намалени цени Archives - Република https://republika.mk/tema/namaleni-ceni/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 07:22:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намалени цени Archives - Република https://republika.mk/tema/namaleni-ceni/ 32 32 Еве што ќе биде поевтино: Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври https://republika.mk/vesti/ekonomija/eve-shto-ke-bide-poevtino-poniski-tseni-na-73-prehranbeni-proizvodi-do-31-oktomvri/ Sat, 21 Sep 2024 07:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=818385

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

На листата на основни прехранбени производи во т.н „есенска кошница“ се вклучени производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Производите вклучени во есенската кошница на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска  да  ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70 проценти од прибавените количини во август годинава од овие производи на листата.

Одлуката е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти.

Согласно податоците, во консултација со работната група која беше формирана од претставници од министерствата за економија и труд,  за финансии и за земјоделство, сметаме дека ваквото зголемување на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци е прекумерно и несразмерно во однос на растот на трошоците за набавка и оперативните трошоци кои трговците ги имаат. Нашите проценки се дека со стапување во сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10 проценти, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци, изјави вчера на прес-конференција во Владата министерот за економија Бесар Дурмиши.

Одлуката ќе биде во сила до 31 октомври, а  евентуалното повторно енормно поскапување на производите опфатени со неа, според Дурмиши ќе се спречи со Законот за забрана на нефер трговски практики.

На крајот на месецов ќе стапи во сила Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите ќе се усогласат во однос на рабатот и дополнителните трошоци, значи ќе се ограничи маржата за 10 проценти кај овие добавувачи и купувачи, со цел цената на 2458 производи што ќе ги опфаќа таа листа,  да бидат на крај намалени за граѓаните. Сите одлуки што ги донесовме се во интерес на нашите граѓани, рече Дурмиши, одговарајќи на новинарско прашање.

Владата најави дека ќе има и Божиќна кошница, Рамазанска кошница, Велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Во иднина ќе има и други кошници кога граѓаните имаат најголема потреба да купуваат основни производи, во одредени периоди. Ние поставуваме маржа со која се ограничува профитот  кога знаеме дека трговците генерално ги покачуваат цените. Работната група која е формирана од министерствата за економија и труд, за финансии, и за земјоделство, направија анализа и ја донесоа оваа мерка. За сите следни анализи ќе достават предлог кај нас за да го  доставиме  до Владата и ќе бидете навреме информирани. Како што го донесовме овој предлог  и го изгласавме на седница на Владата, ако во консултација со трговците производителите  и стопанските комори видиме дека тие предлози не се соодветни или не донесуваат добро на граѓаните и  економијата, ќе ги смениме, рече Дурмиши одговарајќи на новинарсо прашање.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)  во пресрет на објавата на владината одлука рекоа дека очекуваат благо зголемување на минималната синдикална кошничка што ќе биде објавена во понеделник или вторник идната недела. Тоа, според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и за работодавачите во приватниот сектор, дека „раст на платите е потребен вчера, бидејќи денес е веќе доцна“.

Трендафилов  оцени дека е добро се што се прави во интерес на работниците, посебно во насока на намалување на цените.

Овој тренд треба да продолжи за да им се помогне на граѓаните и работниците да можат да набават основни прехранбени производи. Ние денес плаќаме зеленчук како да сме јануари и овошје како да сме сред зима, нешто што не е оправдано, порача Трендафилов.

Како што соопшти Трендафилов, според податоците голема  е веројатноста минималната синдикална кошничка да биде со благо зголемување, имајќи во предвид дека од почетокот на годинава се зголеми за 4.600 денари.

Ние, за жал, не сме вклучени во подготовката на владинит кошнички за ограничување на цените и маржите. ССМ смета дека е добра идеја се што се прави во интерес на работниците во насока на намалување на цените, но таа ќе треба да се спроведе во целост како што е планирана. Се надеваме дека делот на храна и пијалаци што го пресметуваме како ССМ и изнесува 22 300 денари за минатиот месец во синдикалната кошница ќе биде појдовна основа за утврдување на оние 100 производи за кои ќе треба да бидат ограничени маржите за да им се помогне на најранливите граѓани, истакна претседателот на ССМ.

Опозициската СДСМ, пак, оцени дека мерките на Владата  се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект.  Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне, соопшти СДСМ.

Во август годнава најголемо зголемување на цените имаше кај овошјето од 10,9 проценти, кај млекото, сирењето и јајцата од 6,6 проценти, кај зеленчукот од 3,9 проценти, кај месото од 3,6 проценти, и  кај лебот и жита од 2 проценти. За истиот период, трошоците за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4 проценти, од кои кај минералната вода, безалкохолните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук зголемувањето е од 11,1 процент, додека кај кафе, чај и какао зголемувањето е од 7,7 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, како што објави ДЗС вчера, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани. 

Во листата на производи со ограничена профитна маржа спаѓаат: 

- ориз бел во пакување од 900г до 1кг;

-брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;

-бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

-печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);

-бисквити, "Petit Beure" и бисквити обични од 300гр до 500 гр;

-тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).;

-масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар;

-месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;

-месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;

-пиле (свежо и замрзнато) цело;

-пилешки стек (свеж и замрзнат);

-салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);

-чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);

-чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);

-пилешка посебна саламa во пакување од 300гр до 800гр  (без слајс пакување);

-паштета од џигер или пилешка (кокошја), (без додатоци) во пакување од 95гр и 100 гр.;

-замрзната риба  Ослиќ;

-трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти во пакување од 1 литар;

-јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8 проценти до 3,2 проценти  во пакување од 1 литар;

-кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8 проценти и 3,2  порценти во пакување од 400гр до 500 гр;

-павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од  од 12 проценти до 20 порценти во пакување од 180гр до 400 гр;

-урда;

-традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);

-традиционално мешано бело сирење (без додатоци);

-традиционален кравји кашкавал (без додатоци);

-традиционален мешан кашкавал (без додатоци);

-свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;

-масло ,(путер), индустриски произведен (пакување од 250 гр.);

-маргарин, (обичен), пакуван од 250 гр;

-јаболка;

-праски;

-грозје трпезно;

-лимони;

-портокали;

-банани;

-исчистени ореви;

-грав;

-кромид;

-компир;

-морков;

-спанаќ;

-зелка;

-краставици;

-корнишони;

-лук;

-тиквици;

-боранија;

-домат;

-пиперки;

-карфиол;

-тиква;

-модар патлиџан;

-леќа;

-магдонос;

-брокула;

-праз;

-зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр;

-зеленчук замрзнат од  пченка, во фолија од 450 гр;

-зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр;

-боранија замрзната, во фолија од 450 гр;

-маслинки, црни;

-грашок конзервиран во пакување од 400гр;

-ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр;

-краставички, конзервирани, тегла до 720 гр;

-печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр;

-шеќер кристал бел;

-џем и мармалад;

-чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр;

-кечап;

-мајонез во тегла од 660 гр;

-зачин (вегета, зачинал и слично);

-кафе пржено мелено пакувано од 200гр;

-сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар.

The post Еве што ќе биде поевтино: Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври appeared first on Република.

]]>

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало. На листата на основни прехранбени производи во т.н „есенска кошница“ се вклучени производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Производите вклучени во есенската кошница на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска  да  ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70 проценти од прибавените количини во август годинава од овие производи на листата. Одлуката е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти.
Согласно податоците, во консултација со работната група која беше формирана од претставници од министерствата за економија и труд,  за финансии и за земјоделство, сметаме дека ваквото зголемување на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци е прекумерно и несразмерно во однос на растот на трошоците за набавка и оперативните трошоци кои трговците ги имаат. Нашите проценки се дека со стапување во сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10 проценти, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци, изјави вчера на прес-конференција во Владата министерот за економија Бесар Дурмиши.
Одлуката ќе биде во сила до 31 октомври, а  евентуалното повторно енормно поскапување на производите опфатени со неа, според Дурмиши ќе се спречи со Законот за забрана на нефер трговски практики.
На крајот на месецов ќе стапи во сила Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите ќе се усогласат во однос на рабатот и дополнителните трошоци, значи ќе се ограничи маржата за 10 проценти кај овие добавувачи и купувачи, со цел цената на 2458 производи што ќе ги опфаќа таа листа,  да бидат на крај намалени за граѓаните. Сите одлуки што ги донесовме се во интерес на нашите граѓани, рече Дурмиши, одговарајќи на новинарско прашање.
Владата најави дека ќе има и Божиќна кошница, Рамазанска кошница, Велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
Во иднина ќе има и други кошници кога граѓаните имаат најголема потреба да купуваат основни производи, во одредени периоди. Ние поставуваме маржа со која се ограничува профитот  кога знаеме дека трговците генерално ги покачуваат цените. Работната група која е формирана од министерствата за економија и труд, за финансии, и за земјоделство, направија анализа и ја донесоа оваа мерка. За сите следни анализи ќе достават предлог кај нас за да го  доставиме  до Владата и ќе бидете навреме информирани. Како што го донесовме овој предлог  и го изгласавме на седница на Владата, ако во консултација со трговците производителите  и стопанските комори видиме дека тие предлози не се соодветни или не донесуваат добро на граѓаните и  економијата, ќе ги смениме, рече Дурмиши одговарајќи на новинарсо прашање.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)  во пресрет на објавата на владината одлука рекоа дека очекуваат благо зголемување на минималната синдикална кошничка што ќе биде објавена во понеделник или вторник идната недела. Тоа, според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и за работодавачите во приватниот сектор, дека „раст на платите е потребен вчера, бидејќи денес е веќе доцна“. Трендафилов  оцени дека е добро се што се прави во интерес на работниците, посебно во насока на намалување на цените.
Овој тренд треба да продолжи за да им се помогне на граѓаните и работниците да можат да набават основни прехранбени производи. Ние денес плаќаме зеленчук како да сме јануари и овошје како да сме сред зима, нешто што не е оправдано, порача Трендафилов.
Како што соопшти Трендафилов, според податоците голема  е веројатноста минималната синдикална кошничка да биде со благо зголемување, имајќи во предвид дека од почетокот на годинава се зголеми за 4.600 денари.
Ние, за жал, не сме вклучени во подготовката на владинит кошнички за ограничување на цените и маржите. ССМ смета дека е добра идеја се што се прави во интерес на работниците во насока на намалување на цените, но таа ќе треба да се спроведе во целост како што е планирана. Се надеваме дека делот на храна и пијалаци што го пресметуваме како ССМ и изнесува 22 300 денари за минатиот месец во синдикалната кошница ќе биде појдовна основа за утврдување на оние 100 производи за кои ќе треба да бидат ограничени маржите за да им се помогне на најранливите граѓани, истакна претседателот на ССМ.
Опозициската СДСМ, пак, оцени дека мерките на Владата  се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.
За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект.  Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне, соопшти СДСМ.
Во август годнава најголемо зголемување на цените имаше кај овошјето од 10,9 проценти, кај млекото, сирењето и јајцата од 6,6 проценти, кај зеленчукот од 3,9 проценти, кај месото од 3,6 проценти, и  кај лебот и жита од 2 проценти. За истиот период, трошоците за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4 проценти, од кои кај минералната вода, безалкохолните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук зголемувањето е од 11,1 процент, додека кај кафе, чај и какао зголемувањето е од 7,7 проценти. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, како што објави ДЗС вчера, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани.  Во листата на производи со ограничена профитна маржа спаѓаат:  - ориз бел во пакување од 900г до 1кг; -брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг; -бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; -печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење); -бисквити, "Petit Beure" и бисквити обични од 300гр до 500 гр; -тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).; -масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар; -месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел; -месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел; -пиле (свежо и замрзнато) цело; -пилешки стек (свеж и замрзнат); -салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување); -чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување); -чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување); -пилешка посебна саламa во пакување од 300гр до 800гр  (без слајс пакување); -паштета од џигер или пилешка (кокошја), (без додатоци) во пакување од 95гр и 100 гр.; -замрзната риба  Ослиќ; -трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти во пакување од 1 литар; -јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8 проценти до 3,2 проценти  во пакување од 1 литар; -кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8 проценти и 3,2  порценти во пакување од 400гр до 500 гр; -павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од  од 12 проценти до 20 порценти во пакување од 180гр до 400 гр; -урда; -традиционално кравјо бело сирење (без додатоци); -традиционално мешано бело сирење (без додатоци); -традиционален кравји кашкавал (без додатоци); -традиционален мешан кашкавал (без додатоци); -свежи јајца од кокошка, пакување 1/10; -масло ,(путер), индустриски произведен (пакување од 250 гр.); -маргарин, (обичен), пакуван од 250 гр; -јаболка; -праски; -грозје трпезно; -лимони; -портокали; -банани; -исчистени ореви; -грав; -кромид; -компир; -морков; -спанаќ; -зелка; -краставици; -корнишони; -лук; -тиквици; -боранија; -домат; -пиперки; -карфиол; -тиква; -модар патлиџан; -леќа; -магдонос; -брокула; -праз; -зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр; -зеленчук замрзнат од  пченка, во фолија од 450 гр; -зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр; -боранија замрзната, во фолија од 450 гр; -маслинки, црни; -грашок конзервиран во пакување од 400гр; -ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр; -краставички, конзервирани, тегла до 720 гр; -печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр; -шеќер кристал бел; -џем и мармалад; -чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр; -кечап; -мајонез во тегла од 660 гр; -зачин (вегета, зачинал и слично); -кафе пржено мелено пакувано од 200гр; -сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар.

The post Еве што ќе биде поевтино: Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври appeared first on Република.

]]>
Владата ќе лимитира цени на производи за да го намали трошокот за старт на учебната година https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ke-limitira-tseni-na-proizvodi-za-da-go-namali-troshokot-za-start-na-uchebnata-godina/ Mon, 02 Sep 2024 09:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=812193

Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите, најави денеска премерот Христијан Мицкоски.

При посетата на ОУ „Стив Наумов“ на првиот училишен ден, Мицкоски рече дека се подготвуваат да го олеснат трошокот на родителите за успешен старт на учебната година со лимитирање на цените на производите кои се најпотребни.

Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме, изјави Мицкоски.

Детали за новата мерка најави дека ќе бидат соопштени по владината седница на прес-конференција.

The post Владата ќе лимитира цени на производи за да го намали трошокот за старт на учебната година appeared first on Република.

]]>

Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите, најави денеска премерот Христијан Мицкоски. При посетата на ОУ „Стив Наумов“ на првиот училишен ден, Мицкоски рече дека се подготвуваат да го олеснат трошокот на родителите за успешен старт на учебната година со лимитирање на цените на производите кои се најпотребни.
Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме, изјави Мицкоски.
Детали за новата мерка најави дека ќе бидат соопштени по владината седница на прес-конференција.

The post Владата ќе лимитира цени на производи за да го намали трошокот за старт на учебната година appeared first on Република.

]]>
Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена https://republika.mk/vesti/ekonomija/pivoto-sokovite-i-vodata-od-utre-so-namalena-tsena/ Tue, 26 Sep 2023 13:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=685365

Ќе се прошири списокот со производи со гарантирана цена, најави премиерот Димитар Ковачевски.

По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително намалување на цените. Кај некои производи, намалувањето ќе биде од 10 до 30 проценти. На денешната листа влегуваат и безалкохолните пијалоци, газираната и негазираната вода и пивото.

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалоци и вода и ова е за поздравување“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата, на предлог на министерството за економија, донела нова одлука за намалување на цените во трговијата на големо и мало. Со новите намалувања на цените, кое ќе важи од утре, поевтинуваат светлото пиво и лагер пиво, газираните и негазираните пијалоци, со исклучок на енергетските пијалоци, минералната газирана и негазирана природна вода.

„Со оваа одлука највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените, со исклучок на цените на акциска продажба, кои се применувале на 19 септември 2023 година во трговијата на големо, се намалуваат за 10 проценти. Трговците на мало се должни јасно да ги обележат производите со натписот гарантирана цена“ нагласи Ковачевски.

Владата денеска донела одлука и за утврдување највисока профитна маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук.

The post Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена appeared first on Република.

]]>

Ќе се прошири списокот со производи со гарантирана цена, најави премиерот Димитар Ковачевски. По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително намалување на цените. Кај некои производи, намалувањето ќе биде од 10 до 30 проценти. На денешната листа влегуваат и безалкохолните пијалоци, газираната и негазираната вода и пивото.
„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалоци и вода и ова е за поздравување“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека Владата, на предлог на министерството за економија, донела нова одлука за намалување на цените во трговијата на големо и мало. Со новите намалувања на цените, кое ќе важи од утре, поевтинуваат светлото пиво и лагер пиво, газираните и негазираните пијалоци, со исклучок на енергетските пијалоци, минералната газирана и негазирана природна вода.
„Со оваа одлука највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените, со исклучок на цените на акциска продажба, кои се применувале на 19 септември 2023 година во трговијата на големо, се намалуваат за 10 проценти. Трговците на мало се должни јасно да ги обележат производите со натписот гарантирана цена“ нагласи Ковачевски.
Владата денеска донела одлука и за утврдување највисока профитна маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук.

The post Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена appeared first on Република.

]]>
Оној кој ќе ги намали цените повеќе од предвиденото може да добие државна помош https://republika.mk/vesti/ekonomija/onoj-koj-ke-gi-namali-tsenite-poveke-od-predvidenoto-mozhe-da-dobie-drzhavna-pomosh/ Fri, 10 Mar 2023 12:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=618150

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека ако компаниите од прехранбената индустрија одлучат да ги намалат цените повеќе од процентот предвиден со одлуката за замрзнување, ќе се разгледа опцијата да добијат поддршка од државата.

Донесовме одлука намалувањето да биде минимум 10 отсто, но ако компаниите одлучат и ги намалат цените за 20 отсто, на пример, ќе разговараме за тие дополнителни 10 проценти да им дадеме поддршка. Ако одреден сектор, наместо за 10 отсто, ги намали цените на 15 - 20 проценти, тогаш ќе разговараме за да им се излезе во пресрет. Нашата цел е грѓаните да плаќаат пониски цени“, потенцира Бектеши.

Тој информира дека за тоа разговарал вчера со премиерот Димитар Ковачевски.

Вчера со премиерот разговаравме да им излеземе во пресрет дополнително на одредени сектори во индустријата. Имаме толку голем простор преку ЕСМ зашто е зголемено производството, што за тие компании кои ќе ги намалат цените државата ќе излезе во пресрет со поддршка, а за тие што нема тоа да го направат, ќе се укинат сите поддршки“, подвлече министерот.

The post Оној кој ќе ги намали цените повеќе од предвиденото може да добие државна помош appeared first on Република.

Франција ги замрзна цените на храната до јуни https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-gi-zamrzna-tsenite-na-hranata-do-juni/ Tue, 07 Mar 2023 09:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=616729

Француската влада во понеделникот соопшти дека склучила договор со големите трговци на мало за ограничување на многу цени на храната, во обид да ги олесни инфлаторните притисоци за потрошувачите, пренесе АФП.

Малопродажните групи ќе ги намалат цените за широк спектар на прехранбени производи, а изборот ќе биде нивни.

Трговците на мало се согласија да ги сносат трошоците за иницијативата.

Инфлацијата на храната беше 14,5 отсто во февруари на годишно ниво, според националниот институт за статистика ИНСЕЕ.

Некои здруженија на потрошувачи, исто така, беа скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.

Владата ќе започне со тестирање на системот за „чек на храна“ за семејства со ниски приходи во текот на следните месеци.

The post Франција ги замрзна цените на храната до јуни appeared first on Република.

]]>

Француската влада во понеделникот соопшти дека склучила договор со големите трговци на мало за ограничување на многу цени на храната, во обид да ги олесни инфлаторните притисоци за потрошувачите, пренесе АФП. Малопродажните групи ќе ги намалат цените за широк спектар на прехранбени производи, а изборот ќе биде нивни. Трговците на мало се согласија да ги сносат трошоците за иницијативата. Инфлацијата на храната беше 14,5 отсто во февруари на годишно ниво, според националниот институт за статистика ИНСЕЕ. Некои здруженија на потрошувачи, исто така, беа скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција. Владата ќе започне со тестирање на системот за „чек на храна“ за семејства со ниски приходи во текот на следните месеци.

The post Франција ги замрзна цените на храната до јуни appeared first on Република.

]]>
Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitolska-mlekara-so-namaleni-tseni-na-najprodavanite-mlechni-proizvodi/ Mon, 06 Mar 2023 14:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=616502

Битолска млекара минатата недела донесе одлука за намалување на цените на најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма, за што веќе е испратено известување до малопродажната мрежа.

Намалени се цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000г, Баланс+ 1000г, УХТ Битолско млеко 2,8% 1л и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1л.

Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението. Иако цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година, ова намалување во моментов е одлука да се помогне на нашите лојални потрошувачи, велат од Битолска млекара.

Од таму потенцираат дека продолжува процесот на вложување во производството, задржување висок квалитет на производите и дека и во иднина ќе се следат цените на производствените трошоци и можностите и потребите за корекција на цени.

Новите цени треба да се истакнати и во малопродажната мрежа низ државатаи истите се очекува да се спроведат во текот на следните денови, по дотрошување на старата залиха на производи.

The post Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи appeared first on Република.

]]>

Битолска млекара минатата недела донесе одлука за намалување на цените на најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма, за што веќе е испратено известување до малопродажната мрежа. Намалени се цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000г, Баланс+ 1000г, УХТ Битолско млеко 2,8% 1л и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1л.
Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението. Иако цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година, ова намалување во моментов е одлука да се помогне на нашите лојални потрошувачи, велат од Битолска млекара.
Од таму потенцираат дека продолжува процесот на вложување во производството, задржување висок квалитет на производите и дека и во иднина ќе се следат цените на производствените трошоци и можностите и потребите за корекција на цени. Новите цени треба да се истакнати и во малопродажната мрежа низ државатаи истите се очекува да се спроведат во текот на следните денови, по дотрошување на старата залиха на производи.  

The post Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи appeared first on Република.

]]>
ЈП Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/jp-gradski-parking-donese-odluka-za-namaluvanje-na-cenata-za-parkiranje-vo-skopje/ Fri, 28 Jan 2022 20:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=450887

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје денес донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 01.03.2022. Со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.

Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час. Со усвојување на оваа одлука на УО на ЈП „Градски паркинг“, се потврдува и реализира ветувањето за поевтин паркинг за скопјани, информираат од ЈП Градски Паркинг.

The post ЈП Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје appeared first on Република.