Без разлика какви се околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе се обидам да бидам корисен за Украина, изјави фронтменот на групата, Олех Псиук.

Да се биде на врвот на топ листата на Евровизија е сон на многу изведувачи, но за украинскиот бенд „Калуш оркестар“ сјајот на ова натпреварување во моментов не е приоритет. Како активист во западна Украина, фронтменот на групата, Олех Псиук, ја замени сцената со волонтерска група од 20 членови која обезбедува лекови и им помага на луѓето да избегаат од војната. Еден од членовите на бендот служи во единицата за територијална одбрана.

Во понеделникот обложувалницата Oddschecker постави прогноза за групата како солиден победник на овогодинешната Евровизија, но Псиук не е подготвен да слави.

Не можам да уживам додека сум загрижен за моите најблиски. Војната ме раздели од мојата девојка. Таа е на 300 километри од мене. Не можеме да се гледаме бидејќи е многу опасно. Таа седи во бункерот додека јас сум тука и додека сирените за воздушни напади постојано се вклучени –  изјави тој за странските медиуми и додаде дека неговата девојка прави молотови коктели за да помогне во одбраната на земјата.

Планираат да се сретнат наскоро во Лавов за да ја извежбаат нивната песна Stefania, за која Псиук вели дека станала химна на Украинците за време на војната.

Какви и да се околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе се обидам да бидам корисен за Украина. Дури и да заврши војната во блиска иднина, сепак нема да биде лесно затоа што ќе ни треба многу време се повторно да обновиме. Земјата е во урнатини – рече тој.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.