Поранешниот претседател на Пливачката федерација излезе со соопштение за последните случувања поврзани со неодржувањето на Охридскиот пливачки маратон. Тој укажува на пропустите во раководењето на актуелното раководство и на „сликањето“ на државниот врв како покровители во ситуација кога не се исплатени парични награди за учесниците.

Ви го пренесуваме обраќањето на Маленко

„Е сега вака, ќе одиме со ред (кратко и јасно) а документирано до запирка исклучиво на СУД (согласно закон и ред) во Македонија. Македонија со одлука на Влада од 1993 година како национален интерес го финансира Меѓународен Охридски Пливачки Маратон како дел од ФИНА светска серија за секоја календарска натпреварувачка сезона и генерален покровител е институција Претседател на држава.

 До 2018 година државата преку институции Агенција за Млади и Спорт (годишна програма на пливачка федерација за меѓународни активности и манифестации од национален интерес) добивала 1.200.000 денари за организација, а награден фонд беше обезбедуван од „Телеком“ дивиденда и Генерален Покровител – Претседател на Држава – 20.000 долари!!!

Од 2018 година до 2021 година беа организирани три Меѓународни традиционално Охридски пливачки Маратони во ФИНА светска серија – 25км (2018, 2019, 2021г) како и Олимписка Дисциплина ФИНА-светска серија и ЛЕН европски куп (2018, 2019, 2021г) и ФИНА супер финале 2021 година – 10 километри. За волја на вистината, еден денар – ЕДЕН ДЕНАР, ДОЛАР, ЕВРО НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ ниту од ДРЖАВА ниту од Генерален Покровител – Претседател на Држава за 2018, 2019, 2021 година на Пливачка Федерација (носител на лиценца за организација) а добиени се највисоки награди во историја на олимписки спорт и Македонија за техничка организација од ФИНА – 9 плакети и Лен – 3 плакети на Технички Организатор Пливачка Федерација и нејзино раководство период 2018-2021 година!!!

За волја на вистината, постојат видео и аудио материјал, постојат фотографии од дотичните претседатели на држава и нивни помошници, директори на Агенција за млади и спорт период 2018-2021 година кои присуствувале на доделување награди (без НИКАКОВ ФИНАНСИСКИ УДЕЛ ОБЛИГАТОРЕН ПО ЗАКОН).

За крај, најмалку е битно кој е раководство во федерација, туку битно е господа политичари и ваши полтрони во спортот да разберете дека со олимписки спорт и федерација не се игра, а најмалку се замајува јавност преку медиуми и ваши медиумски грачала за ефтини политички поени пред граѓани со лажни резултати и селски приредби кои си ги правите редовно со перење на државни и локални буџети за Ваш личен интерес, а во реалност-ДНО ДНА!!!

Од 2022 година ФИНА одлучи дека нема повеќе во светот никаде, светска серија на 25 километри маратони под ФИНА, а секоја држава и федерација може да си организира локална или било каква спортска пливачка манифестација без никаква официјална резултатска вредност!!!

Постои олимписка дисциплина – 10км далечинско пливање која е во официјална светска серија ФИНА и ЛЕН Европски Куп – 10км олимписка дисциплина. Бујрум, направете ако Ве бива официјален пливачки маратон, НИКОЈ НЕ ВЕ СПРЕЧУВА, ама за официјален да ви биде во Европа и светот, ќе треба да аплицирате за четиригодишен договор однапред, онака како Јас ставив потпис и спроведов докрај заедно со мој професионален тим, БЕЗ ВИЕ ДА ДАДЕТЕ ДЕНАР КАКО Е ПО ЗАКОН И ПРОГРАМА ОБЛИГАТОРНО, ама затоа сте на суд (до последен со име и презиме) и досега за сите клевети, лаги кон мене лично и неисплатени финансии од Ваша страна – 30.000.000 ден (ТРИЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ без КАМАТА) за пет години, имате две правосилни неспроведени пресуди и Ве чекаат во септември уште минимум две!!!

Ама Господ е еден и тој заедно со мене ќе Ви суди и во Лозана (Спортски Арбитражен Суд-ЦАС) а од таму нема бегање од пресуда и исплата до последен денар!

П.С… Лесно е да клеветиш по медиуми, бујрум со факти господа јавно на ТВ, да се соочиме пред нашите сограѓани,а Пливачки Маратони Јас со мој професионален тим професионално светски докажано спремам за 96 часа, каде сакате и кога сакате!!!

Ова го пишувам по лично убедување и почит од страна на Петар Јовановски мој спортски професионален колега и заслужен спортист на Македонија,како и на многумина јавни личности од секојдневниот живот,искрени љубители на врвен спорт и поддржувачи на врвен македонски олимписки спорт“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.