Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје денес донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 01.03.2022. Со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.

Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час. Со усвојување на оваа одлука на УО на ЈП „Градски паркинг“, се потврдува и реализира ветувањето за поевтин паркинг за скопјани, информираат од ЈП Градски Паркинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.