Ненад Периш Archives - Република https://republika.mk/tema/nenad-perish/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Jul 2022 09:23:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ненад Периш Archives - Република https://republika.mk/tema/nenad-perish/ 32 32 Таткото на Матеј Периш се врати на работата, судеше ватерполо меч на Србија и Црна Гора https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tatkoto-na-matej-perish-se-vrati-na-rabotata-sudeshe-vaterpolo-mech-na-srbija-i-crna-gora/ Mon, 25 Jul 2022 09:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=532887

Татко на Матеј Периш и покрај трагедијата која го снајде смогна сили да се врати на работата. Ненад Периш судеше ватерполо натпревар од првото коло на Светската лига меѓу Србија и Црна Гора во Стразбур.

Да потсетиме, Ненад Периш чекаше повеќе од четири месеци своето дете да се врати дома, но за жал не доби добра вест, бидејќи Матеј почина во Белград.

The post Таткото на Матеј Периш се врати на работата, судеше ватерполо меч на Србија и Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Татко на Матеј Периш и покрај трагедијата која го снајде смогна сили да се врати на работата. Ненад Периш судеше ватерполо натпревар од првото коло на Светската лига меѓу Србија и Црна Гора во Стразбур. Да потсетиме, Ненад Периш чекаше повеќе од четири месеци своето дете да се врати дома, но за жал не доби добра вест, бидејќи Матеј почина во Белград.

The post Таткото на Матеј Периш се врати на работата, судеше ватерполо меч на Србија и Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Таткото на Матеј Периш: Си го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-matej-perish-si-go-vrakjam-mojot-sin-doma-vo-negoviot-split/ Thu, 19 May 2022 19:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=504578

Телото на 27-годишниот Матеј Периш утре ќе биде испратено од црквата Св. Анте во Белград за Сплит, каде што ќе биде погребан, соопшти денеска белградската надбискупија.

Таткото на момчето кое исчезна на 30 декември, Ненад Периш за медиумите изјавил дека конечно си го враќа својот син дома, во неговиот Сплит.

„Човек кој губи некого, како што јас го изгубив Матеј, има само една желба – да му биде се поблизу и поблизу. Тоа ќе се случи еден ден, јас не знам кога, но ќе се случи. Ние мора да продолжиме да живееме овде на земјата сѐ до нашата нова средба. Ништо не може да го подготви човек на ваква вест. Денешниот ден беше најлошиот во мојот живот. Сега си го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит“, изјавил Ненад Периш за „Слободна Далмација“.

ДНК анализата потврди дека младиот човек чие тело вчера беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давење, а ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.

The post Таткото на Матеј Периш: Си го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит appeared first on Република.

Ненад Периш: Многу ми е тешко, но ако е вистина ќе мора да се соочиме со неа https://republika.mk/vesti/balkan/nenad-perish-mnogu-mi-e-teshko-no-ako-e-vistina-kje-mora-da-se-soochime-so-nea/ Wed, 18 May 2022 13:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=503896

Tаткото на исчезнатиот Матеј Периш, Ненад Периш за српски „Телеграф“ потврди дека српската полиција го известила дека е пронајдено тело на млад човек во Дунав, чија гардероба одговара на онаа која ја носел 27-годишниот сплиќанец во ноќта кога исчезна, меѓу 30 и 31 декември минатата година.

Треба да се спореди и ДНК, но, според облеката, пронајденото тело одговара на описот на Матеј. Ете, тоа можам да ви кажам, немам ништо друго засега. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистина и мораме да се соочиме со неа, јас и моето семејство. Тоа е така, ништо повеќе не можам да кажам. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград, изјавил Ненад Периш за „Телеграф“.

Како потсетување, утрово околу 9.30 часот е пронајдено тело на млад човек во Дунав, во близина на Ада Хуја. Според српските медиуми, гардеробата со која е пронајдено телото одговара на онаа којашто ја носел сплиќанецот Матеј Периш кога исчезна.

The post Ненад Периш: Многу ми е тешко, но ако е вистина ќе мора да се соочиме со неа appeared first on Република.

Таткото на Матеј: Teшко ми е, но морам да се соочам со вистината https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-matej-teshko-mi-e-no-moram-da-se-soocham-so-vistinata/ Wed, 18 May 2022 11:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=503833

Таткото на Матеј Периш, Ненад  потврди дека српската полиција го известила дека во Дунав кај Ада Хуја е пронајдено тело на млад човек, што според описот и гардеробата одговара на неговиот син.

-ДНК допрва треба да се споредува, но според облеката тоа е Матеј. Тоа можам да ви кажам, немам ништо друго засега. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистинита и морам да се соочам со неа, јас и моето семејство. Така е, ништо повеќе не можам да кажам. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград - изјави Ненад Периш.

The post Таткото на Матеј: Teшко ми е, но морам да се соочам со вистината appeared first on Република.

Исчезнувањето на синот ги зближи родителите на Матеј: Maјката деновите ги минува во молитви https://republika.mk/vesti/balkan/ischeznuvanjeto-na-sinot-gi-zblizi-roditelite-na-matej-majkata-denovite-gi-minuva-vo-molitvi/ Tue, 22 Mar 2022 09:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=476496

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј Периш (27), минатата недела се врати во Сплит, по два и пол месеци поминати во Белград.

Тој истакна дека му било тешко да биде далеку од Белград, каде го загубил синот, но дека морал да се врати кај семејството и да работи.

Ненад откри и дека ја видел мајката на Матеј, неговата поранешна сопруга, која деновите ги поминува во молитва.

- Ја видов мајката на Матеј и можам да ви кажам дека и е најтешко. Првото нешто што ме праша беше: „Како си? Таа се посвети на молитвите и желбата да најде син. Шетавме и разговаравме за се. И кажав се што знам, но не го најдов нашето дете - вели Периш.

Истакна дека истото прашање му го поставиле и ќерките, а не поминал ни момент да не размислува за Матеј.

- Ќерките ме чекаа со истото прашање како и мојата поранешна сопруга: „Како сум?!“. На сите им кажувам дека не ми е важно. Дека секој родител на светот би го направил тоа што го правам јас. Не ми е лесно да морам да се вратам, но морав поради семејството и работата. Нема момент да не размислувам што се случи со мојот син и каде е. Морам да бидам реален. - вели Периш  постариот.

The post Исчезнувањето на синот ги зближи родителите на Матеј: Maјката деновите ги минува во молитви appeared first on Република.

]]>

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј Периш (27), минатата недела се врати во Сплит, по два и пол месеци поминати во Белград. Тој истакна дека му било тешко да биде далеку од Белград, каде го загубил синот, но дека морал да се врати кај семејството и да работи. Ненад откри и дека ја видел мајката на Матеј, неговата поранешна сопруга, која деновите ги поминува во молитва.
- Ја видов мајката на Матеј и можам да ви кажам дека и е најтешко. Првото нешто што ме праша беше: „Како си? Таа се посвети на молитвите и желбата да најде син. Шетавме и разговаравме за се. И кажав се што знам, но не го најдов нашето дете - вели Периш.
Истакна дека истото прашање му го поставиле и ќерките, а не поминал ни момент да не размислува за Матеј.
- Ќерките ме чекаа со истото прашање како и мојата поранешна сопруга: „Како сум?!“. На сите им кажувам дека не ми е важно. Дека секој родител на светот би го направил тоа што го правам јас. Не ми е лесно да морам да се вратам, но морав поради семејството и работата. Нема момент да не размислувам што се случи со мојот син и каде е. Морам да бидам реален. - вели Периш  постариот.

The post Исчезнувањето на синот ги зближи родителите на Матеј: Maјката деновите ги минува во молитви appeared first on Република.

]]>
Пријателите на Матеј се правдале пред татко му зошто уште веднаш не тргнале да го бараат https://republika.mk/vesti/balkan/prijatelite-na-matej-se-pravdale-pred-tatko-mu-zoshto-ushte-vednash-ne-trgnale-da-go-baraat/ Tue, 18 Jan 2022 20:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=446521

Потрагата по Матеј Периш (27), кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември, влезе во 19-ти ден, а никој со сигурност не може да потврди дали младиот сплиќанец влегол во Сава.

Инспекторите на белградската полиција, врз основа на последното видео снимено од камерата на ресторанот Саванова, се обидуваат да утврдат дали силуетата што се гледа на дното на видеото одговара на исчезнатиот младич Матеј Периш.

Не можам со целосна сигурност да кажам дали момчето што оди по скалите е мојот син. Снимката е лоша и нецелосна. По одот ми личи дека се работи за мојот Матеј, но не сум целосно сигурен. Морам да кажам дека ова е работа за полициски вештак, вели Ненад Периш, татко на исчезнатиот млад човек.

Според него, од видеото може да заклучи дека „темпото на спуштање на таа силуета и она на Матеј е исто“.

Верувам во работата на белградската полиција. Верувам и дека син ми е жив, иако шансите се помали сега. Тешко ми е, како и на секој родител во мојата ситуација, вели Периш.

Тој потврди дека секојдневно е во контакт со ќерките и сопругата кои очекуваат да се врати со Матеј.

Се слушам и со еден пријател на мојот син. Не им е лесно поради сè што се случи. Само ми рекоа дека „не го побарале веднаш затоа што мислеле дека разговара со некого“, вели Периш.

The post Пријателите на Матеј се правдале пред татко му зошто уште веднаш не тргнале да го бараат appeared first on Република.

]]>

Потрагата по Матеј Периш (27), кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември, влезе во 19-ти ден, а никој со сигурност не може да потврди дали младиот сплиќанец влегол во Сава. Инспекторите на белградската полиција, врз основа на последното видео снимено од камерата на ресторанот Саванова, се обидуваат да утврдат дали силуетата што се гледа на дното на видеото одговара на исчезнатиот младич Матеј Периш.
Не можам со целосна сигурност да кажам дали момчето што оди по скалите е мојот син. Снимката е лоша и нецелосна. По одот ми личи дека се работи за мојот Матеј, но не сум целосно сигурен. Морам да кажам дека ова е работа за полициски вештак, вели Ненад Периш, татко на исчезнатиот млад човек.
Според него, од видеото може да заклучи дека „темпото на спуштање на таа силуета и она на Матеј е исто“.
Верувам во работата на белградската полиција. Верувам и дека син ми е жив, иако шансите се помали сега. Тешко ми е, како и на секој родител во мојата ситуација, вели Периш.
Тој потврди дека секојдневно е во контакт со ќерките и сопругата кои очекуваат да се врати со Матеј.
Се слушам и со еден пријател на мојот син. Не им е лесно поради сè што се случи. Само ми рекоа дека „не го побарале веднаш затоа што мислеле дека разговара со некого“, вели Периш.

The post Пријателите на Матеј се правдале пред татко му зошто уште веднаш не тргнале да го бараат appeared first on Република.

]]>
Таткото на исчезнатиот Матеј: Во Белград ја сретнав девојката за која зборуваат сите https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-ischeznatiot-matej-vo-belgrad-ja-sretnav-devojkata-za-koja-zboruvaat-site/ Fri, 14 Jan 2022 22:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=444783

Откако во српските и хрватските медиуми се појави информација дека исчезнатиот сплиќанец, Матеј Периш, последен пат комуницирал со пријателка, спиќанка која го организирала дочекото во Белград и која на кобната ноќ била во српоската престолнина, таткото на Матеј изјави дека тој се сретнал со таа девојка.

Ненад Периш, изјави вели дека имал кераток разговор со девојката, која му кажала дека имала пропуштен повик од Матеј, но тоа било пред да се изгаси сигналот на неговиот мобилен телефон.

Таа ми кажа дека вечерта Матеј се обидел да стапи во контакт со неа затоа што видела дека има пропуштен повик од него. Јас ја сретнав пред седиштето на белградската полиција пред десетина денови. Тоа беше случајна средба и таа тогаш ми кажа дека не се слушнала со Матеј, но дека имала пропуштен повик од него. Но тоа било 23 часа порано, кога тој бил поврзан на Вифи мрежа и кога била забележана неговата поледна активност на Ватсап - вели Ненад Периш за „Јутарњи“.

Таа девојка, кој била еден од организаторите на патувањето во Белград, го познавала Матеј долго време, како и нејзиниот брат, кој не бил дел од друштвото со кое Матеј бил во Белград.

Затоа што таа била во Белград, Матеј веројатно се обидел да стапи во контакт со неа - претпоставува Ненад Периш.

https://republika.mk/vesti/balkan/matej-bez-jakna-trgnal-da-se-sretne-so-prijatelka-koja-se-zabavuvala-vo-blizina/

The post Таткото на исчезнатиот Матеј: Во Белград ја сретнав девојката за која зборуваат сите appeared first on Република.

]]>

Откако во српските и хрватските медиуми се појави информација дека исчезнатиот сплиќанец, Матеј Периш, последен пат комуницирал со пријателка, спиќанка која го организирала дочекото во Белград и која на кобната ноќ била во српоската престолнина, таткото на Матеј изјави дека тој се сретнал со таа девојка. Ненад Периш, изјави вели дека имал кераток разговор со девојката, која му кажала дека имала пропуштен повик од Матеј, но тоа било пред да се изгаси сигналот на неговиот мобилен телефон.
Таа ми кажа дека вечерта Матеј се обидел да стапи во контакт со неа затоа што видела дека има пропуштен повик од него. Јас ја сретнав пред седиштето на белградската полиција пред десетина денови. Тоа беше случајна средба и таа тогаш ми кажа дека не се слушнала со Матеј, но дека имала пропуштен повик од него. Но тоа било 23 часа порано, кога тој бил поврзан на Вифи мрежа и кога била забележана неговата поледна активност на Ватсап - вели Ненад Периш за „Јутарњи“.
Таа девојка, кој била еден од организаторите на патувањето во Белград, го познавала Матеј долго време, како и нејзиниот брат, кој не бил дел од друштвото со кое Матеј бил во Белград.
Затоа што таа била во Белград, Матеј веројатно се обидел да стапи во контакт со неа - претпоставува Ненад Периш.
https://republika.mk/vesti/balkan/matej-bez-jakna-trgnal-da-se-sretne-so-prijatelka-koja-se-zabavuvala-vo-blizina/

The post Таткото на исчезнатиот Матеј: Во Белград ја сретнав девојката за која зборуваат сите appeared first on Република.

]]>
Таткото на Матеј: Спијам со неговата јакна, сакам да го погребам дома https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-matej-spijam-so-negovata-jakna-sakam-da-go-pogrebam-doma/ Wed, 05 Jan 2022 10:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=440877

Нема спиење, во Белград сум додека не го најдам, се надевам дека е жив. Постојано гледам во Сава и размислувам каде би можел да биде Матеј... Лежам со јакната на Матеј, вели неговиот татко.

Хрватскиот државјанин Матеј Периш исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, а оттогаш полицијата трага по него, а бидејќи бил снимен покрај реката, во потрагата се вклучени и нуркачи. Целиот регион е на нозе додека трае потрагата по исчезнатиот Сплиќанец.

Неговиот татко Ненад Периш го коментираше однесувањето на неговиот син во кобната ноќ, но и на првото патување во Србија.

Периш открива дека имал разговор со пријателите на неговиот син и дека нема простор за шпекулации.

- Ми признаа дека мешале вино, ракија, пиво и виски, но јас им верувам на тие момци. Па, тие пораснаа до мене, одеа со син ми од прво одделение основно. Не знаат ни да ми објаснат што се случи со Матеј и каде истрча така. Иако не знаеме се, не можам да кажам дека бесцелно талкаше низ градот.

Во понеделникот вечерта ги испратив пријателите на Матеј од Белград. Децата отидоа дома. Овде ги направија сите формалности. Им кажав  дека за околу 25 години веројатно ќе се сеќаваат на мојот син и на овие настани, дека можеби и ќе заплачат и дека ако мојот син не е жив, ќе умрам со таа ситуација.

Посакувам само да го најдат ако е умрен, да го погребам како што треба, во мојата татковина.

The post Таткото на Матеј: Спијам со неговата јакна, сакам да го погребам дома appeared first on Република.

]]>

Нема спиење, во Белград сум додека не го најдам, се надевам дека е жив. Постојано гледам во Сава и размислувам каде би можел да биде Матеј... Лежам со јакната на Матеј, вели неговиот татко.
Хрватскиот државјанин Матеј Периш исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, а оттогаш полицијата трага по него, а бидејќи бил снимен покрај реката, во потрагата се вклучени и нуркачи. Целиот регион е на нозе додека трае потрагата по исчезнатиот Сплиќанец. Неговиот татко Ненад Периш го коментираше однесувањето на неговиот син во кобната ноќ, но и на првото патување во Србија. Периш открива дека имал разговор со пријателите на неговиот син и дека нема простор за шпекулации.
- Ми признаа дека мешале вино, ракија, пиво и виски, но јас им верувам на тие момци. Па, тие пораснаа до мене, одеа со син ми од прво одделение основно. Не знаат ни да ми објаснат што се случи со Матеј и каде истрча така. Иако не знаеме се, не можам да кажам дека бесцелно талкаше низ градот.
Во понеделникот вечерта ги испратив пријателите на Матеј од Белград. Децата отидоа дома. Овде ги направија сите формалности. Им кажав  дека за околу 25 години веројатно ќе се сеќаваат на мојот син и на овие настани, дека можеби и ќе заплачат и дека ако мојот син не е жив, ќе умрам со таа ситуација.
Посакувам само да го најдат ако е умрен, да го погребам како што треба, во мојата татковина.

The post Таткото на Матеј: Спијам со неговата јакна, сакам да го погребам дома appeared first on Република.

]]>
Taткото на исчезнатиот Матеј: Снимките ми даваат надеж дека син ми е жив https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-ischeznatiot-matej-snimkite-mi-davaat-nadez-deka-sin-mi-e-ziv/ Mon, 03 Jan 2022 21:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=440210

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј,  изјави дека објавените снимки  му даваат надеж дека неговиот син е жив.

Кога дојдов во Белград имав лошо чувство дека сето ова нема да заврши добро, но како што минува времето, надежите ми растат. Не се огромни, веќе поминаа четири дена. Ме прашуваат зошто полицијата не ангажирала нуркачи? Сава е длабока четири-пет метри и не е море да може да се огради. Од бродовите немаше информација дека ќе треба да се ангажираат нуркачи. Пофалби ги сите луѓе и за гостопримството и срдечноста овде во Белград, како и за полицијата која сериозно си ја врши работата - рече Периш.

https://republika.mk/vesti/balkan/se-pojavi-video-od-ischeznatiot-hrvat-vo-belgrad-matej-trcha-so-drugi-patiki-a-potoa-pliva-podaleku-namesto-kon-bregot/

The post Taткото на исчезнатиот Матеј: Снимките ми даваат надеж дека син ми е жив appeared first on Република.