Телото на 27-годишниот Матеј Периш утре ќе биде испратено од црквата Св. Анте во Белград за Сплит, каде што ќе биде погребан, соопшти денеска белградската надбискупија.

Таткото на момчето кое исчезна на 30 декември, Ненад Периш за медиумите изјавил дека конечно си го враќа својот син дома, во неговиот Сплит.

„Човек кој губи некого, како што јас го изгубив Матеј, има само една желба – да му биде се поблизу и поблизу. Тоа ќе се случи еден ден, јас не знам кога, но ќе се случи. Ние мора да продолжиме да живееме овде на земјата сѐ до нашата нова средба. Ништо не може да го подготви човек на ваква вест. Денешниот ден беше најлошиот во мојот живот. Сега си го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит“, изјавил Ненад Периш за „Слободна Далмација“.

ДНК анализата потврди дека младиот човек чие тело вчера беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давење, а ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.