нуклеарна војна Archives - Република https://republika.mk/tema/nuklearna-vojna/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Mar 2024 07:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна војна Archives - Република https://republika.mk/tema/nuklearna-vojna/ 32 32 Путин: Русија е подготвена за нуклеарна војна, но не брза кон неа https://republika.mk/vesti/svet/putin-rusija-e-podgotvena-za-nuklearna-vojna-no-ne-brza-kon-nea/ Wed, 13 Mar 2024 07:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=754221

Русија се уште е во состојба на борбена готовност и е целосно подготвена за нуклеарна војна, но во моментов нема брзање кон неа, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за руските државни медиуми, Путин, кој на 24 февруари 2022 година почна сеопфатна инвазија врз Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори од 15 до 17 март, во интервјуто кажа дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен.

Од воено-техничка гледна точка, ние, се разбира, сме подготвени, изјави Путин за телевизијата „Русија-1“, одговарајќи на прашањето дали земјата е навистина подготвена за нуклеарна војна.

Тој додаде дека САД разбираат дека доколку распоредат американски војници на руска територија или во Украина, Русија тој чекор ќе се третира како интервенција.

Во САД има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото одвраќање. Затоа, не мислам дека сите овде брзаат кон тоа (нуклеарен конфликт), но ние сме подготвени за тоа, рече Путин.

Тој повтори дека употребата на нуклеарно оружје е специфицирана во нуклеарната доктрина на Кремљ, чија политика ги одредува околностите во кои Русија би можела да го користи своето оружје.

-Оружјето постои за да се користи. Ние имаме свои принципи, кажа рускиот претседател.

Доколку САД извршат нуклеарни тестови и Русија би можела да го стори истото, додаде тој во долгото интервју.

-Не е потребно... сè уште треба да размислуваме за тоа, но не исклучувам дека можеме да го сториме истото, изјави Путин, и додаде дека дека Русија никогаш не се соочила со потребата да употреби нуклеарно оружје во Украина, каде конфликтот беснее од февруари 2022 година.

The post Путин: Русија е подготвена за нуклеарна војна, но не брза кон неа appeared first on Република.

]]>

Русија се уште е во состојба на борбена готовност и е целосно подготвена за нуклеарна војна, но во моментов нема брзање кон неа, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин. Во интервју за руските државни медиуми, Путин, кој на 24 февруари 2022 година почна сеопфатна инвазија врз Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори од 15 до 17 март, во интервјуто кажа дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен. Од воено-техничка гледна точка, ние, се разбира, сме подготвени, изјави Путин за телевизијата „Русија-1“, одговарајќи на прашањето дали земјата е навистина подготвена за нуклеарна војна. Тој додаде дека САД разбираат дека доколку распоредат американски војници на руска територија или во Украина, Русија тој чекор ќе се третира како интервенција. Во САД има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото одвраќање. Затоа, не мислам дека сите овде брзаат кон тоа (нуклеарен конфликт), но ние сме подготвени за тоа, рече Путин. Тој повтори дека употребата на нуклеарно оружје е специфицирана во нуклеарната доктрина на Кремљ, чија политика ги одредува околностите во кои Русија би можела да го користи своето оружје. -Оружјето постои за да се користи. Ние имаме свои принципи, кажа рускиот претседател. Доколку САД извршат нуклеарни тестови и Русија би можела да го стори истото, додаде тој во долгото интервју. -Не е потребно... сè уште треба да размислуваме за тоа, но не исклучувам дека можеме да го сториме истото, изјави Путин, и додаде дека дека Русија никогаш не се соочила со потребата да употреби нуклеарно оружје во Украина, каде конфликтот беснее од февруари 2022 година.

The post Путин: Русија е подготвена за нуклеарна војна, но не брза кон неа appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Путин се плаши од неговиот народ, само тој може да го промени https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-putin-se-plashi-od-negoviot-narod-samo-toj-moze-da-go-promeni/ Fri, 07 Oct 2022 21:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=558624

Рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од нуклеарен напад. Тој се плаши од неговото општество, од неговиот народ. Бидејќи само тој народ може да го промени, да му ја одземе моќта и да ја даде на некој друг, смета претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој во интверју за „Би-би-си“ повика на воведување превентивни санкции против Русија. Како што тврди украинскиот претседател, претставниците на државата почнаа да го подготвуваат руското општество за можна употреба на нуклеарно оружје во војната.

– Тие почнуваат да го подготвуваат нивното општество. Тоа е многу опасно. Не се подготвени да го сторат тоа, да го користат. Но, почнуваат да комуницираат. Не знаат дали ќе го користат тоа или не. Мислам дека е опасно дури и да се зборува за тоа, појасни Зеленски, зборувајќи за потенцијалната руска употреба на нуклеарно оружје.

Тој додаде дека не повикал на нуклеарни удари на Русија. Зборот што го употребил на украински, бил сфатен погрешно.

Според Зеленски, потребно е да се дејствува сега бидејќи „заканите на Русија се ризик за целата планета“. Москва „веќе направила чекор со заземањето на нуклеарната електрана Запорожје“. Станува збор за најголемата нуклеарна електрана во Европа, што рускиот претседател се обидува да ја претвори во руска сопственост.

Тој ја коментираше и руската делумна мобилизација. Претседателот на Украина ги повика Русите „да се борат за нивните права, тело и душа“.

– Овие мобилизирани деца сега доаѓаат без митралези, панцири, тие се само топовско месо … Доколку не сакаат да бидат ќебап, треба да се изборат за нивните животи, изјави Зеленски.

The post Зеленски: Путин се плаши од неговиот народ, само тој може да го промени appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од нуклеарен напад. Тој се плаши од неговото општество, од неговиот народ. Бидејќи само тој народ може да го промени, да му ја одземе моќта и да ја даде на некој друг, смета претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Тој во интверју за „Би-би-си“ повика на воведување превентивни санкции против Русија. Како што тврди украинскиот претседател, претставниците на државата почнаа да го подготвуваат руското општество за можна употреба на нуклеарно оружје во војната.
– Тие почнуваат да го подготвуваат нивното општество. Тоа е многу опасно. Не се подготвени да го сторат тоа, да го користат. Но, почнуваат да комуницираат. Не знаат дали ќе го користат тоа или не. Мислам дека е опасно дури и да се зборува за тоа, појасни Зеленски, зборувајќи за потенцијалната руска употреба на нуклеарно оружје.
Тој додаде дека не повикал на нуклеарни удари на Русија. Зборот што го употребил на украински, бил сфатен погрешно. Според Зеленски, потребно е да се дејствува сега бидејќи „заканите на Русија се ризик за целата планета“. Москва „веќе направила чекор со заземањето на нуклеарната електрана Запорожје“. Станува збор за најголемата нуклеарна електрана во Европа, што рускиот претседател се обидува да ја претвори во руска сопственост. Тој ја коментираше и руската делумна мобилизација. Претседателот на Украина ги повика Русите „да се борат за нивните права, тело и душа“. – Овие мобилизирани деца сега доаѓаат без митралези, панцири, тие се само топовско месо … Доколку не сакаат да бидат ќебап, треба да се изборат за нивните животи, изјави Зеленски.

The post Зеленски: Путин се плаши од неговиот народ, само тој може да го промени appeared first on Република.

]]>
Захарова: Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна https://republika.mk/vesti/svet/zaharova-rusija-ostanuva-celosno-posvetena-na-principot-nikogash-da-ne-dozvoli-da-se-vodi-nuklearna-vojna/ Thu, 06 Oct 2022 12:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=558008

Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна, рече на последната прес-конференција Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за одбрана.

Таа рече дека ставот на Москва, според кој никогаш не треба да започне нуклеарна војна, не е променет.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија располага со „различно разорно оружје“ и дека ќе „користи сè што е достапно“ за да ја одбрани Русија, при што Путин мисли и на четирите украински региони чија анексија ја најави Русија минатата недела.

The post Захарова: Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна appeared first on Република.

]]>

Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна, рече на последната прес-конференција Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за одбрана. Таа рече дека ставот на Москва, според кој никогаш не треба да започне нуклеарна војна, не е променет. Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија располага со „различно разорно оружје“ и дека ќе „користи сè што е достапно“ за да ја одбрани Русија, при што Путин мисли и на четирите украински региони чија анексија ја најави Русија минатата недела.

The post Захарова: Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна appeared first on Република.

]]>
Полска: НАТО да одговори „разорувачки“ доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина https://republika.mk/vesti/svet/polska-nato-da-odgovori-razoruvachki-dokolku-rusija-upotrebi-nuklearno-oruzje-vo-ukraina/ Wed, 28 Sep 2022 10:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=555181

На евентуална руска употреба на нуклеарно оружје во Украина, НАТО би требало да одговори со конвенционален, но, уништувачки удар. Ова за американската телевизија „Ен-би-си“ го изјави шефот на полската дипломатија Збигњев Рау.

Колку што ни е познато, претседателот на Русија Владимир Путин се заканува дека ќе употреби тактичко нуклеарно оружје на територијата на Украина, а притоа не го напаѓа НАТО. Што значи дека НАТО е должен да одговори на конвенционален начин, но, така што одговорот ќе биде разорувачки. И мислам дека сега НАТО ѝ праќа на Русија таков сигнал, смета Рау, пренесуваат денеска дел од полските медиуми.

Мобилизацијата во Русија, шефот на полската дипломатија ја означи како доказ дека Путин доживува пораз во својата војна. А, со тоа што на фронтот праќа необучени и слабо опремени регрути, нема да го промени нејзиниот тек.

Полскиот министер предупреди дека дефектот на двата руско-германски гасовода во Балтичкото Море, близу данските територијални води, Северен поток еден и два, лесно може да биде саботажа. Како што тој оцени, за некој да ги заплаши земјите на брегот на Балтикот, бидејќи сите, освен Русија, се веќе членки или ќе бидат примени во НАТО.

Експлозиите во Балтичкото Море исто така го одвлекуваат вниманието на меѓународната јавност од војната во Украина. Кога ќе ги составиме сите елементи, не можеме да ја исфрлиме тезата оти тоа може да биде елемент на хибридната војна на Русија против НАТО, истакна Рау во дебата во Центарот за стратешки студии во Вашингтон, јави полското радио.

Полското Министерство за надворешни работи очекува независна истрага за дефектот и истекувањето гас од Северен поток еден и два. Портпаролот на МНР, Лукаш Јасина нагласи дека дотогаш секој треба да си ги одмери зборовите и тоа поради твитот на поранешниот шеф на полската дипломатија и некогашен претседател на Сејмот на полскиот парламент, Радослав Шикорски, кој за несреќата, што го израдувала, им се заблагодари на САД.

Од твитот на Шикорски остро се огради и полската Влада, но и неговите опозициски партиски колеги, а беше обвинет и дека ѝ помага на руската пропаганда.

„Крајна неодговорност“, беше реакцијата на твитот на координаторот на тајните служби во Полска, Станислав Жарин.

Пратеникот во Европскиот Парламент на владејачките полски конзервативци, поранешен министер за внатрешни работи, Јоахим Бруџињски изрази надеж дека станува збор за „алкотвит“ на Шикорски.

Корисен идиот или руски агент? Прашањето го оставам отворено. Сакам да верувам дека тоа е само алкотвит, подвлече Бруџињски.

За полското радио, поранешниот министер за одбрана Томаш Шемјоњак, кој е од опозициската Граѓанска платформа, како и Шикорски, изјави дека „во Европа имаме војна. Какви било обвинувања мора да бидат поткрепени со докази. Кој тоа го сторил, нека спроведат истрага тие кои се надлежни, а тоа е Данска. Дотогаш треба да се биде внимателен“.

The post Полска: НАТО да одговори „разорувачки“ доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина appeared first on Република.

]]>

На евентуална руска употреба на нуклеарно оружје во Украина, НАТО би требало да одговори со конвенционален, но, уништувачки удар. Ова за американската телевизија „Ен-би-си“ го изјави шефот на полската дипломатија Збигњев Рау.
Колку што ни е познато, претседателот на Русија Владимир Путин се заканува дека ќе употреби тактичко нуклеарно оружје на територијата на Украина, а притоа не го напаѓа НАТО. Што значи дека НАТО е должен да одговори на конвенционален начин, но, така што одговорот ќе биде разорувачки. И мислам дека сега НАТО ѝ праќа на Русија таков сигнал, смета Рау, пренесуваат денеска дел од полските медиуми.
Мобилизацијата во Русија, шефот на полската дипломатија ја означи како доказ дека Путин доживува пораз во својата војна. А, со тоа што на фронтот праќа необучени и слабо опремени регрути, нема да го промени нејзиниот тек. Полскиот министер предупреди дека дефектот на двата руско-германски гасовода во Балтичкото Море, близу данските територијални води, Северен поток еден и два, лесно може да биде саботажа. Како што тој оцени, за некој да ги заплаши земјите на брегот на Балтикот, бидејќи сите, освен Русија, се веќе членки или ќе бидат примени во НАТО.
Експлозиите во Балтичкото Море исто така го одвлекуваат вниманието на меѓународната јавност од војната во Украина. Кога ќе ги составиме сите елементи, не можеме да ја исфрлиме тезата оти тоа може да биде елемент на хибридната војна на Русија против НАТО, истакна Рау во дебата во Центарот за стратешки студии во Вашингтон, јави полското радио.
Полското Министерство за надворешни работи очекува независна истрага за дефектот и истекувањето гас од Северен поток еден и два. Портпаролот на МНР, Лукаш Јасина нагласи дека дотогаш секој треба да си ги одмери зборовите и тоа поради твитот на поранешниот шеф на полската дипломатија и некогашен претседател на Сејмот на полскиот парламент, Радослав Шикорски, кој за несреќата, што го израдувала, им се заблагодари на САД. Од твитот на Шикорски остро се огради и полската Влада, но и неговите опозициски партиски колеги, а беше обвинет и дека ѝ помага на руската пропаганда.
„Крајна неодговорност“, беше реакцијата на твитот на координаторот на тајните служби во Полска, Станислав Жарин.
Пратеникот во Европскиот Парламент на владејачките полски конзервативци, поранешен министер за внатрешни работи, Јоахим Бруџињски изрази надеж дека станува збор за „алкотвит“ на Шикорски.
Корисен идиот или руски агент? Прашањето го оставам отворено. Сакам да верувам дека тоа е само алкотвит, подвлече Бруџињски.
За полското радио, поранешниот министер за одбрана Томаш Шемјоњак, кој е од опозициската Граѓанска платформа, како и Шикорски, изјави дека „во Европа имаме војна. Какви било обвинувања мора да бидат поткрепени со докази. Кој тоа го сторил, нека спроведат истрага тие кои се надлежни, а тоа е Данска. Дотогаш треба да се биде внимателен“.

The post Полска: НАТО да одговори „разорувачки“ доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина appeared first on Република.

]]>
Медведев: Нема основа за нуклеарна војна https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-nema-osnova-za-nuklearna-vojna/ Fri, 26 Aug 2022 21:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=544588

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Соединетите Американски Држави и членките на НАТО сега се фундаментално вклучени во конфликтот во Украина и дека тие водат таканаречена „прокси војна“ против Русија и го поттикнуваат конфликт во Украина со снабдување со оружје, нагласуваќи дека нема основа за нуклеарна војна.

Во интервју за францускиот телевизиски канал LCI, Медведев ги објасни четирите причини за руската употреба на нуклеарно оружје, посочувајќи дека една од нив се дејствија кои го загрозуваат постоењето на државата, но нагласи дека засега нема такви основи.

На прашањето дали руската воена доктрина предвидува можност за употреба на тактичко нуклеарно оружје во случај на опасност, Медведев рече дека „воената доктрина на оваа тема во Русија е отворена“ и дека постои посебен документ наречен „Основи на државната политика на терен на нуклеарно оружје“, пренесува Спутник.

„Таму се наведени четири причини за употреба на нуклеарно оружје, а за доброто на француската публика ќе ги наведам: лансирање нуклеарни проектили, употреба на нуклеарно оружје, извршување напад врз клучната инфраструктура што управува нуклеарно оружје или дејства кои го загрозуваат постоењето на самата држава. Засега нема такви дејствија“, рече Медведев.

Тој посочи дека Русија, за разлика од земјите на НАТО, досега не користела тактичко нуклеарно оружје со осиромашен ураниум.

„Ако зборувате за тактичко нуклеарно оружје или оружје со осиромашен ураниум, нашата земја не го користеше, за разлика од земјите од НАТО кои во последните 20-30 години доста активно ги користеа во Југославија и Ирак, што донесе многу тажно последици“, рече Медведев.

The post Медведев: Нема основа за нуклеарна војна appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Соединетите Американски Држави и членките на НАТО сега се фундаментално вклучени во конфликтот во Украина и дека тие водат таканаречена „прокси војна“ против Русија и го поттикнуваат конфликт во Украина со снабдување со оружје, нагласуваќи дека нема основа за нуклеарна војна. Во интервју за францускиот телевизиски канал LCI, Медведев ги објасни четирите причини за руската употреба на нуклеарно оружје, посочувајќи дека една од нив се дејствија кои го загрозуваат постоењето на државата, но нагласи дека засега нема такви основи. На прашањето дали руската воена доктрина предвидува можност за употреба на тактичко нуклеарно оружје во случај на опасност, Медведев рече дека „воената доктрина на оваа тема во Русија е отворена“ и дека постои посебен документ наречен „Основи на државната политика на терен на нуклеарно оружје“, пренесува Спутник.
„Таму се наведени четири причини за употреба на нуклеарно оружје, а за доброто на француската публика ќе ги наведам: лансирање нуклеарни проектили, употреба на нуклеарно оружје, извршување напад врз клучната инфраструктура што управува нуклеарно оружје или дејства кои го загрозуваат постоењето на самата држава. Засега нема такви дејствија“, рече Медведев.
Тој посочи дека Русија, за разлика од земјите на НАТО, досега не користела тактичко нуклеарно оружје со осиромашен ураниум.
„Ако зборувате за тактичко нуклеарно оружје или оружје со осиромашен ураниум, нашата земја не го користеше, за разлика од земјите од НАТО кои во последните 20-30 години доста активно ги користеа во Југославија и Ирак, што донесе многу тажно последици“, рече Медведев.

The post Медведев: Нема основа за нуклеарна војна appeared first on Република.

]]>
Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук https://republika.mk/vesti/svet/guteresh-na-svetot-mu-se-zakanuva-nova-studena-vojna-so-nuklearen-prizvuk/ Tue, 24 May 2022 19:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=506513

Светот се соочува со закана од нова студена војна со нуклеарен призвук и наплив на екстремен национализам, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во говорот пред дипломирани студенти на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси.

Меѓу бројните глобални закани, Гутереш ги посочи климатските промени, растечките социјални нееднаквости и ширењето на глад и болести, предупредувајќи ги американските дипломци дека светот во кој влегуваат е „полн со опасности”.

Се соочуваме со конфликти и поделби во размери што не се видени со децении. Од Јемен до Сирија, од Етиопија до Сахел и пошироко, рече Гутереш, мислејќи на конфликтот во Украина, кој според него „предизвикува големо човечко страдање, уништување и смрт”.

The post Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук appeared first on Република.

]]>

Светот се соочува со закана од нова студена војна со нуклеарен призвук и наплив на екстремен национализам, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во говорот пред дипломирани студенти на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси. Меѓу бројните глобални закани, Гутереш ги посочи климатските промени, растечките социјални нееднаквости и ширењето на глад и болести, предупредувајќи ги американските дипломци дека светот во кој влегуваат е „полн со опасности”.
Се соочуваме со конфликти и поделби во размери што не се видени со децении. Од Јемен до Сирија, од Етиопија до Сахел и пошироко, рече Гутереш, мислејќи на конфликтот во Украина, кој според него „предизвикува големо човечко страдање, уништување и смрт”.
 
The post Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук appeared first on Република.

]]>
Можна е нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО, предупреди Медведев https://republika.mk/vesti/svet/mozna-e-nuklearna-vojna-megju-rusija-i-nato-predupredi-medvedev/ Thu, 12 May 2022 11:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=501474

Снабдувањето на Украина со оружје ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.

Обидите на НАТО земјите да ја преплават Украина со оружје, да ја обучат украинската армија со западна опрема, да испратат платеници и да одржуваат вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна, напиша Медведев на Телеграм.

Тој смета дека „секогаш постои ризик таквиот конфликт да се претвори во целосна нуклеарна војна“.

Тоа ќе биде катастрофално сценарио за сите, предупреди Медведев.

The post Можна е нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО, предупреди Медведев appeared first on Република.

Француски генерал: Западот не ги зеде предвид легитимните безбедносни барања на Русија, а сега го туркаат светот во нуклеарна војна https://republika.mk/vesti/svet/francuski-general-zapadot-ne-gi-zede-predvid-legitimnite-bezbednosni-baranja-na-rusija-a-sega-go-turkaat-svetot-vo-nuklearna-vojna/ Thu, 28 Apr 2022 09:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=494656

Борбата во Украина не вреди за да се предизвика нуклеарната војна меѓу САД и Русија, затоа светот не треба да биде доведуван во таква опасност, вели пензионираниот француски генерал Жак Гилеман во напис на веб-страницата „Entre La Plume et l'Enclume“.

Ситуацијата ќе испаднеше поинаку доколку западните земји ги земаа предвид легитимните барања на Москва. Сега е време кога Европејците треба да ја напуштат улогата на „вазал“ на Вашингтон и да престанат да шират омраза преку постојани санкции - вели генерал Гилеман.

Тој потсетува дека НАТО, на чело со САД, најпрво вети дека нема да го прошири сојузот, а потоа во својот состав ги вклучи и поранешните советски републики и распореди ракети во близина на руската граница.

Според Гилеман, НАТО долго време не е посветена на одбраната, туку на офанзивата.

Сега тагуваат за Украина, а неодамна и аплаудираа на бомбардирањето на Србија - пишува тој.

Генералот смета и дека Киев е одговорен за непочитување на договорите од Минск.

Како Французин, генералот ги повика властите на неговата земја да иницираат повлекување од НАТО и да престанат да им помагаат на САД во нивните војни за превласт и светска доминација.

Потсетувам дека Русите победија во Втората светска војна, бидејќи ако немаше жртви на рускиот народ, немаше да има истоварување на сојузниците - вели генрал Гилеман.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека постои реална закана од нуклеарна војна, а некои земји се обидуваат вештачки да ја поттикнат.

Тој нагласи дека Русија зазема принципиелен став за недозволивоста на употребата на оружје за масовно уништување и ги повика западните земји да спречат испраќање војници во Украина.

Да потсетиме, Русија неодамна успешно ја тестираше најопасната нуклеарна ракета во историјата на „Сармат“, која е способна целосно да уништи територија со големина на Франција.

Напаѓањето и уценувањето на Русија која поседува такво оружје може да биде само дело на неразумни луѓе кои не разбираат каква функција извршуваат во политичкиот живот - вели генерал Гилеман.

The post Француски генерал: Западот не ги зеде предвид легитимните безбедносни барања на Русија, а сега го туркаат светот во нуклеарна војна appeared first on Република.

]]>

Борбата во Украина не вреди за да се предизвика нуклеарната војна меѓу САД и Русија, затоа светот не треба да биде доведуван во таква опасност, вели пензионираниот француски генерал Жак Гилеман во напис на веб-страницата „Entre La Plume et l'Enclume“.
Ситуацијата ќе испаднеше поинаку доколку западните земји ги земаа предвид легитимните барања на Москва. Сега е време кога Европејците треба да ја напуштат улогата на „вазал“ на Вашингтон и да престанат да шират омраза преку постојани санкции - вели генерал Гилеман.
Тој потсетува дека НАТО, на чело со САД, најпрво вети дека нема да го прошири сојузот, а потоа во својот состав ги вклучи и поранешните советски републики и распореди ракети во близина на руската граница. Според Гилеман, НАТО долго време не е посветена на одбраната, туку на офанзивата.
Сега тагуваат за Украина, а неодамна и аплаудираа на бомбардирањето на Србија - пишува тој.
Генералот смета и дека Киев е одговорен за непочитување на договорите од Минск. Како Французин, генералот ги повика властите на неговата земја да иницираат повлекување од НАТО и да престанат да им помагаат на САД во нивните војни за превласт и светска доминација.
Потсетувам дека Русите победија во Втората светска војна, бидејќи ако немаше жртви на рускиот народ, немаше да има истоварување на сојузниците - вели генрал Гилеман.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека постои реална закана од нуклеарна војна, а некои земји се обидуваат вештачки да ја поттикнат. Тој нагласи дека Русија зазема принципиелен став за недозволивоста на употребата на оружје за масовно уништување и ги повика западните земји да спречат испраќање војници во Украина.
Да потсетиме, Русија неодамна успешно ја тестираше најопасната нуклеарна ракета во историјата на „Сармат“, која е способна целосно да уништи територија со големина на Франција.   Напаѓањето и уценувањето на Русија која поседува такво оружје може да биде само дело на неразумни луѓе кои не разбираат каква функција извршуваат во политичкиот живот - вели генерал Гилеман.

The post Француски генерал: Западот не ги зеде предвид легитимните безбедносни барања на Русија, а сега го туркаат светот во нуклеарна војна appeared first on Република.

]]>
Трамп: Американците треба да се плашат од нуклеарна војна со Русија зашто некомептентни луѓе ја водат нашата земја https://republika.mk/vesti/svet/tramp-amerikancite-treba-da-se-plashat-od-nuklearna-vojna-so-rusija-zashto-nekomeptentni-lugje-ja-vodat-nashata-zemja/ Sat, 12 Mar 2022 10:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=471647

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп се осврна на своите стравови за потенцијалната ескалација на ситуацијата во Украина, бидејќи НАТО, поддржан од САД, ја понуди својата поддршка во услови на тековен конфликт на Русија со нејзиниот сосед.

Говорејќи во Full Send Podcast во средата, Трамп го прозва својот наследник Бајден и рече дека Американците „треба да се исплашат затоа што имаме некомпетентни луѓе кои ја водат нашата земја“.

И покрај тоа што признава дека Русија навистина е нуклеарна сила, Трамп ги потсети слушателите дека Америка исто така има слични способности што ќе ја одвратат агресијата од Москва. Сепак, тој призна дека има „шанса“ да има светска војна, со оглед на сегашните тензии.

The post Трамп: Американците треба да се плашат од нуклеарна војна со Русија зашто некомептентни луѓе ја водат нашата земја appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп се осврна на своите стравови за потенцијалната ескалација на ситуацијата во Украина, бидејќи НАТО, поддржан од САД, ја понуди својата поддршка во услови на тековен конфликт на Русија со нејзиниот сосед. Говорејќи во Full Send Podcast во средата, Трамп го прозва својот наследник Бајден и рече дека Американците „треба да се исплашат затоа што имаме некомпетентни луѓе кои ја водат нашата земја“. И покрај тоа што признава дека Русија навистина е нуклеарна сила, Трамп ги потсети слушателите дека Америка исто така има слични способности што ќе ја одвратат агресијата од Москва. Сепак, тој призна дека има „шанса“ да има светска војна, со оглед на сегашните тензии.

The post Трамп: Американците треба да се плашат од нуклеарна војна со Русија зашто некомептентни луѓе ја водат нашата земја appeared first on Република.

]]>