Апеалциоскиот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири да остане во притвор.

Поранешниот генерален секретар во Владата пред неколку дена од апелациските судии побара да биде пуштен на слобода.

На јавната седница на Апелацискиот суд Зеќири убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор. Апелацискиот суд во понеделник ќе одлучи дали Зекири да излезе или и понатаму ќе остане во притворот во Шутка.

-Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година, бидејќи знаев дека се води постапка. Не размислувам ниту имам зошто да бегам, кажа Зеќири.

Обвинителството се сомнева дека Зеќири заедно со уште двајца хрватски државјани го оштетиле Буџетот на државата за околу 800 илјади евра за договор за советнички услуги на Владата, склучен без тендер.

Зеќири дојде на функцијата генерален секретар на Владата откако тогашниот, Драги Рашковски, се повлече поради истрага, а подоцна и обвинение за скандалот со набавката на софтвер тежок 100 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.