Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Соединетите Американски Држави и членките на НАТО сега се фундаментално вклучени во конфликтот во Украина и дека тие водат таканаречена „прокси војна“ против Русија и го поттикнуваат конфликт во Украина со снабдување со оружје, нагласуваќи дека нема основа за нуклеарна војна.

Во интервју за францускиот телевизиски канал LCI, Медведев ги објасни четирите причини за руската употреба на нуклеарно оружје, посочувајќи дека една од нив се дејствија кои го загрозуваат постоењето на државата, но нагласи дека засега нема такви основи.

На прашањето дали руската воена доктрина предвидува можност за употреба на тактичко нуклеарно оружје во случај на опасност, Медведев рече дека „воената доктрина на оваа тема во Русија е отворена“ и дека постои посебен документ наречен „Основи на државната политика на терен на нуклеарно оружје“, пренесува Спутник.

„Таму се наведени четири причини за употреба на нуклеарно оружје, а за доброто на француската публика ќе ги наведам: лансирање нуклеарни проектили, употреба на нуклеарно оружје, извршување напад врз клучната инфраструктура што управува нуклеарно оружје или дејства кои го загрозуваат постоењето на самата држава. Засега нема такви дејствија“, рече Медведев.

Тој посочи дека Русија, за разлика од земјите на НАТО, досега не користела тактичко нуклеарно оружје со осиромашен ураниум.

„Ако зборувате за тактичко нуклеарно оружје или оружје со осиромашен ураниум, нашата земја не го користеше, за разлика од земјите од НАТО кои во последните 20-30 години доста активно ги користеа во Југославија и Ирак, што донесе многу тажно последици“, рече Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.