Актуелниот директор на ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ Јован Деспотовски се разгледува како можност за иден Министер за одбрана во новата влада, велат партиски извори.

Мандатарот е одлучен на оваа позиција да постави кадар кој ќе може да одговори на важните предизвици во секторот и кој ќе има долгогодишно искуство поврзано со евроатланските интеграции и меѓународни организации.

Кој ќе биде конечниот избор на Ковачевски за позициите во владиниот кабинет се уште не е познато а составот не им бил откриен ниту на помалите коалициски партии. Ковачевски најавил дека во кабинетот подготвува изненадувања.

Актуелната министерка за одбрана веќе најави дека нема да биде дел од новата влада но рече дека се работи за чувствителен сектор во кој важат и домашните и НАТО правилата на безбедност.

Деспотовски му беше противкандидат на Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ заедно со екс партиската функционерка Фросина Ременски. Откако Ковачевски извојува победа, Деспотовски рече дека останува член но не се гледа како министер во идната влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.