одбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/odbrana/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 10:33:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/odbrana/ 32 32 МО: Модернизацијата на Армијата тече согласно плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker https://republika.mk/vesti/makedonija/mo-modernizatsijata-na-armijata-teche-soglasno-planovite-podgotovki-za-priem-na-prvite-oklopni-vozila-od-tipot-stryker/ Fri, 08 Nov 2024 10:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=835459

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.

На брифингот , како што соопшти Министерството за одбрана, присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година, информираат од Министерството за одбрана.

На овој брифинг му претходела еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4та Бригада за асистенција во безбедноста од САД.

The post МО: Модернизацијата на Армијата тече согласно плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. На брифингот , како што соопшти Министерството за одбрана, присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година, информираат од Министерството за одбрана. На овој брифинг му претходела еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4та Бригада за асистенција во безбедноста од САД.

The post МО: Модернизацијата на Армијата тече согласно плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-nad-dva-protsenti-od-budhetot-za-odbranata-dogodina-ke-davam-maksimalen-pridones-za-podobruvane-na-site-uslovi-vo-armijata/ Tue, 05 Nov 2024 13:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=834381

Министерството за одбрана ги следи сите безбедносни предизвици што постојат, а како членка на НАТО важно е и да соработуваме со сите наши партнери и да ја модернизираме Армијата за што годинава ќе бидат издвоени повеќе од 2 отсто од буџетот. Со исполнување на нашиот повеќегодишен стремеж за членство во ЕУ, ќе се подобри и колективната безбедност. Владата денеска на затворена седница ќе одлучува и за нов пакет помош за Украина.

Ова го изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски на конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.

Ќе продолжиме да помагаме, затоа сме пријатели. Со ова не завршува на помошта, ќе продолжиме и во наредниот период се разбира се она што ние можеме да помогнеме, но она што ни треба нам да го задржиме. Како четврта земја по контрибуција во НАТО мора да продолжиме да помагаме но мора да гледаме да ја модернизираме нашата Армија. Тоа е една од нашите обврски како земја членка во НАТО, односно да ја развиваме лесната пешадиска баталјонска група. Следната година не очекуваат многу проекти, да завршиме огромни договори, како за лесни оклопни возила со САД. Тоа е еден од подобрите проекти за кој треба да се одвојат сериозни средства од буџетот. Тоа се ЏЛТВ возилата и страјкерите, кои дел се пристигнати а следната година ќе пристигнат сите, и ќе бидат голем придонес за Армијата. Исто така, имаме повеќе договори за ПВО, за хаубици што навистина ќе помогнат во модернизација на Армијата. Тоа е многу важно бидејќи ние имаме обврска кон НАТО како земја членка да постигнеме и квалитативни, но и квантитативни цели што ни се зададени постојано да ги исполнуваме. Но, сето ова е поврзано со буџет, драго ми е што за следната година буџетот ќе биде над 2 проценти, што е многу важно за одбраната - рече Мисајловски.

Тој нагласи дела ова се сериозни вложувања во делот на модернизација, но и во делот на подобрување на човечките ресурси и изрази задоволство што првпат се случува да се исплаќаат сите обврски по Колективниот договор за да се подобри духот во армијата, една од институциите која, вели, ужива најголем углед во државата.

На крајот на денот се зависи од тоа колку имате успешна Армија која сака да ги извршува постојано целите. Затоа сме мала Армија но сме големи во срцето, помагаме колку што можеме но ни треба поддршката и од нашите пријателите…Армијата е прва на браникот на државата. Ние ќе продолжиме да инвестираме максимално, јас додека сум министер за одбрана ќе давам максимален придонес како да ги подобрам сите услови во Армијата. Она што е најважно е да имаме што повеќе пријатели и да имаме што подобар однос со сите членки на ЕУ оти колективната безбедност во Европа е поврзана и со нашата безбеднност тука во земјата - вели министерот за одбрана.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер истакна дека она што ја прави Алијансата силна е единството, а за тоа сведочат успесите што сме ги постигнале. Во контекст на војната во Украина, која ги потресе сите, посочи дека таа е и тест за солидарноста на Алијансата.

Ние сме свесни дека ова не е само војна против Украина, туку тест за нашата солидарност, нашето пријателство и довербата. Довербата е еден од најважните елементи што ги имаме и што треба да ги одржуваме во рамките на нашето единство. Дали држењето на Западен Балкан надвор од ЕУ ја поткопува довербата, тоа е она што ние како членки на ЕУ и членки на НАТО Алијансата токму на тоа се фокусираме, значи врз градење на доверба, одржување на довербата меѓу нас и обезбедување обидите да се поткопа нашата Алијанса со создавање недоверба да не бидат успешни - вели амбасадорката Дрекслер.

Професорот Јоанис Армаколас и директор на ЕЛИАМЕП, меѓу другото го нагласи значењето на довербата од регионов кон ЕУ. Порано вели имаше поголема доверба од страна на општествата од ЗБ во ЕУ, доверба која се намалувала и се намали во последниве 20 години, а има, вели и многу актери кои имаат автономни политики кои се во контраст на западните. Според него, потребна е одредена кохезија која порано се сметаше дека ни е така дадена, а која нема веќе такви основи.

Има се повеќе земји кои ги спорат не само дома демократските правила и правилата врз кои е изградена ЕУ, но ја оспоруваат и надворешната политика и приоритетите на надворешната политика. Всушност ние ќе гледаме се повеќе унгарии, се повеќе внaтрешни поделби и внатрешна опозиција на овие стандарди на овој начин на владеење. Во рамките на ЕУ ќе видиме дури можеби и одредени влијанија во насока на јакнење на овие сили кои ги оспоруваат овие принципи на меѓународната политика во кои верувавме во 90-те години. Се согласувам дека влегуваме сега во еден период во кој ние не само што имаме многу предизвици кон западните сили, туку и од внатре. Дали треба да се откажеме, не, ние сме во процес на одбрана на нашите демократијата во ЕУ, ја прошириме ЕУ и НАТО и треба да осигуриме да ги зајакнеме демократиите и нашата способност да одговориме како запад, како ЕУ како НАТО на меѓународните преидзвици. Ако ме прашате мене Унгарија во последниве неколку години има повеќе конзистентна политика кон ЗБ. Самата ЕУ е полна со страв да не дава доволно пари на масата, да воспосатави политики, да се спречат тензии меѓу ЕУ и државите од ЗБ. Унгарија сега тоа го прави вешто и добро и мислам дека ние треба исто така да учиме и од оние кои се против демократските принципи и поолитиките на ЕУ во регионот - рече Армаколас.

Во контекст на безбедносната состојба, министерот Мисајловски посочи дека таа е стабилна и на највисоко ниво но секогаш треба да бидеме подготвени на опасноста од радикалните структури, како и на евентуални мигрантски бранови поради случувањата на Блискиот исток. Во тој контекст, рече, важна е размената на безбедносните и разузнавачките информации со партнерите од НАТО.

На настанот беше истакнато и значењето на изборите кои се случуваат денеска во САД, еден од најважните членови на НАТО и дека кохезијата и спремноста на НАТО не може да се одржува без САД. Токму затоа исходот од изборите во САД ќе бидат значајни и ќе имаат свој ефект врз иднината на НАТО како оргазниазција. Кој ќе влезе во Белата куќа следниве години треба да биде свесен за оваа одговорност не само за земјата, туку и за Европа и за сојузните во НАТО.

На конференцијата видео обраќање имаше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а присуствуваа високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот.

Конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“ ја организира Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, и со поддршка на сестринската фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс.

The post Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана ги следи сите безбедносни предизвици што постојат, а како членка на НАТО важно е и да соработуваме со сите наши партнери и да ја модернизираме Армијата за што годинава ќе бидат издвоени повеќе од 2 отсто од буџетот. Со исполнување на нашиот повеќегодишен стремеж за членство во ЕУ, ќе се подобри и колективната безбедност. Владата денеска на затворена седница ќе одлучува и за нов пакет помош за Украина. Ова го изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски на конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.
Ќе продолжиме да помагаме, затоа сме пријатели. Со ова не завршува на помошта, ќе продолжиме и во наредниот период се разбира се она што ние можеме да помогнеме, но она што ни треба нам да го задржиме. Како четврта земја по контрибуција во НАТО мора да продолжиме да помагаме но мора да гледаме да ја модернизираме нашата Армија. Тоа е една од нашите обврски како земја членка во НАТО, односно да ја развиваме лесната пешадиска баталјонска група. Следната година не очекуваат многу проекти, да завршиме огромни договори, како за лесни оклопни возила со САД. Тоа е еден од подобрите проекти за кој треба да се одвојат сериозни средства од буџетот. Тоа се ЏЛТВ возилата и страјкерите, кои дел се пристигнати а следната година ќе пристигнат сите, и ќе бидат голем придонес за Армијата. Исто така, имаме повеќе договори за ПВО, за хаубици што навистина ќе помогнат во модернизација на Армијата. Тоа е многу важно бидејќи ние имаме обврска кон НАТО како земја членка да постигнеме и квалитативни, но и квантитативни цели што ни се зададени постојано да ги исполнуваме. Но, сето ова е поврзано со буџет, драго ми е што за следната година буџетот ќе биде над 2 проценти, што е многу важно за одбраната - рече Мисајловски.
Тој нагласи дела ова се сериозни вложувања во делот на модернизација, но и во делот на подобрување на човечките ресурси и изрази задоволство што првпат се случува да се исплаќаат сите обврски по Колективниот договор за да се подобри духот во армијата, една од институциите која, вели, ужива најголем углед во државата.
На крајот на денот се зависи од тоа колку имате успешна Армија која сака да ги извршува постојано целите. Затоа сме мала Армија но сме големи во срцето, помагаме колку што можеме но ни треба поддршката и од нашите пријателите…Армијата е прва на браникот на државата. Ние ќе продолжиме да инвестираме максимално, јас додека сум министер за одбрана ќе давам максимален придонес како да ги подобрам сите услови во Армијата. Она што е најважно е да имаме што повеќе пријатели и да имаме што подобар однос со сите членки на ЕУ оти колективната безбедност во Европа е поврзана и со нашата безбеднност тука во земјата - вели министерот за одбрана.
Германската амбасадорка Петра Дрекслер истакна дека она што ја прави Алијансата силна е единството, а за тоа сведочат успесите што сме ги постигнале. Во контекст на војната во Украина, која ги потресе сите, посочи дека таа е и тест за солидарноста на Алијансата.
Ние сме свесни дека ова не е само војна против Украина, туку тест за нашата солидарност, нашето пријателство и довербата. Довербата е еден од најважните елементи што ги имаме и што треба да ги одржуваме во рамките на нашето единство. Дали држењето на Западен Балкан надвор од ЕУ ја поткопува довербата, тоа е она што ние како членки на ЕУ и членки на НАТО Алијансата токму на тоа се фокусираме, значи врз градење на доверба, одржување на довербата меѓу нас и обезбедување обидите да се поткопа нашата Алијанса со создавање недоверба да не бидат успешни - вели амбасадорката Дрекслер.
Професорот Јоанис Армаколас и директор на ЕЛИАМЕП, меѓу другото го нагласи значењето на довербата од регионов кон ЕУ. Порано вели имаше поголема доверба од страна на општествата од ЗБ во ЕУ, доверба која се намалувала и се намали во последниве 20 години, а има, вели и многу актери кои имаат автономни политики кои се во контраст на западните. Според него, потребна е одредена кохезија која порано се сметаше дека ни е така дадена, а која нема веќе такви основи.
Има се повеќе земји кои ги спорат не само дома демократските правила и правилата врз кои е изградена ЕУ, но ја оспоруваат и надворешната политика и приоритетите на надворешната политика. Всушност ние ќе гледаме се повеќе унгарии, се повеќе внaтрешни поделби и внатрешна опозиција на овие стандарди на овој начин на владеење. Во рамките на ЕУ ќе видиме дури можеби и одредени влијанија во насока на јакнење на овие сили кои ги оспоруваат овие принципи на меѓународната политика во кои верувавме во 90-те години. Се согласувам дека влегуваме сега во еден период во кој ние не само што имаме многу предизвици кон западните сили, туку и од внатре. Дали треба да се откажеме, не, ние сме во процес на одбрана на нашите демократијата во ЕУ, ја прошириме ЕУ и НАТО и треба да осигуриме да ги зајакнеме демократиите и нашата способност да одговориме како запад, како ЕУ како НАТО на меѓународните преидзвици. Ако ме прашате мене Унгарија во последниве неколку години има повеќе конзистентна политика кон ЗБ. Самата ЕУ е полна со страв да не дава доволно пари на масата, да воспосатави политики, да се спречат тензии меѓу ЕУ и државите од ЗБ. Унгарија сега тоа го прави вешто и добро и мислам дека ние треба исто така да учиме и од оние кои се против демократските принципи и поолитиките на ЕУ во регионот - рече Армаколас.
Во контекст на безбедносната состојба, министерот Мисајловски посочи дека таа е стабилна и на највисоко ниво но секогаш треба да бидеме подготвени на опасноста од радикалните структури, како и на евентуални мигрантски бранови поради случувањата на Блискиот исток. Во тој контекст, рече, важна е размената на безбедносните и разузнавачките информации со партнерите од НАТО. На настанот беше истакнато и значењето на изборите кои се случуваат денеска во САД, еден од најважните членови на НАТО и дека кохезијата и спремноста на НАТО не може да се одржува без САД. Токму затоа исходот од изборите во САД ќе бидат значајни и ќе имаат свој ефект врз иднината на НАТО како оргазниазција. Кој ќе влезе во Белата куќа следниве години треба да биде свесен за оваа одговорност не само за земјата, туку и за Европа и за сојузните во НАТО. На конференцијата видео обраќање имаше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а присуствуваа високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот. Конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“ ја организира Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, и со поддршка на сестринската фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс.

The post Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата appeared first on Република.

]]>
Мисајловски во посета на специјалната единица „Волци“: Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија! https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-vo-poseta-na-spetsijalnata-edinitsa-voltsi-nashi-chuvari-na-mirot-olitsetvorenie-na-hrabrost-i-posvetenost-vo-sluzhbata-znachajni-za-armijata-i-za-graganite-na-makedonija/ Wed, 03 Jul 2024 11:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=793073

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска го посети Баталјонот на специјални сили – најелитната единица на Армијата.

Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија, објави Мисајловски на Фејсбук.

Тој им се заблагодари на припадниците за нивната служба и непоколеблива посветеност.

Вие сте инспирација и херои на нашата нација, им порача министерот.

The post Мисајловски во посета на специјалната единица „Волци“: Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија! appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска го посети Баталјонот на специјални сили – најелитната единица на Армијата.
Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија, објави Мисајловски на Фејсбук.
Тој им се заблагодари на припадниците за нивната служба и непоколеблива посветеност.
Вие сте инспирација и херои на нашата нација, им порача министерот.

The post Мисајловски во посета на специјалната единица „Волци“: Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија! appeared first on Република.

]]>
За одбрана од буџетот ќе потрошиме 263 милиони евра, повеќе од побогати членки на НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/za-odbrana-od-budhetot-ke-potroshime-263-milioni-evra-poveke-od-pobogati-chlenki-na-nato/ Tue, 18 Jun 2024 11:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=788747

Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки.

Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, на сојузниците или на Алијансата. Во расходите за одбрана, меѓу останатите, се вклучени и трошоците за други сили финансирани преку буџетите на други министерства, покрај оние од Министерството за одбрана, како и средствата директно исплатени од државата за пензии на воените лица и цивилите што биле вработени во воените структури, за мировни и хуманитарни операции, за уништување на оружје, опрема и муниција и за истражување и развој.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, вкупните трошоци за одбраната на членките на НАТО за 2024 година се предвидени на ниво од 1.185 милијарди долари, што претставува зголемување за 10,85 отсто во споредба со ланските 1.069 милијарди долари.

Според Извештајот, вкупно 23 од 32-те членки на НАТО во 2024 година го достигнале договореното ниво на трошоци за одбраната од два отсто од националниот БДП, што е повеќе од двојно во споредба со лани, кога оваа цел ја оствариле само 10 сојузници.

Земјава со издвоени средства за одбраната од 2,22 отсто е на 11-то место според висината на стапката на средствата од БДП. „Шампион“ во оваа класификација е Полска со 4,12 проценти од БДП, пред Естонија со 3,43, САД со 3,38 и Летонија со 3,15 отсто. Натаму до десеттото место следуваат Грција со 3,08 проценти од БДП, Литванија со 2,85, Финска со 2,41, Данска со 2,37, Велика Британија со 2,33 и Романија со 2,25 отсто.

По земјава, на 12-то место е Норвешка со трошоци за одбраната од 2,20 отсто од БДП, пред Бугарија со 2,18, Шведска со 2,14, Германија со 2,12, Унгарија со 2,11, Чешка со 2,10, Турција со 2,09, Франција со 2,06, Холандија со 2,05, Албанија со 2,03, Црна Гора со 2,02 и Словачка со два отсто, како последна, 23-та, земја сојузничка која го достигнала прагот од два проценти.

Под прагот и натаму остануваат Хрватска со 1,81 отсто, Португалија со 1,55, Италија со 1,49, Канада со 1,37, Белгија со 1,30, Луксембург и Словенија со по 1,29 и на последното место е Шпанија со 1,28 проценти од БДП издвоени за одбранбени трошоци.

Земјава за трошоци за набавка на опрема за 2024 година предвидела 29,3 отсто од вкупните средства издвоени за одбраната, со што го надминува утврдениот праг на НАТО од 20 проценти. Најголема стапка за опрема од вкупните трошоци предвидела Полска од 51,1 отсто, пред Унгарија со 47,8, Албанија со 47,7, Финска со 45,8 и Луксембург со 43,7 проценти. Сите останати земји се под 40 отсто.

На самото дно се Белгија со 15,2 и Канада со 18,6, кои воедно се и единствените членки на НАТО што не го достигнале утврдениот праг од 20 отсто од вкупните средства за одбрана за трошоци за опрема. Пред нив се Литванија со 21,2, Португалија со 21,9 и Италија со 22,1 отсто.

Од вкупните трошоци на Македонија за одбраната најголем процент или 43,9 отсто се наменети за плати на воениот персонал, по што следуваат 29,3 проценти за набавка на опрема, истражување и развој, 23 отсто за операции и одржување и други расходи и 3,8 проценти за инфраструктура. Сличен сооднос на распределбата на средствата има кај повеќето членки на НАТО, со исклучок на Португалија, Бугарија, Хрватска и Белгија каде над 50 проценти од трошоците се наменети за воениот персонал, Полска, Унгарија, Финска и Луксембург каде над 40 отсто се за опрема, истражување и развој и Шведска, САД и Данска кои над 40 отсто од средствата ги предвиделе за операции и одржување.

Во периодот 2014-2024 година, земјава бележи раст на трошоците за одбрана за 148,87 отсто од 106 милиони долари во 2014 на 263 милиони долари годинава. Во 2014 година трошоците за одбрана изнесувале 1,09 отсто од БДП, за сега да достигнат до 2,22 проценти.

Најголем раст на трошоците во изминатава деценија има Литванија од 324,45 отсто, пред Летонија со 316,36, Унгарија од 225 и Полска од 213,66 проценти. Од друга страна, најмал раст на одбранбените трошоци во периодот 2014-2024 имаат САД од 14,34 проценти, пред Велика Британија од 22,64, Франција од 25,63 и Хрватска од 37,5 отсто.

Сепак, иако имаат најниски стапки на раст на одвоените средства за одбрана, САД и Велика Британија се двете членки на НАТО со номинално највисоки одбранбени трошоци за 2024 година од 754,684, односно 75,277 милијарди долари, пред Германија со 76,943 и Франција со 55,195 милијарди долари. Најмалку средства за одбраната пак ќе потрошат Црна Гора и тоа 107 милиони долари, пред Македонија 263, Албанија 309, Луксембург 626 и Словенија 718 милиони долари.

Податоците во извештајот се базираат на информациите што министерствата за одбрана на секоја земја членка ги доставуваат до НАТО според договорена дефиниција, како и врз основа на економски и демографски показатели на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија (ДГ ЕЦФИН) и на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во извештајот се посочува и дека со оглед на разликите помеѓу овие извори и националните прогнози за БДП, како и дефиницијата на одбранбените трошоци на НАТО и националните дефиниции, можно е изнесените бројки да се разликуваат од оние објавени од националните власти или наведени во државните буџети

The post За одбрана од буџетот ќе потрошиме 263 милиони евра, повеќе од побогати членки на НАТО appeared first on Република.

]]>

Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки. Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, на сојузниците или на Алијансата. Во расходите за одбрана, меѓу останатите, се вклучени и трошоците за други сили финансирани преку буџетите на други министерства, покрај оние од Министерството за одбрана, како и средствата директно исплатени од државата за пензии на воените лица и цивилите што биле вработени во воените структури, за мировни и хуманитарни операции, за уништување на оружје, опрема и муниција и за истражување и развој. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, вкупните трошоци за одбраната на членките на НАТО за 2024 година се предвидени на ниво од 1.185 милијарди долари, што претставува зголемување за 10,85 отсто во споредба со ланските 1.069 милијарди долари. Според Извештајот, вкупно 23 од 32-те членки на НАТО во 2024 година го достигнале договореното ниво на трошоци за одбраната од два отсто од националниот БДП, што е повеќе од двојно во споредба со лани, кога оваа цел ја оствариле само 10 сојузници. Земјава со издвоени средства за одбраната од 2,22 отсто е на 11-то место според висината на стапката на средствата од БДП. „Шампион“ во оваа класификација е Полска со 4,12 проценти од БДП, пред Естонија со 3,43, САД со 3,38 и Летонија со 3,15 отсто. Натаму до десеттото место следуваат Грција со 3,08 проценти од БДП, Литванија со 2,85, Финска со 2,41, Данска со 2,37, Велика Британија со 2,33 и Романија со 2,25 отсто. По земјава, на 12-то место е Норвешка со трошоци за одбраната од 2,20 отсто од БДП, пред Бугарија со 2,18, Шведска со 2,14, Германија со 2,12, Унгарија со 2,11, Чешка со 2,10, Турција со 2,09, Франција со 2,06, Холандија со 2,05, Албанија со 2,03, Црна Гора со 2,02 и Словачка со два отсто, како последна, 23-та, земја сојузничка која го достигнала прагот од два проценти. Под прагот и натаму остануваат Хрватска со 1,81 отсто, Португалија со 1,55, Италија со 1,49, Канада со 1,37, Белгија со 1,30, Луксембург и Словенија со по 1,29 и на последното место е Шпанија со 1,28 проценти од БДП издвоени за одбранбени трошоци. Земјава за трошоци за набавка на опрема за 2024 година предвидела 29,3 отсто од вкупните средства издвоени за одбраната, со што го надминува утврдениот праг на НАТО од 20 проценти. Најголема стапка за опрема од вкупните трошоци предвидела Полска од 51,1 отсто, пред Унгарија со 47,8, Албанија со 47,7, Финска со 45,8 и Луксембург со 43,7 проценти. Сите останати земји се под 40 отсто. На самото дно се Белгија со 15,2 и Канада со 18,6, кои воедно се и единствените членки на НАТО што не го достигнале утврдениот праг од 20 отсто од вкупните средства за одбрана за трошоци за опрема. Пред нив се Литванија со 21,2, Португалија со 21,9 и Италија со 22,1 отсто. Од вкупните трошоци на Македонија за одбраната најголем процент или 43,9 отсто се наменети за плати на воениот персонал, по што следуваат 29,3 проценти за набавка на опрема, истражување и развој, 23 отсто за операции и одржување и други расходи и 3,8 проценти за инфраструктура. Сличен сооднос на распределбата на средствата има кај повеќето членки на НАТО, со исклучок на Португалија, Бугарија, Хрватска и Белгија каде над 50 проценти од трошоците се наменети за воениот персонал, Полска, Унгарија, Финска и Луксембург каде над 40 отсто се за опрема, истражување и развој и Шведска, САД и Данска кои над 40 отсто од средствата ги предвиделе за операции и одржување. Во периодот 2014-2024 година, земјава бележи раст на трошоците за одбрана за 148,87 отсто од 106 милиони долари во 2014 на 263 милиони долари годинава. Во 2014 година трошоците за одбрана изнесувале 1,09 отсто од БДП, за сега да достигнат до 2,22 проценти. Најголем раст на трошоците во изминатава деценија има Литванија од 324,45 отсто, пред Летонија со 316,36, Унгарија од 225 и Полска од 213,66 проценти. Од друга страна, најмал раст на одбранбените трошоци во периодот 2014-2024 имаат САД од 14,34 проценти, пред Велика Британија од 22,64, Франција од 25,63 и Хрватска од 37,5 отсто. Сепак, иако имаат најниски стапки на раст на одвоените средства за одбрана, САД и Велика Британија се двете членки на НАТО со номинално највисоки одбранбени трошоци за 2024 година од 754,684, односно 75,277 милијарди долари, пред Германија со 76,943 и Франција со 55,195 милијарди долари. Најмалку средства за одбраната пак ќе потрошат Црна Гора и тоа 107 милиони долари, пред Македонија 263, Албанија 309, Луксембург 626 и Словенија 718 милиони долари. Податоците во извештајот се базираат на информациите што министерствата за одбрана на секоја земја членка ги доставуваат до НАТО според договорена дефиниција, како и врз основа на економски и демографски показатели на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија (ДГ ЕЦФИН) и на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во извештајот се посочува и дека со оглед на разликите помеѓу овие извори и националните прогнози за БДП, како и дефиницијата на одбранбените трошоци на НАТО и националните дефиниции, можно е изнесените бројки да се разликуваат од оние објавени од националните власти или наведени во државните буџети

The post За одбрана од буџетот ќе потрошиме 263 милиони евра, повеќе од побогати членки на НАТО appeared first on Република.

]]>
Се случува косовизација на Грција https://republika.mk/vesti/balkan/se-sluchuva-kosovizatsija-na-grtsija/ Tue, 14 May 2024 09:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=777887

Грчкиот портал „Одбрана“ (militaire.gr) по средбата меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оцени дека малкумина знаат кон каква национална катастрофа се движи земјата.

Во авторскиот текст „Косовизација на Грција и отоманскиот чај во Анкара“ на Панајотис Павлос, се посочува дека Албин Курти е поддржан од известувачот на Советот на Европа, Гркинка и сестра на грчкиот премиер, Дора Бакојани.

Авторот наведува дека посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Атина е без преседан во историјата на билатералните односи меѓу балканските земји, како и дека автобусите полни со Косовци и Албанци од Албанија биле организирани од Канцеларијата за врски во Приштина во Атина.

https://republika.mk/vesti/balkan/albantsi-koi-tsel-zhivot-zhiveat-i-se-shkoluvaat-vo-grtsija-letaat-orli-srede-atina/

Грчката влада изминативе денови неколку пати повтори дека посетата на Рама на Атина е приватна и нема официјален карактер.

The post Се случува косовизација на Грција appeared first on Република.

]]>

Грчкиот портал „Одбрана“ (militaire.gr) по средбата меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оцени дека малкумина знаат кон каква национална катастрофа се движи земјата. Во авторскиот текст „Косовизација на Грција и отоманскиот чај во Анкара“ на Панајотис Павлос, се посочува дека Албин Курти е поддржан од известувачот на Советот на Европа, Гркинка и сестра на грчкиот премиер, Дора Бакојани. Авторот наведува дека посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Атина е без преседан во историјата на билатералните односи меѓу балканските земји, како и дека автобусите полни со Косовци и Албанци од Албанија биле организирани од Канцеларијата за врски во Приштина во Атина. https://republika.mk/vesti/balkan/albantsi-koi-tsel-zhivot-zhiveat-i-se-shkoluvaat-vo-grtsija-letaat-orli-srede-atina/ Грчката влада изминативе денови неколку пати повтори дека посетата на Рама на Атина е приватна и нема официјален карактер.

The post Се случува косовизација на Грција appeared first on Република.

]]>
Израелските власти ја поздравија противвоздушната одбрана: Успешно го блокиравме иранскиот напад без преседан https://republika.mk/vesti/svet/izraelskite-vlasti-ja-pozdravija-protivvozdushnata-odbrana-uspeshno-go-blokiravme-iranskiot-napad-bez-presedan/ Sun, 14 Apr 2024 08:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=765883

Израелските власти денеска ја поздравија, како што наведоа, успешната противвоздушна одбрана од иранскиот напад без преседан, истакнувајќи дека тие, заедно со нивните сојузници, пресретнале 99 отсто од повеќе од 300 беспилотни летала и ракети насочени кон израелска територија.

Сепак, регионалните тензии се сè уште високи со страв од понатамошна ескалација во случај на израелски контранапад.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека денеска ќе свика состанок на Групата седум развиени светски демократии за да „координира унифициран дипломатски одговор на дрскиот напад на Иран“. Тоа укажува дека администрацијата на Бајден не сака иранскиот напад да ескалира во поширок воен конфликт

Иран го изврши нападот ноќеска како одговор на нападот врз неговиот конзулат во Сирија на почетокот на април, во кој беа убиени двајца ирански генерали, кој таа земја, како и многу други, му го припиша на Израел.

Израел соопшти дека Иран рано утринава лансирал 170 беспилотни летала, повеќе од 30 крстаречки ракети и најмалку 120 балистички ракети.

Двете земји со години се во еден вид прикриена војна, обележана со инциденти како нападот на иранскиот конзулат во Дамаск. Но, нападот утринава, кој ги активира сирените за воздушна тревога низ Израел, е првиот во кој Иран изведе директен воен напад врз Израел, и покрај децениските непријателства кои датираат од Исламската револуција во 1979 година.

Со текот на годините, Израел воспостави, често со помош на САД, повеќеслојна мрежа за противвоздушна одбрана која вклучува системи способни да пресретнуваат ракети со долг дострел, крстаречки ракети, беспилотни летала и ракети со краток дострел.

Тој систем, во соработка со САД и други земји, помогна да се намали влијанието на нападот што можеше да биде многу поразорен во време кога Израел веќе е преокупиран со војна со Хамас во Газа и борби на ниско ниво на својата северна граница со либански Хезболах. Иран ги поддржува и Хамас и Хезболах.

Израелските и американските официјални лица го пофалија одговорот на иранскиот воздушен напад.

„Иран лансираше повеќе од 300 закани и 99 беа пресретнати. Тоа е успех“, изјави контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.

Прашан дали Израел ќе возврати, Хагари рече дека земјата ќе направи се што е неопходно за да ги заштити своите граѓани.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави кратка порака на мрежата Икс: „Пресретнавме, блокиравме, заедно ќе победиме“.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, исто така, им се заблагодари на САД и другите земји за нивната помош, но предупреди дека инцидентот сè уште трае.

„Кампањата не е завршена, треба да бидеме будни и да се подготвиме за секое сценарио. Во исто време, го блокиравме првиот бран напади и тоа го направивме со голем успех“, рече Хагари.

Тој рече дека имало мали оштетувања на израелската противвоздушна одбрана, но дека тие се уште функционираат.

Спасувачите објавија дека седумгодишно девојче е тешко повредено во, како што изгледа, ракетен напад во јужен Израел, иако тие рекоа дека полицијата сè уште ги истражува околностите околу инцидентот.

Во Вашингтон, Бајден рече дека американските сили му помогнале на Израел да ги собори „речиси сите“ беспилотни летала и ракети и вети дека ќе ги повика сојузниците да подготват обединет одговор.

Во соопштението објавено денеска, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД „не сакаат ескалација“ и дека ќе разговараат со своите сојузници во наредните денови.

САД и нивните сојузници испратија директна порака до Техеран како предупредување против понатамошна ескалација на конфликтот.

Иранската државна новинска агенција ИРНА пренесе соопштение од паравоената Револуционерна гарда во кое се потврдува дека Иран лансирал „десетици беспилотни летала и ракети кон окупираните територии и позиции на ционистичкиот режим“.

Во подоцнежно соопштение, Револуционерната гарда издаде директно предупредување до САД да не учествуваат во нанесување штета на иранските интереси или да се соочат со „одлучен одговор од иранските вооружени сили“.

Би-би-си пишува дека Иранците веројатно сакале да ја оптоварат противвоздушната одбрана на Израел со евтини беспилотни летала за крстаречките и балистичките ракети да имаат поголеми шанси да ги погодат своите цели. Тоа е тактика која веќе е видена во Украина.

„Израел, сепак, не е Украина. Воздухопловните сили на Израел се многу способни. Освен тоа, Израел има различни противракетни системи кои тешко се надминуваат, а им помагаат и американски и британски авиони“, пишува Би-Би-Си.

The post Израелските власти ја поздравија противвоздушната одбрана: Успешно го блокиравме иранскиот напад без преседан appeared first on Република.

]]>

Израелските власти денеска ја поздравија, како што наведоа, успешната противвоздушна одбрана од иранскиот напад без преседан, истакнувајќи дека тие, заедно со нивните сојузници, пресретнале 99 отсто од повеќе од 300 беспилотни летала и ракети насочени кон израелска територија. Сепак, регионалните тензии се сè уште високи со страв од понатамошна ескалација во случај на израелски контранапад. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека денеска ќе свика состанок на Групата седум развиени светски демократии за да „координира унифициран дипломатски одговор на дрскиот напад на Иран“. Тоа укажува дека администрацијата на Бајден не сака иранскиот напад да ескалира во поширок воен конфликт Иран го изврши нападот ноќеска како одговор на нападот врз неговиот конзулат во Сирија на почетокот на април, во кој беа убиени двајца ирански генерали, кој таа земја, како и многу други, му го припиша на Израел. Израел соопшти дека Иран рано утринава лансирал 170 беспилотни летала, повеќе од 30 крстаречки ракети и најмалку 120 балистички ракети. Двете земји со години се во еден вид прикриена војна, обележана со инциденти како нападот на иранскиот конзулат во Дамаск. Но, нападот утринава, кој ги активира сирените за воздушна тревога низ Израел, е првиот во кој Иран изведе директен воен напад врз Израел, и покрај децениските непријателства кои датираат од Исламската револуција во 1979 година. Со текот на годините, Израел воспостави, често со помош на САД, повеќеслојна мрежа за противвоздушна одбрана која вклучува системи способни да пресретнуваат ракети со долг дострел, крстаречки ракети, беспилотни летала и ракети со краток дострел. Тој систем, во соработка со САД и други земји, помогна да се намали влијанието на нападот што можеше да биде многу поразорен во време кога Израел веќе е преокупиран со војна со Хамас во Газа и борби на ниско ниво на својата северна граница со либански Хезболах. Иран ги поддржува и Хамас и Хезболах. Израелските и американските официјални лица го пофалија одговорот на иранскиот воздушен напад. „Иран лансираше повеќе од 300 закани и 99 беа пресретнати. Тоа е успех“, изјави контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска. Прашан дали Израел ќе возврати, Хагари рече дека земјата ќе направи се што е неопходно за да ги заштити своите граѓани. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави кратка порака на мрежата Икс: „Пресретнавме, блокиравме, заедно ќе победиме“. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, исто така, им се заблагодари на САД и другите земји за нивната помош, но предупреди дека инцидентот сè уште трае. „Кампањата не е завршена, треба да бидеме будни и да се подготвиме за секое сценарио. Во исто време, го блокиравме првиот бран напади и тоа го направивме со голем успех“, рече Хагари. Тој рече дека имало мали оштетувања на израелската противвоздушна одбрана, но дека тие се уште функционираат. Спасувачите објавија дека седумгодишно девојче е тешко повредено во, како што изгледа, ракетен напад во јужен Израел, иако тие рекоа дека полицијата сè уште ги истражува околностите околу инцидентот. Во Вашингтон, Бајден рече дека американските сили му помогнале на Израел да ги собори „речиси сите“ беспилотни летала и ракети и вети дека ќе ги повика сојузниците да подготват обединет одговор. Во соопштението објавено денеска, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД „не сакаат ескалација“ и дека ќе разговараат со своите сојузници во наредните денови. САД и нивните сојузници испратија директна порака до Техеран како предупредување против понатамошна ескалација на конфликтот. Иранската државна новинска агенција ИРНА пренесе соопштение од паравоената Револуционерна гарда во кое се потврдува дека Иран лансирал „десетици беспилотни летала и ракети кон окупираните територии и позиции на ционистичкиот режим“. Во подоцнежно соопштение, Револуционерната гарда издаде директно предупредување до САД да не учествуваат во нанесување штета на иранските интереси или да се соочат со „одлучен одговор од иранските вооружени сили“. Би-би-си пишува дека Иранците веројатно сакале да ја оптоварат противвоздушната одбрана на Израел со евтини беспилотни летала за крстаречките и балистичките ракети да имаат поголеми шанси да ги погодат своите цели. Тоа е тактика која веќе е видена во Украина. „Израел, сепак, не е Украина. Воздухопловните сили на Израел се многу способни. Освен тоа, Израел има различни противракетни системи кои тешко се надминуваат, а им помагаат и американски и британски авиони“, пишува Би-Би-Си.

The post Израелските власти ја поздравија противвоздушната одбрана: Успешно го блокиравме иранскиот напад без преседан appeared first on Република.

]]>
ИДФ: На Израел во одбраната од иранскиот напад му помогнаа САД, Велика Британија, Франција и Јордан https://republika.mk/vesti/svet/idf-na-izrael-vo-odbranata-od-iranskiot-napad-mu-pomognaa-sad-velika-britanija-frantsija-i-jordan/ Sun, 14 Apr 2024 08:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=765876

САД, Велика Британија, Јордан и Франција му помогнаа на Израел да се одбрани од иранскиот напад, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Портпаролот на ИД, Даниел Хагари, говорејќи за француската помош, рече дека Франција има многу добра технологија, авиони, радари и дека тие придонеле во патролирањето на воздушниот простор, додавајќи дека нема точни детали дали француските авиони собориле некој од проектилите што беа лансирани од Иран, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Израелските власти рано утринава соопштија дека САД, Велика Британија и Јордан, исто така, помогнале во пресретнувањето на беспилотните летала и проектили што Иран ги истрелал кон Израел во текот на ноќта.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека израелската противвоздушна одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 ирански ракети лансирани кон Израел.

The post ИДФ: На Израел во одбраната од иранскиот напад му помогнаа САД, Велика Британија, Франција и Јордан appeared first on Република.

]]>

САД, Велика Британија, Јордан и Франција му помогнаа на Израел да се одбрани од иранскиот напад, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ). Портпаролот на ИД, Даниел Хагари, говорејќи за француската помош, рече дека Франција има многу добра технологија, авиони, радари и дека тие придонеле во патролирањето на воздушниот простор, додавајќи дека нема точни детали дали француските авиони собориле некој од проектилите што беа лансирани од Иран, пренесе „Тајмс оф Израел“. Израелските власти рано утринава соопштија дека САД, Велика Британија и Јордан, исто така, помогнале во пресретнувањето на беспилотните летала и проектили што Иран ги истрелал кон Израел во текот на ноќта. Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека израелската противвоздушна одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 ирански ракети лансирани кон Израел.

The post ИДФ: На Израел во одбраната од иранскиот напад му помогнаа САД, Велика Британија, Франција и Јордан appeared first on Република.

]]>
Одбраната на таткото на Вања бара куќен притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odbranata-na-tatkoto-na-vana-bara-kuken-pritvor/ Tue, 09 Jan 2024 21:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=731322

Одбраната на таткото на убиената Вања Ѓорчевска побара куќен наместо затворски притвор за него. Според адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството.

Александар Ѓорчевски, кој од декември се наоѓа во притворот во Шуто Оризари, е осомничен дека помогнал при грабнувањето на ќерка си.

Судија на претходна постапка пред неколку дена, на барање на Обвинителството, му го продолжи притворот за 30 дена.

На другите осомничени, Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски, исто така им беше продолжен притворот.

 

The post Одбраната на таткото на Вања бара куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Одбраната на таткото на убиената Вања Ѓорчевска побара куќен наместо затворски притвор за него. Според адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството. Александар Ѓорчевски, кој од декември се наоѓа во притворот во Шуто Оризари, е осомничен дека помогнал при грабнувањето на ќерка си. Судија на претходна постапка пред неколку дена, на барање на Обвинителството, му го продолжи притворот за 30 дена. На другите осомничени, Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски, исто така им беше продолжен притворот.  

The post Одбраната на таткото на Вања бара куќен притвор appeared first on Република.

]]>
Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка https://republika.mk/vesti/svet/shojgu-pristigna-vo-pjongjang-rusija-i-severna-koreja-ja-intenziviraat-odbranbenata-sorabotka/ Wed, 26 Jul 2023 11:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=665523

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со началникот на одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.

Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели, истакна Шојгу.

Тој додаде дека Русија планира доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области.

Северна Кореја и Русија имаат заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.

Посетите на воени бродови, официјални посети на високи претставници на одделот за одбрана, размена на делегации на работно ниво, обука на персоналот, придонесоа за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров, посочи Шојгу.

Тој ја предводи руската делегација, која синоќа пристигна во Северна Кореја за да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

The post Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со началникот на одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.
Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели, истакна Шојгу.
Тој додаде дека Русија планира доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области. Северна Кореја и Русија имаат заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.
Посетите на воени бродови, официјални посети на високи претставници на одделот за одбрана, размена на делегации на работно ниво, обука на персоналот, придонесоа за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров, посочи Шојгу.
Тој ја предводи руската делегација, која синоќа пристигна во Северна Кореја за да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

The post Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>
САД и Македонија потпишаа 10-годишен план за соработка во одбраната https://republika.mk/vesti/makedonija/sad-i-makedonija-potpishaa-10-godishen-plan-za-sorabotka-vo-odbranata/ Tue, 13 Jun 2023 07:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=650691

Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин и министерката за одбрана на Македонија Славјанка Петровска ветија дополнително зацврстување на одбранбените односи на двете земји, соопшти Пентагон по денешната средба.

Остин и Петровска се сретнаа за да потпишат 10-годишен патоказ за соработка во одбраната, кој ги поставува целите за двете земји да работат заедно на решавање на заедничките одбранбени предизвици.

Македонија одамна е голем пријател на САД и нашите интереси и нашите вредности нè тераат да се стремиме кон Европа која е слободна, цела и во мир, рече Остин кога ја пречека Петровска во Пентагон, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Додека Русија продолжува да ја води својата сурова и непредизвикана војна на избор против Украина, јас сум навистина благодарен за работата на Македонија да го поддржи украинскиот народ во ова потребно време, вели Остин.

Тој ја пофали Македонија, која е членка на НАТО од 2020 година, за нејзиниот придонес во Алијансата, како и за славењето на „силните билатерални одбранбени односи на двете земји“.

Денес, горд сум што заеднички ќе го потпишеме патоказот САД-Република Македонија за одбранбена соработка, рече Остин.

Овој патоказ, посочи, ги прикажува нашите цели за билатерални одбранбени односи во следните 10 години и покажува начини на кои можеме да работиме заедно на модернизација и да ја фокусираме нашата безбедносна соработка да работиме на справување со денешното опкружување за глобална закана.

Во соопштението се вели дека Петровска кажала оти Македонија ќе застане „рамо до рамо“ со САД во исполнувањето на заедничките предизвици, вклучувајќи и продолжување на поддршката на Украина во „лицето на неиспровоцираната агресија на Русија“.

САД обезбедија повеќе од 39,7 милијарди долари безбедносна помош за да им помогнат на украинските сили да ја одбранат својата земја од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

САД, исто така, продолжуваат да водат сојуз од повеќе од 50 земји во собирот зад Украина преку Контакт групата за одбрана на Украина.

Остин рече дека со нетрпение очекува понатаму да разговара за заедничките одбранбени приоритети на САД и Македонија за време на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, во јули.

 

The post САД и Македонија потпишаа 10-годишен план за соработка во одбраната appeared first on Република.

]]>

Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин и министерката за одбрана на Македонија Славјанка Петровска ветија дополнително зацврстување на одбранбените односи на двете земји, соопшти Пентагон по денешната средба. Остин и Петровска се сретнаа за да потпишат 10-годишен патоказ за соработка во одбраната, кој ги поставува целите за двете земји да работат заедно на решавање на заедничките одбранбени предизвици.
Македонија одамна е голем пријател на САД и нашите интереси и нашите вредности нè тераат да се стремиме кон Европа која е слободна, цела и во мир, рече Остин кога ја пречека Петровска во Пентагон, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Додека Русија продолжува да ја води својата сурова и непредизвикана војна на избор против Украина, јас сум навистина благодарен за работата на Македонија да го поддржи украинскиот народ во ова потребно време, вели Остин.
Тој ја пофали Македонија, која е членка на НАТО од 2020 година, за нејзиниот придонес во Алијансата, како и за славењето на „силните билатерални одбранбени односи на двете земји“.
Денес, горд сум што заеднички ќе го потпишеме патоказот САД-Република Македонија за одбранбена соработка, рече Остин.
Овој патоказ, посочи, ги прикажува нашите цели за билатерални одбранбени односи во следните 10 години и покажува начини на кои можеме да работиме заедно на модернизација и да ја фокусираме нашата безбедносна соработка да работиме на справување со денешното опкружување за глобална закана. Во соопштението се вели дека Петровска кажала оти Македонија ќе застане „рамо до рамо“ со САД во исполнувањето на заедничките предизвици, вклучувајќи и продолжување на поддршката на Украина во „лицето на неиспровоцираната агресија на Русија“. САД обезбедија повеќе од 39,7 милијарди долари безбедносна помош за да им помогнат на украинските сили да ја одбранат својата земја од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. САД, исто така, продолжуваат да водат сојуз од повеќе од 50 земји во собирот зад Украина преку Контакт групата за одбрана на Украина. Остин рече дека со нетрпение очекува понатаму да разговара за заедничките одбранбени приоритети на САД и Македонија за време на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, во јули.  

The post САД и Македонија потпишаа 10-годишен план за соработка во одбраната appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент https://republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatot-na-napagachot-na-sluchajot-se-dava-politichki-aktsent/ Tue, 28 Feb 2023 10:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=614151

Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува Илија Спасески кој е обвинет дека поради национализам го натепал Христијан Пендиков кој се произнесува како Бугарин, тврди дека тоа не е точно. Тој посочува дека во овој случај прсти замешала политиката.

„Како може да биде напад поради омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази било кого. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој се исполитизира до страшни граници. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски.

Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ, за кое рече: „Неспорно е дека тој не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, дека бил тепан 10 минути“.

Прашан за што била тепачката, адвокатот на Илија Спасески рече: „Ќе видиме тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување и во текот на постапката ќе го кажеме“.

The post Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува Илија Спасески кој е обвинет дека поради национализам го натепал Христијан Пендиков кој се произнесува како Бугарин, тврди дека тоа не е точно. Тој посочува дека во овој случај прсти замешала политиката. „Како може да биде напад поради омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази било кого. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој се исполитизира до страшни граници. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски. Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ, за кое рече: „Неспорно е дека тој не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, дека бил тепан 10 минути“. Прашан за што била тепачката, адвокатот на Илија Спасески рече: „Ќе видиме тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување и во текот на постапката ќе го кажеме“.

The post Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент appeared first on Република.

]]>
Американскиот буџет за одбрана е за околу 170 пати поголем од вкупниот македонски https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-budzet-za-odbrana-e-za-okolu-170-pati-pogolem-od-vkupniot-makedonski/ Fri, 16 Dec 2022 07:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=586254

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобруваат рекордни годишни трошоци за одбрана од 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди долари повеќе од предлогот на претседателот Џозеф Бајден.

Сенаторите вчера го поддржаа Законот за национална одбрана (НДАА) за фискалната 2023 година со огромно мнозинство на сенатори од Републиканската и Демократската партија – 83-11.

Во рамките на предвидените 858 милијарди долари буџет е и зголемување на платите на војниците за 4,6 отсто, набавка на оружје, бродови и авиони, вклучително и борбени авиони Ф-35, како и поддршка за Тајван и Украина.

Законот содржи и одредба побарана од многу републиканци, која повикува на укинување на задолжителната вакцинација против Ковид-19 за припадниците на вооружените сили.

Претставничкиот дом минатата недела ја усвои оваа компромисна верзија на законот со 350 членови за и 80 против, што далеку го надмина двотретинското мнозинство потребно за усвојување на законот и испраќање до Сенатот на гласање.

Законот сега ќе биде испратен во Белата куќа, каде што се очекува американскиот претседател Бајден брзо да го потпише

The post Американскиот буџет за одбрана е за околу 170 пати поголем од вкупниот македонски appeared first on Република.

]]>

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобруваат рекордни годишни трошоци за одбрана од 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди долари повеќе од предлогот на претседателот Џозеф Бајден. Сенаторите вчера го поддржаа Законот за национална одбрана (НДАА) за фискалната 2023 година со огромно мнозинство на сенатори од Републиканската и Демократската партија – 83-11. Во рамките на предвидените 858 милијарди долари буџет е и зголемување на платите на војниците за 4,6 отсто, набавка на оружје, бродови и авиони, вклучително и борбени авиони Ф-35, како и поддршка за Тајван и Украина. Законот содржи и одредба побарана од многу републиканци, која повикува на укинување на задолжителната вакцинација против Ковид-19 за припадниците на вооружените сили. Претставничкиот дом минатата недела ја усвои оваа компромисна верзија на законот со 350 членови за и 80 против, што далеку го надмина двотретинското мнозинство потребно за усвојување на законот и испраќање до Сенатот на гласање. Законот сега ќе биде испратен во Белата куќа, каде што се очекува американскиот претседател Бајден брзо да го потпише

The post Американскиот буџет за одбрана е за околу 170 пати поголем од вкупниот македонски appeared first on Република.

]]>
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин доаѓа во дводневна посета на Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/amerikanskiot-minister-za-odbrana-lojd-ostin-doagja-vo-dvodnevna-poseta-na-bugarija/ Fri, 18 Mar 2022 13:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=475020

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, денеска треба да пристигне во Бугарија на разговор со министерот за одбрана Драгомир Заков, а утре ќе биде примен од премиерот Кирил Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, посетата на Лојд Остин на Софија претходеше на неговите посети на Брисел и Словачка и е дел од неговата турнеја низ Европа, со цел да им даде поддршка на сојузниците од НАТО.

Во рамките на посетата, бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе одржат средба со војниците од армиите на двете земји кои учествуваат на заедничката бугарско-американска обука на полигонот Ново Село.

На состанокот во Министерството за одбрана, Заков и Остин ќе разговараат за перспективите за развој на билатералната безбедносна соработка.

The post Американскиот министер за одбрана Лојд Остин доаѓа во дводневна посета на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, денеска треба да пристигне во Бугарија на разговор со министерот за одбрана Драгомир Заков, а утре ќе биде примен од премиерот Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, посетата на Лојд Остин на Софија претходеше на неговите посети на Брисел и Словачка и е дел од неговата турнеја низ Европа, со цел да им даде поддршка на сојузниците од НАТО. Во рамките на посетата, бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе одржат средба со војниците од армиите на двете земји кои учествуваат на заедничката бугарско-американска обука на полигонот Ново Село.
На состанокот во Министерството за одбрана, Заков и Остин ќе разговараат за перспективите за развој на билатералната безбедносна соработка.

The post Американскиот министер за одбрана Лојд Остин доаѓа во дводневна посета на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Украинските претставници на Евровизија се приклучија на одбрана на земјата https://republika.mk/scena/muzika/ukrainskite-pretstavnici-na-evrovizija-se-prikluchija-na-odbrana-na-zemjata/ Wed, 16 Mar 2022 09:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=473592

Без разлика какви се околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе се обидам да бидам корисен за Украина, изјави фронтменот на групата, Олех Псиук.

Да се биде на врвот на топ листата на Евровизија е сон на многу изведувачи, но за украинскиот бенд „Калуш оркестар“ сјајот на ова натпреварување во моментов не е приоритет. Како активист во западна Украина, фронтменот на групата, Олех Псиук, ја замени сцената со волонтерска група од 20 членови која обезбедува лекови и им помага на луѓето да избегаат од војната. Еден од членовите на бендот служи во единицата за територијална одбрана.

Во понеделникот обложувалницата Oddschecker постави прогноза за групата како солиден победник на овогодинешната Евровизија, но Псиук не е подготвен да слави.

Не можам да уживам додека сум загрижен за моите најблиски. Војната ме раздели од мојата девојка. Таа е на 300 километри од мене. Не можеме да се гледаме бидејќи е многу опасно. Таа седи во бункерот додека јас сум тука и додека сирените за воздушни напади постојано се вклучени –  изјави тој за странските медиуми и додаде дека неговата девојка прави молотови коктели за да помогне во одбраната на земјата.

Планираат да се сретнат наскоро во Лавов за да ја извежбаат нивната песна Stefania, за која Псиук вели дека станала химна на Украинците за време на војната.

Какви и да се околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе се обидам да бидам корисен за Украина. Дури и да заврши војната во блиска иднина, сепак нема да биде лесно затоа што ќе ни треба многу време се повторно да обновиме. Земјата е во урнатини – рече тој.

 

 

The post Украинските претставници на Евровизија се приклучија на одбрана на земјата appeared first on Република.

]]>

Без разлика какви се околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе се обидам да бидам корисен за Украина, изјави фронтменот на групата, Олех Псиук. Да се биде на врвот на топ листата на Евровизија е сон на многу изведувачи, но за украинскиот бенд „Калуш оркестар“ сјајот на ова натпреварување во моментов не е приоритет. Како активист во западна Украина, фронтменот на групата, Олех Псиук, ја замени сцената со волонтерска група од 20 членови која обезбедува лекови и им помага на луѓето да избегаат од војната. Еден од членовите на бендот служи во единицата за територијална одбрана. Во понеделникот обложувалницата Oddschecker постави прогноза за групата како солиден победник на овогодинешната Евровизија, но Псиук не е подготвен да слави.
Не можам да уживам додека сум загрижен за моите најблиски. Војната ме раздели од мојата девојка. Таа е на 300 километри од мене. Не можеме да се гледаме бидејќи е многу опасно. Таа седи во бункерот додека јас сум тука и додека сирените за воздушни напади постојано се вклучени –  изјави тој за странските медиуми и додаде дека неговата девојка прави молотови коктели за да помогне во одбраната на земјата.
Планираат да се сретнат наскоро во Лавов за да ја извежбаат нивната песна Stefania, за која Псиук вели дека станала химна на Украинците за време на војната.
Какви и да се околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе се обидам да бидам корисен за Украина. Дури и да заврши војната во блиска иднина, сепак нема да биде лесно затоа што ќе ни треба многу време се повторно да обновиме. Земјата е во урнатини – рече тој.
   

The post Украинските претставници на Евровизија се приклучија на одбрана на земјата appeared first on Република.

]]>
Деспотовски на местото на Шекеринска во Министерството за одбрана? https://republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-na-mestoto-na-shekerinska-vo-ministerstvoto-za-odbrana/ Fri, 07 Jan 2022 21:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=441830

Актуелниот директор на ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ Јован Деспотовски се разгледува како можност за иден Министер за одбрана во новата влада, велат партиски извори.

Мандатарот е одлучен на оваа позиција да постави кадар кој ќе може да одговори на важните предизвици во секторот и кој ќе има долгогодишно искуство поврзано со евроатланските интеграции и меѓународни организации.

Кој ќе биде конечниот избор на Ковачевски за позициите во владиниот кабинет се уште не е познато а составот не им бил откриен ниту на помалите коалициски партии. Ковачевски најавил дека во кабинетот подготвува изненадувања.

Актуелната министерка за одбрана веќе најави дека нема да биде дел од новата влада но рече дека се работи за чувствителен сектор во кој важат и домашните и НАТО правилата на безбедност.

Деспотовски му беше противкандидат на Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ заедно со екс партиската функционерка Фросина Ременски. Откако Ковачевски извојува победа, Деспотовски рече дека останува член но не се гледа како министер во идната влада.

The post Деспотовски на местото на Шекеринска во Министерството за одбрана? appeared first on Република.

]]>

Актуелниот директор на ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ Јован Деспотовски се разгледува како можност за иден Министер за одбрана во новата влада, велат партиски извори. Мандатарот е одлучен на оваа позиција да постави кадар кој ќе може да одговори на важните предизвици во секторот и кој ќе има долгогодишно искуство поврзано со евроатланските интеграции и меѓународни организации. Кој ќе биде конечниот избор на Ковачевски за позициите во владиниот кабинет се уште не е познато а составот не им бил откриен ниту на помалите коалициски партии. Ковачевски најавил дека во кабинетот подготвува изненадувања. Актуелната министерка за одбрана веќе најави дека нема да биде дел од новата влада но рече дека се работи за чувствителен сектор во кој важат и домашните и НАТО правилата на безбедност. Деспотовски му беше противкандидат на Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ заедно со екс партиската функционерка Фросина Ременски. Откако Ковачевски извојува победа, Деспотовски рече дека останува член но не се гледа како министер во идната влада.

The post Деспотовски на местото на Шекеринска во Министерството за одбрана? appeared first on Република.

]]>