нереди Archives - Република https://republika.mk/tema/neredi/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Dec 2023 12:55:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нереди Archives - Република https://republika.mk/tema/neredi/ 32 32 Со димни бомби и расфрлани столици изгласан Буџетот на Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/so-dimni-bombi-i-rasfrlani-stolitsi-izglasan-budhetot-na-albanija/ Thu, 07 Dec 2023 12:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=720739

Во веќе видена атмосфера, предизвикана од приврзаниците на Сали Бериша, запалени димни бомби, обиди за напад врз обезбедувањето, пратениците од владејачкото мнозинство со 74 гласови „за“ го усвоија буџетот за 2024 година.

Буџетот, поради хаосот во собраниската сала, мина без расправа а истата траеше само осум минути.

На седницата присуствуваше премиерот Еди Рама, но отсутен беше, судски признаениот претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, зад кого се помал број демократски пратеници.

Сали Бериша, кој го предводи побројното крило во ДП, заедно со 5 пратеници кои го поддржуваат, Фламур Нока, Елда Хоти, Албана Вокши, Газмент Барди и Еди Палока, поради насилничките однесувања на минатата седница, Советот за етика ги исклучи од работата на законодавниот дом во период од 10 дена.

Како што изјави министерот за финансии и економија, Ервин Мете, буџетот тежи над 7 милијарди евра, поддржува натамошен економски развој, унапредување на вработувањето и социјална заштита, рече тој.

Во нашите проекции предвидуваме економски раст од 3,8 отсто, натамошна фискална консолидација, зголемување на вработеноста и намалување на инфлацијата. Посебен акцент се става на зголемувањето на пензиите и платите и овозможување да се постигне целта поставена од владата просечна плата да достигне 900 евра, најави Мете.

Со буџетот, според него за првпат ќе биде испочитувано потребното ниво поврзано со обврските за членство во НАТО, со 2 отсто од бруто домашниот производ.

The post Со димни бомби и расфрлани столици изгласан Буџетот на Албанија appeared first on Република.

]]>

Во веќе видена атмосфера, предизвикана од приврзаниците на Сали Бериша, запалени димни бомби, обиди за напад врз обезбедувањето, пратениците од владејачкото мнозинство со 74 гласови „за“ го усвоија буџетот за 2024 година. Буџетот, поради хаосот во собраниската сала, мина без расправа а истата траеше само осум минути. На седницата присуствуваше премиерот Еди Рама, но отсутен беше, судски признаениот претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, зад кого се помал број демократски пратеници. Сали Бериша, кој го предводи побројното крило во ДП, заедно со 5 пратеници кои го поддржуваат, Фламур Нока, Елда Хоти, Албана Вокши, Газмент Барди и Еди Палока, поради насилничките однесувања на минатата седница, Советот за етика ги исклучи од работата на законодавниот дом во период од 10 дена. Како што изјави министерот за финансии и економија, Ервин Мете, буџетот тежи над 7 милијарди евра, поддржува натамошен економски развој, унапредување на вработувањето и социјална заштита, рече тој.
Во нашите проекции предвидуваме економски раст од 3,8 отсто, натамошна фискална консолидација, зголемување на вработеноста и намалување на инфлацијата. Посебен акцент се става на зголемувањето на пензиите и платите и овозможување да се постигне целта поставена од владата просечна плата да достигне 900 евра, најави Мете.
Со буџетот, според него за првпат ќе биде испочитувано потребното ниво поврзано со обврските за членство во НАТО, со 2 отсто од бруто домашниот производ.

The post Со димни бомби и расфрлани столици изгласан Буџетот на Албанија appeared first on Република.

]]>
По серијата немири, париската полиција забрани протести против полициското насилство https://republika.mk/vesti/svet/po-serijata-nemiri-pariskata-politsija-zabrani-protesti-protiv-politsiskoto-nasilstvo/ Sat, 08 Jul 2023 14:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=659217

Полицијата во Париз го забрани планираниот протест против полициската бруталност што треба да се одржи денеска, една недела откако Франција беше потресена од немири предизвикани од убиството на тинејџер во предградие на Париз. Портпаролот на париската полиција изјави дека планираниот протест на Плоштадот на Републиката е забранет поради ризик за јавниот ред, наведувајќи го „контекстот на тензија“ по неодамнешните немири и насилство на улиците низ Франција.

Претседателот Емануел Макрон и француските власти ги отфрлаат обвинувањата за институционален расизам во рамките на силите за спроведување на законот во земјата, но по смртта на тинејџерот Нахел М., тие се под зголемен притисок од активисти да го решат проблемот со расното профилирање и регрутирањето и обуката на полицијата.

Француската полиција беше под лупа на јавноста откако полицаец на 27 јуни го застрела 17-годишниот Нахел на семафор. Младиот човек возел спортски автомобил без дозвола.

Полицаецот обвинет за убиство на тинејџер е приведен и покрената е истрага за убиство од небрежност. Неговиот адвокат изјави за новинарите дека полицаецот нишанeл во ногата на бегалецот, но во нападот на автомобилот истрелот завршил во градите. Полицаецот, тврди адвокатот, немал намера да го убие младиот човек.

The post По серијата немири, париската полиција забрани протести против полициското насилство appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Париз го забрани планираниот протест против полициската бруталност што треба да се одржи денеска, една недела откако Франција беше потресена од немири предизвикани од убиството на тинејџер во предградие на Париз. Портпаролот на париската полиција изјави дека планираниот протест на Плоштадот на Републиката е забранет поради ризик за јавниот ред, наведувајќи го „контекстот на тензија“ по неодамнешните немири и насилство на улиците низ Франција. Претседателот Емануел Макрон и француските власти ги отфрлаат обвинувањата за институционален расизам во рамките на силите за спроведување на законот во земјата, но по смртта на тинејџерот Нахел М., тие се под зголемен притисок од активисти да го решат проблемот со расното профилирање и регрутирањето и обуката на полицијата. Француската полиција беше под лупа на јавноста откако полицаец на 27 јуни го застрела 17-годишниот Нахел на семафор. Младиот човек возел спортски автомобил без дозвола. Полицаецот обвинет за убиство на тинејџер е приведен и покрената е истрага за убиство од небрежност. Неговиот адвокат изјави за новинарите дека полицаецот нишанeл во ногата на бегалецот, но во нападот на автомобилот истрелот завршил во градите. Полицаецот, тврди адвокатот, немал намера да го убие младиот човек.

The post По серијата немири, париската полиција забрани протести против полициското насилство appeared first on Република.

]]>
Нереди во Лозана, уапсени седум лица, од кои шест малолетници https://republika.mk/vesti/svet/neredi-vo-lozana-uapseni-sedum-litsa-od-koi-shest-maloletnitsi/ Sun, 02 Jul 2023 10:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=657386

Полицијата во швајцарскиот пограничен град Лозана приведе седум лица откако млади луѓе предизвикаа нереди и кршеа излози по примерот на немирите во Франција, јави Швајцарската телеграфска агенција (СДА).

Полицијата соопшти дека доцна синоќа повеќе од 100 млади се собрале во градот на Женевското Езеро. Тие протестирале како поддршка на насилните демонстрации во Франција по смртта на 17-годишно момче во вторникот за време на полициска контрола покрај патот.

Меѓу приведените од швајцарската полиција има шест малолетници на возраст од 15 до 17 години, како и еден 24-годишник.

The post Нереди во Лозана, уапсени седум лица, од кои шест малолетници appeared first on Република.

]]>

Полицијата во швајцарскиот пограничен град Лозана приведе седум лица откако млади луѓе предизвикаа нереди и кршеа излози по примерот на немирите во Франција, јави Швајцарската телеграфска агенција (СДА). Полицијата соопшти дека доцна синоќа повеќе од 100 млади се собрале во градот на Женевското Езеро. Тие протестирале како поддршка на насилните демонстрации во Франција по смртта на 17-годишно момче во вторникот за време на полициска контрола покрај патот. Меѓу приведените од швајцарската полиција има шест малолетници на возраст од 15 до 17 години, како и еден 24-годишник.

The post Нереди во Лозана, уапсени седум лица, од кои шест малолетници appeared first on Република.

]]>
Нов „црн биланс“: Француската полиција уапсила над 700 луѓе во нередите низ целата земја https://republika.mk/vesti/svet/nov-tsrn-bilans-frantsuskata-politsija-uapsila-nad-700-luge-vo-neredite-niz-tselata-zemja/ Sun, 02 Jul 2023 09:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=657356

Француската полиција уапсила најмалку 719 лица за време на дополнителните нереди против полициската бруталност, соопшти Министерството за внатрешни работи според првичната проценка.

Министерството на Твитер објави и дека во нередите се повредени 45 полицајци.

Нередите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција.

На полицаецот осомничен за убиството на тинејџерот му е одреден притвор и се соочува со прелиминарна истрага за убиство од небрежност.

The post Нов „црн биланс“: Француската полиција уапсила над 700 луѓе во нередите низ целата земја appeared first on Република.

]]>

Француската полиција уапсила најмалку 719 лица за време на дополнителните нереди против полициската бруталност, соопшти Министерството за внатрешни работи според првичната проценка. Министерството на Твитер објави и дека во нередите се повредени 45 полицајци. Нередите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција. На полицаецот осомничен за убиството на тинејџерот му е одреден притвор и се соочува со прелиминарна истрага за убиство од небрежност.

The post Нов „црн биланс“: Француската полиција уапсила над 700 луѓе во нередите низ целата земја appeared first on Република.

]]>
Нереди, грабежи и оштетувања на имот: Нова немирна ноќ во Франција, над 420 уапсени https://republika.mk/vesti/svet/neredi-grabezhi-i-oshtetuvana-na-imot-nova-nemirna-nok-vo-frantsija-nad-420-uapseni/ Sun, 02 Jul 2023 07:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=657311

Петтата ноќ на нереди во француските градови поради полициското убиство на момче доведе до апсење на најмалку 427 лица во текот на ноќта, јави ДПА.

Париз, Марсеј и Лион беа меѓу најпогодените градови, со нереди, грабежи и оштетувања на имот.

Сепак, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин  информира дека ноќта била помирна поради „решителната акција“ на полицијата.

Премиерката Елизабет Борн посочи дека 45 илјади полицајци, жандарми и пожарникари биле распоредени низ Франција.

Соочени со насилство, тие покажуваат примерна храброст, напиша таа на Твитер.

Во петокот беа уапсени 1.311 луѓе, а повредени 79 полицајци.

Немирите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција, а исто така беа пријавени и на француски прекуморски територии, вклучително и Француска Гвајана во Јужна Америка и карипскиот остров Мартиник.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ја откажа својата државна посета на Германија планирана за следната недела со оглед на политичките нереди.

https://republika.mk/vesti/svet/koj-beshe-nahel-mladiot-chovek-chija-smrt-ja-zapali-frantsija/

The post Нереди, грабежи и оштетувања на имот: Нова немирна ноќ во Франција, над 420 уапсени appeared first on Република.

]]>

Петтата ноќ на нереди во француските градови поради полициското убиство на момче доведе до апсење на најмалку 427 лица во текот на ноќта, јави ДПА. Париз, Марсеј и Лион беа меѓу најпогодените градови, со нереди, грабежи и оштетувања на имот. Сепак, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин  информира дека ноќта била помирна поради „решителната акција“ на полицијата. Премиерката Елизабет Борн посочи дека 45 илјади полицајци, жандарми и пожарникари биле распоредени низ Франција.
Соочени со насилство, тие покажуваат примерна храброст, напиша таа на Твитер.
Во петокот беа уапсени 1.311 луѓе, а повредени 79 полицајци. Немирите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција, а исто така беа пријавени и на француски прекуморски територии, вклучително и Француска Гвајана во Јужна Америка и карипскиот остров Мартиник. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ја откажа својата државна посета на Германија планирана за следната недела со оглед на политичките нереди. https://republika.mk/vesti/svet/koj-beshe-nahel-mladiot-chovek-chija-smrt-ja-zapali-frantsija/

The post Нереди, грабежи и оштетувања на имот: Нова немирна ноќ во Франција, над 420 уапсени appeared first on Република.

]]>
Франција ќе распореди 45 илјади полицајци за борба против нередите https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-ke-rasporedi-45-iljadi-politsajtsi-za-borba-protiv-neredite/ Sat, 01 Jul 2023 20:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=657278

Речиси 45 илјади полицајци и жандарми вечерва повторно се мобилизирани во Франција за да се справат со нередите што ја потресоа земјата по убиството на момче од полицаец за време на сообраќаен прекин во вторникот во предградие на Париз.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, соопшти дека во Марсеј и во Лион, главните градови погодени од нередите, присуството на полицијата ќе биде „значително“ зголемено.

The post Франција ќе распореди 45 илјади полицајци за борба против нередите appeared first on Република.

]]>

Речиси 45 илјади полицајци и жандарми вечерва повторно се мобилизирани во Франција за да се справат со нередите што ја потресоа земјата по убиството на момче од полицаец за време на сообраќаен прекин во вторникот во предградие на Париз. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, соопшти дека во Марсеј и во Лион, главните градови погодени од нередите, присуството на полицијата ќе биде „значително“ зголемено.

The post Франција ќе распореди 45 илјади полицајци за борба против нередите appeared first on Република.

]]>
Немири на фудбалски натпревар во Бурса, седуммина уапсени https://republika.mk/sport/fudbal/nemiri-na-fudbalski-natprevar-vo-bursa-sedummina-uapseni/ Mon, 06 Mar 2023 21:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=616599

Турската полиција уапси седум лица за насилно однесување за време на фудбалски натпревар одигран во неделата во рамки на Третата лига меѓу домашниот тим Бурсаспор и Амедспор, екипа која доаѓа од градот Дијарбакир населен со мнозинско курдско население.

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како публиката ги гаѓа играчите на Амедспор со пластични шишиња со вода и остри предмети, вклучувајќи и мали ножеви, додека навивачите скандираат турски националистички и антикурдски слогани.

Дел од турските медиуми јавија дека гостинските играчи биле нападнати во соблекувалната.

Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Бурса соопшти дека се уапсени седум лица додека истрагата сè уште е во тек.

Раководството на турската прокурдска Народна демократска партија (ХДП) во изјава за јавноста наведе дека фудбалскиот клуб Амедспор бил предмет на „организиран линч и фашизам“ на гостувањето во Бурса

Партијата посочи дека непријателството кон Амедспор вклучувало расистички слогани, како и прикажување фотографии на трибините кои алудираат на убиствата на курдски јавни личности во текот на 80-те и 90-те години од минатиот век.

Турската фудбалска федерација (ТФФ) денеска ги осуди „провокативните акции и дискурси“ и вети соодветни акции.

„Расистичката реторика и акции кои предизвикаат поделби, насилни ставови и однесување на маргинализирани групи на стадионите никогаш не се прифатливи“, се наведува во соопштението на ТФФ.

Бурсаспор, од своја страна, објави на Твитер видео од натпреварот одигран лани против Амедспор во Дијарбакир на кое се гледа како полицијата ги чува играчите на Бурсаспор додека навивачите ги гаѓаат со предмети.

The post Немири на фудбалски натпревар во Бурса, седуммина уапсени appeared first on Република.

]]>

Турската полиција уапси седум лица за насилно однесување за време на фудбалски натпревар одигран во неделата во рамки на Третата лига меѓу домашниот тим Бурсаспор и Амедспор, екипа која доаѓа од градот Дијарбакир населен со мнозинско курдско население.

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како публиката ги гаѓа играчите на Амедспор со пластични шишиња со вода и остри предмети, вклучувајќи и мали ножеви, додека навивачите скандираат турски националистички и антикурдски слогани.

Дел од турските медиуми јавија дека гостинските играчи биле нападнати во соблекувалната.

Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Бурса соопшти дека се уапсени седум лица додека истрагата сè уште е во тек.

Раководството на турската прокурдска Народна демократска партија (ХДП) во изјава за јавноста наведе дека фудбалскиот клуб Амедспор бил предмет на „организиран линч и фашизам“ на гостувањето во Бурса

Партијата посочи дека непријателството кон Амедспор вклучувало расистички слогани, како и прикажување фотографии на трибините кои алудираат на убиствата на курдски јавни личности во текот на 80-те и 90-те години од минатиот век.

Турската фудбалска федерација (ТФФ) денеска ги осуди „провокативните акции и дискурси“ и вети соодветни акции.

„Расистичката реторика и акции кои предизвикаат поделби, насилни ставови и однесување на маргинализирани групи на стадионите никогаш не се прифатливи“, се наведува во соопштението на ТФФ.

Бурсаспор, од своја страна, објави на Твитер видео од натпреварот одигран лани против Амедспор во Дијарбакир на кое се гледа како полицијата ги чува играчите на Бурсаспор додека навивачите ги гаѓаат со предмети.

The post Немири на фудбалски натпревар во Бурса, седуммина уапсени appeared first on Република.

]]>
Насекаде крв, оган и судири со полицијата: Мароканци предизвикаа нов хаос во Париз https://republika.mk/sport/fudbal/nasekade-krv-ogan-i-sudiri-so-policijata-marokanci-predizvikaa-nov-haos-vo-pariz/ Sun, 18 Dec 2022 13:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=587190

Навивачи на Мароко повторно предизвикаа нереди, овој пат во главниот град на Франција, Париз, откако нивната репрезентација загуби од Хрватска во мечот за третото место на Светското првенство во Катар.

Според видеата објавени на социјалните мрежи, но и информациите кои ги пренесоа француските медиуми, Мароканците предизвикале големи нереди во овој град, каде што масовно се тепале со полицијата, а покрај тоа, палеле и моторни возила.

Полицијата вложила големи напори да се справи со хулиганите, а, како што велат медиумите, многу од нив ќе бидат најстрого казнети за стореното.

Неодамна, по поразот од Триколорите во полуфиналето на Светското првенство, тие се степаа со Французите во градот Монпеље на еден од градските плоштади, каде што, исто како и во синоќешниот конфликт, беа употребени голем број пиротехнички средства. .

Франција го победи Мароко со 2:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а потоа Мароко загуби од Хрватска со резултат 2:1 во мечот за третото место.

Сепак, Мароканците генерално одиграа одличен турнир, станаа првата африканска селекција која стигна до полуфинале на Светското првенство, но без разлика, некои од нивните навивачи ја претставија оваа земја на негативен начин.

The post Насекаде крв, оган и судири со полицијата: Мароканци предизвикаа нов хаос во Париз appeared first on Република.

]]>

Навивачи на Мароко повторно предизвикаа нереди, овој пат во главниот град на Франција, Париз, откако нивната репрезентација загуби од Хрватска во мечот за третото место на Светското првенство во Катар. Според видеата објавени на социјалните мрежи, но и информациите кои ги пренесоа француските медиуми, Мароканците предизвикале големи нереди во овој град, каде што масовно се тепале со полицијата, а покрај тоа, палеле и моторни возила. Полицијата вложила големи напори да се справи со хулиганите, а, како што велат медиумите, многу од нив ќе бидат најстрого казнети за стореното. Неодамна, по поразот од Триколорите во полуфиналето на Светското првенство, тие се степаа со Французите во градот Монпеље на еден од градските плоштади, каде што, исто како и во синоќешниот конфликт, беа употребени голем број пиротехнички средства. . Франција го победи Мароко со 2:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а потоа Мароко загуби од Хрватска со резултат 2:1 во мечот за третото место. Сепак, Мароканците генерално одиграа одличен турнир, станаа првата африканска селекција која стигна до полуфинале на Светското првенство, но без разлика, некои од нивните навивачи ја претставија оваа земја на негативен начин.

The post Насекаде крв, оган и судири со полицијата: Мароканци предизвикаа нов хаос во Париз appeared first on Република.

]]>