР, ДОЛАР, ЕВРО НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ ниту од ДРЖАВА ниту од Генерален Покровител – Претседател на Држава за 2018, 2019, 2021 година на Пливачка Федерација (носител на лиценца за организација) а добиени се највисоки награди во историја на олимписки спорт и Македонија за техничка организација од ФИНА – 9 плакети и Лен – 3 плакети на Технички Организатор Пливачка Федерација и нејзино раководство период 2018-2021 година!!!

За волја на вистината, постојат видео и аудио материјал, постојат фотографии од дотичните претседатели на држава и нивни помошници, директори на Агенција за млади и спорт период 2018-2021 година кои присуствувале на доделување награди (без НИКАКОВ ФИНАНСИСКИ УДЕЛ ОБЛИГАТОРЕН ПО ЗАКОН).

За крај, најмалку е битно кој е раководство во федерација, туку битно е господа политичари и ваши полтрони во спортот да разберете дека со олимписки спорт и федерација не се игра, а најмалку се замајува јавност преку медиуми и ваши медиумски грачала за ефтини политички поени пред граѓани со лажни резултати и селски приредби кои си ги правите редовно со перење на државни и локални буџети за Ваш личен интерес, а во реалност-ДНО ДНА!!!

Од 2022 година ФИНА одлучи дека нема повеќе во светот никаде, светска серија на 25 километри маратони под ФИНА, а секоја држава и федерација може да си организира локална или било каква спортска пливачка манифестација без никаква официјална резултатска вредност!!!

Постои олимписка дисциплина – 10км далечинско пливање која е во официјална светска серија ФИНА и ЛЕН Европски Куп – 10км олимписка дисциплина. Бујрум, направете ако Ве бива официјален пливачки маратон, НИКОЈ НЕ ВЕ СПРЕЧУВА, ама за официјален да ви биде во Европа и светот, ќе треба да аплицирате за четиригодишен договор однапред, онака како Јас ставив потпис и спроведов докрај заедно со мој професионален тим, БЕЗ ВИЕ ДА ДАДЕТЕ ДЕНАР КАКО Е ПО ЗАКОН И ПРОГРАМА ОБЛИГАТОРНО, ама затоа сте на суд (до последен со име и презиме) и досега за сите клевети, лаги кон мене лично и неисплатени финансии од Ваша страна – 30.000.000 ден (ТРИЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ без КАМАТА) за пет години, имате две правосилни неспроведени пресуди и Ве чекаат во септември уште минимум две!!!

Ама Господ е еден и тој заедно со мене ќе Ви суди и во Лозана (Спортски Арбитражен Суд-ЦАС) а од таму нема бегање од пресуда и исплата до последен денар!

П.С… Лесно е да клеветиш по медиуми, бујрум со факти господа јавно на ТВ, да се соочиме пред нашите сограѓани,а Пливачки Маратони Јас со мој професионален тим професионално светски докажано спремам за 96 часа, каде сакате и кога сакате!!!

Ова го пишувам по лично убедување и почит од страна на Петар Јовановски мој спортски професионален колега и заслужен спортист на Македонија,како и на многумина јавни личности од секојдневниот живот,искрени љубители на врвен спорт и поддржувачи на врвен македонски олимписки спорт“.

The post Маленко: Еден денар, еден долар, едно евро не се исплатени од државата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Пливачката федерација излезе со соопштение за последните случувања поврзани со неодржувањето на Охридскиот пливачки маратон. Тој укажува на пропустите во раководењето на актуелното раководство и на „сликањето“ на државниот врв како покровители во ситуација кога не се исплатени парични награди за учесниците. Ви го пренесуваме обраќањето на Маленко „Е сега вака, ќе одиме со ред (кратко и јасно) а документирано до запирка исклучиво на СУД (согласно закон и ред) во Македонија. Македонија со одлука на Влада од 1993 година како национален интерес го финансира Меѓународен Охридски Пливачки Маратон како дел од ФИНА светска серија за секоја календарска натпреварувачка сезона и генерален покровител е институција Претседател на држава.
 До 2018 година државата преку институции Агенција за Млади и Спорт (годишна програма на пливачка федерација за меѓународни активности и манифестации од национален интерес) добивала 1.200.000 денари за организација, а награден фонд беше обезбедуван од „Телеком“ дивиденда и Генерален Покровител – Претседател на Држава – 20.000 долари!!!
Од 2018 година до 2021 година беа организирани три Меѓународни традиционално Охридски пливачки Маратони во ФИНА светска серија – 25км (2018, 2019, 2021г) како и Олимписка Дисциплина ФИНА-светска серија и ЛЕН европски куп (2018, 2019, 2021г) и ФИНА супер финале 2021 година – 10 километри. За волја на вистината, еден денар – ЕДЕН ДЕНАР, ДОЛАР, ЕВРО НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ ниту од ДРЖАВА ниту од Генерален Покровител – Претседател на Држава за 2018, 2019, 2021 година на Пливачка Федерација (носител на лиценца за организација) а добиени се највисоки награди во историја на олимписки спорт и Македонија за техничка организација од ФИНА – 9 плакети и Лен – 3 плакети на Технички Организатор Пливачка Федерација и нејзино раководство период 2018-2021 година!!! За волја на вистината, постојат видео и аудио материјал, постојат фотографии од дотичните претседатели на држава и нивни помошници, директори на Агенција за млади и спорт период 2018-2021 година кои присуствувале на доделување награди (без НИКАКОВ ФИНАНСИСКИ УДЕЛ ОБЛИГАТОРЕН ПО ЗАКОН). За крај, најмалку е битно кој е раководство во федерација, туку битно е господа политичари и ваши полтрони во спортот да разберете дека со олимписки спорт и федерација не се игра, а најмалку се замајува јавност преку медиуми и ваши медиумски грачала за ефтини политички поени пред граѓани со лажни резултати и селски приредби кои си ги правите редовно со перење на државни и локални буџети за Ваш личен интерес, а во реалност-ДНО ДНА!!! Од 2022 година ФИНА одлучи дека нема повеќе во светот никаде, светска серија на 25 километри маратони под ФИНА, а секоја држава и федерација може да си организира локална или било каква спортска пливачка манифестација без никаква официјална резултатска вредност!!! Постои олимписка дисциплина – 10км далечинско пливање која е во официјална светска серија ФИНА и ЛЕН Европски Куп – 10км олимписка дисциплина. Бујрум, направете ако Ве бива официјален пливачки маратон, НИКОЈ НЕ ВЕ СПРЕЧУВА, ама за официјален да ви биде во Европа и светот, ќе треба да аплицирате за четиригодишен договор однапред, онака како Јас ставив потпис и спроведов докрај заедно со мој професионален тим, БЕЗ ВИЕ ДА ДАДЕТЕ ДЕНАР КАКО Е ПО ЗАКОН И ПРОГРАМА ОБЛИГАТОРНО, ама затоа сте на суд (до последен со име и презиме) и досега за сите клевети, лаги кон мене лично и неисплатени финансии од Ваша страна – 30.000.000 ден (ТРИЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ без КАМАТА) за пет години, имате две правосилни неспроведени пресуди и Ве чекаат во септември уште минимум две!!! Ама Господ е еден и тој заедно со мене ќе Ви суди и во Лозана (Спортски Арбитражен Суд-ЦАС) а од таму нема бегање од пресуда и исплата до последен денар! П.С… Лесно е да клеветиш по медиуми, бујрум со факти господа јавно на ТВ, да се соочиме пред нашите сограѓани,а Пливачки Маратони Јас со мој професионален тим професионално светски докажано спремам за 96 часа, каде сакате и кога сакате!!! Ова го пишувам по лично убедување и почит од страна на Петар Јовановски мој спортски професионален колега и заслужен спортист на Македонија,како и на многумина јавни личности од секојдневниот живот,искрени љубители на врвен спорт и поддржувачи на врвен македонски олимписки спорт“.

The post Маленко: Еден денар, еден долар, едно евро не се исплатени од државата appeared first on Република.

]]>
Пецаков: Maратон годинава ќе има, од следната Општина Охрид ја презема организацијата https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pecakov-maraton-godinava-kje-ima-od-slednata-opshtina-ohrid-ja-prezema-organizacijata/ Thu, 18 Aug 2022 10:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=541646

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков на прес конференција објави дека најстарата спортска манифестација е спасена. Тој објасни дека Охридски маратон годинава сепак ќе има а од следната Општина Охрид ја презема организацијата.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ohridskiot-plivachki-maraton-prezivea-vojni-i-pandemii-no-ne-i-sdsm-i-pendarovski/

Маратон ќе има. Две или три години има неисплатен фонд кон пливачите.Начинот на водење на овој маратон од година во година се уништува.Тоа се гледа и во посетеноста. Ќе направиме се што е во наша моќ да го организираме маратонот а од следната година и да го организираме-изјави градоначалникот.

Ова доаѓа откако првиот човек на пливачката федерација Горан Стојановски и шефот на државата Стево Пендаровски кој досега беше покровител објавија дека маратон нема да има поради финансиски проблеми.

The post Пецаков: Maратон годинава ќе има, од следната Општина Охрид ја презема организацијата appeared first on Република.

]]>

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков на прес конференција објави дека најстарата спортска манифестација е спасена. Тој објасни дека Охридски маратон годинава сепак ќе има а од следната Општина Охрид ја презема организацијата. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ohridskiot-plivachki-maraton-prezivea-vojni-i-pandemii-no-ne-i-sdsm-i-pendarovski/
Маратон ќе има. Две или три години има неисплатен фонд кон пливачите.Начинот на водење на овој маратон од година во година се уништува.Тоа се гледа и во посетеноста. Ќе направиме се што е во наша моќ да го организираме маратонот а од следната година и да го организираме-изјави градоначалникот.
  Ова доаѓа откако првиот човек на пливачката федерација Горан Стојановски и шефот на државата Стево Пендаровски кој досега беше покровител објавија дека маратон нема да има поради финансиски проблеми.

The post Пецаков: Maратон годинава ќе има, од следната Општина Охрид ја презема организацијата appeared first on Република.

]]>
Охридскиот градоначалник ќе го спасува маратонот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ohridskiot-gradonachalnik-kje-go-spasuva-maratonot/ Thu, 18 Aug 2022 08:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=541607

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ќе одржи координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон.

Тој вчера, по објавувањето на одлуката за неодржување на најстарата пливачка манифестација во земјата, со 60-годишна традиција, на социјалнмата мрежа Фејсбук реагираше на одлуката на Националната пливачка федерација

– Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон, напиша Пецаков.

Според него, несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.

– Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи, кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер, стои во објавата на Пецаков.

Реакцијата на Пецаков беше по објавата на шефот на државата Стево Пендаровски за средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски на која, како што соопшти, разговарале за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план.

Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство

The post Охридскиот градоначалник ќе го спасува маратонот appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ќе одржи координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон. Тој вчера, по објавувањето на одлуката за неодржување на најстарата пливачка манифестација во земјата, со 60-годишна традиција, на социјалнмата мрежа Фејсбук реагираше на одлуката на Националната пливачка федерација – Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон, напиша Пецаков. Според него, несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.
– Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи, кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер, стои во објавата на Пецаков.
Реакцијата на Пецаков беше по објавата на шефот на државата Стево Пендаровски за средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски на која, како што соопшти, разговарале за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план. Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство

The post Охридскиот градоначалник ќе го спасува маратонот appeared first on Република.

]]>
Илинденскиот пливачки маратон по 43. пат во водите на Охридското Езеро https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ilindenskiot-plivachki-maraton-po-43-pat-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero/ Tue, 02 Aug 2022 08:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=535958

Во водите на Охридското Езеро денеска во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а под покровителство на Општина Охрид, по 43. пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон во должина од 2,5 километри, со старт на плажата „Горица“ и цел на Градското пристаниште.

Катерина Стојаноска од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ вчера на прес-конференција информираше дека за учество на маратонот се пријавени 44 пливачи, од кои 29 мажи и 15 жени.

– Натпреварувачите ќе бидат поделени во две категории. Првата категорија е до 16 години, а втората од 17 до 35 години. Стартот на првата трка е од 10 часот, додека на втората од 10 часот и 45 минути. За регуларноста на трката ќе бидат ангажирани десет судии, а за безбедноста ќе се грижи Црвениот крст – Охрид, истакна Стојаноска.

Локалната самоуправа, според градоначалникот Кирил Пецаков, години наназад го поддржува настанот и ќе продолжи и во иднина.

– Се надевам дека во наредните години кога ќе го добиеме и затворениот базен ќе учествуваме уште повеќе во градењето на вистински спортски личности, кои ќе постигнуваат врвни резултати во пливањето. Имајќи предвид дека Охрид е туристички град со езеро, треба да вложуваме токму во овој спорт, зошто праксата и минатото покажаа дека многу големи имиња излегоа од овој спорт и се надеваме дека во наредниот период со соодветна инфраструктура и соодветни вложувања како од локалната самоуправа, така и од приватните стопанственици ќе добиваме големи имиња во пливањето и ќе постигнуваме врвни резултати, рече Пецаков.

The post Илинденскиот пливачки маратон по 43. пат во водите на Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Во водите на Охридското Езеро денеска во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а под покровителство на Општина Охрид, по 43. пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон во должина од 2,5 километри, со старт на плажата „Горица“ и цел на Градското пристаниште. Катерина Стојаноска од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ вчера на прес-конференција информираше дека за учество на маратонот се пријавени 44 пливачи, од кои 29 мажи и 15 жени.