обдукција Archives - Република https://republika.mk/tema/obdukcija/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 11:37:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обдукција Archives - Република https://republika.mk/tema/obdukcija/ 32 32 Со обдукција ќе се утврдуваат причините за смртта на Александар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-obduktsija-ke-se-utvrduvaat-prichinite-za-smrtta-na-aleksandar/ Fri, 23 Feb 2024 10:52:35 +0000 https://republika.mk/?p=747339

Четириесет и шестгодишниот прилепчанец Александар Јошески, по кого вчера трагаа семејството и прилепската полиција, е пронајден починат.

Од МВР велат дека пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.

Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Со обдукција ќе се утврдуваат причините за смртта на Александар appeared first on Република.

]]>

Четириесет и шестгодишниот прилепчанец Александар Јошески, по кого вчера трагаа семејството и прилепската полиција, е пронајден починат. Од МВР велат дека пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.
Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.  

The post Со обдукција ќе се утврдуваат причините за смртта на Александар appeared first on Република.

]]>
ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството https://republika.mk/vesti/makedonija/jo-izveshtajot-od-sudska-meditsina-za-vana-gorchevska-ne-e-ofitsijalno-dostaven-do-obvinitelstvoto/ Mon, 18 Dec 2023 12:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=724285

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.

Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо е во екстрадиционен затвор во Турција.

Обдукцијата на телата на убиените Вања и Панче заврши на 5 декември, но се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството.

Телата на Вања и Панче беа пронајдени во околината на Скопје и Велес на 3 декември.

Според МВР и Обвинителството, тие двајца не биле поврзани, но за нивното грабнување и убиство се осомничени истите лица.

The post ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството. Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо е во екстрадиционен затвор во Турција. Обдукцијата на телата на убиените Вања и Панче заврши на 5 декември, но се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството. Телата на Вања и Панче беа пронајдени во околината на Скопје и Велес на 3 декември. Според МВР и Обвинителството, тие двајца не биле поврзани, но за нивното грабнување и убиство се осомничени истите лица.

The post ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството appeared first on Република.

]]>
Заврши обдукцијата на Вања, телото било предадено на семејството https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-obduktsijata-na-vana-teloto-bilo-predadeno-na-semejstvoto/ Tue, 05 Dec 2023 11:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=719883

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, објави МКД.мк

Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје.

Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.

Телото на Вања беше пронајдено во неделата и според полицијата и обвинителството извршителите на овој монструзен чин се истите со убиството на Панче Жежовски од Велес.

Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски завршија во притвор од 48-часа кој завршува утре. Дали ќе се бара дополнителна мерка ќе треба да соопшти ОЈО Скопје. Притвор од 2 дена вчера доби и таткото на Вања осомничен дека учествувал во грозоморниот чин на грабнувањето на наеговата ќерка, која потоа беше убиена.

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Од скопското Јавно обвинителство информираа дека за осомничениот Палевски кој е во бегство, по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривичните дела грабнување и убиство. Денес Основниот кривичен суд му определи мерка притвор во отсуство која ќе почне да важи по неговото пронаоѓање.

The post Заврши обдукцијата на Вања, телото било предадено на семејството appeared first on Република.

]]>

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, објави МКД.мк Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан. Телото на Вања беше пронајдено во неделата и според полицијата и обвинителството извршителите на овој монструзен чин се истите со убиството на Панче Жежовски од Велес. Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски завршија во притвор од 48-часа кој завршува утре. Дали ќе се бара дополнителна мерка ќе треба да соопшти ОЈО Скопје. Притвор од 2 дена вчера доби и таткото на Вања осомничен дека учествувал во грозоморниот чин на грабнувањето на наеговата ќерка, која потоа беше убиена. Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски. Од скопското Јавно обвинителство информираа дека за осомничениот Палевски кој е во бегство, по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривичните дела грабнување и убиство. Денес Основниот кривичен суд му определи мерка притвор во отсуство која ќе почне да важи по неговото пронаоѓање.

The post Заврши обдукцијата на Вања, телото било предадено на семејството appeared first on Република.

]]>
Резултатите од обдукцијата на шестгодишната Јана се очекуваат за десетина дена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rezultatite-od-obduktsijata-na-shestgodishnata-jana-se-ochekuvaat-za-desetina-dena/ Fri, 24 Mar 2023 07:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=623075

ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги извести обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/

Министерството за здравство најави вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола.

Јавноста во Битола со тага дозна за веста дека 6-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари во текот на вчерашниот ден го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

The post Резултатите од обдукцијата на шестгодишната Јана се очекуваат за десетина дена appeared first on Република.

]]>

ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги извести обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед. Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/   Министерството за здравство најави вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола. Јавноста во Битола со тага дозна за веста дека 6-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари во текот на вчерашниот ден го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

The post Резултатите од обдукцијата на шестгодишната Јана се очекуваат за десетина дена appeared first on Република.

]]>
Објавени резултатите од обдукцијата на телото на бебето пронајдено во замрзнувач https://republika.mk/vesti/balkan/objaveni-rezultatite-od-obduktsijata-na-teloto-na-bebeto-pronajdeno-vo-zamrznuvach/ Mon, 06 Mar 2023 20:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=616585

Во институтот на судска медицина во Србија, заврши обдукцијата на бебето чие тело на крајот на јануари годинава беше пронајдено во замрзнувач на куќа во Земун. Обдукцијата покажала дека женското дете е родено мртво, како што тврдела мајката на детето во текот на истрагата.

“Бебето беше женско, утврдено е дека е родено мртво. Се очекува решение за притвор на мајката, како и прекинување на истрагата за овој случај. Решение се уште не е донесено”, соопштија од полицијата.

Лидија М.(47), мајката на бебето кое беше пронајдено во куќата во која живеат нејзиниот сопруг Зоран М.(62) и нивните четири деца, на распитот призна дека новороденчето е нејзино и рече дека го родила мртво.

„Таа го сокри телото, не знаеше што да прави“

„Лидија призна дека бебето е нејзино, но рече дека го родила мртво. Рекла и дека го сокрила телото бидејќи никој од нејзиното семејство не знаел дека е бремена. Не знаела што да прави, па затоа мртвото бебе го ставила во замрзнувач. Набргу по тоа породување Лидија си замина и го остави семејството“, вели соговорник близок до истрагата.

Да потсетиме, телото на бебето во замрзнувач го пронашол нејзиниот сопруг Зоран кога, како што рекол, сакал да го исчисти. Зоран рекол дека тој и неговата сопруга имале несогласувања и дека таа се гледала со други мажи.

Сопругата што замина и јас имавме несогласувања, имаме четири деца… Сопругата не живее тука од мај, а јас живеам од кога е изградена куќата, 60 и нешто години“, им рекол Зоран на истражителите.

“Видов торба со крпа во неа. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив чантата, видов бебе. Почнав да одам во шок. Веднаш го повикав син ми и полиција. Не Знам дека имаше такво нешто во замрзнувачот, јас се уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова“, заклучил тој.

The post Објавени резултатите од обдукцијата на телото на бебето пронајдено во замрзнувач appeared first on Република.

]]>

Во институтот на судска медицина во Србија, заврши обдукцијата на бебето чие тело на крајот на јануари годинава беше пронајдено во замрзнувач на куќа во Земун. Обдукцијата покажала дека женското дете е родено мртво, како што тврдела мајката на детето во текот на истрагата. “Бебето беше женско, утврдено е дека е родено мртво. Се очекува решение за притвор на мајката, како и прекинување на истрагата за овој случај. Решение се уште не е донесено”, соопштија од полицијата. Лидија М.(47), мајката на бебето кое беше пронајдено во куќата во која живеат нејзиниот сопруг Зоран М.(62) и нивните четири деца, на распитот призна дека новороденчето е нејзино и рече дека го родила мртво. „Таа го сокри телото, не знаеше што да прави“ „Лидија призна дека бебето е нејзино, но рече дека го родила мртво. Рекла и дека го сокрила телото бидејќи никој од нејзиното семејство не знаел дека е бремена. Не знаела што да прави, па затоа мртвото бебе го ставила во замрзнувач. Набргу по тоа породување Лидија си замина и го остави семејството“, вели соговорник близок до истрагата. Да потсетиме, телото на бебето во замрзнувач го пронашол нејзиниот сопруг Зоран кога, како што рекол, сакал да го исчисти. Зоран рекол дека тој и неговата сопруга имале несогласувања и дека таа се гледала со други мажи. Сопругата што замина и јас имавме несогласувања, имаме четири деца… Сопругата не живее тука од мај, а јас живеам од кога е изградена куќата, 60 и нешто години“, им рекол Зоран на истражителите. “Видов торба со крпа во неа. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив чантата, видов бебе. Почнав да одам во шок. Веднаш го повикав син ми и полиција. Не Знам дека имаше такво нешто во замрзнувачот, јас се уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова“, заклучил тој.

The post Објавени резултатите од обдукцијата на телото на бебето пронајдено во замрзнувач appeared first on Република.

]]>
Извршен увид за двојното убиство во Карпош, телата на жртвите на обдукција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izvrshen-uvid-za-dvojnoto-ubistvo-vo-karposh-telata-na-zhrtvite-na-obduktsija/ Wed, 11 Jan 2023 18:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=595904

Јавен обвинител од Основното јавно обвнителство Скопје извршил увид на лице место во стан на улица „Рузвелтова“ во скопската населба Карпош, каде, според првичните информации М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.

Од ОЈО Скопје соопштија дека со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место.

Од Министерството за внатрешни работи претходно инфомираа дека денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале.

The post Извршен увид за двојното убиство во Карпош, телата на жртвите на обдукција appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвнителство Скопје извршил увид на лице место во стан на улица „Рузвелтова“ во скопската населба Карпош, каде, според првичните информации М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години. Од ОЈО Скопје соопштија дека со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место. Од Министерството за внатрешни работи претходно инфомираа дека денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале.  

The post Извршен увид за двојното убиство во Карпош, телата на жртвите на обдукција appeared first on Република.

]]>
Млад скопјанец пронајден мртов во домот на неговата мајка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mlad-skopjanec-pronajden-mrtov-vo-domot-na-negovata-majka/ Fri, 02 Sep 2022 17:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=546870

Вчера во 14.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на неговата мајка бил пронајден починат М.Д.(38) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Млад скопјанец пронајден мртов во домот на неговата мајка appeared first on Република.

]]>

Вчера во 14.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на неговата мајка бил пронајден починат М.Д.(38) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Млад скопјанец пронајден мртов во домот на неговата мајка appeared first on Република.

]]>
Ќе се прави нова обдукција на момчето најдено во Струмичко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kje-se-pravi-nova-obdukcija-na-momcheto-najdeno-vo-strumichko/ Tue, 14 Jun 2022 17:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=515168

Причините за смртта на 26-годишното момче чие тело беше пронајдено минатата недела во близина на струмичко Ново Село се уште остануваат непознати. Од Јавното обвинителство информираа дека работат на случајот, но без да откријат многу детали. Од таму само соопштија дека причината за смртта не можела да се утврди од првата обдукција, па била побарана дополнителна тимска ре обдукција.

Основното јавно обвинителството – Струмица издаде наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото кое беше пронајдено на 7 овој месец во местото Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, бидејќи обдуцентите и по неколку денови не можеле да се произнесат за причините поради кои настапила смртта, информираа денеска од Јавното обвинителство.

Во информацијата стои дека резултатите од реобдукцијата сѐ уште не се пристигнати во Обвинителството, а при увидот кај починатиот биле констатирани повеќе повреди кои првично упатувале на насилна смрт.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Струмица, со цел утврдување на фактите во случајот, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица поднесе повеќе барања за издавање наредби за претреси во домови и други простории на лица со кои починатиот остварувал последни контакти. Исто така, издадена е наредба за обезбедување снимки од видео надзор од еден угостителски објект, како и наредба за вештачење на мобилни телефони. Од мобилните оператори побарани се податоци за остварена телефонска комуникација, а издадена е и наредба за вештачење на повеќе предмети пронајдени во близина на телото на починатиот. Целиот терен, по наредба на јавен обвинител, циклично се пребаруваше два пати за да се пронајдат и други траги и предмети. По целосно расчистување на случајот, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапкатасоопшти ЈО.

МВР на 8 овој месец информираше дека вечерта на 7 јуни во 19:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди.

The post Ќе се прави нова обдукција на момчето најдено во Струмичко appeared first on Република.

Објавени резултатите од обдукцијата, познато е како починал Видоје во рацете на љубовницата https://republika.mk/scena/estrada/objaveni-rezultatite-od-obdukcijata-poznato-e-kako-pochinal-vidoje-vo-racete-na-ljubovnicata/ Tue, 07 Jun 2022 16:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=512300

Пристигнаа официјалните токсиколошки резултати од крвта на Видоје Ристовиќ кој почина пред две недели.

Имено сопругот на водителката Николина Пишек кој починал на 8 мај 2022 година во 00:22 часот починал од воспален срцев мускул предизвикан од вирус, додека хемиско – токсиколошката анализа покажала дека тој во крвта имал дури неверојатни 2,83 промили алкохол.

Во анализата се наведува дека тој во меѓувреме користел и лекови и седативи, но дека истите не влијаеле за настанување на смртта.

Исто така во крвта е утврдено присуство на опојна дрога и други недозволени супстанци (кокаин, хероин, амфетамин).

Овие вештачења ги правеле тројца вештачки кои се лекари по судска медицина.

The post Објавени резултатите од обдукцијата, познато е како починал Видоје во рацете на љубовницата appeared first on Република.

]]>

Пристигнаа официјалните токсиколошки резултати од крвта на Видоје Ристовиќ кој почина пред две недели. Имено сопругот на водителката Николина Пишек кој починал на 8 мај 2022 година во 00:22 часот починал од воспален срцев мускул предизвикан од вирус, додека хемиско – токсиколошката анализа покажала дека тој во крвта имал дури неверојатни 2,83 промили алкохол. Во анализата се наведува дека тој во меѓувреме користел и лекови и седативи, но дека истите не влијаеле за настанување на смртта. Исто така во крвта е утврдено присуство на опојна дрога и други недозволени супстанци (кокаин, хероин, амфетамин). Овие вештачења ги правеле тројца вештачки кои се лекари по судска медицина.

The post Објавени резултатите од обдукцијата, познато е како починал Видоје во рацете на љубовницата appeared first on Република.

]]>
Во крвта на починатиот ракметар Денис Тот немало наркотични супстанци, покажала обдукцијата https://republika.mk/sport/rakomet/vo-krvta-na-pochinatiot-rakmetar-denis-tot-nemalo-narkotichni-supstanci-pokazala-obdukcijata/ Fri, 08 Apr 2022 17:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=485493

Обдукцијата направена на починатиот хрватски ракометар на Бутел, Денис Тот, покажала дека немал никакви наркотични суспстанци во крвта, пренесуваат хрватските медиуми.

Трагичната смрт на младиот ракометар донесе огромна тага во македонската и хрватската спортска јавност, во очекување и на официјалните извештаи за причините за истата.

Во меѓувреме, амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи во разговорот за хрватски „Вечерњи“ вели дека случајот целосно ќе биде расчистен во интерес на семејството на Тот, но и на целокупната јавност во двете земји, притоа замолувајќи да не се шират постојано разни шпекулации.

Телото е предадено на обдукција, но тоа што може да го потврдиме е дека во крвта на Денис не се пронајдени наркотици или некакви други сусптанци. Лекарите од КАРИЛ во Скопје истакнаа дека кога Денис бил донесен во клиника немал видливи траги на повреди, а донесен е со срцево затајување. Во секој случај, ќе следат официјални детални информации од сите надлежни македонски институции. Искрено се надевам дека по деталната истрага нема да се испостави дека е насилна смрт. Жал ми е за младиот живот, жал ми е што така се заврши, но се уште не ги знаеме причините. Навистина ми е премногу жал за загубениот млад живот - истакнува Фетаи.

The post Во крвта на починатиот ракметар Денис Тот немало наркотични супстанци, покажала обдукцијата appeared first on Република.

]]>

Обдукцијата направена на починатиот хрватски ракометар на Бутел, Денис Тот, покажала дека немал никакви наркотични суспстанци во крвта, пренесуваат хрватските медиуми. Трагичната смрт на младиот ракометар донесе огромна тага во македонската и хрватската спортска јавност, во очекување и на официјалните извештаи за причините за истата. Во меѓувреме, амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи во разговорот за хрватски „Вечерњи“ вели дека случајот целосно ќе биде расчистен во интерес на семејството на Тот, но и на целокупната јавност во двете земји, притоа замолувајќи да не се шират постојано разни шпекулации.
Телото е предадено на обдукција, но тоа што може да го потврдиме е дека во крвта на Денис не се пронајдени наркотици или некакви други сусптанци. Лекарите од КАРИЛ во Скопје истакнаа дека кога Денис бил донесен во клиника немал видливи траги на повреди, а донесен е со срцево затајување. Во секој случај, ќе следат официјални детални информации од сите надлежни македонски институции. Искрено се надевам дека по деталната истрага нема да се испостави дека е насилна смрт. Жал ми е за младиот живот, жал ми е што така се заврши, но се уште не ги знаеме причините. Навистина ми е премногу жал за загубениот млад живот - истакнува Фетаи.

The post Во крвта на починатиот ракметар Денис Тот немало наркотични супстанци, покажала обдукцијата appeared first on Република.

]]>
Обдукција ќе покаже од што почина Денис Тот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obdukcija-kje-pokaze-od-shto-pochina-denis-tot/ Fri, 08 Apr 2022 13:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=485365

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ. Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство.

Како што рече Маја Мојсова директорка на КАРИЛ, кај пациентот не се пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.

Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

The post Обдукција ќе покаже од што почина Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ. Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство. Како што рече Маја Мојсова директорка на КАРИЛ, кај пациентот не се пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција. Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

The post Обдукција ќе покаже од што почина Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Рацете му поцрнеа за неколку минути: Првпат наредив судска обдукција откако ненадејно ни почина 46-годишник, раскажува директортката Вукичевиќ https://republika.mk/vesti/balkan/racete-mu-pocrnea-za-nekolku-minuti-prvpat-narediv-sudska-obdukcija-otkako-nenadejno-ni-pochina-46-godishnik-raskazuva-direktortkata-vukichevikj/ Mon, 14 Feb 2022 22:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=458613

Првпат во 15 месеци наредив судска обдукција, вели за РТС директорката на ковид-болницата во Батајница, Србија, Татјана Аџиќ Вукичевиќ откако минатата недела 46-годишен пациент починал веднаш по приемот, што многу ги изненадило и вознемирило сите во центарот.

Станува збор за млад човек, роден 1976 година, кој ги добил првите симптоми во неделата. Тоа беа вообичаени симптоми, исти како кај сите други пациенти - треска и болки во мускулите. Во ковид-амбулантата во Земун бил пријавен како полесен случај, вели докторката.

Неговата здравствена состојба нагло се влошила три дена подоцна.

Во среда, четврток, кога се пријавил во приемно-тријажниот центар, општата состојба му била толку нарушена што практично дошол од кревет во шорцеви и маичка. Веднаш беше примен во нашата болница, тоа беше во раните утрински часови, момчето имаше сосема нормална снимка на белите дробови и сосема нормален ЕКГ запис, како и добра лабораториска слика, освен малку покачено ниво на хемоглобин, но она што беше загрижувачко е што не можевме да најдеме опиплив пулс, објасни Аџиќ Вукичевиќ.

Неколку минути подоцна, посочува, рацете му поцрниле и бил префрлен на одделението за интензивна нега. Веднаш почнала реанимација која траела 52 минути, но тој починал.

Ги замолив колегите од службата за радиологија да му направат скен на починатиот пациент кој покажа дифузни тромби, што значи исхемични промени насекаде - од главата, белите дробови, желудникот, горните и долните екстремитети. За првпат откако функционира ковид-болницата во Батајница, за овие 15 месеци наредив да се изврши судска обдукција, нагласи Аџиќ Вукичевиќ.

The post Рацете му поцрнеа за неколку минути: Првпат наредив судска обдукција откако ненадејно ни почина 46-годишник, раскажува директортката Вукичевиќ appeared first on Република.

Жителите давале отпор: Наместо во Институтот, обдукцијата на трудницата во Црнилиште вршена во селото https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zitelite-davale-otpor-namesto-vo-institutot-obdukcijata-na-trudnicata-vo-crnilishte-vrshena-vo-seloto/ Mon, 17 Jan 2022 18:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=446016

Прилепското обвинителство, по наредба, денеска изврши ексхумација на телото на почината родилка со цел да се изврши обдукција и да се утврди која била причината за смртта на родилката од село Црнилиште. Според обвинителката Маријана Илиеска обдукцијата, со мерки за заштита, е извршена на лице место за да се избегнат можни тензии, бидејќи имало отпор меѓу населението на селото Црнилиште.

Екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направиле обдукција на лице место, а Обвинителството ја побарало по допрен глас.

Триесет и тригодишната родилка од Црнилиште на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но веднаш по породувањето имала обилно крвавење, при што починала околу 4 часот изутрината на 10 јануари.

Прилепското основно јавно обвинителство ќе го очекува извештајот за натамошно постапување.

The post Жителите давале отпор: Наместо во Институтот, обдукцијата на трудницата во Црнилиште вршена во селото appeared first on Република.

]]>

Прилепското обвинителство, по наредба, денеска изврши ексхумација на телото на почината родилка со цел да се изврши обдукција и да се утврди која била причината за смртта на родилката од село Црнилиште. Според обвинителката Маријана Илиеска обдукцијата, со мерки за заштита, е извршена на лице место за да се избегнат можни тензии, бидејќи имало отпор меѓу населението на селото Црнилиште. Екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направиле обдукција на лице место, а Обвинителството ја побарало по допрен глас. Триесет и тригодишната родилка од Црнилиште на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но веднаш по породувањето имала обилно крвавење, при што починала околу 4 часот изутрината на 10 јануари. Прилепското основно јавно обвинителство ќе го очекува извештајот за натамошно постапување.

The post Жителите давале отпор: Наместо во Институтот, обдукцијата на трудницата во Црнилиште вршена во селото appeared first on Република.

]]>