Национален ден на Власите Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalen-den-na-vlasite/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 08:15:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национален ден на Власите Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalen-den-na-vlasite/ 32 32 Сиљановска Давкова: Влашкиот јазик е дел од македонското и од европското културно богатство, потребна е одлучна акција за негово зачувување и промовирање https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-vlashkiot-jazik-e-del-od-makedonskoto-i-od-evropskoto-kulturno-bogatstvo-potrebna-e-odluchna-aktsija-za-negovo-zachuvuvane-i-promovirane/ Thu, 23 May 2024 08:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=781016

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во земјава.

-На овој празник се потсетуваме на прифаќање на вистината дека Власите се посебен народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори. Живеејќи омеѓени во неколку балкански држави, за Власите се вели дека се народ со многу татковини. А сепак, само во нашата заедничка македонска татковина, Власите се уставно признати и општествено ценети. Тоа се должи на македонската традиција на соживот и на почитување на достоинството на различноста, но и на влогот на Власите во борбата за слободна македонска држава. Пред 80 години, Власите рамноправно учествуваа и во формирањето на асномска Македонија, се посочува во честитката.

И покрај предизвиците во образованието, претставниците на влашката заедница, како што се додава во честитката, континуирано придонесуваат во секоја општествена сфера. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани, Власи, да можат без никаков проблем да го остваруваат основното човеково право на образование.

- Јазикот е најцврста врска меѓу предците и потомците, со кој се пренесува неповторливото искуство и уникатната перцепција што народот го има за реалноста. Оттука, влашкиот јазик е дел не само од македонското, туку и од европското културно богатство. Затоа, потребна е одлучна акција за зачувување и за промовирање на влашкиот јазик, идентитет и култура, особено во образовниот систем и неговото користење во приватниот и јавниот живот, во духот на европските вредности. Со такво уверување, на сите припадници на влашката заедница им го честитам големиот празник – 23 Мај, стои во честитката од Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова: Влашкиот јазик е дел од македонското и од европското културно богатство, потребна е одлучна акција за негово зачувување и промовирање appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во земјава. -На овој празник се потсетуваме на прифаќање на вистината дека Власите се посебен народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори. Живеејќи омеѓени во неколку балкански држави, за Власите се вели дека се народ со многу татковини. А сепак, само во нашата заедничка македонска татковина, Власите се уставно признати и општествено ценети. Тоа се должи на македонската традиција на соживот и на почитување на достоинството на различноста, но и на влогот на Власите во борбата за слободна македонска држава. Пред 80 години, Власите рамноправно учествуваа и во формирањето на асномска Македонија, се посочува во честитката. И покрај предизвиците во образованието, претставниците на влашката заедница, како што се додава во честитката, континуирано придонесуваат во секоја општествена сфера. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани, Власи, да можат без никаков проблем да го остваруваат основното човеково право на образование. - Јазикот е најцврста врска меѓу предците и потомците, со кој се пренесува неповторливото искуство и уникатната перцепција што народот го има за реалноста. Оттука, влашкиот јазик е дел не само од македонското, туку и од европското културно богатство. Затоа, потребна е одлучна акција за зачувување и за промовирање на влашкиот јазик, идентитет и култура, особено во образовниот систем и неговото користење во приватниот и јавниот живот, во духот на европските вредности. Со такво уверување, на сите припадници на влашката заедница им го честитам големиот празник – 23 Мај, стои во честитката од Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова: Влашкиот јазик е дел од македонското и од европското културно богатство, потребна е одлучна акција за негово зачувување и промовирање appeared first on Република.

]]>
Честитка од претседателот на Демократскиот сојуз на Власите Никола Бабовски за Националниот ден на Власите https://republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-pretsedatelot-na-demokratskiot-sojuz-na-vlasite-nikola-babovski-za-natsionalniot-den-na-vlasite/ Tue, 23 May 2023 06:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=643793

Претседателот на Демократскиот сојуз на Власите од Македонија Никола Бабовски им го честита Националниот ден на Власите. Во честитката Бабовски се осврнува на загрозувањето на влакиот јазик, кој има се помалку живи активни говорители.

23 мај е нашиот Национален празник, денот кога секој од нас се чуствува горд на своето потекло, горд и на нашето славно минато, на великаните кои Власите му ги подарија на човештвото, но и на нашите предци, нашите дедовци, оние обични луѓе кои беа домаќини и вредни луѓе, на нашите баби кои носеа крст на чело, но и на оние кои со модерни шапки се шетаа по чаршиите на балканските касаби. Сите тие што и да работеа, што и да носеа, во своите семејства го зборуваа влашкиот јазик, ја пренесуваа традицијата на Власите на своите поколенија.

За нив беше грев да престанат да го зборуваат јазикот на своите предци. Сетете се на нив, на убавите зборови со кои ве милуваа, со кои ве фалеа кога бевте послушни и прекоруваа кога бевте непослушни. Помислете што би ви рекле сега кога би виделе дека го оставивте мајчиниот влашки јазик. Почитувани, чувајте го јазикот, културата и традицијата како што ги чувате спомените за вашите предци, како нешто најскапоцено што ви го оставиле во наследство. Честит празник, нека е вечен 23 мај, Националниот ден на Власите!

Ti multsa anj Dzua 23 di mai, Dzua Natsionalâ a Armânjlor, стои во честитката.

The post Честитка од претседателот на Демократскиот сојуз на Власите Никола Бабовски за Националниот ден на Власите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократскиот сојуз на Власите од Македонија Никола Бабовски им го честита Националниот ден на Власите. Во честитката Бабовски се осврнува на загрозувањето на влакиот јазик, кој има се помалку живи активни говорители.
23 мај е нашиот Национален празник, денот кога секој од нас се чуствува горд на своето потекло, горд и на нашето славно минато, на великаните кои Власите му ги подарија на човештвото, но и на нашите предци, нашите дедовци, оние обични луѓе кои беа домаќини и вредни луѓе, на нашите баби кои носеа крст на чело, но и на оние кои со модерни шапки се шетаа по чаршиите на балканските касаби. Сите тие што и да работеа, што и да носеа, во своите семејства го зборуваа влашкиот јазик, ја пренесуваа традицијата на Власите на своите поколенија. За нив беше грев да престанат да го зборуваат јазикот на своите предци. Сетете се на нив, на убавите зборови со кои ве милуваа, со кои ве фалеа кога бевте послушни и прекоруваа кога бевте непослушни. Помислете што би ви рекле сега кога би виделе дека го оставивте мајчиниот влашки јазик. Почитувани, чувајте го јазикот, културата и традицијата како што ги чувате спомените за вашите предци, како нешто најскапоцено што ви го оставиле во наследство. Честит празник, нека е вечен 23 мај, Националниот ден на Власите! Ti multsa anj Dzua 23 di mai, Dzua Natsionalâ a Armânjlor, стои во честитката.

The post Честитка од претседателот на Демократскиот сојуз на Власите Никола Бабовски за Националниот ден на Власите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со честитка за 23 Мај: Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-so-chestitka-za-23-maj-vlasite-se-neraskinliv-del-na-makedonskata-istorija-segashnost-i-idnina/ Mon, 23 May 2022 08:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=505770

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска им го честиташе 23 Мај, Националниот ден на Власите на сите граѓани на Република Македонија од влашката етничка заедница.

Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина. Со својот културен, општествен и политички придонес учествувале во изградбата на македонската државност и македонскиот општествен мултикултурен мозаик. Власите, влашкиот јазик и култура во Македонија биле и ќе останат важен сегмент на нашето заедничко битисување на овие простори, кој имаме обврска сите заедно да го негуваме, развиваме и почитуваме, вели Мицкоски во честитката.

Мицкоски во честитката вели дека Македонија има традиција на взаемна толеранција, разбирање и почит кон посебностите на сите граѓани низ вековите.

Ние тука во Македонија сме научиле да живееме не само еден покрај друг, туку еден со друг и заедно сме ги надминувале сите предизвици, а во исто време сме ја чувале и граделе татковината. Како што нашите дедовци и прадедовци заедно се бореле за слободата и независноста, имаме аманет таа борба да ја продолжиме, но овој пат за подобра иднина на нашите деца и внуци. Времињата се тешки, кризата, сиромаштијата, безперспективноста и апатичноста се големи, но тоа е мотив повеќе да се сплотиме и да работиме посилно ваквите проблеми да ги решаваме. Да се спротивставиме на криминалот и корупцијата како современо зло кое ја уништува државата, да се спротивставиме на распадот на системот и на вредностите кои заедно не поврзувале. Сите, без разлика на етничката, верската и политичката припадност, мора да оставиме придонес во таа наша борба. Само така ќе создадеме подобра перспектива за нас и за нашите идни поколенија, вели Мицкоски во честитката упатена со сите граѓани од влашката етничка заедница во Македонија.

The post Мицкоски со честитка за 23 Мај: Власите се нераскинлив дел на македонската историја, сегашност и иднина appeared first on Република.

Националниот ден на Власите – 23 Мај, неработен за припадниците на влашката етничка заедница https://republika.mk/zivot/servisi/nacionalniot-den-na-vlasite-23-maj-neraboten-za-pripadnicite-na-vlashkata-etnichka-zaednica/ Thu, 19 May 2022 13:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=504398

Националниот ден на Власите, 23 мај (понеделник), е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните припадници на влашката заедница во Македонија им го честитаат Националниот ден на Власите.

The post Националниот ден на Власите – 23 Мај, неработен за припадниците на влашката етничка заедница appeared first on Република.

]]>

Националниот ден на Власите, 23 мај (понеделник), е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните припадници на влашката заедница во Македонија им го честитаат Националниот ден на Власите.

The post Националниот ден на Власите – 23 Мај, неработен за припадниците на влашката етничка заедница appeared first on Република.

]]>