неапол Archives - Република https://republika.mk/tema/neapol/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 07:47:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неапол Archives - Република https://republika.mk/tema/neapol/ 32 32 Речиси 150 земјотреси за помалку од пет часа во регионот на Неапол https://republika.mk/vesti/svet/rechisi-150-zemjotresi-za-pomalku-od-pet-chasa-vo-regionot-na-neapol/ Tue, 21 May 2024 14:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=780321

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани синоќа и утринава на Флегрејските полиња во близина на Неапол во јужна Италија, во кои не е предизвикана голема штета, но имаше паника меѓу населението, соопштија властите.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Институтот забележа десетици послаби потреси на земјата во следните часови. Вкупно, околу 150 земјотреси ја погодија областа за помалку од пет часа, почнувајќи од 19:50 часот. Според претставникот на Институтот, Мауро Ди Вито „ова е најмоќната серија земјотреси во последните 40 години“.

На видеата на жителите објавени на социјалните мрежи, може да се видат шишиња со млеко и пијалоци расфрлани на подот во продавниците во општината Позуоли во областа на Флегрејските полиња, каде живеат околу половина милион луѓе. Земјотресот бил силно почувствуван и во Неапол, вклучително и во пристаништето.

Училиштата денеска ќе останат затворени во Позуоли, каде што се отворени сместувачките центри и се поставени шатори на паркинг и плоштад покрај морето за да се сместат во жителите, објави на Фејсбук градоначалникот на градот, Луиџи Манцони. Од противпожарната бригада велат дека жителите пријавиле пукнатини во куќите и делови кои паднале од фасадите на зградите.

Флегрејските полиња се засенети од Везув, чија ерупција ја избриша Помпеја од картата во 79 година од нашата ера. Локалните жители и научниците се загрижени за оживување на активноста поради гасовите што се испуштаат од магмата што вршат притисок врз површината што предизвикува пукање на земјата.

The post Речиси 150 земјотреси за помалку од пет часа во регионот на Неапол appeared first on Република.

]]>

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани синоќа и утринава на Флегрејските полиња во близина на Неапол во јужна Италија, во кои не е предизвикана голема штета, но имаше паника меѓу населението, соопштија властите. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија. Институтот забележа десетици послаби потреси на земјата во следните часови. Вкупно, околу 150 земјотреси ја погодија областа за помалку од пет часа, почнувајќи од 19:50 часот. Според претставникот на Институтот, Мауро Ди Вито „ова е најмоќната серија земјотреси во последните 40 години“. На видеата на жителите објавени на социјалните мрежи, може да се видат шишиња со млеко и пијалоци расфрлани на подот во продавниците во општината Позуоли во областа на Флегрејските полиња, каде живеат околу половина милион луѓе. Земјотресот бил силно почувствуван и во Неапол, вклучително и во пристаништето. Училиштата денеска ќе останат затворени во Позуоли, каде што се отворени сместувачките центри и се поставени шатори на паркинг и плоштад покрај морето за да се сместат во жителите, објави на Фејсбук градоначалникот на градот, Луиџи Манцони. Од противпожарната бригада велат дека жителите пријавиле пукнатини во куќите и делови кои паднале од фасадите на зградите. Флегрејските полиња се засенети од Везув, чија ерупција ја избриша Помпеја од картата во 79 година од нашата ера. Локалните жители и научниците се загрижени за оживување на активноста поради гасовите што се испуштаат од магмата што вршат притисок врз површината што предизвикува пукање на земјата.

The post Речиси 150 земјотреси за помалку од пет часа во регионот на Неапол appeared first on Република.

]]>
Неапол се тресе https://republika.mk/vesti/svet/neapol-se-trese/ Tue, 21 May 2024 07:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=780293

Серија од 49 земјотреси се регистрирани синоќа во близина на Неапол, во јужна Италија, без поголема материјална штета, но предизвикало паника кај населението, соопштија тамошните власти.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, тоа е најголемата серија земјотреси во последните 40 години.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути на длабочина од 2,5 километри, соопшти Институтот.

Неколку минути претходно имаше земјотрес со јачина од 3,5 степени по Рихтер, проследен со десетици последователни потреси.

Институтот соопшти дека серијата земјотреси започнале синоќа точно во 19 часот и 51 минута во Флегранските полиња кај Неапол, што е вулканска зона во Италија.

Во таа зона на земјотресот живеат околу половина милион луѓе, а за денеска беше соопштено дека училиштата ќе бидат затворени, додека се отворени прифатните центри и се поставени шатори на неколку паркинзи.

Флегранските полиња, чија ерупција пред 40.000 години влијаеше на климата на планетата, ги загрижува локалните жители и научниците поради обновувањето на нивната активност поради гасовите што ги испушта магмата, што влијае на пукањето на површината на почвата.

Сценариото за катастрофа, односно исфрлање лава, пепел и камења, е малку веројатно, сепак во блиска иднина, велат експертите.

The post Неапол се тресе appeared first on Република.

]]>

Серија од 49 земјотреси се регистрирани синоќа во близина на Неапол, во јужна Италија, без поголема материјална штета, но предизвикало паника кај населението, соопштија тамошните власти. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, тоа е најголемата серија земјотреси во последните 40 години. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути на длабочина од 2,5 километри, соопшти Институтот. Неколку минути претходно имаше земјотрес со јачина од 3,5 степени по Рихтер, проследен со десетици последователни потреси. Институтот соопшти дека серијата земјотреси започнале синоќа точно во 19 часот и 51 минута во Флегранските полиња кај Неапол, што е вулканска зона во Италија. Во таа зона на земјотресот живеат околу половина милион луѓе, а за денеска беше соопштено дека училиштата ќе бидат затворени, додека се отворени прифатните центри и се поставени шатори на неколку паркинзи. Флегранските полиња, чија ерупција пред 40.000 години влијаеше на климата на планетата, ги загрижува локалните жители и научниците поради обновувањето на нивната активност поради гасовите што ги испушта магмата, што влијае на пукањето на површината на почвата. Сценариото за катастрофа, односно исфрлање лава, пепел и камења, е малку веројатно, сепак во блиска иднина, велат експертите.

The post Неапол се тресе appeared first on Република.

]]>
Под „закрила“ на прославата на титулата убиен синот на водачот на мафијата во Неапол https://republika.mk/vesti/svet/pod-zakrila-na-proslavata-na-titulata-ubien-sinot-na-vodachot-na-mafijata-vo-neapol/ Sat, 06 May 2023 17:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=637508

Откако фудбалскиот клуб Наполи го обезбеди освојувањето на титулата во Серија А, прва по 33 години, деновиве целиот град Неапол е претворен во една голема забава. Но, не минува се во родост и дух на прослава. За време на прославите е убиен синот на еден од шефовите на неаполската мафија - Камора.

Како што објавија италијанските медиуми, убиен е Винченцо Костанцо (26), кој има „значајно“ криминално досие во италијанската полиција, а за време на прославите на улиците на Неапол бил застрелан. Починатиот бил син на Маурицио Костанцо, осуден за мафијашко здружување и кој се смета за еден од водачите на Камора во областа Понтичели, место каде што има големо непријателство меѓу различните кланови.

Како што потврдиле од италијанската полиција, Костанцо починал во болница како последица на раните нанесени од куршумите. Обвинителите и италијанските карабинери истражуваат дали тој бил убиен од ривалски клан Камора или, пак, тој бил жртва на случајно пукање, со оглед на тоа што во некои градови на југот на земјата, вообичаено е луѓето да слават пукајќи во воздух.

Клаудио Паломба, префект на градот, за „Газета дело спорт“ изјави дека смртта на младиот човек не е поврзана со прославите, а на сличен начин, пред микрофоните на „Радио Анчио“ се изјасни и градоначалникот на Неапол, Гаетено Манфреди.

Оваа смрт има врска со динамика која нема никаква врска со веселбите. Веројатно тоа беше пресметка што ја искористила некоја криминална група, изјави Манфреди.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците да ја прослават третата титула, прва по 33 години, титула на нивниот тим, но прославата мина со црн биланс од над сто луѓе, кои морале да бидат однесени во болница, вклучително и млади луѓе со повреди на рацете и телото од огномет, убодни рани и повреди од тепачки.

Меѓу повредените е и 20-годишна жена во која удрил автомобил, како и тројца полицајци, кои минале со полесни повреди.

The post Под „закрила“ на прославата на титулата убиен синот на водачот на мафијата во Неапол appeared first on Република.

]]>

Откако фудбалскиот клуб Наполи го обезбеди освојувањето на титулата во Серија А, прва по 33 години, деновиве целиот град Неапол е претворен во една голема забава. Но, не минува се во родост и дух на прослава. За време на прославите е убиен синот на еден од шефовите на неаполската мафија - Камора. Како што објавија италијанските медиуми, убиен е Винченцо Костанцо (26), кој има „значајно“ криминално досие во италијанската полиција, а за време на прославите на улиците на Неапол бил застрелан. Починатиот бил син на Маурицио Костанцо, осуден за мафијашко здружување и кој се смета за еден од водачите на Камора во областа Понтичели, место каде што има големо непријателство меѓу различните кланови. Како што потврдиле од италијанската полиција, Костанцо починал во болница како последица на раните нанесени од куршумите. Обвинителите и италијанските карабинери истражуваат дали тој бил убиен од ривалски клан Камора или, пак, тој бил жртва на случајно пукање, со оглед на тоа што во некои градови на југот на земјата, вообичаено е луѓето да слават пукајќи во воздух. Клаудио Паломба, префект на градот, за „Газета дело спорт“ изјави дека смртта на младиот човек не е поврзана со прославите, а на сличен начин, пред микрофоните на „Радио Анчио“ се изјасни и градоначалникот на Неапол, Гаетено Манфреди.
Оваа смрт има врска со динамика која нема никаква врска со веселбите. Веројатно тоа беше пресметка што ја искористила некоја криминална група, изјави Манфреди.
Десетици илјади луѓе излегоа на улиците да ја прослават третата титула, прва по 33 години, титула на нивниот тим, но прославата мина со црн биланс од над сто луѓе, кои морале да бидат однесени во болница, вклучително и млади луѓе со повреди на рацете и телото од огномет, убодни рани и повреди од тепачки. Меѓу повредените е и 20-годишна жена во која удрил автомобил, како и тројца полицајци, кои минале со полесни повреди.

The post Под „закрила“ на прославата на титулата убиен синот на водачот на мафијата во Неапол appeared first on Република.

]]>
Тепачки како во серијата „Гомора“ во Неапол https://republika.mk/sport/fudbal/tepachki-kako-vo-serijata-gomora-vo-neapol/ Wed, 15 Mar 2023 19:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=620024

Околу 600 навивачи на Ајнтрахт од Франкфурт, поддржани од приврзаниците на Аталанта, создадоа вистински пекол на улиците на Неапол.

Ајнтрахт е гостин на Наполи во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите од 21:00 часот.

Домашните симпатизери ги пречекаа гостите, па првите пресметки се случија во центарот на градот. Потоа се случи „герилска војна“, а повредени се десетици навивачи и полицајци.

Сè што можеше да падне во рацете на навивачите беше претворено во оружје: остриги, столови, бакли, палки... Запален е и полициски автомобил, а органите на редот мораа да употребат водени топови за да ги разладат загреаните глави.

The post Тепачки како во серијата „Гомора“ во Неапол appeared first on Република.

]]>

Околу 600 навивачи на Ајнтрахт од Франкфурт, поддржани од приврзаниците на Аталанта, создадоа вистински пекол на улиците на Неапол. Ајнтрахт е гостин на Наполи во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите од 21:00 часот. Домашните симпатизери ги пречекаа гостите, па првите пресметки се случија во центарот на градот. Потоа се случи „герилска војна“, а повредени се десетици навивачи и полицајци. Сè што можеше да падне во рацете на навивачите беше претворено во оружје: остриги, столови, бакли, палки... Запален е и полициски автомобил, а органите на редот мораа да употребат водени топови за да ги разладат загреаните глави.

The post Тепачки како во серијата „Гомора“ во Неапол appeared first on Република.

]]>
Црногорец убиен на југот на Италија како во серијата „Гомора“ https://republika.mk/vesti/balkan/tsrnogorets-ubien-na-jugot-na-italija-kako-vo-serijata-gomora/ Fri, 03 Mar 2023 11:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=615499

Италијанската полиција соопшти дека идентификувала млад маж (22) убиен на југот на земјата. Станува збор за момче кое по потекло е од Црна Гора, а се работи за Натале Насер Батиари.

Младиот човек беше пронајден мртов на 28 февруари, а неговата мајка го пријавила за исчезнат неколку дена претходно.

 Жртвата била измачувана и избодена, имала повреди и на вратот, рацете и рацете. Обвинителот Ремо Епифани од обвинителството во Таранто покрена истрага за убиството - пренесува .repubblica.it

Телото на младиот човек го открил маж кој возел велосипед. Жртвата била облечена во црн комбинезон. Со себе немал документи или мобилен телефон.

Според она што е утврдено од истрагата, жртвата со својот автомобил и уште двајца пријатели стигнала до Мандурија, каде што се сретнал со уште тројца мажи. Анализирајќи ги снимките од камерите, може да се види како жртвата се оддалечува со тие три лица низ улиците.

https://www.youtube.com/watch?v=TRnO5385rVc&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Убијците дивјачки го претепале и му нанеле неколку ножови. Потоа го ставиле во автомобил и го однеле на изолирано место каде го избоделе до смрт, а потоа се обиделе да ги уништат трагите на делото и телото.

Се верува дека мотивот за убиството е поврзан со дилање дрога и неплатен долг, а жртвата е брат на лице од кое тројцата осомничени наводно купиле кокаин. Кобниот ден жртвата отишла да наплати долг за дрога

The post Црногорец убиен на југот на Италија како во серијата „Гомора“ appeared first on Република.

]]>

Италијанската полиција соопшти дека идентификувала млад маж (22) убиен на југот на земјата. Станува збор за момче кое по потекло е од Црна Гора, а се работи за Натале Насер Батиари. Младиот човек беше пронајден мртов на 28 февруари, а неговата мајка го пријавила за исчезнат неколку дена претходно.
 Жртвата била измачувана и избодена, имала повреди и на вратот, рацете и рацете. Обвинителот Ремо Епифани од обвинителството во Таранто покрена истрага за убиството - пренесува .repubblica.it
Телото на младиот човек го открил маж кој возел велосипед. Жртвата била облечена во црн комбинезон. Со себе немал документи или мобилен телефон. Според она што е утврдено од истрагата, жртвата со својот автомобил и уште двајца пријатели стигнала до Мандурија, каде што се сретнал со уште тројца мажи. Анализирајќи ги снимките од камерите, може да се види како жртвата се оддалечува со тие три лица низ улиците. https://www.youtube.com/watch?v=TRnO5385rVc&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Убијците дивјачки го претепале и му нанеле неколку ножови. Потоа го ставиле во автомобил и го однеле на изолирано место каде го избоделе до смрт, а потоа се обиделе да ги уништат трагите на делото и телото. Се верува дека мотивот за убиството е поврзан со дилање дрога и неплатен долг, а жртвата е брат на лице од кое тројцата осомничени наводно купиле кокаин. Кобниот ден жртвата отишла да наплати долг за дрога

The post Црногорец убиен на југот на Италија како во серијата „Гомора“ appeared first on Република.

]]>
Се урнаа гробишта во Неапол, од карпата висат сандаци https://republika.mk/vesti/svet/se-urnaa-grobishta-vo-neapol-od-karpata-visat-sandaci/ Wed, 19 Oct 2022 07:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=562784

На гробиштата Поџореале во Неапол, дел од теренот повторно се урна, а десетици ковчези останаа да висат на карпите. На почетокот на годината се урна дел од гробиштата, но тогаш од спротивната страна. Целата област е оградена и отворена е нова истрага.

Делот од гробиштата кој се урна се наоѓа во близина на крематориумот, а отворени се десетина сандаци со видливи трупови, без никаква заштита.

Општина Неапол издаде наредба за затворање на гробиштата до дополнително известување. Во моментот на уривањето немало посетители, бидејќи се се случило откако гробиштата биле затворени.

Поџореале, најголемите гробишта во Неапол и едни од најголемите во Европа, се наоѓаат во населбите Секундиљано и Сан Карло ал Арена.

The post Се урнаа гробишта во Неапол, од карпата висат сандаци appeared first on Република.

]]>

На гробиштата Поџореале во Неапол, дел од теренот повторно се урна, а десетици ковчези останаа да висат на карпите. На почетокот на годината се урна дел од гробиштата, но тогаш од спротивната страна. Целата област е оградена и отворена е нова истрага. Делот од гробиштата кој се урна се наоѓа во близина на крематориумот, а отворени се десетина сандаци со видливи трупови, без никаква заштита. Општина Неапол издаде наредба за затворање на гробиштата до дополнително известување. Во моментот на уривањето немало посетители, бидејќи се се случило откако гробиштата биле затворени. Поџореале, најголемите гробишта во Неапол и едни од најголемите во Европа, се наоѓаат во населбите Секундиљано и Сан Карло ал Арена.

The post Се урнаа гробишта во Неапол, од карпата висат сандаци appeared first on Република.

]]>
Крадец со пиштол му го земал часовникот на турист во Неапол, по неколку минути го вратил зашто не бил оригинал https://republika.mk/vesti/svet/kradec-so-pishtol-mu-go-zemal-chasovnikot-na-turist-vo-neapol-po-nekolku-minuti-go-vratil-zashto-ne-bil-original/ Wed, 27 Jul 2022 07:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=533590

Двајца Швајцарци до крајот на животот ќе ја паметат посетата на Неапол.

Додека тие седеле на еден од главните централни плоштади во Неапол, им пришол млад човек, извадил пиштол, му го вперил во главата на еден од нив, му го земал часовникот и си заминал.

Момчињата шокирани решиле да поседнат уште малку во кафулето за да се повратат од шокот.

Сепак, ситуацијата добила пшресврт кога, неколку минути подоцна, крадецот се вратил и кревајќи ги рацете во знак на извинување, му го вратил часовникот на сопственикот.

https://twitter.com/NotizieFrance/status/1549428508656631808?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1549428508656631808%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3978463%2Fzasto-je-lopov-iz-napulja-vratio-sat-vlasniku

Причината за таквата постапка била тоа што украдениот часовник бил не премногу вредна копија на часовникот на Рикард Мил од 300.000 евра.

Сопственикот на кафулето во кое седеле двајцата шокирани туристи се уште верува дека крадецот не се обидувал да се извини туку да избегне казна.

The post Крадец со пиштол му го земал часовникот на турист во Неапол, по неколку минути го вратил зашто не бил оригинал appeared first on Република.

]]>

Двајца Швајцарци до крајот на животот ќе ја паметат посетата на Неапол. Додека тие седеле на еден од главните централни плоштади во Неапол, им пришол млад човек, извадил пиштол, му го вперил во главата на еден од нив, му го земал часовникот и си заминал. Момчињата шокирани решиле да поседнат уште малку во кафулето за да се повратат од шокот. Сепак, ситуацијата добила пшресврт кога, неколку минути подоцна, крадецот се вратил и кревајќи ги рацете во знак на извинување, му го вратил часовникот на сопственикот. https://twitter.com/NotizieFrance/status/1549428508656631808?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1549428508656631808%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3978463%2Fzasto-je-lopov-iz-napulja-vratio-sat-vlasniku Причината за таквата постапка била тоа што украдениот часовник бил не премногу вредна копија на часовникот на Рикард Мил од 300.000 евра. Сопственикот на кафулето во кое седеле двајцата шокирани туристи се уште верува дека крадецот не се обидувал да се извини туку да избегне казна.

The post Крадец со пиштол му го земал часовникот на турист во Неапол, по неколку минути го вратил зашто не бил оригинал appeared first on Република.

]]>