награда Живко Чинго Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada-zivko-chingo/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Aug 2023 12:46:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда Живко Чинго Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada-zivko-chingo/ 32 32 Добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2023 година е Иван Антоновски https://republika.mk/vesti/kultura/dobitnik-na-nagradata-zhivko-chingo-za-2023-godina-e-ivan-antonovski/ Wed, 09 Aug 2023 13:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=670429

Иван Антоновски е писателот на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и есеи за современата македонска книжевност, поетски книги и книжевни преводи. Неодамна, во издание на книгоиздавателството „Матица македонска“ беше објавена неговата најнова книга „Просто и строго – Конески“. Соприредувач е на три антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура, меѓу кои и на е-неделникот „Репер“. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Добитник е на неколку книжевни награди и општествени признанија, меѓу кои се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ. Прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот славистички комитет.

Наградата за најдобар расказ ќе му биде доделена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август во неговото родно место Велгошти.

The post Добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2023 година е Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>

Иван Антоновски е писателот на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и есеи за современата македонска книжевност, поетски книги и книжевни преводи. Неодамна, во издание на книгоиздавателството „Матица македонска“ беше објавена неговата најнова книга „Просто и строго – Конески“. Соприредувач е на три антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура, меѓу кои и на е-неделникот „Репер“. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Добитник е на неколку книжевни награди и општествени признанија, меѓу кои се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ. Прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот славистички комитет.
Наградата за најдобар расказ ќе му биде доделена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август во неговото родно место Велгошти.

The post Добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2023 година е Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>
Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/raskazot-nie-ja-imame-sudbinata-na-jozefa-k-najdobar-na-godinashniot-konkurs-zhivko-chingo/ Tue, 08 Aug 2023 12:40:45 +0000 https://republika.mk/?p=670008

Oпштина Охрид објави дека е избран најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.

Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, го издвои награденото дело со актуелноста на горливата тема, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, што му дава постмодернистички сензибилитет“, стои во соопштението на Општина Охрид.

На Конкурсот пристигнале 73 плика со вкупно 75 раскази, а во потесен избор бил и расказот под шифра „Билјанини извори“.

Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11 август да се јави во Одделението за  култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок. Наградата има и парична вредност од 30.000 денари и на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август.

The post Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Oпштина Охрид објави дека е избран најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.
Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, го издвои награденото дело со актуелноста на горливата тема, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, што му дава постмодернистички сензибилитет“, стои во соопштението на Општина Охрид.
На Конкурсот пристигнале 73 плика со вкупно 75 раскази, а во потесен избор бил и расказот под шифра „Билјанини извори“. Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11 август да се јави во Одделението за  култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок. Наградата има и парична вредност од 30.000 денари и на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август.

The post Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
Распишан конкурсот за наградата „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkursot-za-nagradata-zivko-chingo/ Wed, 06 Jul 2022 11:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=524773

Општина Охрид денеска распиша конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ.

Право на учество, како што стои во објавата, имаат сите полнолетни граѓани на земјава.

Заинтересираните своите трудови треба да ги достават најдоцна до 29 јули годинава, во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурост за расказ“. Авторското право се докажува со четвртиот примерок, стои во информацијата на Општина Охрид.

Жири – комисијата ќе ги објави резултатите во дневниот печат најдоцна до 5 август оваа година. Нарадата изнесува 30.000 денари, а ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

The post Распишан конкурсот за наградата „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид денеска распиша конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ. Право на учество, како што стои во објавата, имаат сите полнолетни граѓани на земјава.