обвинители Archives - Република https://republika.mk/tema/obviniteli/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 13:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвинители Archives - Република https://republika.mk/tema/obviniteli/ 32 32 Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ne-se-otkazhuva-od-raspushtaneto-na-rss-i-sovetot-na-obviniteli/ Sun, 11 Aug 2024 13:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=805490

Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата.

-Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во соодејство на важечките закони и Устав. Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што преставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и ќе потсетиме дека имаат под 2 проценти доверба, брифираат од Владата.

Како што наведуваат оттаму, нивното нераспуштање ќе значи продолжување на агонијата едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како во минатото да бидат заменети со други. Тоа, потенцираат од Владата, не е нашата цел, ниту заложба.

-Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина исплашени и загрижени, но доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, брифираат од Владата

The post Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители appeared first on Република.

]]>

Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата. -Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во соодејство на важечките закони и Устав. Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што преставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и ќе потсетиме дека имаат под 2 проценти доверба, брифираат од Владата. Како што наведуваат оттаму, нивното нераспуштање ќе значи продолжување на агонијата едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како во минатото да бидат заменети со други. Тоа, потенцираат од Владата, не е нашата цел, ниту заложба. -Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина исплашени и загрижени, но доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, брифираат од Владата

The post Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители appeared first on Република.

]]>
Обвинителите ќе го оспорат намалувањето на коефициентите на плата пред Уставен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelite-ke-go-osporat-namaluvaneto-na-koefitsientite-na-plata-pred-ustaven-sud/ Tue, 19 Mar 2024 19:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=756451

Советот на јавни обвинители одлучи пред Уставниот суд да го оспори законското решение со кое се намалуваат коефициентите на платите на обвинителите.

Советот смета дека намалувањето на коефициентите е неуставно и политички мотивирано и дека платите на обвинителите се заштитени со закон.

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, изјави дека финансиската независност на правосудните органи, меѓу кои и на јавното обвинителство, е клучна во процесот на унапредување на независноста и самостојноста на јавните обвинители.

За да се зачува положбата и статусот на јавните обвинители, ние како Совет сметаме дека платата на истите, како и платата на јавните обвинители треба да биде надвор од секакви влијанија, посочи Димитриеска.

При крајот на февруари, во Собранието беа изгласани пакетот закони со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица. Со законите се опфатени 1.060 избрани и именувани лица како што се претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

Предлог-измените ги поднесе пратеничката група на СДСМ, а реакции имаше од Здружението на судии, Судскиот совет и Здружението на јавни обвинители.

The post Обвинителите ќе го оспорат намалувањето на коефициентите на плата пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители одлучи пред Уставниот суд да го оспори законското решение со кое се намалуваат коефициентите на платите на обвинителите. Советот смета дека намалувањето на коефициентите е неуставно и политички мотивирано и дека платите на обвинителите се заштитени со закон. Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, изјави дека финансиската независност на правосудните органи, меѓу кои и на јавното обвинителство, е клучна во процесот на унапредување на независноста и самостојноста на јавните обвинители.
За да се зачува положбата и статусот на јавните обвинители, ние како Совет сметаме дека платата на истите, како и платата на јавните обвинители треба да биде надвор од секакви влијанија, посочи Димитриеска.
При крајот на февруари, во Собранието беа изгласани пакетот закони со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица. Со законите се опфатени 1.060 избрани и именувани лица како што се претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Предлог-измените ги поднесе пратеничката група на СДСМ, а реакции имаше од Здружението на судии, Судскиот совет и Здружението на јавни обвинители.

The post Обвинителите ќе го оспорат намалувањето на коефициентите на плата пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>
Јовески бара Судски совет итно да му одговори поради кои обвинители се одложувале рочишта https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-bara-sudski-sovet-itno-da-mu-odgovori-poradi-koi-obviniteli-se-odlozhuvale-rochishta/ Fri, 01 Sep 2023 09:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=677844

Јавниот обвинител Љубомир Јовески испратил писмено барање до Судскиот совет во кое итно бара детални информации за тоа во кои предмети судските рочишта биле одложувани повеќе пати заради отсутво на јавен обвинител, а во врска со информациите од 452-та седница на Судскиот совет, на која беше разгледан и усвоен извештај од работна посета на Основен кривичен суд Скопје.

Согласно Правилникот за оценување на јавните обвинители, ажурноста и ефикасноста се еден од основните принципи за оценување, и за таа цел се бараат детални информации од Судскиот совет, за тоа:

  • Во кои предмети судските рочишта биле одложувани повеќе пати заради отсуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција или од Основното јавно обвинителство Скопје?
  • На кои датуми биле закажни одложените рочишта во секој предмет поединечно и со какво образложение го оправдале отсуството надлежните јавни обвинители?

Ваквата информација, се вели во барањето од ЈОРМ, е со цел да се овозможи законската обврска за надзор над законитото и навремено извршување на јавнообвинителската функција согласно принципот на хиерархија и субординација на Јавното обвинителство.

Во исто време, Јавниот обвинител ќе побара од основните јавни обвинители на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на Основното јавно обвинителство Скопје да одржат итни колегиуми на кои уште еднаш ќе им укажат на останатите јавни обвинители во соодветните јавни обвинителства дека повеќекратното отсуство од судски рочишта ќе биде основ за поведување итни дисциплински постапки против јавните обвинители за кои ќе се утврди дека неоправдано отсуствувале од рочиштата, се вели во барањето од ЈОРМ.

The post Јовески бара Судски совет итно да му одговори поради кои обвинители се одложувале рочишта appeared first on Република.

Мицкоски: Судии и обвинители се поставуваат ако добијат партиска препорака, се знае кој е задолжен во СДСМ, а кој кај ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sudii-i-obviniteli-se-postavuvaat-ako-dobijat-partiska-preporaka-se-znae-koj-e-zadolzhen-vo-sdsm-a-koj-kaj-dui/ Thu, 22 Jun 2023 11:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=654033

Не е тајна дека во Македонија судии и обвинители се поставуваат ако добијат партиска препорака, препорака од неколкумина во партиите, се знае кој е задолжен во СДС, а кој кај ДУИ. Можам на ливче да ви ги напишам именувањата на оние кои во иднина ќе бидат обвинители и судии, од прв до последен и да ви кажам кој ја дава препораката за нив. Која општинска организација или кој општински огранок на ДУИ и кои двајца луѓе ќе дадат за тие да бидат обвинители или суди, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Гази Баба, одговарајќи на новинарско прашање за случувањата во Судски совет.

Мицкоски посочи дека и затоа не е чудно тоа што се случува и затоа државата е таму каде што е, односно нема владеење на правото, криминалците за жал се лица кои имаат угледен имиџ, поради тоа што се чувствуваат семоќни, односно криминалот е неказнет.

Денеска да се биде криминалец во Македонија е многу позначајно отколку да се биде доктор, професор, работник, земјоделец, затоа што тие се штитени од страна на судиите и обвинителите кои се поставени по партиски налог, но и од самите политичари, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача да ги удри во корен ваквите случувања за да не може повеќе криминалците да бидат заштитени.

Кога ќе го удриме во корен тогаш ќе биде вратена надежта и тогаш на Македонија ќе и тргне. Во спротивно ќе имаме криминалци кои царуваат низ улиците во Македонија, политичари кои ги штитат и судии и обвинители кои ги амнестираат, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Судии и обвинители се поставуваат ако добијат партиска препорака, се знае кој е задолжен во СДСМ, а кој кај ДУИ appeared first on Република.

]]>

Не е тајна дека во Македонија судии и обвинители се поставуваат ако добијат партиска препорака, препорака од неколкумина во партиите, се знае кој е задолжен во СДС, а кој кај ДУИ. Можам на ливче да ви ги напишам именувањата на оние кои во иднина ќе бидат обвинители и судии, од прв до последен и да ви кажам кој ја дава препораката за нив. Која општинска организација или кој општински огранок на ДУИ и кои двајца луѓе ќе дадат за тие да бидат обвинители или суди, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Гази Баба, одговарајќи на новинарско прашање за случувањата во Судски совет. Мицкоски посочи дека и затоа не е чудно тоа што се случува и затоа државата е таму каде што е, односно нема владеење на правото, криминалците за жал се лица кои имаат угледен имиџ, поради тоа што се чувствуваат семоќни, односно криминалот е неказнет.
Денеска да се биде криминалец во Македонија е многу позначајно отколку да се биде доктор, професор, работник, земјоделец, затоа што тие се штитени од страна на судиите и обвинителите кои се поставени по партиски налог, но и од самите политичари, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача да ги удри во корен ваквите случувања за да не може повеќе криминалците да бидат заштитени.
Кога ќе го удриме во корен тогаш ќе биде вратена надежта и тогаш на Македонија ќе и тргне. Во спротивно ќе имаме криминалци кои царуваат низ улиците во Македонија, политичари кои ги штитат и судии и обвинители кои ги амнестираат, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Судии и обвинители се поставуваат ако добијат партиска препорака, се знае кој е задолжен во СДСМ, а кој кај ДУИ appeared first on Република.

]]>
Џевдет Хајредини: Откако синот на Талат и сопругата на Абази станаа обвинители, сигурно ќе се врати довербата на народот во обвинителството https://republika.mk/vesti/makedonija/dhevdet-hajredini-otkako-sinot-na-talat-i-soprugata-na-abazi-stanaa-obviniteli-sigurno-ke-se-vrati-doverbata-na-narodot-vo-obvinitelstvoto/ Tue, 30 May 2023 09:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=646062

Откако синот на Талат и сопругата на Абази станаа обвинители, сигурно ќе се врати довербата на народот во обвинителството, напиша Џевдет Хајредини на својот фејсбук профил.

The post Џевдет Хајредини: Откако синот на Талат и сопругата на Абази станаа обвинители, сигурно ќе се врати довербата на народот во обвинителството appeared first on Република.

Синот на Џафери и сопругата на Абази се пријавија на огласот за обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-dhaferi-i-soprugata-na-abazi-se-prijavija-na-oglasot-za-obviniteli/ Mon, 27 Mar 2023 17:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=624350

Новата генерација јавни обвинители сакаат да работат во местото на живеење. Според списоците објавени од Советот на јавни обвинители, речиси сите побарале својата кариера да ја градат во родното место. За антикорупциската комисија тоа не е спорно иако меѓу кандидатите се деца или брачни другари на политичари и актуелни обвинители. За нив важно било новите обвинителите да не се во обвинителствата каде работат нивни блиски роднини, објави Сител.

Сепак, според антикорупционерите, притисоците и влијанијата се редовна појава, па дали новите обинители ќе останат имуни, зависи само од нивниот интегритет.
Според списоците на Советот на Јавни обвинители, синот на собранискиот претседател Џафери место бара во гостиварското обвинителство каде за три испразнети места има шестмина кандидати.. Сопругата на Абази пак обвинителската служба сака да ја извршува во Кичево.

И останатите нивни колеги побареле место во обвинителствата според местото на живеење. Антикорупциска пак смета дека е потребна анализа дали е потребно во секоја општина да има Јавно обвинителството.

Дали новите обвинители ќе добијат местото кое го посакуваат зависи од Советот на јавни обвинители. Од таму за Сител велат дека во тек се интервјуата со кандидатите, а изборот ќе случи најверојатно идниот месец. Последната генерација брои 28мина обвинители, а според испразнетите места, имаа можност да одберат место во 17 обвинителствата – сите во внатрешноста на државата.

The post Синот на Џафери и сопругата на Абази се пријавија на огласот за обвинители appeared first on Република.

]]>

Новата генерација јавни обвинители сакаат да работат во местото на живеење. Според списоците објавени од Советот на јавни обвинители, речиси сите побарале својата кариера да ја градат во родното место. За антикорупциската комисија тоа не е спорно иако меѓу кандидатите се деца или брачни другари на политичари и актуелни обвинители. За нив важно било новите обвинителите да не се во обвинителствата каде работат нивни блиски роднини, објави Сител. Сепак, според антикорупционерите, притисоците и влијанијата се редовна појава, па дали новите обинители ќе останат имуни, зависи само од нивниот интегритет. Според списоците на Советот на Јавни обвинители, синот на собранискиот претседател Џафери место бара во гостиварското обвинителство каде за три испразнети места има шестмина кандидати.. Сопругата на Абази пак обвинителската служба сака да ја извршува во Кичево. И останатите нивни колеги побареле место во обвинителствата според местото на живеење. Антикорупциска пак смета дека е потребна анализа дали е потребно во секоја општина да има Јавно обвинителството. Дали новите обвинители ќе добијат местото кое го посакуваат зависи од Советот на јавни обвинители. Од таму за Сител велат дека во тек се интервјуата со кандидатите, а изборот ќе случи најверојатно идниот месец. Последната генерација брои 28мина обвинители, а според испразнетите места, имаа можност да одберат место во 17 обвинителствата – сите во внатрешноста на државата.

The post Синот на Џафери и сопругата на Абази се пријавија на огласот за обвинители appeared first on Република.

]]>
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2 100 амандмани за стопирање на 4-те закони за зголемување на платите на судиите https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-denes-vo-sobranieto-na-republika-makedonija-podnese-2-100-amandmani-so-tsel-stopirane-na-4-te-zakoni-so-koi-se-predviduva-zgolemuvane-na-platite-na-sud/ Mon, 20 Mar 2023 14:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=621624

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Собранието на Република Македонија поднесе 2 100 амандмани со цел стопирање на 4-те закони со кои се предвидува зголемување на платите на судиите, на јавните обвинители, на членовите на Судскиот совет и членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, велат од опозициската партија.

Имено, во услови кога инфлацијата во државата е на алармантно ниво, кога стопанствениците едвај даваат плати на своите вработени, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, новата Влада со очигледно стари навики, не отстапува од намерата да ги зголеми платите на судиите и обвинителите.

Она што претходниот министер за правда Тупанчевски го започна, сега новиот министер за правда во Владата го продолжува.

Очигледно, ова е награда од Владата за мизерните 3% доверба на граѓаните во судството.

Ја прашуваме Владата, дали ова зголемување на платите на судиите и јавните обвинители ќе значи подобро судство, подобро обвинителство, намалување на бирократските процедури и побрзо решавање на судските спорови на илјадници граѓани?

Одговорот на овие прашања е јасен и за нас и за целата македонска јавност.

Наместо власта да ги засука ракавите и конечно да почне со реални и конкретни реформи во судството, власта решава и мисли дека со вакви ад хок решенија ќе ги поправат своите недостатоци и неработа.

За да биде појасно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е против покачувањето на платите на судиите и јавните обвинители, но како одговорни пратеници реагираме од принципиелни причини бидејќи токму покачувањето на платите во судството треба да биде последната, а не првата мерка која што оваа Влада треба да ја направи.

На крајот, уште еднаш ги повикуваме пратениците од власта да отстапат од оваа намера и конечно да почнат да ги решаваат проблемите на граѓаните врз база на приоритет и видливи резултати во правосудството, а не на база на партиско-коалициски договори.

https://www.youtube.com/watch?v=ryyaL2EDvDo&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2 100 амандмани за стопирање на 4-те закони за зголемување на платите на судиите appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Собранието на Република Македонија поднесе 2 100 амандмани со цел стопирање на 4-те закони со кои се предвидува зголемување на платите на судиите, на јавните обвинители, на членовите на Судскиот совет и членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, велат од опозициската партија.
Имено, во услови кога инфлацијата во државата е на алармантно ниво, кога стопанствениците едвај даваат плати на своите вработени, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, новата Влада со очигледно стари навики, не отстапува од намерата да ги зголеми платите на судиите и обвинителите.
Она што претходниот министер за правда Тупанчевски го започна, сега новиот министер за правда во Владата го продолжува. Очигледно, ова е награда од Владата за мизерните 3% доверба на граѓаните во судството.
Ја прашуваме Владата, дали ова зголемување на платите на судиите и јавните обвинители ќе значи подобро судство, подобро обвинителство, намалување на бирократските процедури и побрзо решавање на судските спорови на илјадници граѓани?
Одговорот на овие прашања е јасен и за нас и за целата македонска јавност. Наместо власта да ги засука ракавите и конечно да почне со реални и конкретни реформи во судството, власта решава и мисли дека со вакви ад хок решенија ќе ги поправат своите недостатоци и неработа. За да биде појасно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е против покачувањето на платите на судиите и јавните обвинители, но како одговорни пратеници реагираме од принципиелни причини бидејќи токму покачувањето на платите во судството треба да биде последната, а не првата мерка која што оваа Влада треба да ја направи. На крајот, уште еднаш ги повикуваме пратениците од власта да отстапат од оваа намера и конечно да почнат да ги решаваат проблемите на граѓаните врз база на приоритет и видливи резултати во правосудството, а не на база на партиско-коалициски договори.     https://www.youtube.com/watch?v=ryyaL2EDvDo&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2 100 амандмани за стопирање на 4-те закони за зголемување на платите на судиите appeared first on Република.

]]>
Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам https://republika.mk/vesti/makedonija/veli-i-jas-sum-dete-na-sudija-sekade-e-ubava-traditsija-a-kaj-nas-e-nepotizam/ Sun, 05 Mar 2023 16:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=616129

Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам, вели за „Детектор“, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители.

Според него, кој и самиот е дете на судија, децата на правосудниот кадар не треба да бидат дискриминирани и треба да им се овозможи доколку сакаат и можат да станат дел од правосудниот систем, но како што вели, критериумите и правилата мора да бидат исти за сите.

Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем. Видете, нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството, рече Вели за Детектор.

The post Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам appeared first on Република.

]]>

Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам, вели за „Детектор“, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители. Според него, кој и самиот е дете на судија, децата на правосудниот кадар не треба да бидат дискриминирани и треба да им се овозможи доколку сакаат и можат да станат дел од правосудниот систем, но како што вели, критериумите и правилата мора да бидат исти за сите.
Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем. Видете, нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството, рече Вели за Детектор.

The post Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам appeared first on Република.

]]>
Ќе се покачи платата на судиите и обинителите за 15 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-pokachi-platata-na-sudiite-i-obinitelite-za-15-otsto/ Thu, 03 Nov 2022 15:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=569276

Собранието на денешната седница ги донесе законите за судска,за јавнообвинителската дејност и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените.

Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.

Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

The post Ќе се покачи платата на судиите и обинителите за 15 отсто appeared first on Република.

]]>

Собранието на денешната седница ги донесе законите за судска,за јавнообвинителската дејност и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените. Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво. Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.  

The post Ќе се покачи платата на судиите и обинителите за 15 отсто appeared first on Република.

]]>
ЕК забележува: Во Македонија има повеќе судии, а помалку помалку обвинители од европскиот просек https://republika.mk/vesti/makedonija/ek-zabelezuva-vo-makedonija-ima-povekje-sudii-a-pomalku-pomalku-obviniteli-od-evropskiot-prosek/ Mon, 24 Oct 2022 07:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=564810

Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјава, оценува дека Република Македонија има постигнато одреден напредок во делот на функционирањето на судството, преку стабилно спроведување на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се адресираат препораките дадени од Венецијанската комисија и Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото и оценува дека судскиот систем на Македонија е умерено подготвен, односно земјата има постигнато одреден степен на подготовка.

Судството, според ЕК ја покажа својата посветеност да го заштити својот интегритет и независност.

Подготовката на новата стратегија за реформи во правосудството започна на инклузивен начин, врз основа на научените лекции од претходната. Спроведувањето на ажурираниот акционен план за стратегијата за реформи во правосудството продолжи, но треба да стане посистематски, се оценува во извештајот на ЕК.

ЕК, исто така, нагласува дека треба да се засили темпото на имплементација на стратегиите за човечки ресурси за судството и обвинителството.

Судските институции доследно ги спроведуваат новите правила за именување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии и обвинители. Унапредувањето во повисоките судови се соочи со одложување, а пензионирањата дополнително го намалија бројот на судии и обвинители, се нагласува во извештајот на ЕК.

Судскиот совет и Советот на јавните обвинители продолжија со спроведување на стратешките планови.

Секој нов Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители треба да ја задржи Академијата како единствена влезна точка во судството и обвинителството и треба да обезбеди пристапот до овие професии да биде фер и транспарентен, нагласува ЕК во најновиот извештај.

ЕК, исто така, нагласува дека се работело на надградба на софтверскиот систем со цел да се применат одредбите од Законот за управување со тек на предмети за автоматска и случајна распределба на предметите во судовите, преку автоматизираниот информациски систем за управување со судски предмети (AККМИС).

Во наредната година, ЕК оценува дека земјата треба:

→ да заврши со спроведувањето на стратегијата за реформи во правосудството и ажурираниот акциски план, со специфичен фокус на донесување нов закон за парнична постапка, во согласност со европските стандарди и без одлагање да започне подготовка на новата стратегија за реформи во судството (за 2023-2027 година);

→ да се забрза имплементацијата на стратегиите за човечки ресурси за правосудството и јавно обвинителската мрежа и да се користат како индикатор за предвидување на претстојните вработувања;

→ сите потребни ресурси да се распоредат за да се осигури дека автоматизираниот информациски систем за управување со судски предмети (ACCMIS) е целосно функционален и компатибилен со новата мерка за сложеност на судските случаи и со методот за оценување на судии и претседатели на судови.

Поконкретно, Европската комисија во делот на стратешките документи, посочува дека забелешките од извештајот за имплементацијата на Стратегијата за реформи во судството (2017-2022) треба да бидат вклучени во подготовката на стратегијата за периодот 2023-2027 година.

ЕК, во извештајот оценува дека во Собранието се чекаат неколку законски решенија, меѓу кои и новиот предлог-закон за парнична постапка, како и дека е постигнат ограничен напредок во спроведувањето на стратегиите за управување со човечки ресурси во судовите и во јавните обвинителства.

Во делот на управните органи, ЕК нагласува дека Судскиот совет треба да ја зајакне својата улога како чувар на независноста и непристрасноста на судиите и да ја подобри својата транспарентност, додека Советот на јавни обвинители треба да дава образложение за своите одлуки и да обезбеди редовен пристап на медиумите до неговите седници, што не беше секогаш можно поради ограничениот простор и важечките ограничувања поради ковид пандемијата.

Во делот на независноста и непристрасноста, ЕК оценува дека судската независност е вградена во Уставот, но и нагласува дека е важно да се осигура дека судството е заштитено од каков било ризик или перцепција на несоодветно надворешно мешање.

ЕК во делот на одговорност, оценува дека од јуни 2020 година, Судскиот совет разреши шест судии, а Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на главниот обвинител за разрешување на еден обвинител. Генерално, причината посочена за ваквите отпуштања беше поврзана со непрофесионално работење. Судскиот совет изрече писмена опомена на еден судија и казни претседател и судија.

Во однос на професионалноста и компетентноста, ЕК во извештајот оценува дека Судскиот совет почна да ја применува новата методологија за професионално оценување за именувањата и унапредувањата со одлуки за 97 кандидати за судии и четворица за претседатели на судови.

ЕК во делот на квалитетот на правдата, посочува дека е важно секој нов закон за Академијата за судии и обвинители да ја задржи Академијата како единствена влезна точка во судството и обвинителството, но и дека е особено важно да се скрати почетната обука. Врховниот суд и четирите апелациони судови продолжија со своите напори за подобрување на доследноста на пресудите и за усогласување на судските практики.

Во Извештајот на ЕК се посочува дека имаме повеќе судии, а помалку обвинители од европскиот просек. На крајот на 2021 година имало 473 судии, (26 на 100.000 жители) 61 отсто женски судии и 170 обвинители (девет на 100.000 жители), 55 отсто женски обвинители, помалку отколку во 2020 година. Според Европската комисија за ефикасност на Правда (ЦЕПЕЈ), европските просеци се 21 судија и 12 обвинители на 100.000 жители.

ЕК, нагласува дека е од суштинско значење да се забрза имплементацијата на стратегиите за човечки ресурси за судовите и јавните обвинителства и однапред да се планираат потребите за персонал.

Советот за дигитализација во правосудството, се вели во Извештајот на ЕК, ја интензивираше работата за спроведување на ИТ стратегијата, посочувајќи дека пет пилот судови добија ИТ опрема обезбедена од странски донатори, но дека регрутирањето на дополнителен ИТ кадар зависи од нудење работни услови кои се конкурентни на оние во приватниот сектор.

ЕК, меѓу другото, посочува дека е потребно да се работи на континуирано промовирање на медијацијата и употребата на други алтернативни методи за решавање спорови, вклучително и преку соодветните совети, Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на судии.

Во делот на ефикасноста, ЕК во Извештајот оценува дека поголемиот дел од судовите го продолжија позитивниот тренд на задржување на стапката на завршени случаи од 100 и повеќе проценти, со исклучок на административни предмети со 86,56 отсто во првостепена и 111,01 проценти во жалба за истите предмети.

ЕК, исто така, посочува дека не се направени напори да се адресираат препораките на Венецијанската комисија за преиспитување на одредбите од Законот за употреба на јазиците поврзани со двојазичноста во судските постапки.

The post ЕК забележува: Во Македонија има повеќе судии, а помалку помалку обвинители од европскиот просек appeared first on Република.

]]>

Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјава, оценува дека Република Македонија има постигнато одреден напредок во делот на функционирањето на судството, преку стабилно спроведување на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се адресираат препораките дадени од Венецијанската комисија и Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото и оценува дека судскиот систем на Македонија е умерено подготвен, односно земјата има постигнато одреден степен на подготовка. Судството, според ЕК ја покажа својата посветеност да го заштити својот интегритет и независност.
Подготовката на новата стратегија за реформи во правосудството започна на инклузивен начин, врз основа на научените лекции од претходната. Спроведувањето на ажурираниот акционен план за стратегијата за реформи во правосудството продолжи, но треба да стане посистематски, се оценува во извештајот на ЕК.
ЕК, исто така, нагласува дека треба да се засили темпото на имплементација на стратегиите за човечки ресурси за судството и обвинителството.
Судските институции доследно ги спроведуваат новите правила за именување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии и обвинители. Унапредувањето во повисоките судови се соочи со одложување, а пензионирањата дополнително го намалија бројот на судии и обвинители, се нагласува во извештајот на ЕК.
Судскиот совет и Советот на јавните обвинители продолжија со спроведување на стратешките планови.
Секој нов Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители треба да ја задржи Академијата како единствена влезна точка во судството и обвинителството и треба да обезбеди пристапот до овие професии да биде фер и транспарентен, нагласува ЕК во најновиот извештај.
ЕК, исто така, нагласува дека се работело на надградба на софтверскиот систем со цел да се применат одредбите од Законот за управување со тек на предмети за автоматска и случајна распределба на предметите во судовите, преку автоматизираниот информациски систем за управување со судски предмети (AККМИС). Во наредната година, ЕК оценува дека земјата треба:
→ да заврши со спроведувањето на стратегијата за реформи во правосудството и ажурираниот акциски план, со специфичен фокус на донесување нов закон за парнична постапка, во согласност со европските стандарди и без одлагање да започне подготовка на новата стратегија за реформи во судството (за 2023-2027 година);   → да се забрза имплементацијата на стратегиите за човечки ресурси за правосудството и јавно обвинителската мрежа и да се користат како индикатор за предвидување на претстојните вработувања;   → сите потребни ресурси да се распоредат за да се осигури дека автоматизираниот информациски систем за управување со судски предмети (ACCMIS) е целосно функционален и компатибилен со новата мерка за сложеност на судските случаи и со методот за оценување на судии и претседатели на судови.
Поконкретно, Европската комисија во делот на стратешките документи, посочува дека забелешките од извештајот за имплементацијата на Стратегијата за реформи во судството (2017-2022) треба да бидат вклучени во подготовката на стратегијата за периодот 2023-2027 година. ЕК, во извештајот оценува дека во Собранието се чекаат неколку законски решенија, меѓу кои и новиот предлог-закон за парнична постапка, како и дека е постигнат ограничен напредок во спроведувањето на стратегиите за управување со човечки ресурси во судовите и во јавните обвинителства. Во делот на управните органи, ЕК нагласува дека Судскиот совет треба да ја зајакне својата улога како чувар на независноста и непристрасноста на судиите и да ја подобри својата транспарентност, додека Советот на јавни обвинители треба да дава образложение за своите одлуки и да обезбеди редовен пристап на медиумите до неговите седници, што не беше секогаш можно поради ограничениот простор и важечките ограничувања поради ковид пандемијата. Во делот на независноста и непристрасноста, ЕК оценува дека судската независност е вградена во Уставот, но и нагласува дека е важно да се осигура дека судството е заштитено од каков било ризик или перцепција на несоодветно надворешно мешање. ЕК во делот на одговорност, оценува дека од јуни 2020 година, Судскиот совет разреши шест судии, а Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на главниот обвинител за разрешување на еден обвинител. Генерално, причината посочена за ваквите отпуштања беше поврзана со непрофесионално работење. Судскиот совет изрече писмена опомена на еден судија и казни претседател и судија. Во однос на професионалноста и компетентноста, ЕК во извештајот оценува дека Судскиот совет почна да ја применува новата методологија за професионално оценување за именувањата и унапредувањата со одлуки за 97 кандидати за судии и четворица за претседатели на судови. ЕК во делот на квалитетот на правдата, посочува дека е важно секој нов закон за Академијата за судии и обвинители да ја задржи Академијата како единствена влезна точка во судството и обвинителството, но и дека е особено важно да се скрати почетната обука. Врховниот суд и четирите апелациони судови продолжија со своите напори за подобрување на доследноста на пресудите и за усогласување на судските практики. Во Извештајот на ЕК се посочува дека имаме повеќе судии, а помалку обвинители од европскиот просек. На крајот на 2021 година имало 473 судии, (26 на 100.000 жители) 61 отсто женски судии и 170 обвинители (девет на 100.000 жители), 55 отсто женски обвинители, помалку отколку во 2020 година. Според Европската комисија за ефикасност на Правда (ЦЕПЕЈ), европските просеци се 21 судија и 12 обвинители на 100.000 жители. ЕК, нагласува дека е од суштинско значење да се забрза имплементацијата на стратегиите за човечки ресурси за судовите и јавните обвинителства и однапред да се планираат потребите за персонал. Советот за дигитализација во правосудството, се вели во Извештајот на ЕК, ја интензивираше работата за спроведување на ИТ стратегијата, посочувајќи дека пет пилот судови добија ИТ опрема обезбедена од странски донатори, но дека регрутирањето на дополнителен ИТ кадар зависи од нудење работни услови кои се конкурентни на оние во приватниот сектор. ЕК, меѓу другото, посочува дека е потребно да се работи на континуирано промовирање на медијацијата и употребата на други алтернативни методи за решавање спорови, вклучително и преку соодветните совети, Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на судии. Во делот на ефикасноста, ЕК во Извештајот оценува дека поголемиот дел од судовите го продолжија позитивниот тренд на задржување на стапката на завршени случаи од 100 и повеќе проценти, со исклучок на административни предмети со 86,56 отсто во првостепена и 111,01 проценти во жалба за истите предмети. ЕК, исто така, посочува дека не се направени напори да се адресираат препораките на Венецијанската комисија за преиспитување на одредбите од Законот за употреба на јазиците поврзани со двојазичноста во судските постапки.

The post ЕК забележува: Во Македонија има повеќе судии, а помалку помалку обвинители од европскиот просек appeared first on Република.

]]>
Француски обвинители почнаа три истраги за можни воени злосторства во Украина против француски државјани https://republika.mk/vesti/svet/francuski-obviniteli-pochnaa-tri-istragi-za-mozni-voeni-zlostorstva-vo-ukraina-protiv-francuski-drzavjani/ Tue, 05 Apr 2022 13:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=483668

Француските антитерористички обвинители денеска почнаа три истраги за можни воени злосторства поврзани со дела против француски државјани извршени во Украина од руската инвазија.

Во соопштението се наведува дека тие истражуваат можни злосторства извршени во украинските градови Мариупол, Гостомел и Чернихив меѓу 24 февруари и 16 март, пишува Блумберг.

Во март, француските обвинители отворија уште една истрага за воени злосторства, откако француско-ирски новинар беше убиен во Украина.

The post Француски обвинители почнаа три истраги за можни воени злосторства во Украина против француски државјани appeared first on Република.

Избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на Русковска https://republika.mk/vesti/makedonija/izbrani-petmina-obviniteli-vo-obvinitelstvo-za-gonenje-na-organiziran-kriminal-i-korupcija-na-ruskovska/ Thu, 17 Mar 2022 10:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=474206

На денешната седница на Советот на јавните обвинители беа избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Поточно, на обвинителството, каде што е шефица Вилма Русковска, ќе му се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, но мандатот им заврши во февруари: Марија Ѓорѓева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу -Леши, Ивана Трајчева, Сузана Мирческа-Кузмановска - добија нов мандат од 4 години.

Пред да биде направен изборот, претседателот на Советот, Антонио Јолевски, ги прочита и бодовите кои ги добиле кандидатите: Арсим Адеми -25 бода, Елизабета Јосифовска -24 бода, Марија Ѓоргева -24 бода, Валентина Беслимовска -18 бода, Енѓулуше Кадриу–Леши -24, бода, Ивана Трајчева -25 бода, Сузана Мирческа-Кузмановска -18 бода, Имра Османи – негативна оценка, Наташа Сарамандова -25 бода и Златко Биковски -25 бода.

Првото оценување на обвинителите кои доаѓаат од Организиран беше надвор од критериумите. При второто оценување пак за сите беше даден ист коментар, а различни бодови, истакна претседателот Антонио Јолевски.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески истакна дека ќе ги поддржи досегашните обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на кои им истече мандатот. Тој истакна дека тие работеле на многу сложени предмети и нивен неизбор би значело пролонгирање на предметите. Појасни и дека овие обвинители посетувале многу обуки.

Инвестирано е во нивната подготвеност за постапување по предмети од организиран криминал, истакна Јовески.

Кандидатот Арсим Адеми не ја добии поддршката од советот, кој во јавноста стана познат откако се спогоди со Зоран Милевски Кичеец, односно даде согласнос Кичеец да лежи 6 месеци затвор за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице.

The post Избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на Русковска appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Советот на јавните обвинители беа избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Поточно, на обвинителството, каде што е шефица Вилма Русковска, ќе му се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, но мандатот им заврши во февруари: Марија Ѓорѓева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу -Леши, Ивана Трајчева, Сузана Мирческа-Кузмановска - добија нов мандат од 4 години. Пред да биде направен изборот, претседателот на Советот, Антонио Јолевски, ги прочита и бодовите кои ги добиле кандидатите: Арсим Адеми -25 бода, Елизабета Јосифовска -24 бода, Марија Ѓоргева -24 бода, Валентина Беслимовска -18 бода, Енѓулуше Кадриу–Леши -24, бода, Ивана Трајчева -25 бода, Сузана Мирческа-Кузмановска -18 бода, Имра Османи – негативна оценка, Наташа Сарамандова -25 бода и Златко Биковски -25 бода.