мухамед зекири Archives - Република https://republika.mk/tema/muhamed-zekiri/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 11:34:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мухамед зекири Archives - Република https://republika.mk/tema/muhamed-zekiri/ 32 32 Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-ja-ukina-presudata-protiv-muhamed-zekiri-predmetot-vraten-na-povtorno-sudene/ Fri, 20 Sep 2024 11:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=818154

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд Скопје донел одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

-Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката, се вели во соопштението од Апелација.

При повторното постапување, се вели во решението по предметот од Апелација, потребно е првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 414 став 1 точка 11 од ЗКП, на начин што најпрвин ќе ги утврди сите решителни факти во предметот, кои што имаат битно влијание за правилна примена на Кривичниот законик, при оценката за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот.

При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита, се вели во решението од Апелација.

Основниот кривичен суд Скопје во декември минатата година го огласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, Зеќири, судот го задолжи да ја надомести и штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари

Зеќири е осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.

The post Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд Скопје донел одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. -Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката, се вели во соопштението од Апелација. При повторното постапување, се вели во решението по предметот од Апелација, потребно е првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 414 став 1 точка 11 од ЗКП, на начин што најпрвин ќе ги утврди сите решителни факти во предметот, кои што имаат битно влијание за правилна примена на Кривичниот законик, при оценката за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот.
При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита, се вели во решението од Апелација.
Основниот кривичен суд Скопје во декември минатата година го огласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, Зеќири, судот го задолжи да ја надомести и штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари Зеќири е осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.

The post Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: За повлечената коса на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-za-povlechenata-kosa-na-shekerinska-4-godini-zatvor-a-za-ukradeni-1-milion-evra-dve-i-pol-godini/ Fri, 01 Dec 2023 14:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=718397

Измените на Казнениот законик најдобро се гледаат во денешната пресуда на Мухамед Зекири. Казната во старите одредби на законикот изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени, затвор до 5 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

За косата на Радмила Шекеринска човек е казнет 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра Зекири е осуден на две и пол години затвор. Ова се придобивките од шверцерските измени кои беа направени пред еден месец. СДС фразата „Нема правда нема мир“ ја претвори во мртво слово на хартија. Селективната правда е неправда, за едни правосудниот систем е мајка и дава благи казни, а за други е маќеа и драконски ги казнува. Во конкретниот случај, правосудните органи не се ни потрудија да ја прошират истрагата и да откријат кој се стои зад овој скандал со злоупотреба на народните пари. Самиот Зекири кажува дека целата постапка ја водел според тоа како му кажале во влада, особено според насоките на Фатмир Битиќи, кој бил одговорен за процесот и кој ги давал насоките за физибилити студијата за приватизација на македонски пошти, се наведува во партиското соопштение.

Впрочем токму во тоа треба да се бара олеснителната казна за Зекири, велат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: За повлечената коса на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години appeared first on Република.

]]>

Измените на Казнениот законик најдобро се гледаат во денешната пресуда на Мухамед Зекири. Казната во старите одредби на законикот изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени, затвор до 5 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. За косата на Радмила Шекеринска човек е казнет 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра Зекири е осуден на две и пол години затвор. Ова се придобивките од шверцерските измени кои беа направени пред еден месец. СДС фразата „Нема правда нема мир“ ја претвори во мртво слово на хартија. Селективната правда е неправда, за едни правосудниот систем е мајка и дава благи казни, а за други е маќеа и драконски ги казнува. Во конкретниот случај, правосудните органи не се ни потрудија да ја прошират истрагата и да откријат кој се стои зад овој скандал со злоупотреба на народните пари. Самиот Зекири кажува дека целата постапка ја водел според тоа како му кажале во влада, особено според насоките на Фатмир Битиќи, кој бил одговорен за процесот и кој ги давал насоките за физибилити студијата за приватизација на македонски пошти, се наведува во партиското соопштение. Впрочем токму во тоа треба да се бара олеснителната казна за Зекири, велат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: За повлечената коса на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години appeared first on Република.

]]>
Почна судењето: Зекири не се чуствува виновен https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-sudenjeto-zekiri-ne-se-chustvuva-vinoven/ Thu, 15 Dec 2022 10:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=585864

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербални докази, како и вешт наод, ќе го докажат товарот.

Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

– Обвинетиот Мухамед Зеќири извршувал именувана функција генерален секретар на Влада на Република Македонија и како носител на таква државна фунција го сторил кривичното дело во рамките на кое со умисла, што значи свесно и со своја волева намера, не спровел соодветни постапки за јавни набавки како што истото е предвидено согласно Законот за јавни набавки во Република Македонија, а двете конкретни услуги се однесуваат на вршење на договори за консултантски услуги, рече обвинителката.

Таа појасни дека првиот случај се работи за кнсултантни услуги за реконстуирање на АД Пошта во државна сопственост, а второто за консултантски услуги за поддршка на процесот на потенцијална приватизација на „ЖРСМ Транспорт“ АД Скопје.

– Обвинителството ќе докаже дека иако обвинетиот Мухамед Зеќири, како генерален секретар на Влада, со заклучок на Владата бил задолжен да спроведе постапка во рамките на која ќе се ангажира фирма, поточно консултантска куќа, која што ќе го даде предлог моделот за реконструирање на АД „Пошта на Република Македонија“, во државна сопственост, тоа не значи дека Владата го ослободила сега обвинетиот како генерален секретар, од неговата одговорност да ги почитува законите во Република Македонија донесени од страна на нејзинот законодавен дом, односно, со ваквиот заклучок не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи со правни лица за кои истиот мислел дека се компетентни да ја вршат услугата која што била прдмет на договорот, рече таа.

Обвинителката дополни дека обвинителството ќе докаже дека правното лице кое е договорна страна на договорот за консултантски услуги за АД Пошта, „Интерхолдинг„ ДОО всушност е правно лице кое што било основано во земјава, непосредно пред склучувањето на договорот и кое што, како што посочи, реално, од доказите кои обвинителството ги обезбеди, во неговото пријавено седиште во Скопје не обавува никаква дејност.

Таа потсети дека истражната постапка, која покрај обвинетиот Мухамед Зеќири, се водеше и против две други лица државјани на Хрватска, е во прекин, поради нивната недостапност на органите на прогон.

Зеќири се товари дека преку овие дејствија го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.

Одбраната на обвинетиот Зеќири во своите воведни зборови денеска кажа дека во текот на постапката ќе докаже дека обвинетиот не го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

– Одбраната во текот на постапката ќе докаже дека обвинетито не го сторил кривичното дело кое му се става на товар, дека во неговите дејстивја нема инкриминирачки елемнти и во поглед на законска дозволеност на неговите дејствија што му се става на товар и во поглед на евентуалната штета, рече адвокатот Владимир Андреевски.

Според него, она што го слушнавме како обвинителен акт и во писмена форма и на денешната презентација е, како што рече „полуполитички говор за некакви принципи, цели, и други начелни прашања“.

– А никаде не слушнавме, ниту видовме, која законска одредба е прекршена од страна на обвинетите, односно, каква повреда конкретна и на кој материјален закон е направена за да му се стави на товар, рече тој.

Одбраната посочи дека очекува олободителна пресуда за обвинетиот Мухамед Зеќири.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, судењето продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителството.

The post Почна судењето: Зекири не се чуствува виновен appeared first on Република.

]]>

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербални докази, како и вешт наод, ќе го докажат товарот. Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. – Обвинетиот Мухамед Зеќири извршувал именувана функција генерален секретар на Влада на Република Македонија и како носител на таква државна фунција го сторил кривичното дело во рамките на кое со умисла, што значи свесно и со своја волева намера, не спровел соодветни постапки за јавни набавки како што истото е предвидено согласно Законот за јавни набавки во Република Македонија, а двете конкретни услуги се однесуваат на вршење на договори за консултантски услуги, рече обвинителката. Таа појасни дека првиот случај се работи за кнсултантни услуги за реконстуирање на АД Пошта во државна сопственост, а второто за консултантски услуги за поддршка на процесот на потенцијална приватизација на „ЖРСМ Транспорт“ АД Скопје. – Обвинителството ќе докаже дека иако обвинетиот Мухамед Зеќири, како генерален секретар на Влада, со заклучок на Владата бил задолжен да спроведе постапка во рамките на која ќе се ангажира фирма, поточно консултантска куќа, која што ќе го даде предлог моделот за реконструирање на АД „Пошта на Република Македонија“, во државна сопственост, тоа не значи дека Владата го ослободила сега обвинетиот како генерален секретар, од неговата одговорност да ги почитува законите во Република Македонија донесени од страна на нејзинот законодавен дом, односно, со ваквиот заклучок не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи со правни лица за кои истиот мислел дека се компетентни да ја вршат услугата која што била прдмет на договорот, рече таа. Обвинителката дополни дека обвинителството ќе докаже дека правното лице кое е договорна страна на договорот за консултантски услуги за АД Пошта, „Интерхолдинг„ ДОО всушност е правно лице кое што било основано во земјава, непосредно пред склучувањето на договорот и кое што, како што посочи, реално, од доказите кои обвинителството ги обезбеди, во неговото пријавено седиште во Скопје не обавува никаква дејност. Таа потсети дека истражната постапка, која покрај обвинетиот Мухамед Зеќири, се водеше и против две други лица државјани на Хрватска, е во прекин, поради нивната недостапност на органите на прогон. Зеќири се товари дека преку овие дејствија го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари. Одбраната на обвинетиот Зеќири во своите воведни зборови денеска кажа дека во текот на постапката ќе докаже дека обвинетиот не го сторил кривичното дело кое му се става на товар. – Одбраната во текот на постапката ќе докаже дека обвинетито не го сторил кривичното дело кое му се става на товар, дека во неговите дејстивја нема инкриминирачки елемнти и во поглед на законска дозволеност на неговите дејствија што му се става на товар и во поглед на евентуалната штета, рече адвокатот Владимир Андреевски. Според него, она што го слушнавме како обвинителен акт и во писмена форма и на денешната презентација е, како што рече „полуполитички говор за некакви принципи, цели, и други начелни прашања“. – А никаде не слушнавме, ниту видовме, која законска одредба е прекршена од страна на обвинетите, односно, каква повреда конкретна и на кој материјален закон е направена за да му се стави на товар, рече тој. Одбраната посочи дека очекува олободителна пресуда за обвинетиот Мухамед Зеќири. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, судењето продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителството.

The post Почна судењето: Зекири не се чуствува виновен appeared first on Република.

]]>
Правосудни апсурди, двајца генерални секретари на влада осомничени за криминали до гуша, а премиерите чисти https://republika.mk/vesti/makedonija/pravosudni-apsurdi-dvajca-generalni-sekretari-na-vlada-osomnicheni-za-kriminali-do-gusha-a-premierite-chisti/ Tue, 04 Oct 2022 19:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=557421

Обвинението за поранешниот секретар на влада Мухамед Зекири покажува две работи, едната е дека владите на СДС се инкубатор за криминал, а втората е дека правосудните органи ги гонат селективно само спроведувачите, а не организаторите на криминалот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нејасно е како може  Зекири да биде обвинет за штета на буџетот од 1,5 милиони евра, а неговиот претходник генерален секретар на влада Рашковски за перење на пари и незаконски набавки, а притоа премиерите да бидат чисти. Постојат основани сомненија дека криминалите, за кои се товарат овие двајца,  биле  иницирани и  спроведувани по насока на нивниот претпоставен или претпоставени. Правосудни апсурди.

Ете затоа народот има недоверба кон правосудството од 92%. Правосудните органи ја штитат главата на криминалот, а само кога не може да замижат пред очигледните докази за криминал, ги гонат пониските ешалони. И во таквите случаи поситните риби поминуваат со најмали можни казни.

Одговорност за сите криминали на оваа власт на клептоманите од СДС мора да има, но од најниските спроведувачите до врвот на криминогената пирамида. Ако тоа не може да го спроведе ова обвинителство предводено од послушникот Јовевски, тоа ќе го спроведе некое друго ослободено и професионално обвинителство, велат оттаму.

The post Правосудни апсурди, двајца генерални секретари на влада осомничени за криминали до гуша, а премиерите чисти appeared first on Република.

]]>

Обвинението за поранешниот секретар на влада Мухамед Зекири покажува две работи, едната е дека владите на СДС се инкубатор за криминал, а втората е дека правосудните органи ги гонат селективно само спроведувачите, а не организаторите на криминалот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Нејасно е како може  Зекири да биде обвинет за штета на буџетот од 1,5 милиони евра, а неговиот претходник генерален секретар на влада Рашковски за перење на пари и незаконски набавки, а притоа премиерите да бидат чисти. Постојат основани сомненија дека криминалите, за кои се товарат овие двајца,  биле  иницирани и  спроведувани по насока на нивниот претпоставен или претпоставени. Правосудни апсурди. Ете затоа народот има недоверба кон правосудството од 92%. Правосудните органи ја штитат главата на криминалот, а само кога не може да замижат пред очигледните докази за криминал, ги гонат пониските ешалони. И во таквите случаи поситните риби поминуваат со најмали можни казни. Одговорност за сите криминали на оваа власт на клептоманите од СДС мора да има, но од најниските спроведувачите до врвот на криминогената пирамида. Ако тоа не може да го спроведе ова обвинителство предводено од послушникот Јовевски, тоа ќе го спроведе некое друго ослободено и професионално обвинителство, велат оттаму.

The post Правосудни апсурди, двајца генерални секретари на влада осомничени за криминали до гуша, а премиерите чисти appeared first on Република.

]]>
Соработникот на Зекири уапсен во Словенија, почната постапка за екстрадиција https://republika.mk/vesti/makedonija/sorabotnikot-na-zekiri-uapsen-vo-slovenija-pochnata-postapka-za-ekstradicija/ Thu, 14 Jul 2022 08:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=528483

Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ, информираа денеска од Министерството за правда. Иванагиќ се води како коспоственик на консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое се споменува во случајот со притворањето на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и „Македонска пошта“.

Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, наведуваат од Министерството за правда.

Иванагиќ, се наоѓа во екстрадициски притвор во Словенија, откако е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, врз основа на распишана меѓународна потерница.

До Министерството за надворешни работи на Македонија се уште нема пристигнато известување за овој случај.

The post Соработникот на Зекири уапсен во Словенија, почната постапка за екстрадиција appeared first on Република.

]]>

Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ, информираа денеска од Министерството за правда. Иванагиќ се води како коспоственик на консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое се споменува во случајот со притворањето на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и „Македонска пошта“.
Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, наведуваат од Министерството за правда.
Иванагиќ, се наоѓа во екстрадициски притвор во Словенија, откако е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, врз основа на распишана меѓународна потерница. До Министерството за надворешни работи на Македонија се уште нема пристигнато известување за овој случај.

The post Соработникот на Зекири уапсен во Словенија, почната постапка за екстрадиција appeared first on Република.

]]>
Словенечката полиција уапси еден од Хрватите кои соработувале со Мухамед Зеќири https://republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-policija-uapsi-eden-od-hrvatite-koi-sorabotuvale-so-muhamed-zekjiri/ Wed, 13 Jul 2022 17:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=528232

Во екстрадиционен притвор се наоѓа Хрватот Данијел Иванагиќ кој се бараше со меѓународна потерница, а е осомничен во истиот случај каде е и ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Иванагиќ, управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“ од кое според Обвинителството, Зеќири нарачал физибилити-студија, е упасен во Словенија. Според информациите, тој бил задржан на граничен премин, кога се обидел од Хрватска да влезе во Словенија.

За Иванагиќ беше распишана меѓународна потерница, што и натаму е активна за Денис Фудуриќ, основач на фирмата каде Обвинителството тврди дека Зеќири исплатил пари, без да ја избере на тендер.

Судија на претходна постапка, по барање на обвинителката Катерина Коларевиќ, одреди притвор за Иванагиќ пред три месеци, кое треба да биде спроведено по неговото пронаоѓање.

The post Словенечката полиција уапси еден од Хрватите кои соработувале со Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>

Во екстрадиционен притвор се наоѓа Хрватот Данијел Иванагиќ кој се бараше со меѓународна потерница, а е осомничен во истиот случај каде е и ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Иванагиќ, управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“ од кое според Обвинителството, Зеќири нарачал физибилити-студија, е упасен во Словенија. Според информациите, тој бил задржан на граничен премин, кога се обидел од Хрватска да влезе во Словенија. За Иванагиќ беше распишана меѓународна потерница, што и натаму е активна за Денис Фудуриќ, основач на фирмата каде Обвинителството тврди дека Зеќири исплатил пари, без да ја избере на тендер. Судија на претходна постапка, по барање на обвинителката Катерина Коларевиќ, одреди притвор за Иванагиќ пред три месеци, кое треба да биде спроведено по неговото пронаоѓање.

The post Словенечката полиција уапси еден од Хрватите кои соработувале со Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>
Хрват-соработник на Мухамед Зеќири е уапсен во Словенија, чека екстрадиција во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/hrvat-sorabotnik-na-muhamed-zekjiri-e-uapsen-vo-slovenija-cheka-ekstradicija-vo-makedonija/ Wed, 13 Jul 2022 15:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=528166

По барање на македонските власти, во Словенија е уапсен и сместен во екстрадициски притвор Даниел Иванагиќ, хрватски државјанин и косопственик на компанијата Интерхолдинг, вмешана во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Како што објави Еспресо.мк, се чека одлука за екстрадиција на Иванагиќ во Македонија.

Меѓутоа, откако на Зекири му е одреден куќен притвор од здравствени причини, откако речиси еден месец беше на Инфективната клиника во Скопје поради труење, одбраната на Иванагиќ се обидува да ја спречи екстрадицијата, повикувајќи се на извештаите за лошите услови во македонските затвори, пишува Еспресо.

Иванагиќ е осомничен за помагање на Зеќири во наводната злоупотреба на службената положба и овластувања при изработката на студија за реструктуирање на Македонска пошта. Зеќири негира дека во овој случај има каква било злоупотреба на службената положба.

Обвинителството сѐ уште работи на прибирање на доказите и чека на исказите на Иванагиќ.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 8 април соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и против, тогаш генералниот секретар на Владата.

The post Хрват-соработник на Мухамед Зеќири е уапсен во Словенија, чека екстрадиција во Македонија appeared first on Република.

]]>

По барање на македонските власти, во Словенија е уапсен и сместен во екстрадициски притвор Даниел Иванагиќ, хрватски државјанин и косопственик на компанијата Интерхолдинг, вмешана во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Како што објави Еспресо.мк, се чека одлука за екстрадиција на Иванагиќ во Македонија. Меѓутоа, откако на Зекири му е одреден куќен притвор од здравствени причини, откако речиси еден месец беше на Инфективната клиника во Скопје поради труење, одбраната на Иванагиќ се обидува да ја спречи екстрадицијата, повикувајќи се на извештаите за лошите услови во македонските затвори, пишува Еспресо. Иванагиќ е осомничен за помагање на Зеќири во наводната злоупотреба на службената положба и овластувања при изработката на студија за реструктуирање на Македонска пошта. Зеќири негира дека во овој случај има каква било злоупотреба на службената положба. Обвинителството сѐ уште работи на прибирање на доказите и чека на исказите на Иванагиќ. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 8 април соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и против, тогаш генералниот секретар на Владата.

The post Хрват-соработник на Мухамед Зеќири е уапсен во Словенија, чека екстрадиција во Македонија appeared first on Република.

]]>
Нова истрага за Зекири за слично кривично дело https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-istraga-za-zekiri-za-slichno-krivichno-delo/ Fri, 08 Jul 2022 15:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=526052

Решението на Апелација открива дека обвинителството може да ја прошири истрагата за екс генералниот секретар во владата Мухамед Зекири, кој останува во куќен притвор уште триесет дена, објави Телма.

Тоа се навестува во делот од решението со кој се цитира образложението на  обвинителството за организиран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за сличен кривично-правен настан, поради што ќе биде потребно истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности“, се наведува во одлуката на Апелацискиот суд кој го цитира барањето

The post Нова истрага за Зекири за слично кривично дело appeared first on Република.

]]>

Решението на Апелација открива дека обвинителството може да ја прошири истрагата за екс генералниот секретар во владата Мухамед Зекири, кој останува во куќен притвор уште триесет дена, објави Телма. Тоа се навестува во делот од решението со кој се цитира образложението на  обвинителството за организиран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата. Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за сличен кривично-правен настан, поради што ќе биде потребно истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности“, се наведува во одлуката на Апелацискиот суд кој го цитира барањето

The post Нова истрага за Зекири за слично кривично дело appeared first on Република.

]]>
Зекири на Инфективна, се сомневаат на труење https://republika.mk/vesti/makedonija/zekiri-na-infektivna-se-somnevaat-na-truenje/ Tue, 07 Jun 2022 15:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=512293

Мухамед Зекири е префрлен на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од скопскиот затвор во Шутка за Телма. Судот одобрил трансфер на поранешниот генерален сексретар поради сомнежи за евентуално труење, по што тој вчера попладне бил пренесен во болница.

Од затворот за телевизијата одговорија дека барањето за трансфер во болница е упатено до судот уште минатата недела, но било одговорено и одобрено вчера. Нема објаснување зошто Зекири не е префрлен во арестантското одделение наменето за притвореници и осуденици туку е однесен на Инфективната клиника.

Од Кривичниот суд велат дека по добиено барање и известие за влошена здравствена состојба од надлежните служби во Затвор Скопје во најбрз можен рок е одобрено лекување на притворениот во соодветна медицинска установа.

Денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена притвор. Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зеќири поднесе жалби, кои беа одбиени.

The post Зекири на Инфективна, се сомневаат на труење appeared first on Република.

]]>

Мухамед Зекири е префрлен на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од скопскиот затвор во Шутка за Телма. Судот одобрил трансфер на поранешниот генерален сексретар поради сомнежи за евентуално труење, по што тој вчера попладне бил пренесен во болница. Од затворот за телевизијата одговорија дека барањето за трансфер во болница е упатено до судот уште минатата недела, но било одговорено и одобрено вчера. Нема објаснување зошто Зекири не е префрлен во арестантското одделение наменето за притвореници и осуденици туку е однесен на Инфективната клиника. Од Кривичниот суд велат дека по добиено барање и известие за влошена здравствена состојба од надлежните служби во Затвор Скопје во најбрз можен рок е одобрено лекување на притворениот во соодветна медицинска установа. Денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена притвор. Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зеќири поднесе жалби, кои беа одбиени.  

The post Зекири на Инфективна, се сомневаат на труење appeared first on Република.

]]>
Зеќири останува во притвор, одлучи Апелација https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zekjiri-ostanuva-vo-pritvor-odluchi-apelacija/ Tue, 31 May 2022 12:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=509285

Апеалциоскиот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири да остане во притвор.

Поранешниот генерален секретар во Владата пред неколку дена од апелациските судии побара да биде пуштен на слобода.

На јавната седница на Апелацискиот суд Зеќири убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор. Апелацискиот суд во понеделник ќе одлучи дали Зекири да излезе или и понатаму ќе остане во притворот во Шутка.

-Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година, бидејќи знаев дека се води постапка. Не размислувам ниту имам зошто да бегам, кажа Зеќири.

Обвинителството се сомнева дека Зеќири заедно со уште двајца хрватски државјани го оштетиле Буџетот на државата за околу 800 илјади евра за договор за советнички услуги на Владата, склучен без тендер.

Зеќири дојде на функцијата генерален секретар на Владата откако тогашниот, Драги Рашковски, се повлече поради истрага, а подоцна и обвинение за скандалот со набавката на софтвер тежок 100 илјади евра.

The post Зеќири останува во притвор, одлучи Апелација appeared first on Република.

]]>

Апеалциоскиот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири да остане во притвор. Поранешниот генерален секретар во Владата пред неколку дена од апелациските судии побара да биде пуштен на слобода.
На јавната седница на Апелацискиот суд Зеќири убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор. Апелацискиот суд во понеделник ќе одлучи дали Зекири да излезе или и понатаму ќе остане во притворот во Шутка.
-Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година, бидејќи знаев дека се води постапка. Не размислувам ниту имам зошто да бегам, кажа Зеќири. Обвинителството се сомнева дека Зеќири заедно со уште двајца хрватски државјани го оштетиле Буџетот на државата за околу 800 илјади евра за договор за советнички услуги на Владата, склучен без тендер. Зеќири дојде на функцијата генерален секретар на Владата откако тогашниот, Драги Рашковски, се повлече поради истрага, а подоцна и обвинение за скандалот со набавката на софтвер тежок 100 илјади евра.

The post Зеќири останува во притвор, одлучи Апелација appeared first on Република.

]]>
Зекири останува во притвор, судот не ја прифати гаранцијата во имот https://republika.mk/vesti/makedonija/zekiri-ostanuva-vo-pritvor-sudot-ne-ja-prifati-garancijata-vo-imot/ Thu, 05 May 2022 17:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=498194

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доби нови 30 денови притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот го одбил залогот во недвижен имот како гаранција дека нема да се даде во бегство.

Зекири е во притвор од 9 април, како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Обвинителството го сомничи генералниот секретар дека од април 2021 до јануари 2022 година, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Во истрагата осомничени се и двајца хрватски државјани, а случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Македонија“.

Зеќири негирше вина во предметот.

The post Зекири останува во притвор, судот не ја прифати гаранцијата во имот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доби нови 30 денови притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. Судот го одбил залогот во недвижен имот како гаранција дека нема да се даде во бегство. Зекири е во притвор од 9 април, како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Обвинителството го сомничи генералниот секретар дека од април 2021 до јануари 2022 година, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги. Во истрагата осомничени се и двајца хрватски државјани, а случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Македонија“. Зеќири негирше вина во предметот.

The post Зекири останува во притвор, судот не ја прифати гаранцијата во имот appeared first on Република.

]]>
Лефков до Ковачевски: Зекири ви се случувал пред нос, не сте знаеле или сте биле соработник? https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-do-kovachevski-zekiri-vi-se-sluchuval-pred-nos-ne-ste-znaele-ili-ste-bile-sorabotnik/ Thu, 28 Apr 2022 12:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=494790

Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања истакна дека има едно прашање за премиерот Ковачевски, а другите две прашања би сакал да ги постави на обвинителот Јовевски.

Почитуван премиер Ковачевски, од изборот на Владата до денеска се случија многу непријатни моменти и за јавноста и за граѓаните. Во Македонија од Владата преводена од Вас за жал се живее секој ден се потешко. Меѓутоа гледам дека за тоа не сте многу загрижени. Имаме енергетска криза, галопирачка инфлација, зголемување на сиромаштијата, живееме во национална катастрофа. Имаме премиер, извинете што ќе речам меѓутоа кој што народот не го познава, кој што предводи една опструирана Влада и да знаете дека тоа е вистината. Меѓутоа она што би сакал сега да зборувам, нема да зборувам за новото задолжување кое што го најавивте и тоа 900 милиони евра, ново задолжување, тонеме од ден во ден. Меѓутоа нема за тоа да зборувам, сакам да зборувам за нешто друго, а би сакал да зборувам отворено овде од говорница за Вашите релации со криминалот во Владата, да разговараме за Вашата одговорност во владата. имено Вашиот генерален секретар е фатен во тежок криминал. Двајца генерални секретари фатени во тежок криминал во рок од пет години. Сега гледаме дека генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска документација. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле државни пари. За Зекири се бара притвор, за хрватските државјани се сознанијата дека се надвор од земјата. Случајот за злоупотреби на  генералниот секретар беше обелоденет на 08.04.2022 и како што е познато тие изготвувале физибилити студија која што чинела еден милион евра, потсети Лефков.

Лефков додаде дека Ковачевски Зекири во Собрание го има предложено за генерален секретар на Влада.

Она што сакам да Ве прашам следното, на 11-та седница на Владата сте донеле заклучок со кој што Владата ги задолжил заменикот на претседател на Владата задолжен за економски прашања, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат подготовка на физибилити студија. Како Битиќи, Крешник Бектеши и Јани Макрадули кои биле задолжени за постапката се поврзани со криминалот на Мухамед Зекири, односно со криминалот на генералниот секретар? Колку прекршоци се направени? Дали сметате дека има и дополнителни прекршоци на етичкиот кодекс со кој што се фалевте дека ќе се борите против корупција? Дали размислувате и дали чувствувате одговорност од ова што се случувало во Владата, во која Вие ја водите, што практично ви се случувало пред нос, а Вие или не сте знаеле, или сте биле соработник, го запраша Лефков Ковачевски.

Вие сте претставник на политичка партија која што е корумпирана партија и која што има пресуди за злосторничко здружување и која што е синоним за криминал и корупција. Тоа го потврдуваат судски пресуди во кои се осудени и обвинети функционери на ВМРО - ДПМНЕ но и нивни признанија пред македонските судови, му одговори Ковачевски на Лефков. Додаде дека со судските одлуки за Титаник, Плацеви на Водно, Тенк и многу други е потврдено дека постоело здружување, перење на пари, незаконско богатење преку оф шор фирми, изборни измами, криминализација на изборниот процес.

Законски пресуди има веќе за предмет Тврдина, за насилно прислушување и кршење на човекови права. Тројца секретари на ВМРО - ДПМНЕ имаат признаено вина и потврдија дека ова е правено во партијата. 11 години ВМРО ја фалсификуваше војлата на граѓаните и тоа токму преку вакви активности, нагласи Ковачевски.

Во врска со истрагата што се води против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, Ковачевски рече дека на барање на бирото за јавна безбедност, оддел за сузбивање на организриран и сериозен криминал, секторот за криминалистички истраги, единицата за финансиски истраги Владата ја предаде целата документација.

Јас не толерирам никого без разлика на политичката припадност и се придржувам на тоа. Во истиот момент кога беше објавено дека постои истрага од јавното обвинителство, генералниот секретар на Владата поднесе оставка, таа беше во истиот момент прифатена и на наредна седница е именуван нов генерален секретар на Владата, нагласи Ковачевски.

Ковачевски, го упати Лефков, за сите понатамошни прашања, со оглед на тоа дека јавното обвинителство е независно и судството е независно, одговори за ова да побара во обвинителството или во судството доколку се води судска постапка.

Лефков следното прашање го постави до Љубомир Јовевски во врска кривичната пријава која што беше поднесена од државното правобранителство против Артан Ајро специјален обвинител на Специјалното јавно обвинителство сега обвинител во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Гаврил Бубевски поранешен специјален обвинител на СЈО сега шеф на Основно јавно обвинителство – Скопје и Арафат Муареми поранешен истражител на Специјалното јавното обвинителство, а сега директор на Управата за финансиска полиција и Сеад Кочан поранешен сопственик на „Трансмет“. Според кривичната пријава од правобранителството тие заедно и со меѓусебен договор организирано во група првопријавениот Арта Ајро и второпријавениот Гаврил Бубевски во постапка пред суд, а трето пријавениот Арафат Муареми во истражна постапка знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот Сеад Кочан дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконското постапување од страна на четвртопријавениот, а првопријавениот и второпријавениот според кривичната пријава не ги презеле сите законски пропишани и правни дејствија кои биле должни да ги преземат во постапка. што се случува, до каде е оваа постапка?

Она што е заедничко и за првото и второто прашање е и што и двете беа обелоденети на 08.04.2022 година, црн петок кога дознаваме дека и генералниот секретар е вмешан во криминал тежок еден милион евра и во исто време дознаваме дека и имот кој што требало да биде запленет и да биде сопственост на државата се раскрчмувал, се делел, без никој да води сметка, појасни Лефков.

Лефков третото прашање кое што го постави исто така беше насочено кон обвинителот Јовевски.

Последното прашање ми е навистина мачно и тешко да го поставам, меѓутоа седум месеци поминаа од стравичната несреќа во модуларната болница во Тетово. Седум месеци, од 8-ми септември до денеска, каде што ни гореа живи луѓе и Вие секогаш успевате да ја замолчите јавноста кога кажувате дека такви теми биле многу мачни, биле многу тешки и не треба да зборуваме. Па, не смееме да ги оставиме тие работи да бидат заборавени. Сакам да Ве прашам дали кривично некој ќе одговара з апожарот во модуларната болница во Тетово, запраша Лефков.

Лефков рече дека апсурдна е ситуацијата да се чека превод на извештаите со месеци.

The post Лефков до Ковачевски: Зекири ви се случувал пред нос, не сте знаеле или сте биле соработник? appeared first on Република.

]]>

Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања истакна дека има едно прашање за премиерот Ковачевски, а другите две прашања би сакал да ги постави на обвинителот Јовевски.
Почитуван премиер Ковачевски, од изборот на Владата до денеска се случија многу непријатни моменти и за јавноста и за граѓаните. Во Македонија од Владата преводена од Вас за жал се живее секој ден се потешко. Меѓутоа гледам дека за тоа не сте многу загрижени. Имаме енергетска криза, галопирачка инфлација, зголемување на сиромаштијата, живееме во национална катастрофа. Имаме премиер, извинете што ќе речам меѓутоа кој што народот не го познава, кој што предводи една опструирана Влада и да знаете дека тоа е вистината. Меѓутоа она што би сакал сега да зборувам, нема да зборувам за новото задолжување кое што го најавивте и тоа 900 милиони евра, ново задолжување, тонеме од ден во ден. Меѓутоа нема за тоа да зборувам, сакам да зборувам за нешто друго, а би сакал да зборувам отворено овде од говорница за Вашите релации со криминалот во Владата, да разговараме за Вашата одговорност во владата. имено Вашиот генерален секретар е фатен во тежок криминал. Двајца генерални секретари фатени во тежок криминал во рок од пет години. Сега гледаме дека генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска документација. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле државни пари. За Зекири се бара притвор, за хрватските државјани се сознанијата дека се надвор од земјата. Случајот за злоупотреби на  генералниот секретар беше обелоденет на 08.04.2022 и како што е познато тие изготвувале физибилити студија која што чинела еден милион евра, потсети Лефков.
Лефков додаде дека Ковачевски Зекири во Собрание го има предложено за генерален секретар на Влада.
Она што сакам да Ве прашам следното, на 11-та седница на Владата сте донеле заклучок со кој што Владата ги задолжил заменикот на претседател на Владата задолжен за економски прашања, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат подготовка на физибилити студија. Како Битиќи, Крешник Бектеши и Јани Макрадули кои биле задолжени за постапката се поврзани со криминалот на Мухамед Зекири, односно со криминалот на генералниот секретар? Колку прекршоци се направени? Дали сметате дека има и дополнителни прекршоци на етичкиот кодекс со кој што се фалевте дека ќе се борите против корупција? Дали размислувате и дали чувствувате одговорност од ова што се случувало во Владата, во која Вие ја водите, што практично ви се случувало пред нос, а Вие или не сте знаеле, или сте биле соработник, го запраша Лефков Ковачевски.
Вие сте претставник на политичка партија која што е корумпирана партија и која што има пресуди за злосторничко здружување и која што е синоним за криминал и корупција. Тоа го потврдуваат судски пресуди во кои се осудени и обвинети функционери на ВМРО - ДПМНЕ но и нивни признанија пред македонските судови, му одговори Ковачевски на Лефков. Додаде дека со судските одлуки за Титаник, Плацеви на Водно, Тенк и многу други е потврдено дека постоело здружување, перење на пари, незаконско богатење преку оф шор фирми, изборни измами, криминализација на изборниот процес.
Законски пресуди има веќе за предмет Тврдина, за насилно прислушување и кршење на човекови права. Тројца секретари на ВМРО - ДПМНЕ имаат признаено вина и потврдија дека ова е правено во партијата. 11 години ВМРО ја фалсификуваше војлата на граѓаните и тоа токму преку вакви активности, нагласи Ковачевски.
Во врска со истрагата што се води против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, Ковачевски рече дека на барање на бирото за јавна безбедност, оддел за сузбивање на организриран и сериозен криминал, секторот за криминалистички истраги, единицата за финансиски истраги Владата ја предаде целата документација.
Јас не толерирам никого без разлика на политичката припадност и се придржувам на тоа. Во истиот момент кога беше објавено дека постои истрага од јавното обвинителство, генералниот секретар на Владата поднесе оставка, таа беше во истиот момент прифатена и на наредна седница е именуван нов генерален секретар на Владата, нагласи Ковачевски.
Ковачевски, го упати Лефков, за сите понатамошни прашања, со оглед на тоа дека јавното обвинителство е независно и судството е независно, одговори за ова да побара во обвинителството или во судството доколку се води судска постапка. Лефков следното прашање го постави до Љубомир Јовевски во врска кривичната пријава која што беше поднесена од државното правобранителство против Артан Ајро специјален обвинител на Специјалното јавно обвинителство сега обвинител во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Гаврил Бубевски поранешен специјален обвинител на СЈО сега шеф на Основно јавно обвинителство – Скопје и Арафат Муареми поранешен истражител на Специјалното јавното обвинителство, а сега директор на Управата за финансиска полиција и Сеад Кочан поранешен сопственик на „Трансмет“. Според кривичната пријава од правобранителството тие заедно и со меѓусебен договор организирано во група првопријавениот Арта Ајро и второпријавениот Гаврил Бубевски во постапка пред суд, а трето пријавениот Арафат Муареми во истражна постапка знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот Сеад Кочан дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконското постапување од страна на четвртопријавениот, а првопријавениот и второпријавениот според кривичната пријава не ги презеле сите законски пропишани и правни дејствија кои биле должни да ги преземат во постапка. што се случува, до каде е оваа постапка?
Она што е заедничко и за првото и второто прашање е и што и двете беа обелоденети на 08.04.2022 година, црн петок кога дознаваме дека и генералниот секретар е вмешан во криминал тежок еден милион евра и во исто време дознаваме дека и имот кој што требало да биде запленет и да биде сопственост на државата се раскрчмувал, се делел, без никој да води сметка, појасни Лефков.
Лефков третото прашање кое што го постави исто така беше насочено кон обвинителот Јовевски.
Последното прашање ми е навистина мачно и тешко да го поставам, меѓутоа седум месеци поминаа од стравичната несреќа во модуларната болница во Тетово. Седум месеци, од 8-ми септември до денеска, каде што ни гореа живи луѓе и Вие секогаш успевате да ја замолчите јавноста кога кажувате дека такви теми биле многу мачни, биле многу тешки и не треба да зборуваме. Па, не смееме да ги оставиме тие работи да бидат заборавени. Сакам да Ве прашам дали кривично некој ќе одговара з апожарот во модуларната болница во Тетово, запраша Лефков.
Лефков рече дека апсурдна е ситуацијата да се чека превод на извештаите со месеци.

The post Лефков до Ковачевски: Зекири ви се случувал пред нос, не сте знаеле или сте биле соработник? appeared first on Република.

]]>
СДСМ нека биде искрен и нека каже за кого крадеше Зекири https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-neka-bide-iskren-i-neka-odgovori-za-kogo-kradeshe-zekiri-kade-zavrshija-parite-od-reketot-spored-jovanovski-tie-se-kaj-vice-i-zoran-zaev/ Sat, 23 Apr 2022 07:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=492514

Време е СДСМ да престане со празни флоскули и нека одговори на јавноста за сиот сторен криминал од страна на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е да има одговор и одговорност како исчезнува масло од фабриките за канабис, кој е сопственичкиот удел на семејството Заеви во фабриките за марихуана низ Македонија.

Време е да има одговорност и за кого крадеше Мухамед Зекири. СДСМ нека одговори на јавноста каде отидоа парите од рекетот, а според Јовановски тие отидоа директно кај Вице и Зоран Заев.

Но исто така ќе треба да има и одговорност за политичките нарачки и тортури кои се случуваат против сите неистомисленици на власта.

Време е СДСМ да биде искрен пред граѓаните и да одговара и за украденото оружје од охридската полиција, но и за сите тендери и матни зделки во РЕК Битола, и сите други институции и фирми кои беа користени за испумпување на пари од буџетот на државата, за сметка на луѓе блиски до власта.

Да оставки ќе има, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата.

The post СДСМ нека биде искрен и нека каже за кого крадеше Зекири appeared first on Република.

Трифун Костовски: Ќе имавме ли случај ако Зекири беше од ДУИ? https://republika.mk/vesti/makedonija/trifun-kostovski-kje-imavme-li-sluchaj-ako-zekiri-beshe-od-dui/ Wed, 13 Apr 2022 17:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=488061

Доколку Мухамед Зекири беше член на aлбанската партија ДУИ дали ќе имавме случај? Ова е прашањето што Трифун Костовски го поставува околу случајот со поранешниот генерален секретар на владата, кој е втор по ред од СДСМ кој кривично се гони за злоупотреби на оваа функција.

Дека на ДУИ никој ништо не му може вчера обвини и лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Зијадин Села, кој рече дека партијата на Ахмети во рака има десетина обвинители и судии.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dovolen-e-povik-od-mala-rechica-za-da-se-zaprat-ili-sabotiraat-krivichnite-gonenja-obvini-sela/

The post Трифун Костовски: Ќе имавме ли случај ако Зекири беше од ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Доколку Мухамед Зекири беше член на aлбанската партија ДУИ дали ќе имавме случај? Ова е прашањето што Трифун Костовски го поставува околу случајот со поранешниот генерален секретар на владата, кој е втор по ред од СДСМ кој кривично се гони за злоупотреби на оваа функција. Дека на ДУИ никој ништо не му може вчера обвини и лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Зијадин Села, кој рече дека партијата на Ахмети во рака има десетина обвинители и судии. https://republika.mk/vesti/makedonija/dovolen-e-povik-od-mala-rechica-za-da-se-zaprat-ili-sabotiraat-krivichnite-gonenja-obvini-sela/

The post Трифун Костовски: Ќе имавме ли случај ако Зекири беше од ДУИ? appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Зеќири беше потпретседател на СДСМ, уште еден доказ колку е корумпирана партија https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-zekjiri-beshe-potpretsedatel-na-sdsm-ushte-eden-dokaz-kolku-e-korumpirana-partija/ Wed, 13 Apr 2022 14:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=488023

При денешната посета на општина Ранковце во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски одговарајќи на новинарско прашање во однос на аферата со Мухамед Зеќири тешка речиси милион евра истакна дека тоа е срамно и безобразно а СДСМ е корумпирана партија која направи целосен хаос во државата.

Срамно и безобразно, но целта на овие политичари е како да стигнат до своите функции и да направат свој профит од секој еден предлог проект или физибилити студија итн. Ова е една лоша слика за Македонија, претходно првиот генерален секретар на СДСМ што беше во владата видовме како заврши исто со мито и корупција, следниот што им беше потпретседател на партијата па потоа претпоставувам наредниот истото ќе го прави бидејќи тие се корумпирана партија. Уште една работа ќе кажам наместо да ги крадат парите од граѓаните нека ги качат платите на сите граѓани во Македонија, ова веќе е неподносливо и за брзо треба да има предвремени парламентарни избори, за да народот да си го каже своето мислење бидејќи навистина ова е еден целосен хаос во државата“, нагласи Мисајловски.

The post Мисајловски: Зеќири беше потпретседател на СДСМ, уште еден доказ колку е корумпирана партија appeared first on Република.

Николоски за Зекири: Врвот на криминалот допрва доаѓа, но како што здружно го прават криминалот, така и здружно ќе одговараат https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-zekiri-vrvot-na-kriminalot-doprva-doagja-no-kako-shto-zdruzno-go-pravat-kriminalot-taka-i-zdruzno-kje-odgovaraat/ Mon, 11 Apr 2022 17:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=486945

Претходно беше Рашковски сега е Зеќири. Мислам дека токму овие два случаи ја покажуваат раскалашеноста и огромната комоција која што оваа владејачка клика на ДУИ и СДСМ ја чувствуваат. Таква една раскалашеност, немање на страв, одговорност и ред покажува условно кажано во која комоција биле, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Николоски вели дека со промена на власта и со ослободување на правосудните органи ќе има одговорност за сите криминални скандали и афери кои изминатиот период ги обелодениле пред јавноста, односно како што рече тој по промена на власта кога ослободените судство и обвинителство и истражни органи ќе имаат можност да допрат до сите документи, до сите процедури и постапки во државните органи и ќе може соодветно да ги истражат и најголем дел од индициите во јавноста ќе се потврдат.

Мислам дека главните работи ќе се откријат кога ќе дојде промена на власта, односно мислам дека ова е само врвот на една голема ледена санта значи на една голема санта мраз низ која се движи океанот, и ова е тоа само што се гледа над површината на водата, а дека главното е под површината на водата. И тоа ќе се види по промена на власта кога ослободените судство и обвинителство и истражни органи ќе имаат можност да допрат до сите документи, до сите процедури и постапки во државните органи и ќе може соодветно да ги истражат и мислам дека најголем дел од индициите во јавноста ќе се потврдат, на пример ние последно зборувавме за тоа како е возможно 27 милиони евра во РЕК Битола да се дадат во договор во четири очи без тендер и бројни други афери и скандали кои што сме ги ваделе во опозиција, рече Николоски.

Така што мислам дека врвот на криминалот допрва доаѓа, нагласи Николоски додавајќи дека како што здружно го прават криминалот, така и здружно ќе одговараат.

Во однос на судската пресуда за случаите поврзани со Рекет, Николоски вели дека тој уште пред почетокот на случајот кажал дека Зоран Заев ја координирал активноста, што го потврдиле и лицата кои што се високо профилирани во овие случаи.

Деновиве имаше и судски пресуди во однос на случаите поврзани со Рекет каде што лица кои што се високо профилирани во тие случаи јасно посочуваат дека Зоран Заев бил тој кој што бил запознаен со се и ги координирал активностите, што е моја изјава од почетокот на скандалот, изјави тој.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koi-se-hrvatite-shto-dobile-milion-evra-od-zekiri-za-fizibiliti-studija/

The post Николоски за Зекири: Врвот на криминалот допрва доаѓа, но како што здружно го прават криминалот, така и здружно ќе одговараат appeared first on Република.

]]>

Претходно беше Рашковски сега е Зеќири. Мислам дека токму овие два случаи ја покажуваат раскалашеноста и огромната комоција која што оваа владејачка клика на ДУИ и СДСМ ја чувствуваат. Таква една раскалашеност, немање на страв, одговорност и ред покажува условно кажано во која комоција биле, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
Николоски вели дека со промена на власта и со ослободување на правосудните органи ќе има одговорност за сите криминални скандали и афери кои изминатиот период ги обелодениле пред јавноста, односно како што рече тој по промена на власта кога ослободените судство и обвинителство и истражни органи ќе имаат можност да допрат до сите документи, до сите процедури и постапки во државните органи и ќе може соодветно да ги истражат и најголем дел од индициите во јавноста ќе се потврдат.
Мислам дека главните работи ќе се откријат кога ќе дојде промена на власта, односно мислам дека ова е само врвот на една голема ледена санта значи на една голема санта мраз низ која се движи океанот, и ова е тоа само што се гледа над површината на водата, а дека главното е под површината на водата. И тоа ќе се види по промена на власта кога ослободените судство и обвинителство и истражни органи ќе имаат можност да допрат до сите документи, до сите процедури и постапки во државните органи и ќе може соодветно да ги истражат и мислам дека најголем дел од индициите во јавноста ќе се потврдат, на пример ние последно зборувавме за тоа како е возможно 27 милиони евра во РЕК Битола да се дадат во договор во четири очи без тендер и бројни други афери и скандали кои што сме ги ваделе во опозиција, рече Николоски.
Така што мислам дека врвот на криминалот допрва доаѓа, нагласи Николоски додавајќи дека како што здружно го прават криминалот, така и здружно ќе одговараат. Во однос на судската пресуда за случаите поврзани со Рекет, Николоски вели дека тој уште пред почетокот на случајот кажал дека Зоран Заев ја координирал активноста, што го потврдиле и лицата кои што се високо профилирани во овие случаи.
Деновиве имаше и судски пресуди во однос на случаите поврзани со Рекет каде што лица кои што се високо профилирани во тие случаи јасно посочуваат дека Зоран Заев бил тој кој што бил запознаен со се и ги координирал активностите, што е моја изјава од почетокот на скандалот, изјави тој.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koi-se-hrvatite-shto-dobile-milion-evra-od-zekiri-za-fizibiliti-studija/

The post Николоски за Зекири: Врвот на криминалот допрва доаѓа, но како што здружно го прават криминалот, така и здружно ќе одговараат appeared first on Република.

]]>
Кои се Хрватите што добиле милион евра од Зекири за физибилити-студија? https://republika.mk/vesti/makedonija/koi-se-hrvatite-shto-dobile-milion-evra-od-zekiri-za-fizibiliti-studija/ Mon, 11 Apr 2022 17:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=486934

Која е хрватската компанија од која веќе поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, набавил физибилити-студија за трансформација на „Македонска Пошта“ во 4 очи, што, според Јавното обвинителство, било направено во незаконска постапка, поради што Зекири веќе е во притвор, додека хрватските државјани се недостапни?

Според Фокус станува збор за консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое, според Централниот регистар, е формирано во земјава на средината на април, или само еден месец пред да ја добие првата исплата од Владата во износ од над 140 илјади евра.

Според податоците од базата „Отворени финансии“, во периодот од мај до декември ланската година, Владата на оваа компанија и префрлила вкупно 58 милиони денари или 942 илјади евра, при што последната трансакција од над 17 милиони денари или 278.5 илјади евра е најголема поединечна исплата.

Инаку, управител и малцински содружник на „Интерхолдинг“ е хрватскиот државјанин Данијел Иванагиќ, додека доминантен сопственик е хрватската компанија „Интерфинанце“, која, пак, според хрватскиот трговски регистар, е во сопственост на Денис Фудуриќ, со чие име се поврзуваат повеќе компании.

Како што пишуваат хрватските медиуми, брокерот Фудуриќ своевремено бил споменат во контекст на обвинението за злоупотреба при приватизацијата на компанијата „Хотели Задар“, додека Нет.хр неодамна објави дека неговата „Интерфинанце“ успеа да добие долгогодишен судски спор, по што државата треба да му исплати над 13 милиони куни бидејќи порано Агенција за надзор врз финансиските услуги му ја одзела лиценцата за работа.

Што се однесува до малцинскиот содружник на „Интерхолдинг“ – Иванагиќ, тој е долгогодишен генерален директор на поликлиниката „Вита“ во Вараждин, поранешен шеф на финансии на медиумскиот концерн „Европапрес холдинг“ под раководство на Нинослав Павиќ, а бил менаџер и во “Загребачка банка“.

Како што е познато, „Интерхолдинг“ на Иванагиќ и Фудуриќ изготвила физибилити-студија за трансформација на „Македонска Пошта“, која, според информации на Фокус, веќе била презентирана пред министри во Владата и доставена до „Пошта“. Меѓутоа, обвинителството смета дека за оваа студија не требало да се склучи договор во 4 очи, туку морало да се оди со меѓународен тендер.

Извор Фокус

The post Кои се Хрватите што добиле милион евра од Зекири за физибилити-студија? appeared first on Република.

]]>

Која е хрватската компанија од која веќе поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, набавил физибилити-студија за трансформација на „Македонска Пошта“ во 4 очи, што, според Јавното обвинителство, било направено во незаконска постапка, поради што Зекири веќе е во притвор, додека хрватските државјани се недостапни?

Според Фокус станува збор за консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое, според Централниот регистар, е формирано во земјава на средината на април, или само еден месец пред да ја добие првата исплата од Владата во износ од над 140 илјади евра.

Според податоците од базата „Отворени финансии“, во периодот од мај до декември ланската година, Владата на оваа компанија и префрлила вкупно 58 милиони денари или 942 илјади евра, при што последната трансакција од над 17 милиони денари или 278.5 илјади евра е најголема поединечна исплата. Инаку, управител и малцински содружник на „Интерхолдинг“ е хрватскиот државјанин Данијел Иванагиќ, додека доминантен сопственик е хрватската компанија „Интерфинанце“, која, пак, според хрватскиот трговски регистар, е во сопственост на Денис Фудуриќ, со чие име се поврзуваат повеќе компании. Како што пишуваат хрватските медиуми, брокерот Фудуриќ своевремено бил споменат во контекст на обвинението за злоупотреба при приватизацијата на компанијата „Хотели Задар“, додека Нет.хр неодамна објави дека неговата „Интерфинанце“ успеа да добие долгогодишен судски спор, по што државата треба да му исплати над 13 милиони куни бидејќи порано Агенција за надзор врз финансиските услуги му ја одзела лиценцата за работа. Што се однесува до малцинскиот содружник на „Интерхолдинг“ – Иванагиќ, тој е долгогодишен генерален директор на поликлиниката „Вита“ во Вараждин, поранешен шеф на финансии на медиумскиот концерн „Европапрес холдинг“ под раководство на Нинослав Павиќ, а бил менаџер и во “Загребачка банка“. Како што е познато, „Интерхолдинг“ на Иванагиќ и Фудуриќ изготвила физибилити-студија за трансформација на „Македонска Пошта“, која, според информации на Фокус, веќе била презентирана пред министри во Владата и доставена до „Пошта“. Меѓутоа, обвинителството смета дека за оваа студија не требало да се склучи договор во 4 очи, туку морало да се оди со меѓународен тендер.
Извор Фокус

The post Кои се Хрватите што добиле милион евра од Зекири за физибилити-студија? appeared first on Република.

]]>
Битиќи за Зекири: Владеење на правото важи и за власта https://republika.mk/vesti/makedonija/bitikji-za-zekiri-vladeenje-na-pravoto-vazi-i-za-vlasta/ Mon, 11 Apr 2022 09:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=486625

Владеење на право важи и за тие од власта, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го определувањето на 30-дневен притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор.

Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека независно кој каде седи, ако згрешил дека ќе одговара. Но сега ќе треба да видиме зошто и како тоа се случило. Чувството е непријатно, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега - рече потпретседателот на СДСМ во емисијата „Утрински брифинг“.

Денес ќе се донесе одлука дали генералниот секретар на Владата во оставка, Мухамед Зекири, ќе остане во 30 дневниот притвор кој му го одреди судот. Кривичниот совет ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за притворот.

The post Битиќи за Зекири: Владеење на правото важи и за власта appeared first on Република.

Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата на Зекири за притворот https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichniot-sovet-utre-kje-odluchuva-po-zalbata-na-zekiri-za-pritvorot/ Sun, 10 Apr 2022 16:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=486305

Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за 30-дневниот притвор, објави Алсат. Зеќири од петокот е во Истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството – да му биде одреден притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. Адвокатот на Зеќири рече дека во жалбата ги побива сите основите за одредување на притворот.

Хрватските државјани опфатени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал сѐ уште се недостапни за органите на прогонот, а надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ изјави дека според оперативните сознанија од МВР, тие ја напуштиле државава.

Од МВР изјавиле дека до нив, ниту од Судот ниту од Обвинителството, засега нема пристигнато налог за распишување потерница. Од Обвинителството повторија дека и за нив бараат притвор, но додаваат дека таков налог до МВР треба да испрати Судот. Од Судот пак, појаснувајќи ја процедурата, информираат дека најпрвин треба да добијат официјално известување од полицијата дека не може да ги пронајде, по што би можеле да издадат налог за распишување меѓународна потерница.

Инаку Зеќири заврши во притвор, откако Обвинителството соопшти дека постојат сомневања дека тој ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка. Според Обвинителството договорот бил склучен со правно лице, во што со умисла му помогнале двајца хрватски државјани, а со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист. Договорот се однесувал за изработка на физибилити студија за скрининг на работењето на Македонски пошти.

The post Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата на Зекири за притворот appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за 30-дневниот притвор, објави Алсат. Зеќири од петокот е во Истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството – да му биде одреден притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. Адвокатот на Зеќири рече дека во жалбата ги побива сите основите за одредување на притворот. Хрватските државјани опфатени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал сѐ уште се недостапни за органите на прогонот, а надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ изјави дека според оперативните сознанија од МВР, тие ја напуштиле државава. Од МВР изјавиле дека до нив, ниту од Судот ниту од Обвинителството, засега нема пристигнато налог за распишување потерница. Од Обвинителството повторија дека и за нив бараат притвор, но додаваат дека таков налог до МВР треба да испрати Судот. Од Судот пак, појаснувајќи ја процедурата, информираат дека најпрвин треба да добијат официјално известување од полицијата дека не може да ги пронајде, по што би можеле да издадат налог за распишување меѓународна потерница. Инаку Зеќири заврши во притвор, откако Обвинителството соопшти дека постојат сомневања дека тој ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка. Според Обвинителството договорот бил склучен со правно лице, во што со умисла му помогнале двајца хрватски државјани, а со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист. Договорот се однесувал за изработка на физибилити студија за скрининг на работењето на Македонски пошти.    

The post Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата на Зекири за притворот appeared first on Република.

]]>
Дали е можно, најблиските луѓе на Зоран Заев и на Ковачевски да крадат, а тие да не земат процент? За ова треба да одговори обвинителството https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozno-najbliskite-lugje-na-zoran-zaev-i-na-kovachevski-da-kradat-a-tie-da-ne-zemat-procent-za-ova-treba-da-odgovori-obvinitelstvoto/ Sun, 10 Apr 2022 09:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=486139

Откако дојдоа на власт во 2017 година СДСМ и ДУИ не прекинаа со крадењето на парите на граѓаните. Изминативе неколку години сме сведоци како секој еден можен функционер на СДСМ буквално си зема од парите на граѓаните и не одговара за истото.Најинтензивно го чувствуваат граѓаните на своја кожа криминалот и корупцијата на овие луѓе кои владеат со владата и со државата. Последниот случај каде што гледаме сериозен криминал, сериозно крадење на пари е од страна на кумашинот на Зоран Заев, поранешниот премиер и гуру на лоповите во Македонија, тоа е Мухамед Зекири - посочи на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој додаде дека преку Мухамед Зекири видовме преку медиумите дека без тендер во 4 очи направил коруптивен договор со двајца хрватски државјани во вредност од околу еден милион евра, правејќи фиктивни физибилити студии за рационализација и продажба на институција која што е под владата Македонски пошти. Или, како што рече, како што и самите знаат да кажат тоа било семинарски труд.

-Македонски пошти е компанија која што свесно изминативе неколку години ја пропаднаа владата на СДСМ и ДУИ, таму вработените немаат пари да поделат плати, а Мухамед Зекири наместо тие еден милион евра кои ги ограбил или сакал да ги украде или кои ги земал парите на граѓаните, наместо да ги инвестира како влада во Македонски пошти и да помогне да профункционира таа институција, Мухамед Зекири како кумашин на Зоран Заев истите тие пари си ги присвоил за себе.

Ова не е ништо нов, ваков криминал и корупција има на секој чекор во оваа влада. И можеби треба да се запрашаме дали ова е единствениот криминал или нелегално работење на Мухамед Зекири. Ваков криминал сигурно има уште повеќе, но обвинителството треба што побрзо да истражи за сите сомничави работи кои ги правел Мухамед Зекири.

Второ прашање е дали и колку пари од овие кои ги земал Мухамед Зекири завршиле во нечии други џебови како провизии. Сите знаеме целата јавност знае дека нема тендер, нема матна зделка или коруптивна, каде што не се вмешани други луѓе од врвот на СДСМ. Дали и колку пари завршиле кај Зоран Заев, дали и колку пари завршиле кај Ковачевски? На ова треба да одговори обвинителството, а не веќе ден, два, три да молчи и да остане таму каде што е во моментов случајот.

Дали е можно, најблиските луѓе на Зоран Заев и на Ковачевски да крадат, а тие да не земат процент? И за ова треба да одговори обвинителството.

После Драги Рашковски, Мухамед Зеќири. После Мухамед Зеќири ќе видиме кој ќе е, но најверојатно и тој ќе биде по истиот терк, бидејќи таму бираат луѓе единствено кои што знаат да ја завршат домашната задача. Но, криминалната домашна задача, а не домашната задача за граѓаните - додаде Арсовски.

Според него сега е јасно зошто Република Македонија е најсиромашна држава, зошто Република Македонија не можеше да се справи со пандемијата и изгинаа илјадници луѓе.

Сега гледате зошто Република Македонија не можеше да набави ниту вакцини, ниту други потребни материјали. Сега гледате зошто Република Македонија нема пари, односно владата нема пари да го поддржи стопанството кое што секојдневно тоне во долгови. Сега гледате зошто Македонија ги има најсиромашните граѓани. Одговорот е еден, а тоа е затоа што лоповското ДУИ на чело на владата ги испокраде парите на граѓаните. Ова не е ништо ново, за ова ВМРО-ДПМНЕ говори изминативе 5 години. За вакви ситуации, за вакви коруптивни и криминални зделки ВМРО-ДПМНЕ има поднесено стотици кривични пријави, но очигледно власта се штитеше преку правосудните органи. Сега веќе го имаат и граѓаните и сите останати одговорот зошто Македонија е најсиромашна земја. Затоа што СДСМ ја ограби буквално до последен денар - рече Арсовски.

https://youtu.be/xN3tau10F8I

The post Дали е можно, најблиските луѓе на Зоран Заев и на Ковачевски да крадат, а тие да не земат процент? За ова треба да одговори обвинителството appeared first on Република.

]]>

Откако дојдоа на власт во 2017 година СДСМ и ДУИ не прекинаа со крадењето на парите на граѓаните. Изминативе неколку години сме сведоци како секој еден можен функционер на СДСМ буквално си зема од парите на граѓаните и не одговара за истото.Најинтензивно го чувствуваат граѓаните на своја кожа криминалот и корупцијата на овие луѓе кои владеат со владата и со државата. Последниот случај каде што гледаме сериозен криминал, сериозно крадење на пари е од страна на кумашинот на Зоран Заев, поранешниот премиер и гуру на лоповите во Македонија, тоа е Мухамед Зекири - посочи на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој додаде дека преку Мухамед Зекири видовме преку медиумите дека без тендер во 4 очи направил коруптивен договор со двајца хрватски државјани во вредност од околу еден милион евра, правејќи фиктивни физибилити студии за рационализација и продажба на институција која што е под владата Македонски пошти. Или, како што рече, како што и самите знаат да кажат тоа било семинарски труд.
-Македонски пошти е компанија која што свесно изминативе неколку години ја пропаднаа владата на СДСМ и ДУИ, таму вработените немаат пари да поделат плати, а Мухамед Зекири наместо тие еден милион евра кои ги ограбил или сакал да ги украде или кои ги земал парите на граѓаните, наместо да ги инвестира како влада во Македонски пошти и да помогне да профункционира таа институција, Мухамед Зекири како кумашин на Зоран Заев истите тие пари си ги присвоил за себе. Ова не е ништо нов, ваков криминал и корупција има на секој чекор во оваа влада. И можеби треба да се запрашаме дали ова е единствениот криминал или нелегално работење на Мухамед Зекири. Ваков криминал сигурно има уште повеќе, но обвинителството треба што побрзо да истражи за сите сомничави работи кои ги правел Мухамед Зекири. Второ прашање е дали и колку пари од овие кои ги земал Мухамед Зекири завршиле во нечии други џебови како провизии. Сите знаеме целата јавност знае дека нема тендер, нема матна зделка или коруптивна, каде што не се вмешани други луѓе од врвот на СДСМ. Дали и колку пари завршиле кај Зоран Заев, дали и колку пари завршиле кај Ковачевски? На ова треба да одговори обвинителството, а не веќе ден, два, три да молчи и да остане таму каде што е во моментов случајот. Дали е можно, најблиските луѓе на Зоран Заев и на Ковачевски да крадат, а тие да не земат процент? И за ова треба да одговори обвинителството. После Драги Рашковски, Мухамед Зеќири. После Мухамед Зеќири ќе видиме кој ќе е, но најверојатно и тој ќе биде по истиот терк, бидејќи таму бираат луѓе единствено кои што знаат да ја завршат домашната задача. Но, криминалната домашна задача, а не домашната задача за граѓаните - додаде Арсовски.
Според него сега е јасно зошто Република Македонија е најсиромашна држава, зошто Република Македонија не можеше да се справи со пандемијата и изгинаа илјадници луѓе. Сега гледате зошто Република Македонија не можеше да набави ниту вакцини, ниту други потребни материјали. Сега гледате зошто Република Македонија нема пари, односно владата нема пари да го поддржи стопанството кое што секојдневно тоне во долгови. Сега гледате зошто Македонија ги има најсиромашните граѓани. Одговорот е еден, а тоа е затоа што лоповското ДУИ на чело на владата ги испокраде парите на граѓаните. Ова не е ништо ново, за ова ВМРО-ДПМНЕ говори изминативе 5 години. За вакви ситуации, за вакви коруптивни и криминални зделки ВМРО-ДПМНЕ има поднесено стотици кривични пријави, но очигледно власта се штитеше преку правосудните органи. Сега веќе го имаат и граѓаните и сите останати одговорот зошто Македонија е најсиромашна земја. Затоа што СДСМ ја ограби буквално до последен денар - рече Арсовски. https://youtu.be/xN3tau10F8I  

The post Дали е можно, најблиските луѓе на Зоран Заев и на Ковачевски да крадат, а тие да не земат процент? За ова треба да одговори обвинителството appeared first on Република.

]]>