муслимани Archives - Република https://republika.mk/tema/muslimani/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 15:45:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png муслимани Archives - Република https://republika.mk/tema/muslimani/ 32 32 Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот https://republika.mk/vesti/svet/razgnevena-tolpa-vo-pakistan-zapalila-kuka-i-pretepala-hristijanin-za-navodno-skvernavene-na-kuranot/ Sat, 25 May 2024 15:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=781668

Стотици гневни муслимани нападнале христијанин во Пакистан, го претепале и му ја запалиле куќата и продавницата за чевли поради обвинувања дека наводно го сквернавел Куранот, соопштија денеска локалните власти.

Началникот на окружната полиција во Саргода, град во провинцијата Пенџаб, рече дека полицијата дошла брзо и ги спасила животите на двајцата, ја растерала толпата и побарала помош од вероучители за да се смири ситуацијата.

Владата на Пенџаб го осуди нападот.

Еден од најлошите напади врз христијаните во Пакистан беше во август 2023 година, кога гневните толпи запалија цркви и нападнаа десетици луѓе во Џаранвала, област во провинцијата Пенџаб. Муслиманите тогаш тврдеа дека виделе христијанин и негов пријател како го кинат Куранот и ги фрлаат страниците на земја.

The post Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот appeared first on Република.

]]>

Стотици гневни муслимани нападнале христијанин во Пакистан, го претепале и му ја запалиле куќата и продавницата за чевли поради обвинувања дека наводно го сквернавел Куранот, соопштија денеска локалните власти. Началникот на окружната полиција во Саргода, град во провинцијата Пенџаб, рече дека полицијата дошла брзо и ги спасила животите на двајцата, ја растерала толпата и побарала помош од вероучители за да се смири ситуацијата. Владата на Пенџаб го осуди нападот. Еден од најлошите напади врз христијаните во Пакистан беше во август 2023 година, кога гневните толпи запалија цркви и нападнаа десетици луѓе во Џаранвала, област во провинцијата Пенџаб. Муслиманите тогаш тврдеа дека виделе христијанин и негов пријател како го кинат Куранот и ги фрлаат страниците на земја.

The post Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот appeared first on Република.

]]>
Муслиманите во САД ги повикуваат гласачите да не гласаат за Бајден поради неговата политика кон Израел https://republika.mk/vesti/svet/muslimanite-vo-sad-gi-povikuvaat-glasachite-da-ne-glasaat-za-bajden-poradi-negovata-politika-kon-izrael/ Tue, 27 Feb 2024 20:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=749052

Во американската сојузна држава Мичиген денеска се гласа на претседателските прелиминарни избори, каде се очекува тоа да биде само уште една потврда за Доналд Трамп, додека лидерот на демократите Џо Бајден се соочува со незадоволството на муслиманите и Американците со арапско потекло поради војната во Газа.

Актуелниот претседател нема никаква сериозна закана во својот табор во однос на нова трка за Белата куќа бидејќи неговиот единствен противкандидат, демократот Дин Филипс од Минесота заостанува зад него и има помалку од 10 отсто од гласовите на анкетите.

Но, како што расте бројот на загинати во конфликтот меѓу Израел и Хамас, муслиманската и арапско-американската поддршка за Бајден е во опаѓање во оваа држава од Средниот Запад.

Пред четири години Бајден победи во Мичиген со само 150.000 гласови, а сега муслиманско-арапскиот блок ги повикува своите приврзаници да поднесат празно гласачко ливче, со што го притиска Бајден да ја одбие поддршката за Израел и да повика на итен прекин на огнот.

На републиканската страна, Доналд Трамп веќе освои четири држави, вклучително и Јужна Каролина во саботата, а Мичиген не треба да ја прекине својата трка за републиканска номинација.

Неговиот единствен преостанат противник, поранешната амбасадорка на Обединетите нации, Ники Хејли, загуби во нејзината родна држава Јужна Каролина, но таа одбива да се откаже и вели дека не верува дека Доналд Трамп може да го победи Џо Бајден во ноември.

The post Муслиманите во САД ги повикуваат гласачите да не гласаат за Бајден поради неговата политика кон Израел appeared first on Република.

]]>

Во американската сојузна држава Мичиген денеска се гласа на претседателските прелиминарни избори, каде се очекува тоа да биде само уште една потврда за Доналд Трамп, додека лидерот на демократите Џо Бајден се соочува со незадоволството на муслиманите и Американците со арапско потекло поради војната во Газа. Актуелниот претседател нема никаква сериозна закана во својот табор во однос на нова трка за Белата куќа бидејќи неговиот единствен противкандидат, демократот Дин Филипс од Минесота заостанува зад него и има помалку од 10 отсто од гласовите на анкетите. Но, како што расте бројот на загинати во конфликтот меѓу Израел и Хамас, муслиманската и арапско-американската поддршка за Бајден е во опаѓање во оваа држава од Средниот Запад. Пред четири години Бајден победи во Мичиген со само 150.000 гласови, а сега муслиманско-арапскиот блок ги повикува своите приврзаници да поднесат празно гласачко ливче, со што го притиска Бајден да ја одбие поддршката за Израел и да повика на итен прекин на огнот. На републиканската страна, Доналд Трамп веќе освои четири држави, вклучително и Јужна Каролина во саботата, а Мичиген не треба да ја прекине својата трка за републиканска номинација. Неговиот единствен преостанат противник, поранешната амбасадорка на Обединетите нации, Ники Хејли, загуби во нејзината родна држава Јужна Каролина, но таа одбива да се откаже и вели дека не верува дека Доналд Трамп може да го победи Џо Бајден во ноември.

The post Муслиманите во САД ги повикуваат гласачите да не гласаат за Бајден поради неговата политика кон Израел appeared first on Република.

]]>
Хамас со повик до муслиманските земји: Дојде време да се поддржи отпорот со оружје! https://republika.mk/vesti/svet/hamas-so-povik-do-muslimanskite-zemji-dojde-vreme-da-se-poddrzhi-otporot-so-oruzhje/ Tue, 09 Jan 2024 17:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=731214

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, ги повика денеска муслиманските земји да го „поддржат“ неговото палестинско исламистичко движење во војната против Израел во Појасот Газа, снабдувајќи го со оружје, пренесуваат француските медиуми.

Улогата на муслиманската нација е клучна и дојде време да се поддржи отпорот со оружје бидејќи ова е битка за џамијата Ал Акса, а не само битката на палестинскиот народ, рече Ханија во говорот во Доха и чиј текст им беше даден на медиумите во Појасот Газа.

Француските медиуми пренесуваат дека џамијата Ал-Акса во Ерусалим е трето најсвето место во исламот.

The post Хамас со повик до муслиманските земји: Дојде време да се поддржи отпорот со оружје! appeared first on Република.

Блинкен со писмо се обратил до персоналот во Стејт департментот со муслиманска вероисповест https://republika.mk/vesti/svet/blinken-so-pismo-se-obratil-do-personalot-vo-stejt-departmentot-so-muslimanska-veroispovest/ Fri, 20 Oct 2023 15:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=693362

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен испратил, писмо со поддршка до персоналот во Стејт департментот со арапско потекло во време кога многу вработени со муслиманска вероисповест изразувале незадоволство од пристапот на САД во однос на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Соговорник на „Политико“ истакнал дека писмото, сепак, не е одговор на незадоволството.

Администрацијата на Џо Бајден уште од самиот почеток на кризата изрази безрезервна поддршка за Израел.

Во текстот на писмото, Блинкен подвлекол дека пристапот на администрацијата бил избалансиран. Според него, претседателот на САД од самиот почеток дал до знаење дека Вашингтон го поддржува правото на Израел за самоодбрана во рамките на законот, соодветно меѓународните хуманитарни стандарди, вклучувајќи заштита на граѓанско население.

Знам дека за многумина од вас ова е сложено време не само на професионален план но и на личен. Некои од нашите колеги во регионот, посебно меѓу нашиот локален персонал, непосредно настрадаа од насилството, вклучително и поради загуба на роднини и пријатели, напишал Блинкен во писмото.

Понатаму, тој истакнал дека дури и во САД се забележува „бран на страв и фанатизам“ во однос на Американците со арапско потекло, муслиманите и Евреите.

Блинкен писмото го испратил откако се вратил од работната посета на блискоисточниот регион. Државниот секретар ја опишал неговата работна посета и го пофалил персоналот за оперативноста во решавање на задачите поврзани со логистика и други проблеми со патувањето.

The post Блинкен со писмо се обратил до персоналот во Стејт департментот со муслиманска вероисповест appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен испратил, писмо со поддршка до персоналот во Стејт департментот со арапско потекло во време кога многу вработени со муслиманска вероисповест изразувале незадоволство од пристапот на САД во однос на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Соговорник на „Политико“ истакнал дека писмото, сепак, не е одговор на незадоволството. Администрацијата на Џо Бајден уште од самиот почеток на кризата изрази безрезервна поддршка за Израел. Во текстот на писмото, Блинкен подвлекол дека пристапот на администрацијата бил избалансиран. Според него, претседателот на САД од самиот почеток дал до знаење дека Вашингтон го поддржува правото на Израел за самоодбрана во рамките на законот, соодветно меѓународните хуманитарни стандарди, вклучувајќи заштита на граѓанско население.
Знам дека за многумина од вас ова е сложено време не само на професионален план но и на личен. Некои од нашите колеги во регионот, посебно меѓу нашиот локален персонал, непосредно настрадаа од насилството, вклучително и поради загуба на роднини и пријатели, напишал Блинкен во писмото.
Понатаму, тој истакнал дека дури и во САД се забележува „бран на страв и фанатизам“ во однос на Американците со арапско потекло, муслиманите и Евреите. Блинкен писмото го испратил откако се вратил од работната посета на блискоисточниот регион. Државниот секретар ја опишал неговата работна посета и го пофалил персоналот за оперативноста во решавање на задачите поврзани со логистика и други проблеми со патувањето.

The post Блинкен со писмо се обратил до персоналот во Стејт департментот со муслиманска вероисповест appeared first on Република.

]]>
Девојчиња што одбиле да ја соблечат муслиманската наметка отстранети од час во Франција https://republika.mk/vesti/svet/devojchina-shto-odbile-da-ja-soblechat-muslimanskata-nametka-otstraneti-od-chas-vo-frantsija/ Tue, 05 Sep 2023 13:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=678983

Француските училишта вчера, на првиот час од новата учебна година испратија дома десетици девојчиња дома откако одбиле да ги соблечат муслиманските наметки (абаја).

Француската Влада минатиот месец забрани носење абаја во училиштата со образложение дека таквата облека ги крши секуларните правила. Франција поради тоа ги забрани и муслиманските марами.

Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата во абаја во понеделникот. Повеќето се согласија да се пресоблечат, но 67 одбија и беа испратени дома, изјави францускиот министер за образование Габриел Атал.

Тој додаде дека девојчињата кои биле отстранети од настава добиле писма за нивните родители во кои се наведува дека „секуларизмот не е принуда, туку слобода“.

Ако повторно во училиште дојдат во абаја ќе се води нов дијалог, посочи Атал.

Претседателот Емануел Макрон вчера изјави дека „малцинството во Франција ја киднапира религијата и ја предизвикува Републиката и секуларизмот“, што доведува до „најлоши последици“ како што е убиството на Самуел Пати пред три години за покажување на настава карикатура на пророкот Мухамед, посочи Макрон.

Муслиманско здружение поднесе тужба до Државниот совет, највисокиот суд во земјата за жалби против државните власти, барајќи да се укине забраната за мажи и жени муслимани да носат традиционална облека врз нивната облека.

Закон од март 2004 година го забрани „носењето облека со која учениците ја демонстрираат верската припадност“ во училиштата, вклучувајќи христијански крстови, еврејски капи и исламски шамии. Абаjите беа сива зона и не беа забранети до сега.

The post Девојчиња што одбиле да ја соблечат муслиманската наметка отстранети од час во Франција appeared first on Република.

]]>

Француските училишта вчера, на првиот час од новата учебна година испратија дома десетици девојчиња дома откако одбиле да ги соблечат муслиманските наметки (абаја). Француската Влада минатиот месец забрани носење абаја во училиштата со образложение дека таквата облека ги крши секуларните правила. Франција поради тоа ги забрани и муслиманските марами.
Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата во абаја во понеделникот. Повеќето се согласија да се пресоблечат, но 67 одбија и беа испратени дома, изјави францускиот министер за образование Габриел Атал.
Тој додаде дека девојчињата кои биле отстранети од настава добиле писма за нивните родители во кои се наведува дека „секуларизмот не е принуда, туку слобода“.
Ако повторно во училиште дојдат во абаја ќе се води нов дијалог, посочи Атал.
Претседателот Емануел Макрон вчера изјави дека „малцинството во Франција ја киднапира религијата и ја предизвикува Републиката и секуларизмот“, што доведува до „најлоши последици“ како што е убиството на Самуел Пати пред три години за покажување на настава карикатура на пророкот Мухамед, посочи Макрон. Муслиманско здружение поднесе тужба до Државниот совет, највисокиот суд во земјата за жалби против државните власти, барајќи да се укине забраната за мажи и жени муслимани да носат традиционална облека врз нивната облека. Закон од март 2004 година го забрани „носењето облека со која учениците ја демонстрираат верската припадност“ во училиштата, вклучувајќи христијански крстови, еврејски капи и исламски шамии. Абаjите беа сива зона и не беа забранети до сега.

The post Девојчиња што одбиле да ја соблечат муслиманската наметка отстранети од час во Франција appeared first on Република.

]]>
Им пречат жени во бикини, Евреи, гејови: Како судирот на светови доведе до „големата војна“ во германските базени https://republika.mk/vesti/svet/im-prechat-zheni-vo-bikini-evrei-gejovi-kako-sudirot-na-svetovi-dovede-do-golemata-vojna-vo-germanskite-bazeni/ Sat, 22 Jul 2023 08:59:50 +0000 https://republika.mk/?p=662881

Наутро сè е во ред кога посетителите се пензионери и мајки со деца. Станува проблематично попладне кога групи млади мажи, главно од арапско потекло, почнуваат да пристигнуваат на базенот и создаваат проблеми, вели за дневниот весник „Билд“ берлински спасител и чувар кој сакаше да остане анонимен. Група млади мигранти, за кои тој вели дека не се бегалци, туку мигранти кои се родени овде, не го препознаваат авторитетот на чуварите кои редовно се соочуваат со закани и навреди, пренесува „Дојче веле“.

Судир на светови

Во последните неколку недели на особено проблематичните базени, како Колумбијабад, кој се наоѓа во берлинскиот кварт Нојколн со висок процент на имигранти од арапските земји, особено од Либан, полицијата по интервенциите ги затвори базените. Колумбијабад сега е затворен и не се знае до кога ќе остане така бидејќи повеќето од редарите и спасувачите зеле боледување поради страв за нивното физичко и ментално здравје.

Питер Харцхајм, претседател на германското здружение на спасувачи, ја потврдува состојбата на германските базени.

На повеќето места за капење е мирно. Проблемите се јавуваат таму каде што има несразмерно висок процент на гости од арапско потекло, вели Харцхајм.

Тој потврдува и дека неколкупати имал закани, најмногу од млади мажи. Спасувачите и чуварите од Колумбијабад велат дека хомосексуалците, жените и Евреите особено се мета на провокација и малтретирање. Тензиите особено пораснале по неодамнешната одлука да се дозволи пливање и сончање топлес во базените.

Тука доаѓа до судир на различните погледи на светот, вели еден редар.

Населбата Нојколн некогаш позната по високиот процент на граѓани со арапско потекло, во последните десет години стана познат по високата концентрација на млади луѓе од целиот свет кои го претворија овој некогашен мигрантски и работнички кварт во популарна дестинација за оние кои бараат забава. Таму живеат и голем број членови на ЛГБТ заедницата. Но, поради редовното малтретирање и навреди од страна на арапските „домородци“, хомосексуалните парови, како што неодамна пишуваа германските медиуми, почнале да му вртат грб на овој кварт.

„Оние кои не ги следат нашите правила“

Управата на градот Берлин не сакаше да ги потврди овие наводи, но од минатиот викенд воведе посебни мерки. Отсега влегувањето во базените е можно само со приложување лична карта. Оваа мерка, како што соопштија од градот, има за цел „јавните капалишта да ги направат побезбедни за посетителите и да им се олесни работата на вработените“. Со легитимирање на посетителите, целта е да се оневозможи посета на оние на кои им е забранет влезот во базенот, открива „Дојче веле“.

На дебатата сега се приклучи и канцеларот Олаф Шолц, кој на својата летна прес-конференција рече дека проблемот со безбедноста на базените повеќе не треба да се игнорира и дека влегувањето на полицијата во базените е „целосно оправдано“. На директно прашање дали станува збор за проблем во интеграцијата на младите од странско потекло, Шолц го заобиколи одговорот и рече дека „оние што создаваат проблеми не се однесуваат според нашите правила“.

Во првиот викенд по воведувањето на мерките за легитимирање, е забележан значителен пад на гости на „проблематичните“ базени и покрај рекордно високите температури.

The post Им пречат жени во бикини, Евреи, гејови: Како судирот на светови доведе до „големата војна“ во германските базени appeared first on Република.

]]>

Наутро сè е во ред кога посетителите се пензионери и мајки со деца. Станува проблематично попладне кога групи млади мажи, главно од арапско потекло, почнуваат да пристигнуваат на базенот и создаваат проблеми, вели за дневниот весник „Билд“ берлински спасител и чувар кој сакаше да остане анонимен. Група млади мигранти, за кои тој вели дека не се бегалци, туку мигранти кои се родени овде, не го препознаваат авторитетот на чуварите кои редовно се соочуваат со закани и навреди, пренесува „Дојче веле“.

Судир на светови

Во последните неколку недели на особено проблематичните базени, како Колумбијабад, кој се наоѓа во берлинскиот кварт Нојколн со висок процент на имигранти од арапските земји, особено од Либан, полицијата по интервенциите ги затвори базените. Колумбијабад сега е затворен и не се знае до кога ќе остане така бидејќи повеќето од редарите и спасувачите зеле боледување поради страв за нивното физичко и ментално здравје. Питер Харцхајм, претседател на германското здружение на спасувачи, ја потврдува состојбата на германските базени.
На повеќето места за капење е мирно. Проблемите се јавуваат таму каде што има несразмерно висок процент на гости од арапско потекло, вели Харцхајм.
Тој потврдува и дека неколкупати имал закани, најмногу од млади мажи. Спасувачите и чуварите од Колумбијабад велат дека хомосексуалците, жените и Евреите особено се мета на провокација и малтретирање. Тензиите особено пораснале по неодамнешната одлука да се дозволи пливање и сончање топлес во базените.
Тука доаѓа до судир на различните погледи на светот, вели еден редар.
Населбата Нојколн некогаш позната по високиот процент на граѓани со арапско потекло, во последните десет години стана познат по високата концентрација на млади луѓе од целиот свет кои го претворија овој некогашен мигрантски и работнички кварт во популарна дестинација за оние кои бараат забава. Таму живеат и голем број членови на ЛГБТ заедницата. Но, поради редовното малтретирање и навреди од страна на арапските „домородци“, хомосексуалните парови, како што неодамна пишуваа германските медиуми, почнале да му вртат грб на овој кварт.

„Оние кои не ги следат нашите правила“

Управата на градот Берлин не сакаше да ги потврди овие наводи, но од минатиот викенд воведе посебни мерки. Отсега влегувањето во базените е можно само со приложување лична карта. Оваа мерка, како што соопштија од градот, има за цел „јавните капалишта да ги направат побезбедни за посетителите и да им се олесни работата на вработените“. Со легитимирање на посетителите, целта е да се оневозможи посета на оние на кои им е забранет влезот во базенот, открива „Дојче веле“. На дебатата сега се приклучи и канцеларот Олаф Шолц, кој на својата летна прес-конференција рече дека проблемот со безбедноста на базените повеќе не треба да се игнорира и дека влегувањето на полицијата во базените е „целосно оправдано“. На директно прашање дали станува збор за проблем во интеграцијата на младите од странско потекло, Шолц го заобиколи одговорот и рече дека „оние што создаваат проблеми не се однесуваат според нашите правила“. Во првиот викенд по воведувањето на мерките за легитимирање, е забележан значителен пад на гости на „проблематичните“ базени и покрај рекордно високите температури.

The post Им пречат жени во бикини, Евреи, гејови: Како судирот на светови доведе до „големата војна“ во германските базени appeared first on Република.

]]>
Шеик Имран Хосеин со повик до муслиманите: Врз Македонија се врши политичко насилство, не ги затворајте очите пред неправдата https://republika.mk/vesti/makedonija/sheik-imran-hosein-so-povik-do-muslimanite-vrz-makedonija-se-vrshi-politichko-nasilstvo-ne-gi-zatvorajte-ochite-pred-nepravdata/ Fri, 08 Jul 2022 21:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=526131

Врз Македонија се врши политичко насилство! Не ги затворајте очите пред неправдата! Застанете на страната на Македонија, апелира исламскиот теолог, филозоф и дипломат Шеик Имран Хосеин. Тој во видео обраќање од Ереван, за време на неговата посета на Ерменија, упати повик до муслиманите да застанат на страната на Македонија и да не поддржуваат крвопролевање.

Хосеин, кој е дипломат при Министерството за надворешни работи на Владата на Тринидад и Тобаго, во видеообраќањето најави посета на Македонија и се осврна актуелните случувања вo земјава по францускиот предлог, кој, според Хосеин, претставува политичко насилство врз Македонија.

Тој апелира муслиманите во Македонија да застанат во одбрана на Македонците и да ги одбијат уцените од ЕУ и Бугарија.

Македонија сега е брутално нападната. Кој било човек што зборува на некој јазик, знае дека ние сме сопственици на нашиот јазик, па така и македонскиот народ го поседува правото на сопственост на својот јазик. Очигледно станува збор за грубо политичко насилство, штом се принудени да прифатат дека нивниот јазик е дијалект на некој си друг јазик. Ова претставува политичко и лингвистичко насилство. И не само што тоа треба да биде осудено, туку, ние муслиманите од целиот Балкан, мора да застанеме во поддршка на онеправданите. Кристално јасно е дека Македонија е угнетена и врз неа се врши политичко насилство. И функцијата, должноста на муслиманот е да застане во одбрана на угнетуваните, и да пружи отпор на угнетувачот, порачува Хосеин.

https://youtu.be/WSvJLNLXchg

The post Шеик Имран Хосеин со повик до муслиманите: Врз Македонија се врши политичко насилство, не ги затворајте очите пред неправдата appeared first on Република.

]]>

Врз Македонија се врши политичко насилство! Не ги затворајте очите пред неправдата! Застанете на страната на Македонија, апелира исламскиот теолог, филозоф и дипломат Шеик Имран Хосеин. Тој во видео обраќање од Ереван, за време на неговата посета на Ерменија, упати повик до муслиманите да застанат на страната на Македонија и да не поддржуваат крвопролевање. Хосеин, кој е дипломат при Министерството за надворешни работи на Владата на Тринидад и Тобаго, во видеообраќањето најави посета на Македонија и се осврна актуелните случувања вo земјава по францускиот предлог, кој, според Хосеин, претставува политичко насилство врз Македонија. Тој апелира муслиманите во Македонија да застанат во одбрана на Македонците и да ги одбијат уцените од ЕУ и Бугарија.