незадоволство Archives - Република https://republika.mk/tema/nezadovolstvo/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 19:24:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png незадоволство Archives - Република https://republika.mk/tema/nezadovolstvo/ 32 32 Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2 на која за него немало место https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-oo-sdsm-gorche-petrov-nezadovolen-od-listata-za-ie2-na-koja-za-nego-nemalo-mesto/ Sun, 24 Mar 2024 11:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=758097

Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2, на која за него немало место. Тој на социјалните медиуми напиша оти правдата е спора, но секогаш доаѓа.

Деновиве сведочиме на бројни изјави на незадоволство откако СДСМ ги објави изборните листи. Изборните листи на Ковачевски предизвикаа лавина незадоволство и реакции на незадоволни членови на СДСМ и коалицијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/izbornite-listi-na-kovachevski-predizvikaa-lavina-nezadovolstvo-i-reaktsii-na-nezadovolni-chlenovi-na-sdsm-i-koalitsijata/?fbclid=IwAR1plthHxvjHpNI0Jj1rLJnSHGjrwv6EKBaVb6p-f1jSQvgLF9ofhtaOzAE

The post Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2 на која за него немало место appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2, на која за него немало место. Тој на социјалните медиуми напиша оти правдата е спора, но секогаш доаѓа. Деновиве сведочиме на бројни изјави на незадоволство откако СДСМ ги објави изборните листи. Изборните листи на Ковачевски предизвикаа лавина незадоволство и реакции на незадоволни членови на СДСМ и коалицијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/izbornite-listi-na-kovachevski-predizvikaa-lavina-nezadovolstvo-i-reaktsii-na-nezadovolni-chlenovi-na-sdsm-i-koalitsijata/?fbclid=IwAR1plthHxvjHpNI0Jj1rLJnSHGjrwv6EKBaVb6p-f1jSQvgLF9ofhtaOzAE

The post Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2 на која за него немало место appeared first on Република.

]]>
Изборните листи на Ковачевски предизвикаа лавина незадоволство и реакции на незадоволни членови на СДСМ и коалицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/izbornite-listi-na-kovachevski-predizvikaa-lavina-nezadovolstvo-i-reaktsii-na-nezadovolni-chlenovi-na-sdsm-i-koalitsijata/ Sun, 24 Mar 2024 10:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=758027

Не стивнуваат бранувањата меѓу членови и симпатизери на СДСМ по Централниот и Извршниот одбор, како Конгресот на партијата, на кои беа официјално составени и објавени пратенички листи по изборни единици за претстојните парламентарни избори.

Уште пред официјалното презентирање на пратеничките листи имаше многу реакции поради тоа што голем број познати лица на СДСМ, кои изминатите години беа експонирани, не најдоа место на листите или се на недобитни позиции.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ofitsijalno-objaveni-nositelite-na-pratenichkite-listi-na-sdsm/

Една од тие коишто јавно го изразија незадоволството од одлуките на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, е активистката на СДСМ од Велес, Марија Талевска Деловска. Таа во одговор на објавата на Ковачевски дека СДСМ на овие избори ќе понуделе луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, остро реагира зашто тогаш не е предложен Ненад Коциќ, кој, како што истакнува Талевска Деловска, ќе придонел повеќе за народот.

Пу бе ве плукам! Вие намерно им ја давате победата на вмровците изгледа. Пу! Требаше да го оставите Коциќ, има повеќе заслуги од тамошните пратеници. Сите продолжија, а Коциќ го сменија, тој што најмногу се залагаше за народот... А, ако изгубите со невиден пораз, Димитар Ковачевски оставка да си дадеш. Сега Мартин Костовски и Даниела ги продолжуваат, а Коциќ го бркаат“, е дел од нејзината реакција на социјалните мрежи.

Реакции стигнаа и од коалициските партнери на СДСМ. Така, коментар за објавените пртенички листи стигна од поранешниот претседател на млади на ДОМ и член на Извршниоѕ комитет на партијата, Бојан Петровски.

Лош лидер мора да сноси одговорност за лоши одлуки“, кратко порача Петровски.

Претходно, уште за време на Централниот и Извршниот одбор, бурна реакција имало и од портпаролот на партијата и пратеник во сегашниот состав од редовите на СДСM, Дарко Каевски. Како што објави ТВ 24, Каевски, револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да биде избришано. Неофицијално, Ковачевски го прифатил барањето на незадоволниот портпарол на СДСМ Каевски и на неговото место број 7 во ИЕ1 ќе биде Горан Трајковски, сегашен директор на пазарниот инспекторат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tv-24-kaevski-pobaral-da-bide-trgnat-od-listata-poradi-nezadolvolstvo-od-pozitsijata/

За наводно несогласување со одлуките на Ковачевски, Клан ТВ објави дека Каевски и Оливер Спасовски, демонстративно ја нашуштиле седницата на којашто се разговарало за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8 мај. Каевски подоцна излезе со демант на таквата информација.

The post Изборните листи на Ковачевски предизвикаа лавина незадоволство и реакции на незадоволни членови на СДСМ и коалицијата appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат бранувањата меѓу членови и симпатизери на СДСМ по Централниот и Извршниот одбор, како Конгресот на партијата, на кои беа официјално составени и објавени пратенички листи по изборни единици за претстојните парламентарни избори. Уште пред официјалното презентирање на пратеничките листи имаше многу реакции поради тоа што голем број познати лица на СДСМ, кои изминатите години беа експонирани, не најдоа место на листите или се на недобитни позиции. https://republika.mk/vesti/makedonija/ofitsijalno-objaveni-nositelite-na-pratenichkite-listi-na-sdsm/ Една од тие коишто јавно го изразија незадоволството од одлуките на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, е активистката на СДСМ од Велес, Марија Талевска Деловска. Таа во одговор на објавата на Ковачевски дека СДСМ на овие избори ќе понуделе луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, остро реагира зашто тогаш не е предложен Ненад Коциќ, кој, како што истакнува Талевска Деловска, ќе придонел повеќе за народот.
Пу бе ве плукам! Вие намерно им ја давате победата на вмровците изгледа. Пу! Требаше да го оставите Коциќ, има повеќе заслуги од тамошните пратеници. Сите продолжија, а Коциќ го сменија, тој што најмногу се залагаше за народот... А, ако изгубите со невиден пораз, Димитар Ковачевски оставка да си дадеш. Сега Мартин Костовски и Даниела ги продолжуваат, а Коциќ го бркаат“, е дел од нејзината реакција на социјалните мрежи.
Реакции стигнаа и од коалициските партнери на СДСМ. Така, коментар за објавените пртенички листи стигна од поранешниот претседател на млади на ДОМ и член на Извршниоѕ комитет на партијата, Бојан Петровски.
Лош лидер мора да сноси одговорност за лоши одлуки“, кратко порача Петровски.
Претходно, уште за време на Централниот и Извршниот одбор, бурна реакција имало и од портпаролот на партијата и пратеник во сегашниот состав од редовите на СДСM, Дарко Каевски. Како што објави ТВ 24, Каевски, револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да биде избришано. Неофицијално, Ковачевски го прифатил барањето на незадоволниот портпарол на СДСМ Каевски и на неговото место број 7 во ИЕ1 ќе биде Горан Трајковски, сегашен директор на пазарниот инспекторат. https://republika.mk/vesti/makedonija/tv-24-kaevski-pobaral-da-bide-trgnat-od-listata-poradi-nezadolvolstvo-od-pozitsijata/ За наводно несогласување со одлуките на Ковачевски, Клан ТВ објави дека Каевски и Оливер Спасовски, демонстративно ја нашуштиле седницата на којашто се разговарало за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8 мај. Каевски подоцна излезе со демант на таквата информација.

The post Изборните листи на Ковачевски предизвикаа лавина незадоволство и реакции на незадоволни членови на СДСМ и коалицијата appeared first on Република.

]]>
Незадоволство во зградата на Министерството за финансии расте од ден на ден https://republika.mk/vesti/makedonija/nezadovolstvo-vo-zgradata-na-ministerstvoto-za-finansii-raste-od-den-na-den/ Thu, 02 Feb 2023 12:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=603845

Незадоволство од состојбата со платите постои и во Бирото за јавни набавки, кое е орган во состав на Министерството за финансии, велат од Синдикат на УПОЗ.

Платите на вработените во Бирото, како што посочуваат во денешното соопштение од Синдикат на УПОЗ, воопшто не се зголемени со години, ниту пак се овозможи исплата на додатоци на плата како што беше предвидено за министерствата минатата година, иако Владата постојано збори дека борбата против корупцијата и е главен приоритет, при што јавните набавки имаат централно место во оваа заложба.

Зошто се дозволува слабеење на оваа важна институција кога знаеме дека низ системот на јавни набавки се трошат преку 1 милијарда евра јавни пари годишно? Законот му дава на Бирото бројни надлежности за контрола. Во што е работата на Бирото помалку сложена или помалку одговорна од другите чинители во управувањето со јавните финансии, прашуваат од Синдикат на УПОЗ.

Според Синдикатот и оваа институција се соочува со истите ризици на одлив на стручен и искусен кадар сега кога земјата влезе во евроинтеграциските процеси.

Оттаму потсетуваат дека Бирото прво го отвори билатералниот скрининг на земјава со Европската комисија и е носител на посебно поглавје во кластерот фундаменти, а вработените добија пофалби за ефикасноста и ефективноста со кои ги реализираа овие клучни активности.

Зошто никој не се сетил дека маргинализирањето на Бирото несомнено ќе ги ослабне капацитетите на државата да управува со системот на јавни набавки и ефективно да се бори против корупцијата? А неможноста правично да се вреднува трудот на вработените ќе доведе токму до тоа, се посочува Синдикат на УПОЗ.

The post Незадоволство во зградата на Министерството за финансии расте од ден на ден appeared first on Република.