на денешен ден Archives - Република https://republika.mk/tema/na-deneshen-den/ За подобро да се разбереме Wed, 03 May 2023 05:28:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png на денешен ден Archives - Република https://republika.mk/tema/na-deneshen-den/ 32 32 На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква https://republika.mk/vesti/kultura/na-deneshen-den-vo-1945-godina-e-utvrdena-makedonskata-azbuka-so-31-bukva/ Wed, 03 May 2023 05:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=636248

Министерскиот совет на НР Македонија, по повеќемесечна работа на неколку комисии, врз основа на Резолуцијата на последната Комисија за јазик и правопис при Министерството за народна просвета, во состав: Венко Марковски, поет; Васил Иљоски, директор на гимназија; Мирко Павловски, професор; Блаже Конески, лектор; Круме Тошев, шеф на стручните школи; Иван Мазов, уредник на „Млад борец“; Густав Влахов, публицист; Владо Малески, директор на радио Скопје; Киро Х. Василев, публицист и капетан Илија Топаловски, началник на пропагандното одделение на Главниот штаб, го усвои нејзиниот графемски состав.

Македонската азбука е заснована врз фонетскиот принцип, што значи за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката.

Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104 од 4, 5, 6 и 7 мај 1945 година.

The post На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква appeared first on Република.

]]>

Министерскиот совет на НР Македонија, по повеќемесечна работа на неколку комисии, врз основа на Резолуцијата на последната Комисија за јазик и правопис при Министерството за народна просвета, во состав: Венко Марковски, поет; Васил Иљоски, директор на гимназија; Мирко Павловски, професор; Блаже Конески, лектор; Круме Тошев, шеф на стручните школи; Иван Мазов, уредник на „Млад борец“; Густав Влахов, публицист; Владо Малески, директор на радио Скопје; Киро Х. Василев, публицист и капетан Илија Топаловски, началник на пропагандното одделение на Главниот штаб, го усвои нејзиниот графемски состав. Македонската азбука е заснована врз фонетскиот принцип, што значи за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104 од 4, 5, 6 и 7 мај 1945 година.

The post На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква appeared first on Република.

]]>
На денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-e-roden-kiro-gligorov-prviot-pretsedatel-na-samostojna-republika-makedonija/ Wed, 03 May 2023 05:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=636239

Бил претседател во два мандата од 1991 до 1999 година. По пензионирањето Киро Глигоров бил активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател: „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“.

Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година во 9 часот и 50 минути преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“. Починал на 1 јануари 2012 година.

The post На денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Бил претседател во два мандата од 1991 до 1999 година. По пензионирањето Киро Глигоров бил активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател: „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“.

Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година во 9 часот и 50 минути преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“. Починал на 1 јануари 2012 година.

The post На денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија appeared first on Република.

]]>
Роден е Методија Шаторов – Шарло, уште еден Македонец кого Бугарија го смета за свој партизан https://republika.mk/vesti/makedonija/roden-e-metodija-shatorov-sharlo-ushte-eden-makedonets-kogo-bugarija-go-smeta-za-svoj-partizan/ Tue, 10 Jan 2023 07:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=595155

Во Прилеп е роден Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист и национален деец.

Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија.

Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство — тој е исклучен од КПЈ — а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно. Во Бугарија се смета за бугарски партизан.

Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ.

Постојат и други ставови. Вера Ацева, на линија на официјалната историографија во времето на комунизмот, во 1973 година го тврди следното: Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам.“

Поради неговите автономистички и македонски заложби кои беа во спротивност со југословенската идеја, застапувана од македонското политичко раководство, Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување.

Рехабилитацијата на Шарло започнува по падот на комунизмот, а значителен придонес во таа насока дава научниот собир посветен на Шарло, а организиран од МАНУ во ноември 2005 година.

The post Роден е Методија Шаторов – Шарло, уште еден Македонец кого Бугарија го смета за свој партизан appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп е роден Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист и национален деец. Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија. Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство — тој е исклучен од КПЈ — а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно. Во Бугарија се смета за бугарски партизан. Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ. Постојат и други ставови. Вера Ацева, на линија на официјалната историографија во времето на комунизмот, во 1973 година го тврди следното: Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам.“ Поради неговите автономистички и македонски заложби кои беа во спротивност со југословенската идеја, застапувана од македонското политичко раководство, Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување. Рехабилитацијата на Шарло започнува по падот на комунизмот, а значителен придонес во таа насока дава научниот собир посветен на Шарло, а организиран од МАНУ во ноември 2005 година.

The post Роден е Методија Шаторов – Шарло, уште еден Македонец кого Бугарија го смета за свој партизан appeared first on Република.

]]>
3000 жртви во Драмското востание: Македонците и Грците се кренаа против бугарскиот фашистички окупатор https://republika.mk/vesti/makedonija/3000-zrtvi-vo-dramskoto-vostanie-makedoncite-i-grcite-se-krenaa-protiv-bugarskiot-fashistichki-okupator/ Thu, 29 Sep 2022 07:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=555385

Драмско востание — востание кренато на 29 септември 1941 година од стана на грчкиот и македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор под раководство на Комунистичката партија на Грција.

Започнало на 28–29 септември 1941 година (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските окупатори го задушиле востанието при што биле убиени околу 3 000 души.

По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат.

Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот.

Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието се убиени 3 000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска.

Извори:
1.Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968

The post 3000 жртви во Драмското востание: Македонците и Грците се кренаа против бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>

Драмско востание — востание кренато на 29 септември 1941 година од стана на грчкиот и македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор под раководство на Комунистичката партија на Грција. Започнало на 28–29 септември 1941 година (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските окупатори го задушиле востанието при што биле убиени околу 3 000 души. По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот. Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието се убиени 3 000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска. Извори: 1.Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968

The post 3000 жртви во Драмското востание: Македонците и Грците се кренаа против бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>
Со „смрт на фашизмот“ – „слобода на народот“ започнал првиот училиштен час на македонски јазик во 1943 https://republika.mk/vesti/makedonija/so-smrt-na-fashizmot-sloboda-na-narodot-zapochnal-prviot-uchilishten-chas-na-makedonski-jazik-vo-1943/ Sat, 17 Sep 2022 06:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=551613

На 17 септември 1943 година во селото Подвис, Кичевско, почнало да работи првото училиште на македонски јазик.

Зградата на училиштето, каде првпат се одржала настава на современ македонски јазик на првата слободна територија во Македонија, денес е запуштена, а дотаму се стигнува единствено со теренско возило.

Спомен-плочата, која била поставена на зградата, мештаните ја извадиле и ја преместиле во новиот дел на Подвис, во неговиот низински дел.

Иако имало најави за обнова на зградата од страна на Министерството за култура во текот на 2014 година, тоа досега не е сторено.

– Во селото на татко ми, кичевско Подвис, е отворено првото слободно училиште на македонски јазик, на 23 септември 1943 г. Ова ми го има раскажувано татко ми Драган Дамјаноски, како еден од првите ученици во него. Во 1943 г. сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување. Важно е да се спомене дека тоа е во 1943, значи речиси една година пред одржувањето на АСНОМ во август 1944, вели Владо Дамјановски.

Тој се залага за обнова и уважување на објектот на првото училиште на македонски јазик.

Ова е еден мал, но важен доказ, кој говори против сегашните небулози од соседна Бугарија дека јазикот ни е создаден токму од времето на АСНОМ. Татко ми учел македонски мајчин јазик од мајка му Стојанка и татко му Миле, а тие од нивните родители. Не ми е познато дали училиштето имало име, како што денес имаат училиштата, се викало едноставно „школо“, раскажува Дамјановски во репортажа за порталот Факултети.

Документарен филм (за МРТ во 2006 година) е направен од македонскиот писател Стојмир Симјаноски. Во негo ќе ги видите искажувањата на тогашни ученици.

При влегувањето на учителот во училницата во училиштето во Подвис, учителот поздравувал „смрт на фашизмот“, а учениците отпоздравувале со „слобода на народот“.

The post Со „смрт на фашизмот“ – „слобода на народот“ започнал првиот училиштен час на македонски јазик во 1943 appeared first on Република.

]]>

На 17 септември 1943 година во селото Подвис, Кичевско, почнало да работи првото училиште на македонски јазик. Зградата на училиштето, каде првпат се одржала настава на современ македонски јазик на првата слободна територија во Македонија, денес е запуштена, а дотаму се стигнува единствено со теренско возило. Спомен-плочата, која била поставена на зградата, мештаните ја извадиле и ја преместиле во новиот дел на Подвис, во неговиот низински дел. Иако имало најави за обнова на зградата од страна на Министерството за култура во текот на 2014 година, тоа досега не е сторено.
– Во селото на татко ми, кичевско Подвис, е отворено првото слободно училиште на македонски јазик, на 23 септември 1943 г. Ова ми го има раскажувано татко ми Драган Дамјаноски, како еден од првите ученици во него. Во 1943 г. сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување. Важно е да се спомене дека тоа е во 1943, значи речиси една година пред одржувањето на АСНОМ во август 1944, вели Владо Дамјановски.
Тој се залага за обнова и уважување на објектот на првото училиште на македонски јазик.
Ова е еден мал, но важен доказ, кој говори против сегашните небулози од соседна Бугарија дека јазикот ни е создаден токму од времето на АСНОМ. Татко ми учел македонски мајчин јазик од мајка му Стојанка и татко му Миле, а тие од нивните родители. Не ми е познато дали училиштето имало име, како што денес имаат училиштата, се викало едноставно „школо“, раскажува Дамјановски во репортажа за порталот Факултети.
Документарен филм (за МРТ во 2006 година) е направен од македонскиот писател Стојмир Симјаноски. Во негo ќе ги видите искажувањата на тогашни ученици. При влегувањето на учителот во училницата во училиштето во Подвис, учителот поздравувал „смрт на фашизмот“, а учениците отпоздравувале со „слобода на народот“.

The post Со „смрт на фашизмот“ – „слобода на народот“ започнал првиот училиштен час на македонски јазик во 1943 appeared first on Република.

]]>
„Македонија ќе биде слободна!“ рекол пред 117 години Турунџев и сам се обесил за инает на душманите https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kje-bide-slobodna-rekol-pred-117-godini-turundzev-i-sam-se-obesil-za-inaet-na-dushmanite/ Wed, 31 Aug 2022 14:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=546144

На денешен ден во 1905 година на битолскиот Ат-пазар, погубен со бесење е големиот македонски војвода Александар Турунџев.

Последните зборови на Турунџев биле: „Македонија ќе биде слободна!“

По таквиот извик, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил за да не им го овозможи тоа задоволство на душманите.

Тој е роден во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.

За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.

Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.

Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакувале не се осмелувале да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, поради големиот страв од Александар Турунџев.

The post „Македонија ќе биде слободна!“ рекол пред 117 години Турунџев и сам се обесил за инает на душманите appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1905 година на битолскиот Ат-пазар, погубен со бесење е големиот македонски војвода Александар Турунџев. Последните зборови на Турунџев биле: „Македонија ќе биде слободна!“ По таквиот извик, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил за да не им го овозможи тоа задоволство на душманите. Тој е роден во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско. Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед. Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакувале не се осмелувале да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, поради големиот страв од Александар Турунџев.

The post „Македонија ќе биде слободна!“ рекол пред 117 години Турунџев и сам се обесил за инает на душманите appeared first on Република.

]]>
Од клетата бугарска фашистичка рака денеска загина Естреја Овадија – Мара, битослката хероина која и денес има улица во Ерусалим https://republika.mk/vesti/makedonija/od-kletata-bugarska-fashistichka-raka-deneska-zagina-estreja-ovadija-mara-bitoslkata-heroina-koja-i-denes-ima-ulica-vo-erusalim/ Fri, 26 Aug 2022 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=544320

На денешен ден загина Естреја Хаим Овадија - Мара, македонска комунистка, Еврејка, учесничка во НОБ. Прогласена е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-na-prviot-den-na-pesah-pompezno-se-otvora-klub-za-kulturen-deec-so-7-smrtni-presudi/

Овадија е родена на 25 декември 1923 во Битола, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години се активира во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Подоцна истата година, заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание.

Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како храбрата болничарка Мара. Учествувала и во Февруарскиот Поход.

При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета. Учествувала и во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ. На 22 август 1944 година при формирањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон.

Загинала во борба со бугарските окупаторски сили, во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944 година. Тогаш имала само 22 години.

Освен бистата во родниот град и една детска градинка, нејзиното име го носи и улица во Ерусалим во Израел.

The post Од клетата бугарска фашистичка рака денеска загина Естреја Овадија – Мара, битослката хероина која и денес има улица во Ерусалим appeared first on Република.

]]>

На денешен ден загина Естреја Хаим Овадија - Мара, македонска комунистка, Еврејка, учесничка во НОБ. Прогласена е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953. https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-na-prviot-den-na-pesah-pompezno-se-otvora-klub-za-kulturen-deec-so-7-smrtni-presudi/ Овадија е родена на 25 декември 1923 во Битола, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години се активира во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Подоцна истата година, заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание. Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како храбрата болничарка Мара. Учествувала и во Февруарскиот Поход. При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета. Учествувала и во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ. На 22 август 1944 година при формирањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон. Загинала во борба со бугарските окупаторски сили, во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944 година. Тогаш имала само 22 години. Освен бистата во родниот град и една детска градинка, нејзиното име го носи и улица во Ерусалим во Израел.

The post Од клетата бугарска фашистичка рака денеска загина Естреја Овадија – Мара, битослката хероина која и денес има улица во Ерусалим appeared first on Република.

]]>
Роден е Богоја Фотев, учесник во Антифашистичката војна, жртва на Колшевски https://republika.mk/vesti/makedonija/roden-e-bogoja-fotev-uchesnik-vo-antifashistichkata-vojna-zrtva-na-kolshevski/ Sun, 14 Aug 2022 09:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=540143

Богоја Фотев (1900 –1993) – македонски револуционер, државник, носител на Партизанска споменица 1941. На Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) бил избран за член на Президиумот на АСНОМ и за прв повереник за финансии. На Второто заседание на АСНОМ (28–30. декември 1944) бил избран за повереник за земјоделство, по што се ангажирал за успешната пролетна сеидба. На Третото заседание на АСНОМ (14–16. април 1945) бил избран за член, а во пролетта на 1945 и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. По Резолуцијата на Инфорбирото како неподобен бил остранет од сите функции.

Богоја Фотев  е роден на 14 август 1900 година во село Герман, Егејскиот дел на Македонија. Како син на преспанскиот војвода Наум Фотев Геровски, член на ТМОРО и учесник во Илинденското востание, Богоја Фотев од рано детство бил задоен со револуционерни идеи. По задушувањето на Илинденското востание 1903 година, татко му Наум емигрира во САД, но, веќе во 1904 година се вратил во родното место. Десет години потоа, во 1924 година семејството на Богоја се сели во битолското село Бистрица. За тоа време Богоја се школувал најпрво во родното место, а потоа во Битола и Охрид.

Во 1924 година, неколку години по Првата светска војна, тешката економска криза која владее во поделената Македонија ќе го натера Богоја Фотев да замина на печалба. По двомесечно патување преку Австрија, Швајцарија и Канада пристигнува во САД, каде работи две години во сојузните држави Илиноис, Мичиген, Охајо и Пенсилванија. За време на престојот во ветената земја го чуствува тешкиот печалбарски живот и како работник во фабрика за автомобили се буди неговиот револуцинерен дух што го доближува до работничкото движење.

Во есента 1926 година, Богоја Фотев се враќа во Македонија и активно се вклучува во општествено-политичкиот живот. Во текот на 1933 година, на општинските избори во село Буково влегува со своја кандидатската листа за општински советници, но неговиот избор го спречува власта. Меѓутоа, тоа не го попречува во 1936 година да се приклучи и да учествува во активностите на Македонскиот Народен Покрет (МАНАПО), формиран по иницијатива на македонските студенти од згрепскиот и белградскиот универзитет.

Движењето МАНАПО во своите напори да ги обедини прогресивните сили во единствен македонските фронт, стапува во тесна врска со македонските комунисти. Непосредно пред Втората светска војна, по укинувањето на движењето, најголем дел од членовите се придружуваат на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ). Меѓу нив бил и Богоја Фотев кој го основа Месниот комитет на КПЈ за Битола. Но, по провалата во 1940 година во битолската организација, Фотев бил уапсен и осуден на петгодишна затворска казна, која потоа ја издржува во затворот на Сремска Митровица.

Окупацијата на Југославија Богоја Фотев ја дочекува во затворот во Сремска  Митровица. На 22 август 1941 година, заедно Орце Николов, Бане Андрев и други затвореници, бега од затворот и се приклучуваат на Фрушкогорскиот партизански одред. Набргу македонските комунисти добиваат задача да се вратат во Македонија, каде се вршат подготовки за создавање на првите партизански одреди.

При обид да влезе во Македонија, Фотев бил фатен од бугарската полиција. Во недостаток на докази тој бил ослободен во јули 1942 година, но, во летото 1943 година повторно бил затворен и интерниран во Бугарија. Од Бугарија Фотев се враќа кон крајот на 1943 година и набрзо заминува во партизани и пристапува на Првата македонско-косовска ударна бригада.

По неколкумесечниот престој во ГШ на НОВ, како истакнат борец, Богоја Фотев бил предложен за делегат на АСНОМ, како претставник од Битолскиот и од Мариовскиот реон. По десетдневно ноќно патување со група делегати Фотев пристигнал во манастирот „Св. Прохор Пчињски“. На 2 август 1944 година на Првото заседание на АСНОМ  бил избран за член на Президиумот на АСНОМ, а потоа назначен е за повереник (министер) за финансии. и секретар на Президиумот на АСНОМ.

Како „чувар на трезорот“,  Богоја Фотев се грижел за „Првата македонска државна каса“, која истовремено претставувала државен трезор и зародиш на Народна банка на Македонија.  Под неговото будно око, се чувале парите запленети од неколку филијали на Бугарската народна банка. Истовремено тој бил задолжен со Киро Глигоров да ја проверат можноста дотогашните валути левот и лекот да бидат заменети со бонови, што во пракса не било спроведено.

Со појавата на динарите во 1944 година, на првите книжни пари за првпат се појавува и името на Македонија на кирилица, со што се поставуваат темелите на финансискиот, како дел на државноправниот суверенитет на Македонија. Богоја Фотев го издава и првиот налогот за контрола на дотогашното работење на Бугарската народна банка, филијала Скопје, што преставува прва супервизија во финансискиот и банкарскиот сектор на Македонија.

На Второто заседание на АСНОМ одржан од 28 до 30 декември 1944 година, Богоја Фотев бил избран за повереник за земјоделство, по што се ангажирал за успешната пролетна сеидба. На Третото заседание на АСНОМ  одржано од 14 до 16. април 1945 година, Богоја Фотев бил избран за член, а по оставката на Методија Андонов - Ченто во пролета 1946 година ја врши и функцијата претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија.

На таа функција останува до декември 1950 година, кога паѓа во немилост кај своите сопартијци. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, кај Фотев се јавува дилема за исправноста на ставот кој го зазема Белград кон Москва, со што станува неподобен. Партиското раководство предводено од Лазар Колишевски, несакајќи да ја повтори грешката со Ченто го принудува да даде оставка од сите финкции и да се пензионира. Соочен со огромен притисок, како врз него така и врз неговото семејство, Фотев посегнува по својот живот, но не успева да се самоубие. На почетокот на 1951 година со сопругата се враќа во селото Бистрица.

На својот 90 – ти роденден, во 1990 година ја прифаќа партиската рехабилитација и станува член на СКМ-ПДП. Умира на  27 јануар 1993 година, во селото Бистрица, Битолско.

The post Роден е Богоја Фотев, учесник во Антифашистичката војна, жртва на Колшевски appeared first on Република.

]]>

Богоја Фотев (1900 –1993) – македонски револуционер, државник, носител на Партизанска споменица 1941. На Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) бил избран за член на Президиумот на АСНОМ и за прв повереник за финансии. На Второто заседание на АСНОМ (28–30. декември 1944) бил избран за повереник за земјоделство, по што се ангажирал за успешната пролетна сеидба. На Третото заседание на АСНОМ (14–16. април 1945) бил избран за член, а во пролетта на 1945 и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. По Резолуцијата на Инфорбирото како неподобен бил остранет од сите функции. Богоја Фотев  е роден на 14 август 1900 година во село Герман, Егејскиот дел на Македонија. Како син на преспанскиот војвода Наум Фотев Геровски, член на ТМОРО и учесник во Илинденското востание, Богоја Фотев од рано детство бил задоен со револуционерни идеи. По задушувањето на Илинденското востание 1903 година, татко му Наум емигрира во САД, но, веќе во 1904 година се вратил во родното место. Десет години потоа, во 1924 година семејството на Богоја се сели во битолското село Бистрица. За тоа време Богоја се школувал најпрво во родното место, а потоа во Битола и Охрид. Во 1924 година, неколку години по Првата светска војна, тешката економска криза која владее во поделената Македонија ќе го натера Богоја Фотев да замина на печалба. По двомесечно патување преку Австрија, Швајцарија и Канада пристигнува во САД, каде работи две години во сојузните држави Илиноис, Мичиген, Охајо и Пенсилванија. За време на престојот во ветената земја го чуствува тешкиот печалбарски живот и како работник во фабрика за автомобили се буди неговиот револуцинерен дух што го доближува до работничкото движење. Во есента 1926 година, Богоја Фотев се враќа во Македонија и активно се вклучува во општествено-политичкиот живот. Во текот на 1933 година, на општинските избори во село Буково влегува со своја кандидатската листа за општински советници, но неговиот избор го спречува власта. Меѓутоа, тоа не го попречува во 1936 година да се приклучи и да учествува во активностите на Македонскиот Народен Покрет (МАНАПО), формиран по иницијатива на македонските студенти од згрепскиот и белградскиот универзитет. Движењето МАНАПО во своите напори да ги обедини прогресивните сили во единствен македонските фронт, стапува во тесна врска со македонските комунисти. Непосредно пред Втората светска војна, по укинувањето на движењето, најголем дел од членовите се придружуваат на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ). Меѓу нив бил и Богоја Фотев кој го основа Месниот комитет на КПЈ за Битола. Но, по провалата во 1940 година во битолската организација, Фотев бил уапсен и осуден на петгодишна затворска казна, која потоа ја издржува во затворот на Сремска Митровица. Окупацијата на Југославија Богоја Фотев ја дочекува во затворот во Сремска  Митровица. На 22 август 1941 година, заедно Орце Николов, Бане Андрев и други затвореници, бега од затворот и се приклучуваат на Фрушкогорскиот партизански одред. Набргу македонските комунисти добиваат задача да се вратат во Македонија, каде се вршат подготовки за создавање на првите партизански одреди. При обид да влезе во Македонија, Фотев бил фатен од бугарската полиција. Во недостаток на докази тој бил ослободен во јули 1942 година, но, во летото 1943 година повторно бил затворен и интерниран во Бугарија. Од Бугарија Фотев се враќа кон крајот на 1943 година и набрзо заминува во партизани и пристапува на Првата македонско-косовска ударна бригада. По неколкумесечниот престој во ГШ на НОВ, како истакнат борец, Богоја Фотев бил предложен за делегат на АСНОМ, како претставник од Битолскиот и од Мариовскиот реон. По десетдневно ноќно патување со група делегати Фотев пристигнал во манастирот „Св. Прохор Пчињски“. На 2 август 1944 година на Првото заседание на АСНОМ  бил избран за член на Президиумот на АСНОМ, а потоа назначен е за повереник (министер) за финансии. и секретар на Президиумот на АСНОМ. Како „чувар на трезорот“,  Богоја Фотев се грижел за „Првата македонска државна каса“, која истовремено претставувала државен трезор и зародиш на Народна банка на Македонија.  Под неговото будно око, се чувале парите запленети од неколку филијали на Бугарската народна банка. Истовремено тој бил задолжен со Киро Глигоров да ја проверат можноста дотогашните валути левот и лекот да бидат заменети со бонови, што во пракса не било спроведено. Со појавата на динарите во 1944 година, на првите книжни пари за првпат се појавува и името на Македонија на кирилица, со што се поставуваат темелите на финансискиот, како дел на државноправниот суверенитет на Македонија. Богоја Фотев го издава и првиот налогот за контрола на дотогашното работење на Бугарската народна банка, филијала Скопје, што преставува прва супервизија во финансискиот и банкарскиот сектор на Македонија. На Второто заседание на АСНОМ одржан од 28 до 30 декември 1944 година, Богоја Фотев бил избран за повереник за земјоделство, по што се ангажирал за успешната пролетна сеидба. На Третото заседание на АСНОМ  одржано од 14 до 16. април 1945 година, Богоја Фотев бил избран за член, а по оставката на Методија Андонов - Ченто во пролета 1946 година ја врши и функцијата претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. На таа функција останува до декември 1950 година, кога паѓа во немилост кај своите сопартијци. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, кај Фотев се јавува дилема за исправноста на ставот кој го зазема Белград кон Москва, со што станува неподобен. Партиското раководство предводено од Лазар Колишевски, несакајќи да ја повтори грешката со Ченто го принудува да даде оставка од сите финкции и да се пензионира. Соочен со огромен притисок, како врз него така и врз неговото семејство, Фотев посегнува по својот живот, но не успева да се самоубие. На почетокот на 1951 година со сопругата се враќа во селото Бистрица. На својот 90 – ти роденден, во 1990 година ја прифаќа партиската рехабилитација и станува член на СКМ-ПДП. Умира на  27 јануар 1993 година, во селото Бистрица, Битолско.

The post Роден е Богоја Фотев, учесник во Антифашистичката војна, жртва на Колшевски appeared first on Република.

]]>
Следен и прогонуван во Македонија, загинал во одбраната на Мадрид – 122 години од раѓањето на Ганчо Хаџи-Панзов https://republika.mk/vesti/makedonija/sleden-i-progonuvan-vo-makedonija-zaginal-vo-odbranata-na-madrid-122-godini-od-ragjanjeto-na-gancho-hadzi-panzov/ Fri, 12 Aug 2022 13:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=539671

На денешен ден, 12.08.1900 година во Велес е роден македонскиот револуционер Ганчо Хаџи-Панзов.
Роден е во едно од најбогатите велешки семејства на почетокот на 20 век.

Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија.
Во 1920 година се вклучува во предизборната кампања на Комунистичката партија за општинските и парламентарните избори.
По Обзнаната, заедно со други револуционери од Велес во 1921-1922 година учествува во издавањето на илегалниот весник „Искра” (на велешки дијалект).
Поради исклучувањето од велешката гимназија, заминува за Скопје каде го продолжува своето школување во Поштенско-телеграфското училиште, а потоа работи како поштенски службеник.
Од пролетта 1922 до првата половина од 1923 година служи воен рок во школата за резервни офицери во Скопје.
Постојано е следен и прогонуван, при крајот на летото 1923 година илегално ја преминува граница и заминува за Бургас, каде работел на пристаништето, од кое есента 1924 година преку Грција заминува за Париз.
Таму се вклучува во работата на синдикатите и станува член на Комунистичката партија на Франција. Од 1925 до 1928 година е секретар на балканската комунистичка група.
Се вклучува и во работата на македонската емиграција, и станува член на Македонската народна федеративна група и на ВМРО (Обединета), која се борела за независна и обединета македонска држава.
По почетокот на Шпанската граѓанска војна во јули 1936 година, Хаџипанзов се вклучува во организирање на доброволците кои преку Франција заминуваат за Шпанија да војуваат на страната на шпанските републиканци во борбата против фашистите на генералот Франциско Франко.
При крајот на септември 1936 година Хаџипанзов и самиот заминува како доброволец да се бори во Шпанија против фашистите.
По воената обука се стекнува со чин водник и е избран за командир на вод на Балканската чета во состав на баталјонот „Едгар Андре“, и станува дел од Првата меѓународна бригада што е формирана во октомври 1936 година.
Бригадата брзо по формирањето, на почетокот од ноември е испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде во тек биле жестоки битки со фашистичките сили.
Првиот напад на франкистите е одбиен, а при офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град, загинува македонскиот херој Ганчо Хаџипанзов, како еден од првите Македонци жртви на војната.
Во моментот на неговата смрт до него се неговите сонародници, Македонците Борис Атков и Трајко Мишковски, кои подоцна и го погребуваат Хаџипанзов.
Во Шпанската граѓанска војна на страната на републиканците се бореле 137 Македонци доброволци, од трите дела на етничка Македонија. Од нив 65 Македонци ги положиле животите во борба против фашизмот!
Додека живеел во Париз, Хаџипанзов напишал неколку песни.
Пишувал на француски јазик, а од неговото творештво сочувана е поемата „Ќе се вратам” и неколку песни: „Бал на вентилаторите“, „Сирени“, „Алказар“, „Детството на еден град“ и „Поема за родниот град“.
Во 1961 година во книгата „На шпанската земја“ која содржи спомени на Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна, првпат е објавена поемата на Хаџипанзов „Ќе се вратам“.
На шестмесечниот помен од смртта на револуционерот, во родната куќа на Хаџипанзов во Велес, неговите другари и почитувачи организираат пригоден собир.
Во таа прилика Кочо Рацин, добар пријател со сестра му на Ганчо, Румена Хаџи Панзова, ја чита песната „Испанска балада“ посветена на трагичната смрт на Ганчо.
Собирот прераснал во отворен бунт против тиранијата, на што веднаш реагирала полицијата, го прекинала поменот и ги однела присутните на сослушување.
ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ХЕРОЈ!

The post Следен и прогонуван во Македонија, загинал во одбраната на Мадрид – 122 години од раѓањето на Ганчо Хаџи-Панзов appeared first on Република.

]]>

На денешен ден, 12.08.1900 година во Велес е роден македонскиот револуционер Ганчо Хаџи-Панзов. Роден е во едно од најбогатите велешки семејства на почетокот на 20 век. Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија. Во 1920 година се вклучува во предизборната кампања на Комунистичката партија за општинските и парламентарните избори. По Обзнаната, заедно со други револуционери од Велес во 1921-1922 година учествува во издавањето на илегалниот весник „Искра” (на велешки дијалект). Поради исклучувањето од велешката гимназија, заминува за Скопје каде го продолжува своето школување во Поштенско-телеграфското училиште, а потоа работи како поштенски службеник. Од пролетта 1922 до првата половина од 1923 година служи воен рок во школата за резервни офицери во Скопје. Постојано е следен и прогонуван, при крајот на летото 1923 година илегално ја преминува граница и заминува за Бургас, каде работел на пристаништето, од кое есента 1924 година преку Грција заминува за Париз. Таму се вклучува во работата на синдикатите и станува член на Комунистичката партија на Франција. Од 1925 до 1928 година е секретар на балканската комунистичка група. Се вклучува и во работата на македонската емиграција, и станува член на Македонската народна федеративна група и на ВМРО (Обединета), која се борела за независна и обединета македонска држава. По почетокот на Шпанската граѓанска војна во јули 1936 година, Хаџипанзов се вклучува во организирање на доброволците кои преку Франција заминуваат за Шпанија да војуваат на страната на шпанските републиканци во борбата против фашистите на генералот Франциско Франко. При крајот на септември 1936 година Хаџипанзов и самиот заминува како доброволец да се бори во Шпанија против фашистите. По воената обука се стекнува со чин водник и е избран за командир на вод на Балканската чета во состав на баталјонот „Едгар Андре“, и станува дел од Првата меѓународна бригада што е формирана во октомври 1936 година. Бригадата брзо по формирањето, на почетокот од ноември е испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде во тек биле жестоки битки со фашистичките сили. Првиот напад на франкистите е одбиен, а при офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град, загинува македонскиот херој Ганчо Хаџипанзов, како еден од првите Македонци жртви на војната. Во моментот на неговата смрт до него се неговите сонародници, Македонците Борис Атков и Трајко Мишковски, кои подоцна и го погребуваат Хаџипанзов. Во Шпанската граѓанска војна на страната на републиканците се бореле 137 Македонци доброволци, од трите дела на етничка Македонија. Од нив 65 Македонци ги положиле животите во борба против фашизмот! Додека живеел во Париз, Хаџипанзов напишал неколку песни. Пишувал на француски јазик, а од неговото творештво сочувана е поемата „Ќе се вратам” и неколку песни: „Бал на вентилаторите“, „Сирени“, „Алказар“, „Детството на еден град“ и „Поема за родниот град“. Во 1961 година во книгата „На шпанската земја“ која содржи спомени на Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна, првпат е објавена поемата на Хаџипанзов „Ќе се вратам“. На шестмесечниот помен од смртта на револуционерот, во родната куќа на Хаџипанзов во Велес, неговите другари и почитувачи организираат пригоден собир. Во таа прилика Кочо Рацин, добар пријател со сестра му на Ганчо, Румена Хаџи Панзова, ја чита песната „Испанска балада“ посветена на трагичната смрт на Ганчо. Собирот прераснал во отворен бунт против тиранијата, на што веднаш реагирала полицијата, го прекинала поменот и ги однела присутните на сослушување. ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ХЕРОЈ!

The post Следен и прогонуван во Македонија, загинал во одбраната на Мадрид – 122 години од раѓањето на Ганчо Хаџи-Панзов appeared first on Република.

]]>
На денешен ден 11 август 1945 година жените во Југославија се изборија за право на глас https://republika.mk/vesti/balkan/na-deneshen-den-11-avgust-1945-godina-zenite-vo-jugoslavija-se-izborija-za-pravo-na-glas/ Thu, 11 Aug 2022 19:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=539267

На денешен ден 11 август 1945 година жените во Југославија се изборија за право на глас.
Југославија во војната изгуби 1.700.000 жители од кои 600.000 жени, Во Народно ослободителната војска се бореа 110.000 жени а загинаа 25.000, 40.000 ранети а 3.000 неспособни за работа, 2.000 станале официри, Партизанска споменица 1941 година добиле 3.344, а за народна хероина на Југославија прогласена е 91 жена.

The post На денешен ден 11 август 1945 година жените во Југославија се изборија за право на глас appeared first on Република.

]]>

На денешен ден 11 август 1945 година жените во Југославија се изборија за право на глас. Југославија во војната изгуби 1.700.000 жители од кои 600.000 жени, Во Народно ослободителната војска се бореа 110.000 жени а загинаа 25.000, 40.000 ранети а 3.000 неспособни за работа, 2.000 станале официри, Партизанска споменица 1941 година добиле 3.344, а за народна хероина на Југославија прогласена е 91 жена.

The post На денешен ден 11 август 1945 година жените во Југославија се изборија за право на глас appeared first on Република.

]]>
„Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира“, пееле Вапцаров и Попов во стројот за отстрел на стрелиштето во Софија https://republika.mk/vesti/makedonija/toj-shto-kje-padne-v-boj-za-sloboda-toj-ne-umira-peele-vapcarov-i-popov-vo-strojot-za-otstrel-na-strelishteto-vo-sofija/ Sat, 23 Jul 2022 15:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=532462

На денешен ден пред 80 години, на 23 jули 1942 година во 21 часот и 10 минути, од страна на бугарските фашисти на гарнизонското стрелиште во Софија се стрелани двајца видни Македонци, Никола Вапцаров и Антон Попов, револуционери од Пиринскиот дел на Македонија.

Вапцаров и Попов се основачи и меѓу најистакнатите членови на МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК, кој бил формиран 1938 година во Софија. И двајцата Македонци до коска.

Нивна наjсвета мечта беше да ја видат својата таковина Македониjа слободна и независна. Изгореа во борбата за остварувањето на оваа цел.
Ќе остане вечно запаметен, македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, по зборовите “Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза!“ искажани во рефератот напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во Софија во 1938 година.

„На нас, како Македонци што пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени... Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила... Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска) великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот - Слободна и независна Македонија.

Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност...Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха...Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме...

- Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“

Антон Попов во својот дневник во 1938 година, во текстот „Млада Македонија“ ќе напише:

„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари... Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа.
Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух - не беше признат.
Историјата на човештвото е полна со неправди.
Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?...“

Од бугарските власти е фатен и Како учесник во илегалната организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III фатен е и затворен. Осуден е на смрт... На 23 јули 1942 година, Никола Јонков Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов

НИКОЛА ЈОНКОВ ВАЦАРОВ (1909-1942)

[caption id="attachment_532466" align="alignnone" width="640"] Фотографиja направена непосредно пред стрелањето[/caption]

Никола Јонков Вапцаров е роден во Банско, Пиринскиот дел на Македонија, на 24 ноември 1909 година, во протестантско семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. За време на турското владеење, неговите родители активно се вклучуваат во борбата на Македонскиот народ за самостојност и за Македонска држава. Таткото Јонко бил комита, а мајката Елена, родена Везјова, учителка која се школувала во американскиот колеџ во Самоков. Израснат во патриотско семејство, кај Никола се развива љубовта кон татковината, македонскиот народ и книгата.

Никола се стекнал со основно образование и шести клас гимназија во Банско и Разлог, а потоа се запишал на Воено-морнарското училиште во Варна. Во Варна, Никола за првпат се сретнал со комунистичкото движење и станал член на марксистичко-ленинистички кружок. Во Варна го публикувал и своето прво поетско дело, стихозбирката “Кон светлите идеали“. По завршувањето на Воено-морнарското училиште во 1932 година, Никола како машински техничар плови со брод за Северна Африка.

Меѓутоа, поморската кариера која е поврзана со долги отсуства од копното и партиските другари не го привлекува и тој се вработува како машинист во фабрика за хартија во селото Кочериново. Таму ја сретнал својата идна сопруга Бојка Димитрова, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија и пред женидбата преминал во православие.

Продолжувајќи со своите партиски активности, Никола ја пропагирал идејата за класен преврат, со што го навлекол вниманието на бугарските власти. Во 1933 година поради неговата политичка дејност, повеќепати бил претепан, притворен и распрашуван. Набргу потоа, на враќање од Горна Џумаја за Кочериново врз него бил извршен неуспешен обид за негова ликвидација. Валканата работа, власта му ја наложила на Ванчо Михајлов и неговите соработници, па Никола со писмо му се обратил, прашувајќи го зошто сакаат да го убијат? Подоцна овие случувања ќе го инспирираат да ја напише стихотворбата “Песна“.

Во 1935 година, економската криза ја затвара фабриката во која работел Никола. Успеал со работниците да издејствува фабриката да продолжи со работа, но заради неговите револуционерни идеи тој станал непожелен. Во периодот 1936-1937 година неговото семејство поминува низ тешки искушенија. Никола бил без работа, болен, детето му починало, а семејството го зафаќа тешка сиромаштија. Но, и покрај сите тешкотии, Никола не се предава. Заедно со другарите кои го помагаат и поддржуваат, Никола се бори да ја надмине кризата.

По долго време, Никола добил работа како машинист во мелница во Софија. Работел во тешки услови по 12 часа дневно. Сепак и покрај уморот, тој не се откажал од пишувањето, а неговите стихови биле објавувани во тогашните прогресивни весници. Иритирани од неговата дејност, бугарската власт му вршела опструкции, а Никола не можел да најде постојана работа. Меѓутоа, другарите му помагаат да се вработи во кланица.

Во овој период и неговата жена Бојка наоѓа работа, така семејството има доволно средства да се издржува. Иако работата во кланица била тешка, Никола таму работи помалку часови. Тоа ќе му овозможи повеќе време за да се посвети на пишувањето.

Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок, во чиј состав како членови се вклучуваат литерати од лева ориентација, од сите три дела на распарчена Македонија. Јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружок го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Асен Шурдов, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев и други. Подоцна се вклучуваат Венко Марковски, Коле Неделковски и новинарот Митко Зафировски. Македонскиот литературен кружок претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална свест.

Во кружокот особено значајни биле рефератите на Никола Вапцаров и Антон Попов. Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), член на ВМРО-Обединета и познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија, осврнувајќи се на рефератот на Вапцарев, кој бил подготвен за обновување на кружокот во октомври 1938 година, ќе забележи:

“Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија... Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ...“ Цитирајќи го Вапцаров, Ангел Жаров ќе ги забележи насоките кон кои треба да се насочи кружокот, а во кои се вели: “Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слобoдата на нашиот измачен Македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни, настани, легендарни борци. Нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но, сето тоа уште не го нашло својот одраз во литературата...“ Подоцна, Никола Вапцаров ја напишал стихотворбата “Доклад" (своевиден реферат) во која овие основни идеи се изразени во прекрасна уметничка форма.

Никола Јонков Вапцаров бил еден од оснивачите на списанието “Литературен критик“, кое претрпело голем број на цензури и набрзо било забрането. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик, и станува познат како автор на две поетски збирки: “Моторни песни“ која е објавена во Софија во 1940 година и “Антологија“, објавена посмртно во Софија, во 1946 година. Автор е на драмата “Деветтиот бран“, на книга со песни за деца и на серија критички записи и прозно-публицистички текстови.

Никола Вапцаров активно се вклучува во антифашистичкиот отпар. Во 1940 година поради активности во Пиринскиот дел на Макаедонија бил уапсен и интерниран во Годеч. По враќањето во септември 1941 година, зел учество во саботажи против германската војска, набавувал документи и ги криел илегалците. Набргу, бил фатен од бугарските власти и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III е затворен и осуден на смрт. На 23 јули 1942 година, Никола Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов.
Поезија пишувал главно на бугарски јазик. Посмртно доживува вистинска литературна слава, извишувајќи се како големо име на новата бугарска литература.

Веднаш по Втората светска војна славата му се простира и во Македонија. Како дводомен автор (бугарски и македонски), чии стихови и други творби за Македонија претставуваат висок уметнички дострел. Никола Вапцаров станува легенда на младата македонска книжевност, доживува литературна слава во Македонија.

За време на Информбирото во 1948 година, по заострувањето на односите меѓу двете Југославија и Бугарија, Софија започнува вистинска хајка против “македонското присвојување“ на Вапцаровото книжевно дело, која кулминира во 1979 година со бојкот на Струшките вечери на поезијата. Односот кон делото на Вапцаров се менува по 2000 година и тоа повторно станува мост меѓу двете блиски литератури.

АНТОН ПОПОВ (1915-1942)

[caption id="attachment_532465" align="alignnone" width="621"] Фотографиja направена непосредно пред стрелањето[/caption]

Антон Попов е роден во с. Игуменец, Петричко, Пиринскиот дел на Македонија, на 23 јули 1915 година, во револуционерно семејство. Дедо му Константин Попстојанов, бил убиен од заседа од Турците. Во таква заседа погинал и вујкото на татко му Митре Стојанов. Татко му кој ги бранел интересите на селаните, бил обесен од врховистите на 22 октомври 1923 година.

Своето основно образование Антон Попов го добил во своето родно село Игуменец, петричко. Потоа учел во Петрич, се преместил во Самоков, од каде што го исклучиле поради учество во ученички антифашистички кружок. Образованието го продолжува во Неврокоп каде што го завршува средно образование во 1933 година. Истата година Антон станува учител во своето родно село. Наредната учебна година учителствува во село Скрт, а потоа повторно се враќа во родното село. Попов како учител се труди да создаде подобри услови за своите ученици и да ги воспита како достојни граѓани: горди и справедливи, смели и самостојни, што ја сакаат својата родна македонска земја и што ги почитуваат сите луѓе на планетата земја. Тој се зазема и организира интернат и кујна за сиромашните ученици, каде што се сместуваат повеќе од 100 деца. Во исто време Антон продолжува како и татко му да ги брани своите соселани од разни банди.
Антон Попов е македонски поет, раскажувач, новинар, национален деец. Основоположник и член е на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Учествува во националното и антифашистичкото движење... Антон Попов е меѓу првите публицисти кои ја проследија и афирмираа македонската национална мисла! Љубовта кон татковината Македонија, нејзината историја и традиција, нејзината слобода и иднина се тема во севкупното негово книжевно и публицистичко дело.

Антон Попов се обидува да издаде македонски весник, но неговите заложби пропаѓаат поради решителниот отпор на власта. Разочаран, тој мечтае да замине во Софија каде очекува да најде сродни лица, “луѓе со душа, умови...“ Набргу желбите му се исполнуваат. Во 1936 година Антон Попов се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија, а есента 1937 година станува чиновник во Софиската општина.

Во почетокот на месец ноември 1938 година се формира Македонскиот литературен кружок, во чие основање Антон зел активно учество. Три години Антон работел неуморно во кружокот. Мошне често тој држел реферати за стихови или раскази, учествувал во организирањето литературни читања, екскурзии, вечеринки и во собранија на емиграцијата. Освен тоа, тој ги придобил истакнатите писатели за борба против војната, учествувал во работата на македонската партиска група, пишувал репортажи, стихови и статии и во слободно време покрај другото читал македонска историска литература.

Во Македонскиот литературен кружок, Антон Попов се оформи наполно како македонски патриот, како верен син на својот поробен народ и во исто време како пламенен борец за среќата на сите луѓе. Антон Попов ја сакаше Македонија и Македонскиот народ со љубов чиста, нежна, неизмерна по сила и ширина. Тоа беше љубов готова за жртва. Низ сопствениот пример покажува како се сака и се брани татковината! И не случајно во своето последно писмо пред стрелањето во затворот тој напишал: “Умирам горд со името на мојот татко! Умирам горд со името на мојот народ, за чие добро работев до последниот миг, за чија добра иднина умирам! Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо!“

Во својот возбудлив патепис “Патни белешки и размислувања" тој пишува: “...Таму е мојата родна земја... Таму е мојот ајдучки Пирин, од први детски години запишан со песни, приказни и легенди во мојата душа, што извишил снежно-сини рамења во висините, што ги заковал очите далеку во просторот, цртајќи ги со остар поглед границите на татковината моја - до Шара, до Егејот, до Родопите и Рила." Во исто време, пак, во своето последно писмо Антон Попов пишува: “Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со таква силна светлина, со таква убавина, што мојата жртва за него ќе биде ништо!"

Антон Попов во своите стихотворби изразува нежна љубов спрема својата татковина, спрема својот народ: ја искажува својата вера во блиското ослободување и обединување на Македонија. Во своите репортажи тој ги открива страдањата, маките на работниците, црта потресни слики од експлоатацијата на тутунските производители, на жените и на децата. Од самите наслови на неговите репортажи се гледа нивната содржина. Еве некои од нив: “Болките на нашите јужнаци“, “Така работат и страдаат тутунопроизводителите“, “Тој откраднува недосонувани детски соништа“, “Над Пирин облаците се згуснуваат“ и други.

Во есента 1941 година, заедно со својот неразделен другар Никола Јонков Вапцаров се вклучува во партиска работа во воениот центар на БКП. Антон Попов го започнува илегалниот живот исполнетиот со опасности и ризици. Тој пренесува луѓе од составот на ЦК од стан на стан, купува и им приготвува храна, пренесува оружје и парични средства касно во ноќта, вешто ги уништува трагите од будното око на полицијата... Во својата илегална работа Антон ја вовлекува својата мајка и сестра. Станува раководител на борбени групи.

Но, и непријателот не спие. Во групата е вовлечен провокатор и по само неколку месеци настанува провала. На 4 март е фатен Никола Јонков Вапцаров. Антон Попов иако има извесна можност да се скрие, сепак тој не превзема ништо. Смета дека треба да ја продолжи работата, особено по таквата провала. Но, полицијата е по неговите траги и на 24 април 1942 година го апси.

На 22 јули 1942 година воениот суд му изрече смртна пресуда со стрелање. Заедно со него на смрт беа осудени и Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Антон Попов, Петар Богданов и Георги Минчев. Во судската сала настапува неверување. После се слушаат стенкања и плач на блиските. Истиот ден Антон Попов се венчава со свршеницата Росица Манолова. Стрелан е на 20 октомври 1942 година заедно со Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Петар Богданов и Георги Минчев.

Пред да се чујат истрлите на смртта, се слуша друга, позната, убава песна, којашто излегува од градите на нескршливите бестрашни борци: “Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира!“

Во стројот за отстрел, со пламнато лице, со поглед во иднината, претставувајќи си го Македонскиот народ слободен и обединет и светлата иднина на целото човештво, пее со силен глас и непрежалениот Антон Попов...

The post „Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира“, пееле Вапцаров и Попов во стројот за отстрел на стрелиштето во Софија appeared first on Република.

]]>

На денешен ден пред 80 години, на 23 jули 1942 година во 21 часот и 10 минути, од страна на бугарските фашисти на гарнизонското стрелиште во Софија се стрелани двајца видни Македонци, Никола Вапцаров и Антон Попов, револуционери од Пиринскиот дел на Македонија. Вапцаров и Попов се основачи и меѓу најистакнатите членови на МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК, кој бил формиран 1938 година во Софија. И двајцата Македонци до коска. Нивна наjсвета мечта беше да ја видат својата таковина Македониjа слободна и независна. Изгореа во борбата за остварувањето на оваа цел. Ќе остане вечно запаметен, македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, по зборовите “Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза!“ искажани во рефератот напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во Софија во 1938 година.
„На нас, како Македонци што пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени... Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила... Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска) великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот - Слободна и независна Македонија. Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност...Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха...Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме... - Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“
Антон Попов во својот дневник во 1938 година, во текстот „Млада Македонија“ ќе напише:
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари... Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух - не беше признат. Историјата на човештвото е полна со неправди. Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?...“
Од бугарските власти е фатен и Како учесник во илегалната организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III фатен е и затворен. Осуден е на смрт... На 23 јули 1942 година, Никола Јонков Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов НИКОЛА ЈОНКОВ ВАЦАРОВ (1909-1942) [caption id="attachment_532466" align="alignnone" width="640"] Фотографиja направена непосредно пред стрелањето[/caption] Никола Јонков Вапцаров е роден во Банско, Пиринскиот дел на Македонија, на 24 ноември 1909 година, во протестантско семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. За време на турското владеење, неговите родители активно се вклучуваат во борбата на Македонскиот народ за самостојност и за Македонска држава. Таткото Јонко бил комита, а мајката Елена, родена Везјова, учителка која се школувала во американскиот колеџ во Самоков. Израснат во патриотско семејство, кај Никола се развива љубовта кон татковината, македонскиот народ и книгата. Никола се стекнал со основно образование и шести клас гимназија во Банско и Разлог, а потоа се запишал на Воено-морнарското училиште во Варна. Во Варна, Никола за првпат се сретнал со комунистичкото движење и станал член на марксистичко-ленинистички кружок. Во Варна го публикувал и своето прво поетско дело, стихозбирката “Кон светлите идеали“. По завршувањето на Воено-морнарското училиште во 1932 година, Никола како машински техничар плови со брод за Северна Африка. Меѓутоа, поморската кариера која е поврзана со долги отсуства од копното и партиските другари не го привлекува и тој се вработува како машинист во фабрика за хартија во селото Кочериново. Таму ја сретнал својата идна сопруга Бојка Димитрова, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија и пред женидбата преминал во православие. Продолжувајќи со своите партиски активности, Никола ја пропагирал идејата за класен преврат, со што го навлекол вниманието на бугарските власти. Во 1933 година поради неговата политичка дејност, повеќепати бил претепан, притворен и распрашуван. Набргу потоа, на враќање од Горна Џумаја за Кочериново врз него бил извршен неуспешен обид за негова ликвидација. Валканата работа, власта му ја наложила на Ванчо Михајлов и неговите соработници, па Никола со писмо му се обратил, прашувајќи го зошто сакаат да го убијат? Подоцна овие случувања ќе го инспирираат да ја напише стихотворбата “Песна“. Во 1935 година, економската криза ја затвара фабриката во која работел Никола. Успеал со работниците да издејствува фабриката да продолжи со работа, но заради неговите револуционерни идеи тој станал непожелен. Во периодот 1936-1937 година неговото семејство поминува низ тешки искушенија. Никола бил без работа, болен, детето му починало, а семејството го зафаќа тешка сиромаштија. Но, и покрај сите тешкотии, Никола не се предава. Заедно со другарите кои го помагаат и поддржуваат, Никола се бори да ја надмине кризата. По долго време, Никола добил работа како машинист во мелница во Софија. Работел во тешки услови по 12 часа дневно. Сепак и покрај уморот, тој не се откажал од пишувањето, а неговите стихови биле објавувани во тогашните прогресивни весници. Иритирани од неговата дејност, бугарската власт му вршела опструкции, а Никола не можел да најде постојана работа. Меѓутоа, другарите му помагаат да се вработи во кланица. Во овој период и неговата жена Бојка наоѓа работа, така семејството има доволно средства да се издржува. Иако работата во кланица била тешка, Никола таму работи помалку часови. Тоа ќе му овозможи повеќе време за да се посвети на пишувањето. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок, во чиј состав како членови се вклучуваат литерати од лева ориентација, од сите три дела на распарчена Македонија. Јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружок го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Асен Шурдов, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев и други. Подоцна се вклучуваат Венко Марковски, Коле Неделковски и новинарот Митко Зафировски. Македонскиот литературен кружок претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална свест. Во кружокот особено значајни биле рефератите на Никола Вапцаров и Антон Попов. Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), член на ВМРО-Обединета и познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија, осврнувајќи се на рефератот на Вапцарев, кој бил подготвен за обновување на кружокот во октомври 1938 година, ќе забележи:
“Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија... Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ...“ Цитирајќи го Вапцаров, Ангел Жаров ќе ги забележи насоките кон кои треба да се насочи кружокот, а во кои се вели: “Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слобoдата на нашиот измачен Македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни, настани, легендарни борци. Нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но, сето тоа уште не го нашло својот одраз во литературата...“ Подоцна, Никола Вапцаров ја напишал стихотворбата “Доклад" (своевиден реферат) во која овие основни идеи се изразени во прекрасна уметничка форма.
Никола Јонков Вапцаров бил еден од оснивачите на списанието “Литературен критик“, кое претрпело голем број на цензури и набрзо било забрането. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик, и станува познат како автор на две поетски збирки: “Моторни песни“ која е објавена во Софија во 1940 година и “Антологија“, објавена посмртно во Софија, во 1946 година. Автор е на драмата “Деветтиот бран“, на книга со песни за деца и на серија критички записи и прозно-публицистички текстови. Никола Вапцаров активно се вклучува во антифашистичкиот отпар. Во 1940 година поради активности во Пиринскиот дел на Макаедонија бил уапсен и интерниран во Годеч. По враќањето во септември 1941 година, зел учество во саботажи против германската војска, набавувал документи и ги криел илегалците. Набргу, бил фатен од бугарските власти и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III е затворен и осуден на смрт. На 23 јули 1942 година, Никола Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов. Поезија пишувал главно на бугарски јазик. Посмртно доживува вистинска литературна слава, извишувајќи се како големо име на новата бугарска литература. Веднаш по Втората светска војна славата му се простира и во Македонија. Како дводомен автор (бугарски и македонски), чии стихови и други творби за Македонија претставуваат висок уметнички дострел. Никола Вапцаров станува легенда на младата македонска книжевност, доживува литературна слава во Македонија. За време на Информбирото во 1948 година, по заострувањето на односите меѓу двете Југославија и Бугарија, Софија започнува вистинска хајка против “македонското присвојување“ на Вапцаровото книжевно дело, која кулминира во 1979 година со бојкот на Струшките вечери на поезијата. Односот кон делото на Вапцаров се менува по 2000 година и тоа повторно станува мост меѓу двете блиски литератури. АНТОН ПОПОВ (1915-1942) [caption id="attachment_532465" align="alignnone" width="621"] Фотографиja направена непосредно пред стрелањето[/caption] Антон Попов е роден во с. Игуменец, Петричко, Пиринскиот дел на Македонија, на 23 јули 1915 година, во револуционерно семејство. Дедо му Константин Попстојанов, бил убиен од заседа од Турците. Во таква заседа погинал и вујкото на татко му Митре Стојанов. Татко му кој ги бранел интересите на селаните, бил обесен од врховистите на 22 октомври 1923 година. Своето основно образование Антон Попов го добил во своето родно село Игуменец, петричко. Потоа учел во Петрич, се преместил во Самоков, од каде што го исклучиле поради учество во ученички антифашистички кружок. Образованието го продолжува во Неврокоп каде што го завршува средно образование во 1933 година. Истата година Антон станува учител во своето родно село. Наредната учебна година учителствува во село Скрт, а потоа повторно се враќа во родното село. Попов како учител се труди да создаде подобри услови за своите ученици и да ги воспита како достојни граѓани: горди и справедливи, смели и самостојни, што ја сакаат својата родна македонска земја и што ги почитуваат сите луѓе на планетата земја. Тој се зазема и организира интернат и кујна за сиромашните ученици, каде што се сместуваат повеќе од 100 деца. Во исто време Антон продолжува како и татко му да ги брани своите соселани од разни банди. Антон Попов е македонски поет, раскажувач, новинар, национален деец. Основоположник и член е на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Учествува во националното и антифашистичкото движење... Антон Попов е меѓу првите публицисти кои ја проследија и афирмираа македонската национална мисла! Љубовта кон татковината Македонија, нејзината историја и традиција, нејзината слобода и иднина се тема во севкупното негово книжевно и публицистичко дело. Антон Попов се обидува да издаде македонски весник, но неговите заложби пропаѓаат поради решителниот отпор на власта. Разочаран, тој мечтае да замине во Софија каде очекува да најде сродни лица, “луѓе со душа, умови...“ Набргу желбите му се исполнуваат. Во 1936 година Антон Попов се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија, а есента 1937 година станува чиновник во Софиската општина. Во почетокот на месец ноември 1938 година се формира Македонскиот литературен кружок, во чие основање Антон зел активно учество. Три години Антон работел неуморно во кружокот. Мошне често тој држел реферати за стихови или раскази, учествувал во организирањето литературни читања, екскурзии, вечеринки и во собранија на емиграцијата. Освен тоа, тој ги придобил истакнатите писатели за борба против војната, учествувал во работата на македонската партиска група, пишувал репортажи, стихови и статии и во слободно време покрај другото читал македонска историска литература. Во Македонскиот литературен кружок, Антон Попов се оформи наполно како македонски патриот, како верен син на својот поробен народ и во исто време како пламенен борец за среќата на сите луѓе. Антон Попов ја сакаше Македонија и Македонскиот народ со љубов чиста, нежна, неизмерна по сила и ширина. Тоа беше љубов готова за жртва. Низ сопствениот пример покажува како се сака и се брани татковината! И не случајно во своето последно писмо пред стрелањето во затворот тој напишал: “Умирам горд со името на мојот татко! Умирам горд со името на мојот народ, за чие добро работев до последниот миг, за чија добра иднина умирам! Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо!“ Во својот возбудлив патепис “Патни белешки и размислувања" тој пишува: “...Таму е мојата родна земја... Таму е мојот ајдучки Пирин, од први детски години запишан со песни, приказни и легенди во мојата душа, што извишил снежно-сини рамења во висините, што ги заковал очите далеку во просторот, цртајќи ги со остар поглед границите на татковината моја - до Шара, до Егејот, до Родопите и Рила." Во исто време, пак, во своето последно писмо Антон Попов пишува: “Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со таква силна светлина, со таква убавина, што мојата жртва за него ќе биде ништо!" Антон Попов во своите стихотворби изразува нежна љубов спрема својата татковина, спрема својот народ: ја искажува својата вера во блиското ослободување и обединување на Македонија. Во своите репортажи тој ги открива страдањата, маките на работниците, црта потресни слики од експлоатацијата на тутунските производители, на жените и на децата. Од самите наслови на неговите репортажи се гледа нивната содржина. Еве некои од нив: “Болките на нашите јужнаци“, “Така работат и страдаат тутунопроизводителите“, “Тој откраднува недосонувани детски соништа“, “Над Пирин облаците се згуснуваат“ и други. Во есента 1941 година, заедно со својот неразделен другар Никола Јонков Вапцаров се вклучува во партиска работа во воениот центар на БКП. Антон Попов го започнува илегалниот живот исполнетиот со опасности и ризици. Тој пренесува луѓе од составот на ЦК од стан на стан, купува и им приготвува храна, пренесува оружје и парични средства касно во ноќта, вешто ги уништува трагите од будното око на полицијата... Во својата илегална работа Антон ја вовлекува својата мајка и сестра. Станува раководител на борбени групи. Но, и непријателот не спие. Во групата е вовлечен провокатор и по само неколку месеци настанува провала. На 4 март е фатен Никола Јонков Вапцаров. Антон Попов иако има извесна можност да се скрие, сепак тој не превзема ништо. Смета дека треба да ја продолжи работата, особено по таквата провала. Но, полицијата е по неговите траги и на 24 април 1942 година го апси. На 22 јули 1942 година воениот суд му изрече смртна пресуда со стрелање. Заедно со него на смрт беа осудени и Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Антон Попов, Петар Богданов и Георги Минчев. Во судската сала настапува неверување. После се слушаат стенкања и плач на блиските. Истиот ден Антон Попов се венчава со свршеницата Росица Манолова. Стрелан е на 20 октомври 1942 година заедно со Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Петар Богданов и Георги Минчев. Пред да се чујат истрлите на смртта, се слуша друга, позната, убава песна, којашто излегува од градите на нескршливите бестрашни борци: “Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира!“ Во стројот за отстрел, со пламнато лице, со поглед во иднината, претставувајќи си го Македонскиот народ слободен и обединет и светлата иднина на целото човештво, пее со силен глас и непрежалениот Антон Попов...

The post „Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира“, пееле Вапцаров и Попов во стројот за отстрел на стрелиштето во Софија appeared first on Република.

]]>
Додека пукала „администрацијата“, му викала „Еве ти ја слободата“ – 79 години од смртта на Раде Јовчевски Корчагин https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-pukala-administracijata-mu-vikala-eve-ti-ja-slobodata-78-godini-od-smrtta-na-rade-jovchevski-korchagin-2/ Sun, 20 Feb 2022 19:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=461173

На денешен ден 1943 година бил предаден, а потоа немилосрдно убиен македонскиот народен херој Раде Јовчевски Корчагин.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukata-na-korchagin-dedo-mi-beshe-ubien-dva-pati-ednash-od-bugarskite-fashisti-ednash-od-makedonskata-vlast/

Раде Јовчевски е роден на 14 август 1919 година во Скопје во скромно занаетчиско семејство. Неговиот татко Коста бил познат скопски чевлар. Своето основно образование Раде го започнал во месното скопско училиште и бил солиден ученик. Иако Раде сакал да го продолжи своето образование, сепак поради сиромаштијата тоа не му било овозможено и морал да почен да изучува занает. Раде Јовчевски се помирил со тоа и решил да почне да изучува некој занает кој ќе биде поплатен и постабилен од тој на татко му. Така, во 1933 година почнал да го посетува училиштето за трговска младина како кожарски работник. Корчагин работел и изучувал занает цели три години, но откако завршил со обуката тој не нашол работа во Скопје. Поради тоа, Раде Корчагин заминал за Белград. Таму нашол работа по занает и се зачленил во кожарскиот и крзнениот синдикат. Тогаш се стекнал и со прекарот „Корчагин“, по јунакот во романот „Како се калеше челикот“ од Николај Островски Бидејќи се покажал како вреден и одлучен човек, Раде Корчагин бил назначен за секретар на синдикатот во 1938 година, а веќе во 1939 година станал и член на Комунистичката партија на Југославија.

Во Белград, од страна на полициските служби, Раде Јовчевски бил регистриран како Раде Јовчевиќ, кожарски работник од Скопје. Поради неговите идеали и делувања, Раде Јовчевски не бил пожелен од страна на властите и истите наредиле да се врати во Скопје. Кога се вратил Јовчевски во Скопје, тој станал член на Урсовиот синдикат и така тој успешно организирал десеттина масовни излети на Водно, Матка и други околни места. Излетот во Катланово бил најпосетен од страна на работници, но бил доста таен во однос на организацијата, така што полицијата не разбрала ништо што било зборувано или правено на тој настан, а воедно и на другите.

Челниците и раководителите на КПЈ имале голема доверба во Раде Јовчевски. Така, во 1940 година тој станал професионален полтички работник. Интересот на властите за Раде уште повеќе се зголемил и бил квалификуван како „опасен комунист“, „човек против кралот“ и со жар се барало истиот да биде затворен. Кога бил приведен од началникот на полицијата, Раде Јовчевски бил подолго време мачен сè со цел да се извади од него некоја информација. Сепак, Раде бил одлучен и верен на својата партија и не предал никакви информации. Сепак, тој бил притворен уште најмалку двапати после тоа мачење.

Низ Белград и Скопје делел пропагандни материјали за партијата, организирал и помогнал при организирање на партиски настани, а неколкупати имал средби и со Јосип Броз - Тито. По налог на партијата, тој бил испратен во Скопка Црна Гора за да помогне при формирањето на еден партизански одред. Многу набрзо по формирањето на одредот истиот бил откриен од властите и неговата работа намалена. Поради безбедносни причини заминал за Софија со останатите блиски соработници, и од таму делувале врз настаните во Скопје. Паралелно бил и осудуван во отсуство со казна смрт. Во Скопска Црна Гора се враќа под името „Јанко“ и така учествува во формирањето на нов партизански одред, каде бил заменик-политички комесар. За тие цели, меѓу другото, лично со останатите содејци пренесувале оружје преку Радуша до Скопска Црна Гора. Полицијата разбрала за некојси „Јанко“ кој организирал такво формирање на одред и објавила потерница и награда за неговата глава. Раде Јовчевски бил предаден од страна на некојси селанец во Побожје, од кој требало да земе пушки. Тој се спасил така што фрлил бомба кон едната група полицајци. Наградата за главата на Корчагин била 150.000 лева. Одредот кој бил формиран во Скопска Црна Гора тргнал за Косово и Јужна Србија да се спои со косовскиот одред. Патувал со неговито соборец и добар другар Санде Урдаревски. Походот на одредот бил во јнауари 1943 година. Сепак, движењето на одредот бил заприметен од лица кои биле жедни за наградата за главата на Корчагин. Така, некаде во близина на Липљан, одредот бил нападнат. Целиот одред бил разбиен во близина на Бинач.

Во Скопје во куќата на Ганко Петковски одредот и соборците на Раде ги прибирале последните сили за обновување на нивните дејства и акции. Вечерта на 20 февруари 1943 година, Раде заедно со останатите активисти сакале да се префрлат во куќата на Јорда Нешевска, денес во Маџир-маало. Без нивно знаење, тие биле предадени и куќата била опколена од бугарската полиција. Полицијата почнала да ги гони активистите. Во тие бркотници Раде бил ранет од страна на бугарската полиција. Така ранет немилосрдно бил убиен од бугарската полиција со неколку куршуми и со избикот „Еве ти ја слободата“.

За народен херој на Југославија од Македонија е прогласен на 8 октомври 1953 година.

Во негова чест средното училиште во населбата Пролет во Скопје го носи неговото име.

 

The post Додека пукала „администрацијата“, му викала „Еве ти ја слободата“ – 79 години од смртта на Раде Јовчевски Корчагин appeared first on Република.

]]>

На денешен ден 1943 година бил предаден, а потоа немилосрдно убиен македонскиот народен херој Раде Јовчевски Корчагин. https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukata-na-korchagin-dedo-mi-beshe-ubien-dva-pati-ednash-od-bugarskite-fashisti-ednash-od-makedonskata-vlast/ Раде Јовчевски е роден на 14 август 1919 година во Скопје во скромно занаетчиско семејство. Неговиот татко Коста бил познат скопски чевлар. Своето основно образование Раде го започнал во месното скопско училиште и бил солиден ученик. Иако Раде сакал да го продолжи своето образование, сепак поради сиромаштијата тоа не му било овозможено и морал да почен да изучува занает. Раде Јовчевски се помирил со тоа и решил да почне да изучува некој занает кој ќе биде поплатен и постабилен од тој на татко му. Така, во 1933 година почнал да го посетува училиштето за трговска младина како кожарски работник. Корчагин работел и изучувал занает цели три години, но откако завршил со обуката тој не нашол работа во Скопје. Поради тоа, Раде Корчагин заминал за Белград. Таму нашол работа по занает и се зачленил во кожарскиот и крзнениот синдикат. Тогаш се стекнал и со прекарот „Корчагин“, по јунакот во романот „Како се калеше челикот“ од Николај Островски Бидејќи се покажал како вреден и одлучен човек, Раде Корчагин бил назначен за секретар на синдикатот во 1938 година, а веќе во 1939 година станал и член на Комунистичката партија на Југославија. Во Белград, од страна на полициските служби, Раде Јовчевски бил регистриран како Раде Јовчевиќ, кожарски работник од Скопје. Поради неговите идеали и делувања, Раде Јовчевски не бил пожелен од страна на властите и истите наредиле да се врати во Скопје. Кога се вратил Јовчевски во Скопје, тој станал член на Урсовиот синдикат и така тој успешно организирал десеттина масовни излети на Водно, Матка и други околни места. Излетот во Катланово бил најпосетен од страна на работници, но бил доста таен во однос на организацијата, така што полицијата не разбрала ништо што било зборувано или правено на тој настан, а воедно и на другите. Челниците и раководителите на КПЈ имале голема доверба во Раде Јовчевски. Така, во 1940 година тој станал професионален полтички работник. Интересот на властите за Раде уште повеќе се зголемил и бил квалификуван како „опасен комунист“, „човек против кралот“ и со жар се барало истиот да биде затворен. Кога бил приведен од началникот на полицијата, Раде Јовчевски бил подолго време мачен сè со цел да се извади од него некоја информација. Сепак, Раде бил одлучен и верен на својата партија и не предал никакви информации. Сепак, тој бил притворен уште најмалку двапати после тоа мачење. Низ Белград и Скопје делел пропагандни материјали за партијата, организирал и помогнал при организирање на партиски настани, а неколкупати имал средби и со Јосип Броз - Тито. По налог на партијата, тој бил испратен во Скопка Црна Гора за да помогне при формирањето на еден партизански одред. Многу набрзо по формирањето на одредот истиот бил откриен од властите и неговата работа намалена. Поради безбедносни причини заминал за Софија со останатите блиски соработници, и од таму делувале врз настаните во Скопје. Паралелно бил и осудуван во отсуство со казна смрт. Во Скопска Црна Гора се враќа под името „Јанко“ и така учествува во формирањето на нов партизански одред, каде бил заменик-политички комесар. За тие цели, меѓу другото, лично со останатите содејци пренесувале оружје преку Радуша до Скопска Црна Гора. Полицијата разбрала за некојси „Јанко“ кој организирал такво формирање на одред и објавила потерница и награда за неговата глава. Раде Јовчевски бил предаден од страна на некојси селанец во Побожје, од кој требало да земе пушки. Тој се спасил така што фрлил бомба кон едната група полицајци. Наградата за главата на Корчагин била 150.000 лева. Одредот кој бил формиран во Скопска Црна Гора тргнал за Косово и Јужна Србија да се спои со косовскиот одред. Патувал со неговито соборец и добар другар Санде Урдаревски. Походот на одредот бил во јнауари 1943 година. Сепак, движењето на одредот бил заприметен од лица кои биле жедни за наградата за главата на Корчагин. Така, некаде во близина на Липљан, одредот бил нападнат. Целиот одред бил разбиен во близина на Бинач. Во Скопје во куќата на Ганко Петковски одредот и соборците на Раде ги прибирале последните сили за обновување на нивните дејства и акции. Вечерта на 20 февруари 1943 година, Раде заедно со останатите активисти сакале да се префрлат во куќата на Јорда Нешевска, денес во Маџир-маало. Без нивно знаење, тие биле предадени и куќата била опколена од бугарската полиција. Полицијата почнала да ги гони активистите. Во тие бркотници Раде бил ранет од страна на бугарската полиција. Така ранет немилосрдно бил убиен од бугарската полиција со неколку куршуми и со избикот „Еве ти ја слободата“. За народен херој на Југославија од Македонија е прогласен на 8 октомври 1953 година. Во негова чест средното училиште во населбата Пролет во Скопје го носи неговото име.  

The post Додека пукала „администрацијата“, му викала „Еве ти ја слободата“ – 79 години од смртта на Раде Јовчевски Корчагин appeared first on Република.

]]>